ALPINA AS 62 P - снегодувач

AS 62 P - снегодувач ALPINA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AS 62 P ALPINA во PDF формат.

📄 362 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice ALPINA AS 62 P - page 220
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за AS 62 P ALPINA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот снегодувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AS 62 P - ALPINA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AS 62 P на марката ALPINA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AS 62 P ALPINA

3.1.1 Предвидена употреба

ОПАСНОСТ! Носете предпазни слушалки.

ALPINA AS 62 P - Предвидена употреба - 1

ОПАСНОСТ! Носете предпазни очила.

2.4 Одржување, одлагање и транспорт......3

  1. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА....4

3.1 Опис на машината и предвидена употреба....4

3.2 Ознаки за безбедност ....4

4.1 Делови за монтирање......6

4.2 Монтажа на каблите на командата за палење и за сечивото ....6

4.3 МОНТИРАЊЕ на рачката ....6

4.4 Монтирање на командата за менувачот.6

4.5 Монтажа на отворот за исфрлање......6

  1. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА .....7

5.1 Клуч за палење ....7

5.2 Довод на горивото....7

5.3 Команда за забрзување ....7

5.4 Команда за придушување ....7

5.5 Поттикнувач....8

5.6 Рачка за рачно палење....8

5.7 Команда за електрично палење (по избор)....8

5.9 Команда за сечивото ....8

5.10 Рачка на менувачот....8

5.11 Насочување на отворот и дефлекторот..8

5.12 Прекинувач за фаровите (по избор) .....8

  1. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА....8

6.1 Воведни операции....8

6.2 Безбедносни контроли....9

6.4 Застанување....10

6.5 Совети за работа....10

6.6 По работата....11

  1. ОДРЖУВАЊЕ.....11

7.1 Општо....11

7.2 Полненье гориво .....11

7.3 Контрола / дополнување масло во моторот ....11

7.4 Чистење....12

7.5 Свекичка....12

7.6 Гориво 12

7.7 Навртки и шрафови за фиксирање.....12

Во ова упатство одредени поглавја содржат информации со одредена важност во однос на безбедноста и на функционалноста и се евидентирани на различни начини согласно овој критериум:

ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО даваат

прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета.

Символот посочува на опасност.

Непочитувањето на мерките за претпазливост доведува до можност за лични или повреди и оштетувања на трети лица.

Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел.

Сите индикации „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата на операторот којшто управува со машината.

1.2 НАСОКИ

1.2.1 Слика

Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и така натаму. Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, В, С и така натаму. Насоката за компонентата С на сликата 2 се означува со изразот: „Видете на сл. 2. С“, или поедноставно „(слика 2.С)“. Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сликата.

1.2.2 Наслови

Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус „2.1 Обука“ е заменето со „2. Безбедносни мерки“. Насоките за насловите или пасусите се означени со

кратенки погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1”.

2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

2.1 ОБУКА

ALPINA AS 62 P - ОБУКА - 1

Прочитајте го внимателно ова

упатство пред да ја користите машината.

ALPINA AS 62 P - ОБУКА - 2

Запознајте се со командите и

правилното користење на машината. Научете брзо да го запирате моторот. Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди. Сочувајте ги предупредувањата заедно со упатството за идна консултација.

  • Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, или други лица што не се запознаени со основните упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
  • Никогаш не користете ја машината доколку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или внимание,
  • Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спага и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
  • Не користете го чистачот на снег без да носите соодветна облека.
  • Носете обувки коишто овозможуваат добро стоење на лизгави површини.
  • Секогаш носете заштитни очила или визир во текот на работата, одржувањето или поправката. Работата на машината може да исфрли страни тела кон очите.
  • Носете заштита за слухот.

- Проверете ја убаво средината за работа и исчистете и тргнете ги можните

страни тела. На пример простирки, санки, масички, јажиња и сл.

  • Пред да го запалите моторот, проверете дали сте ги ислучиле сите команди коишто ги включуваат деловите да се движат.
  • Регулирајте ја висината на заштитата за сечивото кога расчистувате површини со чакал или камчиња.
  • Пред да започнете со расчистување на снегот, оставете ги моторот и машината да се адаптираат на надворешната температура.

Мотор со согорување: гориво

  • Внимание: горивото е лесно запаливо. Ракувајте со него внимателно!
  • Секогаш чувајте го горивото во соодветни садови.
  • Полнете или надополнувајте со инка само на отворено и не пушете додека го работите ова.
  • Надополнете пред да го запалите моторот. Не отворајте го капачето на резервоарот и не надополнувајте кога моторот работи или е уште топол.
  • Ако ви истече од горивото, не палете го моторот туку оддалечете ја машината од областа каде се излеало горивото и исчистете ги веднаш сите траги од горивото на машината и од земјата.
  • Добро затворете го капачето на резервоарот и на садовите со горивото.
  • Избегнувајте контакт на горивото со делови од облеката и, доколку тоа се случа, пресоблечете се пред да го запалите моторот.
  • Не користете ја машината во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните контакти или механичките делови може да генерираат искри кои може да ги запалат правот или испарувањата.
  • Не палете го моторот во затворен простор каде може да се соберат опасни јаглерод моноксидни гасови. Операциите за палење треба да се изведат на отворено или во простор којшто добро се проветрува. Запомнете дека издувните гасови се отровни.
  • Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление и при услови на добра видливост.
  • Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за работа.

Неопходно е децата да бидат под надзор на друго возрасно лице.

  • Обрнете особено внимание кога ја користите машината на патеки во градината, тротоари и на улици или кога ги преминувате. Внимавајте на сокриените опасности.
  • Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи во близина на пат.

Однесување

  • Не насочувајте го отворот за испустот наспроти ветрот или кон луге, животни, возила, домови и кон се друго што може да се оштети со снегот. Не дозволувајте никој да стои пред машината.
  • Никогаш не користете го чистачот за снег во близина на огради, автомобили, прозори, плочници и Leone без да го регулирате соодветно дефлекторот на делот со испустот.
  • Не приближувајте ги нозете и рацете до ротирачките делови. Држете се подалеку од отворот на делот за исфрлање на снегот. Одржувајте го отворот за исфрлање секогаш чист.
  • Ако чистачот за снег исфрли страни тела или пројавува ненормални вибрации, изгасете го моторот, извадете го клучот, почекајте да се смират деловите што се движат и темелно проверете ја машината за да утврдите дека нема оштетувања. Нормално, вибрациите се симптом за присуство на проблем. Поправете ги можните дефекти пред да ја употребите машината.
  • Пред да се оддалечите од машината, исключете ги сите команди и извадете го клучот за палење од лежиштето на машината.
  • Пред да работите на поправки, чистење, проверка и регулација, изгасете го моторот, извадете го клучот и почекајте да се смират деловите што се движат (освен ако нема други изречни насоки во упатството). Извадете ги каблите од електричниот мотор. (По избор)
  • Не допирајте ги деловите на моторот што се загреваат во текот на работата. Ризик од опекотини.
  • Не користете ја машината со голема брзина на движење на лизгави терени. Обрнете внимание кога одите наназад. Погледнете зад неа пред и при движење наназад за да обезбедите дека нема никакви пречки.
  • Исклучете го сечивото кога ја транспортирате машината или кога не ја користите.

- Секогаш проверувајте дали добри услови за рамнотежа и цврсто држете ја рачката. Одете, не трчајте.

Ограничување при употреба

- Не користете ја машината попреку на закосен терен. Секогаш движете се одгоре надолу, а потоа оддолу нагоре. Обрнете внимание кога го менувате правецот на закосен терен. Избегнувајте голем степен на закосени терени.

  • Не користете ја машината ако заштитата не е задоволителна и ако безбедносните уреди не се правилно поставени.
  • Не исклучувајте ги манометарот и безбедносните системи.
  • Не менувајте ги регулациите на моторот и не доведувајте го моторот во голем режим на работа. Ако моторот почне да работи со прекумерен број на вртежи, ризикот од лични повреди се зголемува.
  • Не прегревајте ја машината управувајки ја со голема брзина.
  • Не ставајте ги рацете во отворот или во делот за исфрлање без претходно да го исклучите моторот и да го извадите клучот.

2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛАГАЊЕ И ТРАНСПОРТ

Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината.

⚠️ Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат. Користете само оригинални резервни делови: употребата на делови коишто не се оригинални и/или несоодветно поставени може да доведат до инциденти или лични повреди, а со тоа се ослободува производителот од секоја обврска или одговорност.

Одржување

  • Ако резервоарот треба да се испразни, истото треба да се прави на отворено и кога моторот е изладен.
  • За да го намалите ризикот од пожар, редовно проверувајте дали има пролеано масло и/или гориво.

Одлагање

- Не оставајте гориво во резервоарот ако ја одлагате машината во простор каде испарувањата од горивото може да стапат во контакт со отворен орган, искри и извори на топлина.

  • Оставете го моторот да се излади пред да го одложите чистачот на снег во затворен простор.
  • Секогаш осврнете се на упатствата за употреба за важните детали ако чистачот на снег треба да се конзервира на подолг период.

Транспорт

  • Ако машината треба да се транспортира на камион или во приколка, употребете пречки за отпор, по должна и ширина.
  • Носете ја машината со изгаснат мотор без можност да се вклучи, ангажирајки соодветен број лица.
  • Во текот на транспортот, затворете го доводот за бензин (ако е предвиден) и обезбедете ја соодветно машината во текот на транспортот со јажиња и синцири.

2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на граганските погодности и на просторот во кој живееме.

  • Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување.
  • Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, маслата, горивото, акумулаторот, филтрите, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смее да се фрлаат во губре туку треба да се селектираат и однесат во соодветни собирни центри кои рециклираат материјали.
  • При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.

3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА

3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА

Оваа машина е чистач на снег.

Машината се доставува со сечиво за расчистување снег, заштитен со картер што го насочува снегот кон отворот за исфрлање. Моторот го движи сечивото којшто ја придвижува и машината. Управувањето со машината се прави со командите поставени на контролната табла. Операторот е во позиција да управува со машината и да ги вклучува главните команди со нозе, во позиција на управување, одзади на машината.

3.1.1 Предвидена употреба

Оваа машина е проектирана и конструирана за чистење, расчистување и исфрлање на снегот од тротоари, градини, патеки и други рамни површини. Чистачот на снег треба да се користи само за отстранување на снегот.

3.1.2 Несоодветна употреба

Која и да е друга употреба, поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):

  • Користете ја машината на површини над земјата, како што се кровови на згради, гаражи, тераси и други градби и згради.
  • Включете ги ножевите за отфрлање кога нема снег (на земја, трева, керамиди и сл).
  • Повлечете или завртете ги кариките.

ВАЖНО Несоодветната употреба на машината доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, префрлувајки ги на корисникот произлезените обврски предизвикани од повреди или оштетувањата лично или на трети лица.

Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за „домашна употреба“.

ВАЖНО Машината може да се користи само со оператор.

3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

На машината има символи (сл. 4 ). Нивната задача е да го потсетуваат операторот на постапките што треба да ги следи внимателно и со задолжителни мерки за претпазливост. Значење на символите:

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 1

ВНИМАНИЕ!

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 2

ВНИМАНИЕ! Прочитајте го упатството пред да ја користите машината.

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 3

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 4

ОПАСНОСТ! Држете ги рацете и нозете подалеку од ротирачките делови.

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 5

ОПАСНОСТ! Исфрлање предмети. Не насочувајте го отворот за исфрлање кон присутните или кон животните.

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 6

ОПАСНОСТ! Ротирачки делови. Секогаш стојте оддалечено од отворот за исфрлање снег.

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 7

ОПАСНОСТ! Одржувајте ја средината за работа чиста од возрасни лица, деца и животни.

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 8

ВНИМАНИЕ! Извадете го клучот и прочитајте го упатството пред да изведувате какви било дејства за одржување или поправка.

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 9

ОПАСНОСТ! Избегнувајте да ги ставате рацете во каналот за исфрлање додека се движат ножевите за исфрлање. Застанете го моторот пред да о исключите приклучокот од напојување.

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 10

ОПАСНОСТ! Држете растојание од топлите површини.

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 11

ОПАСНОСТ! Моторот емитува јаглерод моноксид. НЕ палете ја машината во затворен простор.

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 12

ОПАСНОСТ! Горивото е запаливо и експлозивно. Извадете го клучот за палење и оставете ја машината да се излади пред да надополните гориво.

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 13

ОПАСНОСТ! Постои ризик од пожар или експлозија. Не пушете и не оставајте отворен орган или извори на палење.

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 14

ОПАСНОСТ! Носете заштита за уши.

ALPINA AS 62 P - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 15

ОПАСНОСТ! Носете заштитни очила.

ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети од соодветен центар или од овластениот сервисер.

Етикетата за идентификација ги содржи следните податоци (сл. 1):

  1. Адреса на производителот
  2. Тип на машина
  3. Ниво на акустична моїност
  4. Ознака за усогласеност со СЕ
  5. Број на вртежи на моторот
  6. Мокност на моторот
  7. Капацитет на моторот
  8. Месец / Година на производство
  9. Сериски број
  10. Код на производ

Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.

ВАЖНО Користете ги имињата за идентификација на дадената етикета за идентификација на машината.

ВАЖНО Користете ги имињата за идентификација секојпат кога контактирате со овластен центар.

3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ

Машината се состоит од следните главни делови (сл. 1):

A. Pam
В. Контролна табла
C. Мотор
D. Резервоар за гориво
Е. Приклучок за електрично палење (По избор)
F. Рачка за рачно палење
G. Дефлектор
Н. Отвор за исфрлање
I. Лопатка
К. Сечива
L. Плоча за нивелирање
М. Светла (по избор)
N. Тркало

J. Картер за заштита на сечивото за снег

4. МОНТИРАЊЕ

За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината не се монтирани во фабриката, туку треба да

се монтираат по вадење на амбалажата следејки ги следните упатства.

⚠️ Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејни секогаш соодветни алати. Не користете ја машината пред да завршите со сите постапки наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ“.

ВАЖНО Машината се доставува без масло во моторот и без гориво.

4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ

Во амбалажата има и делови за монтирање (сл. 3 ) наведени на следната табела:

Позиција Опис Количина
А Команда за менувач 1
В Шрафови за фиксирање на командата за менувачот-
С Шрафови и навртки за фиксирање на рачката4
D Ракофат на рачката на менувачот или за насочување на дефлекторот2
Е Кабел за насочување на отворот за исфрлање1
F Инка 1
G Безбедносни клучеви 1
Н Отвор за исфрлање 1
К Прстен за движење на отворот за исфрлање10
L Шрафови и еластични мутери М8 x 206
М Плоча за отворот 3

4.1.1 Распакување

  1. Отворете го пакувањето внимателно за да не ги расфрлите деловите.
  2. Прочитајте ја документацијата во кутијата каде се наведени овие упатства.
  3. Извадете ги од кутијата сите делови што не се монтирани.
  4. Извадете го чистачот за снег од кутијата.
  5. Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно локалните одредби.

Закачете ја оската за кабелот во соодветниот отвор (сл. 5).

ЗАБЕЛЕШКА Каблите се веке поставени на контролната табла.

4.3 МОНТИРАЊЕ НА РАЧКАТА

Рачката се доставува веје составена на контролната табла. Шрафовите за поставување на рачката на машината. шрафовите за фиксирање на командата со менувачот, шрафовите за фиксирање на отворот за исфрлање и ракофатите на рачките за менувачот и на рачката за дефлекторот се доставуваат засебно, спакувани во амбалажата на машината. Составете како што следи:

  1. Доближете ги двете цевки на краевите на рачката (сл. 6.A) кон потпората (сл. 6.B).
  2. Вметнете ги шрафовите и навртките во отворите и затегнете ги.

4.3.1 Поставување на ракофатите на рачките

Зашрафете ги ракофатите на оската на рачката за менувачот (сл. 7.A) и на оската на рачката за насочување на дефлекторот (сл. 7.B). Затегнете со навртката за фиксирање.

4.4 МОНТИРАЊЕ НА КОМАНДАТА ЗА МЕНУВАЧОТ

  1. Вметнете ја спојката (сл. 8.A) за командата на менувачот во отворот на рачката (сл. 8.B) за да ја поврзете со преносот и фиксирајте ја со капакот (сл. 8.C).
  2. Приближете го горниот дел (сл. 8.D) од командата на менувачот кон отворот на долниот дел на рачката на менувачот и фиксирајте со клин (сл. 8.E) и капак (веќе поставени на рачката на менувачот) (сл. 8.F).

4.5 МОНТАЖА НА ОТВОРОТ ЗА ИСФРЛАЊЕ

  1. Поставете ги прстенот за лизгање (сл. 9.A) и отворот за исфрлање (сл. 9.B) врз местото со раб (сл. 9.C).
  2. Вметнете ги плочите (сл. 9.D) под местото со раб (сл. 9.C) внимавајки да се поклопат отворите на плочата со отворите на основата на отворот.
  3. Ставете ги навртките со мутерите во отворите и фиксирајте (сл. 9.E).

4.5.1 Монтирање на кабелот за насочување на отворот за исфрлање

Кабелот за насочување го поврзува отворот за исфрлање со рачката за насочување поставена на контролната табла со што се овозможува насочување на отворот во саканиот правец.

  1. Фиксирајте со групата шрафови за потпората без да затегнувате докрај и проверете дали се правилно вметнати во назабениот дел на отворот за исфрлање (сл. 9.F).
  2. Вметнете го квадратниот дел на флексибилниот кабел во соодветното место на долната основа на рачката (ако не е веке составено).
  3. Зашрафете го прстенот (сл. 10.В) од кабелот за долниот дел на рачката (сл. 10.А) (ако не е веке составено).

4.5.2 Составување на кабелот за насочување на дефлекторот

Кабелот за насочување на дефлекторот го поврзува дефлекторот на отворот за командата на контролната tabla со што се овозможува подигнување / спуштање заради насочување во саканиот правец.

  1. Ставете го клинот (сл. 11.В) на крајниот дел од рачката за придвижување.
  2. Протнете ги краевите на јажето за насочување (сл. 11.С) низ клинот (сл. 11.В).
  3. Поставете го капакот врз клинот и блокирајте (сл. 11.D).
  4. Поставете ги навртките за регистарот (сл. 11.A) на местото (сл. 11.E) и затворете ја навртката (сл. 11.A).

5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА

5.1 КЛУЧ ЗА ПАЛЕЊЕ

Овозможува застанување и палење на моторот. Клучот за палење има две позиции (сл. 13.A):

  1. Изваден клуч - OFF (ислучено) - моторот застанува и не може да се запали.
  2. Ставен клуч - ON (включено) - моторот може да се запали и да работи.

ВАЖНО Моторот не се пали ако безбедносниот клуч не е ставен докрај. Кај одредени модели треба да се сврти клучот во правецот на стрелките на часовникот за да се овозможи палењето.

5.2 ДОВОД НА ГОРИВОТО

Отворот на доводот за горивото овозможува снабдување со гориво (сл. 13.В).

  1. обратно од стрелките на часовникот - отворено
  2. во правецот на стрелките на часовникот - затворено

5.3 КОМАНДА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ

Го регулира бројот на вртежи на моторот.

Позициите, посочени на табличката, соодветствуваат (сл. 13.С):

ALPINA AS 62 P - КОМАНДА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ - 1

  1. Целосен режим Се користи секогаш за палење на моторот на машината и во текот на работата.

ALPINA AS 62 P - КОМАНДА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ - 2

  1. Минимум - се користи кога моторот е загреан во текот на фазите на запирање.

STOP

  1. Позиција за застанување (ако има). Машината застанува веднаш.

ALPINA AS 62 P - КОМАНДА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ - 3

  1. Средна позиција (ако има). Туркајки ја рачката на забрзувачот кон сликата со зајак / желка се зголемува / намалува брзината и се избира соодветната за потребите на работата (висок снег, нерамен терен и слично).

5.4 КОМАНДА ЗА ПРИДУШУВАЊЕ

Се користи кога се пали ладен мотор. Командата за придушувачот има две позиции (сл. 13.D):

ALPINA AS 62 P - КОМАНДА ЗА ПРИДУШУВАЊЕ - 1

Надесно - придушувачот е активиран (за тргнување на ладно).

ALPINA AS 62 P - КОМАНДА ЗА ПРИДУШУВАЊЕ - 2

Надесно - придушувачот е ислучен (нормална работа и тргнување со загреан мотор).

5.5 ПОТТИКНУВАЧ

Притискајки ја гумената команда на забрзувачот се иницира карбураторот во колекторот за повлекување на

горивото со што се олеснува палењето на студен мотор (сл. 13.L).

Овозможува рачно палење на моторот (сл. 13.H).

Овозможува електрично палење на моторот (сл. 14.M) кога машината е поврзана во струја преку дадениот приклучок (сл. 13.G).

5.8 КОМАНДА ЗА ДВИЖЕЊЕ

Овозможува движење на машината.

  1. Спуштете ја командата (сл. 12.D) за да може да ги притиснете ракофатите за движење.
  2. Пуштете ја командата за да го застанете движењето на машината.

Ако командата за движење се активира заедно со командата за сечивото, останува активирана. Се дезактивира само кога ће се отпушки командата за сечивото (сл. 12.C).

5.9 КОМАНДА ЗА СЕЧИВОТО

Го активира вртењето на сечивото за снег.

  • Спуштете ја командата за да активирате вртење на сечивото (сл. 12.C) така што ње може да ја притиснете рачката.
  • Ако ја активирате само командата за сечивото, кога ће ја отпуштит, вртењето на сечивото застанува и рачката се враćа автоматски во првичната положба.

5.10 РАЧКА НА МЕНУВАЧОТ

Машината се доставува со менувач којшто работи преку една рачка (сл. 12.A):

  • 5 брзини за регулирање на брзината на движење.
  • 2 брзини за регулирање на брзината на движење во рикверц.

5.11 НАСОЧУВАЊЕ НА ОТВОРОТ И ДЕФЛЕКТОРОТ

Вртењето на отворот за исфрлање се регулира со копчињата кои ви овозможуваат да го насочувате отворот за снегот во саканиот правец.

  • Вртете го копчето (сл. 12.E) во правецот / обратно од правецот на стрелките на часовникот за да го насочувате отворот.
    Висината и спуштеноста на дефлекторот се регулира преку соодветната рачка (сл. 12.В). Движете ја рачката напред/назад за да го спуштите/подигнете дефлекторот.
  • Рачката е докрај напред = дефлекторот е спуштен.
  • Рачката е докрај назад = дефлекторот е подигнат.

За да ги запалите светлата, турнете го прекинувачот напред (сл. 12.F).

- Запалени светла = свети црвена сијаличка.

6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

⚠️ Безбедносните одредби што треба да ги следите додека ја користите машината се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

Пред да ја користите машината, проверете дали има гориво и проверете го нивото на маслото. За начинот и мерките за претпазливост при полнењетоentна горивото и дополнување масло (видете пасус. 7.2 и пасус 7.3). Плочите служат за регулирање на растојанието на сечивото од теренот подигајки го. Пред да ја користите машината, регулирајте ги плочите како што следи:

  1. Разлабавете ги шрафовите (сл. 14.А).
  2. Подигнете/спуштете ги плочите (сл. 14.В).
  3. Фиксирајте ги шрафовите.

6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ

Следете ги дадените упатства пред да продолжите. Спроведете ги следните безбедносни контроли и проверете дали результатите соодветствуваат со даденото во табелата.

ALPINA AS 62 P - БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ - 1

Секогаш проверувајте ги

безбедносните контроли пред работа.

Предмет Резултат
Инсталација за горивото и поврзувањаНема загуба.
Електрични кабли. Целатаизолацијане е оштетена.Нема механички оштетувања.
Коло на маслото Нема загуба.Нема оштетувања.
Пробно возење Нема чудни вибрации.Нема чудни звуци.

6.2.2 Тест за функцијата на погонот и сечивото

Дејство Резултат
Запалете ја машината (пасус 6.3)Тркалата и сечивото треба да останат мирни.
Тест за функцијата на погонот
Притиснете ја командата за движење (сл. 12.D).Тркалата го движат чистачот за снег.
Пуштете ја командата за движење (сл. 12.D).Тркалата застануваат.
Тест за функцијата на сечивото
Притиснете ја командата за сечивата (сл. 12.C).Сечивото почнува да се врти.
Пуштете ја командата за сечивото.Сечивото застанува.
Тест за функцијата на сечивото и тркалата
Држејки ја притисната командата за сечивото (сл. 12.C), притиснете ја командата за движење (сл. 12.D).Сечивото се врти и тркалата го движат чистачот на снег.
Пуштете ја командата за движење (сл. 12.D).Тркалата се движат и сечивото продолжува да се врти.
Пуштете ја командата за сечивата (сл. 12.C).Сечивото застанува и трклата се блокираат.

ALPINA AS 62 P - Тест за функцијата на погонот и сечивото - 1

Ако некој од резултатите

не е ист како што е посочено во табелата, не смеете да ја користите машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.

6.3 ПАЛЕЊЕ / РАБОТА

  1. Отворете го доводот за гориво (сл. 13.В).
  2. Ставете го безбедносниот клуч и свртете го обратно од стрелките на часовникот како што е прикажано (сл. 13.A).
  1. Донесете го забрзувачот во целосен режим (сл. 13.С).
  2. Включете го придушувачот (сл. 13.D).
  3. Притиснете ја командата за поттикнувачот (сл. 13.L) два или трипати. Проверете дали отворот е затворен со прстот кога ја притискате командата.
  4. Запалете со електричната команда (пасус 6.3.5) или упатството (пасус 6.3.3).
  5. Исключете го придушувачот (сл. 13.D).

ВАЖНО Пред да работите со машината, почекајте неколку минути да се загрее маслото.

  1. Донесете го забрзувачот во целосен режим (сл. 13.С).
  2. Проверете дали придушувачот е ислучен (сл. 13.D).
  3. Запалете со електричниот прекинувач или рачно (видете подолу).

ВАЖНО Не притискајте го поттикнувачот кога трагате со топол мотор.

6.3.3 Рачно палење

За да го запалите рачно моторот, повлечете ја малку рачката (сл. 13.H) нанадвор. Треба да осетите извесен отпор. Тогаш, повлечете енергично и оставете ја рачката да се ослободи. Повторувајте ја постапката додека не се запали моторот.

ЗАБЕЛЕШКА Не обидувајте се повеće од 3/4 пати. Во спротивно, може да го задушите моторот. Проверете ги можните причини ако не може да ја запалите машината во „Табелата за несоодветна работа“.

6.3.4 Електрично палење

⚠️ Проверете дали инсталацијата за напојување е на предвиденото место и без дефекти.

  1. вметнете го приклучокот на кабелот за напојување (сл. 13.G) во извор на струја од 230V.
  2. Притиснете го копчето за палење за да го запалите моторот.
  3. Кога моторот ће се запали, извадете го приключокот од извор на напојување.

6.3.5 Работа

За да работите се машината, постапете како што следи:

  • Насочете ги отворот за исфрлање и дефлекторот преку соодветната команда (сл. 1.G).
  • За да го зголемите растојанието за исфрлање на снегот, насочете го дефлекторот нагоре.
  • За да го намалите растојанието за исфрлање на снегот, насочете го дефлекторот надолу.
  • Поставете го движењето во функција на прегледот и количината снег.
  • Притиснете ја командата за сечивото (сл. 12.C) за да го активирате вртењето на сечивото нанапред.
  • Притиснете ја командата за движење (сл. 12.D) за да го активирате погонот.

ЗАБЕЛЕШКА Секогаш користете го моторот во целосне режим додека работите со машината.

6.3.6 Вртење

Вртењето се насочува машината во саканиот правец. Кај моделите со „ослободување на диференцијалот“, вртењето е полесно (видете ја табелата со технички податоци).

6.3.7 Менување на движењето

Менувањето на движењето се прави кога машината стои.

За да го смените движењето, постапете како што следи:

- Застанете ја машината пуштајки ги командата за движење (сл. 12.D) и командата за сечивото (сл. 12.C).

  • Преместете ја рачката за менувачот во саканата положба (сл. 12.A).
  • Продолжете со нормална работа.

ВАЖНО Менувањето на правецот додека машината се движи доведува до оштетување на системот за пренос.

6.4 ЗАСТАНУВАНЬЕ

За да ја застанете машината, пуштете ги командите за сечивото (сл. 12.C) и командата за движење (сл. 12.D).

За да ја изгасите машината, постапете согласно еден од следните начини:

  • Извадете или свртете го безбедносниот клуч (сл. 13.A).
  • Донесете го забрзувачот (сл. 13.С) во позиција за застанување.

⚠️ Доводот на гориво треба секогаш да биде затворен нога не ја користите машината.

⚠️ Моторот може да е многу врел веднаш по гаснење. Не допирајте ги издувната цевка и околните делови. Постои опасност од опекотини.

ВАЖНО Ако треба да се оддалечите од машината, секогаш вадете го безбедносниот клуч (сл. 13.A).

  • Расчистувањето на снегот е поефикасно кога тој е уште свеж. Поминете неколку пати по зоните што веće сте ги исчистиле за да ги расчистите остатоците од снег.
  • Ако е можно, исфрлајте го снегот во правецот на ветрот. Проверете го растојанието и правецот на расфрлање на снегот.
  • Ако има силен ветер, спуштете го дефлекторот за да го насочува снегот врз земјата со што се намалува можноста ветрот да го разнесе во несакан правец.
  • На крајот на работата, оставете ја машината да работи уште неколку секунди за да избегнете формирање мраз кај отворот за исфрлање.
  • Секогаш одржувајте соодветна брзина во однос на снегот и регулирајте ја така што снегот ће се исфрла со постојан проток.
  • Намалете ги вртежите на моторот пред да го изгаснете.

6.6 ПО РАБОТАТА

  • Исчистете ја машината (пасус 7.4).
  • Поместете ги сите команди напред и назад неколку пати.
  • Проверете дали придушувачот е ислучен.
  • Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заманете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки.

He покривајте ја машината додека не се изладат моторот и придушувачот.

7. ОДРЖУВАЊЕ

7.1 ОПШТО

ВАЖНО Безбедосните мерки што треба да се следат во текот на одржувањето се наведени во пас. 2.4.

⚠️ сите постапки за интервенција и одржување треба да се извршат кога машината е застаната и моторот е изгаснат. Извадете го клучот и прочитајте го соодветното упатство пред да започнете какви било дејства за одржување или поправка.

⚠️ носете соодветни обувки, ранавици и очила пред да работите на одржување.

  • Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во „Табелата за одржување“. Табелата го прикажува опсегот што ње ви помогне при одржување на ефикасноста и безбедноста на машината. Во неа се прикажани главните интервенции и предвидените интервали за секоја од ставките. Извршете ја соодветната постапка пред првата појава.
  • Употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални, може да доведе до несакани ефекти врз работата и безбедноста на машината. Производителот ја отфрла сета одговорност во случај на штети или поврди предизвикани од такви производи.
  • Оригиналните резервни делови се набавуваат во сервисните центри или кај авторизираните застапници.

ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација коишто несе опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.

7.2 ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО

  1. Одвртете го капачето за затворање на резервоарот и извадете го (сл. 13.E).
  2. Ставете ја инката (сл. 13.I).
  3. Наполнете гориво и извадете ја инката (сл. 13.I).
  4. По полнењето, зашрафете го докрај капачето за горивото и исчистете ако ви се пролеало од него (сл. 13.E).

ЗАБЕЛЕШКА Не полнете го резервоарот со гориво до грлото.

ЗАБЕЛЕШКА Користете само гориво што е посочено во табелата со технички податоци. Не користете други типови гориво. Може да користите еколошко гориво, како што е зелен бензин. составот на овој бензин има мало влијание врз лугето и животната средина. Не се познати негативни ефекти за употребата на овој бензин. Во продажбата има разни видови зелен бнзин и за нив немаме прецизни податови во однос на нивната употреба. Најдобро е да ги проверите информациите што ги доставува производителот на зелениот бензин.

ЗАБЕЛЕШКА Горивото испарува и не треба да се остава во резервоарот повеće од 30 дена. Пред одложување на подолг период, оставете малку гориво во резервоарот со што ће го завршите користењето (поглавје 8).

7.3 КОНТРОЛА / ДОПОЛНУВАЊЕ МАСЛО ВО МОТОРОТ

⚠️ Проверете го нивото на масло пред секоја употреба.

ЗАБЕЛЕШКА Машината се доставува без масло за моторот.

7.3.1 Контрола / надополнување

Постапка:

  • Ставете ја машината на рамно за контролата.
  • Исчистете околу капачето (сл. 13.К). Одвртете, извлечете и исчистете ја шипката..
  • Вметнете ја оката докрај без да ја завртите.
  • Повторно извадете ја. Проверете го нивото на масло.
  • Надополнете ако нивото е под знакот за „L“ (сл. 15)

- За правилната постапка за замена, видете пасус 7.3.2

He преполнувајте бидејки тоа може да доведе до прегревање на моторот. Ако нивото е над знакот за „K“(сл. 15 ), испуштете масло додека не го достигнете точното ниво.

ЗАБЕЛЕШКА Видете ја „Табелата со технички податоци“ за типот на маслото.

7.3.2 Замена

⚠️ Моторното масло може да биде многу врело ако се дојде во контакт со него веднаш по застанување на моторот. Затоа, оставете го моторот да се лади неколну минути пред да го извадите маслото.

Менувајте го маслото согласно периодите дадени во „Табелата за одржување“. Менувајте го маслото почесто ако моторот работи во тешки услови. Постапете како што следи:

  1. Поставете ја машината на рамна површина.
  2. Поставете го садот за собирање соодветно на цевката за празнење.
  3. Извадете го капачето за полнење масло (сл. 13.К).
  4. Извадете го капачето за празнење (сл. 13.J).
  5. Соберете го маслото во садот.
  6. Затворете го капачето за празнење на маслото.
  7. Исчистете ако ви се пролеало од маслото.
  8. Наполнете ново масло. Видете „Табела со технични податоци“ за количината на маслото.
  9. По секое полнење, запалете го моторот и оставете го на минимум 30 сек.
  10. Проверете дали ви протекува масло.
  11. Изгасете го моторот. Почекајте 30 секунди и проверете го нивото ма маслото одново. Ако е неопходно, видете и „контрола/дополнување“ (пасус 7.3.1).

ВАЖНО Однесете го маслото за фрлање согласно локалните закони.

7.4 ЧИСТЕЊЕ

⚠️ Вршете ги постапките за чистење со изгасната машина. Не обидувајте се да го чистите снегот од отворот пред:
- Да ја пуштите командата за сечивото.
• Да го изгасите моторот.
- Да го извадите клучот за палење.

Секогаш чистете ја машината по употребата. За чистење, придржувајте се до следните упатства:

  • Користете ја лопатката (сл. 1.1) за чистење на отворот за исфрлање и за чистење на машината кога на неа има остатоци од снег.
  • Чистете го моторот со четкичка и/или воздух под притисок.
  • Не истурајте вода директно врз моторот.
  • По чистењето со вода, запалете ја машината и свртете го сечивото за да ја отстраните водата којашто може да навлезе во перничињата и да предизвика дефект.

ВАЖНО никогаш не користете вода под висок притисок. Може да ги оштети електричните делови.

7.5 СВЕЙИЧКА

Однесете ја машината кај овластен сервисер ако треба да се работи на свекичката. Погледнете ги табелата за одржување и табелата за несоодветна работа за соодветни интервенции на свекичката.

7.6 ГОРИВО

Горивото е одредено од произведувачот. Погледнете ја табелата за несоодветна работа за да проверите дали е неопходно да интервенирате кај горивото (поглавје 12).

7.7 НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ

  • Сите завртки, навртки и лостови одржувајте ги соодветно зацврстени за да сте сигурни дека косачката е безбедна за работа.
  • Редовно проверувајте дали навртките за фиксирање на отворот за исфрлање се затегнати правилно.

За да го олесните вртењето на сечивото, треба да ги подмачкувате повремено спојниците (сл. 16.A) на оската за сечивото со помош на подмачкувач и шприц. За подмачкување:

– Извадете ги капачињата и безбедносните клинови (сл. 16.В).
– Подмачкајте ги спојниците (сл. 16.A) и свртете го сечивото врз оската неколку пати за да овозможите маслото да се разнесе нив внатрешноста на оската.
– Ставете ги безбедносните клинови и капачињата. (сл. 16.В)

8. ОДЛОЖУВАЊЕ

Кога машината треба да се одложи на период подолг од 30 дена:

  1. Извадете го колото за напојување со гориво:
    – Затворете го доводот за гориво (сл. 13.В).
    – Запалете го моторот на машината и оставете го да работи додека не се изгаси за да го потроши горивото.
  2. Сменете го маслото за моторот ако оваа постапка не е спроведена во претходните три месеци.
  3. Темелно исчистете го чистачот на снег
  4. Проверете дали на чистачот на снег има оштетувања Ако е неопходно, извршете ги поправките
  5. Ако лакот е оштетен, премачкајте за да спречите 'ргосување.
  6. Заштитете ги металните површини подложни на 'ргосување.
  7. Одложете го чистачот за снег во затворен простор ако е можно.

9. ПОМОШ И ПОПРАВКА

Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите интервенции за регулација и одржување што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејći знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајći го во предвид првобитниот степен на безбедност и условите на машината. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.

- Само овластените сервиси за помош може да ги извршуваат поправките и одржувањето што се под гаранција.

  • Овластените сервисни центри користат само оригинални резервни делови. Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
  • Резервните делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални, не се одобрени. Употребата на неоригинални резервни делови и дополнителна опрема ја отфрла гаранцијата.
  • Препорачуваме да ја однесете машината во овластен сервисен центар секојпат кога треба да се работи на одржување, поправка или проверка на безбедносните уреди.

10. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА

Гаранцијата ги покрива сите штети на материјалите и производството. Корисникот треба внимателно да ги следи сите упатства кои се дадени до приложената документација. Гаранцијата не ги покрива штетите настанати затоа што:

  • Не сте се запознале со приложената документација.
  • Не сте внимателни.
  • Употребата и монтирањето не се правилни или конзистентни.
  • Се користат резервни делови коишто не се оригинални.

- Се користи дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот.

Гаранцијата не покрива и:

  • нормално абење на потрошните материјали како што се ремените на преносот, светлата, тркалата, навртките и јажињата.
  • Нормално абење.
  • Мотори. Опфатени се со гаранцијата на производителот на моторот под одредени услови и состојби.

Купувачот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на купувачот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.

  1. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Интервенција Период Пасус
Првпат Последователно секон
МАШИНА
Контрола на сите спојки- Пред секоја употреба 7.7
Безбедносни контроли / проверка на командите- Пред секоја употреба 6.2
Општо чистење и контрола- На крајот на секојаупотреба7.4
Чистење на областа околу испустот- 5 часа / по секоја употреба 7.4
Подмачкување на погонското вратило- 25 часа / по секоја сезона ***
Подмачкување на оската на сечивото- 10 часа / по секоја сезона 7.8
МОТОР
Чистење на свейичката - 25 часа / по секоја сезона***
Замена на свейичката-100 часа / по секоја сезона***
Контрола/дополнување на маслото за моторот-5 часа / по секоја употреба7.3.1
Замена на маслото за моторот5 часа50 часа / по секоја сезона7.3.2

*** Интервенции што треба да се спроведат кај застапникот или во овластен сервисен центар.

  1. НЕСООДВЕТНА РАБОТА
НАЈДЕНАМОЖНА ПРИЧИНАРЕШЕНИЕ
1. Нема палењеКлучот за палење не е ставен.Ставете го клучот за палење
Нема горивоНадополнете го резервоарот со чисто гориво.
Придушувачот е исключен Включете гопридушувачот.
Поттикнувачот не е притиснатПритиснете го поттикнувачот
Моторот е задушен.Почекајте неколку минути пред да запалите. Не притискајте го поттикнувачот и исключете го придушувачот.
Свекичката е оштетенаКонтактирајте со овластен сервисен центар
Горивото е староКонтактирајте со овластен сервисен центар
Има вода во горивотоКонтактирајте со овластен сервисен центар
2. Има загуба во моќноста.Се исфрла многу снегНамалете ја брзината
Капачето на резервоарот со гориво е покриено со исфрлен снег.Моторот работи на минимум или има снег врз и околу капачето на резервоарот.
3. Моторот работи на минимум и неправилноПридушувачот е включен.Исклучете го придушувачот.
Горивото е староКонтактирајте со овластен сервисен центар
Има вода во горивотоКонтактирајте со овластен сервисен центар
Горивото треба да се смениКонтактирајте со овластен сервисен центар
НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
4. Прекумерни вибрацииРазлабавени или оштетени делови или ножеви за расчистувањеЗатегнете ги сите уреди за фиксирање Заменете ги оштетените делови во овластен сервисен центар
Рачката не е поставена правилно Проверете дали рачката е фиксирана во својата положба
5. Загуба или бавно исфрлање на снеготПопречен отвор за исфрлање. Исчистете го отворот за исфрлање
Попречени ножеви за расчистувањеОтстранете ги евентуалните остатоци и страни предмети од ножевите
6. Погонот не функционираКабелот од командата за активирање на погонот не е регулиран правилно.Контактирајте со овластен сервисен центар

Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените операции.

INHOUDSOPGAVE

  1. ALGEMEEN....1

  2. VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN......2

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : ALPINA

Модел : AS 62 P

Категорија : снегодувач