GSS 1601 A Multi Professional - брусилка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSS 1601 A Multi Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSS 1601 A Multi Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSS 1601 A Multi Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSS 1601 A Multi Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. 1 609 92A 4AD | (03.11.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 119 u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за брусилки u Користете го електричниот алат само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар. u Внимание опасност од пожар! Избегнувајте прегревање на парчето што се бруси и брусилката. Пред да направите пауза во работата, секогаш испразнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето во торбата за прав, микро честичките, хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав) може да се запали при неповолни услови, како на пр. летање на искри при брусење на метали. Особена опасност постои, доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од лак, полиуретан или други хемиски материјали и доколку парчето што се бруси се вжешти по долготрајна
u Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот влече прав во куќиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрични опасности. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за суво брусење на дрво, пластика, метал, шпахтел маса како и лакирани
Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Прекинувач за вклучување/исклучување (2) Целосна кутија за прав (микро-филтер систем) (3) Квадратна основна плоча (GSS 140-1 A/GSS 160-1 A Multi) (4) Правоаголна основна плоча (GSS 160-1 A/GSS 160-1 A Multi) Bosch Power Tools 1 609 92A 4AD | (03.11.2020)120 | Македонски (5) Триаголна основна плоча (GSS 160-1 A Multi) (6) Брусна плоча (7) Рачка (изолирана површина на рачката) (8) Завртки за основната плоча (4x) (9) Брусен лист
(10) Заден терминален блок (11) Затезни стремени (2x) (12) Преден терминален блок (13) Алат за дупчење
(14) Млазници за издувување (15) Филтер (микро-филтер систем) (16) Црево за всисување
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Вибрациона брусилка GSS 140-1 A GSS 160-1 A GSS 160-1 A Multi Број на дел 3 601 BA2 1.. 3 601 BA2 2.. 3 601 BA2 2.. Номинална јачина W 180 180 180 Број на вртежи во празен од min
Број на осцилации во празен од min
Дијаметар на осцилаторниот круг mm 1,6 1,6 1,6 Димензии на брусното сечило
– Леплива лента mm – – 150x100 Димензии на брусната плоча – квадратни mm 110x100 – 110x100 – правоаголни mm – 128x78 128x78 – триаголни (аголни (габаритни) димензии на брусното сечило) mm – – 150x100 Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 1,2 1,2 1,2 Класа на заштита / II / II / II Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841-2-4. Нивото на звучниот притисок на електричниот алат оценето соА типично изнесува76dB(A). Несигурност K=3dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со EN62841-2-4:
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. 1 609 92A 4AD | (03.11.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 121 Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
Монтирање на основната плоча (GSS 160-1 A Multi) (види слика A) Целосно одвртете ги 4-те завртки (8). Поставете ја соодветната основна плоча и повторно затегнете ги
Замена на брусната плоча (види слика A) Брусната плоча (6) може да се замени по потреба. Целосно одвртете ги 4-те завртки (8) и извадете ја брусната плоча (6). Поставете ја новата брусна плоча (6) и повторно затегнете ги завртките. Менување на брусните листови Пред да ставите нов брусен лист, отстранете ги нечистотијата и правта од брусната плоча (6), на пр. со
За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да одговараат со отворите на брусната плоча. Брусни листови со леплива лента (види слика B) Ако брусната плоча (6) е опремена со леплива лента, брусните листови можете брзо и едноставно да ги прицврстите со лепливата лента. Истресете ја леплива лента од брусната плоча (6) пред да ја наместите на брусниот лист (9), за да овозможите добро слепување. Брусниот лист (9) ставете го израмнето на едната страна од брусната плоча (6), потоа поставете го брусниот лист на брусната плоча и притиснете го добро. За вадење на брусниот лист (9) фатете го за врвот и извлечете го од брусната плоча (6). Брусни листови без леплива лента (види слики C–E)
Олабавете го затезниот стремен (11) од механизмот за фиксирање и навалете го надолу.
Вметнете го брусниот лист (9) под задниот терминален блок (10). Внимавајте брусниот лист (9) да не е прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен (11) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму. ❸ Брусниот лист поставете го цврсто околу брусната плоча(6). Прицврстете го предниот дел на брусната плоча под предниот терминален блок (12). Внимавајте брусниот лист (9) да не е прекраток и да биде правилно прицврстен. Навалете го затезниот стремен (11) назад во излезната позиција и фиксирајте го таму. Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со алатот за дупчење (13) за всисување на прав. Електричниот алат со монтиран брусен лист притиснете го на алатот за дупчење (види слика F). За да го извадите брусниот лист (9) олабавете ги двата затезни стремени (11) и извлечете го брусниот лист од неговиот држач. Избор на лист за брусење Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни
Гранулација За обработка на сите дрвени материјали 40 – 240 За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даски грубо 40, 60 За рамно брусење и израмнување на мали нерамнини среден 80, 120 За завршно и фино брусење на цврсти дрва фино 180, 240 За обработка на обоени/лакирани слоеви одн. подлоги, како маса за полнење и шпахтел маса 40 – 240 За брусење на боја грубо 40, 60 За брусење на основната боја среден 80, 120 За крајно брусење на основната боја пред лакирање фино 180, 240 Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Bosch Power Tools 1 609 92A 4AD | (03.11.2020)122 | Македонски Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Сопствено всисување со кутија за прав (види слики G–J) Ставете ја кутијата за прав (2) на млазниците за издувување (14). Нивото на наполнетост на кутијата за прав (2) може лесно да се контролира преку транспарентниот резервоар. За да ја испразните кутијата за прав (2) извлечете ја со лесно вртење наназад. Одвртете го елементот за филтер (15) од кутијата за прав (2). Испразнете ја кутијата за прав. Лесно тропнете со филтерот (15) на цврста подлога, за да падне правта. Исчистете ги ламелите на филтерот (15) со мека четка. Напомена: За да овозможите оптимално всисување на прав, редовно празнете ја кутијата за прав (2) и редовно чистете го филтерот (15). При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што кутијата за прав (2) ќе покажува надолу. Надворешно всисување (види слика K) Ставете го цревото за вшмукување (16) (опрема) на млазниците за издувување (14). Поврзете го цревото за всисување (16) со всисувач за прав (опрема). Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува. При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што цревото за всисување ќе покажува надолу.
Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230V исто така може да се користат и на 220V. Вклучување/исклучување u Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката. За вклучување на електричниот алат, навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) надесно во позиција „I“. За исклучување на електричниот алат, навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1) налево во позиција „O“. Совети при работењето u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Капацитетот на отстранување при брусењето во главно се одредува преку изборот на брусен лист. Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат. Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси. Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусниот лист. Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали. Користете само оригинална Bosch брусна опрема. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 1 609 92A 4AD | (03.11.2020) Bosch Power ToolsSrpski | 123 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *
Notice-Facile