LG WH20S - Топлинска пумпа

WH20S - Топлинска пумпа LG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот WH20S LG во PDF формат.

📄 622 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice LG WH20S - page 432

Преземете ги упатствата за вашиот Топлинска пумпа во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник WH20S - LG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. WH20S на марката LG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК WH20S LG

  • ТОПЛИНСКА ПУМПА Copyright © 2023 LG Electronics Inc. All Rights Reserved. Оригинално упатство MK МАКЕДОНСКИ Прочитајте го темелно овој прирачник за корисникот пред да започнете со користење на апаратот и постојано чувајте го при рака за идни консултации.СОДРЖИНА БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ p. 3
  • Безбедносни мерки p. 4
  • МОНТИРАЊЕ p. 12
  • Делови и функции p. 12
  • Алати за монтирање p. 13
  • Дополнителен прибор p. 13
  • Упатства за монтирање p. 14
  • Изберете ја најдобрата локација p. 15
  • Отпакување и отстранување на клиновите за транспорт p. 16
  • Термално проширување p. 16
  • Монтирање на одводниот вентил p. 16
  • Монтирање на испусниот вентил за температура и притисок p. 16
  • Монтирање на одводните цевки за кондензација p. 18
  • Поврзување на доводна цевка p. 19
  • Поврзување на електрична мрежа p. 20
  • Безбедносна контрола p. 21
  • Материјали за изолација p. 21
  • Листа за проверка на монтирање p. 22
  • РАКУВАЊЕ p. 23
  • Користење на основна контрола p. 23
  • ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ p. 25
  • Апликацијата LG ThinQ Овој прирачник може да содржи слики или содржина поинаква од моделот што сте го купиле. Овој прирачник подлежи на ревизија од производителот.MK БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ Вашата безбедност и безбедноста на другите луѓе е многу важна. Имаме дадено многу важни безбедносни пораки во ова упатство и на вашиот уред. Секогаш читајте ги и следете ги сите безбедносни пораки. Ова е симбол на безбедносно предупредување. Овој симбол ве предупредува за можните опасности кои можат да ве убијат или повредат вас и други лица. Сите тревоги за безбедност ќе следат со симбол за тревога за безбедност како и зборот „ОПАСНОСТ“, „ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“ ИЛИ „ВНИМАНИЕ“. Овие зборови означуваат: p. 25

Можете полесно да се повредите или да го оштетите производот, ако не ги следите инструкциите. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Можете да умрете или сериозно да се повредите ако не ги следите инструкциите.

Ова покажува дека непридржувањето кон упатствата ќе предизвика сериозна повреда или смрт. Сите безбедносни пораки ќе ја соопштат потенцијалната опасност, ќе ви кажат како да ја намалите шансата од повреда и ќе ви кажат што може да се случи ако не се следат инструкциите.

3ОПАСНОСТ Температурата на водата над 50 °C може инстантно да предизвика сериозни изгореници или смрт од изгореници. Задолжително прочитајте ги и следете ги предупредувањата на сликата подолу.

Температурата на водата над 50 °C може да предизвика инстатни сериозни изгореници, а дури и смрт од изгореници.Децата, лицата со попреченост и старите лица се во најголем ризик од изгореници.Прочитајте го прирачникот за корисници пред да ја подесите температурата на бојлерот.Проверете ја со дланка водата пред да се бањате или туширате.Вентилите за ограничување на температурата се достапни, погледнете во прирачникот.ТОПЛОИзгореница

Безбедносни мерки Подесување на температурата на водата ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За намалување на ризикот од експлозија, пожар, смрт, електричен шок, повреда или изгореници кај луѓе, мора да се следат инструкциите во овој прирачник. Осигурајте се дека во целост го разбирате прирачникот за корисници пред да го монтирате и оперирате овој уред. Доколку имате потешкотии при разбирање или следење на инструкциите на овој прирачник, или доколку имате некакви прашања, јавете се во овластен сервисен центар или кај блискиот електричар.

Температура Време за создавање на сериозна изгореница 49 °C Подолго од 5 минути 52 °C 1 ½ до 2 минути 54 °C Приближно 30 секунди 57 °C Приближно 10 секунди 60 °C Помалку од 5 секунди 63 °C Помалку од 3 секунди 65 °C Околу 1 ½ секунди 68 °C Околу 1 секунда За утврдување на соодветната температура за вашиот дом, послужете се со табелата подолу.

  • За намалување на моменталната температура на, се препорачуваат термостатски вентили за мешање. Овие вентили автоматски ја мешаат топлата и ладната вода од одделни цевки. Се препорачува употребата на вентил за мешање.

Во домаќинствата во кои има стари лица, деца или лица со попреченост може да е потребно подесување на термостатот на температура од 48 °C или пониска за да се спречи контактот со „ЖЕШКА“ вода.

Повисоката температура на водата го зголемува потенцијалот за ИЗГОРЕНИЦИ од жешка вода Температуарата на водата во бојлерот се регулира со копчињата на екранот. Температурата на водата во овој бојлер е фабрички подесена на 50 °C за да соодветсвува со безбедносните мерки. За информации за прилагодување на температурата на водата, консултирајте се со делот за ракување во овој прирачник.

Локални прописи за монтирање ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ Овој уред мора да биде монтиран во однос со инструкциите во овој прирачник, националните прописи, како и сите прописи востановени од локалната власт и телата за јавно здравје. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ За да се намали ризикот од експлозија, пожар, смрт, електричен шок, изгореници или повреди на лица при користење на производот, следете гиосновните безбедносни мерки, вклучително следните:

Деца во домаќинството: Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучително деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недоволно искуство и знаење, освен ако се под надзор или ако добиваат упатства за употребата на апаратот од лице коешто е одговорно за нивната безбедност. Децата треба да бидат под надзор, за да не се дозволи да си играат со апаратот. Внимавајте децата да не стапнат на приозводот. Во спротивно, децата можат сериозно да се повредат при пад. За употреба во Европа: Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недоволно искуство и знаење, ако се под надзор или ако добијат упатства за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите што можат да произлезат од употребата. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор.7

  • За да се намали ризикот од сериозно повредување или смрт, следете ги сите инструкции за монтирање.
  • Задолжително осигурајте се дека уредот е соодветно монтиран во однос со локалните прописи и обезбедените инструкции за
  • Не заменувајте ниеден дел од бојлерот и користете само оригинален прибор и резервни делови освен ако обратното не е специфично препорачано во овој прирачник.
  • Не вклучувајте го струјниот довод кон бојлерот доколку резервоарот не е целосно полн со вода.
  • Никогаш не обидувајте се да го користите овој уред доколку е оштетен, нефункционален, делумно расклопен или има расипани или делови кои недостасуваат.
  • Кога производот е натопен (поплавен или потопен) во вода, контактирајте го Овластениот сервисен центар за поправка, пред повторно да го користите истиот.
  • Поместување или монтирање на уредот е задача за која се потребни двајца или повеќе луѓе.
  • Исклучете го струјниот довод со отворање на автоматскиот преклопник или спуштање на осигурувачите пред монтирање.
  • Дури и доколку термостатот на бојлерот е подесен на релативно ниска температура, жешката вода има потенцијал да предизвика изгореници. За намалување на ризикот од изгореници, се препорачуваат термостатските вентили за мешање.
  • Чувајте ги опаковките подалеку од дофат на деца. Опаковките може да се опасни за деца. Постои опасност од задушување при
  • Уништете ја картонската, најлонската кутија и другите опаковки откако уредот ќе биде отпакуван. Децата може да ги користат при игра. Картоните кои се покриени со ќилими, чаршафи или најлони може да станат херметички комори.8
  • Поврзете го уредот со соодветно обележано, заштитено и големо струјно коло со цел да се избегне електрично преоптоварување.
  • Овој уред мора да биде сместен во близина на извор на електрична енергија. Користете штекер од 1.5 мм

или повеќе во номинална површина на пресек

  • Не монтирајте го бојлерот на нестабилна површина или на место каде што постои опасност да падне.
  • За монтирање секогаш контактирајте го продавачот или Овластен сервисен центар. Постои ризик од пожар, електричен шок, експлозија или повреда.
  • Не монтирајте го бојлерот на место каде што се чуваат запаливи течности или гасови, како што се бензин, пропан, разредувач на
  • Задолжително заземјете го производот. Постои ризик за пожар или електричен шок.
  • Монтирајте ја таблата и капакот за безбедност на контролната
  • Да не допирате ги перките на разменувачот на топлина со голи раце. Инаку, може да си ги исечете рацете.
  • Не внесувајте воздух или гас во системот освен со одредениот разладувач.
  • Не вклучувајте го автоматскиот преклопник или струјниот довод кога се отстрануваат или отвораат капачињата.
  • Направете го поврзувањето безбедно така што терминалите кои се прицврстуваат со завртки нема да се разлабават при повлекување на кабелот.
  • Има ризик од пожар и експлозија. Интертниот гас (азот) треба да се користи при проверка за протекувања во водоводот, при чистење или поправка на цевки и т.н. Ако користите запаливи гасови како кислород, производот може да носи ризик од пожари и експлзии.9
  • Користете го уредот само за предодредената цел.
  • Доколку бојлерот е подложен на оган, поплава или физичко оштетување, веднаш исклучете секаков довод на струја кон бојлерот и НЕ ракувајте со него повторно, сѐ додека не е извршена проверка од стручно лице.
  • Не вклучувајте го бојлерот доколку резервоарот не е сосема полн.
  • Не вклучувајте го бојлерот доколку затворачкиот вентил за довод на ладна вода е затворен.
  • Проверете ја водата пред бањање или туширање.
  • Дури и при 50 °C, жешката вода може да предизвика изгореници.
  • Не блокирајте го доводот или одводот на протокот на воздух.
  • Никогаш не допирајте го, не ракувајте, или не поправајте го бојлерот со влажни раце.
  • Не оставајте запалливи материи како бензин, бензен или разредувач во близина на бојлерот. (Не инсталирајте ја единицата во потенцијално експлозивни атмосфери.)
  • Сопрете го доводот на струја доколку од бојлерот доаѓа некаков звук, мирис или чад.
  • Осигурајте се дека електричниот кабел не е ни валкан, ни лабав,
  • Не ставајте никакви предмети на електричниот кабел.
  • Не модифицирајте го и не продолжувајте го електричниот кабел. Гребнатините или лупењето на изолациониот материјал на струјните жици може да резултираат со пожар или електричен шок и треба да се заменат.
  • Кабелот за довод на струја не може да се замени. Доколку кабелот е оштетен, уредот ќе биде истружен.
  • Не изложувајте луѓе, животни или растенија на ладното воздушно струење од бојлерот на подолг рок.
  • Осигурете се дека кабелот за напојување не може да се извлече или оштети за време на работата. Постои ризик за пожар или електричен шок.10
  • Не допирајте ја цевката на разладувачот и цевката за вода, или кои било други внатрешни делови, додека уредот сѐ уште е во погон, или веднаш по неговото функционирање. Постои ризик од изгореници или смрзнатини и лични повреди.
  • Дополнително инјектирање со разладувач не е возможно.
  • Ако кабелот за напојување е оштетен, мора да биде заменет од страна на производителот или од неговите сервисери, или пак од слично стручни лица, за да се избегне опасност.
  • Исклучете го доводот на струја кон уредот пред чистење или обид за одржување од страна на корисникот.
  • Пред цедење на бојлерот, исклучете го доводот на струја кон производот.
  • Не вклучувајте го доводот на струја кон бојлерот доколку резервоарот не е сосема полн. Техничка безбедност
  • Монтирање или поправки направени од неовластени лица може да претставуваат опасност за вас и другите.
  • Информациите содржани во овој прирачник се наменети за користење од страна на стручен техничар за сервисирање кој е запознаен со безбедносните процедури и е опремен со соодветни алати и инструменти за тестирање.
  • Доколку не ги прочитате внимателно и не ги следите сите инструкции во овој прирачник може да дојде до дефект на опремата, оштетување на имот, телесна повреда и/или смрт.

За да се намали ризикот од мали повреди на лица, неисправно функционирање или оштетување на производот или имотот при користење на овој производ, следете ги основните мерки на претпазливост, вклучително и следните: !11

  • Монтирајте го производот на цврст и рамен под.
  • Не монтирајте го бојлерот на место каде што протекувањето од резервоарот или мрежното поврзување ќе резултира со оштетување на површината блиску до него или на пониските нивоа на структурата. Онаму каде што таквите делови не може да се избегнат, се препорачува соодветна одводна цевка, која е адекватно испразнета, да се инсталира под бојлерот.
  • Монтирајте го производот така што звукот или топлото воздушно струење од уредот да не им предизвика некаква штета на соседите. Во спротивно, тоа може да ви предизвика кавга со
  • Монтирајте го цревото за празнење соодветно, со цел рамно празнење на водната кондензација.
  • Секогаш проверувајте потенцијално истекување на гас после монтирањето или поправката на производот. Во спротивно, тоа може да предизвика дефект на производот.
  • За да се избегне опасноста од ненамерно ресетирање на термалното исклучување, овој апарат не смее да се снабдува со енергија преку надворешен преклопен уред, како што е тајмер, или да биде поврзан со електрично коло кое редовно се вклучува и исклучува во домаќинството. Работен процес
  • Не стапнувајте на производоти не ставајте ништо на него.
  • Не користете го производот доколку некој од деловите бил под вода. Веднаш јавете се во овластен сервисен центар за замена на поплавен бојлер. Не обидувајте се да го поправите уредот. Мора да биде заменет.
  • Исклучете го доводот кон бојлерот на струја и вода и испразнете го бојлерот доколку уредот е во план да биде напуштен на подолг рок, како на пример, за време на одмор.Делови и функции

Горен капак Вентилација за прием на

Разводна кутија Филтер за воздух Предна табла Декор на екранот / Контролна

ECO (ЕКО) Капак на горен елемент Преден декор Капак на долен елемент Елемент за греење Отвор на вентилот за

Довод на вода Отвор на испусниот вентилот за темпетатура и притисок Отвор за вода Одвод за кондензација Заден панел Излезни отвори за воздух

проширување Редукционен

Термостатски вентил за мешање

Упатства за монтирање Филтер за воздух

Примарна одводна цевка за кондензација (3/4” PVC) Секундарна одводна цевка за кондензација (1/2” PVC)

0.5 м Минимален простор

за монтирање и служење.

Се препорачува флексибилно поврзување Отвор за топла вода

  • Резервоар за термално проширување (доколку е потребен) Исклучен вентил Топлотен сифон Минимум 0.15 м Се препорачува флексибилно поврзување Довод на ладна вода Одводен вентил Отворен одвод Испусен вентил за температура и притисок и отпусна
  • Во затворен систем, поврзете резервоар за термално проширување кон цевката за довод на ладна вода. Погледнете во делот за „Термално проширување“ (Страна 16).
  • Ако се користат цевки од бакар, мора да се инсталираат диелектрични холандери (ги снабдува клиентот) кај водоводните врски.15
  • Монтирањето во тесен простор без соодветна вентилација може да предизвика повисоко потрошување на електрична енергија.
  • Помошната одводна цевка МОРА да се монтира во согласност со локалните прописи. Деловите за одводна цевка се достапни во продавницата од каде што е купен бојлерот или кај секој дистрибутер на бојлери. Одводната цевка не треба да го спречува доводниот цевковод на ладна вода или испусниот вентил. - Одберете место каде што има доволно простор на периодичен сервис. Филтерот за воздух, капаците и предните табли може да се отстранат со цел да се дозволи проверка и сервис. - Земете ја во предвид тежината на бојлерот и одберете место каде што подот е доволно цврст за да ја издржи тежината на полн бојлер. - Бојлерот и цевките треба да бидат заштитени од замрзнување и елементи со висок потенцијал за корозија. Не монтирајте го бојлерот во надворешни или незаштитени средини. - Монтирањето го бојлерот близу до местото каде што има најголема побарувачка и центарот на водоводната мрежа. Цевките за топла вода кои не биле подлежни на изолација долго време може да трошат електрична енергија. - Недоволната размена на воздух ќе доведе до зголемено ниво на потрошувачка на електрична

- Местото на монтирање мора да биде со температура повисока од 1 °C. Минимален простор

големина на собата: 20 м

Изберете ја најдобрата

  • За идни сервиси се препорачува минимум од 1 метар празен простор помеѓу левата, десната и задната страна на уредот и кој било предмет. Осигурајте се дека бојлерот е во хоризонтална положба со помош на либела. Држете ја либелата паралелно за време на монтирањето на производот. Во спротивно, може да предизвика вибрации и истекување на вода. Може да предизвика повреда или незгода.16

Ова ќе направи испусниот вентил да се отвора за време на секој циклус на греење. Препорачуваме монтирање на резервоар за експанзија за да се контролира термалното проширување. Поврзете го резервоарот за термално проширување со цевката за довод на ладна вода (погледнете во инструкциите за монтирање). За повеќе информации, обратете се кај овластено лице за монтирање, водоводџија или кај водоснабдувачот.

  • Одводниот вентил и испусниот вентил за температура и притисок се вклучени во опаковката на бојлерот. Мора да бидат монтирани на отворот наменет за оваа цел. Монтирање на испусниот вентил за температура и притисок Употреба на испусниот вентил за температура и притисок која е вклучена во пакетот. Монтирање на одводниот вентил Термално проширување Проверете дали вентилот за проверка е присутен на доводната цевка. Побарајте проверка од локалната водоводна установа. Вентилот за проверка лоциран на цевката за довод на ладна вода ќе создаде „затворен воден систем“. Како што водата загрева, таа го зголемува притисокот во водниот систем затоа што зголемениот волумен на водата нема каде да оди. Познато како „термално проширување“, брзиот пораст на притисокот може брзо да го достигне безбедносното подесување на испусниот вентил. Отпакување и отстранување на клиновите за транспорт
  • Приборот (одводниот вентил и испусниот вентилот за температура и притисок) е прицврстен на палета. Задржете ја заради монтирање. Отпакувајте ги сите материјали од опаковката на бојлерот и проверете дали е оштетен при пренос на

Отстранете ги картонските и материјалите за пакување на пратката.

Отстранете ги завртките од потпирачите за

Извлечете ги потпирачите за испорака.

Нежно допрете го бојлерот и внимателно истркалајте го од палетата.

Нанесете тефлонска лента на G крајот за спречување на протекување.

Монтирајте го одводниот вентил во отворот назначен со „Одводен вентил“.

Нанесете тефлонска лента на G крајот за спречување на протекување.

Монтирајте го испусниот вентил за температура и притисок на отворот означен како испусен вентил за температура и притисок.17

Сврзување на отпусната цевка со испусниот вентил за температура

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Измерениот притисокот на испусниотвентил не смее да се искачи повисоко од1 MPa, максималниот притисок при којбојлерот функционира, како што енагласено на таблата со информации.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НЕ поврзувајте ниеден вентил или другграничник на одводот за температура ипритисок. НЕ поврзувајте го одводот затемпература и притисок со одводот закондензација. Мора да биде директнопорзан со цевка со адекватен отворенодвод. Монтирајте ја отпусната цевка на испусниотвентил за температура и притисок во согласностсо локалните прописи и следните инструкции.- Внатрешниот дијаметар на отпусната цевкамора да биде барем 3/4”.- Отпустната цевка мора да биде обезбедана запренос на топла вода и да издржува 100 °C безизобличување.- Крајот на отпусната цевка не треба да бидепротнат или прикриен и треба да бидезаштитен од замрзнување.- Не внесувајте и не инсталирајте никаковвентил, граничник или редуктор во спојка воотпустната цевка.* Може да капе вода од отпусната цевка науредот за ослободување на притисок итаа цевка мора да се остави отворена.* Уредот за ослободување на притисоктреба редовно да се пушта за да гиотстранува наслагите од варовник и да сепотврди дека не е затнат.* Цевката што служи за празнење поврзанасо уредот за ослободување од притисоктреба да се инсталира во насока којагледа надолу и во околина која што е безмраз. Поврзете ја отпустната цевка со отвород испусниот вентил за температура ипритисок. Отпустната цевка мора да сеспушта надолу од вентилот за да сеовозможи целосен одвод и на испусниотвентил за температура и притисок и наотпустната цевка.

Крајот на отпустната цевка мора дабиде поврзан со адекватен отворенодвод. Нанесете тефлонска лента на G крајотза спречување на протекување.18

  • При спојување на одводните цевки со одводот, НЕ престегнувајте. Престегнувањето на спојните делови може да направи пукнатина или оштетување на одводната цевка за кондензација.
  • Кондензацијата од оваа единица не е киселинска. Одводните цевки за кондензација и сврзувањата со одводните цевки мора да се придржуваат до државните и локалните прописи. Не редуцирајте ја големината на одводната цевка до големина помала од големината на цевката за кондензација која ви е дадена на располагање. Осигурајте се дека одводните цевки за кондензација одржуваат надолен пад заради соодветен одвод. Одводната цевка треба да биде изолирана за да се спречи формирање на кондензација на надворешната страна на одводните цевки. Доколку немате на располагање под кој е обезбеден за одвод или одводот е повисоко од нивото на цевките за кондензација, тогаш заедничка пумпа за кондензација со капацитет кој не е помал од 7,5 L дневно мора да биде

Монтирање на одводните цевки за кондензација

Нанесете тефлонска лента на G крајот за спречување на протекување.

Додадете колено со 3/4” пропуст &3/4”G со примарната конекција за одвод.

Со помош на еден од одобрените изолатори, внесете ја ПВЦ цевката во женскиот дел. Одводот за кондензација мора да биде поврзан со адекватен

Со помош на 1/2” ПВЦ цевки, колено со 1/2” пропуст & 1/2” G, и еден од одобрените изолатори, поврзете го коленото со секундарна одводна врска и внесете ја ПВЦ цевката во женскиот дел.19

Поврзување на доводна цевка

НЕМОЈТЕ директно да ги залемувате илиобложувате со бронза до водоводната мрежа сотопла или ладна вода. Цевките кои се завареникон адаптерот пред да го монтирате адаптероткон водоводната мрежа на бојлерот со топла илиладна вода, доколку се користи швајсуванамрежа. Доколку на цевките за довод се наесетоплина, тоа трајно ќе ја оштети пластичнатаоблога во овие приклучоци.*Максималниот притисок на цевката за довод наладна вода е 0.8 MPa. Доколку доводот на водае поголем од 0.8 MPa, монтирајте редукционенвентил за намалување на притисокот.* Поврзете ја водата така што ќе може да гополни или одново да го полни системот загреење, како што е наведено во EN1717/EN61770 за да избегнете контаминација наводата за пиење од поврат на одводот.Видете во „Инструкции за монтирање“ запредлог на типично монтирање. За полнење на бојлерот ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не приклучувајте струен довод конбојлерот доколку резервоарот не есосема полн со вода. Гаранцијата набојлерот не ја покрива штетата илидефектот кои се резултат од употреба напразен или делумно празен резервоар. За полесна исклучување на бојлеротзаради сервис или замена, сепрепорачува монтирање на единицитена водните врски. Проверете кој вид се водоводните цевкиво вашиот дом. Користете деловиадекватни на видот на цевки во вашиот

Нанесете тефлонска лента на G крајотза спречување на протекување. Поврзете ја цевката за довод на ладнаи топла вода со помош на 3/4” G. Монтирајте затворачки вентил нацевката за ладна вода во близина набојлерот. Монтирајте ја изолацијата на цевките заладна и топла вода. Изолацијата нацевката за топла вода може да јазголеми ефикасноста на водата. Осигурајте се дека одводниот вентил набојлерот е сосема затворен. Вклучете го доводот на ладна вода Бавно отворајте ги сите чешми со топлавода и дозволете водата да тече додекане тече во полн млаз. Оставете ја водата да тече во полнмлаз неколку минути.Максимална и минимална температураза фунција на водата (°C)35 / 62Максимален и минимален притисокза функција на водата (MPa)- / 0.8Ако се користат цевки од бакар, грејачот на вода треба секогаш да биде поврзан со диелектрични врски (ги снабдува клиентот) за да се избегне корозија предизвикана од електрични струи вообичаени во цевки за вода од бакар.20

За да се избегне опасноста од ненамерно ресетирање на термалното исклучување, овој апарат не смее да се снабдува со енергија преку надворешен преклопен уред, како што е тајмер, или да биде поврзан со електрично коло кое редовно се вклучува и исклучува во домаќинството.

Поврзување на електрична

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Искучете го секој довод на струја пред да работите на каква било електрична

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Заземнувањето е задолжително.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Никогаш не приклучувајте доток на струја директно кон еден од топлотните елементи. Горните и долните топлотни елементи се монтираат на производот. (230 V, 2 kW)

  • Цела електична мрежа мора да биде во согласност со Европските и националните стандарди и мора да биде заштитена од 30 mA RCD (Уред за остаток од струја).
  • Средствата за исклучување мораат да бидат вградени во фиксниот систем на жици, во согласност со правилата за ожичување. Бојлерот мора да има траен струен довод за да се обезбеди правилно функционирање на титаниумската анода на втисната струја (ICCP). Не вклучувајте го струјниот довод сѐ додека бојлерот не е целосно полн. Уредот единствено може да биде поврзан и да е во функција на еднофазовна 230 V AC плоча. Електричната инсталација ќе вклучи:
  • Се препорачува инсталација на склопка (RCD) сомерка на остаток на функционална струја која не преминува 30 mA.
  • Обележување на мерката на склопката (RCD) која треба да се инсталира Доводниот кабел не може да се исклучи од производот. Доводниот електричен кабел не може да се замени. Доколку кабелот е оштетен, уредот ќе биде истружен.21

Причината за состојбата на високатемпература мора да биде истраженаод стручно лице кое ќе преземекорективна акција пред бојлеротповторно да биде ставен во функција. Има контрола за ограничување натемпературата (ECO) која е лоцирана надгорниот топлотен елемент. Доколкутемпературата на водата стане прекумерновисока, контролата за ограничување натемпературата (ECO) го исклучуваструјниот довод кон топлотните елементи.Штом еднаш се отвори контролата, таапотоа мора да биде ресетирана рачно.За ресетирање на контролата заограничување на температурата (ECO): Материјали за изолација Не е потребна надворешна изолација набојлерот, којашто е достапна на широкатајавност.Гаранцијата од призводителот не ја покриваштетата или дефектот предизвикан одмонтирање или користење на каков билотип на неодобрени уреди за заштедувањена електрична енергија или слични уреди.Производителот не е одговорен за каквабило повреда или загуба предизвикана одупотребата на такви неодобрени уреди. Доколку локалните прописи бараатпоставување на каква билонадворешна изолација на бојлерот, ќебиде потребно посебно внимание зада не се наруши соодветнатафункција и ракување со уредот:- НЕ блокирајте ги воздушните отворина бојлерот.- НЕ покривајте ги и не обидувајте се даги релоцирате налепниците соинформации и препупредувања кои сепоставени на бојлерот.- НЕ покривајте ја контролната табла,испусниот вентил за температура ипритисок, одводниот вентил иразводната кутија.- Често проверувајте ја обвивката.

Безбедносна контрола

Исклучете го струјниот довод соотворање на автоматскиот преклопникили со спуштање на осигурувачите. Отстранете го предниот декор икапакот на горниот елемент. Притиснете на црвеното ECO RESETкопче.22

Листа за проверка на монтирање

Доволно простор за размена на воздух и периодичен сервис. Подот е доволно цврст за да го искрепи бојлерот. На затворено и заштитен од елементи со висок потенцијал за корозија. Во близина на областа на побарувачка од вода од бојлер. Повисока од 1 °C. На место каде што нема запалливи течности и гасови. Одводен вентил Одводниот вентил е соодветно монтиран. Испусен вентил за температура и притисок Испусниот вентил за температура и притисок е соодветно монтиран. Отпусната цевка одржува надолен пад и функционира со адекватен одвод. Отпусната цевка е заштитена од замрзнување. Одвод за кондензација Одводните цевки одржуваат надолен пад и фукционираат со адекватен одвод. Снабдување со вода Резервоарот е сосема полн со вода. Отстранете го воздухот од бојлерот и цевките. Водоводните врски треба да бидат затегнати и без протекување, но НЕ и премногу

Ако се користат цевки од бакар, поврзете ги диелектричните холандери (ги снабдува Поврзување на жиците Напонот на струен довод се поклопува со означената мерка на напон на таблата со

Соодветна големина на гранката на електричниот кабел и снабдување со осигурувачи или автоматскиот преклопник. Уредот е соодветно заземјен. клиентот) за да спречите корозија. Се препорачуваат флексибилни водни врски.23

Користење на основна контрола

За бирање на режимот натоплинската пумпа.За бирање на автоматскирежим.За бирање на турборежимот.За бирање на режимотот зазаминување на одмор. Подесете го режимот заправење на распоред самосо апликацијата LG ThinQ. За бирање на режимот AntiLegionella. За подесување напосакуваната температурана водата.За регулирање напосакуваната температурана водата.За овозможување на Wi-FiспарувањеЗа ресетирање на алармотза филтер.За менување на мернатаединица меѓу °F и °C.За приказ на моменталнататемпература на водата завреме од 5 секунди. РАКУВАЊЕ24

Температурата на водата ќе се одржува восогласност со подесувањето на температурата на.Приказот и може да биде подесена од 35 °C до 60 °C. Работен режим

  • Со повторување притискајте на копчето Mode(Режим) за избирање на режимот на функција.Активниот режим е прикажан на екранот заприказ.РЕЖИМ НА ТОПЛИНСКА ПУМПАОвој режим ја минимизира потрошувачката наелектрична енергија со помош единствено натоплинска пумпа за топлење, но има низокпотенцијал за опоравување.АВТОМАТСКИ РЕЖИМОвој режим е фабрички подесен режим заиспорака. Овој режим обезбедува релативномала потрошувачка на електрична енергија ивисоко опоравување. Овој режим примарнокористи топлинска пумпа за греење. Топлотнитеелементи ќе обезбедат додатно греење, доколкуима побарувачка за повеќе отколку она штотоплотната пумпа може сама да го одржи.ТУРБО РЕЖИМОвој режим го обезбедува највисокотоопоравување. Овој режим користи топлинскапумпа и елемент за греење симултано.РЕЖИМ НА ОДМОРОваа карактеристика се препорачува когабојлерот не е користен подолго време. Во овојрежим, температута на резервоарот ќе се одржина приближно 20 °C за да се минимизирапотрошувачката на енергија и да се спречизамрзнување на бојлерот. Траењето на одморотможе да се подеси или модифицира помеѓу 1 и90 дена преку апликацијата LG ThinQ. Подесување на температурата на водата РЕЖИМ НА ПРАВЕЊЕ НА РАСПОРЕДОвој режим може да се намести само наапликацијата LG ThinQ. Можете да излезете од овојрежим со притискање на кое било копче на бојлерот.АНТИ-ЛЕГИОНЕЛА РЕЖИМБојлерот автоматски го изведува анти-легионеларежимот еднаш неделно. Температурата на водатаќе се искаче до 60 °C и ќе остане така 1 час. Оваатемпература може да предизвика изгореници, папрепорачуваме употреба на термостатски вентил замешање. (Автоматското подесување е неактивно)Активно / Неактивно Притиснете и задржете на копчето Подеси завреме од околу 3 секунди за да го подесите анти-легионела режимот на активен или неактивен.Активен: (На екранот трепка „Анти легионела“„Антилегионела“ x 4 пати)* Функционирање еднаш неделноНеактивен: (На екранот трепка „Anti-legionella” x 4 пати) Повисоката температура на водата го зголемувапотенцијалот за ИЗГОРЕНИЦИ од жешка вода.

Ресетирајте го алармот за филтерот за воздух Уредот ќе прикаже аларм ( ) кој ќе ве потсетида го проверите и да го исчистите филтерот завоздух периодично.• Притиснете и задржете на копчето „Set“(Подеси) за време од околу 3 секунди за да горесетирате алармот. Сменете ја единицата на температурата Единицата на температурата прикажана наекранот може да биде подесена наФаренхајтови и Целзиусови степени• Притиснете и задржете на копчето завреме од околу 3 секунди за да ја сменететемпературната единица. Моментална температура на водата

  • Притиснете и задржете на копчето за времеод околу 3 секунди.Екранот ќе ви ја покаже моменталната температурана водата во резервоарот за време од 5 секунди. Wi-Fi ФУНКЦИЈА ЗА СПОЈУВАЊЕ Штом уредот е поврзан со Интернет преку домашнаWi-Fi мрежа, може да го контролирате далечинскисо апликација на паметен телефон. Видете годелот „ПАМЕТНА ФУНКЦИЈА“ за повеќе детали.• Притиснете и задржете на копчето „Mode“(Режим) за време од околу 3 секунди. е прикажано на екранот. Притиснете го или копче за бирањена температурата на водата. За крај притиснете на копчето Set (Подеси).25

Апликацијата LG ThinQ Оваа карактеристика е на располагање намо намодели кои го имаат копчето или логотоThinQ.Апликацијата LG ThinQ ви овозможува дакомуницирате со уредот со помош на паметентелефон. Карактеристики ан апликацијата LG ThinQ Комуницирајте со апаратот од паметен телефонсо помош на практичните паметни функции. Паметна дијагноза

Доколу користејќи го уредот имате некаковпроблем, оваа функција за паметна дијагноза ќеви помогне да го дијагностицирате проблемот. Ви овозможува да поставите различни опции науредот и во апликацијата.ЗАБЕЛЕШКА• Ако го промените вашиот безжичен рутер,провајдерот на интернет услуги или лозинката,избришете го регистрираниот апарат од LGThinQ апликацијата и регистрирајте гоповторно.• Апликацијата подлежи на промени зарадиподобрување на апаратот, без претходнанајава до корисниците.• Функциите може да се разликуваат возависност од моделот. Пред да ја користите апликацијата LG ThinQ ЗАБЕЛЕШКА• За да ја потврдите Wi-Fi конекцијата, проверетедали иконата на контролната табла свети.• Уредот поддржува само Wi-Fi мрежи од 2.4GHz. За проверка на мрежната фреквенција,контактирајте го вашиот Интернет провајдерили консултирајте се со прирачникот забезжичен рутер.• LG ThinQ не е одговорен за какви билопроблеми околу конектирањето на мрежатаили какви било недостатоци, дефекти илигрешки, предизвикани од конектирањето намрежата.• Ако апаратот има проблеми со поврзувањетосо Wi-Fi мрежата, тогаш можеби е предалекуод рутерот. Купете Wi-Fi повторувач(продолжувач на опсегот) за да ја подобритејачината на Wi-Fi сигналот.• Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува илиможеби е прекината поради опкружувањето содомашната мрежа.• Мрежното поврзување можеби нема да работиправилно, во зависност од добавувачот наинтернет услуги.• Околното безжично поврзување можебипридонесува за бавната работа на безжичниотмрежен сервис. Исклучете ја опцијата Мобилни податоци навашиот паметен телефон.

Поврзете го паметниот телефон со безжичниот рутер.

Проверете го растојанието помеѓу уредот ибезжичниот рутер (Wi-Fi мрежата).• Доколку растојанието помеѓу уредот ибезжичниот рутер е премногу големо,сигналот станува слаб. Може да ви бидепотребно долго време за регистрација или,во спротивно, инсталацијата може да биденеуспешна. ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ26

Како да дијагностицирате проблеми со помош на LG ThinQ Доколку искусите проблеми со вашиот уред кој е опремен со Wi-Fi мрежа, може да врши трансмисија на податоци за решавање на проблеми до паметен телефон кој ја користи апликацијата LG ThinQ.

  • Отворете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis

Следете ги инструкциите кои ви се дадени во апликацијата LG ThinQ. Известување за софтвер со отворен код За да го добиете изворниот код согласно GPL, LGPL, MPL и другите лиценци за отворен код со кои постои обврска за разоткривање на изворниот код содржан во производов и за пристап до сите споменати услови на лиценцата, известувања за авторски права и други релевантни документи, одете на https://opensource.lge.com. LGE исто така ќе ви овозможи слободен код на CD-ROM за цена која ги покрива трошоците за таквото доставување (како на пр. трошоци за медиумот, пратката и манипулативни трошоци) по барање преку е-пошта на opensource@lge.com. Понудава има важност во период од три години по нашата последна испорака во врска со производов за секој што ги добива информацииве.

  • Уредот не може да се регистрира поради проблем со сигналот за безжична трансмисија. Исклучете го утикачот на уредот од штекер и почекајте приближно една минута пред повторно да се обидите.
  • Доколку на вашиот безжичен рутер е овозможена опцијата „заштитен ѕид“, оневозможете ја или додадете исклучок на
  • Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и бројки. (Не користете специјални знаци.)
  • Интерфејсот (UI) на корисникот на паметен телефон може да варира во зависност од оперативниот систем на мобилниот (OS) и од производителот.
  • Ако протоколот за безбедност на рутерот е поставен на WEP, можеби нема да успеете во поставувањето на мрежата. Ве молиме променете го со д руги безбедносни протоколи (се препорачува WPA2) и повторно регистрирајте го производот. Инсталирање на апликацијата LG ThinQ Побарајте ја апликацијата LG ThinQ на Google Play Store или Apple App Store преку вашиот паметен телефон. Следете ги инструкциите за преземање и инсталирање на апликацијата. Паметна дијагноза

Користете ја оваа карактеристика за помош при дијагноза и решавање на проблемите со вашиот уред.

Поради причини кои не се препишуваат на немарност од страна на LGE, услугата може да не функционира поради надворешни фактори како што се недостапност на Wi-Fi мрежата, дисконекција на Wi-Fi мрежата, полиса на користење на локалната продавница за апликација или недостапност на апликацијата; но причината не е ограничена само на овие фактори.

Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : LG

Модел : WH20S

Категорија : Топлинска пумпа