WH27S - Топлинска пумпа LG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот WH27S LG во PDF формат.
Прашања на корисниците за WH27S LG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Топлинска пумпа во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник WH27S - LG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. WH27S на марката LG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК WH27S LG
Co ova, LG Electronics изјавува дека типот на радио опремата на Бојлер, е во согласност со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на EU декларацијата за усогласност, е достапен на следната интернет адреса: http://www.lg.com/global/support/cedoc/cedoc#
Прочитајте го темелно овој прирачник за корисникот пред да започнете со користење на апаратот и постојано чувајте го при рака за идни консултации.
Оригинално упатство
МК МАКЕДОНСКИ
Овој прирачник може да содржи слики или содржина поинаква од моделот што сте го купиле.
Овој прирачник подлежи на ревизија од производителот.
БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ....3
Безбедносни мерки ....4
МОНТИРАЊЕ 12
Делови и функции....12
Алати за монтирање ....13
Упатства за монтирање....14
Изберете ја најдобрата локација....15
Отпакување и отстранување на клиновите за транспорт ....16
Термално проширување ....16
Монтирање на одводниот вентил....16
Монтирање на испусниот вентил за температура и притисок....16
Монтирање на одводните цевки за кондензација....18
Поврзување на доводна цевка....19
Поврзување на електрична мрежа....20
Безбедносна контрола....21
Материјали за изолација....21
Листа за проверка на монтирање 22
РАКУВАЊЕ....23
Користење на основна контрола....23
ПАМЕТНИ ФУНКЦИИ ......25
Апликацијата LG ThinQ....25
Вашата безбедност и безбедноста на другите луге е многу важна.
Имаме дадено многу важни безбедносни пораки во ова упатство и на вашиот уред. Секогаш читајте ги и следете ги сите безбедносни пораки.

Ова е символ на безбедносно предупредување.
Овој символ ве предупредува за можните опасности кои можат да ве убијат или повредат вас и други лица. Сите тревоги за безбедност ке следат со символ за тревога за безбедност како и зворот „ОПАСНОСТ“, „ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“ ИЛИ „ВНИМАНИЕ“. Овие зборови означуваат:

ВНИМАНИЕ
Можете полесно да се повредите или да го оштетите производот, ако не ги следите инструкциите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Можете да умрете или сериозно да се повредите ако не ги следите инструкциите.

ОПАСНОСТ
Ова покажува дека непридржувањето кон упатствата ке предизвика сериозна повреда или смрт.
Сите безбедносни пораки їе ја соопштат потенцијалната опасност, їе ви кажат како да ја намалите шансата од повреда и їе ви кажат што може да се случи ако не се следат инструкциите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За намалување на ризикот од експлозија, пожар, смрт, електричен шок, повреда или изгореници кај луге, мора да се следат инструкциите во овој прирачник.
Осигурајте се дека во целост го разбирате прирачникот за корисници пред да го монтирате и оперирате овој уред. Доколку имате потешкотии при разбирање или следење на инструкциите на овој прирачник, или доколку имате некакви прашања, јавете се во овластен сервисен центар или кај блискиот електричар.
Безбедносни мерки
Подесување на температурата на водата

ОПАСНОСТ
Температурата на водата над 50 °C може инстантно да предизвика сериозни изгореници или смрт од изгореници. Задолжително прочитајте ги и следете ги предупредувањата на сликата подолу.
ОПАСНОСТ

text_image
ТОПЛО ИзгореницаТемпературата на водата над 50 °C може да предизвика инстатни сериозни изгореници, а дури и смрт од изгореници.
Децата, лицата со попреченост и старите лица се во најголем ризик од изгореници.
Прочитајте го прирачникот за корисници пред да ја подесите температурата на бојлерот.
Проверете ја со дланка водата пред да се бањате или туширате.
Вентилите за ограничување на температурата се достапни, погледнете во прирачникот.
За утврдување на соодветната температура за вашиот дом, послужете се со табелата подолу.
| Температура | Време за создавање на сериозна изгореница |
| 49 °C Подолго од 5 минути | |
| 52 °C 1 12 до 2 минути | |
| 54 °C Приближно 30 секунди | |
| 57 °C Приближно 10 секунди | |
| 60 °C Помалку од 5 секунди | |
| 63 °C Помалку од 3 секунди | |
| 65 °C Околу 1 12 секунди | |
| 68 °C Околу 1 секунда | |
ЗАБЕЛЕШКА
- За намалување на моменталната температура на, се препорачуваат термостатски вентили за мешање. Овие вентили автоматски ја мешаат топлата и ладната вода од одделни цевки. Се препорачува употребата на вентил за мешање.

ОПАСНОСТ
Во домакинствата во кои има стари лица, деца или лица со попреченост може да е потребно подесување на термостатот на температура од 48 °C или пониска за да се спречи контактот со „ЖЕШКА“ вода.

ОПАСНОСТ
Повисоката температура на водата го зголемува потенцијалот за ИЗГОРЕНИЦИ од жешка вода
Температуарата на водата во бојлерот се регулира со копчињата на екранот. Температурата на водата во овој бојлер е фабрички подесена на 50 °C за да соодветсвува со безбедносните мерки. За информации за прилагодување на температурата на водата, консултирајте се со делот за ракување во овој прирачник.
Локални прописи за монтирање
Овој уред мора да биде монтиран во однос со инструкциите во овој прирачник, националните прописи, како и сите прописи востановени од локалната власт и телата за јавно здравје.
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да се намали ризикот од експлозија, пожар, смрт, електричен шок, изгореници или повреди на лица при користење на производот, следете гиосновните безбедносни мерки, включително следните:
Деца во домакинството:
Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (включително деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недоволно искусство и знаење, освен ако се под надзор или ако добивают упатства за употребата на апаратот од лице коешто е одговорно за нивната безбедност. Децата треба да бидат под надзор, за да не се дозволи да си играат со апаратот.
Внимавајте децата да не стапнат на приозводот. Во спротивно, децата можат сериозно да се повредат при пад.
За употреба во Европа:
Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, или со недоволно искусство и знаење, ако се под надзор или ако добијат упатства за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите што можат да произлезат од употребата. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор.
Монтирање
- За да се намали ризикот од сериозно повредување или смрт, следете ги сите инструкции за монтирање.
- Задолжително осигурајте се дека уредот е соодветно монтиран во однос со локалните прописи и обезбедените инструкции за монтирање.
- Не заменувајте ниеден дел од бојлерот и користете само оригинален прибор и резервни делови освен ако обратното не е специфично препорачано во овој прирачник.
- Не вклучувајте го струјниот довод кон бојлерот доколку резервоарот не е целосно полн со вода.
- Никогаш не обидувајте се да го користите овој уред доколку е оштетен, нефункционален, делумно расклопен или има расипани или делови кои недостасуваат.
- Кога производот е натопен (поплавен или потопен) во вода, контакрајте го Овластениот сервисен центар за поправка, пред повторно да го користите истиот.
- Поместување или монтирање на уредот е задача за која се потребни двајца или повеće луге.
- Исклучете го струјниот довод со отворање на автоматскиот преклопник или спуштање на осигурувачите пред монтирање.
- Дури и доколку термостатот на бојлерот е подесен на релативно ниска температура, жешката вода има потенцијал да предизвика изгореници. За намалување на ризикот од изгореници, се препорачуваат термостатските вентили за мешање.
- Чувајте ги опаковките подалеку од дофат на деца. Опаковките може да се опасни за деца. Постои опасност од задушување при пожар.
-
Уништете ја картонската, најлонската кутија и другите опаковки откако уредот ће биде отпакуван. Децата може да ги користат при игра. Картоните кои се покриени со їилими, чаршафи или најлони може да станат херметички комори.
-
Поврзете го уредот со соодветно обележано, заштитено и големо струјно коло со цел да се избегне електрично преоптоварување.
- Овој уред мора да биде сместен во близина на извор на електрична енергија. Користете штекер од 1.5 мм² или повеće во номинална површина на пресек
- Не монтирајте го бојлерот на нестабилна површина или на место каде што постои опасност да падне.
- За монтирање секогаш контактирајте го продавачот или Овластен сервисен центар. Постои ризик од пожар, електричен шок, експлозија или повреда.
- Не монтирајте го бојлерот на место каде што се чуваат запаливи течности или гасови, како што се бензин, пропан, разредувач на боја итн.
- Задолжително заземјете го производот. Постои ризик за пожар или електричен шок.
- Монтирајте ја таблата и капакот за безбедност на контролната кутија.
- Да не допирате ги перките на разменувачот на топлина со голи раце. Инаку, може да си ги исечете рацете.
- Не внесувајте воздух или гас во системот освен со одредениот разладувач.
- Не вклучувајте го автоматскиот преклопник или струјниот довод кога се отстрануваат или отвораат капачињата.
- Направете го поврзувањето безбедно така што терминалите кои се прицврстуваат со завртки нема да се разлабават при повлекување на кабелот.
- Има ризик од пожар и експлозија. Интертниот гас (азот) треба да се користи при проверка за протекувања во водоводот, причистење или поправка на цевки и т.н. Ако користите запаливи гасови како кислород, производот може да носи ризик од пожари и експлзии.
Работен процес
- Користете го уредот само за предодредената цел.
- Доколку бојлерот е подложен на орган, поплава или физичко оштетување, веднаш исключете секаков довод на струја кон бојлерот и НЕ ракувајте со него повторно, сё додека не е извршена проверка од стручно лице.
- Не вклучувајте го бојлерот доколку резервоарот не е сосема полн.
- Не вклучувајте го бојлерот доколку затворачкиот вентил за довод на ладна вода е затворен.
- Проверете ја водата пред бањање или туширање.
- Дури и при 50 °C, жешката вода може да предизвика изгореници.
- Не блокирајте го доводот или одводот на протокот на воздух.
- Никогаш не допирајте го, не ракувајте, или не поправајте го бојлерот со влажни раце.
- Не оставајте запалливи материи како бензин, бензен или разредувач во близина на бојлерот. (Не инсталирајте ја единицата во потенцијално експлозивни атмосфери.)
- Сопрете го доводот на струја доколку од бојлерот доага некаков звук, мирис или чад.
- Осигурајте се дека електричниот кабел не е ни валкан, ни лабав, ни скинат.
- Не ставајте никакви предмети на електричниот кабел.
- Не модифицирајте го и не продолжувајте го електричниот кабел. Гребнатините или лупењето на изолациониот материјал на струјните жици може да резултираат со пожар или електричен шок и треба да се заменат.
- Кабелот за довод на струја не може да се замени. Доколку кабелот е оштетен, уредот їе биде истружен.
- Не изложувајте луге, животни или растенија на ладното воздушно струење од бојлерот на подолг рок.
-
Осигурете се дека кабелот за напојување не може да се извлече или оштети за време на работата. Постои ризик за пожар или електричен шок.
-
Не допирајте ја цевката на разладувачот и цевката за вода, или кои било други внатрешни делови, додека уредот се уште е во погон, или веднаш по неговото функционирање. Постои ризик од изгореници или смрзнатини и лични повреди.
- Дополнително инјектирање со разладувач не е возможно.
Одржување
- Ако кабелот за напојување е оштетен, мора да биде заменет од страна на производителот или од неговите сервисери, или пак од • • • •
- Исклучете го доводот на струја кон уредот пред чистење или обид за одржување од страна на корисникот.
- Пред цедење на бојлерот, исклучете го доводот на струја кон производот.
- Не вклучувајте го доводот на струја кон бојлерот доколку резервоарот не е сосема полн.
Техничка безбедност
- Монтирање или поправки направени од неовластени лица може да претставуваат опасност за вас и другите.
- Информациите содржани во овој прирачник се наменети за користење од страна на стручен техничар за сервисирање кој е запознаен со безбедносните процедури и е опремен со соодветни алати и инструменти за тестирање.
- Доколку не ги прочитате внимателно и не ги следите сите инструкции во овој прирачник може да дојде до дефект на опремата, оштетување на имот, телесна повреда и/или смрт.

ВНИМАНИЕ
За да се намали ризикот од мали повреди на лица, неисправно функционирање или оштетување на производот или имотот при користење на овој производ, следете ги основните мерки на претпазливост, включително и следните:
Монтирање
- Монтирајте го производот на цврст и рамен под.
- Не монтирајте го бојлерот на место каде што протекувањето од резервоарот или мрежното поврзување юе резултира со оштетување на површината блиску до него или на пониските нивоа на структурата. Онаму каде што таквите делови не може да се избегнат, се препорачува соодветна одводна цевка, која е адекватно испразнета, да се инсталира под бојлерот.
- Монтирајте го производот така што звукот или топлото воздушно струење од уредот да не им предизвика некаква штета на соседите. Во спротивно, тоа може да ви предизвика кавга со соседите.
- Монтирајте го цревото за празнење соодветно, со цел рамно празнење на водната кондензација.
- Секогаш проверувајте потенцијално истекување на гас после монтирањето или поправката на производот. Во спротивно, тоа може да предизвика дефект на производот.
- За да се избегне опасноста од ненамерно ресетирање на термалното исклучување, овој апарат не смее да се снабдува со енергија преку надворешен преклопен уред, како што е тајмер, или да биде поврзан со електрично коло кое редовно се вклучува и исклучува во дома Kinството.
Работен процес
- Не стапнувајте на производоти не ставајте ништо на него.
- Не користете го производот доколку некој од деловите бил под вода. Веднаш јавете се во овластен сервисен центар за замена на поплавен бојлер. Не обидувајте се да го поправите уредот. Мора да биде заменет.
- Исклучете го доводот кон бојлерот на струја и вода и испразнете го бојлерот доколку уредот е во план да биде напуштен на подолг рок, како на пример, за време на одмор.
Делови и функции

text_image
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 181 Горен капак
2 Вентилација за прием на воздух
3 Разводна кутија
4 Филтер за воздух
5 Предна табла
6 Декор на екранот / Контролна табла
7 ECO (EKO)
8 Капак на горен елемент
9 Преден декор
10 Капак на долен елемент
11 Елемент за греење
12 Отвор на вентилот за
празнење
13 Довод на вода
14 Отвор на испусниот вентилот за темпетатура и притисок
15 Отвор за вода
16 Одвод за кондензација
17 Заден панел
18 Излезни отвори за воздух
Алати за монтирање
| Слика Име Слика Име | |||
![]() | Одводна цевка | ![]() | Резервоар за термално проширување |
![]() | Редукционен вентил за намалување на притисокот | ![]() | Термостатски вентил за мешање |
![]() | диелектричен холандер | ||
Упатства за монтирање

text_image
Таван 0.5 м Минимален простор за монтирање и служење. Филтер за воздух Екран Примарна одводна цевка за кондензација (3/4" PVC) Испусен вентил за температура и притисок и отпусна цевка Секундарна одводна цевка за кондензација (1/2" PVC) Отвор за топла вода Се препорачува флексибилно поврзување Се препорачува флексибилно поврзување Отворен одвод Одводен вентил Топлотен сифон Минимум 0.15 м Исклучен вентил * Резервоар за термално проширување (доколку е потребен) Довод на ладна вода* Во затворен систем, поврзете резервоар за термално проширување кон цевката за довод на ладна вода. Погледнете во делот за „Термално проширување“ (Страна 16).
* Ако се користат цевки од бакар, мора да се инсталираат диелектрични холандери (ги снабдува клиентот) кај водоводните врски.
Изберете ја најдобрата локација
ЗАБЕЛЕШКА
- Монтирањето во тесен простор без соодветна вентилација може да предизвика повисоко потрошување на електрична енергија.
- Помошната одводна цевка МОРА да се монтира во согласност со локалните прописи.
Деловите за одводна цевка се достапни во продавницата од каде што е купен бојлерот или кај секој дистрибутер на бојлери.
Одводната цевка не треба да го спречува доводниот цевковод на ладна вода или испусниот вентил. - Одберете место каде што има довольно простор на периодичен сервис. Филтерот за воздух, капаците и предните таблиц може да се отстранат со цел да се дозволи проверка и сервис.
- Земете ја во предвид тежината на бојлерот и одберете место каде што подот е довольно цврст за да ја издржи тежината на полн бојлер.
- Бојлерот и цевките треба да бидат заштитени од замрзнување и елементи со висок потенцијал за корозија. Не монтирајте го бојлерот во надворешни или незаштитени средини.
- Монтирањето го бојлерот близу до местото каде што има најголема побарувачка и центарот на водоводната мрежа. Цевките за топла вода кои не биле подлежни на изолација долго време може да трошат електрична енергија.
- Недоволната размена на воздух їе доведе до зголемено ниво на потрошувачка на електрична енергија.
- Местото на монтирање мора да биде со температура повисока од 1 °C.
Осигурајте се дека бојлерот е во хоризонтална положба со помош на либела.
Држете ја либелата паралелно за време на монтирањето на производот. Во спротивно, може да предизвика вибрации и истекување на вода. Може да предизвика повреда или незгода.

- За идни сервиси се препорачува минимум од 1 метар празен простор помеѓу левата, десната и задната страна на уредот и кој било предмет.
Отпакување и отстранување на клиновите за транспорт
ЗАБЕЛЕШКА
- Приборот (одводниот вентил и испусниот вентилот за температура и притисок) е прицврстен на палета. Задржете ја заради монтирање.
Отпакувајте ги сите материјали од опаковката на бојлерот и проверете дали е оштетен при пренос на пратки.
1 Отстранете ги картонските и материјалите за пакување на пратката.
2 Отстранете ги завртките од потпирачите за испорака.

3 Извлечете ги потпирачите за испорака.

4 Нежно допрете го бојлерот и внимателно истркалајте го од палетата.
Термално проширување
Проверете дали вентилот за проверка е присутен на доводната цевка. Побарајте проверка од локалната водоводна установа. Вентилот за проверка лоциран на цевката за довод на ладна вода їе создаде „затворен воден систем“.
Како што водата загрева, таа го зголемува притисокот во водниот систем затоа што зголемениот волумен на водата нема каде да оди.
Познато како „термално проширување“, брзиот пораст на притисокот може брзо да го достигне безбедносното подесување на испусниот вентил.
Ова єе направи испусниот вентил да се отвора за време на секој циклус на греење. Препорачуваме монтирање на резервоар за експанзија за да се контролира термалното проширување.
Поврзете го резервоарот за термално проширување со цевката за довод на ладна вода (погледнете во инструкциите за монтирање).
За повеće информации, обратете се кај овластено лице за монтирање, водоводција или кај водоснабдувачот.
ЗАБЕЛЕШКА
- Одводниот вентил и испусниот вентил за температура и притисок се включени во опаковката на бојлерот. Мора да бидат монтирани на отворот наменет за оваа цел.
Монтирање на одводниот вентил
1 Нанесете тефлонска лента на G крајот за спречување на протекување.

2 Монтирајте го одводниот вентил во отворот назначен со „Одводен вентил“.
Монтирање на испусниот вентил за температура и притисок
Употреба на испусниот вентил за температура и притисок која е включена во пакетот.
1 Нанесете тефлонска лента на G крајот за спречување на протекување.

2 Монтирајте го испусниот вентил за температура и притисок на отворот означен како испусен вентил за температура и притисок.
Сврзување на отпусната цевка со испусниот вентил за температура и притисок

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Измерениот притисокот на испусниот вентил не смее да се искачи повисоко од 1 МРа, максимальниот притисок при кој бојлерот функционира, како што е нагласено на таблата со информации.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
НЕ поврзувајте ниеден вентил или друг граничник на одводот за температура и притисок. НЕ поврзувајте го одводот за температура и притисок со одводот за кондензација. Мора да биде директно порзан со цевка со адекватен отворен одвод.
Монтирајте ја отпусната цевка на испусниот вентил за температура и притисок во согласност со локалните прописи и следните инструкции.
- Внатрешниот дијаметар на отпусната цевка мора да биде барем 3/4".
- Отпустната цевка мора да биде обезбедана за пренос на топла вода и да издржува 100 °C без изобличување.
- Крајот на отпусната цевка не треба да биде протнат или прикриен и треба да биде заштитен од замрзнување.
- Не внесувајте и не инсталирајте никаков вентил, граничник или редуктор во спојка во отпустната цевка.
1 Нанесете тефлонска лента на G крајот за спречување на протекување.

2 Поврзете ја отпустната цевка со отвор од испусниот вентил за температура и притисок. Отпустната цевка мора да се спушта надолу од вентилот за да се овозможи целосен одвод и на испусниот вентил за температура и притисок и на отпустната цевка.

3 Крајот на отпустната цевка мора да биде поврзан со адекватен отворен одвод.

* Може да капе вода од отпусната цевка на уредот за ослободување на притисок и таа цевка мора да се остави отворена.
* Уредот за ослободување на притисок треба редовно да се пушта за да ги отстранува наслагите од варовник и да се потврди дека не е затнат.
* Цевката што служи за празнење поврзана со уредот за ослободување од притисок треба да се инсталира во насока која гледа надолу и во околина која што е без мраз.
Монтирање на одводните цевки за кондензација
ЗАБЕЛЕШКА
- При спојување на одводните цевки со одводот, НЕ престегнувајте. Престегнувањето на спојните делови може да направи пукнатина или оштетување на одводната цевка за кондензација.
- Кондензацијата од оваа единица не е киселинска.
Одводните цевки за кондензација и сврзувањата со одводните цевки мора да се придржуваат до државните и локалните прописи.
Не редуцирајте ја големината на одводната цевка до големина помала од големината на цевката за кондензација која ви е дадена на располагање.
Осигурајте се дека одводните цевки за кондензација одржуваат надолен пад заради соодветен одвод.
Одводната цевка треба да биде изолирана за да се спречи формирање на кондензација на надворешната страна на одводните цевки.
Доколку немате на располагање под кој е обезбеден за одвод или одводот е повисоко од нивото на цевките за кондензација, тогаш заедничка пумпа за кондензација со капацитет кој не е помал од 7,5 L дневно мора да биде монтирана.
1 Нанесете тефлонска лента на G крајот за спречување на протекување.

2 Додадете колено со 3/4" пропуст &3/4"G со примарната конекција за одвод.

3 Со помош на еден од одобрените изолатори, внесете ја ПВЦ цевката во женскиот дел. Одводот за кондензација мора да биде поврзан со адекватен одвод.

4 Со помош на 1/2" ПВЦ цевки, колено со 1/2" пропуст & 1/2" G, и еден од одобрените изолатори, поврзете го коленото со секундарна одводна врска и внесете ја ПВЦ цевката во женскиот дел.
Поврзување на доводна цевка
ЗАБЕЛЕШКА
- НЕМОЛТЕ директно да ги залемувате или обложувате со бронза до водоводната мрежа со топла или ладна вода.Цевките кои се заварени кон адаптерот пред да го монтирате адаптерот кон водоводната мрежа на бојлерот со топла или ладна вода, доколку се користи швајсувана мрежа.Доколку на цевките за довод се наесе топлина, тоа трајно їе ја оштети пластичната облога во овие приклучоци.
*Mаксimalniot pritисок на цевката за довод на ладна вода е 0.8 МРа. Доколку доводот на вода е поголем од 0.8 МРа, монтирајте редукционен вентил за намалување на притисокот.
* Поврзете ја водата така што ќе може да го полни или одново да го полни системот за греење, како што е наведено во EN1717/EN61770 за да избегнете контаминација на водата за пиење од поврат на одводот.
| Максимална и минимална температура за функција на водата (°C) | 35 / 62 |
| Максимален и минимален притисок за функција на водата (MPa) | - / 0.8 |
Видете во „Инструкции за монтирање“ за предлог на типично монтирање.
1 Проверете кој вид се водоводните цевки во вашиот дом. Користете делови адекватни на видот на цевки во вашиот дом.
Ако се користат цевки од бакар, грејачот на вода треба секогаш да биде поврзан со диелектрични врски (ги снабдува клиентот) за да се избегне корозија предизвикана од електрични струи вообичаени во цевки за вода од бакар.
За полесна исклучување на бојлерот заради сервис или замена, се препорачува монтирање на единиците на водните врски.
2 Нанесете тефлонска лента на G крајот за спречување на протекување.

3 Поврзете ја цевката за довод на ладна и топла вода со помош на 3/4" G.

4 Монтирајте затворачки вентил на цевката за ладна вода во близина на бојлерот.
5 Монтирајте ја изолацијата на цевките за ладна и топла вода. Изолацијата на цевката за топла вода може да ја зголеми ефикасноста на водата.
Не приклучувајте струен довод кон бојлерот доколку резервоарот не е сосема полн со вода. Гаранцијата на бојлерот не ја покрива штетата или дефектот кои се резултат од употреба на празен или делумно празен резервоар.
1 Осигурајте се дека одводниот вентил на бојлерот е сосема затворен.

2 Включете го доводот на ладна вода
3 Бавно отворајте ги сите чешми со топла вода и дозволете водата да тече додека не тече во полн млаз.
4 Оставете ја водата да тече во полн
млаз неколку минути.
Поврзување на електрична мрежа

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Искачете го секој довод на струја пред да работите на каква било електрична мрежа.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Заземнувањето е задолжително.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Никогаш не приклучувајте доток на струја директно кон еден од топлотните елементи. Горните и долните топлотни елементи се монтираат на производот. (230 V, 2 kW)
ЗАБЕЛЕШКА
- Цела електична мрежа мора да биде во согласност со Европските и националните стандарди и мора да биде заштитена од 30 mA RCD (Уред за остаток од струја).
- Средствата за ислучување мораат да бидат вградени во фиксниот систем на жици, во согласност со правилата за ожичување.
Бојлерот мора да има траен струен довод за да се обезбеди правилно функционирање на титаниумската анода на втисната струја (ICCP).
Не вклучувајте го струјниот довод сё додека бојлерот не е целосно полн.
Уредот единствено може да биде поврзан и да е во функција на еднофазовна 230 V AC плоча.
Електричната инсталација ње вклучи:
- Се препорачува инсталација на склопка (RCD) сомерка на остаток на функционална струја која не преминува 30 mA.
- Обележување на мерката на склопката (RCD) која треба да се инсталира
Доводниот кабел не може да се исклучи од производот.
Доводниот електричен кабел не може да се замени. Доколку кабелот е оштетен, уредот їе биде истружен.

ВНИМАНИЕ
За да се избегне опасности од ненамерно ресетирање на термалното исклучување, овој апарат не смее да се снабдува со енегрија преку надворешен преклопен уред, како што е тајмер, или да биде поврзан со електрично коло кое редовно се вклучува и исклучува во дома Kinството.

text_image
ja). пораат да бидат на жици, во жичување. L1 L2 16A30mA BR BLБезбедносна контрола

ВНИМАНИЕ
Причината за состојбата на висока температура мора да биде истражена од стручно лице кое юе преземе корективна акција пред бојлерот повторно да биде ставен во функција.
Има контрола за ограничување на температурата (ECO) која е лоцирана над горниот топлотен елемент. Доколку температурата на водата стане прекумерно висока, контролата за ограничување на температурата (ECO) го ислучува струјниот довод кон топлотните елементи.
Штом еднаш се отвори контролата, таа потоа мора да биде ресетирана рачно.
За ресетирање на контролата за ограничување на температурата (ECO):
1 Исклучете го струјниот довод со отворање на автоматскиот преклопник или со спуштање на осигурувачите.
2 Отстранете го предниот декор и капакот на горниот елемент.
3 Притиснете на црвеното ECO RESET копче.
Материјали за изолација
Не е потребна надворешна изолација на бојлерот, којашто е достатна на широката јавност.
Гаранцијата од призводителот не ја покрива штетата или дефектот предизвикан од монтирање или користење на каков било тип на неодобрени уреди за заштедување на електрична енергија или слични уреди.
Производителот не е одговорен за каква било повреда или загуба предизвикана од употребата на такви неодобрени уреди.

ВНИМАНИЕ
Доколку локалните прописи бараат поставување на каква било надворешна изолација на бојлерот, їе биде потребно посебно внимание за да не се наруши соодветната функција и ракување со уредот:
- НЕ блокирајте ги воздушните отвори на бојлерот.
- НЕ покривајте ги и не обидувајте се да ги релоцирате налепниците со информации и препупредувања кои се поставени на бојлерот.
- НЕ покривајте ја контролната табла, испусниот вентил за температура и притисок, одводниот вентил и разводната кутија.
- Често проверувајте ја обвивката.
Листа за проверка на монтирање
Локација
- Доволно простор за размена на воздух и периодичен сервис.
- Подот е довольно цврст за да го искрепи бојлерот.
- На затворено и заштитен од елементи со висок потенцијал за корозија.
- Во близина на областа на побарувачка од вода од бојлер.
□ Повисока од 1 °C. - На место каде што нема запалливи течности и гасови.
Одводен вентил
- Одводниот вентил е соодветно монтиран.
- Испусниот вентил за температура и притисок е соодветно монтиран.
Отпусната цевка одржува надолен пад и функционира со адекватен одвод. - Отпусната цевка е заштитена од замрзнување.
Одвод за кондензација
- Одводните цевки одржуваат надолен пад и функционираат со адекватен одвод.
Снабдување со вода
- Резервоарот е соседема полн со вода.
- Отстранете го воздухот од бојлерот и цевките.
- Водоводните врски треба да бидат затегнати и без протекување, но НЕ и премногу затегнати.
- Ако се користат цевки од бакар, поврзете ги диелектричните холандери (ги снабдува клиентот) за да спречите корозија.
- Се препорачуваат флексибилни водни врски.
Поврзување на жиците
- Напонот на струен довод се поклопува со означената мерка на напон на таблата со податоци.
- Соодветна големина на гранката на електричниот кабел и снабдување со осигурувачи или автоматскиот преклопник.
□ Уредот е соодветно заземјен.
Користење на основна контрола
EKPAH

text_image
188 °F °C WiFi Weather OKHeat Pump
Schedule
Auto
Vacation
Turbo
Anti Legionella
2

Wi-Fi (3s)

"F/°C (3s)

Reset Filter (3s)

Water Temp (3s)
1
Копче | [К36X]Екран | Опис |
![]() | Heat Pump | За бирање на режимот на топлинската пумпа. |
Auto Turbo | За бирање на автоматски режим. | |
| За бирање на турбо режимот. | ||
| Vacation | За бирање на режимотот за заминување на одмор. | |
| - | Schedule | Подесете го режимот за правење на распоред само со апликацијата LG ThinQ. |
| - | Anti Legionella | За бирање на режимот Anti Legionella. |
![]() | ![]() | За подесување на посакуваната температура на водата. |
![]() | ——— | За регулирање на посакуваната температура на водата. |
| Wi-Fi (3s) | [6XA6] | За овозможување на Wi-Fi спарување |
| Reset Filter (3s) | ![]() | За ресетирање на алармот за филтер. |
| °F/°C (3s) | S### | За менување на мерната единица меѓу °F и °C. |
| Water Temp (3s) | ——— | За приказ на моменталната температура на водата за време од 5 секунди. |
Подесување на температурата на водата

ОПАСНОСТ
Повисоката температура на водата го зголемува потенцијалот за ИЗГОРЕНИЦИ од жешка вода.
Температурата на водата їе се одржува во согласност со подесувањето на температурата на. Приказот и може да биде подесена од 35 °C до 60 °C.
1 Притиснете го или копче за бирање на температурата на водата.
2 За крај притиснете на копчето Set (Подеси).
Работен режим
- Со повторување притискајте на копчето Mode (Режим) за избирање на режимот на функција. Активниот режим е прикажан на екранот за приказ.
РЕЖИМ НА ТОПЛИНСКА ПУМПА
Овој режим ја минимизира потрошувачката на електрична енергија со помош единствено на топлинска пумпа за топлење, но има низок потенцијал за опоравување.
АВТОМАТСКИ РЕЖИМ
Овој режим е фабрички подесен режим за испорака. Овој режим обезбедува релативно мала потрошувачка на електрична енергија и високо опоравување. Овој режим примарно користи топлинска пумпа за гreeње. Топлотните елементи їе обезбедат додатно гreeње, доколку има побарувачка за повеće отколку она што топлотната пумпа може сама да го одржи.
ТУРБО РЕЖИМ
Овој режим го обезбедува највисокото опоравување. Овој режим користи топлинска пумпа и елемент за греење симултано.
РЕЖИМ НА ОДМОР
Оваа характеристика се препорачува кога бојлерот не е користен подолго време. Во овој режим, температута на резервоарот їе се одржи на приближно 20 °C за да се минимизира потрошувачката на енергија и да се спречи замрзнување на бојлерот. Траењето на одморот може да се подеси или модифицира помећу 1 и 90 дена преку апликацијата LG ThinQ.
РЕЖИМ НА ПРАВЕЊЕ НА РАСПОРЕД
Овој режим може да се намести само на апликацијата LG ThinQ. Можете да излезете од овој режим со притискање на кое било копче на бојлерот.
АНТИ-ЛЕГИОНЕЛА РЕЖИМ
Бојлерот автоматски го изведува анти-легионела режимот еднаш неделю. Температурата на водата ке се искаче до 60 °C и ке остане така 1 час. Оваа температура може да предизвика изгореници, па препорачуваме употреба на термостатски вентил за мешање. (Автоматското подесување е неактивно)
Активно / Неактивно
- Притиснете и задржете на копчето Подеси за време од околу 3 секунди за да го подесите анти- легионела режимот на активен или неактивен.
Активен: (На екранот трепка „Анти легионела“
* Функционирање еднаш неделю
Неактивен: (На екранот трепка „Anti-legionella“ x 4 пати)
Ресетирајте го алармот за филтерот за воздух
Уредот ке прикаже аларм (кој ке ве потсети да го проверите и да го исчистите филтерот за воздух периодично.
- Притиснете и задржете на копчето „Set“ (Подеси) за време од околу 3 секунди за да го ресетирате алармот.
Сменете ја единицата на температурата
Единицата на температурата прикажана на екранот може да биде подесена на Фаренхајтови и Целзиусови степени
време од околу 3 секунди за да ја сменете температурната единица.
Моментална температура на водата
- Притиснете и задржете на копчето за време од околу 3 секунди.
Екранот ће ви ја покаже моменталната температура на водата во резервоарот за време од 5 секунди.
Wi-Fi ФУНКЦИЈА ЗА СПОЈУВАЊЕ
Штом уредот е поврзан со Интернет преку домашна Wi-Fi мрежа, може да го контролирате далечински со апликација на паметен телефон. Видете го делот „ПАМЕТНА ФУНКЦИЈА“ за повеќе детали.
- Притиснете и задржете на копчето „Mode“ (Режим) за време од околу 3 секунди.

е прикажано на екранот.
Апликацијата LG ThinQ
Оваа характеристика е на располагање намо на модели кои го имаат копчето или логото
ThinQ.
Апликацијата LG ThinQ ви овозможува да комуниципрате со уредот со помош на паметен телефон.
Карактеристики ан апликацијата LG ThinQ
Комуницирајте со апаратот од паметен телефон со помош на практичните паметни функции.
Паметна дијагноза™
Доколу користејки го уредот имате некаков проблем, оваа функција за паметна дијагноза ње ви помогне да го дијагностицирате проблемот.
Поставки
Ви овозможува да поставите различни опции на уредот и во апликацијата.
ЗАБЕЛЕШКА
- Ако го промените вашиот безжичен рутер, провајдерот на интернет услуги или лозинката, избришете го регистрираниот апарат од LG ThinQ апликацијата и регистрирајте го повторно.
- Апликацијата подлежи на промени заради подобрување на апаратот, без претходна најава до корисниците.
- Функциите може да се разликуваат во зависност од моделот.
Пред да ја користите апликацијата LG ThinQ
1 Проверете го растојанието помеѓу уредот и безжичниот рутер (Wi-Fi мрежата).
- Доколку растојанието помеѓу уредот и безжичниот рутер е премногу големо, сигналот станува слаб. Може да ви биде потребно долго време за регистрација или, во спротивно, инсталацијата може да биде неуспешна.
2 Исключете ја опцијата Мобилни податоци на вашиот паметен телефон.

3 Поврзете го паметниот телефон со безжичниот рутер.

- За да ја потврдите Wi-Fi конекцијата, проверете дали иконата на контролната табла свети.
- Уредот поддржува само Wi-Fi мрежи од 2.4 GHz. За проверка на мрежната фреквенција, контактирајте го вашиот Интернет провајдер или консултирајте се со прирачникот за безжичен рутер.
- LG ThinQ не е одговорен за какви било проблеми околу конектирањето на мрежата или какви било недостатоци, дефекти или грешки, предизвикани од конектирањето на мрежата.
- Ако апаратот има проблеми со поврзувањето со Wi-Fi мрежата, тогаш можеби е предалеку од рутерот. Купете Wi-Fi повторувач (продолжувач на опсегот) за да ја подобрите јачината на Wi-Fi сигналот.
- Wi-Fi конекцијата можеби не се поврзува или можеби е прекината поради опкружувањето со домашната мрежа.
- Мрежното поврзување можеби нема да работи правилно, во зависност од добавувачот на интернет услуги.
-
Околното безжично поврзување можеби придонесува за бавната работа на безжичниот мрежен сервис.
-
Уредот не може да се регистрира поради проблем со сигналот за безжична трансмисија. Исключете го утикачот на уредот од штекер и почекајте приближно една минута пред повторно да се обидите.
- Доколку на вашиот безжичен рутер е овозможена опцијата „заштитен сид“, оневозможете ја или додадете исклучок на опцијата.
- Името на безжичната мрежа (SSID) треба да биде комбинација од англиски букви и бројки. (Не користете специјални знаци.)
- Интерфејсот (UI) на корисникот на паметен телефон може да варира во зависност од оперативниот систем на мобилниот (OS) и од производителот.
- Ако протоколот за безбедност на рутерот е поставен на WEP, можеби нема да успеете во поставувањето на мрежата. Ве молиме променете го со други безбедносни протоколи (се препорачува WPA2) и повторно регистрирајте го производот.
Инсталирање на апликацијата LG ThinQ
Побарајте ја апликацијата LG ThinQ на Google Play Store или Apple App Store преку вашиот паметен телефон. Следете ги инструкциите за преземање и инсталирање на апликацијата.
Паметна дијагноза™
Користете ја оваа характеристика за помош при дијагноза и решавање на проблемите со вашиот уред.
ЗАБЕЛЕШКА
- Поради причини кои не се препишуваат на немарност од страна на LGE, услугата може да не функционира поради надворешни фактори како што се недостапност на Wi-Fi мрежата, дисконекција на Wi-Fi мрежата, полиса на користење на локалната продавница за апликација или недостапност на апликацијата; но причината не е ограничена само на овие фактори.
- Оваа характеристика може да е подложна на промени без претходно предупредување, а може да има и различна форма во зависност од вашата локација.
Како да дијагностицирате проблеми со помош на LG ThinQ
Доколку искусите проблеми со вашиот уред кој е опремен со Wi-Fi мрежа, може да врши трансмисија на податоци за решавање на проблеми до паметен телефон кој ја користи апликацијата LG ThinQ.
- Отворете ја апликацијата LG ThinQ и изберете ја опцијата Smart Diagnosis™ од менито. Следете ги инструкциите кои ви се дадени во апликацијата LG ThinQ.
Известување за софтвер со отворен код
За да го добиете изворниот код согласно GPL, LGPL, MPL и другите лиценци за отворен код со кои постои обврска за разоткривање на изворниот код содржан во производов и за пристап до сите споменати услови на лиценцата, известувања за авторски права и други релевантни документи, одете на https://opensource.lge.com.
LGE исто така їе ви овозможи слободен код на CD-ROM за цена која ги покрива трошоците за таквото доставување (како на пр. трошоци за медиумот, пратката и манипулативни трошоци) по барање преку е-пошта на opensource@lge.com.
Понудава има важност во период од три години по нашата последна испорака во врска со производов за секој што ги добива информацииве.
GEBRUIKERSHANDLEIDING
WARMTEPOMP -WATERVERWARMER

Co ova, LG Electronics изјавува дека типот на радио опремата на Бојлер, е во согласност со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на EU декларацијата за усогласеност, е достапен на следната интернет адреса: http://www.lg.com/global/support/cedoc/cedoc#





Копче
Turbo


———
S###
———