RB36R8817SR - замрзнувач SAMSUNG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот RB36R8817SR SAMSUNG во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот замрзнувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник RB36R8817SR - SAMSUNG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. RB36R8817SR на марката SAMSUNG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК RB36R8817SR SAMSUNG
1. Може да проверите каде се купуваат резервни делови на http://samsung.com
2. Посетете ја локацијата за купување делови и внесете го кодот на моделот на вашиот
производ за да ги проверите достапните делови за купување. Кодот на моделот е означен на другата страна на производот. - Може да го проверите кодот на моделот и верзијата на етикетата на баркодот во долниот лев дел лево од производот.
3. За резервни делови, осигурете се дека името на делот се совпаѓа со она од илустрацијата
во овој прирачник. - Деловите што може да ги поправат корисниците се ограничени на рачки (само некои модели), заптивки, фиоки и шарки.
По поправка од страна на неовластен сервисер, самостојна поправка или непрофесионална поправка на производот, Samsung не е одговорен за каква било штета на производот, каква било повреда или кој и да е безбедносен проблем со производот предизвикани од обид за поправка на производот што не ги следи внимателно овие упатства за поправка и одржување. Секоја штета на производот предизвикана од обид за поправка на производот од било кое друго лице освен сервисер овластен од Samsung не е покриена со гаранцијата.
- Името на делот наведено на локацијата може да се разликува од она во овој прирачник. Осигурете се дека сте го избрале точното име на делот.
- За замена на шарките е потребно крајно внимание бидејќи вклучува одвојување на вратата.
- Додека правите поправки, не заборавајте да носите заштитни ракавици. RB7000R&8000R_User-servicing-manual.indb 148 2020-12-21 4:59:14Македонски Фактичкиот изглед и обезбедените делови на фрижидерот може да се разликуваат, зависно од моделот и земјата.
Проверете дали цврсто сте ја поставиле заптивката. Во спротивно, од фрижидерот може да излегува ладен воздух. За отстранување на заптивката
Отворете ја вратата и отстранете ја заптивката од вратата. За замена на заптивката Поставете нова заптивка на вратата од фрижидерот. Осигурете се дека нема отвор помеѓу новата заптивка и вратата. RB7000R&8000R_User-servicing-manual.indb 150 2020-12-21 4:59:15Македонски Замена на фиоката
Проверете дали фиоката е правилно вметната во шината за време на монтирањето. За отстранување на фиоката Целосно извлечете ги фиоките надвор, потоа нежно подигнете за да ги извадите фиоките.
- Доколку фиоките се заглават на вратата, извадете фиока со подигање откако сте ги извадиле полиците. Поместувајќи ги фиоките, цврсто фатете ја рачката на фиоката.
Доколку ја испуштите фиоката додека ја поместувате, може да се повредите. За повторно поставување на фиоките Повторното поставување на фиоките го следи обратниот редослед од соодветните чекори за отстранување. Замена на шарките За да ги замените шарките, прво мора да ги извадите вратите.
- Кога ги вадите вратите, обратете посебно внимание бидејќи вратите се тешки.
- Пред да ги замените шарките, ставете мека подлога, како на пример картон, на подот за да спречите гребаници на вратата кога ќе ги спуштате вратите.
- Бидејќи со шарките треба да се ракува внимателно и да ги заменуваат две или повеќе лица, ви препорачуваме да повикате професионален технички сервис.
- Ако ја отстраните шарката без да ја држите вратата, вратата може да падне и да ве
- Осигурете се дека оската е цврсто затегната на шарката.
- Проверете дали шарката е цврсто затегната на витрината.
- Проверете дали кабелските приклучоци се поврзани правилно.
- Внимавајте да не ги оштетите жиците кога ќе го затегнувате горниот капак. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- Навалување/легнување на фрижидерот бара најмалку двајца.
- Откачете го кабелот за напојување пред превртување на вратите. RB7000R&8000R_User-servicing-manual.indb 151 2020-12-21 4:59:15Македонски Потребни алати (не се испорачани) Крстач Плоснат шрафцигер Клуч 11 mm Крцкало од 8 mm (за шрафовите) Имбус (5 mm) Завртување на вратата
1. Извадете ја жицата на капакот (1) и вратата
2. Отстранете го капакот на шарката за да ја
притиснете куката како на сликите подолу. RB7000R&8000R_User-servicing-manual.indb 152 2020-12-21 4:59:15Македонски
3. Откачете го куќиштето. И потоа извадете ги
- Вратата е тешка, внимавајте да не се повредите кога ќе ја вадите.
- Внимавајте да не ја оштетите жицата за време на работата.
4. Отстранете ја вратата од фрижидерот од
средната шарка со внимателно подигање на вратата право нагоре.
Вратата е тешка, внимавајте да не се повредите кога ќе ја вадите.
5. Расклопете ја средната шарка.
RB7000R&8000R_User-servicing-manual.indb 153 2020-12-21 4:59:16Македонски
6. Отстранете ја вратата од замрзнувачот од
долната шарка со внимателно подигање на вратата право нагоре.
Вратата е тешка, внимавајте да не се повредите кога ќе ја вадите.
7. Променете ја позицијата на капачето.
Внимавајте да не изгребете кога го расклопувате капачето.
8. Внимателно легнете го фрижидерот.
Извадете ги ногалката (1) и долната шарка (2).
9. Составете повторно во обратен редослед
откако сте ги замениле горната, средната и/ или долната шарка.
- Проверете дали кабелските приклучоци се поврзани правилно.
- Внимавајте да не ги оштетите жиците кога ќе го затегнувате горниот капак. RB7000R&8000R_User-servicing-manual.indb 154 2020-12-21 4:59:16Eesti Kasutaja hooldusjuhend
Notice-Facile