5065 MA - Пила SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 5065 MA SKIL во PDF формат.
Прашања на корисниците за 5065 MA SKIL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 5065 MA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 5065 MA на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 5065 MA SKIL
- Овој алат е наменет за сечење на дрво по должна и по широчина, праволиниски и под агол до 45°; со соодветни пили; може да се сечат и материјали кои не се од железо, туку од лесна греда и пластика
- Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување ②
А ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Сите упатства мора да се прочитаат. Непочитување на долу наведените
упатства може да предизвика струен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги сите предупредувања и напатствија за во иднина. Поимот “електричен алат”, кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приключен кабел).
a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина.
Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа.
с) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото наде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Нинако не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, нако што се цевки, радијатори, rerни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
с) Чувајте го уредот подалену од дожд и влага. Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар.
d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате полначот надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на продолжен кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеиозни повреди.
b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.
с) Избегнувајте невнимателно включување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите
штекерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приключен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди.
d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наога во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.
e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата, облеката и ракавиците држете ги подалеку од деловите кои се движат. Комотната облека, накитот или долгата коса може да бидат фатени во деловите кои се движат.
g) Донолку може да се монтираат направи за вшмунување и фаћање прашина, проверете дали се включени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоперетувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат ќе работите подобро и посигурно во наведената функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеće не може да се включува и ислучува е опасен и мора да се поправи.
с) Извлечете го штекерот од приклучокот пред извршување на било канви подесувања на апаратот, замена на приборот или складирање. Со овие мерки на внимателност їе се избегне невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица.
e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ће се заглавуваат и со нив работата ће биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на
начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја само на обучен, стручен кадар на овластен сервисер, и само со оригиналните резервни делови. На тој начин їе се обезбеди уредот да остане со зачувана безбедност.
a) ⚠ OPACНОСТ: Држете ги рацете подалену од областа за сечење и од сечилото. Држете ја другата рака на помошната рачка или на кујиштето за моторот. Ако двете раце ја држат пилата, не може да бидат исечени со сечилото.
b) Не посегнувајте под материјалот кој го обработувате. Заштитниот механизмам не може да ве штити од сечило под работниот простор.
с) Длабочината на сечењето подесете ја на дебелината на работниот простор. Под работниот простор треба да се гледа помалку од цел забец на сечилото.
d) Никогаш не држете го парчето за работа во раце или преку нога. Обезбедете стабилна површина за парчето за работа. Важно е да имате стабилна потпора во текот на работа за да се намали изложување на телото, контакт со сечивото или загуба на контролата.
e) Фаќајте го електричниот апарат само за изолираните рачки, кога извршувате работи каде алатот за сечење може да дојде во контакт со инсталации или со сопствениот кабел. Контактот со електрична инсталација исто така ги прави изложените метални делови на алатот наелектризириани и може да доведе до струен удар.
f) При сечење, секогаш користете заштитна ограда или механизмам за заптита на рамни рабови. Така ће ја подобрите прецизноста на сечењето и ће го намалите ризикот од заглавување на сечилото.
g) Секогаш користете сечила со соодветна големина и облик за отворите во вретеното (облик на дијамант или круг). Сечилата кои не се соодветни со хардветор за поставување на пилата, неправилно ће се вртат и ће предизвикаат губење на контрола.
h) Никогаш не користете оштетени или неисправни запчаници или резиња за сечила. Запчаниците и резињата за сечила се посебно дизајнирани за вашата пила, заради оптимални перформанси и безбедност при ракување.
2) ПРИЧИНИ ЗА ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
-
Повратниот удар претставува изненадна реакција на пробивање, удар или лошо порамнето сечило на пилата, кој предизвикува неконтролирано мрдање на пилата од местото на работата и подигнување кон оној кој ракува со пилата
-
Кога сечилото ће пробие или силно ће удри за време на затворање на засекот, сечилото застанува и моторот забрзано ја води единицата кон оној кој ракува со апаратот
- Доколку сечилото се вовлече навнатре или не е порамнето со површината која се сече, запците на задниот раб на сечилото може да се забијат во горната површина на дрвото и да предизвикаат дигање на сечилото од засекот и отскокнување кон оној кој ракува со алатот
- Повратниот удар произлегува како резултат од неправилно ракување и/или неправилни процедури при работата или услови, и може да се избегне со превземање на соодветни мерки на претпазливост кои се наведени во понатамошниот текст
a) Цврсто држете ја рачката на пилата, со две раце, и поставете ги рацете така што да можете да го издржите повратниот удар. Телото треба да се наоға од едната страна на сечилото, а не во линија со сечилото. Повратниот удар може да предизвика пилата да отскокне назад, но силата на повратниот удар може да се контролира само доколку се превземат правилните мерки на претпазливост.
b) Нога сечилото ће удри или доколку дојде до прекин на сечењето од било која причина, отпуштете го орозот и држете ја неподвижната пила во материјалот, се додека сечилото сосема не застане. Никогаш не се обидувајте да ја отстраните пилата од местото наде работите или да ја повлечете пилата наназад кога сечилото се движи или доаға до повратен удар. Испитувајте и превземете определени акции за исправање, за да ги елеминирате причините за удар на сечилото. Избегнувајте сечење на клинци и штрафови.
с) Кога повторно ће ја стартувате пилата која се наоға на местото каде работите, центрирајте ја пилата во засенот и осигурајте се запците на пилата да не влегуваат во материјалот. Доколку сечилото удира, може да дојде до отскокнување од местото каде се работи, или до повратен удар, кога пилата повторно се вклучува.
d) Под големите плочи ставете потпора за да го намалите ризикот од пробивање на сечилото и повратен удар. Големите плочи имаат тенденција да се виткаат под сопствената тежина. Потпората мора да се стави под плочата, од двете страни, близу до линијата на сечењето и близу работ на плочата.
e) Не користете тапо или оштетено сечило. Ненаоштрени или неправилно поставени сечила може да доведат до тесен засек и да предизвикаат прекумерно триење, удирање на сечилото или повратен удар.
f) Рачките за заклучување на длабочината на сечењето и подесување на косината мора да бидат цврсти и обезбедени, пред почетокот на сечењето. Доколку подесувањето за сечивото се промени за време на сечењето, може да дојде до удирање и до повратен удар.
g) Обрнете особено внимание нога сечете со пилата во постојни сидови или други слепи области. Сечилото што произлегува може да пресече објекти коишто предизвикуваат повратен удар.
a) Пред секое користење, проверете дали долниот заштитен механизмам е правилно затворен. Не започнувајте со работа со пилата ако долниот заштитен дел не се движи слободно и не се затвора во моментот. Никогаш не ставајте спона или не поврзувајте го долниот заштитен механизмам во отворена положба. Доколку пилата ја испуштите случајно, долниот заштитен механизмам мора да се свитка. Подигнете го долниот заштитен механизмам со рачката за вовлекување и проверете дали слободно се движи и не го допира сечилото или било кој дел, под сите агли и во сите длабини на сечење.
b) Проверете ја пружината на долниот, заштитен механизмам. Доколку заштитниот механизмам и пружината не функционираат правилно, мора да се сервисираат пред користење. Долниот заштитен механизмам можеби їе функционира споро заради оштетените делови, талогот од гума или зголемувањето на скршени парчиња.
с) Долниот заштитен механизмам треба рачно да се вовлече само за посебни врсти на сечење, на пример за длабинско и сложено сечење. Подигнете го долниот заштитен механизмам со повленување на рачката, и штом сечилото ће го допре материјалот, долниот заштитен механизмам мора да се опушки. За сите останати видови сечење долните заштитни механизми автоматски се придвижуваат.
d) Секогаш проверете дали долниот заштитен механизмам го покрива сечилото пред да ја спуштите пилата на клупата или подот. Незаштитено сечило кое ротира може да предизвика пилата да се движи назад и да сече се што ће и се најде на патот. Обратете внимание на времето кое е потребно сечилото да се сопре, по исклучување на прекинувачот.
ОПШТИ
- Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
- Овој алат не е подесен за сечење во присуство на влага
- Обезбедете се алатот да е ислучен од струја пред да вршите било какво подесување или замена на приборот
- Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен; замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
- Не обработувајте никанов материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
- Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да шредизвика алергии и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лугето во близина); носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
- Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмунални доколну можете да ги поврзете
- Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите
- Користете само работна маса која е опремена со прекинувач кој спречува повторено вртење на моторо по прекинот на напонот
- Користете само работна маса која е опремена со водилка за сечење
ПРИБОР
- SKIL може да признае гаранција само доколку е користен соодветен прибор кој може да се набаво во сите SKIL продавници
- Користете само прибор чија дозволена брзина е во најмала рака еднаква на најголемата брзина при празен од на електричниот алат
- никогаш не користете сечила за пили направени од брзоротирачки челик (HSS)
- Никогаш не користете дискови за оштрење/сечење со овој електричен алат
ПРЕД УПОТРЕБА
- Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот (алатите за напон од 230V или 240V исто така може да се поврзат и на напон од 220V)
- Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во местото каде работите; тргнете ги пред да почнете со работа
- Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите пречки на и под местото каде сечете
- Зацврстете го материјалот кој го обработувате (обработка која е зацврстена со стеги или во менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
- Користете соодветни детектори за наогање на скриени инсталации или повикајте соодветна компанија за помош (контактот со електричните линии може да доведе до струен удар; оштетувањата во гасоводна цевка може да резултира со експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација може да доведе до оштета на предмети или електричен удар)
- Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
- Нивото на бучава додека работите може да изнесува повеće од 85 dB(A); носете заштита за ушите
- Никогаш не користете електричен алат без оригинален систем за заштита
- Не се обидувајте да сечете многу мали материјали
- Не работете со овој алат држејки го над главата
- Во случај на атипично однесување или непознати звуци, веднаш исключете го алатот и извлечете го штекерот од електричниот приклучок
- Ако кабелот се оштети или пресече за време на работата, веднаш исключете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
- Кога ће ја завршите работата со алатот, исключете го моторот и проверете дали сите подвижни делови се застанати
- По исклучувањето на циркуларната пила, никогаш немојте да го сопирате вртењето на пилата со сила
УПОТРЕБА
- Поставување на сечилото за пилата ③
! извлечете го приключокот ако кабелот
- притиснете го копчето за заклучување на вретеното А и држете го притиснато додека го отстранувате резот на сечилото В со помош на клуч С
! копчето за заклучување на вретеното А притиснете го кога електричниот алат целосно ње застане
- пуштете го кочето за заклучување на вретеното А
- отстранете го штитникот D
- отворете го долниот заштитник E со рачката F и држете го додека го поставувате сечилото за пилата со запчите и стрелката коишто се отпечатени на сечилото насочени во ист правец како и стрелката на долниот заштитник
- олабавете го долниот заштитен механизмам E
- поставете штитник D
! проверете дали површините со спрегите G на штитникот се целосно чисти и свртете го сечилото
- притиснете го копчето за заклучување на вретеното А и држете го притиснато додека го прицврстувате резот на сечилото со помош на клуч за 1/8 вртења по што треба да затегнете со прстите (така се осигурува лизгањето на сечилото на пилата кога ће дојде до прекумерен отпор и оптеретување на моторот и повратен удар на пилата)
- пуштете го кочето за заклучување на вретеното А
- Подесување на длабочината на сечењето (0-65 мм) ④
- заради оптимален квалитет на сечењето, сечилото на пилата не би требало да биде подолго од 3 мм под делот за работа
- пуштете го копчето Н
- подигнете/спуштете го нивото J додека не ја подесите саканата длабочина за сечење, на скалата, со користење на индикаторот К
- прицврстете го копчето Н
- Подесување на аголот на сечење (0-45°) ⑤
- пуштете го копчето L
- налегнувајте го алатот додека не го подесите саканиот агол на сечење, со користење на индикаторот М
- прицврстете го копчето L
! при косо сечење, длабочината на сечењето не одговара на вредностите на прикажаната скала за длабочина на сечењето
- Проверка на аголот за сечење од 90°⑤
- подесете и прицврстете го нивото J на максимална длабочина за сечење ④
- подесете и прицврстете го аголот на сечење на 0°
- проверете го аголот од 90° помеѓу двете сечила и дното на нивото, со помош на квадрат
- Индикатор за подесување на линијата на сечењето N ⑥
- за водење на електричниот алат низ саканата линија означена на местото на работата
- за рамно сечење под агол од 0° или косо сечење под агол од 45° користете ја линијата на индикаторот
! широкиот дел на нивото би требало да стои а потпирачот на местото каде се работи
! широчината на сечењето се определува со широчината на запците на сечилото, а не со широчината на сечилото
! секогаш најпрво изведете пробно сечење за да ја проверите вистинската линија на сечењето
- Вшмукување прашина
- приключете ја правосмукалката на продолжетокот P⑦
! никогаш не дозволувајте цревото на правосмуналката да дојде во допир со долниот заштитен механизмам или со операцијата на сечење
- може да се употребува и кеса за прашина (SKIL прибор 2610387402)
- Работа со алатот ⑦
- включете го штекерот во извор на струја
- со едната рака секогаш држете ја рачката Q цврсто, а со другата силно држете ја рачката R
- поставете го електричниот алат со предниот крај на рамното ниво на местото каде работите
! проверете запците на пилата да не се закачени на местото наде се работи
- включете го алатот така што прво притиснете го копчето S (= заштитно копче кое не може да се блокира), а потOA повлечете го прекинувачот T
! електричниот алат би требало да се наоға во полна брзина пред сечилото да дојде во допир со местото каде се работи
- долниот заштитен механизмам Е автоматски се отвара кога сечилото продира во местото каде се работи (рачно отворете го долниот заштитен механизмам со помош на рачката F, само за посебни видови сечење, на пример за длабинско сечење)
! не применувајте сила врз алатот (применете лесен и континуиран притисок за да избегнете прегревање на врвовите на сечивата и во случај на сечење пластика, топење на пластичниот материјал)
! додека работите, сеногаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја
- по завршувањето на сечењето, исключете го алатот со пуштање на орозот Т
! пред да го подигнете електричниот алат од местото каде се работи, проверете дали е дојдено до целосен прекин на работата на сечилото
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
- Добрата страна на обработката секогаш вртете ја надолу, за да обезбедите минимално кршење на материјалот
- Користете само остри сечила, од соодветен вид ⑧
- квалитетот на сечењето се подобрува со бројот на запците
- сечилата со карбиден врв остануваат остри 30 пати подолго од обичните сечила
- Странична ограда V ⑨
- за правење на точни засеци низ работ на материјалот кој се обработува
- може да се вметне на било која страна на нивото Подесување на страничната ограда
- пуштете го копчето W
- подесете ја саканата широчина за сечење со помош на салата на страничната ограда (употребувајте визир за линија за сечење N како нулта положба)
- прицврстете го копчето W
• Длабинско сечење ⑩
- подесете ја саканата длабочина за сечење
- навалете го алатот правилно со визирот за линијата за сечење N паралелно со саканата линија за сечење означена на работниот предмет
- отворете го долниот заштитен механизмам E со помош на рачката F
- непосредно пред сечилото да го допре материјалот кој се обработува, включете го електричниот алат и постепено спуштајте го задниот крај на алатот, со користење на предниот крај на нивото како показател
- постепено движете го алатот надолу и напред
- штом сечилото ће допре во материјалот, пуштете ја рачката F
! никогаш не туркајте го алатот кон назад
• Сечење на големи плочи ⑪
- поставете ја плочата близу сечењето на под, маса или работна маса
! подесете ја длабочината на сечењето така што ње сечете низ плочата, а не низ потпората
- во случај страничната ограда да не ја овозможува саканата широчина за сечење, со спрега или со клинец закачете дрвен дел на местото каде се работи, како водилка, и користете ја десната страна на нивото со оваа водилка
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење)
! пред чистење извадете го алатот од приклучокот
- Сечилото на пилата исчистете го непосредно по користењето (особено од смола и лепак)
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skilmasters.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното ўубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање
- симболот ⑫ ке ве потсетува на ова кога ке дојде време алатот да го фрлите
- Со целосната наша одговорност изјавуваме дека овој производ е во согласност со следниве стандарди или стандардизирани документи: EN 60745, EN 61000, EN 55014, во согласност со одредбите од директивите 2004/108/EG, 2006/42/EG, 2011/65/EY
- Техничко досије во: SKIL Europe BV (PT-SEU/ENG1), 4825 BD Breda, NL
- Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен притисок е 99 dB(A) а нивото на звучна моїност 110 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација 2,7 м/с² (hand-arm метода; несигурност K = 1.5 м/с²)
- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 60745; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени
- користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
- кога алатот е исключен или кога алатот е включен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа