PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Електрична четка за заби

Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Електрична четка за заби PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 PHILIPS во PDF формат.

📄 940 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - page 725
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 PHILIPS

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Електрична четка за заби во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 на марката PHILIPS.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 PHILIPS

Добре дојдовте во семејството на Philips Sonicare! Оваа четка за заби ви овозможува да добиете супериорно отстранување на забен камен, побели заби и поздрави непца. Користејки ја комбинацијата на нежна звучна технологија на Sonicare и клинички развиени и докажани функции, може да бидете сигурни дека го добивате најдоброто чистење, секој пат.

Дополнителна поддршка и регистрација на производот ви се достапни на:

Важни безбедносни информации

Користете го производот само за неговата намена. Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите производот и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди.

Предупредувања

  • Чувајте ги полначите и УВ-стерилизаторот подалеку од вода.
  • По чистењето, проверете дали полначот и/или стерилизаторот е целосно сув пред да го поврзете со сидниот штекер.
  • Овој уред може да го користат деца и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостиг на искусство и знаење, доколку се под надзор или добивают инструкции за користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор.
  • Децата не треба да си играат со уредот.
  • Користете само оригинални додатоци или потрошни средства на Philips. Користете го само полначот што е обезведен со производот. Ако е доставен, користете ги само оригиналниот USB кабел и USB единицата за напојување.

- Уредот не содржи делови што корисникот може да ги сервисира. Ако уредот се оштети, престанете да го користите и контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. Само уреди со кабел: Ако кабелот е оштетен, заменете го полначот со стерилизатор со нов.

- Не користете го полначот и/или стерилизаторот надвор или во близина на загреани површини.

- Немојте да чистите ниту еден дел од производот во машината за миење садови.

- Овој уред е дизајниран само за чистење заби, непца и јазик.

- Чувајте го стерилизаторот надвор од дофатот на деца во секое време.

- Престанете со користење на стерилизаторот ако УВ-сијалицата останува включена кога вратата е отворена. УВ-светлото може да биде штетно за човечките очи и кожа.

- Ракувајте со стерилизаторот само со заштитен екран.

- Не допирајте ја УВ-светилката на УВ-стерилизаторот кога е жешка.

- Престанете да ја користите главата на четката со згмечени или извиткани влакна. Менувајте ја главата на четката на секои 3 месеци или порано ако се појават знаци на абење.

- Избегнувајте директен контакт со производи што содржат есенцијални масла или кокосово масло. Контактот може да доведе до вадење на влакната.

- Престанете да го користите апаратот и советувајте се со забар/лекар ако настане претерано крвавење по користењето, ако крвавењето продолжи да се појавува по 1 седмица од користењето или ако почувствувате непријатност или болка.

- Ако сте имале орална хируршка интервенција или операција на непцата во претходните 2 месеци, советувајте се со стоматологот пред да го користите уредов.

  • Ако имате пејсмејкер или друг имплантиран уред, контакрајте со докторот или со производителот на имплантираниот уред пред употребата.
  • Ако имате прашања од медицинска гледна точка, консултирајте се со доктор пред да го користите уредов.
  • Уредов е уред за лична нега и не е наменет за користење на повеće пациенти во стоматолошка ординација или институција.

Безбедносни упатства за батеријата

  • Овој уред содржи батерии на полнење што смеат да ги отстрануваат само обучени лица
  • Користете го производот само за неговата намена. Внимателно прочитајте ги овие информации пред да ги користите производот и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди. Доставените додатоци може да се разликуваат за различни производи.
  • Користете само оригинални додатоци и потрошни средства на Philips. Користете ја само единицата за напојување што се вади ТСВxxxx, НХ6100, НХ6110, НХ6160 или WAАxxxx.
  • Чувајте ги производот и батериите подалеку од оган и немојте да ги изложувате на директна сончева светлина или високи температури.
  • Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено, престанете со користењето и полнењето на производот и контактирајте со Philips.
  • Не ставајте ги производите и нивните батерии во микробранови печки или на индукциски шпорети.
  • Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате, оштетувате или расклопувате производот или батеријата за да спречите батериите да се загреваат или да испуштаат токсични или опасни супстанции. Немојте да правите краток спој, премногу да ги наполнувате или обратно да ги полните батериите.

  • Уредот содржи батерии што не се заменуваат. Кога батеријата е при крај со траењето, уредот правилно ње се фрли, погледнете го делот за рециклирање.

  • Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се случаи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и побарајте лекарска помош.
  • Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и батериите се суви.
  • За да се избегне случаен спој на батериите по отстранувањето, не дозволувајте терминалите на батеријата да дојдат во контакт со метален предмет (на пр., паричка, шнола за коса, прстени). Не виткајте ги батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги терминалите на батериите или ставете ги батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.
  • Полнете го и користете го производот на температура помеѓу 0 °C и 40 °C.

Електромагнетни полиња (EMF)

Овој Philips уред е во согласност со сите важечки стандарди и регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.

Директива за радио опрема

Со ова, Philips изјавува дека електричните четки за заби со тип на радиоопрема (Bluetooth, NFC) се во согласност со директивата 2014/53/EY.

  • Интерфејсот за радиофреквенција на Bluetooth во соодветните производи работи на 2,4 GHz.
  • Максималната излезна моćност на Bluetooth- уредот е 3 dBm.
  • Интерфејсот за радиофреквенција на NFC во соодветните производи работи на 13,56 MHz.
  • Максималната РФ-мокност што се пренесува со уредот е 30,16 dBm.

Целосниот текст на декларацијата за усогласеност со ЕУ е достапен на следнава интернет-адреса:

Забелешка: Функциите на различните модели може да се разликуваат. Некои модели можеби не се опремени со Bluetooth или NFC.

Следниве символи може да се појавуваат на производот:

Прочитајте го упатството за операторот.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Директива за радио опрема - 1

Дел за напојување што се вади: „xxxxx” го означува бројот на моделот на одобрените полначи што треба да се користат. (TCBxxxx, HX6100, HX6110, HX6160 или WAAxxxx)

Предвидена намена

Електричните четки за заби Sonicare ExpertClean се наменети за отстранување на наталожениот забен камен и остатоци од храна од забите за да се намали расипувањето на забите и да се подобри и одржи оралното здравје. Електричните четки за заби Sonicare ExpertClean се наменети за лична употреба. Користењето од страна на деца треба да биде под надзор на возрасни лица.

Вашата Philips Sonicare (сл. 1)

1 Рачка
2 Копче за включување/исклучување
3 Индикатор за интензитет
4 Копче за режим/интензитет
5 Индикатор за режим
6 Потсетник за замена на глава на четка
7 Индикатор за батерија

Додатоци:

8 Капак за главата на четката
9 Паметна глава (глави) на четката
10 Символ BrushSync
11 Држач за полнење
12 Кутија за патување
13 Кутија за патување со полнач
14 Sиден адаптер USB-A
15 USB-А кабел
16 УВ-стерилизатор и полнач

Забелешка: Влучените додатоци може да се разликуваат според купениот модел.

Апликација Sonicare – Вовед

Апликацијата Sonicare се спарува со вашата четка за заби за да ви овозможи поврзано искуство. Ако ја поврзете четката за заби со вашата сметка на апликацијата Sonicare, їе може да го правите следново:

  • Следете го напредокот на четкањето
  • Добивајте персонализирани совети и интерактивни препораки за подобрување на вашето орално здравје
  • Пристапете до целиот спектар на придобивки и добивајте тековни надградби

Апликацијата е компатибилна со широк спектар мобилни уреди.

За да започнете со користење на апликацијата Sonicare:

1 Преземете ја апликацијата Sonicare на вашиот телефон.
2 Осигурете се Bluetooth за Вашиот уред да биде включен.
3 Подигнете ја четката за заби за да се осигурите дека е активна (включени светла).
4 Отворете ја апликацијата и следете ги чекорите.
5 Спарете ја четката за заби со апликацијата.

6 Создајте ја вашата сметка преку апликацијата. Завршете го ажурирањето на фирмверот, доколку е побарано, за пристап до најновите подобрувања и функции.
7 Редовно четкајте со четката за заби поврзана со апликацијата. Кога редовно ја синхронизирате четката за заби со апликацијата, ќе добивате ажурирања што ќе ви помогнат да го подобрите вашето орално здравје.
8 Редовно синхронизирајте.
9 Држете го телефонот блиску до четката за заби за оптимално префрлање податоци.

За рачно синхронизирање: Спарувајте ја/поврзувајте ја вашата четка за заби со апликацијата на секои две седмици за да имате корист од нејзините функции/можности.

За автоматско синхронизирање: дајте дозвола за локација додека ја поставувате апликацијата. Со давање дозвола за локација, вашиот телефон знае кога е во опсегот на поврзување на вашата четка за заби и може да ги освежи податоците за четкање во апликацијата за да ги обезбеди најновите сознанија и препораки.

Забелешка: Bluetooth на телефонот треба да е включен кога ја користите апликацијата, така што вашата четка за заби може да ги пренесе и ажурира податоците за четкање во апликацијата. Ако имате прашања за тоа зошто се собираат вашите податоци за четкање, проверете ја Изјавата за приватност на Sonicare, достапна во текот на целиот процес на поставување на апликацијата.

Функции на апликацијата

Електричната четка за заби Sonicare е опремена со паметни сензори за да ви дава повратни информации за вашите навики на четкање, включително со:

  • Дневни сесии на четкање
  • Потрошено време за секоја сесија на четкање
  • Применет притисок на четкање
  • Персонализирани совети и интерактивни препораки

- Потсетник за замена на глава на четка (според вистинското користење) Апликацијата Sonicare ги собира податоците преку паметните сензори и ги следи вашите навики на четкање со тек на време.

Започнување

Прикачување на главата на четката

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Прикачување на главата на четката - 1

1 Порамнете ја главата на четката, така што влакната ње бидат поставени во истата насока со предниот дел на рачката.

2 Цврсто притиснете ја главата на четката врз металниот издаден дел сè додека нема каде повеće да оди.

Забелешка: нормално е да има мал простор меѓу главата на четката и рачката.

Користење на четката за заби Philips Sonicare

Ако ја користите вашата четка за заби Sonicare по прв пат, нормално е да чувствувате повеće вибрации отколку кога користите неелектрична четка за заби. Вообичаено е за тие што ја користат по прв пат да вршат премногу притисок. Применете само нежен притисок и оставете четката за заби да го врши четкањето наместо вас. Следете ги долунаведените упатства за четкање за најдобро искуство.

За да ви помогне да се префрлите на новата електрична четка за заби Sonicare, користете пониска поставка во првите 1 – 2 недели, а потоа префрлете се на повисока поставка.

Упатства за четкање

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Упатства за четкање - 1

1 Навлажнете ги влакната на четката и ставете мало количество паста за заби.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Упатства за четкање - 2

text_image 45°

2 Ставете ја четката за заби со влакната кон забите под мал агол (45 степени). Притискајки цврсто за влакната да достигнат до непцата или малку под линијата на непцата.

Забелешка: Центарот на четката мора да биде во контакт со забите цело време.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Упатства за четкање - 3

3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја включите Philips Sonicare.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Упатства за четкање - 4

4 Нежно поставете ги влакната од четкичката на забите и непцата. Четкајте ги забите со мали движење напред-назад, така што влакната на четкичката ње достигнуваат помеѓу забите. Продолжете со ова движење за целото време на четкањето.

Забелешка: влакната од четката треба малку да се рашират. Не се препорачува да четкате како со рачна четка за заби.

Забелешка: Ако примените преголем притисок, ке бидете предупредени преку промена на вибрациите на рачката и потсетникот за замена на главата на четката ке светка во портокалова боја.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Упатства за четкање - 5

5 За да ги исчистите внатрешните површини на предните заби, свртете ја рачката на четката полунагоре и направете неколку вертикални преклопувачки движења на четкање на секој заб.
6 Откако ње го завршите циклусот на четкање, може дополнително да ги четкате површините за цвакање на забите и местата каде што настануваат дамки. Може да го четкате и јазикот, со включена или ислучена четка за заби, како што претпочитате.

Забелешка: Вашата четка за заби Philips Sonicare е безбедна за употреба на протези (главите на четките се трошат побрзо кога се користат на протези) и забни реставрации (пломби, коронки, винири) доколку се правилно залепени и не се компромитирани.

BrushPacer

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - BrushPacer - 1

За да се осигурите дека ће четкате подеднакво во устата, поделете ја устата на 6 дела со функцијата BrushPacer. BrushPacer го дели времето на четкање на 6 еднакви сегменти и означува кога треба да преместите на следната област. Сегментите се назначуваат со кратка пауза во вибрациите. Четката за заби автоматски застанува на крајот од сесијата за четкање.

Забелешка: Може да се додаде дополнительно време кога ги користите режимите White+ или Gum Health.

Режими

Вашата електрична четка за заби е опремена со најмногу 4 различни режими: Clean, Deep Clean+, Gum Health и White+ (само конкретни модели).

Според паметната глава на четката што ја користите, технологијата BrushSync автоматски єе ги избере оптималниот режим и интензитет.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 1

За рачно да го смените режимот, притиснете го копчето за режим/интензитет кога четката за заби е исклучена. Сите глави на четките функционираат со секој режим.

*Забелешка: Кога четкате со апликацијата Philips Sonicare во режимот „Deep Clean+“, времето на четкање ње биде 2 минути кога сте поврзани со апликацијата и 3 минути кога не сте поврзани со апликацијата
Clean и Deep Gum Health White+ Clean+

Придобивка Отстранувањена забен каменОтстранувањена забен камени масажа нанепцатаОтстранувањена забен камени површинскидамки
Препорачанониво наинтензитетВисоко Високо Високо
Вкупно времена четкањеClean: 2 минутиDeep Clean+: 3минути*3 минути и 20секунди2 минути и 40секунди
Clean и Deep Clean+Gum Health White+
Како да се четкаClean: Четкајте го секој сегмент 20 секунди.Четкајте го секој сегмент 20 секунди,Четкајте го секој сегмент 20 секунди,
PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 2PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 3PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 4
PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 5PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 6PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 7
Deep clean+: Четкајте го секој сегмент 30 секунди.*потоа четкајте ги сегментите 7,8,9 и 10 по 20 секунди секој.потоа четкајте ги сегментите 7 и 8 по 20 секунди секој.
PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 8PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 9PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 10
PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 11PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 12PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Режими - 13

Интензитети

Вашата мокна четка за заби има 3 различни поставки за интензитет:

  • низок интензитет (една цртичка)
  • среден интензитет (две цртички)
  • висок интензитет (три цртички)

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Интензитети - 1

Кога е прикачена на рачката, паметната глава на четката автоматски єе го избере препорачаниот интензитет/ Ако сакате да смените на поинаков интензитет, можете да го направите тоа со притискање на копчето за режим/интензитет додека четкате. Интензитетот не може да се смени кога рачката е исклучена или паузирана.

Технологијата BrushSync й овозможува на главата на четката да комуницира со рачката користејки микрочип. Симболот 🚙 на дното од главата на четката означува дека главата е опремена со оваа технологија.

Технологијата BrushSync овозможува:

  • Потсетник за замена на глава на четка
  • Спарување на режим BrushSync
    Philips Sonicare нуди широка лепеза на паметни глави за четка, опремени со технологијата BrushSync. За да го истражите целиот спектар на глави на четки за заби и ја најдете главата на четката што најмногу Ви одговара, одете на www.philips.com/toothbrush-heads за повеće информации.

Функции

  • Повратни информации на сензорот за притисок
  • BrushPacer
  • SmarTimer
  • EasyStart
  • Потсетник за замена на глава на четка
  • Режим на спарување на главата на четката

Повратни информации на сензорот за притисок

Четката за заби Sonicare го мери притисокот што го применувате додека четкате за да ги заштити непцата и забите од оштетување.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Повратни информации на сензорот за притисок - 1

Ако премногу притискате, рачката ње ја промени вибрацијата и светлото за потсетување за замена на главата на четката на рачката трепка во портокалова боја сè додека не го намалите притисокот.

Забелешка: Вашиот производ доага со активиран сензор за притисок. За да ја деактивирате оваа функција (видете „Активирање или деактивирање на функциите").

BrushPacer

BrushPacer е тајмер за интервали што Ви помага да четкате рамномерно низ устата преку делење на устата на 6 делови.

SmarTimer

SmarTimer означува дека циклусот на четкање завршил со автоматско ислучување на четката за заби на крајот од циклусот на четкање. Стоматолозите препорачуваат четкање не помалку од 2 минути двапати дневно.

Забелешка: Ако го притиснете копчето за включување/исклучување откако ње го започнете циклусот на четкање, четката за заби паузира. По пауза од 30 секунди, SmarTimer се ресетира.

EasyStart

Овој модел на Philips Sonicare доаға со деактивирана функција EasyStart. Функцијата EasyStart полека ја зголемува силата во текот на првите 14 четкања за да ви помогне да се навикнете на четкањето со Philips Sonicare. Функцијата EasyStart функционира со сите режими.

Одрекување од одговорност Кога четката за заби Philips Sonicare се користи за клинички испитувања, таа мора да се користи со висок интензитет со рачката целосно наполнета, а функцијата EasyStart деактивирана.

За да активирате EasyStart (видете „Активирање или деактивирање на функциите“).

Потсетник за замена на глава на четка

Вашата четка Philips Sonicare е опремена со технологија BrushSync што го следи абењето на главата на четката.

Забелешка: Оваа функција работи само со паметните глави на четки Philips Sonicare со технологијата BrushSync.

1 Кога їе прикачите нова паметна глава за четка за заби по прв пат, рачката препознава дека имате глава за четка на Philips со технологија BrushSync и започнува да го следи абењето на главата на четката.
2 Со тек на време, врз основа притисокот што го применувате и вкупното време кога се користела главата на четката, рачката го следи абењето на главата на четката за да го определи оптималното време за замена на главата на четката. Оваа функција гарантира најдобро чистење и нега на вашите заби.
3 Кога индикаторот на потсетникот за менување на главата на четката ће светне во портокалова боја, треба да ја замените главата на четката.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Потсетник за замена на глава на четка - 1

flowchart
graph TD
    A["Process Node"] --> B["n"]
    style A fill:#f9f,stroke:#333
    style B fill:#ccf,stroke:#333

Забелешка: Сите паметни глави на четките за заби доағаат со активирана функција за потсетник за замена на главата на четката за заби. За да го деактивирате потсетникот за менување на главата на четката, видете „Активирање или деактивирање на функциите“.

Режим на спарување на главата на четката

Главите на четките со технологија BrushSync се опремени со микрочип кој комуницира со рачката и автоматски ја спарува со препорачаниот режим и интензитет. Повекето глави на четки со технологија BrushSync автоматски се спаруваат на режимот Clean. Главите на четката што имаат посебни придобивки се спаруваат само со соодветниот режим (кога е достапен), такви примери се:

- G3 Premium Gum Care: Режим Gum Health

- W3 Premium White или W(c)

DiamondClean(compact): Режим White+

Забелешка: Ако изберете да го промените режимот/интензитетот од препорачаната поставка, главата на четката ње ја запомни избраната поставка за следните сесии на четкање.

Активирање или деактивирање на функциите

Можете да ги активирате или деактивирате следниве функции на вашата четка за заби:

  • EasyStart
  • Потсетник за замена на глава на четка
  • Повратни информации на сензорот за притисок

Забелешка: Можете да го активирате или деактивирате потсетникот за замена на главата на четката за заби кога на рачката се наого́а паметна глава на четка за заби.

Од рачката:

Чекор 1: Поставете ја рачката на приключен полнач/кутија за патување со полнач.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Од рачката: - 1

Чекор 2: Притиснете и задржете го копчето за включување/исклучување:

EasyStart Потсетник за замена на глава на сензорот за на четка притисок

Чекор 3: Пуштете го копчето за вклучување/исклучување кога єе слушнете:

Ако видите дека левото LED светло за индикаторот за батерија трепка во зелена боја 2 пати и слушнете 3 тона, од потивок кон погласен, тогаш функцијата е активирана.

ИЛИ

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - ИЛИ - 1

Ако видите дека левото LED светло за индикаторот за батеријата трепка во портокалова боја еднаш и слушнете 3 тона, од погласно кон потивко, тогаш функцијата е деактивирана.

УВ-стерилизатор

Забелешка: Влучените додатоци може да се разликуваат според купениот модел.

Со УВ-стерилизаторот може да ја чистите главата на четката по секоја употреба.

Откачете го стерилизаторот, престанете со употребата и повикајте го Центарот за грижа на корисниците ако:

  • УВ-сијалицата останува включена кога вратата е отворена.
  • Прозорецот е скршен или отстранет од стерилизаторот.
  • Стерилизаторот испушта чад или мириса на запалено додека работи.

Забелешка: УВ-светлото може да биде штетно за човечките очи и кожа. Уредов треба да се чува подалеку од дофат на деца во секое време.

1 По четкањето, исплакнете ја главата на четката и стресете го вишокот вода.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - УВ-стерилизатор - 1

Предупредување: Осигурете се дека капачето на главата на четката не се наога на главата на четката кога таа се чисти во стерилизаторот.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - УВ-стерилизатор - 2

2 Ставете го прстот во процепот на вратничката на горниот дел од стерилизаторот и отворете ја вратничката со влечење.

3 Поставете ја главата на четката на еден од 2 клинови на стерилизаторот со влакната свртени кон светилката.

Забелешка: Во стерилизаторот, чистете ги само главите на четка на Philips Sonicare што се прикачуваат.

Забелешка: Не чистете ги главите на четката Philips Sonicare for Kids во стерилизаторот.

4 Проверете дали стерилизаторот е приключен во штекер со соодветна волтажа.

5 Затворете ја вратата и притиснете го зеленото копче за включување/исклучување еднаш за да го изберете циклусот на УВ-чистење.

Забелешка: можете да го включувате стерилизаторот само доколку вратата е соодветно затворена.

Забелешка: стерилизаторот їе престане да работи ако ја отворите вратата за време на циклусот на стерилизаторот.

Забелешка: Циклусот на стерилизаторот трае приближно 10 минути, а потоа се исклучува автоматски.

Стерилизаторот работи кога светлото свети низ прозорецот.

Полнење и статус на батеријата

Оваа четка за заби Philips Sonicare има капацитет од најмалку 28 сесии на четкање, секоја сесија по 2 минути (14 дена, доколку се користи двапати дневно) при целосно наполнета батерија. Индикаторот за батеријата го покажува статусот на батеријата кога ја завршувате 2-минутната сесија за четкање, кога ја паузирате четката за заби или додека се полни.

Забелешка: Потребни се до 24 часа за батеријата целосно да се наполни пред првото користење, но може да ја користите четката за заби Philips Sonicare и пред целосно да се наполни.

Полненье

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Полненье - 1

1 Приключете го полначот или стерилизаторот во електричен штекер.
2 Поставете ја рачката на полначот или стерилизаторот.
- Рачката емитува 2 кратки звучни сигнали за да се потврди дека рачката е правилно поставена.
- Трепкачкото светло на индикаторот за батерија покажува дека четката за заби се полни.
- Кога рачката целосно ће се наполни на полначот, индикаторот на батеријата светнува во зелена боја 30 секунди, а потоа се исклучува.

Полнење со кутијата за патување

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Полнење со кутијата за патување - 1

Забелешка: Включените додатоци може да се разликуваат според купениот модел.

1 Вметнете го USB кабелот во кутијата за патување со полнач.
2 Поврзете го прикачениот USB кабел со влезното напојување од 5V DC, или од:

- Обезбедениот USB адаптер.

- Стандарден USB компјутерски конектор наведен од страна на UL или сертифициран според ANSI/UL 60950-1.

- Електрично напојување со USB излезна порта наведено од страна на UL или сертифицирано според ANSI/UL 60950-1 LPS.

- Електрично напојување наведено од страна на UL или сертифицирано според 1310 класа 2.

Важно: Сидниот адаптер мота да биде безведен извор со екстра низок напон, компатибилен со електричните рангирања означени на долниот дел од уредот.

3 Поставете ја рачката во кутијата за патување со полнач.

  • Рачката емитува 2 кратки звучни сигнали за да се потврди дека рачката е правилно поставена.
  • Трепкачкото светло на индикаторот за батерија покажува дека четката за заби се полни.

4 Кутијата за патување ће ја полни вашата четка за заби сè додека не се наполни целосно.

- Кога рачката целосно ке се наполни, индикаторот за батеријата засветува во зелена боја 30 секунди, а потоа се исклучува.

Забелешка: Полнењето на рачката со кутијата за полнење при патување може да трае подолго отколку на полначот.

Статус на батеријата

Статус на батеријата (рачка во приключен полнач/кутија за патување со полнач)

Кога рачката е поставена на полначот или во кутијата за патување со полнач, индикаторот на батеријата го прикажува нивото на батеријата.

Статус на батеријата Број на трепкачки LED боја LED сијалички

Слаба 1 Трепкачко зелено
светло
Делумно полна 2 Трепкачко зелено
светло
Полна 3 Трепка зелено додека
не се наполницелосно, а потоазелено 30 секунди, пасе исклучува
Статус на батеријата (кога рачката не еприключена во полначот/кутијата за патувањесо полнач)Кога четката за заби е активна, индикаторот забатерија на долниот дел од рачката го прикажуванивото на батеријата.
Статус на батеријата Боја на LEDсијаличкаLED боја

Полна 3 Постојано зелено

светло
Делумно полна 2 Постојано зеленосветло
Слаба 1 Постојано зеленосветло
Празна 1 со звучни сигнали Трепка во портокалова боја
Забелешка: За да штеди енергија, индикаторот на батеријата ће се исклучи кога нема да се користи.
Забелешка: Кога батеријата е целосно празна, четката за заби се исклучува. Поставете ја четката за заби на полначот за да ја наполните.
Забелешка: За целосна наполнетост на батеријата во секое време, може да ја држите вашата четка за заби на полначот кога не се користи.

Чистење

1 Отстранете ја рачката на четката за заби и исплакнете ја областа на металниот издаден дел со топла вода. Осигурете се дека єе ги отстраните сите траги од пастата за заби.
Внимание: не туркајте го гуменото капаче врз металниот издаден дел со остри објекти, бидејки може да се оштети.
2 Избришете ја целата површина на рачката со влажна крпа.
Забелешка: Не допирајте ја рачката на мијалникот за да го отстраните вишокот вода.

1 Плакнете ги главата и влакната на четката за заби по секое користење.

2 Најмалку еднаш неделю, вадете ја главата на четката од рачката и плакнете ја спојката на главата на четката со топла вода. Капачето за патување плакнете го секогаш кога е потребно.

Полнач

1 Исклучете го полначот од струја пред да го чистите.

2 Избришете ја површината на полначот со влажна крпа.

Кутија за патување

Исплакнете со топла вода и користете влажна крпа за да ја исчистите внатрешноста на кутијата за патување.

Кутија за патување со полнач

1 Исклучете ја кутијата за патување со полнач пред чистењето.

2 Користете влажна крпа за да ја избришете површината на кутијата за патување.

УВ-стерилизатор

Предупредување: не потопувајте го стерилизаторот во вода и не плакнете го под чешма.

Предупредување: не чистете го стерилизаторот кога УВ-сијалицата е жешка.

За оптимална ефикасност, се препорачува да го чистите стерилизаторот еднаш неделю.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - УВ-стерилизатор - 1

1 Откачете го приключокот на стерилизаторот.

2 Извлечете го послужавникот за капење право нанадвор. Исплакнете го послужавникот за капење и избришете го со влажна крпа.

3 Исчистете ги сите надворешни површини со влажна крпа.

4 Отстранете го заштитникот пред УВ-светилката.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - УВ-стерилизатор - 2

За да го отстраните заштитникот, фатете ги рабовите веднаш до прицврстувачите, нежно притиснете ги и извлечете го заштитникот.

5 Отстранете ја УВ-сијалицата.

За да ја отстраните сијалицата, фатете ја и извлечете ја од металлата стега.

6 Исчистете ја заштитната мрежа и УВ-сијалицата со влажна крпа.

7 Повторно вметнете ја УВ-сијалицата.

За повторно да ја вметнете светилката, порамнете го нејзиниот долен дел со металниот прицврстувач и турнете ја светилката во прицврстувачот.

8 Повторно вметнете ја заштитната мрежа.

За повторно да го вметнете заштитникот, порамнете ги клиновите на заштитникот со отворите на рефлектирачката површина во близина на УВ-светилката. Турнете ја мрежата директно во отворите на стерилизаторот.

9 Вратете го послужавникот за капење во УВ- стерилизаторот.

10 По чистењето, проверете дали стерилизаторот е целосно сув пред да го поврзете со напојувањето.

Чување

Ако не планирате да го користите производот подолго време, исклучете го од електричниот штекер, исчистете го и складирајте го на ладно и суво место подалеку од сончева светлина.

Замена

Заменувајте ги главите на четката Philips Sonicare на секои 3 месеци за да се постигнат оптимални резултати. За замена, користете само глави на четка на Philips Sonicare.

Лоцирање на бројот на моделот

Видете на долната страна од рачката на четката за заби Philips Sonicare за бројот на моделот (HX9600)

Гаранција и поддршка

Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата www.philips.com/support или прочитајте го летокот со меѓународната гаранција.

Исклучоци од гаранцијата

Што не е покриено со гаранцијата:

  • Приклучоци за уста, вклучувајки глави за четката и млазници.
  • Оштетување предизвикано од употреба на неовластени резервни делови или неовластени глави на четка за заби.
  • Оштетување предизвикано од погрешно користење, запоставување, промени или неовластени поправки.
  • Нормално трошење и абење, вклучувајки скршени делчиња, гребаници, абразии, промена на бојата или избледување.
  • УВ-сијалица.

Рециклирање

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Рециклирање - 1

  • Овој символ означува дека електричните производи и батерии не треба да се фрлаат во обичниот отпад од домакинствата.
  • Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и батерии.
  • УВ-светилката на стерилизаторот содржи жива. Не фрлајте ја УВ-светилката заедно со обичниот отпад од дома Kinството на крајот од работниот век. Однесете ја на официјално место за отпад за рециклирање.

Вадење на батеријата на полнење

Вградената батерија на полнење мора да се отстранува само од страна на квалификуван професионалец кога се фрла производот. Пред да ја отстраните батеријата, проверете дали батеријата е целосно испразнета.

Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога ракувате со алати за отворање на уредот и кога ја фрлате батеријата на полнење. Заштитете си ги очите, рацете, прстите и површината на којашто работите.

Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и батериите се суви.

За да се избегне случаен краток спој на батериите по отстранувањето, не дозволувајте терминалите на батериите да дојдат во контакт со метални предмети (на пр., парички, шноли за коса, прстени). Немојте да ги виткате батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги терминалите на батериите или ставете ги батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.

Отстранување на батеријата на полнење

За да ја отстраните батеријата на полнење, ке ви треба крпа или ткаенина, чекан и рамен (стандарден) шрафцигер. Почитувајте ги основните безбедносни мерки при следење на постапката опишана подолу.

1 За да ја испразните батеријата на полнење од преостанатото полнење, отстранете ја рачката од полначот, включете ја четката за заби и оставете ја да работи додека не сопре. Повторувајте го овој чекор се додека повеće не можете да ја включите четката за заби.
2 Отстранете ја и фрлете ја главата на четката. Покријте ја целата површина на рачката со крпа или ткаенина.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Отстранување на батеријата на полнење - 1

3 Држете го горниот дел на рачката со едната рака и удрете го кукиштето на рачката околу 1 цм над долниот крај. Удрете силно со чекан на сите 4 страни за да се отстрани крајното капаче.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Отстранување на батеријата на полнење - 2

Забелешка: Можеби ке треба да удирате на краевите неколку пати за да ги одвоите внатрешните врски.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Отстранување на батеријата на полнење - 3

4 Отстранете го крајното капаче од рачката на четката за заби. Ако крајното капаче не се одвои лесно од куќиштето, повторувајте го чекорот 3 додека крајното капаче не се одвои.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Отстранување на батеријата на полнење - 4

5 Држејки ја рачката наопаку, притиснете го издадениот дел на цврста површина. Ако внатрешните компоненти не се одвојат лесно од куќиштето, повторувајте го чекорот 3 додека не се одвојат.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Отстранување на батеријата на полнење - 5

6 Турнете го шрафцигерот помеѓу батеријата и црната рамка на долниот дел од внатрешните компоненти. Потоа вртете го шрафцигерот подалеку од батеријата за да го одвоите долниот дел на црната рамка.

7 Вметнете го шрафцигерот под долниот дел на батеријата и црната рамка за да ја одвоите металната плочка што ја поврзува батеријата со зелената печатена струјна плоча. Ова єе го одвои долниот крај на батеријата од рамката.

PHILIPS Sonicare ExpertClean 7300 HX9641 - Отстранување на батеријата на полнење - 6

8 Фатете ја батеријата и извлечете ја од внатрешните компоненти за да ја одвоите од втората метална плочка на батеријата.

Внимание: Внимавајте на острите рабови од плочките на батеријата за да не ги повредите прстите.

9 Покријте ги контактите на батеријата со лента за да се спречи електричен спој од преостанатото полнење на батеријата.

Батеријата на полнење сега може да се рециклира, а остатокот од производот може соодветно да се фрли.

Забелешка: не фрлајте го уредот во вообичаениот отпад од дома Kinството на крајот на неговиот животен век, туку однесете го на назначено место за рециклирање. На овој начин помагате за зачувување на животната средина.

Введение

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : PHILIPS

Модел : Sonicare ExpertClean 7300 HX9641

Категорија : Електрична четка за заби