SHT 700 AE - Градинарски ножици STIGA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SHT 700 AE STIGA во PDF формат.
Прашања на корисниците за SHT 700 AE STIGA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Градинарски ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SHT 700 AE - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SHT 700 AE на марката STIGA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SHT 700 AE STIGA
[4] Брзина без оптеретување
[5] Брзина на сечилото
[6] Должина на сечење
[7] Капацитет на сечењето
[8] Тежина без батерии
[9] Код на уредот за сечење
[11] Отстапување од мерењата
[15] Додатоци достапни на барање
[16] Батерий
[17] Полнач за батерија
[18] Ранец за батерија
[19] Симулатор на батерија
(\*) Употребата на оваа батерија е одобрена само со Ранец за батерија. Треба да ја вметнете батеријата во нејзиното место на машината.
a) ЗАБЕЛЕШКА: вкупната посочена вредност за вибрациите е измерена со пробен метод за нормализирање и може да се користи за споредбена вредност на еден уред со друг. Вкупната вредност на вибрациите може да се користи и за прелиминарна проценка на изложеноста. b) ВНИМАНИЕ: емисијата на вибрациите при ефективна употреба треба да се разликува од вкупната посочена вредност според начинот на употреба на уредот. Затоа е неопходно во текот на работата да се направат повеće безбедносни мерења за да се заштити операторот: носете чевли во текот на употребата, ограничете го времето на употреба на машината и скратете го времето кога треба да се притисне рачката за управување со забрзувачот.
3.1 Описание на машината и предвидена употреба....4
3.2 Знаци за безопасност....5
3.3 Идентификационен етикет на продукта..... 5
3.4 Основни компоненти 6
5.1 ОБОРУДВАНЕ НА РАНИЦАТА ЗА ПОМЕЩАВАНЕ НА АКУМУЛАТОРА (ако е предвидено)......6
3.1.1 Предвидена употреба
7.1.3 Употреба на раааницата (ако е предвидена)
3.1 Опис и употреба на машината.... 4
3.2 Ознаки за безбедност 5
3.3 Етикета за идентификација на производот 5
3.4 Главни делови....6
-
РАСПАКУВАНЬЕ 6
-
МОНТИРАЊЕ 6
5.1 ПОСТАВУВАЊЕ НА РАНЕЦОТ ЗА БАТЕРИЈА (доколку е достапен)......6
- КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА......6
6.1 Безбедносно копче (активирање / деактивирање) 6
6.2 Рачка на командата за сечивото (уред со сечивото) 7
6.3 Рачка за деблокирање на задната рачка... 7
- УПОТРЕБА НА МАШИНАТА 7
7.1 Прелиминарни операции.... 7
7.2 Безбедносни контроли 7
7.3 Стартување 8
7.4 Работа 8
7.5 Запирање....9
7.6 По работата....9
- РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ......9
8.1 Општи информации....9
8.2 Батерија 10
8.3 Чистење на машината и на моторот ..... 11
8.4 Чистење и подмачкување на сечилото..... 11
8.5 Навртки и шрафови за фиксирање...... 11
- ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ 11
9.1 Вонредно одржување на уредот со сечивото.... 11
- СКЛАДИРАЊЕ.... 12
10.1 Одложување на машината 12
10.2 Одложување на батеријата 12
- РАКУВАНЬЕ И ТРАНСПОРТ....12
- ПОМОШ И ПОПРАВКА 12
- ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА 12
- ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ 13
- НЕСООДВЕТНА РАБОТА.....13
- ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ПО ИЗБОР ..... 15
16.1 Дополнителни батерии 15
16.2 Полнач за батерија.... 15
16.3 Ранец за батерија.... 15
16.4 Симулатор на батерија.... 15
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Во текстот на упатството, некои параграфи со информации од особена важност поради поголема сигурност и подобро функционирање се евидентирани на различен начин, според следниот критериум:
ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО Даваат
податоци или понатамошни информации за она што е претходно наведено и имаат за цел да спречат оштетување на машината или настанување на други штети.
Символот посочува на опасност. Непочитувањето на предупредувањето може да доведе до лична повреда или повреди на трети лица и/или штети.
Пасусите означени со сиви квадратчиња ги посочуваат опционалните характеристики коишто не се достапни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали се достапни характеристики за овој модел.
Сите индикации за позицијата на машината „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.
1.2 НАСОКИ
1.2.1 Слики
Сликите во ова упатство за употреба се нумериани со 1, 2, 3 и така натаму. Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, В, С и така натаму. Насоката за компонентата С на сликата 2 се означува со изразот: „Видете на сл. 2.С“, или поедноставно „(слика 2.С)“. Фигурите се индикативни. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сликата.
1.2.2 Наслови
Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус „2.1 Обука“ е поднаслов на „2. Безбедносни прописи“. Насоките за насловите или пасусите се означени со кратенките погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1.
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1 ОБУКА

ОВАА МАШИНА МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ОШТЕТУВАЊА И ПОВРЕДИ.
Внимателно прочитајте го упатството за правилна употреба, подготовка, одржување, вклучување и исклучување на машината.

Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да ја запирате машината.
- Да не се дозволи никогаш со машината да управуваат деца или лица кои немаат довольно искусство со управувањето. Локалните закони може да предвидат минимална возраст за управување со машината.
- Да не се користи никогаш машината доколку корисникот е уморен или болен, или доколку има консумирано лекови, дроги, алкохол или супстанции штетни за рефлексите и вниманието.
- Да се има во предвид дека корисникот е одговорен за несреќи и непредвидени ситуации кои може да се утврдат на трети лица или на нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спаға и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
- Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, проверете дали операторот ги почитува упатствата што се содржани во ова упатство.
Лична заштитна опрема (ЛЗО)
- Носете соодветна заштитна облека посочена како облека за заштита при косење, ракавици против вибрации, шлем, заштитни очила, заштита од прав, акустична заштита и чевли со заштита од сечење и лизгање.
- Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, облека со лелеави делови или со врвки и врски и слични додатоци што висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или за предмети и материјали кои се производ на работата.
- Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
- Проверете го темелно целиот простор за работа и тргнете сё што може да се заплетка во сечивото, да го оштети и да му предизвика сериозни физички повреди на операторот (кабли, електрични жици, јажиња и сл.).
- Секогаш внимавајте на опкружувањето и секогаш пазете на можните ризици за кои можеби нема да бидете свесни заради бучавата на машината.
- За да се избегне ризикот од инциденти, не оставајте ја машината со топол мотор во лисја и сечена трева.
- Не ја користете машината во ризични амбиенти во присуство на лесно запаливи гасови и прашина. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
- Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветлување и при услови на добра видливост.
- Оддалечете ги лицата децата и животните од работниот простор. Не може да се чуваат деца додека се користи на машината, тие треба да бидат чувани од друго лице.
- проверete дали други лица се наогаат најмалку на 15 метри оддалеченост од опсегот на работа на машината;
- Избегнувајте кога е можно да работите на мокар и лизгав терен или на терени кои се нерамни или закосени и не гарантираат стабилност на корисникот при работата.
- Не изложувајте ја машината на дожд или влажни услови. Водата што може да навлезе во електричниот дел го зголемува ризикот од електричен уда
- Обрнете особено внимание на нерамнините на теренот (наклони, вдлабнатини), закосувањата, скриените опасности и пречките коишто можат да ја ограничат видливоста.
- Обрнете особено внимание во близина на стрмнини, дупки или препреки.
- Внимавајте на сообраćајот кога машината се користи во близина на пат.
- Обрнете внимание на растојанието од каблите кога се тие под напон.
Однесувања
- Во текот на работата, машината секогаш мора да се држи цврсто со двете раце.
- Фаќајте го електричниот дел само за изолираните површини на рачките бидејки сечивото може да дојде во контакт со сокриените кабли. Контакт на сечивото за косење со кабел под напон може да ги електризира металните делови на машината и да предизвика електричен удар.
- Избегнувајте контакт на телото со површина со маса или со земја, како цевки, радијатори, кујнски апарати, фрижидери. Ризикот од електричен удар се поттикнува ако телото се најде на маса или земја.
- Заземете цврста позиција и бидете внимателни.
- избегнувајте користење на скалила или нестабилни платформи;
- Никогаш не трчајте, туку одете.
- Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку од сечилото, особено при стартување на моторот и додека работите со машината.
- Внимание: сечивата продолжуваат да се вртат уште неколку секунди и по гаснење на моторот.
- Обрнете внимание да не удирате силно во страни тела со ножевите заради можна проекција на струготини предизвикани од оштетување на ножевите.
- Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исключете го моторот и оддалечете ја машината внимавајки да не предизвикате други оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.
- Долготрајната изложеност на вибрации може да предизвика повреди и невроваскуларни нарушувања (исто така наречени „Рејнодов синдром“ или „бела рака“), особено кај лугето кои страдаат од нарушувања во циркулацијата. Симптомите може да се покажат на рацете, на рачните зглобови или на прстите и се манифестираат со губење на осет, вкочанетост, чешање, болка, обезбојување и структурални промени на кожата. Овие ефекти може да се зголемат со ниски надворешни температури и / или од прекумерен притисок врз рачките. При појава на овие симптоми, треба да го намалите времето на користење на машината и да се советувате со лекар.
Ограничувања на употребата
- Машината не треба да ја користат лица што не се во состојба да ја држат цврсто со обете раце и/или да одржуваат стабилна рамнотежа на нозете во текот на работата.
-
Никогаш не користете ја машината со оштетена заштита, ако недостасува или ако не правилно поставена.
-
Не користете го електричниот апарат ако прекинувачот не е правилно поставен во позиција за вклучување или исклучување. Ако електричниот апарат не може да се вклучи со прекинувачот, тој е опасен за употреба и треба да се поправи.
- Не ислучувајте, дезактивирајте, вадете ги манометарот и безбедносните системи/микропрекинувачи.
- Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не користете мала машина за изведување тешки работи; адекватно користење на машината го намалува ризикот и го подобрува квалитетот на работата.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.
Одржување
- Никогаш не користете ја машината
со користени или оштетени делови.
Оштетените или дефектните делови треба
да се заменат, никогаш да не се поправаат.
• Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се максимальни вредности за употреба на машината. Употребата на елемент за косење којшто не е стабилен, движењето со преголема брзина, неодржувањето на машината, значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава или значителни вибрации; одржувајте ја машината редовно, носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.
Складирање
- За намалување на ризикот од орган, не оставајте полни контејнери во затворен простор.
2.5 БАТЕРИЈА / ПОЛНАЧ ЗА АКУМУЛАТОРОТ
ВАЖНО Следните безбедносни прописи ги опфајаат безбедносните барања наведени во даденото упатство за батеријата и полначот на батеријата испорачани заедно со машината.
- Користете само полначи за полнење на батериите што ги препорачува производителот. Несоодветен полнач за батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање или протекување на корозивната течност од батеријата.
- Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да предизвика повреди и ризик од пламен.
- Проверете дали апаратот е ислучен пред да ја ставите батеријата. Ставање батерија во включен електричен апарат може да предизвика пожар.
- Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки и други мали метални предмети што може да предизвикаат краток спој на контактите. Краток спој на контактите на батеријата може да доведе до експлозија и пламен.
- Не го користете полначот за акумулатор на места каде што има запаливи пареи, супстанции или лесно запаливи површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За време на полнењето, акумулаторот се загрева и може да предизвика пожар.
- За време на транспорт на акумулаторите, обрнете внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и не користете метални кутии за транспорт.
2.6 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да е приоритет при користење на косилката, и да биде од корист за грағаните и за животната средина.
- Избегнувајте да го вознемирувате соседството. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите лугето).
- Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина овие отпадоци не се фрлаат во Губре, туку треба да бидат разделени и да се достават до соодветни центри за собирање на истите, кои ће се погрижат за рециклирање на материјалите.
- Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето
- Кога косилката ће се расипе, не ја исфрлајте надвор, туку однесете ја во депонијата за отпадни материјали, согласно позитивните локални одредби.

Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/EU, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати
е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на
еко-компатибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на губриште или на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синцирот на исхрана, со што ње се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контакрајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.

Li-ion
На крајот на работниот век, ослободете се од акумулаторот на безбеден и еколошки начин. Батеријата содржи материјал што е опасен за вас и за средината. Треба да се извади и расклопи во засебен сад што може да содржи литиумски јони.

Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.
3. ПОЗНАВАЊЕ НА МАШИНАТА
3.1 ОПИС И УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Оваа машина е градинарска алатка и поконкретно преносен батериски тример за жива ограда.
Машината главно се состоит од мотор којшто активира уред за сечење.
Операторот може да користи главни команди за време на работата и секогаш да одржува безбедно растојание од сечилото.
3.1.1 Предвидена употреба
Оваа машина е проектирана и конструирана за:
- сечење и регулација на жива ограда и грмушки коишто имаат мали гранки (не се подолги од 15 мм)
- Само еден оператор може да ја користи.
3.1.2 Несоодветна употреба
Секоја различна употреба од горенаведената може да биде опасна и/или да предизвика штети на лица или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):
- косење трева воопшто, а особено во близина на нерамен терен,
- сечкање материјали за губрење,
- обликување,
-
употреба на машината со уредот за сечење над линијата на рамото,
-
употреба на машината за косење материјали што не се од вегетативна природа,
- употреба на уреди со сечива што не се наведени во табелата "Технички податоци". Ризик од сериозни повреди.;
- употреба на машината од страна на повеќе луге.
ВАЖНО Неправилното користење на машината ја поништува гаранцијата и го ослободува Производителот од секаква одговорност, и целата одговорност за штета или повреда на корисникот или трети лица, пага на корисникот.
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за непрофесионална употреба.
3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има символи (сл. 2). Нивната функција е да го потсетат корисникот на неопходноста од внимателна употреба.
ОПАСНОСТ! Оваа машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Пред да ја користите оваа машина, прочитајте го упатството за употреба.

Користете заштита за ушите и очите.

Носете цврсти ракавици за работа со заштита против лизгање.

Да не се изложува на дожд (или на влажност)

Внимавајте на можни исфрлувања на материјали коишто ги предизвикува уредот со сечивото коишто може да предизвикаат тешки повреди на лица и предмети.

Оддалечете ги сите лица или домашни животни најмалку 15 метри додека работи машината.

Ризик од посекотини! Држете ги рацете и нозете подалеку од сечивото.

Класа II Dual изолација
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Нарачајте резервни ознаки од Овластен сервисен центар.
3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ
Етикетата за идентификација на производот ги содржи следните податоци (сл. 1):
- Ознака за усогласеност со СЕ
- Име и адреса на производителот
- Ниво на акустична моїност
- Код на производ
- Тип на машина
- Сериски број
- Година на производство
- Напон на напојување
Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Наведете ги податоците од етикетата за идентификација на производот секогаш кога ће го контактирате Овластениот сервисен центар.
ВАЖНО Пример на Изјавата за сообразност се наога на последната страница во ова упатство.
3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состоит од следните главни делови коишто соодветствуваат на следните функции (сл.1):
A. Мотор: обезбедува движење на уредот со сечивото.
В. Сечиво (уред со сечиво): соодветен елемент за сечење на вегетација.
С. Предна рачка: овозможува управување со машината и таму се наога безбедносното копче.
D. Задна рачка: овозможува управување со машината и таму се наогаат командите за главната контрола.
Е. Заштита за сечивото (при транспорт и преместување на машината): спречува несакан контакт со уредот со сечивото што може да доведе до тешки повреди.
F. Батерија (дополнителна опрема по избор, пас. 16.1): уред што обезбедува енергија за стартување на уредот; неговите спецификации и правила за користење се опишани во специјалниот прирачник.
G. Полнач за батеријата (дополнителна опрема по избор, пас. 16.2): уред што се користи за полнење на акумулаторот; неговите спецификации и правила за користење се опишани во специјалниот прирачник. Достапни се модели на полначи за два акумулатора: G1 (за брзо полнење на акумулатор); G2 (за стандартно полнење на акумулатор);
Н. Ранец за батерија (додаток на барање, пас. 16.3): уред во кој се ставаат батериите.
I. Кабел за поврзување: кабел
што се користи за поврзување на
машината со ранецот за батерија.
J. Симулатор на батерија (дополнителна опрема по избор, пас. 16.4): уред што, кога е вметнат во куќиштето на машината, овозможува употреба на ранецот за батерија.
4. РАСПАКУВАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или несреći.
⚠️ Распакувањето треба да се изврши на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејки секогаш соодветни алати.
- Отворете го пакувањето внимателно за да не ги расфрлите деловите.
-
Прочитајте ја документацијата во кутијата каде се наведени овие упатства.
-
Извадете ја машината од кутијата.
- Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно локалните одредби.
5. МОНТИРАЊЕ
5.1 ПОСТАВУВАЊЕ НА РАНЕЦОТ ЗА БАТЕРИЈА (ДОКОЛКУ Е ДОСТАПЕН)
Ранецот за батерија се испорачува склопен (Сл. 1.Н) и може да се извади од држачот на ременот (Сл. 3) и да се носи во рака. За да го извадите ранецот од ременот, притиснете на двете горни копчиња (Сл. 3.А). Преградите за батеријата се наогаат од двете страни на ранецот (Сл. 4) Овие работи може да ги најдете на десната страна на ранецот: - приклучница за кабел (Сл. 5.А) - избирач за батерија (Сл. 5.В) - една USB порта за полнење на други уреди (на пр. мобилни телефони) (Сл. 5.С).
За да ги прицврстите каблите, да не висат, има жлебови од двете страни и одзади, во кои може да се вметне кабелот за струја.
6. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
6.1 БЕЗБЕДНОСНО КОПЧЕ (АКТИВИРАЊЕ / ДЕАКТИВИРАЊЕ)

Една включена ЛЕД сијалица: електричното коло на машината е активирано (Сл. 6.В). Машината е подготвена за работа. Две включени ЛЕД сијалици: машината работи.
ЛЕД сијалиците се ислучуваат: електричното коло е целосно дезактивирано.

ВАЖНО При преместување, никогаш не држете го прстот врз копчето за да избегнете случајно палење.
Иконата за „Предупредување“ (Сл. 6.F) се ВКЛУЧУВА во случај на дефект на машината (видете ја табелата за решавање на проблеми, пас. 15).
6.2 РАЧКА НА КОМАНДАТА ЗА СЕЧИВОТО (УРЕД СО СЕЧИВОТО)
Овозможува вклучување и регулација на брзината на сечивото.
Сечилото може да го активирате само со истовремено притискање на (Сл. 1.В) рачката за управување со сечилото (Сл. 6.С) и безбедносното копче (Сл. 6.Д).
Уредот со сечивото застанува автоматски со пуштање на рачката или безбедносниот прекинувач.
6.3 РАЧКА ЗА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ЗАДНАТА РАЧКА
Рачката за отпуштање (Сл. 6.E) овозможува за да ја регулирате задната рачка (Сл. 1.D) на 3 различни позиции во однос на сечилата за полесно кастрење на жива ограда.
⚠️ Регулацијата на рачката треба да се извршува кога е дезактивирано безбедносното копче (изгасната сијаличка).
7. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или несреći.
Пред да започнете со работа, неопходно е да спроведете серија контроли и операции за да обезбедите дека работата ће се одвива на ефикасен начин и со максимална безбедност.
Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.
7.1.1 Контрола на батеријата
Машината се доставува без батерија. Набавете батерија со соодветен капацитет за работните задачи и прво наполнете ја докрај следејки ги упатствата што се содржат во упатството за батеријата. Списокот на батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наога во табелата „Технички податоци“.
- Пред секоја употреба: – проверете ја состојбата на наполнетост на акумулаторот следејки ги насоките дадени во упатството за акумулаторот.
7.1.2 Регулација на рачката
⚠️ Спроведете ја постапката со исключено безбедносно копче (изгасната сијаличка).
- Повлечете ја назад рачката за деблокирање на задната рачка (сл. 7.A);
- почнете да ја вртите задната рачка (сл. 7.В);
- Отпуштете ја командата на рачката за забрзување (Сл. 7.А);
- свртете ја рачката докрај за да слушнете звук дека се наместила во саканата положба.
ВАЖНО Пред да ја користите машината, проверете дали рачката за отпуштање е целосно вратена во позиција за блокирање и дека задната рачка е соодветно прицврстена.
⚠️ Во текот на работата, задната рачка мора секогаш да биде во вертикална позиција, независно од заземената позиција на ножот.
7.1.3 Употреба на ранецот (доколку е достапен)
- Вметнете ја батеријата во една од преградите на ранецот (Сл. 4) и турнете ја за да влезе докрај, сё додека не слушнете кликнување што сигнализира дека батеријата се фиксирала во преградата, а потоа проверете го електричниот контакт;
- Поврзете го кабелот со ранецот во соодветната приклучница (Сл. 5.А) и ротирајте го сё додека не слушнете кликнување што сигнализира дека кабелот се фиксирал во приклучницата, а потоа проверете го електричниот контакт;
- подесете го ременот и закопчајте го појасот напред (Сл. 8).
7.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
Спроведете ги следните безбедносни контроли и проверете дали результатите соодветствуваат со даденото во табелата.
⚠️ Секогаш проверувајте ги безбедносните контроли пред работа.
| Предмет Резултат | |
| Рачки (сл. 1.С, сл. 1.Д) и заштити | Чисти, исушени, правилно и цврсто фиксирани на машината |
| Шрафови на машината и сечивото | Добро зашрафени (не разлабавени) |
| Отвори за воздух за ладење | Без пречки |
| Сечиво (сл. 1.В) Наострено | , без никакви знаци за оштетување или изабеност |
| Заштити Цели и без оштетувања. | |
| Батерија (сл. 1.Ф) Без никакви оштетувања на ку́киштето и без протекување на течност | |
| Машина Нема знаци на | оштетување или абење |
| Електрични кабли Неоштетена изолација. интегрирани за да се избегне искрење | |
| Рачка за управување со сечилото (Сл. 6.С), безбедносно копче (Сл. 6.Д) | Рачките мора да се движат слободно и без примена на сила. |
| Пробно возење Нема чудни вибрации. Нема чудни звуци | |
| Дејство Резултат | |
| 1. Вметнете ја батеријата во своето куќиште (Сл. 10.А);2. притиснете го безбедносното копче (Сл. 9.А) | Зелената сијаличка треба да се запали (активирано електрично коло) и уредот со сечивото не треба да се движи |
| Включете ја машината (пас. 7.3);1. активирајте ги истовремено рачката за управување со сечилото (Сл. 9.В) и безбедносното копче (Сл. 9.С);2. отпуштете ги рачката за управување со сечилото (Сл. 9.В) или безбедносното копче (Сл. 9.С) | 1. Сечивото треба да се движи2. Командите треба да се врата автоматски и бргу во неутрална позиција, а сечивото треба да застане |
| 1. Со включено сечиво, повлечете ја назад рачката за деблокирање на задната рачка (сл. 7.А) | 1. Сечивото треба да застане |
⚠️ Ако некој од резултатите не е ист нако што е посочено во табелата, не ја користете машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.
7.3 СТАРТУВАЊЕ
7.3.1 Стартување со батерија
- Извадете ја заштитата на сечилото (Сл. 1.Е) (ако е ставена);
- проверете дали ножот го допира теренот или други предмети;
- Вметнете ја батеријата во своето кукиште (Сл. 10.A);
- притиснете го безбедносното копче (Сл. 9.А)
- активирајте ги истовремено рачката за управување со сечилото (Сл. 9.В) и безбедносното копче (Сл. 9.С).
7.3.2 Стартување со симулатор на батерија (доколку е достапен)
- Заземете цврста и стабилна позиција
- проверете дали ножот го допира теренот или други предмети;
- правилно вметнете го симулаторот на батерија во своето кукиште во машината (Сл. 10.J)
- поврзете го кабелот со симулаторот на батерија (Сл.10.I)
- изберете ја батеријата со помош на избирачот (Сл. 5.В)
- притиснете го безбедносното копче (Сл. 9.А)
- активирајте ги истовремено рачката за управување со сечилото (Сл. 9.В) и безбедносното копче (Сл. 9.С)
7.4 РАБОТА
За да работите се машината, постапете како што следи:
- секогаш држете ја машината цврсто со двете раце, джејки го уредот со сечивото под линијата на рамениците
⚠️ Не вадете го исечениот материјал или држете го цврсто материјалот за сечење кога сечивото е во функција. Уверете се дека безбедносното копче е дезактивирано (изгасната сијаличка) кога ги вадите исечениот материјал.
ЗАБЕЛЕШКА За време на работата, батеријата е заштитена од комплетно празнење преку заштитниот уред кој што ја ислучува машината и ја блокира работата.
ЗАБЕЛЕШКА По една минута на неактивност, машината автоматски ће се ислучи.
7.4.1 Техника на работа
Секогаш се претпочита да се сече првиот и вториот ред вертикални израстоци на грмушката, а потоа легнатите делови.
ЗАБЕЛЕШКА Зачувувањето на енергија на батеријата (и со тоа е потребна површина за сечење пред полнењето) зависи од повеće фактори опишани во пас. 8.2.1.
7.4.1.a Вертикално сечење
Ножот треба да се постави со кружно движење оддолу нагоре со тоа што сечивото ће се држи што е можно подалеку од телото (сл. 11).
7.4.1.b Хоризонтално сечење
Најдобри резултати се добивают кога сечилото е благо закосено (5° - 10°) во насока на сечењето, проследено со кружно движење, бавно и без прекин, особено во случај на многу густа жива ограда (Сл. 12).
7.4.2 Совети за работа
Ако сечивото се блокира во текот на работата или се заплетка во гранките на грмушката:
- веднаш запрете ја машината (пас. 7.5);
- уверете се дека уредот со сечивото е застанат;
- извадете ја батеријата (пас. 8.2.2);
4.Извадете го заглавениот материјал.
7.4.3 Подмачкување на сечивата во текот на работата
Доколку сечилото се загрева за време на работата, треба да ги подмачкате внатрешните површини на сечилото (пас. 8.4).
Ova може да се изврши нога машината е исключена и батеријата е извадена од кућиштето (пас. 8.2.2).
7.5 ЗАПИРАЊЕ
За да ја исключите машината:
- Отпуштете ги рачката за управување со сечилото (Сл. 9.В) или безбедносното копче (Сл. 9.С);
- дезактивирајте го безбедносното копче (изгасната сијаличка) (сл. 9.A).
⚠️ Штом машината ће запре, потребни се неколку секунди пред да запре и сечилото.
Застанете ја секогаш машината: – при менување на локацијата на работа.
⚠️ При преместување, никогаш не држете го прстот врз безбедносното копче за да избегнете случајно палење.
7.6 ПО РАБОТАТА
7.6.1 По употреба со батерија
- Извадете ја батеријата од своето куќиште и наполнете ја (пас. 8.2.2).
- Кога сечилото е во мирување, ставете ја заштита на сечилото (Сл. 1.Е).
- Оставете моторот да се олади пред да ја складирате машината во затворен простор.
- Исчистете (пас. 8.3).
- Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте го овластениот сервисен центар.
7.6.2 По употреба со симулатор на батерија (доколну е достапен)
- Поставете го избирачот од ранецот за батерија на „OFF“ (Сл. 5.В);
- извадете го симулаторот на батерија од машината (Сл. 13.J);
- извадете го ранецот за батерија;
- извадете го кабелот од симулаторот на батерија (Сл.13.1) и од ранецот за батерија (Сл. 5.А)
- извадете ја батеријата од ранецот (Сл. 14) и наполнете ја (пас. 8.2.2);
- оставете моторот да се олади пред да ја складирате машината во затворен простор;
- Исчистете ја машината (пас. 8.3);
- Уверете се дека нема делови кои се оштетени или не се прицврстени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте го овластениот сервисен центар.
ВАЖНО Секогаш вадете ја батеријата (пас. 8.2.2) и ставете ја заштитата за сечилото секојпат кога ја оставате машината без надзор или нема да работите.
8. РЕДОВНО ОДРЖУВАНЬЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или несреći.
⚠️ Пред да интервенирате на кој било начин на машината:
- запрете ја машината;
- Извадете ја батеријата од своето кућиште и наполнете ја (пас. 8.2.2);
- со застанат уредот со сечивото, ставете ја заштитата за сечивото дури и при интервенција на самото сечиво;
- Оставете моторот да се олади пред да ја складирате машината во затворен простор;
- носете соодветна облека, заштитни ракавици и очила;
- прочитајте ги соодветните упатства,.
– Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во „Табелата за одржување“ (видете поглавје 14). Табелата ће ви помогне безбедно да ја одржувате машината и нејзината ефикасност.
Во неа се прикажани главните интервенции и предвидените интервали за секоја од ставките. Извршете ја постапката во предвидениот период.
– Користењето на неоригинални делови и додатоци може да има негативни последици врз функционирањето и сигурноста на машината. Производителот одбива секаква одговорност за штети предизвикани од споменатите производи.
– Оригиналните резервни делови се обезбедени од страна на Овластените центри за помош и Дилерите.
ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација коишто несе опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.
8.2 БАТЕРИЈА
8.2.1 Автономија на батеријата
Зачувувањето на енергија на батеријата (и со тоа е потребна површина за сечење пред полнењето) најчесто зависи од:
a. Факторите на средината на работа коишто предизвикуваат најголема потрошувачка на батеријата:
– сечење/кастрење на многу густа и влажна жива ограда;
– сечење/регулација на жбунови чии гранки се многу големи,
b. однесувањето на операторот кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во текот на работата,
– употреба на несоодветна техника за сечење во однос на работата што треба да се заврши (пас. 7.4.1);
– брзина на движење при сечењето којашто не е адаптирана на условите со грмушката што треба да се сече.
За да се зголеми автономијата на батеријата, секогаш треба:
- сечете ја грмушката кога е сува,
- применете брзина на движење што е соодветна за сечењето и условите со жбунот,
- користете ја најсоодветната техника за работа.
Во случај кога сакате да ја користите машината за многу долга работа и користите стандардна батерија, може:
- да набавите втора стандардна батерија за да ја замените веднаш потрошената батерија без да треба да ја прекинувате работата,
- купете батерија со поголема резервна моїност во споредба со стандардната батерија (пас. 16.1).
8.2.2 Исклучување и полнење на батеријата
- Притиснете го копчето за фиксирање што се наога во батеријата на машината (Сл. 13.А) или на ранецот за батерија (Сл. 14. А) (доколку е достапен);
- извадете ја батеријата од машината (Сл. 13.В) или од ранецот за батерија (Сл. 14.В) (доколку е достапен);
- ставете го акумулаторот (Сл. 15.А) во ку́киштето на полначот (Сл. 15.В);
- Поврзете го полначот (Сл. 15.В) во приклучница со напонот наведен на плочата со податоци;
- секогаш полнете ја докрај следејки ги упатствата дадени во упатството за батеријата/полначот за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата е опремена со штитник што спречува повторно полнење ако температурата на околината не е помеѓу 0 и +45 °C.
ЗАБЕЛЕШКА Акумулаторот може да се полни во секој момент, дури и делумно без ризик од оштетување.
8.2.3 Повторно поставување на батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
- Извадете ја батеријата од кукиштето на полначот (Сл. 16.А) (не ја оставајте да се полни, откако веће целосно се наполнила);
- Извадете го полначот (Сл. 16.В) од струја,
-
вметнете ја батеријата во своето кукиште во машината (Сл. 10.А) или во една од преградите на ранецот за батерија (Сл. 4) (доколку е достапен)
-
турнете ја за да влезе докрај, сё додека не слушнете кликнување што сигнализира дека батеријата се фиксирала во преградата, а потоа проверете го електричниот контакт.
8.3 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА И НА МОТОРОТ
За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ги машината, а особено моторот од остатоци од лисја, гранки и прекумерно масло.
- Секогаш чистете ја машината по употребата со чиста и мокра крпа потопена во неутрален детергент.
- Отстранете ги сите траги на влага со мека и сува крпа. Влагата остава простор за ризик од електричен удар.
- Не користете абразивни детергенти и растворувачи да ги исчистите пластичните делови или рачките.
- Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
- За да избегнете прегревање или оштетување на моторот или на батеријата, секогаш проверувајте дали решетката за воздух за ладење е чиста и без остатоци.
8.4 ЧИСТЕЊЕ И ПОДМАЧКУВАЊЕ НА СЕЧИЛОТО
По работата, мора да го исчистите и подмачкате сечивото за да му ја продолжите функцијата и долготрајноста:
Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте ја извадиле батеријата и ако уредот со сечивото не е застанат докрај.
- Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.
- Чистете го сечивото со сува крпа и користете лопатка ако има упорни дамки.
- Подмачкајте го сечивото внимателно нанесувајки слој на одреденото масло без да ја измачкате и делот на горниот крај на сечивото.
8.5 НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ
- Сите завртки, навртки и лостови треба да бидат добро прицврстени за да се осигурате дека опремата е безбедна за работа.
- Редовно проверувајте дали рачките се цврсто фиксирани.
9. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАНЬЕ
9.1 ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО
⚠️ Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте ја извадиле батеријата и ако уредот со сечивото не е застанат докрај.
Ако се користи во согласност со упатството, сечивото не бара никакво одржување или острење.
9.1.1 Контрола
⚠️ Повремено проверувајте дали се сечивата искривени, оштетени или изабени и дали се шрафовите соодветно затегнати.
Не е потребна регулација на растојанието меѓу сечивата бидејки движењето е веке поставено фабрички.
9.1.2 Острење
Острењето е неопходно кога изведбата на ножевите опаға и гранките се наведнуваат и честопати се заплеткуваат.
⚠️ Од безбедносни причини, острењето мора да се изведе во овластен сервисен центар кој располага со стручност и соодветни алатки за извршување; на оваа работа без да се ризикува оштетување на сечивото и да се предизвика небезбедна Costaјба во текот на работата.
⚠️ Ножот со оштетени сечива не смее никогаш да се остри, туку да се замени.
9.1.3 Замена
⚠️ Сечивото никогаш не смее да се поправа, туку мора да се замени штом ће се забележат зачетоци на оштетување или кога ће се достигне дозволениот лимит за острење. Од безбедносни причини, тоа треба да се замени во овластен сервисен центар.
Со оваа машина предвидено е да се користи сечивото коешто го носи кодот посочен во табелата сос технички податоци.
Заради развојот на производот, сечивата наведени во табелата "Технички податоци" треба со време да се заменат со други
со соодветни характеристики за замена и функционална безбедност.
10. СКЛАДИРАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните прописи што треба да се следат при складирање се наведени во пасус 2.4. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.
10.1 ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се одложи:
- извадете ја батеријата од своето куќиште и наполнете ја (пас. 8.2.2);
- Со застанат уред со сечивото, ставете ја заштитата на сечивото
- Оставете моторот да се олади пред да ја складирате машината во затворен простор;
- Исчистете ја машината (пас. 8.3);
-
Уверете се дека нема делови кои се оштетени или не се прицврстени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените завртки и навртки, или контактирајте го овластениот сервисен центар;
-
Складирајте ја машината:
– на суво место;
– заштитена од лошите временски услови;
– подалеку од дофат на деца;
– увервајки дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.
10.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Батеријата треба да се чува во средина без директна сончева светлина, на студени и места без влага.
ЗАБЕЛЕШКА Ако не ја користите подолг период, полнете ја батеријата на секои два месеца за да ѯ се продолжи животниот век.
11. РАКУВАНЬЕ И ТРАНСПОРТ
Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на машината потребно е:
– запрете ја машината (пас. 7.5);
– извадете ја батеријата од своето кукиште и наполнете ја (пас. 8.2.2);
– Со застанат уред со сечивото, ставете ја заштитата на сечивото
– носете заштитни ракавици за работа;
– Фатете ја машината само за држачите и насочете го уредот за сечење во правец спротивен од правецот на движење.
Кога ја транспортирате машината со возило, не заборавајте да:
– обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или синцири, – поставете ја така што нема да биде опасност за никого.
Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите интервенции и одржувања на косилката што не се дадени во ова упатство треба да се извршат од страна на Дилерот или Овластениот сервисен центар, бидејки имаат големо познавање и ракуваат со потребната опрема за правилно извршување на работата, земајки го предвид соодветниот степен на безбедност и состојбата на косилката. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се прекине важноста на гаранција и обврските на Производителот.
- Одржувањата и поправките под гаранција смее да ги врши само Овластениот сервисен центар.
- Овластените сервисни центри користат само оригинални резервни делови. Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
- Резервните делови и дополнителната опрема коишто не се одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални ја нарушуваат безбедноста на машината и го ослободуваат Производителот од секоја обврска или одговорност.
- Се препорачува да ја носите косилката една годишно во Овластениот сервисен центар за сервисирање и безбедносна проверка.
13. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Гаранцијата ги покрива сите штети на материјалите и производството. Корисникот треба внимателно да ги следи сите упатства кои се дадени до приложената документација. Гаранцијата не покрива штета предизвикана од:
- недоволно познавање на приложената документација;
- негрижа;
- неправилна или забранета употреба или монтажа;
- употреба на неоригинални резервни делови;
- користење на дополнителна опрема што не е испорачана или одобрена од страна на производителот.
Гаранцијата не покрива и:
- нормално абење на потрошните материјали како што се тркалата, сечилата, безбедносните завртки и жиците
-
нормално абење.
-
ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАНЬЕ
| Интервенција Период Забелешки | ||
| МАШИНА | ||
| Проверете ги сите спојки | Пред секоја употреба пас. | 8.5 |
| Безбедносни контроли / проверка на командите | Пред секоја употреба пас. | 7.2 |
| Проверка на состојбата на батеријата | Пред секоја употреба * | |
| Полнење на батеријата | На крајот на секоја употреба | пас. 8.2.2* |
| Чистење на машината и на моторот | На крајот на секоја употреба | пас. 8.3 |
| Чистење и подмачкување на сечилото | На крајот на секоја употреба | пас. 8.4 |
| Проверка на можни оштетувања на машината. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисен центар. | На крајот на секоја употреба | - |
| Контрола на уредот за сечење | На крајот на секоја употреба | пас. 9.1.1 |
| Острење на уредот за сечење | - пас. 9.1.2 | ** |
| Замена на сечилата | - пас. 9.1.3 | ** |
* Прочитајте во упатството за батеријата/полначот за батеријата.
** Работа што треба да ја изведе застапникот или овластен сервисен центар
- НЕСООДВЕТНА РАБОТА
| НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ | ||
| 1. Безбедносното копче е активирано, зелената сијаличка не се пали | Нема батерија или не е ставена правилно | Проверете дали батеријата е правилно вметната (пас. 8.2.3) |
| 2. Кога безбедносното копче е активирано, зеленото светло не се включува, ЛЕД индикаторот (Сл. 6.Ф) трепнува | Празна батерија Проверете ја состојбата на наполнетости наполнете ја батеријата (пас. 8.2.2) | |
| 3. Моторот се гаси во текот на работата | Батеријата не е правилно вметната Проверете дали батеријата е правилно вметната (пас. 8.2.3) | |
| 4. Моторот застанува во текот на работата и ЛЕД индикаторот (Сл. 6.Е) трепнува | Празна батерија Проверувајте ја состојбата на наполнетости наполнете ја батеријата. (пас. 8.2.2) | |
| 5. Со активирани рачката со командата за сечивото и безбедносното копче, уредот со сечивото не се врти | Тримерот е оштетен. | Не користете ја. Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во овластен сервисен центар. |
| 6. Уредот со сечивото се загрева премногу во текот на работата | Незадоволително подмачкување на сечивото | Исклучете ја машината, почекајте сечилото да запре, извадете ја батеријата и подмачкајте ги сечилата (пас. 8.4) |
| НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ | ||
| 7. Уредот со сечивотодопрел вод илиелектричен кабел | - НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО СЕЧИВОТО БИДЕЈКИИМА СТРУЈА ВО НЕГО И ПРЕТСТАВУВА ОГРОМНА ОПАСНОСТ! Фатете ја машината само за задната изолирана рачка и поставете ја на безбедно растојание од вас. Исключете го напојувањето за водот или кабелот и извадете ја батеријата пред да ги ослободите запчите на сечивото. | |
| 8. Уредот со сечивото удрил во страно тело. | - Застанете ја машината, | извадете ја батеријата и:– проверете дали има оштетувања,– проверете дали деловите се разлабавени и затегнете ги,– обезбедете замена или поправка на оштетените делови со резервни делови со соодветни карактеристики. |
| 9. Има бучава и/или прекумерни вибрации во текот на работата | Разлабавени или оштетени делови Застанете ја машината,извадете ја батеријата и:– проверете дали има оштетувања,– проверете дали деловите се разлабавени и затегнете ги,– обезбедете замена или поправка на оштетените делови со резервни делови со соодветни карактеристики. | |
| 10. Машината испушта чад во текот на работата | Тримерот е оштетен. Не користете ја. Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во овластен сервисен центар. | |
| 11. Автономијата на батеријата е незадоволителна | Условите за работа се многу тешки и бараат поголема потрошувачка на енергијата | Оптимизирајте ја работата (пас. 8.2.1) |
| Батеријата не е доволна за работните потреби | Користете и втора батерија или батерија со продолжено времетраење (пас. 16.1) | |
| Намален капацитет на батеријата Купете нова батерија | ||
| 12. Полначот не ја полни батеријата | Батеријата не е поставена правилно во полначот | Проверете дали е соодветно вметната (пас. 8.2.3) |
| Условите во средината за работа не се соодветни | Вклучете го полнењето во средина со соодветна температура (видете го упатството за употреба за батеријата/полначот за батеријата) | |
| Нечисти контакти Исчистете ги контактите | ||
| Нема напон кај полначот на батеријата | Проверете дали приклучокот е вметнат и дали има довод на ел. енергија | |
| Полначот на батеријата има дефект Заменете го дефектниот дел со оригинален | ||
| Ако истиот опстојува, проверете го упатството за батеријата / полначот за батеријата | ||
| 13. ЛЕД индикаторот (Сл. 6.F) постојано свети | Неуспешна самопроверка | Не користете ја машината.Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар. |
| 14. ЛЕД индикаторот (Сл. 6.F) трепка | Грешка во акумулаторот | Не користете ја машината.Веднаш застанете ја машината,извадете ја батеријата и обратетесе во сервисен центар. |
| Блокиран ротор | Не користете ја машината.Веднаш застанете ја машината,извадете ја батеријата и обратетесе во сервисен центар. | |
| Преголема потрошувачка на струја | Оптимизирајте ја употребата на машината. | |
Доколку проблемот продолжува и по употреба на опишаните решенија обратете се на вашиот продавач.
Достапни се батерии со различен капацитет за да одговараат на специфичните барања за работа (Сл. 17). Списокот на батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наога во табелата „Технички податоци“.
Уред што се користи за полнење на акумулаторот: брзо (Сл. 18.А), стандартно (Сл. 18.В).
Уредот се користи за поставување на двете батерии и ја обезбедува електричната енергија потребна за работа на машината. Обезбеден е со кабел што се користи за поврзување со машината (Сл. 1.1) и со избирач (Сл. 5.В) за избор на една од двете батерии (позиција „1“ и „2“) и „OFF“.
Уред што, кога е вметнат во кукиштето на машината, овозможува употреба на ранецот за батерија.
INHOUDSOPGAVE
- ALGEMEEN.... 1
- VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN....2
- LEER DE MACHINE KENNEN 4
МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.