PDV6075B - кујнска аспиратор PROGRESS - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PDV6075B PROGRESS во PDF формат.

📄 166 страници Македонски MK 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice PROGRESS PDV6075B - page 131
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : PROGRESS

Модел : PDV6075B

Категорија : кујнска аспиратор

SKIP

Frequently Asked Questions - PDV6075B PROGRESS

Преземете ги упатствата за вашиот кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PDV6075B - PROGRESS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PDV6075B на марката PROGRESS.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PDV6075B PROGRESS

ИНФОРМАЦИИ БЕЗБЕДНОСТ Пред билокаква операција за чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на домашниот мрежен прекинувач. За сите операции за монтажа и одржување да се користат работни

Овој апарат може да се користи од страна на деца од 8 години па нагоре и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или ако немаат искуство или знаење, доколку се под надзор или имаат добиено инструкции за употреба на апаратот на безбеден начин и ги разбираат опасностите поврзани со него. Треба да се внимава децата да не си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не треба да го прават деца без надзор. Просторијата мора да биде доволно проветрена кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со апарати кои согоруваат гас или други горива. Аспираторот мора редовно да се чисти како од внатрешноста така и од надворешноста (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО), во секој случај потребно е да се постапува во согласност со упатствата за одржување дадени во овој

Ако не се следат упатствата во однос на аспираторот и чистењето на филтрите ќе доведе до ризик од пожари. Строго се забранува фламбирање на храната под самиот аспиратор. Употребата на отворени пламени е штетна за филтрите и може да предизвика ризик од пожар и поради тоа мора да се избегнува во сите

Секое пржење мора грижливо да се направи со цел да се спречи да не дојде до презагревање на маслото и пламнување. Внимание! Кога плочата за готвење е во функција пристапните делови од аспираторот можат да се загреат.132 progress ИНСТРУКЦИИ ЗА

За замена на сијалицата користете само од типот на сијалица наведен во делот одржување/ замена на сијалицата во овој прирачник. Внимание! Да не го поврзувате апаратот со електричното напојување сè додека монтажата не биде целосно комплетна. Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за исфрлање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од локалните надлежни власти. Издувниот воздух не смее да се предава во активен оџак за чад створен од апарати кои согоруваат гас или други горива. Да не го користите или оставате аспираторот без правилно монтирани сијалици поради можниот ризик од електричен удар. Никогаш не користете го аспираторот ако ја немате правилно монтирано решетката! Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како површина за поддршка доколку не е прецизно наведено. Користете ги само завртките за прицврстување обезбедени со производот за монтирање или ако не се обезбедени набавете го точниот тип на завртки. Користете ја точната должина за завртките што се наведени во Упатството за монтирање. Во случај на сомневање, консултирајте се со овластениот центар за техничка поддршка или персонал со слични квалификации. Внимание! Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до опасности од електрична природа. Eколошка прашања Рециклирајте ги материјалите со симболот . Ставете ја амбалажата во соодветни контејнери за да ја рециклирате. Помогнете во заштитата на живтната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од електрични и електронски апарати. Не фрлајте ги апаратите озанчени со симболот во отпадот од домаќинството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет за рециклирање или контактирајте ја вашата општинска канцеларија.

Аспираторот може да се користи во варијанта со надворешно исфрлање на издувниот воздух , или во варијанта со филтер со кружно струење на воздухот .

Главното струјно напојување мора да одговара со оптегот покажан на етикетата за карактеристиките ставена внатре во аспираторот. Ако аспираторот оди со приклучник поврзете го во штекерот во согласност со струјните прописи и позициониран на пристапно место дури и по монтажата. Ако не е снабден со приклучник (директна врска со електричното напојување) или ако приклучникот не е лоциран на пристапно место, дури и по монтажата, применете би-поларен прекинувач во согласност со стандардите кој обезбедува комплетно исклучување на електричното напојување под услови поврзани со преоптоварување на мрежата категорија III, во согласност со упатството за монтажа. Предупредување! Пред (повторно) поврзување на колото од аспираторот со електричното напојување и проверувањето на функционалноста, секогаш проверете дали струјниот кабел е правилно монтиран.progress 133 Минималното растојание помеѓу површината на плочата од шпоретот за поддршка на садовите за готвење и долниот раб на аспираторот не смее да биде помало од 45cm за електричните шпорети и 55cm за комбинираните или шпоретите на гас. Ако упатствата за монтирање на шпоретот на гас прецизираат поголемо растојание, тоа треба да се земе в предвид.

Предупредување! Пред било каква операција на чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на струјниот приклучник или со исклучување на генералниот домашнен мрежен прекинувач. Аспираторот треба редовно да се чисти (најмалку со истата зачестеност со која се врши одржувањето на филтерите за масти) како од внатрешната така и од надворешната страна. За чистењето користете крпа навлажнета со течни неутрални детергенти. Не користете производи кои содржат абразиви. НЕ КОРИСТЕТЕ

Предупредување! Непочитувањето на упатствата за чистење на аспираторот и замена на филтрите може да доведе до ризик од пожари. Се препорачува придржување до предложените упатства. Се одбива било каква одговорност за евентуални оштетувања на моторот или пожар предизвикан како резултат на неправилно одржување или неследење на наведените упатствата. Филтер за маснотии - Филтерот за маснотии треба да се мие еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење на садови на ниски температури и со краток циклус. Со перењето во машина за миење на садови филтерот за маснотии може малку да ја изгуби бојата но неговите карактеристики за филтрирање остануваат непроменети. Филтер со активен јаглен што НЕ се пере Заситувањето на филтерот од јаглен настапува по повеќе или помалку продолжена употреба во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за масти. Во секој случај потребно е да се замени чаурата најмалку на секои 4 месеци. НЕ може да се пере или обновува.134 progress

Аспираторот се испорачува со командна табла со регулатор на брзините на аспирација и регулатор за осветлувањето на плочата за готвење. Користете ја најголемата брзина во случај на вонредна концентрација на пареи во кујната. Ви препорачуваме да го вклучите вшмукувањето 5 минути пред да започнете со готвењето и да го оставите да работи уште околу 15 минути по завршување на готвењето. Командите се наоѓаат на предната табла од апаратот:

T1 Копче за 1-ва брзина (моќност) на всмукување: T2 Копче за 2-ра брзина (моќност) на всмукување: T3 Копче за 3-та брзина (моќност) на всмукување: T4 Копче за вклучување/исклучување на 4-та брзина (моќност) на всмукување Забелешка: 4-тата брзина (моќност) на всмукување останува во функција 5 минути а потоа се враќа на претходната поставка. T5 Копче за контрола на заситеноста на

T6 Копче за исклучување на брзината Копче за активирање-деактивирање на контролната табла T7 Копче за вклучување/исклучување на

Копче за активирање/деактивирање на контролата на заситеност на филтерот на

Функција за задоцнето исклучување на брзината (моќноста) на всмукување: Одберете ја посакуваната брзина и притиснете го истото копче повеќе од 2 секунди, копчето засветува за да го сигнализира активирањето на функцијата. Притиснете уште еднаш за да ја деактивирате функцијата. Одбраната брзина се исклучува по: 1-ва брзина (моќност) на всмукување: 20 минути 2-ра брзина (моќност) на всмукување: 15 минути 3-та брзина (моќност) на всмукување: 10 минути 4-та брзина (моќност) на всмукување: 5 минути Функција за активирање – деактивирање на контролната табла Притиснете го копчето T6 повеќе од 5 секунди Функција за активирање – деактивирање на контролата на заситеност на филтерот на

При исклучен аспиратор притиснете го копчето T7 повеќе од 5 секунди. Копчето T5 засветува: 2 пати за да сигнализира дека е активирана контролата на заситеност на филтерот на јаглен еднаш за да сигнализира дека е деактивирана контролата на заситеност на филтерот на јаглен Функција за контрола и ресетирање на заситеноста на филтрите Во редовни интервали, на основа на времето на користење на аспираторот, копчето T5 засветува за да сигнализира дека е потребно да се изврши сервисирање на филтрите на основа на сигнализациите дадени во соодветните

Копче T5 запалено со фиксно светло: потребно е да се изврши сервисирање на филтерот за

Копче T5 запалено со трепкаво светло: потребно е да се изврши сервисирање на филтерот на

Ресетирање на индикаторот за заситеност на

При исклучен аспиратор притиснете го копчето T5 повеќе од 2 секунди. Повторете ја операцијата ако е потребно.progress 135 Hob2Hood Аспираторот се испорачува со безжична функција на поврзување со плочата за готвење за автоматско прилагодување на најсоодветна брзина. Консултирајте се со упатствата за плочата за готвење и проверете го присуството и компатибилноста на оваа функција. При првото поврзување со електрична енергија или при ненадеен прекин на електричното напојување (куршлус) почекајте 1 минута за да му овозможите на аспираторот повторно да се поврзе со плочата за готвење. Единица за осветлување Аспираторот е опремен со систем за осветлување базиран на технологијата на LED. LED светилките гарантираат оптимално осветлување, имаат околу 10 пати подолг век од традиционалните светилки и овозможуваат заштеда на електрична енергија и до 90%. Внимание! Не гледајте директно во LED