PDK9040E - кујнска аспиратор PROGRESS - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PDK9040E PROGRESS во PDF формат.
Прашања на корисниците за PDK9040E PROGRESS
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кујнска аспиратор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PDK9040E - PROGRESS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PDK9040E на марката PROGRESS.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PDK9040E PROGRESS
Пред да го инсталирате и користите уредот, внимателно прочитајте ги дадените упатства. Производителот не е одговорен за било какви повреди или штети кои се резултат на неправилно приклучување или употреба на уредот. Овој прирачник треба да се чува на сигурно и лесно достаточно место за подоцнежна употреба.
Безбедност на деца и лица со посебни потреби
- Овој уред може да се користи од страна на деца кои имаат навршено најмалку осум години, како и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или лица без релевантно искусство и знаење само под услов кога на ваквите лица им е обезбеден соодветен надзор или упатување на таквите лица како да го користат уредот на безбеден начин кој гарантира дека ги разбираат придружните ризици.
- Деца на возраст од 3-8 години и лица со посебни потреби сд екстензивен и комплексен карактер не смеат да имаат пристап до уредот доколку не им се обезбеди постојан надзор.
- Деца на возраст под 3 години не смеат да имаат пристап до уредот доколку не им се обезбеди постојан надзор.
- Деца не смеат да го користат уредот како играчка.
- Деца не треба да имаат контакт со опаковката, отстранете ја на соодветен начин.
- Деца и животни не смеат да имаат пристап до уредот додека работи.
- Деца не смеат да вршат работи за чистење или одржување на уредот без надзор.
Општи правила за безбедност
- Уредот е наменет за домашна употреба, над печки, шпорети и други слични апарати за готвење.
- Пред да се пристапи кон било какви работи за одржување уредот мора да се исклучи од изворот на електрично напојување.
- ВНИМАНИЕ: Деловите до кои имате пристап, може да се загреат при употребата со уреди за готвење.
• За монтирање на уредот користете ги ислучиво завртките испорачани со уредот; доколку тие не се испорачани користете
завртки препорачани во инструкциите за инсталација.
- Не користете лепила за да го прицврстите уредот.
- Минималното растојание помеѓу површината на вградната плоча на која се наоға приборот за готвење и долниот дел од уредот би требало да биде 65 см, освен ако не е поинаку наведено во инструкциите за инсталација. Ако во упатствата за инсталација на вградната плоча е наведено поголемо растојание тоа треба да се земе предвид.
- Испуштањето на издувниот воздух треба да биде во согласност со законите што се применуваат на локално ниво.
- Во просторијата каде што е инсталиран уредот, треба да се обезбеди добра вентилација за да се избегне ризикот од враќање на несаканите гасови назад во просторија во која има апарати кои согоруваат гас и други горива, а вклучуваат отворен орган.
- Осигурајте се дека отворите за вентилација не се блокирани и воздухот што е земан апаратот да не се доставува до цевка која се користи за вентилација на чад и пареа од други уреди (централно греење, термосифон, бојлери итн.).
• Додека уредот работи со други уреди, максимальниот вакуум генериран во просторијата не треба да надминува 0,04 mbar.
- Внимавајте да не го оштетите кабелот за напојување. За замена на оштетениот кабел за напојување, контактирајте го нашиот овластен сервисен центар или електричар.
- Ако уредот е директно поврзан со извор на енергија, електричната инсталација мора да биде опремена и со раздвојувач/прекинувач, кој ње овозможи уредот да биде целосно ислучен од изворот на напојување. Целосното ислучување мора да ги исполнува наведени условите од III категорија при зголемен напон. Уредот што се користи за ислучување мора да биде поврзан на постојната мрежа, во согласност со принципите за поврзување електрични инсталации.
- Не фламбирајте под уредот.
- Не користете го уредот за да вшмукување на материи и пареа од опасни или експлозивни супстанции.
- Уредот треба редовно да се чисти за да се спречи уништување на површинскиот материјал.
- Редовно чистете го уредот со мека крпа.
- За чистење на површината на уредот не користете средства за
чистење со пареа, воден млаз, абразивни средства за чистење или остри метални стругалки. Користете ислучиво неутрални детергенти.
- Редовно чистете ги филтрите за маснотии (минимум еднаш на два месеци) и отстранувајте ги масните наслаги од уредот за да спречите опасност од пожар.
- За чистење на внатрешноста на уредот користете крпа или четка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од повреда, електричен удар, изгореници или оштетувања на уредот.
- Инсталирањето на уредот може да го врши само квалификувано лице.
- Не инсталирајте и не користете оштетен уред.
- Следете ги инструкциите за инсталирање испорачани со уредот.
- Со оглед на големата тежина на уредот, секогаш при неговото преместување бидете ислучително внимателни. Секогаш користете заштитни ракавици и полни, тврди чевли.
- Пред да го инсталирате уредот, целосно отпакувајте го и отстранете ги етикетите и заштитната фолија.
- Не го испуштајте воздухот низ отвор во сидот, освен ако отворот не е дизајниран за таа намена.
Приклучување во струја

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од пожар и струен удар.
- Електричното поврзување треба да го направи квалификуван електричар.
- Проверете дали параметрите на табличката со податоци се во согласност со карактеристиките на изворот на енергија.
- Ако символот (回) не се наога на табличката со податоци, уредот мора да биде заземјен..
-
Секогаш користете правилно инсталиран и целосно изолиран приклучок.
-
Не оставајте кабелот за напојување да виси.
- Не користете адаптери со повеće прилучоци или продолжни кабли.
- Ако штекерот е лабав, не поврзувајте го уредот со него.
- Не исклучувајте го уредот со влечење на кабелот за напојување. Секогаш исклучувајте држејки за приклучокот.
- Заради заштита од струен удар од деловите под напон и изолираните делови мора да се монтира така што їе се спречи негово расклопување без алатки.
- Осигурајте се дали уредот е правилно инсталиран. Лабавиот и несоодветен кабел за напојување може да предизвика прегревање на контактите.
- Уредот треба да се поврзе откако ке се инсталира. По инсталацијата осигурајте се дали има достапен извор на енергија.
Употреба

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од повреда, изгореници и струен удар.
- Уредот е наменет само за готвење. Не користете го уредот за цели различни од оние што се наведени.
- Не менувајте ги спецификациите на уредот.
- Не користете го уредот со мокри раце или кога сте во контакт со вода.
- Употребувајте ислучиво додатоци испорачани со уредот.
-
За време на готвењето и пржењето, мастите и маслата не смеат да дојдат во допир со пламен или топли предмети.
-
Не користете непокриени решеткасти уреди за готвење.
- Не користете го уредот како простор за чување на други предмети.
- Не користете лупа, очила или други слични оптички уреди за директно гледање на изворот на светлина на уредот.
Сервисирање
- За поправка на уредот, контактирајте го овластениот сервисен центар.
- Користете само оригинални резервни делови.
Отстранување

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ризик од еда или задушување.
- Информации за правилно отстранување на уредот може да се добијат со контактирање на локалните власти.
- Исклучете го уредот од изворот на напојување.
- Исечете го кабелот за напојување близу до телото на уредот и фрлете го.
ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА
Рециклирајте ги материјалите со симболот

. Ставете ја амбалажата во соодветни контејнери за да ја рециклирате.
Помогнете во заштитата на живтната средина и човековото здравје и рециклирајте го отпадот од електрични и електронски апарати. Не
фрлајте ги апаратите озанчени со символот во отпадот од дома Kinството. Вратете го производот во вашиот локален капацитет за рециклирање или контакрајте ја вашата општинска канцеларија.

МЕТОДИ НА ИНСТАЛАЦИЈА
Аспираторот може да биде во филтрациска или каналска верзија. Треба да одлучите кој тип да се монтира.
За подобри перформанси, Ви препорачуваме аспираторот да се монтира во каналска верзија (доколку тоа е можно).

Каналска верзија
Аспираторот го прочистува воздухот и го исфрла надвор преку издувниот канал.

Филтрациска верзија
Аспираторот го прочистува воздухот и го врака веке прочистениот воздух повторно во просторијата.
ОДРЖУВАЊЕ
филтрите за маснотии да се чистат во зависимост од нивото на користење, најмалку на секои два месеци, за да се спречи опасност од пожар.
Да се чистат рачно или во машина за садови, користејки неутрален детергент. Во случај на чистење во машина за садови, потенцијалната промена на бојата на филтрите не влијае на каков било начин врз нивното функционирање.

Активираниот јаглен филтер не може да се чисти и да се регенерира. Мора да се замени со нов – од прилика на секои четири месеци користење или почесто, во случај на особено интензивно користење.

A - включување на светлото.
В - вклучување (прва брзина на моторот) / исклучување.
С - втора брзина на моторот.
D - трета брзина на моторот.

flowchart
graph TD
A["A"] --> B["B"]
B --> C["C"]
C --> D["D"]
style A fill:#fff,stroke:#000
style B fill:#fff,stroke:#000
style C fill:#fff,stroke:#000
style D fill:#fff,stroke:#000
ЕДИНИЦА ЗА ОСВЕТЛУВАЊЕ
Аспираторот треба да се исклучи од електрично напојување.

Предупредување! Пред да ги допрете
светилките, треба да сте сигурни дека тие се оладени.
Заменете со светилки од ист тип (CANDLE LED 4W, 220-240V, E14, ø37mm).

МК Предупредување! Пред да започнете со монтажа, прочитајте ги информациите за безбедност.
Предупредување! Немонтирањето на завртки и уреди за прицврстување во согласност со овие упатства може да доведе до опасности од електрична природа.