TGR120NC6 - Котел GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот TGR120NC6 GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Електричен бојлер со акумулација |
| Бренд | Горење |
| Модел | TGR120NC6 |
| Волумен | 120 литри |
| Номинален притисок | 0,6 MPa |
| Тежина празен / со вода | 38 kg / 158 kg |
| Приклучена моќност | 2000 W |
| Напон | 230 V ~ |
| Време на загревање до 75°C | 4 h 35 min |
| Потрошувачка на енергија за 24 часа | 2,60 kWh |
| Антикорозивна заштита | Емајлиран + магнезиумска анода |
| Висина (A) | 1090 mm |
| Ширина (B) | 865 mm |
| Длабочина (C) | 205 mm |
| Препорачано растојание до таванот (G) | 300-350 mm |
| Воден приклучок | 1/2" (навој) |
| Тип на приклучок | Затворен (притисок) или отворен (без притисок) |
| Класа на заштита | Не е прецизирано (IP? Проценка IP24) |
| Регулабилен термостат | 25°C до 75°C |
| Одржување | Надворешно чистење со благ детергент; проверка на анода на секои 36 месеци |
| Антикорозивна гаранција | Под услов на редовни контроли |
Често поставувани прашања - TGR120NC6 GORENJE
Прашања на корисниците за TGR120NC6 GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Котел во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник TGR120NC6 - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. TGR120NC6 на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК TGR120NC6 GORENJE
Почитуван купувачу, ви благодариме за довербата што ни ја искажувате со купувањето на нашиот производ!
ВЕ МОЛИМЕ, ПРЕД ВГРАДУВАЊЕТО И ПРВАТА УПОТРЕБА НА ГРЕАЛКАТА ЗА ВОДА, ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ НАШИТЕ УПАТСТВА.
Грејачот е изработен согласно со важечките стандарди и официјално испитан, исто така за него се издадени цертификат за безбедност и цертификат за електромагнетна компатибилност. Неговите основни технички карактеристики се наведени на натписната табличка, која е залепена помеѓу приклучните цевки на апаратот. Приклучувањето на бојлерот кон електричната или водоводната мрежа може да го врши само оспособено стручно лице. Посегањата во неговата внатрешност поради поправки, одстранување на водниот камен или поради проверка или заменување на противкорозијската заштитна анода, може да ги врши само овластена сервисна служба.
ВГРАДУВАЊЕ
Греалката вградете ја што поблиску до изливното место. Доколку греачот ќе го вградите во просторот каде што се наоѓа кадата за бањање или туширање, треба задолжително да се почитуваат барањата на стандардот IEC 60364-7-701 (VDE 0100, Teil 701). На ѕидот прицврстете го со две завртки за ѕидови, со номинален пречник од најмалку 8 mm. Ѕидовите и таваните со слаба носивост морате, на местото каде што ќе ја прикачите греалката, соодветно да ги зајакнете. Греалките прицврстувајте ги на ѕид само вертикално. Поради полесната контрола и менувањето на магнезиум анодата ви препорачуваме помеѓу врвот на греачот и таванот да оставите доволно слободно место (гледај ја изведбата Г на шемата на приклучни измери). Во спротивен случај ќе треба при спомнатиот сервисен зафат греачот да се демонтира од таванот.
1) Време на загревање на целокупната зафатнина на греалката со електричниот грејач при влезна температура на студена вода од водовод до 15 °C. 2) Енергиските загуби при одржувањето на постојаната температура во греалката на 65 °C и при температура на околината 20 °C, мерени според EN 60379.
| A | B | C | D | E | F | ||
| TGR 30 N | 468 | 275 | 173 | - | 454 | 461 | 80 |
| TGR 50 N | 570 | 365 | 185 | - | 454 | 461 | 130 |
| TGR 80 N | 775 | 565 | 190 | - | 454 | 461 | 180 |
| TGR 100 N | 935 | 715 | 200 | - | 454 | 461 | 260 |
| TGR 120 N | 1090 | 865 | 205 | - | 454 | 461 | 260 |
| TGR 150 N | 1305 | 1065 | 220 | - | 454 | 461 | 260 |
| TGR 200 N | 1514 | 1050 | 444 | 800 | 500 | 507 | 260 |
G

Приклучни и монтажни димензии на греалката [mm]
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ВОДОВОДНА МРЕЖА
Доведувањето и одведувањето на водата се означени со боја. Доведувањето на ладна вода е означено со модра боја, а одведувањето на топлата вода со црвена боја.
Бојлерот можете да го приклучите кон водоводната мрежа на два начина. Затворениот систем на приклучување (под притисок) ви овозможува одзем на вода на повеќе места. Отворениот систем на приклучување (проточен) ви дозволува само едно одземно место. Избраната изведба на приклучувањето бара вградување на соодветна батерија за мешање. Отворениот (проточен) систем на приклучување бара вградување на проточна мешална батерија. Задолжително е вградувањето на неповратен вентил, кој го спречува празнењето на котелот назад во водоводната мрежа, во случај на редукција на вода. Поради ширењето на водата при греењето се зголемува волуменот, што предизвикува појава на капки вода на одливната цевка на мешалната батерија. Јакото затегнување на вентилот на мешалната батерија нема да ја спречи појавата на капки вода, но може да предизвика расипување на мешалната батерија.
Затворениот систем на приклучување, на одземните места бара вградување на мешална батерија за работа под притисок. На доводната цевка поради безбедност на работењето задолжително треба да се вгради сигурносен вентил или сигурносна група, која спречува повишување на притисокот во котелот за повеќе од 0,1 MPa над номиналниот. Одводниот отвор на безбедносниот вентил треба задолжително да има излез за атмосферскиот притисок.
Поради ширењето на водата при греењето, во котелот се зголемува притисокот до онаа граница која ја дозволува сигурносниот вентил. Бидејќи враќањето на водата назад во водоводната мрежа е спречено, може да дојде до појава на капки вода од одводниот отвор на сигурносниот вентил. Капките вода можете да ги одведете во одводот со помош на посебна инка која ќе ја наместите под сигурносниот вентил. Одводната цевка наместена под испустот на сигурносниот вентил мора да биде наместена во насока право надолу и во место каде што не замрзува. Во случај ако поради несоодветно изведената инсталација немате можност водата што капи од повратниот безбедносен вентил да ја спроведете во одводот, капењето можете да го избегнете ако кај доводната цевка на грејачот вградите експанзионен сад со волумен од 3 л.
За правилно работење на безбедносниот вентил треба самите периодично да вршите контроли. При проверката треба со поместување на рачката или со одвртување на матицата на вентилот (зависно од видот на вентилот) да го отворите истекувањето од повратниот безбедносен вентил. При тоа, низ млазницата на вентилот за истекување треба да протече вода, што е знак дека вентилот е беспрекорен.
![graph LR A["Top Tank"] --> B["Valve"] B --> C["Valve 1"] B --> D["Valve 2"] B --> E["Valve 3"] B --> F["Valve 4"] B --> G["Valve 5"] B --> H["Valve 6"] B --> I["Valve 7"] J["Tank"] --> K["Flow Line"] L["Hank"] --> M["Flow Line"]](/content/2026/02/416723/images/9b2356590c20c827971415469ec90eb3601271624c0aee928e0c2ec3b2ee81e9.jpg)
Затворен систем (со притисок)
![graph TD A["Top Tank"] --> B["Valve 1"] B --> C["Valve 2"] C --> D["Valve 3"] D --> E["Valve 4"] E --> F["Valve 5"] style A fill:#f9f,stroke:#333 style F fill:#bbf,stroke:#333](/content/2026/02/416723/images/6faec4719120a140930f71b37dc7447de7126fffc8563460f99bcaf1af66394f.jpg)
Отворен систем (прелевен)
Легенда:
1 - Сигурносен вентил 2 - Пробен вентил 3 - Неповратен вентил 4 - Редуционен вентил за притисок 5 - Затворен вентил
6 - Пробна наставка 7 - Одливник со приклучок на одвод Н - Ладна вода T - Топла вода
Помеѓу греалката и повратниот сигурносен вентил не смеете да вградите затворен вентил бидејќи со тоа ќе го оневозможите делувањето на повратниот сигурносен вентил.
Греалката можете да ја приклучите на водоводна мрежа без редукционен вентил ако притисокот во мрежата е понизок од 0,5 МРа (5 бара). Ако притисокот е поголем од 0,5 МРа (5 бара), задолжително треба да се вгради редукционен вентил.
Пред приклучувањето на електрична мрежа, греалката мора најпрвин да ја наполните со вода. Кај првото полнење, отворете ја рачката за топла вода на батеријата за мешање.
Греалката е наполнета кога водата протекува низ изливната цевка на мешалната батерија.
ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА
Пред приклучувањето во електрична мрежа, треба во греачот да се вгради врвка за приклучување, со минимален пресек од 1,5 мм² (H05VV-F 3G 1,5 мм²). Затоа морате да го извадите пластичниот заштитен капак.
Приклучувањето на греалката на електрична мрежа мора да се изведува согласно со стандардите за електрични инсталации. Помеѓу греачот на водата и трајната инсталација треба да биде вградена справа за одделување на сите полови на мрежата за напојување, во согласност со националните прописи за инсталирање.
Легенда:
1 - Термостат и двополен топлотен осигурувач
2 - Грејач
3 - Приклучна спојка
4 - Контролна ламбичка
L - Фазен спроводник
N - Неутрален спроводник
½ - Заштитен спроводник

Шема на електрично поврзување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: пред секое посегање во нејзината внатрешност, морате греалката обврзно да ја исклучите од електричната мрежа.
УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ
По приклучувањето на водоводната и електричната мрежа, бојлерот е спремен за употреба. Со вртењето на копчето на термостатот, кое е на предната страна на заштитниот капак, ја бирате саканата температура на водата помеѓу 25 и 75°C. Ви го препорачуваме местењето на копчето во положба „есо“, бидејќи таа положба е најекономична. Тогаш температурата на водата е приближно 55°C и излачувањето на водниот камен и топлотните загуби се доста помали отколку кај местењето на повисока температура. Дејствувањето на бојлерот ви го сигнализира контролната сијаличка. На обемот греачот има биметален термометар што се поместува во насока на движењето на стрелката на часовникот (во десно), доколку во греачот е присутна топлата вода. Кога подолго време не намеравате да го употребувате бојлерот, да не дојде до замрзнување на водата, не исклучувајте го од електричната мрежа, туку поставете го копчето на термостатот во положба „*“. На тој начин бојлерот ќе одржува температура од приближно 10°C. Ако бојлерот го исклучите од електричната мрежа и ако постои опасност дека може да замрзне, морате да ја испуштите водата.
Водата од греачот се празни низ доводната цевка на греачот. Во таа намена препорачливо е при вградувањето помеѓу безбедносниот вентил и доводната цевка на греачот да се намести посебен фитинг (Т-парче) или вентил за пуштање. Греачот можете да го испразните и непосредно низ безбедносниот вентил со поместување на рачката, односно вртливата мала капа на вентилот во положба како при проверувањето на работењето. Пред испразнувањето треба греачот да се исклучи од електричната мрежа и потоа да се отвори рачката за топла вода на приклучената батерија за мешање. После празнењето на водата низ доводната цевка во греачот останува помало количество на вода што истекува при потргнувањето на прирабницата за греење низ отворот на прирабницата за греење.
Надворешноста на бојлерот чистете ја со благ раствор на прашок за перење. Не употребувајте разредувачи или груби средства за чистење. Со редовни сервисни прегледи можете да осигурате долг животен век на бојлерот и совршено работење. Гаранцијата против рѓосување на котелот е важечка само доколку сте ги изведувале пропишаните редовни прегледи за потрошеноста на заштитните аноди. Периодот помеѓу два редовни прегледи не смее да биде подолг од 36 месеци. Прегледите мора да ги изведе овластен сервисер, којшто секој преглед ќе ви го забележи во гаранцискиот лист на производот. Потребно е да се провери истрошеноста на противкорозивната заштитна анода и по потреба да се очисти водниот камен што се собира во внатрешноста на бојлерот. Истовремено сервисната служба, според согледаната состојба, ќе ви го препорача датумот за следната контрола.
Ве молиме, евентуалните оштетувања на греалката да не ги поправате сами, туку за тоа да го повикате најблискиот овластен сервис.