1470 AJ - Мултифункционални алати SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 1470 AJ SKIL во PDF формат.
Frequently Asked Questions - 1470 AJ SKIL
Прашања на корисниците за 1470 AJ SKIL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Мултифункционални алати во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 1470 AJ - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 1470 AJ на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 1470 AJ SKIL
- Овој алат е наменет за пилење и сечење дрво, пластика, гипс, метали и меки сидни плочки, како и за суво брусење на мали површини
- Благодарение на осцилирачкиот погон, додатокот се закосува до 22000 пати во минута за 3° со што алатката е особено погодна за прецизна работа на рабови, во тесни и на други тешко достапни места
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- На овој алат може да се постават вообичаените додатоци за повећенаменските алати, включително и постојните додатоци на BOSCH OIS ③
- Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување ④
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ①
ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ ②
A Шраф за стегање со дихтунг
В Хексагонален клуч
С Подлошка за брусење
D Уред за отстранување прашина
Е Прекинувач за включување/исклучување
F Тркало за избор на брзината
G Отвори за вентилација
Н Сегмент со сечиво
J Сечиво со забивање (дрво, 20 мм)
К Хартија за брусење (груба)
L Хартија за брусење (фина)
М Додаток за прилагодување длабочина *
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Сите упатства мора да се
прочитаат. Непочитување на долу наведените упатства може да предизвика струен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги сите предупредувања и напатствија за во иднина. Поимот "електричен алат", кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приключен кабел).
1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина.
Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа.
с) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото наде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Нинако не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, rerни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
с) Чувајте го уредот подалену од дожд и влага.
Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар.
d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате полначот надвор,
користете продолжен кабел кој е соодветен за
употреба на отворен простор. Примената на
продолжен кабел соодветен за работа на отворен
простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.
3) БЕЗБЕДНОСТ НА ЛУГЕ
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеиозни повреди.
b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.
с) Избегнувајте невнимателно включување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите
штекерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приключен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди.
d) Пред включување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наога во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.
e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата, облеката и ранавиците држете ги подалену од деловите кои се движат. Комотната облека, накитот или долгата коса може да бидат фатени во деловите кои се движат.
g) Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и фајање прашина, проверете дали се включени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.
4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАНЬЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат ће работите подобро и посигурно во наведената функционална област.
b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеće не може да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се поправи.
с) Извлечете го штекерот од приклучокот пред извршување на било какви подесувања на апаратот, замена на приборот или складирање. Со овие мерки на внимателност їе се избегне невнимателното вклучување на уредот.
d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство.
Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица.
e) Одржувајте го уредот со внимание. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на
начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја само на обучен, стручен кадар на овластен сервисер, и само со оригиналните резервни делови. На тој начин ће се обезбеди уредот да остане со зачувана безбедност.
БЕЗБЕДНОСНО УПАТСТВО ЗА ПОВЕЙЕНАМЕНСКИ АЛАТИ
ОПШТИ
- Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
- Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
- Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот (алатите за напон од 230V или 240V исто така може да се поврзат и на напон од 220V)
- Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во местото каде работите; тргнете ги пред да почнете со работа
- Зацврстете го материјалот кој го обработувате (обработка која е зацврстена со стеги или во менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
- Не обработувајте никаков материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
- Обезбедете се алатот да е ислучен од струја пред да вршите било какво подесување или замена на приборот
- Кога работите, цврсто држете го алатот со двете раце и заземете безбеден став
- Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на алатот кои се движат; кабелот држете го на задната страна, на страна од алатот
- Носете заштитни ракавици нога ги менувате додатоците (контакт со додаток може да доведе до повреда)
- Во случај да дојде до електричен или механички дфект, веднаш исключете го алатот и исключете го од приклучокот
- Ако кабелот се оштети или пресече за време на работата, веднаш исключете го и не го допирајте
- Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен; замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
- Кога ќе ја завршите работата со алатот, исключете го моторот и проверете дали сите подвижни делови се застанати ПРИ ПИЛЕЊЕ/СЕЧЕЊЕ
-
Држете го алатот за изолираните површини за зафаћање кога извршувате работа при која што дополнителната опрема за сечење може да дојде во контакт со сокриените жици или со кабелот (ако дополнителната опрема за сечење дојдат во контакт со жица под напон може да ги електрифицираат металните делови на алатот и да предизвикаат електричен удар на операторот)
-
Држете ги рацете подалеку од областа за сечење. Никогаш не допирајте под материјалот од која било причина додека сечете
- Користете соодветни детектори за наогање на скриени инсталации или повикајте соодветна компанија за помош (контактот со електричните линии може да доведе до струен удар; оштетувањата во гасоводна цевка може да резултира со експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација може да доведе до оштета на предмети или електричен удар)
- Не користете сечиво што е напукнато, деформирано или тапо ПРИ БРУСЕЊЕ
- Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да шредизвика алергии и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лугето во близина); носете масна за прашина и работете со правосмунални доколку можете да ги поврзете
- Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмукални доколку можете да ги поврзете
- Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите
- Користете го алатот само за суво брусење (навлегувањето на водата во алатот го зголемува ризикот од електричен удар)
- Не допирајте ја хартијата за брусење додека се движи
- Не користете изабени, искинати или хартија со многу налепен слој од брусење
- Се јавува искрење кога брусите метал. Не користете правосмукалка и држете ги другите лица, како и запаливиот материјал подалеку од работната средина
УПОТРЕБА
- Менување додатоци ⑤
! извлечете го приключокот ако кабелот
- извадете/ставајте го потребниот додаток како што е прикажано
- проверете дали отворите на додатоците ће се наместат во јазичињата на главата на алатот (можна е секоја позиција за заклучување)
- поставете го додатокот со притиснат центар насочен надолу
- разлабавете/затегнете го шрафот А со инбус В
- проверете дали додатокот е правилно поставен (неправилно или недоволно затегнатите додатоци се разлабавуваат во текот на работата и така претставуваат опасност)
- Поставување хартија за брусење ⑥
- истресете ја прашината од ВЕЛКРО-материјалот на подлошката за брусење С ② пред да ја ставите хартијата за брусење
- поставете хартија за брусење од ВЕЛКРО како што е прикажано
! вшмукувањето прашина изискува употреба на перфорирани хартии за брусење
! перфорациите на хартијата за брусење треба да соодветствува со перфорацијата на подлогата за брусење
! заменете ги изабените хартии за брусење навреме
! сеногаш користете го алатот со целата површина од ВЕЛКРО покриена со хартија за брусење
- поставете го уредот за вадење прашина D како што е прикажано
- поврзете ја правосмукалката
! не користете уред за вадење прашина/правосмуналка кога брусите метал
- чистете го уредот за вадење прашина D редовно за да постигнете оптимално собирање на прашината
- вклучувајте/исклучувајте го алатот со притискање на прекинувачот E ② во позициите "I"/"O"
! пред дополнителниот дел да го допре делот за работа, алатот мора да работи со полна брзина
! уредот треба да се подигне од работната површина пред тој да биде ислучен
- Прилагодување на работната брзина ⑧
- со тркалото F може да се прилагодување потребната осцилирачка фреквенција од најмала (1) до голема (6) (дури и кога алатот работи)
- оптималната работна брзина зависи од материјалот и може да се одреди преку практични проби
• Држење и насочување на алатот
! додека работите, секогаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја ⑨
- отворите за ладење G ② држете ги отворени
- не применувајте премногу притисок врз алатот (прекумерниот притисок ће предизвика прекумерно загревање и може да го скрати периодот за употреба на додатокот)
- Додаток за прилагодување длабочина (DEPTH STOP) (не се добива заедно со алатот) ⑩
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
- Користете сегмент со сечиво Н ② за раздвојување и забивање засеци во дрво, гипс, кнауф и пластика (исто и за пилење по рабови, на агли и на други тешко достатни места)
- Користете сечиво за забивање J ② за раздвојување и длабоко забивање засеци во дрво, гипс, кнауф и мека пластика (исто и за пилење по рабови, на агли и на други тешко достапни места)
- Многу други совети можете да најдете на www.skil.com
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
-
Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење G ②)
! пред чистење извадете го алатот од приклучокот -
Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
- во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното губре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање
- симболот ⑪ ће ве потсетува на ова кога ће дојде време алатот да го фрлите
- Со целосна одговорност изјавуваме дека производот опишан кај "Технички податоци" е усогласен со следните стандарди или документи за стандардизација: EN 60745, EN 61000, EN 55014 во согласност со одредбите во директивите 2014/30/EY, 2006/42/EG, 2011/65/EY
- Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен притисок е 92 dB(A) а нивото на звучна моїност 103 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB), и вибрација * м/с² (векторски збир на трите показатели; несигурност K = 1,5 м/с²)
* кога чистите 8,8 м/с²
* со површина за сечиво со забивање 13,9 м/с²
* со површина за сегмент со сечиво 7,2 м/с²
- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 60745; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени
- користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
- кога алатот е исключен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефентите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа