TH60E3X - GORENJE - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil TH60E3X GORENJE au format PDF.

Page 92
Содржина Cliquez un titre pour aller à la page
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : GORENJE

Modèle : TH60E3X

Catégorie : неопределено

Téléchargez la notice de votre неопределено au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice TH60E3X - GORENJE et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil TH60E3X de la marque GORENJE.

MODE D'EMPLOI TH60E3X GORENJE

МК - АСПИРАТОР Придржувајте се строго до упатствата дадени во овој прирачник. Одбиваме било каква одговорност за било какви проблеми, штети или пожар предизвикани со ракување кое не е во согласност со упатствата дадени во овој прирачник. Аспираторот е наменет за вшмукување на гасови и пареа од готвење и е наменет само за домашна употреба. Аспираторот може да изгледа различно од она што е прикажано на цртежите во оваа брошура. Упатствата за употреба, одржување и инсталација, сепак, остануваат исти. ! ! ! !

Важно да се зачува оваа брошура за консултации во секој момент. Во случај на продажба, отстранување или преместување, не заборавајте брошурата да ја ставите оди заедно со производот. Прочитајте ги упатствата внимателно: има основни информации за инсталација, употреба и безбедност Не вршете електрични или механички измени на производот или на цевките за празнење Пред да продолжите со инсталацијата на уредот, проверете да не има оштетени компоненти. Доколку има, контактирајте го вашиот продавач и не продолжувајте со инсталација.

Забелешка: елементи означени со симболот “(*)” се опциони додатоци кои се доставуваат само со некои модели или елементи или се купуваат одделно, не се доставуваат со секој модел.

ВНИМАНИЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Не приклучувајте го апаратот на електрична мрежа се додека инсталацијата не е целосно завршена. Пред чистење или одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со вадење на приклучокот од струја или со исклучување на главниот осигурувач. Да се користат работни ракавици за сите операции за монтажа и одржување. Апаратот не е наменет за користење од страна на деца или лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, или кои немаат искуство и знаење, освен ако не се под надзор или не се обучени за употреба на апаратот од страна на лице одговорно за нивната безбедност . Овој уред е наменет за користење од страна на возрасни. Децата треба да се следат за да се биде сигурен дека не си играат со апаратот. Овој уред е наменет за користење од страна на возрасни. Не треба да им се дозволи на децата да ги расипуваат контролите или да си играат со апаратот. Не користете го аспираторот ако решетката не е правилно монтирана! Аспираторот НИКОГАШ не смее да се користи како подлога доколку не е така прецизно наведено. Просториите во кои е наместен апаратот мора да бидат доволно проветрени кога кујнскиот аспиратор се користи заедно со други апарати кои согоруваат гас или други горива. Системот за вентилација на овој уред не смее да биде поврзан на никој постоечки систем за вентилација што се користи за други цели, како што е испуштање издувни гасови од апарати на гас или други горива. Палење на храната под самиот аспиратор е строго забрането. Употребата на отворен пламен е штетна за филтрите и може да доведе до ризик од пожар и затоа треба да се избегнува во сите околности. Кога пржите, внимавајте маслото да не се прегрее и да не се запали. Пристапните делови од аспираторот може значително да се загреат кога се користи апаратот за готвење. Што се однесува до техничките и безбедносните мерки за примена за испуштање на пареа важно е внимателно да се следат правилата дадени од страна на локалните власти. Аспираторот мора редовно да се чисти и од внатре и надвор (НАЈМАЛКУ ЕДНАШ МЕСЕЧНО). Мора да се чисти во согласност со упатствата за одржување дадени во овој прирачник. Ако не се следат инструкциите дадени во ова упатство за употреба во однос на чистењето на аспираторот и филтрите ќе доведе до ризик од пожар. Не користете го или не оставајте го аспираторот без правилно монтирани сијалици, поради можниот ризик од електричен удар. 92

Не прифаќаме никаква одговорност за било каков проблем, штета или пожар предизвикани на апаратот како резултат на не следење на упатствата содржани во овој прирачник. Овој апарат е обележен според европската Директива 2002/96/EC за отпад на електрична и електронска опрема (WЕЕЕ). Со правилно исфрлање на производот, помагате во спречувањето на потенцијалните негативни последици врз животната средина и здравјето на човекот, кои инаку може да се предизвикаат со несоодветно управување со отпадот од овој производ.

Симболот на производот или на документите кои одат со производот покажува дека апаратот не може да се третира како отпад од домаќинството. Наместо тоа, треба да се однесе на собирен пункт за рециклирање на електрична и електронска опрема. Отстранувањето мора да се врши во согласност со локалните прописи за животната средина за отстранување на отпадот. За подетални информации за постапката, поправањето и рециклирањето на овој производ, Ве молиме контактирајте со соодветната служба на локалните власти или локалната комунална служба или со продавницата од каде што сте го купиле производот. Апаратот е дизајниран, тестиран и произведен во согласност со: Безбедност: EN/IEC 60335-1; EN/IEC 60335-2-31, EN/IEC 62233. • Перформанси: EN/IEC 61591; ISO 5167-1; ISO 5167-3; ISO 5168; EN/IEC 60704-1; EN/IEC 60704-2-13; ISO 3741; • EN 50564; IEC 62301. EMC: EN 55014-1; CISPR 14-1; EN 55014-2; CISPR 14-2; EN/IEC 61000-3-2; EN/IEC 61000-3-3. • Предлози за правилна употреба, со цел да се намали влијанието врз животната средина: вклучете го аспираторот на минималната брзина кога ќе почнете да готвите и оставете го вклучен неколку минути откако ќе завршите со готвење. Зголемете ја брзината само во случај на голема количина на чад и пареа и употребувајте поголема брзина само во екстремни ситуации. Кога е потребно, заменете го филтерот со јаглен заради добра ефикасност за намалување на миризбата. Исчистете го филтерот за маснотии кога е неопходно да се одржува добра ефикасност на истиот. Користете го максималниот дијаметар на системот за вентилација наведен во ова упатство, за да се оптимизира ефикасноста и да се сведе бучавата на минимум. Дополнителни спецификации за инсталација: Користете ги завртките за прицврстување со производот за инсталација или, доколку не се доставени, купете точен тип на завртки. Користете ја соодветната должина на завртки, кои се утврдени во Прирачникот за инсталација. Доколку имате дилеми, консултирајте се со овластен центар за помош или слично, квалификувано лице. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Неинсталирањето на завртките или неприцврстувањето на уредот во согласност со овие упатства може да резултира со несреќа поврзана со струја.

УПОТРЕБА Аспираторот е наменет да се користи за вентилација или филтер верзија.

Верзија за вентилација Во овој случај гасовите се исфрлаат надвор од зградата со помош на специјална цевка поврзана со прстен што се наоѓа на врвот на аспираторот. Внимание! Издувната цевка не се доставува и мора да се купи одделно. Дијаметарот на издувната цевка мора да биде еднаков со оној на прстенот. При хоризонтална работа, издувната цевка мора да биде малку закосена (околу 10 °) и насочена угоре, за воздухот лесно да се испушта надвор од собата. Внимание! Ако аспираторот е доставен заедно со филтер со активен јаглен, тогаш тоа мора да се отстрани. Поврзете го аспираторот и издувните дупки на ѕидовите со дијаметар еднаков со испустот за воздух (со фланша). Користење на цевките и издувните дупки на ѕидовите со помали димензии ќе доведе до намалување на перформансите на вшмукување и драстично зголемување на бучавата. Затоа било каква одговорност по ова прашање се одбива. 93

Користете канал со минимална неопходна должина. Користете канал со колку што е можно помалку зглобови (максимален агол на зглобот: 90°) Избегнувајте драстични промени во пресекот на каналот. Користете канал со колку што е можно помазна внатрешност. Каналот мора да биде направен од сертифициран материјал.

Филтер верзија За ова е потребен филтер со активен јаглен, кој може да се најде во вообичаените продавници. Филтерот ја отстранува маснотијата и миризбите од извлечениот воздух пред да го врати во собата преку горната излезна мрежа.

ИНСТАЛАЦИЈА Минималното растојание помеѓу површината за опремата на плочата за готвење и најнискиот дел на аспираторот да не биде помалку од 50 цм од електричните апарати за готвење и 65 цм за плинските или комбинираните апарати за готвење. Ако упатството за монтажа за плинските плочи од шпоретот прецизираат поголемо растојание, тоа мора да се почитува.

Поврзување со струја Главното напојување мора да одговара на спецификациите наведени на плочката што се наоѓа во внатрешноста на аспираторот. Ако е доставен приклучок, вклучете го аспираторот во штекер кој е во согласност со прописите и позициониран на достапно место по инсталацијата. Ако апаратот не е испорачан со приклучокот (директно поврзување со струја) или ако приклучокот не е лоциран на достапно место по инсталацијата, употребете двофазен прекинувач, во согласност со стандардите кои обезбедуваат целосно исклучување на струјата во услови поврзани со преголема категорија III, во согласност со упатствата за инсталација. Предупредување! Пред повторно приклучување на аспираторот во струја и проверувањето на функционалноста, секогаш проверувајте дали струјниот кабел е правилно склопен. Аспираторот се испорачува со посебен кабел за напојување. Ако кабелот е оштетен, побарајте нов од техничкиот оддел.

Монтажа Производот е многу тежок; па затоа ракувањето и инсталирањето со аспираторот мора да го вршат најмалку две лица. Пред да започнете со инсталација: • • • •

Проверете дали купениот производ е со соодветна големина со местото на инсталирање. Отстранете го/ги филтерот со јаглен (*) филтерот/ите ако ви е/се доставен (види, исто така во односниот параграф). Тој / тие треба да се монтира/монтираат само ако сакате да го користите аспираторот со филтер. Проверете (од транспортни причини) да нема доставен друг материјал во внатрешноста на аспираторот (на пример, пакети со завртки (*), гаранции (*), итн), кои на крајот ги отстранувате и ги чувате. Ако е можно, исклучете го и движете го самостојно или со лизгање – во опсег на отворот на кабинетот, за да се обезбеди полесен пристап до задниот ѕид / плафонот. Или ставете дебела, заштитна покривка над плочата или шпоретот за да ги заштитите од оштетувања и остатоци. Изберете рамна површина за монтажа на апаратот. Покријте ја таа површина со заштитна покривка и ставете ги сите делови од аспираторот и хардверот на неа. Освен тоа, да се провери дали во близина на местото за инсталација на аспираторот (во местото достапно и со монтиран аспиратор) е достапен електричен приклучок и дали е можно да поврзете уред за испуштање гасови кон надвор (само за издувната верзија). Направете ги сите ѕидарски работи што се потребни (на пример, поставување на електричен приклучок и / или дупка за премин на цевка за празнење).

Се доставуваат продолжни ѕидни приклучоци, за да може аспираторот да се прицврсти на повеќето типови ѕидови / тавани. Сепак, квалификуван техничар мора да ја потврди соодветноста на материјалите во согласност со типот на ѕидот / таванот. Ѕидот / таванот мора да биде доволно силен за да ја поднесе тежината на аспираторот. Не ставајте плочки, фуга или силикон на апаратот до ѕидот. Само површинска монтажа.

РАБОТА Користете ја најголемата брзина на вшмукување во случај на концентрирана пареа во кујната. Се препорачува аспираторот да се вклучи 5 минути пред готвењето и да се остави да работи во текот на готвењето и приближно уште 15 минути по завршувањето на готвењето. Подолу се опишани три типа на работа.

ПРЕКИНУВАЧ „РОКЕР“ Работата на аспираторот се контролира со (три) прекинувачи, сместени на секоја од страните. Тие се видливи кога телескопскиот преден дел се повлекува нанапред.Телескопскиот аспиратор е опремен со прекинувач за ограничување. Секогаш кога ќе го повлечете телескопскиот преден панел, аспираторот започнува со работа на претходно поставената брзина. 1. 1 3

0 – Исклучен аспиратор. I – Аспиратор што работи со брзина 1. ↓– Префрлете за да овозможите брзина на моторот на ниво II или ниво III . II – Аспираторот работи со брзина 2 (кога е наместен на ниво 1 и на позиција ↓). III – Аспираторот работи со брзина 3 (кога е наместен на ниво 1 и на позиција ↓).

– Светло ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО.

Копчето со ознака се користи за вклучување/исклучување на светлото. Осветлувањето на аспираторот работи независно од моторот на аспираторот. Со притискање на копчето не се активира моторот на аспираторот. Кога предниот панел ќе го вратите назад во лежиштето (затворите), прекинувачот за ограничување ги исклучува моторот на аспираторот и светлото.Доколку моторот на аспираторот и светлото се веќе поставени на позиција ВКЛУЧЕНО, кога ќе го повлечете предниот панел, моторот почнува да работи, а светлото се вклучува.

КОНТРОЛА СО КОПЧИЊА – Работа на аспираторот ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО. Кога ќе се притисне копчето, аспираторот почнува да работи со брзина 1. – Притиснете го копчето за брзина со ниво 2, за да моторот почне да работи со брзина 2. – Притиснете го копчето за брзина со ниво 3, за да моторот почне да работи со брзина 3. – Копче за светло за вклучување на светлото. За да го исклучите светлото, притиснете го копчето уште еднаш.

– Притиснете го копчето On/Off за да можете да одберете брзина на моторот. – Притиснете го копчето за брзина 1, за да го вклучите моторот на брзина 1. – Притиснете го копчето за брзина 2, за да го вклучите моторот на брзина 2. – Притиснете го копчето за брзина 3, за да го вклучите моторот на брзина 3. – Притиснете го копчето за светло за да го ВКЛУЧИТЕ светлото. Притиснете повторно за да го исклучите. 95

ОДРЖУВАЊЕ ВНИМАНИЕ! Пред извршување на било каква операција за одржување, исклучете го аспираторот од електричната мрежа со исклучување на приклучокот и отстранување на приклучниот осигурувач. Или ако уредот е поврзан преку приклучок и штекер, тогаш приклучокот мора да се отстрани од штекер. Чистење Аспираторот мора редовно да се чисти (најмалку со истата зачестеност со која се врши одржувањето на филтерот за маснотии) внатрешно и надворешно. За чистењето користете крпа навлажнета со неутрален течен детергент. Не користете абразивни производи. НЕ КОРИСТЕТЕ АЛКОХОЛ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако не се спроведуваат основните препораки за чистење на аспираторот и замена на филтрите, може да се јави ризик од пожар. Затоа, препорачуваме придржување кон предложените упатства. Одбиваме секаква одговорност за евентуални оштетувања на моторот или пожар предизвикан со несоодветно одржување или непочитување на наведените упатствата.

Филтри Металниот филтер за маснотии ги задржува масните честички од готвењето. Филтерот за маснотии треба да се чисти еднаш месечно со неагресивни детергенти, рачно или во машина за миење садови, на ниска температура и во краток интервал. Кога се мие во машина за миење садови, металниот филтер за маснотии може да ја изгуби бојата, но тоа не влијае врз неговите карактеристики на филтрирање. За да го отстраните филтерот за маснотии, повлечете ја рачката за ослободување. Филтерот со јаглен (само кај моделот со филтер) апсорбира непријатни миризби предизвикани од готвење. До заситување на филтерот со јаглен доаѓа по подолга употреба, во зависност од типот на готвење и редовноста на чистењето на филтерот за маснотии. Во секој случај, потребно е филтерот да се менува најмалку на секои четири месеци. Филтерот со јаглен НЕ смее да се мие или да се обновува.

Замена на сијалиците Аспираторот е опремен со систем за осветлување врз основа на ЛЕД технологија. ЛЕД диодите гарантираат оптимално осветлување во времетраење до 10 пати подолго од традиционалните сијалици и ќе ви овозможат да заштедите 90% електрична енергија. Внимание! За нивната замена обратете се на службата за техничка поддршка.

Совети за штедење енергија 1) Кога ќе почнете да готвите, вклучете го аспираторот на минимална брзина, за да ја контролирате влагата и да ја отстраните миризбата од готвење. 2) Зголемете го опсегот на брзината на аспираторот само кога е неопходно поради количината на пареа. 3) Одржувајте ги филтерот/ите на аспираторот чисти, за да се оптимизира ефикасноста во однос на маснотиит.