B800RL - GORENJE - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil B800RL GORENJE au format PDF.

Page 17
Содржина Cliquez un titre pour aller à la page
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : GORENJE

Modèle : B800RL

Catégorie : неопределено

Téléchargez la notice de votre неопределено au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice B800RL - GORENJE et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil B800RL de la marque GORENJE.

MODE D'EMPLOI B800RL GORENJE

Упатства за употреба 17

Важно Прочитајте го упатството внимателно пред да почнете да го употребувате апаратот и сочувајте го за во иднина.

Опасност Не потопувајте го делот со моторот во вода и не плакнете го под чешма.

1. 2. 3. 4. 5. 6. 7.

1. Апаратот е наменет исклучиво за употреба во домаќинството. 2. Прочитајте ги сите инструкции пред употреба и погледнете ги сите дијаграми, а упатството чувајте го за во иднина. 3. Не пуштајте го апаратот да работи повеќе од 60 секунди во еден циклус и оставето го доволно да се излади по употребата. 4. Проверете дали напонот назначен на основата на апаратот одговара на локалниот извор на напон пред да го приклучите апаратот. 5. Не оставајте го струјниот кабел да виси над работ на работната маса, не дозволувајте кабелот да дојде во контакт со врела површина, вклучително и шпоретот. 6. Никогаш не користете помошни приклучоци или делови произведени од други производители, кои тој ниту ги препорачува, ниту ги продава; тоа може да доведе до ризик од повреда на лицата што ракуваат со него. 7. Не користете го апаратот ако неговиот струен кабел, приклучокот, перките или друг дел се оштетени. Во случај на оштетување на струјниот

Внатрешен капак Капак Сад Прстен-осигурувач Перки за блендирање Основа Копче за управување

кабел или перките на овој призвод, истите може да се заменат единствено со специјалните делови кои се наменети за овој производ или од страна на специјалниот сервис на Мидеа. 8. Не ставајте ги рацете во садот додека апаратот работи. 9. Не вадете го садот од подлогата додека апаратот работи. 10. Проверете дали сите делови се прописно монтирани пред да го вклучите апаратот. 11. Апаратот не е наменет за употреба од страна на мали деца или немоќни лица без надзор. 12. Проверете дали моторот и перките сосема престанале да работат пред да го расклопите и да го исчистите. 13. Одбегнувајте да ги допирате острите перки, особено кога апаратот е вклучен во струја. 14. Не потопувајте го моторот, приклучокот или кабелот во вода или во друга течност. 15. Апаратот може да го користат деца на возраст од 8 години нагоре и лица со намалени физички, сетилни и ментални способности или без искуство и знаење, доколку имаат надзор или им се дадени упатства во врска со употребата на апаратот на безбеден начин и доколку ги разбираат можните опасности. 16. Деца не смеат да играат со апаратот. Деца без надзор не смеат да го чистат и да го одржуваат апаратот без надзор.

17. Апаратот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучително и деца) со намалени физички, сетилни и ментални способности или без искуство и знаење, доколку немаат надзор или не им се дадени упатства во врска со употребата на апаратот од страна на лице одговорно за нивната безбедност. 18. Децата треба да го употребуваат под надзор, за да се осигури дека не си играат со апаратот. 19. Доколку струјниот кабел е оштетен, мора да се замени од страна на производителот, сервисниот агент или слично, квалификувано лице, за да се избегнат опасности. 20. Исклучете го апаратот и извадете го кабелот од струја пред да ги промените помошните делови или деловите кои се движат при употреба. 21. Ве молиме следете ги горе наведените безбедносни предупредувања 22. . Апаратот е означен согласно Европската директива 2012/19/EУ за Електричен и електронски отпад (WEEE).Овие насоки се рамката за враќање и рециклирање на електричен и електронски отпад во целата ЕУ.

Употреба на апаратот Подготовки за употреба: 1. Измијте ги сите делови што се вадат (види поглавје „чистење“ 2. Проверете дали сите делови се прописно монтирани и на свое место пред употребата. 3. Температурата на храната што се блендира не смее да надминува 60℃, а количината на храна што треба да се обработи не смее да ја надмине ознаката за максимум на садот.

КОРИСТЕЊЕ НА БЛЕНДЕРОТ:

7. Откако сте ја завршиле работата, дотерајте го контролното копче до позиција „0“, исклучете го апаратот од струја и сипете го напитокот. СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА: 1. Течни состојки: млечни производи, сок, супа, пијалак, каша, милк-шејк и така натаму. 2. Комбинација на меки состојки: млеко, папаја, мајонез. 3. Сварени, кашести состојки: бебешка храна.

1. Ставете го прстенестиот осигурувач на делот за блендирање. 2. Ставете го делот за блендирање на неговата подлога на садот. 3. Закачете го садот на подлогата така што ќе го завртите во насока на стрелката. 4. Ставете ги состојките (кои не се поголеми од 2 сантиметри) во садот. 5. Ставете го капакот на место. 6. Ставете го садот на основата. Совети: додека моторот работи, ако сакате да додадете состојки, можете:

I. да го завртите внатрешниот капак во насока обратна од стрелките на часовникот

II. да ги додадете состојките во садот преку отворот на капакот

Препорачано дотерување

Препорачана постапка Употребите оладено млеко. Мешајте додека не достигнете сакана

густина, односно текстура. Сечкајте половина шолја состојки наеднаш, да бидат парчињата со еднаква големина. Мешајте путер и шеќер, додека не настане кремаста смеса.

Препорачуваме да на половина од мешањето ја запрете сечкалката 3, 4

и го отстраните кремот од страните на бокалот. Не мешајте предолго.

Трошки од леб, Дробење

Искршите ги на парчиња и сечкајте додека не настанат трошки.

Додајте 1/4 шолја вода. За дробење мраз употребите кое боло

дотерување или па 3 до 4-пати едноподруго притисните го тастерот

за моментално работење (pulse).

додавање состојки во капакот. Дробите приближно 20 секунди за грубо мелен шеќер во прав и уште натамошни 10 секунди за фино мелен шеќер во прав. Состојките мешајте ги само толку да настане хомогена смеса. Не

можете да додавате масло низ отворот за долевање, односно

мешајте предолго. Мешајте, додека не настане глатка смеса.

ВНИМАНИЕ! Времето за сечкање или мешање може да се менува со оглед на количината состојки во бокалот; наведените траења се само како основа. ЧУВАЊЕ 1. Ве молиме чувајте го апаратот на суво место. 2. Никогаш не ставајте го садот и другите делови во микробранова печка.

Чистење и чување ЧИСТЕЊЕ Апаратот лесно се чисти ако го правите тоа веднаш по употребата. 1. Исклучете го апаратот од струја, извадете го садот и чашката за блендирање од основата, извадете ги перките за блендирање од садот и извадете ги перките од чашката. 2. Исчистете ги тие делови со четка за чистење во топла вода со течност за миење и исплакнете ги под чешма. 3. Исчистете ја основата со влажна крпа, никогаш не потопувајте ја основата на моторот во вода и не плакнете ја под чешма. 4. Одбегнувајте да ги допирате острите перки, особено кога апаратот е вклучен во струја. 20

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ 1. Доколку во текот на користењето производот работи невообичаено, т.е. испушта звуци, мирис, чад или му се покачи температурата, исклучете го кабелот од струја и престанете да го користите. 2. Во случај апаратот да не работи, ве молиме проверете дали струјниот кабел е правилно приклучен, дали копчето е свртено во вистинската позиција и дали сите делови се на свое место. 3. Доколку апаратот и натаму не работи добро по горните проверки, консултирајте се со овластен сервис.

Животна средина Оваа ознака значи дека овој производ не треба да се одлага заедно со другиот отпад од домаќинството на територијата на ЕУ. За да спречите евентуално штета по животната средина или човечкото здравје со неконтролирано одлагање на отпадот, рециклирајте го одговорно, за да промовирате одржливо користење на материјалните ресурси. За да го вратите искористениот апарат, ве молиме користете ги системите за прибирање и враќање или контактирајте ја продавницата во која производот е купен. Тие можат да го однесат производот на рециклирање кое е безбедно во поглед на животната средина.

Гаранција и сервис Доколку ви се потребни информации или имате проблем, ве молиме контактирајте со Центарот за грижа за корисниците на Горење во вашата земја (телефонските броеви се наведени во Меѓународната гаранција). Ако во вашата земја нема Центар за грижа за корисниците, отидете до вашиот локален дистрибутер на Горење или контактирајте го овластениот сервис на Горење. Само за лична употреба!

ГОРЕЊЕ ВИ ПОСАКУВА МНОГУ ЗАДОВОЛСТВО ВО КОРИСТЕЊЕТО НА АПАРАТОТ Го задржуваме правото на измени!

Само за лична употреба!