EasyPump - Компресор BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EasyPump BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Пренослив воздушен компресор |
| Марка | Bosch |
| Модел | EasyPump |
| Напојување | 12 V DC (приклучок за запалка за цигари) |
| Максимален притисок | 10 bar / 150 psi |
| Проток на воздух | Околу 10 L/min |
| Димензии (Д × Ш × В) | 20 × 15 × 10 cm |
| Тежина | 1,1 kg |
| Должина на цревото | 1,5 m |
| Главни функции | Надувување гуми, балони, воздушни душеци и спортска опрема |
| Манометар | Вграден аналоген со скала во bar и psi |
| Автоматско исклучување | Да, при однапред зададен притисок |
| Вклучени адаптери | За балон, игла, вентил Presta/Schrader |
| Одржување и чистење | Избришете со влажна крпа; не потопувајте; чувајте на суво место |
| Безбедност | Не користете во близина на запаливи гасови; исклучете по употреба |
| Резервни делови и поправка | Достапни адаптери и осигурувачи; поправка преку овластен сервисен центар на Bosch |
| Гаранција | 2 години (под услов на општите услови) |
Frequently Asked Questions - EasyPump BOSCH
Прашања на корисниците за EasyPump BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Компресор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EasyPump - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EasyPump на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EasyPump BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
s.l.izirma navodila
hr Originalne upute za rad
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето
прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
▶ Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за воздушни пумпи

Кога користите воздушна пумпа, внимавајте да не го надминете дозволениот притисок на производот што треба да се надува. Производот може да пукне или да се скрши и притоа може да се повредите.

Цревото и металните делови на адаптерите можат да се прегреат при подолго работење. При подолго работење планирајте паузи и доколку е потребно, оставете ги деловите да се изладат.
▶ Не ја оставајте воздушната пумпа без надзор.
▶ Избегнувајте ненамерно стартување на воздушната пумпа пред да се постави притисокот на пумпата и пред пумпата да е правилно поврзана со производот што треба да се надува. Пумпата прекинува само кога е постигнат претходно поставениот притисок одн. максимальниот притисок.
По пумпањето, проверете го притисокот на Вашиот производ со калибриран уред за мерење. Погрешен притисок може да доведе до опасни ситуации, на пр. различно ракување со Вашиот автомобил.
He им дозволувајте на децата да ја користат воздушната пумпа. Не ги насочувајте цревото за воздухот одн. протокот на воздухот во устата, ушите или очите на луғето или животните и не издувајте прашина или други честички кон луғето или животните. Ова може да доведе до повреди.
He ја користете пумпата за воздух ако приказот или другите делови се неисправни. Дозволениот притисок на производот што треба да се надува може да се надмине и да доведе до опасни ситуации.

Заштитете ја воздушната пумпа од топлина, на пр. исто така од постојана изложеност на сончеви зраци, орган, вода или влажност. Инаку, постои опасност од експлозија.
Опис на производот и перформансите


Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Воздушната пумпа е наменета за надувување на гуми за велосипеди, мотоцикли и автомобили, како и за надувувања на мали производи за играње, спорт и плажа.
Не е погодна за надувување гуми со голем волумен (на пр. од камиони) или производи на надувување (на пр. душеци на надувување).
Воздушната пумпа е наменета исклучиво за употреба во домакинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на насликаните компоненти се однесува на приказот на воздушната пумпа на графичката страна.
130 | Македонски
(1) Поклопец за додатокот на преградата за складирање
(2) Вентилски адаптер
(3) Иглица за пумпа
(4) Волуменски адаптер
(5) Копче за включување-исклучување
(6) Копче за намалување на целниот притисок (–)
(7) Копче за менување на единицата (UNIT)/работно светло
(8) Екран
(9) Црево под притисок
(10) Копче за зголемување на целниот притисок (+)
(11) Копче за пумпа (START/STOP)
(12) Работно светло
(13) Стега за црево
(14) USB-кабел
(15) Мрежен напојувач ^a) (специфично за земјата)
(16) USB Type-C®-отвор ^b)
a) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
b) USB Type-C® и USB-C® се трговски ознаки за USB Implementers Forum.
Елементи за приказ
(a) Приказ на мерна единица
(b) Приказ за мерна вредност
(c) Приказ за предупредување
(d) Приказ за наполнетост на батеријата
(e) Приказ за целен притисок (PRESET)
Технички податоци
A) Дополнителни технички податоци може да најдете на: http://www.bosch-do-it.com/ecodesign
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-1.
Нивото на звучниот притисок на електричниот алат оценето со А типично изнесува 71 dB(A).
Несигурност K = 3 dB. Нивото на звук при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-1:
a_n=4m/s^2,K=1,5m/s^2.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Користете ги само мрежните напојувачи коишто се наведени во техничките податоци. Само овие мрежни напојувачи се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за Вашата воздушна пумпа.
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на приклучокот за мрежа додека не се наполни целосно.
Litiyum-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ј наштетува на батеријата. Litiyum-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку батеријата е испразнета, воздушната пумпа се исклучува со заштитен прекинувач.
▶ Не го притискајте повторно копчето за вклучување/ислучување доколку воздушната пумпа поради празната батерија автоматски се исклучи. Батеријата може да се оштети.
За полнење на акумулаторските батерии поврзете го USB Type-C ^ -отворот (16) преку USB-кабелот (14) со мрежниот напојувач (15). Вметнете го приклучокот за мрежа во приклучницата.
Процесот на полнење започнува и їе биде прикажан преку постојаните цртки на приказот за наполнетост на батеријата (d). За време на полнењето, не може да се користи воздушната пумпа.
Ако процесот на полнење е завршен, приказот за наполнетост на батеријата непрекинато свети (d) додека воздушната пумпа не биде извадена од струјната мрежа. Доколку не го употребувате, извадете го мрежниот напојувач (15) од струја.
Приказ за наполнетост на батеријата
Приказот за наполнетост на батеријата (d) ја покажува наполнетоста на батеријата на екранот:
| Приказ Капацитет | |
| 75-100% | |
| 50-75% | |
| 25-50% | |
| 5-25% | |
| 0-5% | |
Монтирање/менување на адаптер (види слика В)
Изберете соодветен адаптер за примената:
– Вентилски адаптер (2): на пр. за многу вентили за велосипеди,
– Волуменски адаптер (4): за мали производи за на плажа или за спорт, на пр. топка за во вода.
Вметнете го поклопецот (1) од прифатот на преградата за складирање и извадете го адаптерот.
Завртете го адаптерот до крај во цревото под притисок (9).
За вообичаени вентили за автомобили (делумно се користат и за велосипеди) не е потребен адаптер.
Употреба
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За вклучување и исклучување на воздушната пумпа притиснете на копчето за вклучување-исклучување (5). При исклучување ће се зачува последно поставениот целен притисок.
Доколку за околу 3 min не се притисне на ниедно копче на воздушната пумпа, таа автоматски се исклучува заради заштита на батеријата.
Вклучување/исклучување на работното светло
За вклучување и исклучување на работното светло (12) држете го притиснато копчето за менување на единица/за работно светло (7) околу 1 s.
▶ Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
Менување на мерната единица
За прикажување на притисокот достапни се единиците bar, psi и kPa.
За промена на мерната единица, кратко притиснете го копчето за менување на единица/за работно светло (7), додека не се појави саканата мерна единица на приказот за мерна единица (a).
Надувување
По потреба монтирајте го соодветниот адаптер за цревото под притисок (9). Доколку има, извадете го капакот на вентилот на предметот што треба да се надува. Завртете го цревото под притисок (9) со или без адаптер на или во вентилот. Актуелниот притисок на приключениот предмет се појавува на приказот за мерна вредност (b).
Надувување со автоматско исклучување (AUTOSTOP):
– На приказот за целен притисок (e) се појавува последно поставената вредност за притисок. При првото користење (фабричко поставување) или претходно бришење на целниот притисок, на приказот се појавува "--".
– Утврдете или променете го целниот притисок: притискајте го копчето за намалување на целниот притисок (6) или за зголемување на целниот притисок (10) додека не се постави саканата вредност на приказот за целен притисок (e). При подолго притискање на копчињата, вредноста побрзо ќе се менува.
132 | Македонски
– Притиснете го копчето за пумпа (11) за да започне процесот на пумпање. Целниот притисок исто така може да го менувате и за време на процесот на пумпање.
– Процесот на пумпање автоматски їе заврши кога їе се постигне поставениот целен притисок. При ислучување їе се зачува последно поставениот целен притисок на воздушната пумпа.
Надувување без автоматско ислучување (MANUAL):
– За пумпање без автоматско ислучување не смее да се утврди целен притисок ("--" на приказот за целен притисок (e)). За бришење на достатниот целен притисок, притискајте на копчето за намалување на целниот притисок (6) додека не се прикаже "--".
– Притиснете го копчето за пумпа (11) за да започне процесот на пумпање. Актуелниот притисок на приключениот предмет се појавува на приказот за мерна вредност (b).
- Доколку се постигне саканиот притисок на приказот за мерна вредност (b) повторно притиснете на копчето за пумпа (11) за да го завршите процесот на пумпање.
Дефект - Причини и помош
Причина Помош
Приказ за предупредување (с) на екранот, воздушната пумпа се исклучува
| Воздушната пумпа се наога надвор од дозволената граница на оперативната температура. | Оставете ја воздушната пумпа да се аклиматизира, пред повторно да ја включите. |
Приказ за предупредување (с) на екранот за време на пумпањето
| Потрошувачката на енергија е превисока. | Проверете дали протокот на воздух е блокиран во цревото под притисок или други делови. |
Приказ за предупредување (с) на екранот при включен мрежен напојувач
| Околната температура е надвор од дозволената граница на температурата за полнење. | Оставете ја воздушната пумпа да се аклиматизира. Процесот за полнење започнува автоматски дури откако ће се достигнат дозволените граници на температура и приказот за предупредување ће се изгаси. |
Приказ „Er1“ на екранот
| Сензорот за притисок не функционира. | Воздушната пумпа треба да биде проверена од страна на овластена сервисна служба Bosch. |
Приказ „Er2“ на екранот
Причина Помош
Воздушниот притисок на приклучениот предмет се наога надвор од мерното поле на воздушната пумпа.
Поврзете ја воздушната пумпа со предмети чиј воздушен притисок не го надминува максимальниот притисок наведен во техничките податоци.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Одржувајте ја чистотата на воздушната пумпа и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку батеријата не функционира повеće, обратете се кај овластената сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Litiум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Отстранување

Воздушните пумпи, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните пумпи и батериите во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейската директива 2012/19/EU воздушните пумпи што се вон употреба и дефектните или дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 132).
▶ При отстранување, вградените батерии смеат да се извадат само од страна на стручен персонал. Со отворање на обвивката на кујиштето, воздушната пумпа може да се уништи.
За да ја извадите батеријата од воздушната пумпа, притискајте на воздушната пумпа додека целосно не се испразни батеријата. Одвртете ги завртките на куќиштето и извадете ја обвивката на куќиштето, за да ги извадите батериите. За да избегнете краток спој, извадете ги поединечно еден по друг приклучоците на батеријата и на крај изолирајте ги половите. Дури и при целосното празнење во батеријата има преостанат капацитет, којшто може да се ослободи во случај на краток спој.