VS120W - Вакуумска заптивка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот VS120W GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Вакуумски затворач |
| Бренд | Горенје |
| Модел | VS120W |
| Димензии (Ш x Д x В) | 400 x 200 x 100 мм (прибл.) |
| Тежина | 1,5 kg (прибл.) |
| Напојување | 220-240 V, 50/60 Hz |
| Потрошувачка на енергија | 120 W |
| Вакуумски притисок | -0,8 bar (прибл.) |
| Ширина на затворање | 30 cm |
| Функции | Вакуум & Затворање, Контрола на пулс, Сува/Влажна храна режими |
| Компатибилност со кеси | Стандардни вакуумски кеси и ролни до 30 cm ширина |
| Вклучени додатоци | Тава за капе, сечач за кеси, држач за ролни, 3 вакуумски кеси (примерок) |
| Одржување | Исчистете ја тавата за капе по секоја употреба; избришете ја надворешноста со влажна крпа |
| Безбедносни карактеристики | Автоматско исклучување по затворање, заштита од прегревање |
| Достапни резервни делови | Лента за затворање, пенеста заптивка, тава за капе |
| Поправливост | Заменлива лента за затворање од корисник; други поправки од овластен сервисен центар |
| Гаранција | 2 години (во зависност од регионот) |
Често поставувани прашања - VS120W GORENJE
Прашања на корисниците за VS120W GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Вакуумска заптивка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник VS120W - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. VS120W на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК VS120W GORENJE
При употреба на овој електричен апарат, секогаш земете ги предвид безбедносните упатства и предупредувања, вклучително и овде дадените:
- Пред употреба на овој апарат, ве молиме внимателно прочитајте ги сите упатства дадени во ова упатство за употреба и зачувајте ги за идни консултации.
- Пред да го приклучите втакнувачот во приклучокот или да го исклучите од него, уверете се дали капакот на апаратот е во отклучена позиција. Секогаш исклучете го апаратот од електричната мрежа кога не го употребувате или пред негово чистење.
- Овој апарат не е играчка. Потребно е посебно внимание кога апаратот се користи од деца или во близина на деца. По употребата, складирајте го апаратот на безбедно место надвор од дофатот на деца.
- Не употребувајте кеси или приклучоци кои не се препорачани или одобрени од производителот на апаратот и не користете го апаратот за други цели освен за неговата определена намена.
- Веднаш прекинете со користење на апаратот во случај на оштетување на приклучниот кабел. Кабелот треба да го замени соодветно стручно лице.
- Држете го апаратот и приклучниот кабел на соодветна оддалеченост од подвижните делови.
- Не допирајте го вжештениот елемент за заварување на фолија поставен на работ на капакот на апаратот. Елементот се загрева и секаков допир може да доведе до сериозни изгореници.
- Не обидувајте се сами да го поправите апаратот.
- Не влечете го и не испуштајте го апаратот. Не употребувајте го апаратот ако претрпел пад или на изглед делува оштетен.
- Избегнувајте да го правите следново: не влечете го апаратот за приклучниот кабел и не носете го апаратот држејќи го само за кабел, не затворајте ја вратата на начин кој би го зафатил кабелот, или не влечете го кабелот околу острите рабови или агли. Не употребувајте го апаратот ако кабелот или втакнувачот се влажни.
- Држете го апаратот подалеку од загреани уреди за готвење, печки, електрични грејачи или други загреани површини или извори на
топлина. Не употребувајте го овој апарат на влажни или загреани површини или извори на топлина.
- Употребата на продолжен приклучен кабел со овој апарат не е препорачлива. Ако и покрај препораката, се користи продолжен приклучен кабел, тогаш неговиот напон мора да соодветствува со или да го надминува напонот на апаратот.
- При исклучување на апаратот, а со цел да се избегне каква било повреда, ве молиме придржувајте го електричниот приклучок наместо приклучниот кабел.
- Пред вклучување или употреба на апаратот, рацете треба да бидат суви за безбедно користење на апаратот.
- Погрижете се секогаш кога апаратот е вклучен, односно во позиција "ON" или за време на негова употреба, да стои на стабилна, цврста подлога како маса или работен пулт.
- Не е потребно да се користат какви било средства за подмачкување, како на пример масла за подмачкување или вода, врз овој апарат.
- Не смеете да потопувате кој било дел од овој апарат, како и напојниот кабел или втакнувачот, во вода или друга течност.
- Не користете го овој апарат на отворен простор или на влажна подлога. Овој апарат е исклучиво наменет за употреба во затворен простор во домаќинството.
- Овој апарат не е наменет за употреба од страна на лица (вклучително и деца) со намалени физички, сензорни или ментални способности, и лица со недостаток на пракса и знаење, освен во случаи каде апаратот се користи под надзор или согласно инструкции за употреба на апаратот дадени од лице одговорно за нивната безбедност.
- Бидете внимателни и не дозволувајте апаратот да дојде до дофат на деца.
- Ако електричниот приклучен кабел е оштетен, мора да биде заменет од производителот, сервисер овластен од производителот или друго соодветно квалификувано лице со цел да се избегне опасност.
Ова копче има две функции, во зависност од статусот на апаратот:
- Во позиција на мирување (stand-by), започнува со автоматска работа на вакуумирање кеси и автоматско лепење на кесата откако ќе заврши процесот на вакуумирање;
- XPAHA (DRY/MOIST): се користи за избор на најпогодното време за лепење на кесата.
- Подесување во суви услови: за суви кеси и работи без влага, со пократко време на затоплување за цели на лепење.
- Подесување во влажни услови: за влажни кеси или храна со влажност, со подолго време на затоплување за цели на лепење.
- Стандардно подесување е за влажни кеси и стандартно време на лепење.
- ОТКАЖИ (CANCEL): Доколку го притиснете копчето за време на работа на апаратот (вакуумирање и лепење), се прекинува работењето на апаратот.
- ЛЕПЕЊЕ (SEAL): Ова копче овозможува две функции:
- Рачно лепење на отворениот дел од кесата без функцијата за вшмукување на воздухот за да се направи кеса со употреба на ролна за кесички.
- Кога се користи автоматската функција на „Вакуумирање и лепење“ (“Vacuum&seal”), ова копче ја запира моторната пумпа и веднаш почнува со лепење – на кесата. На овој начин, корисникот може да го контролира притисокот на вакуумирање внатре во кесата и со тоа избегнува дробење на деликатна храна и слични работи.


- ЛЕД Индикатори (LED Indicators): Го покажуваат статусот на процесот на вакуумирање или лепење и тековните подесувања на апаратот.
- Прекинувач за вакуумирање во садови (PULSE VACUUM): Да почнете со вакуумирање во садовите за вакуумирање, капаци на тегли, затворачи на вино или други додатоци преку цевка.
- Тастер за ослободување/отворање (Release button): Постојат два тастера за ослободување/отворање по еден на секоја страна. Притиснете ги двата тастера за ослободување/отворање за да го отворите капакот и да го ослободите притисокот на вакуумирање внатре во апаратот.
- Довод на воздух (Air intake): Доводот на воздух е поврзан со комората за вакуумирање и пумпата. За вакуумирање во садови за вакумирање на храна, затворачи на вино, итн., прикачете ја цевката на овој довод на воздух.
- Лента за лепење (Sealing strip): Поставете ја кесата која треба да се залепи преку оваа лента.
- Комора за вакуумирање (Vacuum chamber): Поставете го отворениот крај на кесата внатре во комората. Воздухот се извлекува од кесата и секоја разлеана течност од кесата се собира во комората.
- Долен дихтунг (Lower gasket): Се спојува со горниот дихтунг за да се запечати комората за вакуумирање. Одржувајте го дихтунгот чист и сув и заменете го при негово деформирање или
оштетување.
- Горен дихтунг (Upper gasket): Се спојува со долниот дихтунг за да се запечати комората за вакуумирање. Одржувајте го дихтунгот чист и сув и заменете го при негово деформирање или оштетување.
- Елемент за лепење (Sealing element): Елемент за загревање прекриен со тефлон. Се загрева и ја лепи кесата.
- Jamka (Hook): го заклучува капакот со основата.
I. Изработка на кеса со употреба на ролна за кесички
- Приклучете го апаратот на изворот на напојување со електрична енергија.
2. Користете ножички за да ја пресечете кесата од ролната за кесички до посакуваната должина — Слика 1.
- Поставете го едниот крај на кесата на врвот од лентата за лепење, но не внесувајте ја во комората за вакуумирање — Слика 2.
4. Затворете го горниот капак и притиснете цврсто додека капакот целосно не се вклопи од двете страни — Слика 3.



- Притиснете го тастерот за лепење за започнување на процесот на лепење на кесата — Слика 4.
- Притиснете го тастерот за ослободување/отворање за да се отвори капакот и извадете ја кесата од машината. Оваа кеса е завршена и спремна за вакуумско лепење — Слика 5.
II. Вакуум пакување со кеса
- Ставете ги производите во кеса. Користете само вакуум кеси кои се специјално наменети за тоа од производителот со канали за вакуумирање.
- Исчистете и порамнете го отворениот крај на кесата. Уверете се дека нема прашина, набрекнувања или нерамнини на местото каде треба да се залепи кесата.
- Вметнете го отворениот крај на кесата во просторот на комората за вакуумирање. Уверете се дека доводот на воздух не е прекриен од кесата — Слика 1.
- Притиснете го капакот со двете раце од двете страни додека не го

Ќе го слушнете звукот што укажува на целосно затворање од двете страни – Слика 2.
- Проверете го ЛЕД статусот на тастерот XPAHA ("DRY/MOIST") за да го потврдите времето на лепење во зависност од влажноста на производите кои се пакуваат (влажни или суви) и посакуваниот резултат во согласност со видот на храната.
- Потоа притиснете го тастерот Вакуумирање и лепење (Vacuum&Seal). Апаратот ќе започне со процесот на вакуумирање и лепење автоматски – Слика 3.
ЗАБЕЛЕШКА: Овој производ обезбедува многу висок притисок на вакуумирање во кеса. Со цел да избегнете дробење на деликатни производи под висок притисок на вакуумирање, внимавајте на статусот на притисокот на вакуумирање во кесата и притиснете го тастерот „залепи“ (“SEAL”) веднаш откако ќе се постигне посакуваниот притисок на вакуумирање. Апаратот потоа ќе ја запре пумпата и ќе продолжи со процесот на лепење на кесата.
- Вакуум пакувањето е завршено. Истовремено притиснете ги тастерите за ослободување/отворање на двете страни на апаратот за да се отвори капакот и да ги извадите залепените кеси. – Слика 4.
ЗАБЕЛЕШКА:
- За најдобар ефект на лепење, ве советуваме да го оставите апаратот да се излади до 1 минута пред да почнете со повторно користење. Избришете го секој вишок на течност или остатоци од храна во комората за вакуумирање по секое вакуумирање и процес на лепење.
- Не лепете неколку кеси едно по друго за да избегнете прегревање на елементот на лепење. Апаратот нема да се вклучи ако тастерот за лепење се активира во рок од 15 секунди од последната активација.
- Вашиот апарат може да работи само со специјални кеси кои
може да ги набавите од нас. Не обидувајте се да користите други кеси кои не се наменети за вакуумско пакување.
- За да отворите залепена кеса, пресечете ја кесичката со ножички токму покрај залепениот дел.
- При вакуумирање на храна со висока влажност, кесата може да се залепи двапати за да се осигурите дека е залепена цврсто. По завршувањето на првото лепење, притиснете на тастерот за лепење повторно без да го отворате капакот на апаратот. Овој начин е соодветен единствено за храна со висока содржина на влажност. При пакување на храна со ниска содржина на влажност, нема потреба да ја лепите кесата двапати. Течностите или храната во течна состојба не можат вакуумски да се пакуваат. При вакуумирање на кесите со висока содржина на влага, ве молиме исчистете го отворот на кесата пред вакуумирање и лепење.
III. Вакуумско пакување во сад за храна (изборно)
- Избришете го капакот на садот за храна и самиот сад и погрижете се тие да бидат чисти и суви.

- Ставете ги производите во садот за храна и оставете најмалку 2.5 см простор помеѓу храната и обрачот на капакот. Исчистете го обрачот на капакот на садот за храна и долниот дихтунг на капакот.

- Отворете го капакот на апаратот. Поврзете го едниот крај на цевката со доводот за воздух во просторот на комората за вакуумирање и поставете го другиот крај во централниот отвор на капакот од садот за храна. Погрижете се копчето на капакот од садот за храна да е поставено во позиција „залепи“ („SEAL“) – Слика 1 и 2.
- Притиснете го прекинувачот на садот за храна „PULSE VACUUM“ за

почеток на процесот на вакуумирање – Слика 3. Осигурете се дека нема пропуштање на воздух помеѓу капакот и садот за храна; употребете ја раката да го притиснете надолу копчето на капакот на почетокот на процесот на вакуумирање.
- Ве молиме притиснете го капакот на садот за храна цврсто кога ќе ја извлечете цевката, притиснете го тастерот за ослободување/отворање за да го отворите капакот.
Отворање на садот за храна по вакуумското пакување
За да го отворите садот за храна, испуштете го воздухот најпрвин со притиснување на прекинувачот од позиција „залепи“ („Seal“) во „отворена“ („Open“) позиција.
Забелешка:
- Уверете се дека копчето на капакот на садот за храна е наместено во позиција на лепење „SEAL“ пред вакуумирање.
- На почетокот на процесот на вакуумирање во садот за вакуумирање на храна, лесно притиснете го надолу капакот на садот или врз адаптерот за цевката неколку секунди за да се уверите дека цевката е прикачена цврсто и со тоа избегнете испуштање на воздух низ процепот помеѓу капакот и обрачот на капакот на садот за вакуумирање на храна.
- За да го испитате вакуумирањето и лепењето, едноставно повлечете го капакот. Тој не смее да се помрднува.
Забелешка:
По завршувањето на вакуумското пакување, ве молиме секогаш оставете го капакот на апаратот отворен. Не прицврстувајте го капакот, бидејќи тоа може да предизвика деформирање на сунѓерестите дихтунзи и да влијае врз функционирањето на апаратот.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Апарат за вакуумско пакување
- Пред да започнете со чистење, секогаш исклучете го
апаратот од напојување.
- Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или друга течност.
- Избегнувајте користење абразивни средства или материјали за чистење на апаратот, бидејќи може да ја изгребат површината.
- Користете блага сапуница и топла влажна крпа за бришење на евентуални остатоци од храна.
- Пред повторна употреба, потребно е апаратот темелно да се исуши.
Забелешка: Сунѓерестите дихтунзи околу комората за вакуумирање треба да бидат целосно суви пред повторно да ги монтирате. При повторно монтирање на апаратот, обрнете внимание да не предизвикате оштетување и монтирајте ги деловите во првобитната позиција за да обезбедите цврсто лепење.
Додатоци
Сите вакуумски додатоци може да ги миете во топла вода со блага сапуница, но капакот не потопувајте го во вода.
- Самите садови за вакуумирање (не и капаците) може да ги миете во горната корпа на машината за миење садови. Сепак, капаците на садовите за вакуумирање треба да се чистат само со бришење со влажна крпа.
- Пред повторна употреба, додатоците треба темелно да се исушат.
- Садовите за вакуумирање и капаците не смеат да се користат во микробранова печка или замрзнувач.
Чување на вашиот апарат за вакуумско пакување:
- Чувајте го апаратот на рамна подлога и на безбедно место, далеку од дофатот на деца.
- Уверете се дека капакот на апаратот е отклучен кога апаратот не се користи и е складиран. Држењето на капакот заклучен може да ги деформира сунгерестите дихтунзи, што пак од своја страна би довело до протекување.
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/EU за електрична и електронска опрема (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечка ширум Европа.
Животна средина
Не го фрлајте апаратот во нормален домашен отпад, туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.
УПАТСТВА ЗА ЧУВАЊЕ НА ХРАНА
| Класификација | Прехрамбени производи | Температура | Стандардно зачувување | Вакуумско зачувување |
| Фрижидер | Свежо сировомесо | 5 ± 3 °C | 2~3денови | 8~9денови |
| Свежа риба/морска храна | 5 ± 3 °C | 1~3денови | 4~5денови | |
| Готвено месо | 5 ± 3 °C | 4~6денови | 10~14денови | |
| Зеленчук | 5 ± 3 °C | 3~5денови | 7~10денови | |
| Овошје | 5 ± 3 °C | 5~7денови | 14~20денови | |
| Јајца | 5 ± 3 °C | 10~15денови | 30~50денови | |
| Замрзнувач | Месо | -16~-20°C | 3~5 месеци | >1 година |
| Риба | -16~-20°C | 3~5 месеци | >1 година | |
| Морскахрана | -16~-20°C | 3~5 месеци | >1 година | |
| Стандардни услови (собна температура) | Леб | 25 ± 2 °C | 1~2 дена | 6~8денови |
| Бисквити | 25 ± 2 °C | 4~6 месеци | >1 година | |
| Ориз/Брашно | 25 ± 2 °C | 3~5 месеци | >1 година | |
| кикиритки/мешунк и | 25 ± 2 °C | 3~6 месеци | >1 година | |
| Медицински залихи | 25 ± 2 °C | 3~6 месеци | >1 година | |
| Чај | 25 ± 2 °C | 5~6 месеци | >1 година |
Гаранција и сервис
Ако ви требаат информации или ако имате проблем, ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, одделот за мали апарати за домаќинство.
Не е за комерцијална употреба!
GORENJE
Само за лична употреба!