Mirka RPS 300CV - брусилка

RPS 300CV - брусилка Mirka - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот RPS 300CV Mirka во PDF формат.

📄 128 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice Mirka RPS 300CV - page 79
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за RPS 300CV Mirka

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник RPS 300CV - Mirka и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. RPS 300CV на марката Mirka.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК RPS 300CV Mirka

mk Упатства за ракување.... 76-79

Изјава за усогласеност

Mirka Ltd.

под сопствена одговорност изјавуваме дека производот ротациска полирка и брусилка од 77 mm (3") со 3000 врт./мин. (видете ја табелата „Конфигурација/спецификации за производот“ за одделните модели) на кој се однесува оваа изјава е усогласен со следните стандарди или други нормативни документи: EN ISO 12100:2010, EN ISO 11148-8:2011, EN ISO 15744:2008 & EN ISO 28927-3 Усогласено со барањата на директивата 2006/42/EC.

Jeppo 04.06.2020

Stefan Sjöberg, Претседател и главен извршен директор

Упатства за операторот

Ги вклучува деловите – Внимателно прочитајте и придржувајте се на, Правилна употреба на алатот, Работни станици, Ставање на алатот во употреба, Упатства за ракување, Табели со конфигурации/спецификации за производот, Страница за деловите, Листа на деловите, Прибори за резервни делови, Водич за отстранување проблеми

Важно

Внимателно прочитајте ги овие упатства пред поставувањето, сервисирањето или поправањето на овој алат. Чувајте ги овие упатства на безбедно, лесно достапно место.

Mirka RPS 300CV - Важно - 1

text_image C€

Производител/Застапник

Mirka Ltd.

FI-66850 Jeppo

Финска

Потребна опрема за лична безбедност

Заштитни очила Маски за дишење

Заштитни ракавици Заштита за уши

Mirka RPS 300CV - Потребна опрема за лична безбедност - 1

РЕДУПРЕДУВАЊЕ

При употребата на овој алат секогаш носете ја потребната опрема за лична безбедност во согласност со упатствата на производителот и локалните/националните стандарди.

  • Не го користете електричниот алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови.
  • Прочитајте го листот со безбедносни податоци за материјалите (MSDS) за работната површина.
  • Користете го алатот со систем за вшмукување на прашината. Соодветниот уред за вшмукување прашина їе го намали количеството опасна прашина.
  • Не се истегнувајте премногу. Секогаш цврсто стојте и одржувајте стабилна рамнотежа.
  • Не носете широка облека или накит. Држете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови.
  • Подвижните делови може да ја зафатат широката облека, накитот или долгата коса.
  • Ако дојде до каква било физичка неудобност на раката/зглобот, престанете со работа и побарајте лекарска помош. Работните задачи што се повторуваат, движењата и прекумерната изложеност на вибрации можат да доведат до повреди на дланката, зглобот или раката.
  • Не ги користете електричните алати во средини во кои постои опасност од експлозии, како на пример во присуство на запалливи течности, гасови или прашина.
  • Алатот нема електрична изолација. Пред работа проверете дали на работната површина има делови под напон, цевки со гас, итн.

Mirka RPS 300CV - РЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

НИМАНИЕ

  • Спречете случајно вклучување.
  • Отстранете го клучот за подлогата пред да го поврзете алатот со доводот за воздух.
  • Одржувајте го работниот простор чист и добро осветлен.
  • Секогаш проверувајте дали предметот што го брусите е добро прицврстен.
  • Секогаш исклучувајте го доводот за воздух пред да ја замените брусната хартија.

Mirka RPS 300CV - НИМАНИЕ - 1

ополнителни безбедносни предупредувања

  • Прочитајте ги сите упатства пред да го користите овој алат. Сите оператори мора да поминат целосна обука за безбедна употреба на овој алат.
  • Сето одржување мора да го извршуваат обучени лица. Ако е потребно сервисирање, обратете се до овластениот сервис центар на компанијата Mirka!
  • Секогаш носете ја потребната опрема за лична безбедност (видете ги предупредувањата).
  • Операторот мора секогаш да стои во безбедна положба, да има цврст стисок и цврсто да стои на цврсто тло.
  • Секогаш проверувајте дали предметот што го брусите е добро прицврстен.
  • Редовно проверувајте го алатот, потпорната подлога, цревото и спојките за знаци на истрошеност.
  • Секогаш осигурувајте се дека сте безбедни за време на работењето; никогаш немојте да носите, складирате или да го оставате алатот без надзор додека е приключен на довод на воздух.
  • Кесата за складирање прашина на системот за вшмукување на прашината треба да се чисти или менува секојдневно. Прашината може да биде мошне запаллива. Чистењето или замената на кесата исто така обезбедува и оптимални перформанси.
  • Не го надминувајте максимальниот препорачан воздушен притисок од 6,2 bar (90 psi).
  • Бидете внимателни за да спречите подвижните делови на алатот да ја зафатат облеката, врвките, косата, крпите за чистење итн.
  • Држете ги рацете подалеку од ротирачката подлога за време на употребата.
  • Ако ви се чини дека алатот работи неисправно, веднаш престанете со користењето и договорете сервисирање и поправка.
  • Секогаш исклучувајте го доводот за воздух пред да ја замените брусната хартија. Погрижете се правилно да ја прицврстите и центрирате брусната хартија на потпорната подлога.

Оригинални упатства

Внимателно прочитајте и придржувајте се на

1) Општи индустриски регулативи за безбедност и здравје, дел 1910, OSHA 2206, издавач: Superintendent of Documents; Government Printing Office; Washington DC 20402.
2) Безбедносни правила за преносни алати на компримиран воздух, ANSI B186.1, издавач: American National Standards Institute, Inc.; 1430 Broadway, New York, New York 10018.
3) Државни и локални регулативи.

Правилна употреба на алатот

Овој алат е наменет за користење на сите видови материјали, т.е. метали, дрво, камен, пластика, итн. со помош на брусна хартија наменета за таа цел. Не го користете овој алат за никаква друга намена освен наведената, без да се посоветувате со производителот или неговиот овластен застапник. Немојте да користите потпорни подлоги кои имаат работен број на вртежи помал од 3.000 врт./мин. без оптоварување.

Работни станици

Алатот е наменет за употреба како рачен алат. Се препорачува алатот да го користите само кога стоите на цврсто тло. Може да се користи во секаква положба, но пред секоја таква употреба операторот мора да биде во безбедна положба, цврсто да го држи алатот, стабилно да стои и да има предвид дека алатот може да има реакција на вртежниот момент. Видете го заглавието „Упатства за ракување".

Ставање на алатот во употреба

Користете довод на воздух со чисто подмачкување кој ће обезбеди правилен воздушен притисок на алатот од 6,2 bar (90 psig), кога алатот работи со рачката притисната до крај. Се препорачува употреба на одобрено црево за воздух со максимальна должна од 10 mm (3/8 in.) x 8 m (25 ft). Се препорачува алатот да биде приключен на доводот на воздух на начинот прикажан на слика 1.

Не го приклучувајте алатот на систем со воздух ако не е поставен вентил за прекин на доводот на воздух со кој лесно може да се ракува и кој е лесно пристапен. Доводот на воздух треба да се подмачкува. Строго се препорачува да се користи филтер за воздух, регулатор и подмачкувач (FRL), како што е прикажано на слика 1, бидејки само така на алатот їе му обезбедите довод на чист, подмачкан воздух со правилен притисок. Детални информации за таквата опрема можете да добиете од вашиот снабдувач. Во случај да не се користи таква опрема, тогаш алатот треба да се подмачкува рачно. За рачно да го подмачкате алатот, отстранете го цревото за воздух и нанесете 2 до 3 капки од соодветното масло за подмачкување на пневматскиот мотор како што се Fuji Kosan FK-20, Mobil ALMO 525 или Shell TORCULA® 32 во крајот на цревото (доводот) на машината. Повторно приклучете го алатот на доводот на воздух и оставете полека да работи неколку секунди за да овозможите циркулирање на маслото со помош на воздухот. Ако алатот се користи често, подмачкувајте го секој ден, или пак кога работи бавно или губи моќност.

За време на работењето се препорачува воздушниот притисок во алатот да изнесува 6,2 bar (90 psig). Алатот може да работи и при понизок притисок, но никогаш при притисок повисок од 6,2 bar (90 psig).

Упатства за ракување

1) Прочитајте ги сите упатства пред да го користите овој алат. Сите оператори мора да поминат целосна обука за негово користење и да бидат свесни за овие безбедносни правила. Сето сервисирање и сите поправки мора да ги извршуваат обучени лица.
2) Проверете дали алатот е откачен од доводот на воздух. Изберете соодветна брусна хартија и прицврстете ја за потпорната подлога. Погрижете се да ја центрирате брусната хартија на потпорната подлога.

3) Секогаш носете ја потребната опрема за лична безбедност кога го користите алатот.

4) Пред брусењето, секогаш прво поставувајте го алатот на работната површина пред да го стартувате. Пред запирањето, секогаш отстранувајте го алатот од работната површина. На овој начин ќе го спречите создавањето жлебови на работната површина поради преголема вртежна брзина на брусната хартија.

5) Секогаш откачувајте го доводот на воздух од алатот пред да ја поставите, прилагодите или отстраните брусната хартија или потпорната подлога.

6) Секогаш стојте на цврсто тло и/или во цврста позиција и бидете свесни за реакцијата на вртежниот момент предизвикана од алатот.

7) Користете ислучиво соодветни резервни делови.

8) Секогаш проверувајте дали материјалот што го брусите е добро прицврстен на место за да се спречи неговото поместување.

9) Редовно проверувајте го цревото и спојките за знаци на истрошеност. Немојте да го држите алатот за цревото; бидете внимателни за да спречите активирање на алатот кога го држите со поврзан дов

10) Не го надминувајте максимальниот препорачан воздушен притисок. Користете опрема за лична безбедност според препораките.

11) Алатот нема електрична изолација. Немојте да го користите алатот онаму каде што постои можност да дојде во контакт со напон, цевки со гас, цевки со вода, итн. Проверете ја работната површина пред ракувањето.

12) Бидете внимателни за да спречите подвижните делови на алатот да ја зафatat облеката, врвките, косата, крпите за чистење итн. Доколку дојде до заплеткување, тоа ће предизвика телото да биде повлечено кон работната површина и подвижните делови на машината, што може да биде многу опасно.

13) Држете ги рацете подалеку од ротирачката подлога за време на употребата.

14) Ако ви се чини дека алатот работи неисправно, веднаш престанете со користењето и договорете сервисирање и поправка.

15) Не дозволувајте алатот да работи со најголема брзина без оптоварување доколку не сте презеле мерки на претпазливост за да ги заштитите лујето во близина и предметите во случај на испafaње на брусната хартија или подлогата.

Mirka RPS 300CV - Упатства за ракување - 1

flowchart
graph TD
    A["Крак за испуштање"] --> B["Tолчест вентил"]
    B --> C["Филтер"]
    C --> D["Регулатор"]
    D --> E["Подпачувач"]
    E --> F["Tолчест вентил"]
    F --> G["Проток на воздух"]
    G --> H["Сушач на воздух"]
    H --> I["Црево за воздух"]
    I --> J["Компрессор за воздух и резервоар"]
    J --> K["Кон слофката на или во близина на алатот"]
    K --> L["Вентил за испуштање"]
    L --> M["Кон работната станица"]
    M --> N["Затворен систем на цевки накосен во правец на протокот на воздух"]

Слика 1

Технички податоци

Mirka® RPS 300CV
Препорачана големина на црево за воздух – Минимум 10 mm 3'8 in
Препорачана максимальна должна на цревото 8 meters 25 feet
Воздушен притисок - Максимален работен притисок 6.2 bar 90 psig
Воздушен притисок - Препорачан минимум NA

Конфигурација/спецификации за производот: Mirka RPS 300CV со 3000 врт./мин.

Тип на вшмукувачГолемина на подлога mm (инчи)Број на моделНето тежина на производот во кг (фунти-маса)Висина во мм (инчи)Должина во мм (инчи)Моїност во вати (hp)Потрошувачка на воздух LPM (scfm)*Ниво на бучава во дВА*Ниво на вибрирање во м/с2*Непрецизност K m/s^2
Централен вакуум77 mm(3 инчи)RPS 300CV0,63 (1,37)89,0(3,50)186,2(7,30)209(0,28)481 (17) 78,52,86 0,78
Испитувањата за бучава се спроведени во согласност со стандартот EN ISO 15744:2008 – Рачни неелектрични алати – Правила за мерење на нивоата на бучава – Инженерски метод (класа 2) и EN ISO 11203:2009 Акустика – Бучава од машинерија и опрема – Одредување на ниво на емисија на звучен притисок на работна станица и други одредени позиции од нивото на звучна моїност.Испитувањата за вибрации се спроведени во согласност со стандартот EN ISO 28927-3 – Рачни преносни електрични алати – Методи на испитување за проценка на емисиите на вибрации – дел 3: Алати за полирање и ротирачки брусилки, орбитални брусилки и брусилки со двојно дејство.

Го задржуваме правото на измена на спецификациите без претходно известување.

*Вредностите наведени во табелата се добиени од лабораториски испитувања во согласност со наведените прописи и стандарди и не се доловни за проценка на ризикот. Вредностите измерени на одредено работно место можат да бидат повисоки од наведените вредности. Стварните вредности на изложеност и ризик или штета кои може да ги искуси некое лице се поединечни за секоја ситуација и зависит од опкружувањето, начинот на кој лицето ракува со машината, видот на материјал што се обработува, дизајнот на работните станици, како и времето на изложеност и физичката состојба на корисникот. Компанијата Mirka Ltd. не прифаќа одговорност за последиците кои можат да настанат поради употребата на наведените вредности наместо стварните вредности за изложеност за каква било индивидуална проценка на ризикот.

Натамошните информации за безбедноста и заштитата на здравјето на работното место можете да ги пронајдете на следните веб-страници: https://osha.europa.eu/en (Europe) http://www.osha.gov (USA)

Водич за отстранување проблеми

Симптом Можно причинна Решение
Мала мојност и/или мал број вртежи во празен од.Недоволен воздушен притисок. Проверете го притисокот во цревото за воздух кај доводот на алатот додека алатот работи во празен од. Тој мора да изнесува 6,2 bar (90 psig/620 kPa).
Затнат(и) придушувач(и). Придушувачотможе да се одзатне со чист,соодветен раствор сё додека сите загадувачи и пречки не се отстранат. Доколку придушувачот не може соодветно да се исчисти, заменете го.
Затнат филтер за довод. Исчистете го филтерот за довод со чист,соодветен раствор за чистење. Доколку филтерот не може да се исчисти, тогаш заменете го.
Една или повеće истрошени или скршени перки.Поставете цел комплет нови перки (сите перки мора да се заменат поради правилно функционирање). Намачкајте ги сите перки со квалитетно масло за пневматски алат.
Внатрешно пропуштање воздух во кујиштето на моторот, укажано преку невообичаено високата потрошувачка на воздух и невообичаено ниската брзина.Проверете го порамнувањето на моторот и активирањето на прстенот за блокирање.Проверете дали има оштетување на О-прстенот во лежиштето на прстенот за блокирање.Отстранете го склопот на моторот и повторно поставете го.
Деловите на моторот се истрошени. Обновете го моторот. Обратете се до овластениот сервисен центар на Mirka.
Истрошени или скршени лежишта на осовините.Заменете ги истрошените или скршени лежишта.
Пропуштање воздух низ регулаторот за брзина и/или вратот на вентилот.Валкана, скршена или искривена пружина на вентилот, вентилот или лежиштето на вентилот.Расклопете ги, проверете ги и заменете ги истрошените или оштетени делови.
Вибрации/испрекинато работење.Несоодветна подлога. Користете само големини на подлоги и подметки дизајнирани за оваа машина.
Додавање подметка или друг материјал.Користете само брусна хартија и/или подметки дизајнирани за оваа машина. Немојте да прикачувате ништо на потпорната подлога што не било специфично дизајнирано да се користи со подлогата и алатот.
Неправилно подмачкување или насобирање на надворешни остатоци.Расклопете го алатот и исчистете го во соодветен раствор за чистење. Повторно составете го алатот.
Истрошени или скршени задни или предни лежишта на моторот.Заменете ги истрошените или скршени лежишта.
Кај машините со вакуум постои можност од преголем вакуум при брусењето на рамна површина, поради што подлогата може да се залепи до површината за брусење.За CV машини, намалете го вакуумот преку системот за вакуум и/или додајте дополнителни подметки врз подлогата.
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Mirka

Модел : RPS 300CV

Категорија : брусилка