MILWAUKEE DEC 230 - Прибор за електричен алат

DEC 230 - Прибор за електричен алат MILWAUKEE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот DEC 230 MILWAUKEE во PDF формат.

📄 94 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice MILWAUKEE DEC 230 - page 85
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за DEC 230 MILWAUKEE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Прибор за електричен алат во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник DEC 230 - MILWAUKEE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. DEC 230 на марката MILWAUKEE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК DEC 230 MILWAUKEE

Ве молиме исто така да обратите во секој случај внимание на упатството за употреба на приключената аголна брусилица. Прочитајте ги сите безбедносни упатства и инструкции.

Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.

СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА

Хаубата за сечење е наменета за брусење заради сечење на камени и керамички материјали со дијамантни дискови за сечење.

Хаубата за сечење е наменета исклучиво за употреба во сува обработка.

Хаубата за сечење смее да се употребува ислучиво со следните наведени аголни брусилици: Milwaukee AG22 ...

Хаубата за сечење смее да се употребува ислучиво во комбинација со соодветна правосмукалка.

Заеднички безбедносни напомени за брусење заради сечење со дијамантски диск за сечење:

а) Ова електро-орудие е наменето да се употребува како машина-брусилица за сечење. Почитувајте ги сите безбедносни упатства, упатства за работа, прикази и податоци што ги добивате заедно со електричниот алат.

Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.

b) Ова електро-орудие не е наменето за полирање, брусење, брусење со шмиргла и челични четки.

Секакви употреби, за кои овој алат не е предвиден, можат да предизвикаат загрозувања и повреди.

с) Хаубата за сечење мора да биде безбедно нанесена и подесена така што ће се постигне максимально ниво на безбедност односно најмалиот можен дел на дијамантскиот диск за сечење отворено покажува

према корисникот. Хаубата за сечење треба да го заштити корисникот од парчиња кои што ќе се откршат при работењето и од случаен контакт со дијамантскиот диск за сечење.

d) Употребувајте само дијамантски дискови за сечење за вашиот електро-алат.

e) Дозволениот број на вртежи на дијамантната плоча за сечење мора да биде барем толку висок како што е максимальниот број на вртежи наведен на електро-орудието. Дијамантни дискови за сечење кои што се вртат побргу отколку што е тоа дозволено, можат да се скршат и да летаат наоколу.

f) Дијамантните плочи за сечење смеат да се употребуваат ислучиво за препорачаната намена. На пример: Никогаш не брусете со страничната површина на дијамантниот диск за сечење. Дијамантните дискови за сечење се наменети за отстранување на материјал со работ на плочата. Дејството на странична сила врз овие дијамантни дискови за сечење може да ги скрши истите.

g) Секогаш употребувајте за дијамантните дискови за сечење што сте ги одбрале неоштетени фланши за стегање, со исправна големина и форма. Соодветните фланши го заштитуваат дијамантниот диск за сечење и на тој начин ја намалуваат опасноста од кршење на дијамантниот диск за сечење.

h) Надворешниот дијаметар и дијамантниот диск за сечење мора да соодветствуваат со податоците за димензиите на вашето електро-оруди. Погрешно измерени дијамантни плочи за сечење не можат да бидат соодветно заштитени или контролирани.

i) Дијамантните дискови за сечење мора прецизно да одговараат на вретеното за брусење на Вашето електро-орудие. Дијамантните плочи за сечење што не одговараат прецизно на вретеното за брусење на Вашето електро-орудие, се вртат нерамномерно, вибрираат мошне јако и можат да доведат до губење на контролата.

j) Не употребувајте оштетени дијамантни дискови за сечење. Пред секоја употреба извршете контрола врз дијамантните дискови за сечење во однос на расцепи и пукнатини, изабеност или голема искористеност. Ако електро-орудието или дијамантниот диск за сечење паднат, проверете дали истите се оштетени или употребете неоштетена дијамантна плоча за сечење. Откако ја имате контролирано и поставено дијамантната плоча за сечење, Вие и лицата, кои што се наоћаат во близина, треба да бидете вон дометот на ротирачкиот дијамантен диск за сечење и оставете го дијамантниот диск за сечење да работи една минута со максимален број на вртежи. Оштетени дијамантни плочи за сечење најчесто се кршат за време на во овој тест-период.

k) Носете опрема за лична заштита. Зависно од употребата, користете целосна визуелна заштита, заштита за очите или заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прашина, заштита за ушите, заштитни ракавици или специјална престилка, со која се заштитувате од ситни честички од шлајфувањето и од материјалот. Очите треба да бидат заштитени од страни тела што се разлетуваат наоколу, а кои настануваат при различни употреби. Заштита маска од прашина и за дишење мора да ја филтрираат прашината што се создава при работата. Доколку сте подолго време изложени на гласна бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.

Македонски

I) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа, мора да носи опрема за лична заштита. Можат да се разлетаат парчиња од материјалот кој што се обработува или пак скршени дијамантни дискови за сечење можат да летнат и да предизвикаат повреди и надвор од директното подраче на работење.
m) Држете го електричното орудие ислучиво за изолираните површини за држење за време на операции кај кои што дијамантниот диск за сечење може да дојде во контакт со сокриени струјни водови или со сопствениот мрежен кабел. Контакт со жица под напон исто така їе направи проводници од металните делови и оној кој ракува со алатот їе доживее струен удар.
п) Мрежниот кабел држете го настрана од дијамантните дискови за сечење кои што се вртат. Доколку ја изгубите контролата врз апаратот, мрежниот кабел може да биде пресечен или зафатен и Вашата рака или дланка може да биде повлечена во дијамантниот диск за сечење кој што се врти.
о) Никогаш не го оставајте го електро-орудието, се додека дијамантниот диск за сечење не постигне Costaјба на комплетно мирување. Дијамантниот диск за сечење кој што се врти може да дојде во контакт со површината на која што се остава и на тој начин можете да ја изгубите контролата врз електро-орудието.
р) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го носите. Вашата облека може да биде закачена преку случаен контакт со дијамантниот диск за сечење што се врти при што дијамантниот диск за сечење може да се забоде во Вашето тело.
q) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот електро-алат. Вентилаторот на моторот влече прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може да предизвика електрични опасности.
r) Не употребувајте го електро-алатот во близина на материјали што горат. Таквите материјали можат да се запалат од искри.
s) Не употребувајте дијамантни дискови за сечење за кои што се потребни течни средства за ладење. Употребата на вода или на други течни средства за ладење може да доведе до електричен удар.
t) Не употребувајте прибор што не е предвиден и препорачан од производителот специјално за овој електро-алат. Доколку извесен прибор можете да го прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не претставува гаранција за сигурно употреба.

Повратен удар и референтни безбедносни упатства

Повратниот удар претставува неочекувана реакција како последица на заглавен или блокиран дијамантен диск за сечење. Заглавувањето или блокирањето доведува до непосредно застанување на ротирачкиот дијамантен диск за сечење. На тој начин неконтролираното електро-орудие се забрузва во спротивна насока од насоката на вртење на дијамантниот диск за сечење во точката на блокирање.

Доколку на пример дијамантен диск за сечење е заглавен или блокиран во работниот материјал, тогаш работ на дијамантниот диск за сечење што навлегува во работниот материјал може да се закачи и на тој начин може да дојде до излетување на дијамантниот диск за сечење или да биде предизвикан повратен удар. Во таков случај дијамантниот диск за сечење се движи или кон корисникот или од корисникот во спротивен правец, во зависност од правецот на вртење на дијамантниот диск за сечење во точката на блокирање. Притоа дијамантните дискови за сечење можат и да се скршат.

Повратен удар претставува последица од погрешна или неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се опишани подолу.

a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за да можете да имате максимальна можна контрола над силите од повратниот удар или на моментите на реакција при пуштање во работа. Операторот може да ги контролира силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање соодветни мерки на претпазливост.
b) Никогаш не ја држите раката во близина на дијамантни дискови за сечење што се вртат. Во случај на повратен удар дијамантниот диск за сечење може да биде исфрлен и да се раздвижи врз вашата рака.
с) Избегнувајте, со Вашето тело да се движите во подрачјето во кое што дијамантниот диск за сечење би се придвижил во случај на повратен удар. Повратниот удар го насочува електро-орудието во спротивен правец од движењето на дијамантниот диск за сечење на местото на блокирање.
d) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови итн. Спречувајте ситуации, во кои што дијамантните дискови за сечење се одбиваат од работниот материјал или се заглавуваат во него. Кај агли, остри рабови или во случај на одбивање од работниот материјал, ротирачкиот дијамантен диск за сечење е склон да се заглавува. Тоа предизвikuва губење на контролата или повратен удар.
e) Не употребувајте лист за пилење со ланци или запчаници. Таквите орудија за примена честопати предизвикуваат повратен удар или губење на котролата врз електро-орудието.

Посебни напомени за безбедност во однос на дијамантското брусење заради сечење:

a) Употребувајте исклучиво дијамантски дискови за сечење кои што се наменети за работни постапки на сечење.
b) Не употребувајте изабени дијамантни дискови за сечење од поголеми електро-орудија. Дијамантните дискови за сечење за поголеми електро-орудија не се наменети за повисоките броеви на вртежи кај помалите електро-орудија и можат да се скршат.

MILWAUKEE DEC 230 - Посебни напомени за безбедност во однос на дијамантското брусење заради сечење: - 1

MILWAUKEE DEC 230 - Посебни напомени за безбедност во однос на дијамантското брусење заради сечење: - 2

Други специјални безбедносни упатства за брусење со делење:

a) Избегнувајте го блокирањето на дијамантниот диск за сечење или преголем контактен притисок. Не изведувајте претерано длабоки засеци. Преоптоварувањето на дијамантниот диск за сечење го зголемува неговото оптоварување и склоноста кон извртување или блокирање и со тоа кон можност од повратен удар или кршење на дијамантниот диск за сечење.
b) Избегнувајте го доменот пред и зад ротирачкиот дијамантен диск за сечење. Доколку дијамантниот диск за сечење во работниот материјал го придвижувате во спротивен правец од Вашата позиција, тогаш во случај на повратен удар електро-орудието со дискот што се врти може да летне со извонредно голема врзино директно во Ваш правец.
с) Доколку дијамантниот диск за сечење се заглави или Вие ја прекинете својата работа, исключете го апаратот и држете го мирно се додека дискот не застане сосема. Никогаш не се обидувајте да го извлечете дијамантниот диск за сечење додека тој се уште работи од засекот во материјалот, затоа што во тој случај може да дојде до повратен удар. Констатирајте и отстранете ја причината за заглавувањето.
d) Не го вклучувајте електро-орудието повторно, додека тоа се наоға во работниот материјал. Најпрво оставете го дијамантниот диск за сечење да го постигне вкупниот број на вртежи пред внимателно да продолжите со сечењето. Во спротивно дијамантниот диск за сечење може да заглави, да отскокне од работниот материјал или да предизвика повратен удар.
e) Потпрете ги плочите или големите работни материјали за да го намалите ризикот од повратен удар заради заглавен дијамантен диск за сечење. Големи материјали за обработка може да свијат како последица на својата тежина. Материјалот за обработка мора да биде потпран на двете страни и тоа како во близина на засекот за делење така и на работ.
f) Бидете посебно внимателни при „Цебни засеци„ во постоечки сидови или други подрачја каде што се нема увид. Дијамантниот диск за сечење кој што влегува во работниот материјал при сечењето во водови на гас или вода, електрични водови или други објекти, може да предизвика повратен удар.

Останати безбедносни и работни упатства

Избегнувајте фин прав од брусењето на го погоди телото. Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при включена машина.

Во случај на значителни вибрации или појава на други неправилности веднаш исключете ја машината со цел да ја најдете причината за нив.

Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи.

РАБОТНИ УПАТСТВА

Дијаманстските дискови за сечење користете и чувајте ги согласно препораките на производителот.

Секогаш користете заштитен шлем при грубо одвојување. Шрафот за штелување мора да биде затегнат пред да се почне со работа со машината.

Секогаш користете ја помошната рачка.

Парчето кое се обработува мора да се прицврсти доколку не е довольно тешко за да биде стабилно. Никогаш не го насочувајте работното парче кон глодачкиот диск со рака.

ОДРЖУВАЊЕ

Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).

Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кaj: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.

ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ

Ние во единствена одговорност изјавуваме дека производот опишан во поглавјето „Технички податоци“ во врска со апаратите Milwaukee AG22 ...

е во склад со сите релевантни прописи од регулативата 2011/65/EU (RoHS), 2006/42/EG и следните хармонизирачките нормативни документи:

EN 60745-1:2009 + A11:2010

EN 60745-2-3:2011+A2:2013+A11:2014+A12:2014+A13:2015

EN 50581:2012

MILWAUKEE DEC 230 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 1

Alexander Krug / Managing Director Ополномоштен за составување на техничката документација.

Techtronic Industries GmbH

Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба.

MILWAUKEE DEC 230 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 2

Секогаш при користење на машината носете ракавици.

MILWAUKEE DEC 230 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 3

Носете ракавици!

MILWAUKEE DEC 230 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 4

Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.

MILWAUKEE DEC 230 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 5

Носте штитник за уши.

MILWAUKEE DEC 230 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 6

Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го кабелот од струјата.

MILWAUKEE DEC 230 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 7

Само за работи на сечење.

MILWAUKEE DEC 230 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 8

СЕ-знак

Македонски

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MILWAUKEE

Модел : DEC 230

Категорија : Прибор за електричен алат