AHP 110 - високопритисен чистач ALPINA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AHP 110 ALPINA во PDF формат.
Прашања на корисниците за AHP 110 ALPINA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот високопритисен чистач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AHP 110 - ALPINA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AHP 110 на марката ALPINA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AHP 110 ALPINA
● Изход за вода (OUTLET)
1.1 Уредот што го купивте е технолошки напреден производ конструиран од еден од водечките европски производители на уреди за миење со висок притисок. За да добиете најдобри резултати од вашиот уред, внимателно прочитајте ја оваа брошура и следете ги упатствата секогаш кога єе го користите. Додека уредот е приключен и додека го користите и сервисирате, преземете ги сите безбедносни мерки за да се заштитите себеси и лујето во ваша близина. Внимателно прочитајте ги безбедносните прописи и редовно придржувајте се до нив; доколку не го правите тоа, здравјето и безбедноста може да ви бидат во опасност или може да предизвикате скапо оштетување.
2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Придржувајте се до упатствата дадени со ознаките и символите за безбедност ставени на уредот и во прирачникот.
На уредот и во прирачникот може да ги најдете само символите што се однесуваат на купениот модел. Проверете дали стојат символите и ознаките залепени на уредот и дали се читливи; во спротивен случај ставете нови на оригиналните места.

Предупредување - внимание - опасност

Внимателно прочитајте ги упатствата пред употреба.
Символ E2 (ако се појавува во прирачникот) – Означува дека уредот е наменет за професионална употреба, т.е. за искусни корисници запознаени со соодветните технички, регулаторни и законски фактори и се способни да ги извршуваат операциите включени во процесот на користење и одржување на уредот. Уредот не смее да го употребуваат деца, лица со попречени физички, сетилни или ментални способности или лица без потребното искуство и знаење.
Символ ЕЗ (ако се појавува во прирачникот) – Означува дека уредот е наменет за непрофесионална (домашна) употреба. Уредот може да го употребуваат лица со попречени физички, сетилни или ментални способности или лица што го немаат потребното искусство и знаење доколку се под надзор или доколку добиле упатства за безбедната употреба на уредот и ги разбираат можните ризици.

Македонски

Подвижни делови. Не допирај.
0 Положба на прекинувачот „OFF“
I Положба на прекинувачот „ON“

Гарантирано ниво на звучен притисок

Знак за забрана - ги информира корисниците дека локалните прописи можеби рануваат приклучување на производот кон водоводната мрежа за вода за пиење.

Знак за опасност - ги предупредува корисниците да не го насочуваат водениот млаз кон луге, животни, електрична опрема или кон самоот производ.

Овој производ е сместен во изолачиска класа II. Тоа значи дека има зголемена двојна изолација (само ако символот се појавува на уредот).

Овој производ е сместен во изолачиска класа I. Тоа значи дека содржи титен спроводник за заземјување (само ако символот се појавува на уредот).

Уредот е сообразен со важечките европейски директиви.

Символ E1 – Означува дека уредот не смее да се отстранува како обиченад; истиот може да му се предаде на дистрибутерот при купување нов уред. ктричните и електронските делови на уредот не смеат да се користат за родветна намена бидејки истите содржат супстанции кои се опасни за здравјето.

Носете заштитници за ушите.

Носете заштитна маска.

Носете респираторна заштита.

Носете заштитни ракавици.

Носете заштитни обувки.

Носете заштитна облека.

3 БЕЗБЕДНОСНИ ПРАВИЛА/ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
3.1.1 Внимание. НЕ дозволувајте им на децата да го користат уредот; надгледувајте ги за да сте сигурни дека не си играат со него.
3.1.2 Внимание. Млазот со висок притисок може да биде многу опасен ако се користи неправилно.
3.1.3 Внимание. НЕ користете го уредот со запаливи или отровни течности или со какви било производи кои не се соодветни за правилна работа на уредот. Забрането е користење на уредот во потенцијално запалива или експлозивна атмосфера.
3.1.4 Внимание. РИЗИК ОД ЕКСПЛОЗИЈА. НЕ користете го уредот за прскање запаливи течности.
3.1.5 Внимание. НЕ насочувајте го млазот вода кон луге или животни.
3.1.6 Внимание. НЕ насочувајте го млазот вода кон самиот уред, електричните делови или кон другата електрична опрема.
3.1.7 Внимание. НЕ користете го уредот додека има лиге во неговиот опсег на работа, освен ако не носат заштитна облека.
3.1.8 Внимание. НЕ насочувајте го млазот кон себе или кон други лица за чистење на облеката или обувките.
3.1.9 Внимание. НЕ користете го уредот надвор додека врне дожд.
3.1.10 Внимание. НЕ дозволувајте им на децата, некомпетентни лица или на тие што ги немаат прочитано и разбрано упатствата да го користат уредот.
3.1.11 Внимание. НЕ допирајте го електричниот приклучок и/или штекерот со влажни раце.
3.1.12 Внимание. НЕ користете го уредот ако електричниот кабел е оштетен. Ако електричниот кабел е оштетен, мора да го замените со помош на производителот, еден од неговите овластени центри или со помош на стручни лица за да ги избегнете безбедносните опасности.
3.1.13 Внимание. НЕ употребувајте го уредот доколку кабелот за напојување или важните делови, како што се сигурносните уреди, цревата со висок притисок или пиштолот, се оштетени.
3.1.14 Внимание. НЕ заглавувајте го чкрапецот во активна положба.

Македонски
3.1.15 Внимание. Проверете дали на уредот има табличка со податоци; ако нема, известете го дистрибутерот. Уреди без табличка НЕ смеат да се користат бидејки не можат да се идентификуваат и се потенцијално опасни.
3.1.16 Внимание. Сигурносниот вентил или сигурносните уреди НЕ СМЕАТ да се оневозможуваат или да се менуваат нивните поставки.
3.1.17 Внимание. НЕ менувајте го оригиналниот дијаметар на млазницата од главата за прскање.
3.1.18 Внимание. НЕ преместувајте го уредот со влечење на ЕЛЕКТРИЧНИОТ КАБЕЛ.
3.1.19 Внимание. НЕ дозволувајте да поминуваат возила врз цревото со висок притисок.
3.1.20 Внимание. НЕ преместувајте го уредот со влечење на цревото со висок притисок.
3.1.21 Внимание. Млазот со висок притисок е потенцијално опасен кога ње се насочи кон пневматици, вентили на пневматици или други компоненти под притисок. Не користете го комплетот со ротирачка млазница и секогаш за време на чистење држете го млазот на растојание од 30 см.
3.1.22 Внимание. Строго е забрането користење на неоригинална, дополнителна опрема што не е одобрена од страна на производителот. Забранети се секакви модификации на уредот; модификациите ја поништуваат изјавата за сообразност и го ослободуваат производителот од секаква одговорност според грағанските и казнените закони.
3.2.1 Внимание. Сите електрични спроводници МОРА ДА БИДАТ ЗАШТИТЕНИ од водениот млаз.
3.2.2 Внимание. Електричното напојување мора да го поврзе стручен електричар и мора да биде во согласност со IEC 60364-1. Мора да се инсталира заштитен уред со диференцијална струја или ФИД-склопка што їе го ислучи електричното напојување ако истекувањето на струјата кон заземјувањето надмине 30 mA за 30 ms.
3.2.3 Внимание. ЗА ВРЕМЕ НА стартувањето уредот може да предизвика пречки во мрежата.
3.2.4 Внимание. Користењето на ФИД-склопка (30 mA) обезбедува дополнителна заштита за операторот.
3.2.5 Внимание. Стручно лице мора да ги инсталира моделите испорачани без електричен приклучок.
3.2.6 Внимание. Користете само одобрени електрични продолжни кабли со соодветен пресек на спроводниците.
3.2.7 Внимание. Секогаш ислучувајте го прекинувачот кога го оставате уредот без надзор.
3.2.8






Внимание. Високиот притисок може да предизвика отскокнување на деловите: мора да се носи целата заштитна облека (ППЕ) и опрема потребна за обезбедување на операторот.
3.2.9 Внимание. Пред да направите некој зафат на уредот, ИСКЛУЧЕТЕ го електричниот приклучок од мрежата.
3.2.10 Внимание. Пред притискање на чкрапецот, цврсто СТЕГНЕТЕ го пиштолот за да се обезбедите од повратниот удар.
3.2.11 Внимание. ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО прописите на локалното претпријатие за снабдување со вода. Според IEC 60335-2-79, уредот може да се приклучи кон водоводна мрежа за вода за пиење само ако во доводното црево е вграден неповратен вентил со можност за празнење во согласност со EN 12729 тип ВА. Неповратниот вентил може да го порачате од производителот.
3.2.12 Внимание. Водата што поминала низ неповратниот вентил се смета дека не е добра за пиење.
3.2.13 Внимание. Одржувањето и/или поправката на електричните компоненти МОРА да го извршува стручно лице.
3.2.14 Внимание. ОСЛОБОДЕТЕ го преостанатиот притисок пред одвојување на цревото од уредот.
3.2.15 Внимание. Пред секоја употреба и во редовни временски интервали ПРОВЕРУВАЈТЕ дали сите завртки се затегнати и дали има скршени или истрошени делови.
3.2.16 Внимание. КОРИСТЕТЕ САМО детергенти кои нема да ги нагризат материјалите од облогата на цревото со висок притисок/електричниот кабел.
3.2.17 Внимание. ОБЕЗБЕДЕТЕ сите луге и животни да бидат на растојание од најмалку 16 јарди (15 m).

Македонски
161
3.2.18 Внимание. Уредот е наменет за употреба со детергентот што го испорачува или препорачува производителот. Употребата на други детергенти или хемикалии може негативно да влијае врз безбедноста на уредот.
3.2.19 Внимание. Не дозволувајте детергентот да дојде во допир со кожата, а особено со очите! Доколку дојде во допир со очите, исплакнете ги со многу вода и веднаш побарајте медицинска помош!
3.2.20 Внимание. Цревата со висок притисок, спојките и зглобовите се важни за безбедноста на уредот. Употребувајте ги само цревата, спојките и зглобовите што ги препорачува производителот.
3.2.21 Внимание. За да сте сигурни дека уредот е безведен, употребувајте ги само оригиналните делови од производителот или други делови што имаат негово одобрение.
3.2.22 Внимание. Несоодветните продолжни кабли можат да бидат опасни. Доколку употребувате продолжен кабел, истиот мора да е соодветен за употреба во надворешни услови и приклучувањето треба да биде суво и поткренато. Се препорачува употреба на макара за електричен кабел којашто го држи штекерот најмалку 60 mm над земјата.
3.2.23 Внимание. Исключете го прекинувают и исключете го уредот од електричното напојување пред да го составувате, чистите, нагодувате, одржувате, складирате и пренесувате.
3.2.24 Внимание. Вметнете го комплетот со млазница за црево до црвената ознака пред да го включите уредот.
162
Македонски
4.1 Користење на прирачникот
Овој прирачник е составен дел на уредот и треба да го зачувате за натамошна употреба. Внимателно прочитајте го пред инсталацијата/користењето на уредот. Ако го продадете уредот, тогаш мора на новиот сопственик, заедно со уредот, да му го предадете и овој прирачник.
4.2 Испорака
Уредот се испорачува делумно составен во картонска кутија. Пакетот што се испорачува е прикажан на слика 1.
4.2.1 Документација што се испорачува со уредот
A1 Прирачник за користење и одржување
A2 Упатства за безбедност
A3 Изјава за сообразност
A4 Гарантни услови
4.3 Отстранување на амбалажата
Материјалите од амбалажата не ја загадуваат животната средина, но сепак мора да се рециклираат или да се отстранат согласно со важечките законски прописи на земјата во која се користи.
Овој уред е конструиран за индивидуално користење при миење возила, машини, чамци, сидови итн., за отстранување тврдокорна нечистотија со чиста вода и биоразградливи хемиски детергенти.
Моторите на возилата можат да се мијат само ако нечистата вода се отстранува според важечките прописи.
- Температура на доводната вода: погледнете на табличката со податоци на уредот.
- Притисок на доводната вода: мин. 0,1 МРа - макс. 1 МРа.
- Амбиентална работа температура: над 0°C.
Уредот е сообразен со стандардите IEC 60335-1 и IEC 60335-2-79.
5.2 Оператор
Символот илустриран на слика 1 покажува за каков оператор е наменет уредот (профессионален или непрофесионален).
5.3 Главни компоненти
B2 Konje
ВЗ Пиштол со сигурносна блокада
B4 Електричен кабел со приключок (кај моделите со оваа одлика)
B5 Црево за висок притисок
B6 Резервоар за детергент (кај моделите со оваа одлика)
B7 Капаче за масло (кај моделите со оваа одлика)
Е Млазница
F Регулатор на детергент (кај моделите со оваа одлика)
G Регулатор на притисок (кај моделите со оваа одлика)
L Филтер за вода
5.3.1 Прибор (ако е включен во испорачаниот пакет - видете ја сликата 1)
C1 Алатка за чистење на
млазницата
C2 Комплет со ротирачка
млазница
C3 Рачка
C4 Четка
C5 Макара за црево
С6 Комплет за смукање вода
C7 Комплет со млазница за црево
C8 Комплет со четка за чистење големи површини
C9 Адаптер
C10 Завртки
C11 Потпирачи
C12 Рачка
C13 Комплет за детергент
C14 Тркалца
C15 Туба со маст за
подмачкување
C16 Манометар
C17 Адаптер за прибор
Прекинувачот ја спречува случајната употреба на уредот.
Не смее да се оневозможи сигурносниот вентил или да се нагодуваат неговите поставки.
- Сигурносен вентил и/или вентил за ограничување на притисокот.
Сигурносниот вентил е и вентил за ограничување на притисокот. Кога ће се отпушки чкрапецот на пиштолот, вентилот се отвора и водата кружи низ влезот на пумпата или истекува надвор.
- Термостатски вентил (D1 кога е вграден). Ако температурата на водата ја надмине температурата што ја одредил производителот, термостатскиот вентил ја испушта жешката вода и вовлекува ладна вода колку што била испуштена сё додека не се постигне потребната температура.
- Сигурносна блокада (D): спречува случајно прскање на водата.
- Прекин поради преоптовареност: го ислучува уредот во случај на преоптовареност.
6 ИНСТАЛАЦИЈА (СЛИКА 2)/СТРАНИЦА 4
6.1 Составување
Cите постапки за инсталација и составување мора да се изведуваат со уред ислучен од електричната мрежа.
Редоследот за составување е прикажан на слика 2.
6.2 Поставување на капачињата за испуштање притисок (кај моделите со оваа одлика)
За да се спречи течење на маслото, уредот се доставува со запечатени доводи за масло со црвени капачиња коишто мора да се заменат со испорачаните капачиња за ослободување на притисокот.
6.3 Поставување на ротирачката млазница
(За моделите со оваа одлика).
Комплетот со ротирачка млазница дава поголема моїност за миење.
Употребата на ротирачка млазница може да предизвика намалување на притисокот од 25% во споредба со притисокот што се добива со нагодливата млазница. Сепак, комплетот со ротирачка млазница дава поголема мокност за миење поради ротацијата на водениот млаз.
6.4 Електрично приклучување
Проверете дали напонот и фреквенцијата (V-Hz) на електричното напојување одговараат на оние што се наведени на табличката со податоци ( слика 2).
Користете кабли и приклучоци со ниво на заштита „IPX5“.
Пресекот на продолжниот кабел треба да биде пропорционален на неговата должна; колку е подолг, толку треба да биде поголем неговиот пресек. Погледнете ја табела 1.
6.5 Приклучување кон довод на вода
Со уредот може да се користи само чиста или филтрирана вода. Протокот на славината за довод на вода треба да е еднаков со протокот на пумпата.
Поставете го уредот колку што е можно поблиску до системот за снабдување со вода.
6.5.1 Точки на приклучување
● Одвод на водата (OUTLET)
■ Довод на вода со филтер (INLET)

Македонски
163
6.5.2 Приклучување на доводот на водата
Уредот може да се приклучи директно на водоводната мрежа за вода за пиење само ако доводното црево е опремено со неповратен вентил во согласност со важечките прописи. Проверете дали цревото има пречник од најмалку ∅ 13 mm, дали е армирано и дали не е подолго од 25 m.
6.5.3 Вимукување вода од отворени резервоари
1) Завртете го доводното црево со филтер на доводот за вода (INLET) и внесете го до дното на резервоарот.
2) Испуштете го воздухот од уредот:
a) Одвртете го копјето.
6) Стартувајте го уредот и држете го пиштолот отворен сё додека не престанат да излегуваат воздушни меурчиња од водата.
3) Исклучете го уредот и завртете го копјето.
Забелешка: максимальната висина за вшмукување е
0,5 m. Цревото за вшмукување треба да се наполни пред употреба.
7 НАГОДУВАЊА (СЛИКА 3)/СТРАНИЦА 5
7.1 Нагодување на млазницата (за моделите со оваа одлика) Протокот на вода се регулира со нагодување на млазницата (E).
7.2 Нагодување на детергентот
За да доставите детергент со соодветниот притисок, поставете ја млазницата (E) (кога е вградена) на „■” или поставете го приборот за детергент (C13) (каде што е достапен) како што е покажано. Количината на детергентот се нагодува со регулаторот (F).
7.3 Нагодување на работниот притисок (кај моделите со оваа одлика)
Регулаторот (G) се користи за нагодување на работниот притисок. Притисокот се прикажува на манометарот (кога е вграден).
Поставете го прекинувачот на (ON/I):
a) за да го стартувате моторот (кај моделите без TSS-уред);
б) за да го овозможите стартувањето на моторот (кај моделите со TSS-уред).
Ако има пробно ламбиче на уредот, треба да светне.
Поставете го прекинувачот на (OFF/0) за да го исключите уредот.
Ако има пробно ламбиче на уредот, треба да се изгасне.
- Рачка за контрола на водениот млаз (II).

За време на работењето уредот мора да биде поставен како што е прикажано на слика 4, на цврста и стабилна површина.
1) Отворете ја до крај славината за довод на вода.
2) Отпуштете ја сигурносната блокада (D).
3) Притиснете го чкрапецот на пиштолот неколку секунди и стартувајте го уредот со помош на прекинувачот (ON/I).

Пред стартување на уредот проверете дали правилно прима вода; доколку уредот се користи без вода, тој ќе се оштети. Не покривајте ги решетките за вентилација кога уредот се користи.
TSS-модели - Kaj TSS-моделите со систем за автоматски прекин на протокот:
- кога чрапецот на пиштолот се ослободува, динамичкиот притисок автоматски го ислучува моторот;
- кога чкрапецот на пиштолот се притисне, автоматскиот пад на притисокот го стартува моторот и притисокот се воспоставува со многу кратко доцнење;
- за правилно функционирање на TSS-моделот сите ослободувања и притискања на пиштолот треба да се прават со паузи од најмалку 4-5 секунди.
Не дозволувајте уредот да работи на суво за да спречите негово оштетување и проверете дали правилно се снабдува со вода.
За да се спречи оштетување на уредот од зголемување на температурата на водата кај моделите без TSS, уредот не смее да работи без воден млаз повеće од 5 минути.
8.3 Запирање
1) Поставете го прекинувачот на (OFF/0).
2) Притиснете го чрапецот на пиштолот и ослободете го преостанатиот притисок во цревата.
3) Включете ја сигурносната блокада (D).
8.4 Повторно стартување
1) Отпуштете ја сигурносната блокада (D).
2) Притиснете го чрапецот на пиштолот и ослободете го преостанатиот воздух во цревата.
3) Поставете го прекинувачот на (ON/I).
8.5 Складирање
1) Затворете ја славината од доводот на водата.
2) Ослободете го преостанатиот притисок од пиштолот додека целата вода не истече од уредот.
3) Исключете го уредот (OFF/0).
4) Извлечете го електричниот приключок од штекерот.
5) Испразнете го и измијте го резервоарот за детергент на крајот од работната сезона. За миење на резервоарот користете чиста вода наместо детергент.
6) Включете ја сигурносната блокада на пиштолот (D).
8.6 Полнење и користење на детергентот
Доводот на детергент мора да биде со помош на приборот и според постапките објаснети во точка 7.3.
Користењето на црево за висок притисок подолго од она што е оригинално испорачано со уредот или користењето на дополнителен продолжеток на цревото, може да го намали или целосно да го запре вшмукувањето на детергентот. Наполнете го резервоарот (В6) со биоразградлив детергент.
8.7 Препорачана постапка за чистење
Растворете ја нечистотијата со нанесување детергент помешан со вода на сува површина.
На вертикални површини работете од долу кон горе. Оставете го детергентот да дејствува 1-2 минути, но не дозволувајте да се исуши површината. Почнувајки од долу користете го млазот со голем притисок на растојание од најмалку 30 см. Не дозволувајте водата од плакнењето да отиде на неизмиените површини.
Во некои случаи потребно е триење со четка за да се отстрани нечистотијата.
Големиот притисок не е секогаш најдоброто решение за добро чистење бидејки тој може да оштети некои површини. На осетливи или боени делови или на компоненти под притисок (на пр. пневматици, вентили за пумпање итн.) не смее да се користи најфиното поставување на млазот на нагодливата млазница или ротирачката млазница.
Ефективното чистење подеднакво зависи од притисокот и од волуменот на користената вода.
164
Македонски
9 ОДРЖУВАЊЕ (СЛИКА 5)/СТРАНИЦА 6
Секоја постапка на одржување која не е опфатена во оваа поглавје треба да ја врши овластен продажен и сервисен центар.
Внимание - опасност! Секогаш извлекувајте го електричниот приклучок од штекерот пред да преземете каков било зафат на уредот.
9.1 Чистење на млазницата
1) Одвојте го копјето од млазницата.
2) Отстранете ја наталожената нечистотија од отворот на млазницата со помош на алатката (C1).
9.2 Чистење на филтерот
Пред секоја употреба прегледајте ги влезниот филтер (L) и филтерот за детергент (ако е вграден) и доколку е потребно, исчистете ги според упатствата.
9.3 Деблокирање на моторот (кај моделите со оваа одлика)
Во случај на подолго некористење, талогот од бигор може да го блокира моторот. За да го деблокирате моторот, завртете ја погонската оска со алатката (М).
9.4 Полнење масло (за моделите со оваа одлика)
Додајте масло преку отворот за да се достигне потребното ниво.
За карактеристиките на маслото погледнете ја табелата „Карактеристики на маслото".
9.5 Складирање на крајот на сезоната
За време на зимскиот период, пред да ја складирате машината, треба да биде теретирана со некорозивен, нетоксичен антифриз. За да не се оштети, складирајте ја машината на суво место кое не замрзнува, и уверете се дека температурата нема да падне под 0°.
10 СКЛАДИРАЊЕ И ПРЕНЕСУВАЊЕ (СЛИКА 5)/ СТРАНИЦА 6
Складирајте го приборот како што е прикажано на слика 5.
Пренесувајте ја машината како што е прикажано на слика 5.
Македонски
11 РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
| Проблем Можни причини | и Решение | |
| Пумпата не го постигнува работниот притисок | Млазницата е истрошена Заменете ја млазницата | |
| Затнат филтер за вода | Исчистете го филтерот (L) (слика 5) | |
| Недоволно снабдување со вода Отворете ја до крај славината за довод на вода | ||
| Во системот се вшмукува воздух Проверете дали спојките на цревото се добро затегнати | ||
| Воздух во пумпата | Исклучете го уредот и притискајте го и пуштајте го чкрапецот на пиштолот додека не почне непрекинато да истекува вода. Повторно включете го уредот | |
| Нагодливата млазница не е правилно поставена | Поставете ја млазницата (E) на (+) (слика 3) | |
| Активиран е термостатскиот вентил | Почекајте повторно да се постигне правилна температура на водата | |
| Водата се вшмукува од отворен резервоар од висина поголема од 0,5 m | Намалете ја висината на вшмукување | |
| Притисокот на пумпата одненадеж пага за време на работата | Се вшмукува вода од надворешниот резервоар Приклучете го уредот на водоводна мрежа | |
| Доводната вода е претопла Намалете ја температурата | ||
| Затната млазница Исчистете ја млазницата (слика 5) | ||
| Влезниот филтер (L) е затнат | Исчистете го филтерот (L) (слика 5) | |
| Моторот „бучи“, но не стартува | Напонот на напојувањето е преслаб | Проверете дали напонот на мрежното напојување одговара на оној од табличката (слика 2) |
| Пад на напонот поради користење продолжен кабел Проверете ги карактеристиките на продолжниот кабел | ||
| Уредот не е користен подолго време Јавете се во најблискиот овластен сервисен центар | ||
| Проблеми со TSS-уредот Јавете се во најблискиот овластен сервисен центар | ||
| Моторот не стартува | Нема електрично напојување | Проверете дали електричниот приклучок е цврсто ставен во штекерот и дали има напон во мрежата (*) |
| Проблеми со TSS-уредот Јавете се во најблискиот овластен сервисен центар | ||
| Уредот не е користен подолго време | Со алатката (M) деблокирајте го моторот преку дупката на задната страна од уредот (кај моделите со оваа одлика) (слика 5) | |
| Истекувања на водата | Истрошени дихтунзи | Заменете ги дихтунзите во најблискиот овластен сервисен центар |
| Активиран е безбедносниот вентил и испушта вода | Јавете се во овластениот сервисен центар | |
| Уредот е бучен | Водата е претопла | Намалете ја температурата (погледнете ги техничките податоци) |
| Истекување на маслото | Истрошени дихтунзи | Јавете се во најблискиот овластен сервисен центар |
| Само за TSS-моделите: уредот стартува и со отпущтен чрапец на пиштолот | Системот за висок притисок или колото на пумпата пропушта вода | Јавете се во најблискиот овластен сервисен центар |
| Само за TSS-моделите: не истекува вода при притискање на чрапецот на пиштолот (со приклучено црево за довод) | Затната млазница Исчистете ја млазницата (слика 5) | |
| Не се вшмукува детергент | Нагодливата млазница е поставена на висок притисок | Поставете ја млазницата (E) на „■“ (слика 3) |
| Детергентот е прегуст Разредете го со вода | ||
| Се користи продолжеток на цревото за висок притисок | Ставете оригинално црево | |
| Талог или пречка во колото на детергентот | Исплакнете со чиста вода и отстранете ги сите пречки. Ако проблемот не се реши, јавете се во овластениот сервисен центар | |
| Излегува вода од термостатскиот вентил | Температурата на водата во главата на пумпата ја надминала максимальната вредност одредена на табличката | Не прекинувајте го водениот млаз повеќе од 5 последователни минути додека уредот работи |
(*) Ако моторот запре во текот на работењето и не стартува повторно, почекајте 2-3 минути пред да ја повторите постапката за стартување (настанал прекин поради преоптоварување). Ако проблемот се појави повеće од еднаш, јавете се во најблискиот овластен сервисен центар.

text_image
МОДЕЛ СЕРИСКИ БРОЈ МУМАТАТЕНЯ ПАТЫ Туры: XXX XXX X A/t.N. ZC0000000/ST1 - XXX XXX X MM/YYYY - s/n YYMMXX0000001 Made in ChinaМакедонски
12 КАКО ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ОШТЕТУВАЊЕ НА ПОВРШИНИТЕ


ВНИМАНИЕ
12.1 Доколку го користите уредот за миење пневматици, истите можат да се оштетат и тоа може да биде опасно.
12.2 Никогаш не го насочувајте млазот со голем притисок директно кон пневматикот.
12.3 Секогаш користете го уредот со најнизок притисок кога чистите во близина на тркала и пневматици.
12.4 Никогаш не користете го „турбо копјето“ за миење на кој било дел од возилото.
12.5 За подетални информации разгледајте го делот: „8.7 Препорачана постапка за чистење“.

ЕЗ изјава за сообразност
Hne, Annovi Reverberi S.p.A, изјавуваме дека следнава машина(и) на: Ознака на машината Уред за миење со висок притисок
Модел бр. HPS 110
е сообразна со следните европейски директиви: 2006/42/EC, 2014/35/EU, 2011/65/EU, 2015/863/EU, 2012/19/EU, 2014/30/EU и 2000/14/EC и е произведена во согласност со следните стандарди или стандардизирани документи: EN 60335-1; EN 60335-2-79; EN 55014-1;
EN 55014-2; EN 61000-3-2; EN 61000-3-3; EN 61000-3-11; EN 60704-1; EN 62233; EN 50581
Име и адреса на лицето задолжено за издавање на техничката документација: Стефано Ревербери (Stefano Reverberi) / AR извршен директор Via ML King, 3 - 41122 Modena, Italy (Италија)
Постапката за проценување на сообразноста според Директивата 2000/14/EC е извршена во согласност со Анекс V
Модел бр. HPS 110
Измерено ниво на звучен притисок: 88 dB (A)
Гарантирано ниво на звучен притисок: 90 dB (A)
Важноста на гаранцијата е во согласност со важечките законски прописи на земјата во којашто се продава производот (освен ако производителот не навел нешто друго).
Гаранцијата покрива дефекти со материјалите, градбата и сообразноста за време на гарантиот период во текот на којшто производителот ће ги замени дефектните делови и ће го поправи производот доколку не е прекумерно истрошен, или ће го замени.
Гаранцијата не покрива компоненти коишто се подложни на нормално трошење (вентили, клипови, дихтунзи за вода, дихтунзи за масло, амортизери, О-прстени, делови од приборот како што се црева, пиштоли, четки, тркалца итн.);
Гаранцијата не ги покрива дефектите настанати како резултат на:
- неправилно и погрешно користење, негрижа,
- изнајмување или професионална употреба ако производот е продаден за домашна употреба,
- непридржување до упатствата за одржување дадени во прирачникот,
- поправка од страна на неовластен персонал или центар,
- употреба на неоригинални делови од приборот,
- оштетување како резултат на пренос, нечистотија или страни тела, несреки,
- и проблеми со складирањето.
Мора да доставите доказ за купување на производот за гаранцијата да биде валидна.
За помош во однос на уредот, контактирајте со продажниот центар од каде бил купен уредот