SOLO 130 B - кошачка за трева

130 B - кошачка за трева SOLO - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 130 B SOLO во PDF формат.

📄 428 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice SOLO 130 B - page 407
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за 130 B SOLO

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 130 B - SOLO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 130 B на марката SOLO.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 130 B SOLO

2.1 Наменска употреба 148

2.4 Безбедносни и заштитни механизми.... 149

8 Одржавање и нега....157

8.4 Оштрење резача нити (18)......158

2.1 Наменска употреба

2.4 Безбедносни и заштитни механизми

SOLO 130 B - Безбедносни и заштитни механизми - 1

3.2 Лична заштитна опрема

Од ова два састојка направите смешу бензина и уља од 50:1:

Правилно одржавање и нега су неопходни, како би се одржала функционалност и

1 За ова упатство за употреба...... 408

1.1 Символи на насловната страна ..... 408
1.2 Објаснување на знаците и сигналните зборови.... 408

2 Опис на производот 408

2.1 Прописна примена 408
2.2 Можно предвидлива погрешна употреба..... 408
2.3 Преостанати опасности 408
2.4 Безбедносни и заштитни уреди..... 409
2.5 Символи на уредот 409
2.6 Содржина на пратката 409
2.7 Преглед на производот (01, 07) ..... 409
2.8 Дозволени алатки за сечење...... 410

3 Безбедносни напомени 410

3.1 Оператор.... 410
3.2 Опрема за лична заштита.... 411
3.3 Безбедност на работното место ..... 411
3.4 Безбедност на уредот 411
3.5 Безбедност на лица, животни и вредни работи.... 411
3.6 Изложеност на вибрации 412
3.7 Работа со бензин и масло 412

4 Монтирање 413

4.1 Монтажа на моторната коса ..... 413

4.1.1 Монтирање на главата за конецот (10)...... 413
4.1.2 Замена на конецот за сечење (11) 413
4.1.3 Монтирање на ножот (04)...... 413
4.1.4 Монтирање на штитот (12)...... 414
4.1.5 Монтирање на „Loop“-рачка 126/130/140 L (08) 414
4.1.6 Монтирање на „велосипедската“-рачка 126/130 В (02, 03)...... 414
4.1.7 Монтирање на „велосипедската“ рачка 140 В (02) ...... 414

4.1.8 Монтирање на „велосипедската“ рачка 151 В (02, 03)......414
4.1.9 Ставање на носечки ремен 126 B/126 L/130 B/130 L/140 B/140 L/151 B (06) ....414

5 Пуштање во употреба ....415

6.1 Подготовка....415
6.2 Стартување/стопирање на моторот (05, 09) ......416
6.3 Продолжување на конецот за сечење за време на работа (13).....417

7 Работни характеристики и работни техники ....417

7.1 Потстрижување....417
7.2 Косење....417

8 Одржување и нега ....418

8.1 Чистење/замена на филтерот за воздух (15) 418
8.2 Контрола/замена на филтерот за гориво (16) 419
8.3 Одржување на свекичката (17)......419
8.4 Острење на секачот со лента (18)...419
8.5 План за одржување .....419

9 Помош во случај на дефекти.....421

10 Транспорт....422
11 Складирање ....422
12 Отстранување....423
13 Технички податоци ....423
14 Дополнителни информации за CO2- вредности.....425
15 Кориснички центар/сервис....425
16 Гаранција....425

■ Германската верзија е оригиналното упатство за употреба. Сите други јазични верзии се преводи на оригиналното упатство за употреба.
Чувајте го работното упатство да ви биде лесно на дофат за читање ако ви е потребна некоја информација за уредот.
■ Предадете го уредот на други лица само со упатството за употреба.
■ Прочитајте ги и обрнете внимание на напомените за безбедност и предупредување во упатството за употреба.

Пред пуштањето во работа, задолжително внимателно прочитајте го упатството за употреба. Ова е предусловот за успешна работа и непречено ракување.

SOLO 130 B - Лична заштитна опрема - 1

Упатство за работа

SOLO 130 B - Лична заштитна опрема - 2

Немојте да го употребувате бензинскиот уред во близина на отворени пламени или извори на топлина.

1.2 Објаснување на знаците и сигналните зборови

⚠️ ОПАСНОСТ! Покажува непосредно опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика смрт или тешка телесна повреда.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Покажува потенцијално опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика смрт или тешка телесна повреда.

⚠️ ВНИМАНИЕ! Покажува потенцијално опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика мала или умерена телесна повреда.

ВНИМАНИЕ! Покажува ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика штети по имотот.

НАПОМЕНА Специјални напомени за подобро разбирање и ракување.

2 ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ

2.1 Прописна примена

Моторната коса е наменета за сечење на мека трева и сличен растеж. Моторната коса мора притоа да се води паралелно со подот.

Моторната коса е достатна во две варијанти, придржувајте се кон воведните чекори кои одговараат за вашиот уред:

126 В, 130 В, 140 В, 151 В: Моторна коса со „велосипедска“-рачка
126 L, 130 L, 140 L: Моторна коса со „Loop“-рачка

Користете го уредот само ако е целосно монтиран.

Овој уред е наменет исклучиво за приватна употреба. Секоја друга примена како и недозволено преправање или доградба ќе се смета за злоупотреба и се исклучува правото на гаранција како и губењето на сообразноста (СЕ-ознака) и производителот не сноси никаква одговорност за штети на корисникот или на трети лица.

2.2 Можно предвидлива погрешна употреба

■ Не кројте грмушки, живи огради, дрва или цвеćiња.
■ За време на работа да не го подигнувате уредот од подот.
■ Да не користите други освен оригиналните алатки за сечење на производителот (види Поглавје 2.8 "Дозволени алатки", страна 410).

2.3 Преостанати опасности

Исто така и при прописна примена на апаратот останува секогаш еден одреден преостанат ризик кој не смее да се исклучи. Од видот и конструкцијата на уредот може да настанат следните потенцијални опасности во зависност од примената:

Отфрлање на откос, земја и мали камења
- Отфрлање на пресечените делови од конецот за сечење
Вдишување на честици од откосот ако не се носи заштита за дишење.
Оштетување на слухот ако не се носи заштита на слухот.

Исекотини при факање на вртечкиот конец за сечење или вртечкиот нож

2.4 Безбедносни и заштитни уреди

! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од

повреда. Неисправни или ислучени безбедносни и заштитни направи може да доведат до тешки повреди.

Поправете ги неисправните заштитни и безбедносни направи.
Никогаш да не ги ислучувате заштитните и безбедносните направи.

Итно запирање

Во итен случај исключете го моторот со прекинувачот за вклучување/исклучување.

Штит

Штитот го штити операторот од контакт со ротирачкиот конец за сечење и отфрлените објекти.

„Loop“-рачка со одржувач на растојание

„Loop“-рачката обезбедува нозете на операторот да не дојдат во близина на ротирачкиот конец за сечење.

2.5 Символи на уредот

Символ Значење

Треба да бидете особеновнимателни при ракувањето!
Пред пуштањето во работапрочитајте го упатството заупотреба!
Носете заштитен шлем, заштитаза слухот и заштита за очите!
Носете цврсти чевли!
Носете заштитни ракавици!

Символ Значење

SOLO 130 B - Символи на уредот - 1Опасност од исфрлени предмети!
SOLO 130 B - Символи на уредот - 2Растојанието помеѓу уредот и невлучените лица мора да изнесува во целиот округ околу корисникот најмалку 15 метри.
SOLO 130 B - Символи на уредот - 3Опасност од преминување надвор од обработуваната површина.
SOLO 130 B - Символи на уредот - 4Никако не ја користете моторната коса со лист за пила!
SOLO 130 B - Символи на уредот - 5Топла површина. Да не се допира!
SOLO 130 B - Символи на уредот - 6Опасност од пожар! Посебно внимание при работењето со бензин!

2.6 Содржина на пратката

Во содржината на пратката влегуваат овде наведените позиции. Проверете дали се содржани сите позиции:

■ Хексагонален клуч
Клуч за свекички
■ Шина (04/8)
■ Хексагонални завртки
Нож со 3 запци
■ Глава за конецот „Fast and Easy“, вклучувајки бобина
■ Шише за мешање на гориво
Ремен за носење

2.7 Преглед на производот (01, 07)

126 B, 130 B, 140 B, 151 B (01)

Бр. Елемент

1 Глава за конец
2 Аголен преносник
3 Штит со секач со лента
4 „Велосипедска“ рачка

Бр. Елемент

5 Дршка
6 Комбинирана рачка со:
7■ Прекинувач за вклучување/исклучување на моторот (START/STOP)
8■ Копче за блокирање
9■ Рачка за гас
10 Блок на моторот со:
11■ Куćiште на филтерот за воздух
12■ Завртка на филтерот за воздух
13■ Резервоар за гориво
14■ Капак на резервоарот за гориво
15■ Рачка за палење
16■ Капак на свеćичката
17■ Choke-лост
18■ Прајмер

126 L, 130 L, 140 L (07)

Бр. Елемент
1 Глава за конец
2 Аголен преносник
3 Штит со секач со лента
4 Дршка
5 „Loop“-рачка
6 Комбинирана рачка со:
7■ Прекинувач за вклучување/исклучување на моторот (START/STOP)
8■ Копче за блокирање
9■ Рачка за гас
10 Блок на моторот со:
11■ Куćiште на филтерот за воздух
12■ Завртка на филтерот за воздух
13■ Прајмер
14■ Резервоар за гориво
15■ Капак на резервоарот за гориво

Бр. Елемент

16■ Choke-лост
17■ Рачка за палење
18■ Капак на свекичката

Смеат да се користат само овде наведените оригинални алатки за сечење на производителот:

■ Глава за конецот Fast and Easy Semiprofi 115 mm: Број на артикл 127619
■ Глава за конецот Fast and Easy Profi 130 mm: Број на артикл 127620
Нож со 3 запци: Број на артикл 112906

SOLO 130 B - Преглед на производот (01, 07) - 1

ОПАСНОСТ! Опасност по животот од

алатките за сечење! Недозволените алатки за сечење (на пр. повекеделни метални алатки за сечење со ланци и ножеви со крилца) како и оштетени алатки за сечење (на пр. пукнатини, расцепувања) може да доведат до најтешки повреди и дури до смрт.

Користете ги само дозволените оригинални алатки за сечење на производителот.
■ Веднаш заменете ги оштетените алатки за сечење.

Употребата на недозволени алатки за сечење не одговара на прописната примена (види Поглавје 2.1 "Прописна употреба", страна 408)!

3 БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ

SOLO 130 B - БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ - 1

ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување

на слухот. Уредот за време на работа е многу гласен. Тоа може да предизвика оштетување на слухот кај операторот и кај лицата и животните коишто престојуваат во близина.

Работете само со заштита за слухот.
Одржувајте безбедно растојание од лицата и животните односно исклучете го уредот ако се доближат лица или животни.

SOLO 130 B - ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување - 1

НАПОМЕНА Задолжително запознајте

се со работата на уредот. Научете особено како може уредот веднаш да се запре.

3.1 Оператор

■ Млади под 16 години или лица кои не се запознаени со начинот на користење не смеат да го употребуваат уредот.

Почитувајте ги евентуалните локални безбедносни прописи за минималната возраст на корисникот.

Ако работите за прв пат со уред од таков вид: Нека ви објасни продавачот или некое друго стручно лице за работењето со уредот. Или посетете некој курс.
■ Лицето коешто работи со уредот треба да биде одморено, здраво и во добра форма. Лицето коешто не смее да се напрега од здравствени причини би требало да го праша својот лекар дали може да работи со уредот.
■ Уредот да не се користи под дејство на алкохол, дроги или лекови.

3.2 Опрема за лична заштита

■ За да се избегнат повреди на главата и екстремитетите како и оштетувања на слухот, треба да носите прописна облека и заштитна опрема.
- Облеката мора да биде наменска (тесно прилепена) и не смее да спречува.
■ Личната заштитна опрема се состоит од:

Заштита на слухот (на пр. штитници за уши), особено при дневно работно време од преку 2,5 часа
Заштитни очила
Цврсти работни ракавици коишто придушуваат вибрации и удар
Безбедносни чевли со опфатлив гон и челична капа

3.3 Безбедност на работното место

Користете го уредот само на отворено и никогаш во затворени простории.
Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление.
Отстранете ги пред работата опасните предмети од работното подрачје, на пр. гранки, парчиња стакло, објекти со остри рабови, парчиња метал, камења.
Внимавајте на вашата стабилност. Избегнувајте мокри, лизгави подови.
Движете се внимателно и полека при работата. Не трчајте. Внимавајте на пречки.

3.4 Безбедност на уредот

Користете го уредот само под следниве услови:

Уредот не е загаден, особено не со бензин и масло.
Уредот не покажува никакви оштетувања, особено на заштитната решетка.
Сите команди функционираат.
Сите предвидени делови од опремата за моменталниот вид на работа се монтирани на уредот.

■ Не го преоптоварувајте уредот. Тој е наменет за лесни работи во приватниот сектор. Преоптоварувањата водат до оштетување на уредот.
■ При работа никогаш да не ги блокирате решетките за вшмукување и вентилирање за да спречите презагревање на моторот.
Веднаш исключете го уредот ако моторот започне да вибрира ненормално и јако. Во овој случај има грешка во уредот.
■ Не го употребувајте уредот со изабени или дефектни делови. Заменете ги дефектните делови само со оригинални резервни делови на производителот. Ако уредот се употребува со изабени или дефектни делови, не може да се бара никаква гаранција од страна на производителот.

3.5 Безбедност на лица, животни и вредни работи

Користете го уредот само за работите за коишто е предвиден. Несоодветна употреба може да доведе до повреди како и да оштети вредни работи.
■ Включете го уредот само ако во работното подрачје нема лица и животни.
Одржувајте безбедно растојание од лицата и животните односно исключете го уредот ако се доближат лица или животни.
Никогаш да не го насочувате издувниот зрак кон лица и животни како и кон запаливи производи и предмети.
Никогаш не фаќајте во решетките за вшмукување и вентилирање кога работи моторот. Од ротирачките делови на уредот може да настанат повреди.
Секогаш исклучувајте го уредот кога не ви е потребен, на пр. при промена на работното подраче, при одржување и

нега, при полнење на мешавината од бензин и масло.

Веднаш исключете го уредот при несреќен случај за да избегнете други повреди и материјални штети.
■ Не го употребувајте уредот со изабени или дефектни делови. Изабените или дефектните делови на уредот може да предизвикаат тешки повреди.
Чувајте го уредот вон дофат на деца.

3.6 Изложеност на вибрации

- Опасност од вибрации Фактичката вредност на емисија на вибрации при користењето на уредот може да отстапува од наведената вредност на производителот. Почитувајте ги пред, односно за време на користењето следниве фактори на влијание:

Дали уредот прописно єе се применува?
Дали материјалот їе се сече односно обработува на правилниот начин?
Дали уредот се наоға во уредна состојба за работа?
Дали алатката за сечење е уредно наострена односно дали е монтирана правилната алатка за сечење?
Дали се монтирани рачките за држење и во даден случај изборните рачки за вибрации и дали истите се цврсто поврзани со уредот?

Користете го уредот само со потребниот број на вртежи за моменталната работа на моторот на внатрешно согорување. Избегнувајте го максимальниот број на вртежи за да ја намалите бучавата и вибрациите.

Поради несоодветно користење и одржување може да се зголемат бучавата и вибрациите на уредот. Тоа води до оштетувања на здравјето. Во тој случај веднаш исключете го уредот и оставете го да го поправи овластена сервисна работилница.

■ Степенот на изложеност на вибрации зависи од изведуваната работа односно од употребата на уредот. Проценете го и утврдете соодветни работни паузи. Со тоа значително се намалува изложеноста на вибрации преку целото работно време.

Подолгата употреба на уредот го изложува операторот на вибрации и може да предизвика проблеми со циркулацијата на крвта („бел прст“). За да се намали овој ризик носете ракавици и држете ги рацете затоплени. Ако се препознае некој симптом на „бел прст“ веднаш побарајте лекар. Во овие симптоми влегуваат: Бесчувствителност, губење на осетливоста, трпки, чешање, болка, попуштање на силата, промена на бојата или на состојбата на кожата. Нормално овие симптоми ги погодуваат прстите, рацете или пулсот. Кај ниски температури (околу под 10 °C) се зголемува опасноста.
■ За време на вашиот работен ден утврдете подолги паузи за да може да се опоравите од бучавата и вибрациите. Планирајте ја вашата работа така што користењето на уреди коишто создаваат јаки вибрации се распредели преку повеće денови.
Ако утврдите непријатно чувство или менување на бојата на кожата за време на користењето на уредот на вашите раце, веднаш прекинете ја работата. Утврдете доволен број на работни паузи. Без довольно работни паузи може да дојде до синдром на вибрирање на раката и дланката.
■ Минимизирајте го вашиот ризик да се изложувате на вибрации. Негувајте го уредот согласно инструкциите во упатството за употреба.
■ Ако уредот се користи често, контактирајте го вашиот дистрибутер за да купите антивибрациона опрема (на пр. рачки).
Утврдете работен план како може да се ограничи изложеноста на вибрации.

3.7 Работа со бензин и масло

- Опасност од експлозија и пожар: Преку мешавината од бензин и воздух што истекува настанува една експлозивна атмосфера. Прасокот, експлозијата и пожарот може при неправилно работење со горивото да доведат до тешки повреди и дури до смрт. Внимавајте на следново:

Не пушете кога работите со бензин.
Ракувајте со бензин само на отворено и никогаш во затворени простории.
Задолжително почитувајте ги следните наведени правила за однесување.

Транспортирајте и складирајте бензин и масло исклучиво во садови одобрени за тоа. Осигурајте се дека децата немаат никаков пристап кон складираниот бензин и масло.
Осигурајте се за избегнување на контаминирање на почвата (заштита на животната средина) да при полнењето не навлезе бензин и масло во земјата. За полнење користете инка.
Никогаш да не го полните уредот во затворени простории. На подот може да дојде до насобирање на бензински пареи и поради тоа да дојде до прасок или дури до експлозија.
Веднаш избришете го истурениот бензин од уредот и од почвата. Оставете го текстилот со кој го избришавте бензинот на добро проветрено место пред да го фрлите истиот. Инаку може да дојде до ненадејно самозапалување.
Ако имате истурено бензин се создаваат бензински пареи. Поради тоа не го стартувајте моторот на истото место туку најмалку на 3 метри оддалеченост.
Избегнувајте контакт на кожата со производи од минерално масло. Не ги вдишувајте бензинските пареи. За полнење носете секогаш заштитни ракавици. Редовно променувајте ја и чистете ја заштитната облека.
Внимавајте на тоа да вашата облека не дојде во контакт со бензин. Ако бензинот дојде во допир со вашата облека веднаш сменете ја облеката.
Никогаш да не го полните уредот при включен или топол мотор.

4 МОНТИРАЊЕ

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од нецелосно монтирање! Работењето на нецелосно монтиран уред може да доведе до тешки повреди.

Користете го уредот само кога е целосно монтиран!
■ Пред вклучувањето проверете дали ги има сите безбедносни и заштитни направи и дали функционираат!

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од повреда од одвојувачки делови на уредот. Одвојувачките делови од уредот за време на работата може да доведат до тешки повреди.

Затегнете ги алатките за сечење така што да не можат да се ослободат за време на работата.

4.1.1 Монтирање на главата за конецот (10)

  1. Ставете го подвижниот диск (10/1) на водечката игла (10/2) од аголниот преносник.
  2. За блокирање ставете го хексагоналниот клуч (10/3) во отворот на подвижниот диск (10/1).
  3. Навртете ја и затегнете ја главата за конецот (10/4) на аголниот преносник. Напомена: Лев навој! Цврсто затегнете ја бобината на лево!

4.1.2 Замена на конецот за сечење (11)

  1. Вртете го копчето за вртење (11/1) така што стрелката (11/2, 11/3) лежи на една линија.
  2. Вметнувајте го конецот за сечење во отворот (11/4) сё додека не е со иста должна на двете страни од главата за конецот.
  3. Навртете го конецот за сечење во главата за конецот: Вртете го копчето за вртење (11/1) согласно стрелките (11/5) сё додека конецот за сечење не излезе на двете страни околу 10 см од главата за конецот.

4.1.3 Монтирање на ножот (04)

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од тешки повреди! Поради истрошена назабена шајбна (04/5) ножот може да се одврти при работа и да предизвика тешки повреди.

■ Монтирајте ја задолжително доставената шина (04/8).

  1. Положете ја моторната коса така што главата за сечење да гледа нагоре.
  2. Ставете го подвижниот диск (04/1) на водечката игла (04/2) од аголниот преносник.
  3. Ножот (04/3) се поставува на подвижниот диск (04/1) на тој начин, што отворот на ножот се наоға точно на кругот на управувањето на подвижниот диск.

  4. Прирабницата (04/4) се прилучува на ножот (04/3) на тој начин, што рамната страна покажува кон сечилото.

  5. Ставете ја назабената шајбна (04/5).

  6. Завртката за зацврстување (04/6) се зацврстува на водечката игла (04/2). Потоа хексагоналниот клуч (04/7) се вметнува во за таа цел предвидените отвори и се зацврстува со клучот за свекички.

  1. Завртката за зацврстување (04/6) се обезбедува со шина (04/8).

4.1.4 Монтирање на штитот (12)

  1. Ставете 2 метални ливчиња (12/1) на штитот (12/2).

  2. Прицврстете со 4 завртки M5x16 (12/3) на осовината (12/4).

  3. Притиснете ги куките (12/5) во лајсната за сечење, сё додека не се вклештат.

4.1.5 Монтирање на „Loop“-рачка 126/130/140 L (08)

  1. Ставете ја гумената манжетна (08/1) врз дршката (08/2).

  2. Ставете ја „Loop“-рачката (08/3) од горе а држачот на рачката (08/4) од долу околу гумената манжетна.

  3. Ставете една хексагонална завртка (08/5) од горе и една навртка (08/6) од долу и лабаво завртете. Повторете го овој чекор со преостанатите хексагонални завртки и навртки.

  4. Затегнете ги сите хексагонални завртки.

4.1.6 Монтирање на „велосипедската“- рачка 126/130 В (02, 03)

  1. Ставете ја гумената манжетна (02/1) врз дршката.

  2. Со четирите хексагонални завртки (02/2) нашрафете ја долната лежишна постелка (02/3) и држачот на рачката (02/4) преку гумената манжетна (02/1).

  3. Ставете ја „велосипедската“-рачка (02/5) во држачот на рачката (02/4).

  4. Со четирите хексагонални завртки (02/7) прицврстете ја горната лежишна постелка (02/6) на држачот на рачката (02/4).

  5. Порамнете ја „велосипедската“ рачка така што растојанието А да биде помало од растојанието В (03/А, 03/В).

Напомена: Со помош на

„велосипедската“ рачка водете ја секогаш моторната коса десно од телото. Двете растојанија се точни ако средината на главата за сечење се поклопува со средината на телото.

4.1.7 Монтирање на „велосипедската“ рачка 140 В (02)

  1. Ставете го федерот (02/1) во држачот во дршката.
  2. Ставете ја долната лежишна постелка (02/2) врз федерот.
  3. Маркираното (избраздено) подрачје на ракофатот (02/3) ставете го во долната лежишна постелка (02/2) на држачот на рачката. Горната лежишна постелка (02/4) мора да се вклешти во долната лежишна постелка (02/2).
  4. Со помош на завртката за зацврстување (02/5) прицврстете ја горната лежишна постелка (02/4) врз долната лежишна постелка (02/2).
    Напомена: Седиштето на држачот може да се поместува индивидуално на дршката.
  5. Цврсто затегнете ја завртката за прицврстување (02/5).

4.1.8 Монтирање на „велосипедската“ рачка 151 В (02, 03)

  1. Одвртете ги трите хексагонални завртки од држачот на рачката и извадете ја горната лежишна постелка од држачот на рачката.
  2. Ставете ја „велосипедската“ рачка во долната лежишна постелка.
  3. Со помош на трите хексагонални завртки прицврстете ја горната лежишна постелка врз долната лежишна постелка.
  4. Порамнете ја „велосипедската“ рачка така што растојанието А да биде помало од растојанието В (03/А, 03/В).
    Напомена: Со помош на „велосипедската“ рачка водете ја секогаш моторната коса десно од телото. Двете растојанија се точни ако средината на главата за сечење се поклопува со средината на телото.

4.1.9 Ставање на носечки ремен 126 В/126 L/130 В/130 L/140 В/140 L/151 В (06)

Види слика (06).

5 ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА

НАПОМЕНА Контролирајте го уредот пред дневното пуштање во употреба, по пагањето долу или други удари за можни оштетувања. Поправете ги истите пред употреба.

ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетувања на моторот. Чистиот бензин доведува до оштетување и целосен прекин на моторот. Во тој случај не може да се бара никаква гаранција од страна на производителот.

Користете го моторот секогаш со мешавина од бензин и масло во предвидениот однос на мешање.

Правење на мешавина од бензин/масло

За двотактниот мотор ви е потребно:

Безоловен, свеж бензин со број на октани од најмалку 90. Складираниот бензин подолго од 2 месеци доведува до наслаги и дефекти во функционирањето на моторот.
■ Високо квалитетно синтетичко масло за двотактни мотори

Направете од овие два составни дела една мешавина од бензин/масло од 50:1:

  1. Наполнете ги бензинот и двотактното масло во шише за мешање на гориво (за количините види ја табелата според големината на шишето за мешање на гориво).
  2. Затворете го шишето за мешање на гориво и протресете го силно повекепати за добро да се промешаат бензинот и маслото.

Полнење на мешавина од бензин/масло (14)

  1. Ставете го уредот на рамна, стабилна платформа. Капакот (14/1) на резервоарот за гориво мора да покажува нагоре.
  2. Избришете ги капакот (14/1) на резервоарот за гориво, резервоарот за гориво (14/2) и околните делови на уредот за да при полнење на мешавината од бензин/масло не доспева нечистотија во резервоарот за гориво.
  3. Полека завртете го капакот на резервоарот за гориво за да мешавината од бензин/воздух која се наоға под притисок полека изветри од резервоарот за гориво во околината. Оставете го капакот да виси на резервоарот за гориво.
  4. Ставете инка (14/3) во приклучокот за полнење (14/4) на резервоарот за гориво.
  5. Подготвената мешавина од бензин/масло од шишето за мешање на гориво (14/5) наполнете ја до долниот раб на приключокот за полнење во резервоарот за гориво но сепак не над тоа.
  6. Извадете ја инката и рачно завртете го капакот.
  7. Избришете ја истурената мешавина од бензин/масло од уредот и од платформата.

6 РАБОТА

6.1 Подготовка

Пред стартувањето

■ Положете ја моторната коса рамно и без пречки на подот. Алатката за сечење не смее да допира никакви предмети а не смее да го допира ниту подот.

За време на стартувањето

■ Да не стоите на дршката за да се избегне оштетување на дршката или на аголниот преносник којшто се наоға во дршката.
■ Заземете сигурна и стабилна положба и цврсто фатете ја моторната коса на кукиштето од фланшата.

Прилагодувања на Choke-лостот

CHOKE RUN

Ладно палење

Ако моторот е ладен, односно ако не бил повеќе од 5 минути во работа, се врши „ладно палење“.

Топло стартување

Ако моторот е се уште топол од работа, односно кратко по неговото ислучување, се изведува „топло стартување“. Притоа не се користи Choke.

6.2 Стартување/стопирање на моторот (05, 09)

НАПОМЕНА Со функцијата „Ready to Start“ прекинувачот за вклучување/исклучување секогаш стои на позиција ВКЛУЧУВАЊЕ. За запирање на уредот поместете го прекинувачот за вклучување/исклучување на позицијата ИСКЛУЧУВАЊЕ. По активирањето на прекинувачот тој автоматски се враćа повторно назад во позицијата ВКЛУЧУВАЊЕ.

НАПОМЕНА Автоматско враćање назад на Choke-лостот. Во случај на итно стартување на моторот, Choke-лостот се враćа автоматски назад преку притискање на лостот за гас на позицијата RUN.

Ладно палење

  1. Завртете го Choke-лостот (05/4, 09/4) на позиција СНОКЕ.

  2. Кратко и силно притиснете го прајмерот (05/5, 09/5) околу 7 до 10 пати.

3. Стартување на моторот:

■ Притиснете го уредот со едната рака цврсто на подот.
- Со другата рака прво внимателно и полека повлечете ја рачката за палење (05/6, 09/6) до еден чувствителен отпор а потоа одлучно и брзо повлечете нагоре додека повторно не почувствувате отпор (околу 1 должна на рака).
- Оставете повторно да се намота сајлата за палење без да се отпушти рачката за палење.
■ Повторете ги претходните чекори повекепати сё додека моторот не стартува или не престане.
Завртете го Choke-лостот (05/4, 09/4) на позиција RUN.

■ Притиснете го уредот со едната рака цврсто на подот.
- Со другата рака прво внимателно и полека повлечете ја рачката за палење (05/6, 09/6) до еден чувствителен отпор а потоа одлучно и брзо повлечете нагоре додека повторно не почувствувате отпор (околу 1 должна на рака).
- Оставете повторно да се намота сајлата за палење без да се отпушки рачката за палење.
■ Повторете ги претходните чекори повекепати сё додека моторот не стартува и не работи без проблеми.

  1. Оставете го моторот да се загрее неколку минути.

Топло стартување

Ако моторот е сё уште топол од работа, односно кратко по неговото исклучување, се изведува „топло стартување“. Притоа не се користи Choke.

  1. (Изборно) Завртете го Choke-лостот (05/4, 09/4) на позиција СНОКЕ и веднаш повторно завртете го назад на позиција RUN. Автоматскиот половина гас е поставен.

■ Притиснете го уредот со едната рака цврсто на подот.
- Со другата рака прво внимателно и полека повлечете ја рачката за палење (05/6, 09/6) до еден чувствителен отпор а потоа одлучно и брзо повлечете нагоре додека повторно не почувствувате отпор (околу 1 должна на рака).
- Оставете повторно да се намота сајлата за палење без да се отпушки рачката за палење.
■ Повторете ги претходните чекори повекепати се додека моторот не стартува и не работи без проблеми.

Моторот врти со број на вртежи во празен од. Напомена: Повторно притиснете ја рачката за гас ако моторот повеќе не работи без проблеми.

Запирање на моторот

  1. Се разлабавува рачката за гас (05/2, 09/3) и се остава моторот да работи слободно.

  2. Ставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (05/1, 09/1) во положба STOP и држете неколку секунди.

  3. Почекајте додека алатката за сечење не дојде до мирување.

6.3 Продолжување на конецот за сечење за време на работа (13)

Конецот за сечење се скратува и излижува за време на работа.

  1. Моторот треба да врти на полна гас.
  2. Главата за конецот (13/1) удирајте ја (13/a) на тревата од време на време. Со тоа се одмотува едно парче нов конец за сечење од бобината а потрошениот крај на конецот се пресекува од секачот со лента (13/2).

Секогаш барајте рамна и цврста подлога.
Никогаш не треба да се работи на мазен, лизгав рид или падина.
Kogа се изведуваат работи на стрмина, секогаш треба да се стои подолу од алатката за сечење.
■ Моторот за време на потстрижување и косење секогаш треба да работи во горното подрачје на вртежи, тогаш моторната коса сече најдобро.

При блокиран конец за сечење

При висока трева или грмушки може да се блокира конецот за сечење.

Избегнување на блокирање: Сечете ја високата трева слој по слој. Секогаш одете од горе надолу.
■ При блокирање: Веднаш исключете го моторот и држете го уредот во висина за да не се оштети моторот.

7.1 Потстрижување

Чувајте го уредот подалеку од чувствителни растенија.

Ниско потстрижување

Водете ја главата за сечење со лесно накосување на напред за да конецот за сечење потстрижува веднаш над подот.
Секогаш потстрижувајте подалеку од телото.

Потстрижување на огради и подлоги

Внимателно и полека движете го уредот, за конецот за сечење да не допира тврди пречки.

НАПОМЕНА Потстрижувањето на камени сидови, основи, огради и дрвја води до зголемена изабеност на конецот.

Потстрижување околу стебла

Внимателно и полека движете го уредот околу стеблото, за конецот за сечење да не ја допре кората на дрвото.
Потстрижувајте од лево на десно околу стеблата.
Фатете ја тревата и плевелот со врвот на конецот за сечење и лесно наведнете ја главата за сечење на напред.

7.2 Косенье

■ Движете ја главата за сечење во хоризонтално, лаковито движење рамномерно од едната страна на другата.
■ Постојано држете ја главата за сечење паралелно со подот.
■ Повисоката трева би требало да се коси слој по слој. Секогаш одете од горе надолу.
Уредот сече најдобро при многу висока брзина. Поради тоа не го преоптоварувајте уредот со сечење на висока трева.
■ Главата за сечење закосете ја во агол од 30° на десно за да косите со врвот на конецот за сечење. Дејствувајте полека.
■ Не косете директно кон тврди пречки (на пр. сидови), туку косете странично. Со тоа се заштитува конецот за сечење.

8 ОДРЖУВАЊЕ И НЕГА

⚠️ ОПАСНОСТ! Опасност по животот од неправилно одржување. Работите на

одржување изведувани од неквалификувани лица како и недозволени резервни делови може во работата да доведат до тешки повреди па дури и до смрт.

■ Не ги отстранувајте безбедносните направи и не ги ставајте вон функција.
Користете само дозволени оригинални резервни делови.
Погрижете се преку редовно и стручно одржување за тоа да уредот се наоға во функционална и чиста состојба.

⚠️ ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда.

Предметите со остри рабови и самодвижечките делови на уредот може да доведат до повреди.

■ При работи на одржување, нега и чистење носете секогаш заштитни ракавици!

Правилно одржување и нега е потребно за да се запази функционалноста и безбедноста на уредот. Почитувајте ги следниве точки:

Извршувајте одржување и нега само ако ги поседувате потребните познавање и алати.
■ Почекајте додека моторот не се излади целосно.
■ Заменете ги изабените или дефектни делови на уредот само со оригинални резервни делови на производителот.
Работите на одржување и нега коишто не се опишани во ова упатство за употреба не смеете да ги извршувате сами. За тоа побарајте овластена сервисна работилница. Во спротивно се губи garанцијата на производителот.

Интервалите за овде наведеното одржување и нега ќе ги најдете во планот за одржување (види Поглавје 8.5 "План за одржување", страна 419).

Користете ги само дозволените алатки за сечење (види Поглавје 2.8 "Дозволени алатки", страна 410)!

8.1 Чистење/замена на филтерот за воздух (15)

ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетувања на моторот. Користење на моторот без филтер за воздух води до тешки оштетувања на моторот!

Никогаш да не го употребувате уредот без филтер за воздух.
Редовно чистете го филтерот за воздух.
Заменете го оштетениот филтер за воздух.

  1. Демонтирање на филтерот за воздух:

Одвртете ја завртката на филтерот за воздух (15/1) сё додека не се разлабави капакот на ку́киштето од филтерот за воздух (15/2).
Истеглете го капакот на кукиштето од филтерот за воздух.
Извадете го сунгерот на филтерот (15/3) од рамката (15/4).

  1. Чистење на сунферот на филтерот (15/3):

Истискајте го сунферот на филтерот а потоа исперете го со сапун и вода. Да не користите бензин или друг растворувач!
Оставете го сунгерот на филтерот да се исуши темелно сè додека не содржи повеće вода. Влажниот филтер може да доведе до тешко палење на моторот.

  1. Темелно избришете го ку́киштето на филтерот за воздух со крпа за бришење.

  2. Замена на сунгерот на филтерот (15/3):

Заменете го сунгерот на филтерот ако не е повеќе еластичен или се раскинува.

  1. Монтирање на филтерот за воздух:

Ставете го сунгерот на филтерот (15/3) на рамката (15/4).
Ставете го капакот на ку́киштето од филтерот за воздух (15/2) и затегнете го.
Нашрафете ја завртката на филтерот за воздух (15/1) сё додека не стои цврсто капакот на куќиштето од филтерот за воздух.

8.2 Контрола/замена на филтерот за гориво (16)

Филтерот за гориво во вид на филц се наога во резервоарот за гориво и е ставен на главата за вшмукување. Ако филтерот за гориво е стврднат, нечист или запушен, тече помалку бензин кон моторот. Во тој случај мора да се замени филтерот за гориво.

Се препорачува оваа работа да ја изврши овластена сервисна работилница.

8.3 Одржување на свекичката (17)

  1. Демонтирање на свекичката:

Извадете го утикачот на свекичката (17/1).
Одвртете ја свекичката (17/3) со клучот за свекички (17/2).

  1. Проценка на изгледот на свекичката:

Ако свекичката е црвенкасто смега: Моторот работи правилно а свекичката е во ред. Ако е потребно: Исчеткајте ја свекичката внимателно со фина жичана четка (17/4).
Ако свекичката е со саги, измастена, закоравена, стопена или со краток спој: Свекичката е дефект. Заменете ја свекичката со нова. Користете ги пропишаните типови на свекички (види Поглавје 13 "Технички податоци", страна 423).
■ Ако по кратко време на работа свекичката е повторно дефект, мора моторот и подесувањата на карбураторот да ги провери овластена сервисна работилница.

  1. Проверка на растојанието на електродите:

■ Проверете со мерач за растојание (17/5) дали растојанието на електродите (17/6) изнесува 0,6 – 0,7 mm. Ако не, внимателно тропнете

ги електродите или раздвојте ги внимателно свиткувајки ги.

  1. Ако е достигнат пропишаниот интервал или ако свекичката е дефект:

Заменете ја свекичката со нова. Користете ги пропишаните типови на свекички (види Поглавје 13 "Технички податоци", страна 423).

  1. Монтирање на свекичката:

Внимавајте на тоа да заптивниот прстен на свекичката (17/7) стои на свекичката.
Зашрафете ја повторно свекичката со раката и затегнете ја со клучот за свекички (вртежен момент 12 – 15 Nm).
■ Повторно ставете го утикачот на свекичката.

8.4 Острење на секачот со лента (18)

  1. Одвртете ги завртките за прицврстување (18/1).
  2. Секачот со лента (18/2) се стегнува со менгеме и се наострува со турпија. Се бруси само во една насока.
  3. Повторно прицврстете го секачот со лента со завртките за прицврстување на штитот (18/3). Цврсто затегнете ги завртките за прицврстување.

8.5 План за одржување

Следниве работи смее да ги извршува самиот оператор. Сите преостанати работи за одржување, сервисирање и поправки мора да се изведуваат во овластена сервисна работилница.

НАПОМЕНА При појако оптоварување и при високи температура може да бидат потребни пократки интервали на одржување отколку што е наведено во оваа табела.

Активностеднократно по 5работни часапредсекојаупотребанеделно насекои 50работни часанасекои 100работни часапопотребапредсезонатанакосење,годишносекои 5години
Карбуратор
Контрола на празенодX
Филтер за воздух
Активностеднократно по 5работни часапредсекојаупотребанеделнонасекои50работничасанасекои100работни часапопотребапредсезонатанакосење,годишносекои5години
чистење X
замена X
Свекичка
Проверка нарастојанието наелектродите,штелување попотребаX
замена X X
Отвор за ладенвоздух
чистење X X X
Придушувач
Визуелна проверка ипроверка насостојбатаX
Резервоар за гориво
чистење X X
Филтер за гориво
замена X
Команди
Прекинувач завклучување/исклучување, копче заблокирање, рачка загас, сајла за палењеX
Сите завртки на дофат (освен завртки за штелување)
затегнување X X X
Целиот уред
Визуелна проверка ипроверка насостојбатаX
чистење X X X

ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда.

Предметите со остри рабови и самодвижечките делови на уредот може да доведат до повреди.

■ При работи на одржување, нега и чистење носете секогаш заштитни ракавици!
Исклучете го уредот!

НАПОМЕНА Во случај на дефекти, коишто не се наведени во табелата или Вие самите не можете да ги отстраните, обратете се до нашиот кориснички сервис.

Дефект Причина Отстранување
Моторот не стартува или стартува со тешкотии.Стартувањето на моторот е погрешно направено.види Поглавје 6.2 "Стартување/ стопирање на моторот", страна 416
Свекичката е нечиста, дефект или растојанието на електродите не одговара.види Поглавје 8.3 "Одржување на свекичката (17)", страна 419
Филтерот за воздух е нечист. Чистење/замена на филтерот за воздух (15)
Филтерот за гориво е запушен. види Поглавје 8.2 "Контрола/ замена на филтерот за гориво (16)", страна 419
Подесувањата на карбураторот не се точни.Контактирајте со овластена сервисна работилница.
Choke-лостот стои на СНОКЕ. Поместете го Choke-лостот на RUN.
Моторот стартува но мојноста на моторот е мала.Choke-лостот стои на СНОКЕ. Поместете го Choke-лостот на RUN.
Филтерот за воздух е нечист. види Поглавје 8.1 "Чистење/ замена на филтерот за воздух (15)", страна 418
Филтерот за гориво е запушен. види Поглавје 8.2 "Контрола/ замена на филтерот за гориво (16)", страна 419
Подесувањата на карбураторот не се точни.Контактирајте со овластена сервисна работилница.
Моторот не врти рамномерно а бројот на вртежи на моторот не се зголемува при давањето гас.Свекичката е нечиста, дефект или растојанието на електродите не одговара.види Поглавје 8.3 "Одржување на свекичката (17)", страна 419
Подесувањата на карбураторот не се точни.Контактирајте со овластена сервисна работилница.
Издувните гасови на моторот силно димат, изгледаат синкасто.Уделот на масло во мешавината од бензин/масло е превисок.Наполнете мешавина од бензин/ масло со правилен однос на мешање, види Поглавје 5.1 "Правење и полнење на мешавина од бензин/ масло", страна 415

Дефект Причина Отстранување

Подесувањата на карбураторот не се точни.Контактирајте со овластена сервисна работилница.
Моторот почнува да вибрира ненормално и силно.Деловите на уредот/моторот се имаат одвоено и/или се оштетени.1. Запрете го моторот.2. Проверете го уредот за евентуални оштетувања.3. Проверете ја свекичката, види Поглавје 8.3 "Одржување на свекичка (17)", страна 4194. Контактирајте со овластена сервисна работилница.

10 ТРАНСПОРТ

Транспортирајте го уредот помеѓу две работни подрачја

  1. Моторот се исклучува.
  2. Ставете заштита при транспорт на ножот.
  3. Добро фатете ја моторната коса за блокот на моторот и за рачката.
  4. Внимателно отидете на следното работно подраче. Не ги загрозувајте лицата и животните.

Транспортирајте го уредот во возило

  1. Ако е можно: Испразнете го резероарот со оставање на моторот да работи.
  2. Моторот се исклучува.
  3. Ставете заштита при транспорт на ножот.
  4. Избегнувајте да се преврти уредот за време на возењето и да истече мешавината од бензин/масло:

■ Положете го уредот на подот така што капакот на резервоарот за гориво да покажува нагоре. Резервоарот за гориво мора да биде затворен.
Фиксирајте го уредот на подот.

11 СКЛАДИРАЊЕ

Ако не сакате да го користите уредот подолго од 2 – 3 месеци, потребни се следниве работи за да избегнете оштетувања:

  1. Испразнете го резервоарот за гориво:

Оставете го моторот да работи додека не престане самиот. Тогаш во резервоарот за гориво и во карбураторот нема повеќе мешавина од бензин/масло и не може да се создаваат наслаги.

  1. Чистење на уредот:

Избришете го целиот уред и деловите од опремата со крпа за бришење. Не користете бензин или други растворувачи.
Отстранете ја нечистотијата од сите отвори на уредот (меѓу другото отворите за ладење на моторот).

  1. Подмачкување на цилиндарот:

Целосно оставете да се излади уредот.
■ Повлечете го приклучокот за свекичката и одвртете ја свекичката (види Поглавје 8.3 "Одржување на свекичка (17)", страна 419)
Капнете малку масло во отворот за свекичката.
■ Полека повлечете на рачката за палење за да се придвижи клипот и да се распредели маслото во цилиндарот.
■ Повторно цврсто зашрафете ја свекичката и ставете го утикачот на свекичката.

  1. Ставете заштита при транспорт на ножот.
  2. Уредот се складира на што е можно ладно, суво место.

⚠️ ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда. Ако за време на складирањето уредот биде достапен на деца или неовластени лица, може да дојде до повреди.

Чувајте го уредот недостапен за деца и неовластени лица.

12 ОТСТРАНУВАЊЕ

SOLO 130 B - ОТСТРАНУВАЊЕ - 1

SOLO 130 B - ОТСТРАНУВАЊЕ - 2

Бензинот и моторното масло не припағаат во куқниот отпад или одвод, туку треба да се достават до посебно собирно место односно место за отстранување!

■ Пред отстранувањето на уредот мора да се испразнат резервоарот за гориво и садот за моторно масло!

Амбалажата, уредот и додатната опрема се направени од материјал што се рециклира и треба да се отстранат на соодветен начин.

Според член 43 став 4 од Директивата (ЕУ) 2016/1628 ние сме обврзани да ве информираме за утврдената CO₂-вредност во рамки на постапката за ЕУ одобрение на типот.

CO₂-вредностите на Хонда моторите со ЕУ одобрение на типот се објавени на https://www.al-ko.com/shop/media/al-ko-engines/co2.pdf.

Ова CO₂-мерење е резултатот од испробувањето на еден репрезентативен (матичен) мотор за типот на моторот односно

семејството на мотори во еден постојан контролен циклус под лабораториски услови и не претставува никаква изречна или имплицирана гаранција за моćноста на еден одреден мотор.

Ако имате прашања во врска со гаранцијата, поправка или резервни делови обратете се на најблискиот сервисен центар на AL-KO.

Истиот ќе го најдете на интернет на следната адреса:

Можните материјални грешки или грешки во производството ги отстрануваме за време на законски определениот гарантен рок, во согласност со нашиот избор, по пат на поправка или испорака на резервен дел. Гарантниот рок се определува за секој поединечен случај, според законот на државата, во која бил купен производот.

Нашата обврска за гаранција важи само при:

■ почитување на упатството за употреба
■ Прописно ракување
■ Употреба на оригинални резервни делови

Гаранцијата се поништува при:

  • Обиди за самостояjni поправки
    ■ Обиди за самостояјни технички измени
    ■ Непрописна примена

Од гаранцијата се исклучени:

Оштетувања на бојата предизвикани од нормално абење
Изабени делови, кои на табелата за резервни делови се означени со рамка xxxxxx (x)
■ Мотори со внатрешно согорување (тука важат гарантните одредби на соодветниот произведувач на моторот)

Гарантниот рок започнува со купување од страна на првиот краен корисник. Меродавен е датумот на сметката за плаќање. Обратете се со овој гарантен лист и со оригиналната сметка кај продавачот или во најблиската овластена служба за односи со корисниците. Со оваа гаранција, законските права на купувачот во однос на продавачот остануваат непроменети.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SOLO

Модел : 130 B

Категорија : кошачка за трева