MAKITA EM408MP - тример за трева

EM408MP - тример за трева MAKITA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EM408MP MAKITA во PDF формат.

📄 332 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice MAKITA EM408MP - page 262

Прашања на корисниците за EM408MP MAKITA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот тример за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EM408MP - MAKITA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EM408MP на марката MAKITA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EM408MP MAKITA

Подготовка преди употреба

  • Поради нашата континуирана програма за истражување и развој, спецификациите тука подлежат на промена без најава.
  • Спецификациите може да се разликуваат од држава до држава.
    • Тежината е во согласност со постапката на ЕРТА 01/2014

Одобрен уред за напојување

Овој додаток е одобрен само за употреба со следниве уреди за напојување:

  • DUX60 Безжична повеќефункционална глава за напојување
  • DUX18 Безжична повеќефункционална глава за напојување
  • UX01G Безжична повеćeфункционална глава за напојување
  • EX2650LH Повекефункционална глава за напојување

АПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не користете го додатокот со неодобрен уред за напојување. Неодобрената комбинација може да предизвика сериозна повреда.

Симболи

Следниве символи се користат на додатокот и ова упатство за работа. Разберете ги овие дефиниции.

MAKITA EM408MP - Симболи - 1

Прочитајте го упатството за користење.

MAKITA EM408MP - Симболи - 2

Носете заштитен шлем и заштита за очите и ушите!

MAKITA EM408MP - Симболи - 3

Носете заштита за очите и ушите.

MAKITA EM408MP - Симболи - 4

Мора да се носат заштитни ракавици!

MAKITA EM408MP - Симболи - 5

Носете цврсти чизми со гонови што не се лизгаат. Се препорачуваат заштитни чизми со челична капа!

MAKITA EM408MP - Симболи - 6

Лицата кои набљудуваат да бидат оддалечени најмалку 15 м (50 стапки).

MAKITA EM408MP - Симболи - 7

Опасност: внимавајте на разлетани предмети.

MAKITA EM408MP - Симболи - 8

Повратен удар!

MAKITA EM408MP - Симболи - 9

Највисока дозволена брзина на алатот

MAKITA EM408MP - Симболи - 10

Не користете метално сечило.

Наменета употреба

3a EM408MP

Додатокот е предвиден само за сечење трева, плевел, грмушки и честак, заедно со одобрен уред за напојување. Никогаш не користете го додатокот за други намени. Со неправилна употреба на додатокот може да предизвикате сериозна повреда.

3a EM409MP

Додатокот е предвиден само за стрижење трева и мек плевел, заедно со одобрен уред за напојување. Никогаш не користете го додатокот за други намени. Со неправилна употреба на додатокот може да предизвикате сериозна повреда.

⚠PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред употреба, прочитајте го упатството за употреба на додатокот како и ова упатство за работа. Ако не се почитуваат предупредувањата и упатствата, може да дојде до сериозни повреди.

Само за земјите во Европа

Ние како производители: Makita Europe N.V., деловна адреса: Jan-Baptist Vinkstraat 2 3070 Kortenberg BELGIUM. го овластуваме Kazuhisa Makino за составување на техничкиот документ и со наша целосна лична одговорност изјавуваме дека производите; Ознака: Додаток за тримерот за трева. Ознака на типот(овите): EM408MP/EM409MP. ги исполнуваат сите релевантни одредби од 2006/42/EC и исто така ги исполнуваат релевантните одредби од следниве Директиви на ЕЗ/ЕУ: 2000/14/EC и се произведени во согласност со следниве хармонизирани стандарди: EN ISO 11806-1:2022, EN 62841-1:2015+A11:2022.

Место и датум на изјавата: Контенберг, Белгија. 1. 8. 2024

Одговорно лице: Kazuhisa Makino, директор - Makita Europe N.V.

MAKITA EM408MP - Само за земјите во Европа - 1

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Безбедносни предупредувања за тримерот за трева

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации што се доставени со машината. Ако не се следат сите упатства што се наведени подолу, може да се предизвика пожар и/или тешка повреда на операторот и/или набљудувачите.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за да може повторно да ги прочитате.

Поимите „тример за трева“ и „машина“ во предупредувањата и мерките на претпазливост се однесуват на комбинацијата на додатокот и уредот за напојување. Поимот „мотор“ во предупредувањата и мерките

на претпазливост се однесува на моторот или електричниот мотор на уредот за напојување.

Општа безбедност

  1. Операторот кога работи прв пат или е неискусен треба да побара обука за сите работи со машината од продавачот. Никогаш не дозволувајте деца и лица со намален физички, сензорен или ментален капацитет или без искусство и знаење или, пак, лица кои не се запознаени со упатствата да ја користат машината.
  2. Позајмување на машината е препорачливо на лица кои имаат докажано искусство со истата. Секогаш предавајте го упатството за користење.
  3. Бидете внимателни, гледајте што правите и користете го здравиот разум кога ракувате со машината. Не користете ја машината кога сте уморни, болни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на машината може да доведе до сериозни телесни повреди.
  4. Избегнувајте користење на машината при лоши временски услови, особено кога има ризик од грмотевици.
  5. Следете ги сите национални и локални прописи за употребата на електричните машини на отворено.

Наменета употреба на машината

Оваа машина е наменета само за сечење трева, плевел, грмушки и честак. Никогаш не користете ја машината за други цели, како на пример, порамнување или сечење жива ограда. Употребата за ненаменети цели може да резултира со сериозни повреди.

Лична заштитна опрема

  1. Секогаш носете груби и долги панталони, цврсти чизми, ракавици и маица со долги ракави. Не носете широка облека, накит, кратки панталони, сандали и не одете боси. Обезбедете ја косата, така што ње ви биде над рамената.
  2. Секогаш носете шлем онаму каде што има ризик од пајачки објекти.
  3. Секогаш носете заштитни очила за да ги заштитите очите од повреда кога ја користите машината. Очилата мора да се во согласност со ANSI Z87.1 во CAD, EN 166 во Европа или AS/NZS 1336 во Австралија/Нов Зеланд. Во Австралија/Нов Зеланд исто така постои законска обврска за носење штитник за лице за да си го заштитите лицето.

MAKITA EM408MP - Лична заштитна опрема - 1

Работодавачот е одговорен дали операторите со алатот и другите лица во непосредната работна околина носат соодветна безбедносна заштитна опрема.

  1. Носете заштита за ушите, како што се штитници за уши. Изложувањето на бучава може да предизвика губење на слухот.
  2. Секогаш носете цврсти чевли со гонови што не се лизгаат. Тоа ги штити стапалата од повреди и осигурува стабилна потпора со нозете.
  3. По потреба, носете маска за прав.
  4. Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очите. Заштитната опрема, како на пример маска за прав, заштитни чевли што не се лизгаат, тврда капа или заштита за слухот, што се користи за соодветни услови, їе ги намали физичките повреди.

Подготовка пред употреба

  1. Пред употребата, секогаш проверувајте дали машината е безбедна за користење:

— Проверете дали протекува гориво.
— Осигурете се дека сите спојки се на место и обезбедени.
— Заменете ги оштетените делови.
— Осигурете се дека алатот за сечење е правилно инсталиран и безбедно прицврстен.
— Осигурете се дека заштитникот на алатот за сечење е правилно прикачен на позицијата како што е опишано во ова упатство.
— Проверете го активаторот на регулаторот, лостот за одблокирање и другите контролни прекинувачи за непречено дејство и соодветна функција.
— Исчистете ги рачките за соодветна контрола врз машината.
— Осигурете дека рачките се инсталирани како што е опишано во ова упатство.

Непочитувањето на тие инструкции може да предизвика сериозни повреди.

  1. Користете остро сечило. Отстранете ги сечилата што се свиткани, извиткани, испукани, скршени, изделкани или оштетени на каков било начин. Ако сечилото е тапо, поверојатно е дека ће закачува и ће предизвика повратен удар.

  2. Секогаш користете ги сите потребни делови за правилно местење на сечилото. Неправилно зацврстените делови може да предизвикаат сечилото да одлета и сериозно да го повреди операторот и/или набљудувачите.

Безбедност на електричните делови и батеријата

  1. Не изложувајте ја машината, батеријата или полначот на дожд или влажни услови. Ако навлезе вода во алатот, тоа може да го зголеми ризикот од струен удар.
  2. Не полнете ја батеријата на дожд или на влажни места.
  3. Не заменувајте ја батеријата на дожд.

Полнење гориво

  1. Запрете го моторот пред да полните гориво. Чувајте го настрана од отворен пламен и искри. Никогаш не пушете за време на полнењето гориво. Во спротивно, може да дојде до пожар и/или експлозија.
  2. Полнете гориво на отворено. Полнење гориво во затворена просторија може да предизвика експлозија од пареата од горивото.
  3. Избегнувајте контакт со гориво или моторно масло. Не вдишувајте ја пареата од горивото. Ако се истури гориво или масло, веднаш избришете го од машината и/или од земјата. Ако се истури гориво на вашата облека, веднаш пресоблечете се за да спречите нејзино запалување.
  4. По полнењето гориво, внимателно затегнете го капачето на резервоарот за гориво и проверете да не протекува гориво. Поместете се на најмалку 3 м (10 стапки) од изворот и местото за полнење гориво пред да го стартувате моторот.
  5. Транспортирајте го и складирајте го горивото само во одобрени садови. Држете ги децата подалеку од складираното гориво.

Стартување на машината

  1. Држете ги децата, набљудувачите и домашните миленици на најмалку 15 м (50 стапки) оддалеченост при стартување или користење на машината. Покрај тоа, набљудувачите треба да носат заштита за очите, бидејки се уште постои ризик од повреда од исфрлени предмети. Во спротивно, неочекуваните постапки од набљудувачите или повратен удар од сечилото може да предизвикаат сериозни повреди кај операторот и/или набљудувачите.
  2. Стартувајте ја и работете со машината само на отворено и на добро проветрен простор. Работата во затворен простор или област со лоша вентилација може да резултира со смрт поради задушување или труење со јаглероден моноксид.
  3. Пред стартувањето, уверете се дека алатот за сечење не е во допир со тврди предмети како што се гранки, камења итн. бидејки
  1. Ако алатот за сечење ротира во празен од, нагодете ја брзината во празен од, така што ће застане во празен од. Во спротивно, ненамерниот контакт со алатот за сечење во движење може да резултира со сериозна повреда.
  2. Ако забележите какви било проблеми, веднаш запрете го моторот.
  3. Внимавајте да нема електрични кабли, цевки за вода, цевки за плин итн. што може да предизвикаат опасност доколку се оштетат со употребата на машината.

Транспорт

  1. Запрете го моторот при транспорт. Во спротивно, ненамерното стартување може да предизвика повреда.
  2. При транспорт на машината, секогаш прикачувајте го капакот на сечилото. Контактот со голи сечила ќе резултира со повреда.
  3. Осигурете безбедна положба на машината при транспортирање со автомобил за да избегнете истекување на горивото.
  4. При носење, подигнете ја машина целосно од земјата. Влечењето на машината предизвикува оштетување на резервоарот за гориво и истекување на горивото, што може да резултира со пожар.

Работење

  1. Користете ја машината само при добра светлост и видливост. Ако ја користите во темница или во области со слаба видливост може да предизвикате неочекувана несреќа.
  2. Избегнувајте користење на машината кога е тешко да ја одржувате рамнотежата, на пример кога работите на стрмна површина или на ветровит ден.
  3. При работењето, никогаш не стојте на нестабилна или лизгава површина или на стрмина. За време на ладните годишни времиња, внимавајте на мразот и снегот и секогаш одржувајте стабилна положба со нозете.
  4. Ако некој ви се приближува, изгаснете го моторот. Во спротивно, ротирачкиот алат за сечење може да го удри набљудувачот и да резултира со сериозна повреда.
  5. Исчистете ја работната област пред работењето. Отстранете ги сите предмети како камења, скршено стакло, шајки, жица или конци, што можат да бидат исфрлени или да се заплеткаат во делот за сечење. Тугите честички може да го оштетат алатот за сечење и да предизвикаат опасен повратен удар.
  6. За постојана контрола врз машината, направете го следново за време на работењето:

— Цврсто држете ја машината со двете раце на вашата десна страна.

— Закачете ја машината на вашето рамо(ена) со појасот за рамо.
— Осигурете безбедна потпора за нозете. Никогаш не работете на скала или на дрво.
— Не пресегнувајте.
— Држете го алатот за сечење под нивото на половината.
— Држете ги сите делови од вашето тело подалеку од ротирачкиот алат за сечење и жешките површини.

Тие дејствија ће го намалат ризикот од повреда.

  1. Ако плевел или гранки се заглават меѓу алатот за сечење и штитникот, секогаш гасете го моторот пред чистењето. Во спротивно, ненамерната ротација на сечилото може да предизвика сериозни повреди.
  2. Никогаш не испуштајте ја ниту фрлајте ја машината, освен во итен случај. Ако машината падне или удри на нешто, веднаш проверете дали има истекување на гориво, безбедносните уреди и други оштетувања. Работењето со дефектна машина може да предизвика повреда и/или пожар.
  3. Често прегледувајте го алатот за сечење или веднаш откако ће удри на камен или други тврди предмети. Ако алатот за сечење се скрши за време на работењето, скршеното парче може да летне и да предизвика повреда.
  4. Сопрете го моторот при преглед, чистење или заменување на алатот за сечење. Во спротивно, алатот за сечење може неочекувано да ротира и да резултира со сериозна повреда.
  5. Одржувајте соодветна контрола додека алатот за сечење не запре целосно кога го запирате моторот или го ослободувате активаторот на регулаторот. Лизгачкото сечило може да предизвика повреда.
  6. Пред да започнете со сечењето, почекајте додека алатот за сечење не постигне довольно брзина за сечење. Тоа го намалува ризикот од повратен удар и заплеткување плевел.
  7. Одморајте се за да спречите губење на контролата заради замор. Препорачуваме да правите паузи за одмор од по 10 до 20 минути на секој час.
  8. Запрете го моторот и ставете ја машината на безбедно место додека одморате или кога ја оставате машината. Тоа спречува неочекувана несреќа.
  9. Не допирајте го моторот и неговиот придушувач или не ставајте ги врз запаливи материјали додека моторот работи или веднаш по самото запирање, бидејки се жешки. Може да дојде до изгореници и/или пожар.
  10. Не користете го алатот при лоши временски услови или ако постои ризик од громови.

Алати за сечење

  1. Користете соодветен алат за сечење за вашата работа.

— Главите за сечење со најлон (глави за

тример со жица) се соодветни за косење трева.

— Металните сечила се соодветни за сечење плевел, високи треви, грмушки, цбунови, израстоци под дрвја, групи грмушки и сл.

Секогаш користете го штитникот за алатот за сечење што соодветно одговара на алатот за сечење што го користите.

  1. При користење глава за сечење со најлон, користете ја само флексибилната, неметална линија што е препорачана во овој прирачник. Никогаш не користете жица или сајла. Тие може да се откинат и да станат опасни проектили.
  2. Никогаш не користете метални синцири за управување со повеće парчиња, лабави сечила или сечила што не се препорачани во овој прирачник. Во спротивно, може да настане тешка повреда.
  3. Кога ракувате со метално сечило, секогаш носете ракавици и ставете го капакот за сечила врз сечилото. Може да се исечете ако го допирате сечилото со голи раце.
  4. Кога користите метални сечила, избегнувајте „повратни удари“ и секогаш бидете подготвени за ненадеен повратен удар. Погледнете во делот Повратен удар.

Повратен удар (удар од сечило)

Повратен удар (удар од сечило) може да се случа- кога сечилото што се врти доаға во контакт со објект што не го сече веднаш. Таквиот удар може да е толку силен што би предизвикал единицата и/или операторот да се придвижат во која било насока, а и да изгубат контрола врз единицата, што би резултирало со сериозни повреди. Повратен удар може да се случа- без предупредување доколку сечилото се закачи, задржи или се прикачи за нешто, а тоа е поверојатно да се случа во области каде што е тешко да се види материјалот што се сече.

Повратниот удар особено настанува кога сечилото се применува со сегментот помеѓу 12 и 2 часот на тврди предмети, грмушки и дрвја, со дијаметар од 3 см или повеće.

▶ Сл.1

За да избегнете повратен удар:

  1. Применувајте го сегментот меѓу 8 и 11 часот.
  2. Замавнувајте со алатот рамномерно во полукруг од десно кон лево, како да користите коса. Ова овозможува соодветниот сегмент на сечилото да дојде во контакт со растенијата што треба да се пресечат.
  3. Никогаш не применувајте го сегментот меѓу 12 и 2 часот.
  4. Никогаш не применувајте го сегментот меѓу 11 и 12 часот и меѓу 2 и 5 часот, освен ако операторот не е добро обучен и искусен и тоа го прави на негов/нејзин сопствен ризик.
    ▶ Сл.2
  5. Никогаш не користете сечила во близина на тврди предмети, како што се огради, сидови, стебла на дрвја и камења.

  6. Никогаш не користете ги сечилата вертикално за операции како рамнење рабови или поткастрување живи огради.

  7. Избегнувајте користење на алатот во области каде што е тешко да се види објектот што се сече.

Вибрации

Изложувањето на прекумерни вибрации може да им наштети на крвните садови или нервниот систем на операторот и да ги предизвика следните симптоми во прстите, рацете или зглобовите: „Заспивање“ (отрпнатост), трнење, болка, чувство на прободување, промена на бојата на кожата или промена на кожата. Ако ви се случа никој од овие симптоми, посетете доктор.

За да го намалите ризикот од „болест на бел прст“, држете ги рацете топли за време на работата и добро одржувајте ги машината и приборот.

Одржување

  1. Машината треба да се сервисира од страна на нашют овластен сервисен центар користејки само оригинални резервни делови. Користете само идентични резервни делови и додатоци испорачани од MAKITA. Неправилните поправки и лошото одржување може да го скратат животниот век на машината и да го зголемат ризикот од несреći.
  2. Никогаш не изменувајте ниту отстранувајте какви било компоненти на машината. Тоа може да предизвика пожар и/или сериозна повреда.
  3. По употребата, исчистете ја машината и проверете дали се стегнати сите шрафови и навртки.
  4. Проверете ја состојбата на алатот за сечење, штитникот на алатот за сечење и појасот за рамо. Сечилото мора да биде остро. Никогаш не поправајте ги и не заварувајте ги оштетените алати за сечење.

Складирање

  1. Пред да го складирате алатот, извршете целосно чистење и одржување. Извадете ја касетата за батеријата. Поставете го капакот на сечилото.
  2. Складирајте го алатот на суво и високо или заклучено место надвор од дофат на деца.
  3. Не потпирајте го алатот на што било, како на пример на сид. Во спротивно, може ненадејно да падне и да предизвика повреда.

Други упатства

  1. Обратете внимание на животната средина. Избегнувајте непотребно работење со регулаторот за помало загадување и помали емисии на бучава. Правилно нагодете го карбураторот.
  2. Не работаете со моторот ако издувниот придушувач е дефектен.

Прва помош

  1. Во случај на несреќа, осигурете се дека во близина на местото каде што се врши сечење имате достапен прибор за прва помош. Веднаш заменете ги искористените предмети од приборот за прва помош.

  2. Кога барате помош, дајте ги следниве информации:

— Местото на несреćата
— Што се случило
— Број на повредени лица
— Типот на повреди
— Вашето име

Дополнителни безбедносни упатства

  1. За да избегнете несреќа, оставете повеće од 15 м (50 стапки) растојание помеѓу операторите, кога двајца или повеće оператори работат во еден простор. Исто така, ангажирајте лице кое ще го набљудува растојанието помеѓу операторите. Ако некое лице или животно влезе во работниот простор, веднаш престанете со работа.
  2. Користете само алати за сечење што се означени со брзина еднаква или поголема од брзината означена на алатот.
  3. Пред работата, будете сигурни дека сте го отстраниле капакот на сечилото.

ОПИС НА ДЕЛОВИТЕ

(универзален тип) 4. Продолжеток на заштитникот 5. Секач

EM409MP

▶ Сл.4: 1. Капаче 2. Цевка 3. Заштитник (тесен тип) 4. Секач

СОСТАВУВАЊЕ

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја склопувате или нагодувате опремата, исключете го моторот и извадете го капачето на свекичката или касетата за батерија. Во спротивно, алатот за сечење и другите делови може да се придвижат и да резултираат со сериозна повреда.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ракувате со сечилото, ставете заштитни ракавици. Вашите прсти може да дојдат во контакт со сечилото при склопувањето или нагодувањето и тоа може да предизвика сериозна повреда.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Кога ће ја склопувате или нагодувате опремата, секогаш спуштете ја долу. Склопувањето или нагодувањето на опремата во исправена положба може да резултира со сериозна повреда.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.

EM408MP

▶ Сл.3: 1. Капаче 2. Цевка 3. Заштитник

Точна комбинација на алатот за сечење и заштитникот

⚠️ВНИМАНИЕ: Секогаш користете ја точната комбинација на алатот за сечење и заштитникот.

Погрешниот заштитник може да не ве заштити од летачките остатоци и камењата. Исто така, може да влијае на рамнотежата на алатот и да резултира со сериозни телесни повреди.

Монтирање на заштитникот (штитник на алатот за сечење)

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не користете алат за сечење без соодветен заштитник.

⚠PREDУПРЕДУВАЊЕ: Секогаш користете алат за сечење со точната комбинација на заштитникот. Во спротивно, контактот со алатот за сечење може да резултира со сериозна повреда.

ЗАБЕЛЕШКА: Одвреме-навреме затегнувајте ги завртките на заштитникот. Затегнете ги десните и левите завртки рамномерно, така што јазот помеѓу стегата и заштитникот да биде константен.

Заштитник (универзален тип)

⚠️ВНИМАНИЕ: Туркајте го продолжетокот на заштитникот сё додека не влезе целосно. Во спротивно, продолжетокот на заштитникот може да падне и тоа може да резултира со телесна повреда.

⚠️ВНИМАНИЕ: Внимавајте да не се повредите со секачот што е монтиран на продолжетокот на заштитникот.

Фиксирајте го заштитникот на стегата со завртки.

▶ Сл.5: 1. Стега 2. Заштитник

За да го инсталирате продолжетокот на заштитникот, вметнете го продолжетокот во заштитникот, а потоа прикачете ги клиповите. Осигурете се дека јазичињата на продолжетокот на заштитникот одговараат на отворите на заштитникот.

▶ Сл.6: 1. Заштитник (универзален тип) 2. Клип 3. Продолжеток на заштитникот 4. Секач (внатрешно) 5. Отвор 6. Лазиче

За да го отстраните продолжетокот на заштитникот од заштитникот, отворете ги клиповите и повлечете го продолжетокот.

НАПОМЕНА: Секачот на продолжетокот на заштитникот го одржува најлонскиот кабел на најдобра должна за сечење.

Заштитник (тесен тип)

⚠️ВНИМАНИЕ: Внимавајте да не се повредите со секачот што е монтиран на заштитникот.

Поставете го заштитникот на стегата со помош на завртки.

▶ Сл.7: 1. Стега 2. Заштитник 3. Секач

НАПОМЕНА: Секачот на заштитникот го одржува најлонскиот кабел на најдобра должна за сечење.

Монтирање на алатот за сечење

⚠️ ВНИМАНИЕ: Користете оригинални алати за сечење на МАКІТА.

▲ВНИМАНИЕ: Уверете се дека сте го отстраниле инбус-клучот по монтажата.

НАПОМЕНА: При монтирањето на алатот за сечење, свртете го наопаку за да ја олесните постапката.

Инсталирање на металното сечило За EM408MP

⚠️ ВНИМАНИЕ: Кога ракувате со метално сечило, секогаш носете ракавици и ставете го капакот за сечила врз сечилото.

⚠️ ВНИМАНИЕ: Надворешниот дијаметар на металното сечило мора да биде 230 мм (9"). Никогаш не користете какви било сечила со надворешен дијаметар поголем од 230 мм (9").

⚠️ ВНИМАНИЕ: Металното сечило мора да биде добро исполирано, без пукнатини или оштетувања. Ако металното сечило удри во камен за време на работењето, изгаснете го моторот и веднаш проверете го сечилото.

⚠️ ВНИМАНИЕ: Полирајте го или менувајте го металното сечило на секои три часа работење.

⚠️ ВНИМАНИЕ: Секогаш користете го испорачаниот клуч(еви) за да го отстраните или инсталирате сечилото.

Применливо сечило

Метално сечило (2-запчено)

MAKITA EM408MP - Применливо сечило - 1

MAKITA EM408MP - Применливо сечило - 2

Метално сечило (3-запчено)

MAKITA EM408MP - Применливо сечило - 3

Метално сечило (4-запчено)

MAKITA EM408MP - Применливо сечило - 4

Метално сечило (8-запчено)

  1. Осигурете се дека приемната шајбна е поставена на оската.
  2. Вметнете го имбус-клучот низ дупката во кукиштето на преносниот систем за да ја заклучите оската. Ротирајте ја оската се додека имбус-клучот не е целосно вметнат.
  3. Монтирајте го металното сечило на приемната шајбна.
  4. Монтирајте ги шајбната за стегата и чашката, а потоа затегнете ја цврсто навртката.

Затезен момент: 16 - 23 N·m

  1. Извадете го имбус-клучот.

▶ Сл.9: 1. Насаден клуч 2. Имбус-клуч

  1. Стегнување

Осигурете се дека стрелките на сечилото и заштитникот се свртени во истата насока.

▶ Сл.10: 1. Стрелка

За да го отстраните металното сечило, следете ги постапките за монтирање по обратен редослед.

НАПОМЕНА: Делот од навртката за зацврстување на сечилото со калофониум се аби со текот на времето. Заменете ја навртката ако се појави какво било абење или деформација.

Инсталирање на главата за сечење со најлон

⚠️ВНИМАНИЕ: Ако главата за сечење со најлон удри во камен за време на работењето, изгаснете го моторот и проверете ја веднаш.

▶ Сл.11: 1. Глава за сечење со најлон 2. Приемна шајбна 3. Оска 4. Имбус-клуч 5. Стегнување

  1. Осигурете се дека приемната шајбна е поставена на оската.
  2. Вметнете го имбус-клучот низ дупката во кукиштето на преносниот систем.
  3. Зашрафете ја главата за сечење со најлон на оската.
  4. По инсталирањето на главата за сечење со најлон, отстранете го имбус-клучот.

За да ја извадите главата за сечење со најлон, вртете ја во насока на стрелките на часовникот додека ја придржувате приемната шајбна со имбус-клучот.

Монтирање на пластично сечило

Опционален прибор

⚠️ ВНИМАНИЕ: Ако при работата, пластичното сечило случајно удри во камен или тврд предмет, запрете го алатот и проверете дали има оштетување. Ако пластичното сечило е оштетено, треба веднаш да го замените. Користењето оштетен алат за сечење може да резултира со тешка телесна повреда.
⚠️ ВНИМАНИЕ: Уверете се дека сте го отстраниле инбус-клучот по монтажата.

ЗАБЕЛЕШКА: Користете оригинално пластично сечило Makita.

▶ Сл.12: 1. Пластично сечило 2. Приемна шајбна 3. Оска 4. Имбус-клуч 5. Стегнување

  1. Осигурете се дека приемната шајбна е поставена на оската.
  2. Вметнете го имбус-клучот низ дупчето на ку́киштето на преносниот систем и вртете го вретеното додека не се блокира.
  3. Поставете го пластичното сечило директно на вретеното со навој и стегнете.
  4. Извадете го имбус-клучот.

За да го извадите пластичното сечило, вртете го надесно додека ја придржувате приемната шајбна со имбус-клучот.

Монтирање на приклучната цевка

⚠️ ВНИМАНИЕ: По монтирањето, секогаш проверувајте дали приклучната цевка е прицврстена. Несоодветното монтирање може да предизвика додатокот да падне од уредот за напојување и да предизвика лична повреда.

Монтирајте ја приклучната цевка на уредот за напојување.

  1. Свртете го лостот на уредот за напојување кон страната на додатокот.
    ▶ Сл.13: 1. ЛОСТ
  2. Извадете го капакот од додатокот. Порамнете ја иглата со ознаката со стрелка и вметнете ја прилучната цевка додека не се појави копчето за отпуштање.
    ▶ Сл.14: 1. Копче за отпуштање 2. Ознака со стрелка 3. Чепче
  3. Свртете го лостот кон страната на уредот за напојување.
    ▶ Сл.15: 1. ЛОСТ

Осигурете се дека површината на лостот е паралелна во однос на цевката.

За да ја отстраните цевката, свртете го лостот во насока на страната на додатокот и извлечете ја цевката додека го притискате копчето за отпуштање.

▶ Сл.16: 1. Копче за отпуштање 2. Лост 3. Цевка

РАБОТЕЊЕ

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следете

ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако алатите за сечење се движат напразно, намалете ја брзината на моторот додека работи напразно. Во спротивно, нема да можете да го запрете алатот за сечење со исключен регулатор и тоа може да предизвика сериозна повреда.

Нагодување на положбата на закачалката и ременот за рамо

За DUX60 Безжична повекефункционална глава за напојување, EX2650LH Повекефункционална глава за напојување

⚠PREDУПРЕДУВАЊЕ: Не користете го алатот ако не можете да ја нагодите позицијата на закачалката и должината на прерамката во рамките на опсегот, како што е покажано на сликата. Користењето на алатот со несоодветна тежинска рамнотежа може да го придвижи алатот за сечење нагоре и да резултира со телесна повреда.

Кога ги заменувате додатоците со други, тежинската рамнотежа на опремата може да се промени. Во таков случај, нагодете ја положбата на закачалката и должината на ременот за рамо на следниот начин.

▶ Сл.17: 1. Закачалка

За да ја промените положбата на закачалката, олабавете го шрафот за прицврстување на закачалката и потоа поместете ја закачалката. Нагодете ја положбата на закачалката и должината на ременот за рамо, така што:

  • закачалката да е позиционирана на височина од 750 мм или повеće од земјата,
  • алатот за сечење да е позициониран на височина од 100 мм до 300 мм од земјата и
  • незаштитениот дел од алатот за сечење да е на хоризонтално растојание од 750 мм или повеće од закачалката.

Откако ће ја нагодите положбата на закачалката, цврсто стегнете ја завртката со клуч или шрафцигер (зависно од уредот за напојување).

Нагодување на појасот за рамо

⚠PREDУПРЕДУВАЊЕ: Не користете го алатот ако не можете да ја нагодите должината на прерамката во рамките на опсегот, како што є покажано на сликата. Користењето на алатот со несоодветна тежинска рамнотежа може да го придвижи алатот за сечење нагоре и да резултира со телесна повреда.

Кога ги заменувате додатоците со други, тежинската рамнотежа на опремата може да се промени. Во таков случај, нагодете ја должината на ременот за рамо на следниот начин.

▶ Сл.18: 1. Закачалка

Нагодете ја должината на ременот за рамо, така што:

  • закачалката да е позиционирана на височина од 750 мм или повеće од земјата,
  • алатот за сечење да е позициониран на височина од 100 мм до 300 мм од земјата и
  • незаштителиот дел од алатот за сечење да е на хоризонтално растојание од 750 мм или повеće од закачалката.

Користење на главата за сечење со најлон

За време на работата, за сечење, користете го врвот од кабелот за сечење со најлон. Бидејки кабелот за сечење со најлон се аби и скратува за време на сечењето, операторот треба да го продолжи рачно. За продолжување на кабелот за сечење со најлон, потчукнете ја главата за сечење со најлон од земја додека ротира.

НАПОМЕНА: Доколку кабелот за сечење со најлон не се извлекува, намотајте го повторно. Погледнете во поглавјето „ОДРЖУВАЊЕ“.

ОДРЖУВАЊЕ

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја проверувате или одржувате опремата, исключете го моторот и извадете го капачето на свекичката или касетата за батерија. Во спротивно, алатот за сечење и другите делови може да се придвижат и да резултираат со сериозна повреда.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: При проверка или одржување на опремата, секогаш ставајте ја долу. Склопувањето или нагодувањето на опремата во исправена положба може да резултира со сериозна повреда.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.

ЗАБЕЛЕШКА: За чистење, не користете нафта, бензин, разредувач, алкохол или Guinea. Тие средства ја вадат бојата и може да предизвикаат деформации или пукнатини.

За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА на производот, поправките, одржувањата или дотерувањата треба да се вршат во овластени сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш со резервни делови од Makita.

Целокупна проверка

  • Стегнете ги лабавите завртки, навртки и шрафови.
  • Проверете дали има оштетени делови и ножеви. Побарајте во нашиот овластен сервисен центар да ги заменат ако има потреба.

Острење на алатот за сечење

⚠PREDУПРЕДУВАЊЕ: Не острете ги сечилата сами. Рачното острење ја нарушува рамнотежата на сечилото и може да предизвика вибрации и оштетување на опремата.

Побарајте острење и балансирање на тапите сечила од овластениот сервисен центар на Makita.

Подмачкување на подвижните делови

ЗАБЕЛЕШКА: Следете ги упатствата за зачестеноста и количеството на обезведеното средство за подмачкување. Инаку, недоволното подмачкување може да ги оштети подвижните делови.

Ку́киште на преносен систем:

⚠️ВНИМАНИЕ: Не ставајте средство за подмачкување кога куќиштето на преносниот систем е жешко. Жешкото куќиште на преносниот систем може да предизвика изгореници.

Нанесете средство за подмачкување (Shell Alvania 1 или 2, или еднакво на тоа) на куќиштето на преносниот систем низ дупчето за подмачкување приближно на секои 30 часа работа.

▶ Сл.19: 1. Отвор за подмачкување

Погонска оска:

Нанесете средство за подмачкување (Shell Alvania 1 или 2, или еднакво на тоа) на погонската оска приближно на секои 30 часа работа.

▶ Сл.20

НАПОМЕНА: Оригинално средство за подмачкување на Makita може да се купи од вашиот локален продавач на Makita.

Замена на најлонската жица

⚠ PŘEDУПРЕДУВАЊЕ: Секогаш користете ја само најлонската жица со дијаметар што е наведен во упатството за употреба. Никогаш не користете потешка жица, метална жица, јаже или слично. Во спротивно, може да дојде до оштетување на алатот и да резултира со сериозна телесна повреда.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Кога ја заменувате најлонската жица, секогаш отстранувајте ја главата за сечење со најлон од алатот.

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Уверете се дека капакот на главата за сечење најлон е правилно прицврстен на куќиштето како што е опишано во ова упатство за употреба. Ако капакот не се прицврсти правилно, главата за сечење со најлон може да се разлета резултирајки со тешка телесна повреда.

Ако најлонската жица не се продолжува, заменете ја. Методот на замена на најлонската жица се разликува, зависно од типот на главата за сечење со најлон.

96-M10L

▶ Сл.21

98-M10L

▶ Сл.22

Заменување на пластичното сечило

Заменете го сечилото ако се изаби или скрши.

▶ Сл.23

Додека го монтирате пластичното сечило, порамнете ја насоката на стрелката на сечилото со онаа од заштитникот.

Складирање

⚠ PREDУПРЕДУВАЊЕ: Следете ги предупредувањата и мерките на претпазливост во поглавјето „БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА“ и упатството за користење на уредот за напојување.

При одделно складирање на додатокот од уредот за напојување, ставете го капачето на крајот од оската.

▶ Сл.24

Интервал на проверка и одржување

Работни часови Пред работа Секојдневно (10 ч.) 30 ч.
Целиот уред Визуелнапроверка за оштетени делови--
Сите шрафови и навртки за фиксирањеСтегнување--
Работни часови Пред работа Секојдневно (10 ч.) 30 ч.
Куќиште на преносен системОбезбедување маст - -
Погонска оска Обезбедување маст - -
Сечило Визуелна проверка за оштетувања-
Уред за напојување Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

Пред да побарате поправка, прво спроведете сопствена проверка. Ако наидете на проблем што не е опишан во упатството, не обидувајте се да ја расклопите машината. Наместо тоа, побарајте Овластен сервисен центар на Makita, каде за поправка се користат делови за замена на Makita.

Состојба на аномалии Можно причина (дефект) Поправка
Моторот не стартува. - Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување.
Моторот запира брзо.-Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување.
Брзината на моторот не се зголемува.- Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување.
Алатот за сечење не ротира.⇒ Веднаш запрете го моторот.Лабав додаток на алатот за сечењеЗатегнете цврсто.
Алатот за сечење зафатил гранче.Отстранете го туфото тело
Погонски систем со аномалииКонтактирајте со овластен сервисен центар за поправка.
Главната единица вибрира невообичаено.⇒ Веднаш запрете го моторот.Скршен, свиткан или изабен алат за сечењеЗаменете го алатот за сечење.
Лабав додаток на алатот за сечењеЗатегнете цврсто.
Еден крај од кабелот за сечење со најлон се скршил и главата за сечење со најлон станала неурамнотежена.Продолжете го кабелот за сечење најлон со удирајки ја главата за сечење со најлон врз земјата.
Неправилен додаток на алатот за сечењеПрикачете правилно.
Погонски систем со аномалииКонтактирајте со овластен сервисен центар за поправка.
Сечилото не запира веднаш.⇒ Веднаш запрете го моторот.Уредот за напојување не работи соодветно.Погледнете во прирачникот со упатства за уредот за напојување.
Кабелот за сечење со најлон не се продолжува.Кабелот е искористен или заплеткан во калемот.Повторно намотајте го кабелот.
Кабелот за сечење со најлон не е исечен на правилната должна.Секачот за кабли на заштитникот е оштетен или недостасува.Контактирајте со овластен сервисен центар за поправка.
Кабелот се издолжува покрај заштитникот.Повторно намотајте го кабелот.

ТЕХНИЧКИ ПОДАЦИ

Носите заштитни шлем, заштитне наочаре и заштитне слушалице!

Никада немојте да користите метално сечиво.

Намена

За модел EM408MP

Безбедносна упозорења за тример за траву

Лична заштитна опрема

Подешавање појаса за рамена

▶ Рис.10: 1. Стрелка

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MAKITA

Модел : EM408MP

Категорија : тример за трева