GST 700 500W Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GST 700 500W Professional BOSCH во PDF формат.

📄 193 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH GST 700 500W Professional - page 129

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GST 700 500W Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GST 700 500W Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GST 700 500W Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел Bosch Power Tools 1 609 92A 5B4 | (29.01.2021)130 | Македонски соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за убодни пили u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. u Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се 1 609 92A 5B4 | (29.01.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 131 обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го потпрете на вас, тоа ќе биде нестабилно и може да изгубите контрола. u Држете ги рацете подалеку од делот каде што се сече. Не фаќајте под делот што се обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда. u Ставете го електричниот алат само кога е вклучен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува. u При сечење внимавајте на тоа, основната плоча да лежи стабилно. Свитканиот лист пила може да се скрши или да доведе до повратен удар. u По завршувањето на работењето исклучете го електричниот алат и извадете го листот за пила од исечокот дури тогаш кога тој ќе застане. На тој начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно да го оставите електричниот алат. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неостри листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар. u Не го блокирајте листот за пилата по исклучувањето со странично контра-притискање. Листот за пила може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за сечење во дрво, пластика, метал, керамички плочки и гумени материјали на стабилна подлога. Тој е погоден за прави и криви резови под агли на закосување од 45°. Внимавајте на препораките за сечилото за пила. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Блокада на прекинувачот за вклучување/ исклучување (2) Прекинувач за вклучување/исклучување (3) Копче за подесување на претходното избирање бројот на работни одови (4) Клуч со внатрешна шестаголна глава (5) Црево за всисување

(6) Млазници за всисување (7) Основна плоча (8) Рачка за подесување на осцилациите (9) Прифат на сечило за пила (10) Водечки валјак (11) Сечило за пила

(12) Заштита од допир (13) Заштитен капак за всисување (14) Рачка (изолирана површина на рачката) (15) Заштита од кинење

(16) Завртка за основната плоча (17) Скала на закосени агли (18) Водилка за паралелниот граничник (19) Завртка за подесување на паралелниот

(20) Паралелен граничник со кружен секач

(21) Врв за центрирање на кружниот секач

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Убодна пила GST 700 Број на дел 3601BA70.. Номинална јачина W 500 Број на работни одови во празно n

1450–3200 Работен од mm 20 макс. длабочина на резот – во дрво mm 70 – во алуминиум mm 10 – во челик (нелегиран) mm 6 Bosch Power Tools 1 609 92A 5B4 | (29.01.2021)132 | Македонски Убодна пила GST 700 Агол за сечење (лево/ десно) макс. ° 45 Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 2,1 Класа на заштита / II Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN62841‑2‑11. Нивото на звук на електричниот алат оценето соА типично изнесува: ниво на звучен притисок 86dB(A); ниво на звучна јачина 97dB(A). Несигурност K=5dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со EN62841‑2‑11: Сечење на шперплоча со сечило за пилаT111C:

сечење на метален лим со сечило за пила T118A:

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

Вметнување/замена на сечилото за пилата u При ставање или при замена на електричниот алат носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба. Бирање на сечилото за пилата Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило). Сечилото за пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за предвидениот рез. За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за

Вметнување на сечилото за пила (видисликаA) u Исчистете го сечилото на листот за пила пред вметнувањето. Нечистото сечило не може да се прицврсти стабилно. Вметнете го сечилото за пила (11) со запците во правец на резот, додека не се вклопи во прифатот за сечило за пила (9). При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (10). u Проверете дали е стабилно сечилото за пила. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди. Вадење на сечилото за пила (види сликаB) Вметнете го прифатот за сечилото за пила (9) во правецот на стрелките нагоре и извадете го сечилото (11). Заштита од кинење (види сликаC) Заштитата од кинење (15) (опрема) може да спречи кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од кинење може да се користи само со одредени видови на сечила за пила и со агол на резот од 0°. Притиснете ја заштитата од кинење (15) од долу во основната плоча (7). Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното

1 609 92A 5B4 | (29.01.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 133 – Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Заштитна хауба Монтирајте го заштитниот капак (13), пред да го приклучите електричниот алат на всисувач за прашина. Ставете го заштитниот капак (13) на електричниот алат на тој начин што ќе се вклопат држачите во процепите на

Извадете го заштитниот капак (13) за работење без всисувач за прашина како и за сечење под агол. За тоа притиснете го капакот на висина на надворешните држачи и извлечете го нанапред. Приклучување на всисувач за прашина Поставете црево за всисување (5) (опрема) на млазниците за всисување (6). Поврзете го цревото за всисување (5) со всисувач за прашина (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова

За оптимално всисување, по можност поставете ја заштитата од кинење (15). Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува. При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.

Начини на работа u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

Подесување на осцилации Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува. Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите осцилациите и за време на работата. Ниво0 нема осцилации НивоI мали осцилации НивоII средни осцилации НивоIII големи осцилации Оптималниот степен на осцилирање за односната примена може да се одреди со практичен обид. Притоа важат следните препораки: – Доколку го изберете степенот на осцилирање што помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде подобар и почист исечениот раб. – При обработка на тенки материјали (на пр. лимови) исклучете го осцилирањето. – Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало осцилирање. – Кај меки материјали и при сечење на дрво во правец на влакната може да се работи со максимално осцилирање. Подесување на аголот на закосување (видисликаD) Основната плоча (7) може да се навали кон десно или кон лево за сечење под агол до 45°. Заштитата од кинење (15) не може да се примени за сечење под агол. – Извадете ја заштитата од кинење (15). – Олабавете ја завртката (16) и притиснете ја основната плоча (7) лесно во правец на сечилото на пилата (11). – За подесување на прецизен агол на косо сечење, основната плоча од десната и левата страна има точки за вклопување на 0° и 45°. Навалете ја основната плоча (7) согласно скалата (17) во саканата позиција. Другите агли на косо сечење може да се подесат со помош на агломер. – Потоа притиснете ја основната плоча (7) до крај во правец на струјниот кабел. – Повторно цврсто затегнете ја завртката (16). Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230V исто така може да се користат и на 220V. Вклучување/исклучување u Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката. За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (2). За фиксирање на прекинувачот за вклучување/ исклучување (2) држете го притиснат и турнете ја блокадата (1) кон десно или лево. За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2). Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (2) е блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го. Претходно избирање на бројот на одови Со копчето за подесување на претходното избирање на број на работни одови (3) можете истите претходно да ги изберете и потоа да ги промените во текот на работата. Bosch Power Tools 1 609 92A 5B4 | (29.01.2021)134 | Македонски Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична

Се препорачува намалување на бројот на работни одови при поставување на сечилото за пила на алатот, како и при сечење на пластика и алуминиум. При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови. Совети при работењето u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го електричниот алат. u Доколку обработувате мали или тенки делови секогаш користете стабилна подлога или маса за пила (опрема). Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете

Сечење со вдлабнување (види сликаE) u Смеат да се обработуваат само меки материјали како дрво, гипс картон и сл. при сечење со вдлабнување! За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол на закосување од 0°. Поставете го електричниот алат со предниот раб на основната плоча (7) на делот што се обработува, без сечилото за пила (11) да го допира делот што се обработува и вклучете го. Кај електричните алати со контрола на бројот на удари, поставете го максималниот број на работни одови. Притиснете го електричниот алат на делот што се обработува и оставете го сечилото за пила полека да се вдлабне во делот што се обработува. Штом основната плоча (7) целосно ќе налегне на површината на делот што се обработува, продолжете да сечење по должина на линијата. Паралелен граничник со кружен отсекувач (опрема) За работење со паралелен граничник со кружен отсекувач (20) (опрема) дебелината на делот што се обработува треба да изнесува максимално 30mm. Паралелно сечење (види сликаF): Олабавете ја завртката за подесување (19) и вметнете ја скалата на паралелниот граничник низ водилката (18) во основната плоча. Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на скалата на внатрешниот раб на основната плоча. Зацврстете ја завртката за фиксирање (19). Кружно сечење (види сликаG): На линијата за сечење во кругот што треба да се исече издупчете дупка, што е доволна за вметнување на сечилото за пила. Обработете го издупчувањето со глодалка или турпија, за да може сечилото рамно да легне на линијата за сечење. Ставете ја завртката за фиксирање (19) на другата страна од паралелниот граничник. Вметнете ја скалата од паралелниот граничник низ водилката (18) во основната плоча. Во средината на делот за обработка во отворот што треба да се исече издупчете дупка. Поставете го врвот за центрирање (21) низ внатрешниот отвор на паралелниот граничник во издупчената дупка. Поставете го радиусот како вредност на скалата на внатрешниот раб на основната плоча. Зацврстете ја завртката за фиксирање (19). Средство за ладење/подмачкување При сечење на метал поради загревање на материјалот треба да нанесете средство за ладење одн. подмачкување по должина на линијата за сечење. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Редовно чистете го прифатот за сечилата за пила. За го исчистите, извадете го сечилото за пила од електричниот алат и тропнете лесно со електричниот алат на рамна

Големи нечистотии можат да доведат до пречки во функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава материјали што прават многу прашина. u При екстремни услови на примена, доколку е возможно секогаш користете уред за всисување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приклучете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот алат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот алат. Доколку излезот за прашина се затне, исклучете го електричниот алат, извадете го всисувачот за прашина и отстранете ги прашината и струготините. Подмачкајте го водечкиот валјак (10) одвреме-навреме со неколку капки масло. Редовно проверувајте го водечкиот валјак(10). Доколку е истрошен, мора да се замени во овластената специјализирана продавница Bosch. 1 609 92A 5B4 | (29.01.2021) Bosch Power ToolsSrpski | 135 Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Убодна пила Број на дел/артикл

Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GST 700 500W Professional

Категорија : Пила