PSM1035 - брусилка Ferm - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PSM1035 Ferm во PDF формат.
Прашања на корисниците за PSM1035 Ferm
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PSM1035 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PSM1035 на марката Ferm.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PSM1035 Ferm
Благодариме за купувањето на овој FERM производ.
Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа.
Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија обезбедуваме одлична услуга за клиентите, со врвна сеопфатна гаранција. Се надеваме дека ќе уживате користејći го овој производ многу наредни години.
1. ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатства.
Погрешното следење на безбедносните преупредувања и упатствата може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните преупредувања и упатствата за да можете повротно да ги прочитате.
Следните символи се користат во упатствата или на производот:

Прочитај го упатството.

Ризик од повреди.

Ризик од струен удар.

Веднаш извадете ја приклучницата од струја ако кабелот е оштетен како и за време на чистење и одржување.

Носете заштитни очила. Носете заштита за слухот.

Носете маска за заштита од прашина.

Двојна изолација

Не го депонирајте производот во несоодветни садови.

Производот е во согласност со важечките стандарди за безбедност во Европските смерници.
ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АЛАТИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со оваа електрична алатка. Непочитувањето на сите упатства наведени подолу може да резултира со електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.
Сочувајте ги предупредувањата и упатствата за да можете повторно да ги прочитате.
Терминот „електричен алат” во предупредувањата се однесува на апарати со напојување од напонска мрежа (жичани) или на апарати со акумулатор (бежични).
1) Безбедност на работниот простор
a) Работниот простор да чист и добро осветлен. Несредено или темно работно место е причина за нескреки
b) Не работете со алатот во експлозивна атмосфера, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина.
Електричниот алат создава искри кои може да ја запалат прашината или пареата.
с) Деца и присутни лица да бидат подалеку b) од електричниот алат. Одвлекување на внимание може да предизвика губење на контрола.
2) Електрична безбедност
a) Приклучокот од електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш да не го менувате приклучокот. Не смеете да користите никаков адаптер за приклучување со заземјените
електрични алати. Неизменети приклучоци и соодветни приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
b) Избегнувајте контакт со заземјени површини како што се цевки, радијатори, фрижидери и замрзнувачи. Тие го зголемуваат ризикот од струен удар ако вашето тело е заземјено.
с) Не го изложувајте електричниот алат на дожд или во влажна средина. Вода која навлегла во алатот го зголемува ризикот од струен удар.
d) Не го злоупотребувајте кабелот. Кабелот да не се користи за носење, да не се влече за да се исклучи алатот од напојна мрежа. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови. Оштетен или заплеткан кабел го зголемува ризикот од струен удар.
e) Кога електричниот алат работи на отворено, користете продолжен кабел за работа на отворено. Со користење на ваков продолжен кабел се намалува ризикот од струен удар.
f) Ако не може да се избегне работење со електричниот алат во влажна средина, користете резидуален моментен уред (RCD) со заштитен напон. Користење на RCD го намалува ризикот од струен удар.
3) Лична безбедност
a) Бидете внимателни, внимавајте што работите и бидете претпазливи кога работите со електричен алат. Немојте да работите со електричниот алат ако сте изморени или сте под влијание на алкохол или лекови. Момент на невнимание, во тек на работа, може да предизвика сериозни повреди.
Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очите.
Заштитната опрема како маска за заштита од прашина, безбедносни обувки кои не се лизгаат, тврда капа или заштита за слухот, која соодветно се употребува, го намалува ризикот од повреди.
с) Избегнувајте ненамерно стартување. Уверете се дека прекинувачот е во исключена положба, пред алатот да го включите во напојна мрежа и / или на
акумулатор, пред да го земете или пред да го носите. Носење на електричниот алат со прст врз прекинувачот може да доведе до повреди.
d) Отстранете ги клучевите за дотерување пред вклучување на алатот. Клучевите кои їе ги допрат ротирачките делови на електричниот алат може да предизвикаат повреди.
e) Не се преценувајте. Одржувајте сигурна подлога и рамнотежа На тој начин ке имате подобра контрола врз алатот при неочекувани ситуации.
f) Облечете се соодветно. Не носете широка облека или накит. Косата, облеката и ракавиците држете ги подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса можат да бидат зафатени од подвижните делови
g) Ако апаратот е предвиден за приклучување на опрема за одведување и собирање на прашина уверете се дека истите исправно се поврзани. Со користење на собирач за прашина се намалува ризикот од опасностите кои ги предизвикува прашината.
h) Не дозволувајте запознаеноста стекната од честата употреба на алатки да ви овозможи да станете самоуверени и да ги игнорирате принципите за безбедност на алатката. Безгрижното дејство може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
4) Користење и грижа на електричниот алат a) Не го форсирајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за работата која ја изведувате. Соодветниот електричен алат ќе ја заврши работата подобро и побезбедно.
b) Немојте да го користите електричниот алат ако прекинувачот не е исправен. Било кој електричен алат, кој неможе да се контролира со помош на прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
с) Исключете го приклучокот од струја и/или акумулаторот од алатот пред дотерување, менување на прибор или пред одложување. Превентивните мерки за безбедност го намалуваат ризикот од случајно стартување на електричниот алат
d) Електричните алати кои не се користат да се чуваат надвор од дофат на деца и не дозволувајте необучени лица да ракуваат со електричниот алат.
Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
e) Одржувајте ги електричните алати. Проверете неправилности или спојувања на подвижни делови, скршени делови и било која друга состојба која може да влијае врз работата на алатот. Ако е оштетен, алатот да се поправи пред да се користи. Многу несреќи се предизвикани поради лошо одржување на електричните алати
f) Одржувајте ги резните алати чисти и наострени. Грижливо одржувани резни алати, со наострени резни рабови, помалку се лепат и полесно се водат
g) Користете го електричниот алат, приборот и алатните уметоци во согласност со овие упатства, земајки ги предвид условите и видот на работата. Користење на електричниот алат за намени за кои не е конструиран доведува до ризични ситуации.
h) Чувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без масло и маснотии. Лизгавите рачки и површините за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатот при неочекувани ситуации.
6) Сервис
a) Електричниот алат смее да го поправа квалификувано лице, со користење на идентични резервни делови. На овој начин се одржува безбедноста на електричниот алат.
Дополнителни безбедносни предупредувања за делта брусилка

Со контакт или со вдишување на прашина за време на работа (на пример олово-обоени површини, дрво и метал) можете да го загрозите вашето здравје и здравјето на другите лица. Секогаш носете заштитна опрема, како маска за прашина. Користете одведувач на прашина.
- Не обработувајте материјали кои содржат азбест. Азбестот е канцероген.
- Не брусете магнезиумски парчиња.
- Носете заштитни очила. Носете заштита за слухот. Ако е потребно, користете и други заштитни средства, како ракавици, чевли итн.
- Држете ја машината за изолираните дршки, ако приборот може да дојде во контакт со скриени жици или со сопствен кабел. Ако опремата допре „жива” жица, металлите делови на машината исто така стануваат „живи”. Ризик од струен удар.
- Бидете многу внимателни кога брусите бојосани површини.
- Пред работа од работното парче отстранете шајки и други метални предмети.
- Проверете го потпирањето или стегањето на парчето.
- Користете брусна хартија која е предвидена за оваа машина.
- Користете брусна хартија со точни димензии. Проверете дали е правилно монтирана брусната хартија.
- Пред секое користење контролирајте ја брусната хартија.
- Не користете истрошена брусна хартија, зашто ја пролонгира употребата.
- Никогаш не ја одложувајте машината пред да ја исклучите.
Електрична безбедност

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката.
- Не ја користете машината ако е оштетен кабелот или приклучокот.
- Доколку е неопходна замена на кабелот за напојување, тоа треба да го направи производителот или неговиот застапник за да избегнете опасност по безбедноста.
- Користете продолжни кабли кои одговараат на моćност на машината, со минимален попречен пресек од 1,5 mm2. Ако користите продолжен кабел во ролна, целосно одмотајте го.
Технички податоци
Model No. PSM1035
Номинална фреквенција 50 Hz
Влезна мокност 130 W
Брзина без оптеретување 14,000/min
Тежина 0.68 kg
БУЧАВА И ВИБРАЦИИ
Ниво на звучен притисок (Lpa) 65dB(A)
Акустична моїност (Lwa) 76dB(A)
Вибрации 3.017 + 1.5 m/s ^2

Носете заштита за слухот.
Ниво на вибрации
Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 62841-1, EN 62841-2-4; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации кога алатот се користи за различни апликации.
- емисијата на вибрации при реална употреба на електричната алатка може да се разликува од декларираната вкупна вредност во зависност од начините на употреба на алатката: и
- треба да се идентификуваат безбедносните мерки за заштита на операторот, кои се базираат на проценка на изложеноста при реални услови на употреба (земајки ги предвид сите делови од работниот циклус, како што се времињата кога алатката е исключена и кога работи во мирување како дополнување на времето на активирање).
Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните навики.
2. ОПИС (СЛ. А)
Намена
Машината е наменета за шмирглање на дрво, пластика и метал. Оваа машина е погодна само за суво брусење. Машината не е погодна за обработка на предмети што содржат
азбест. Неправилната употреба може да ја оштети алатката.
Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на страница 2.
- Прекинувач за включување/исклучување
- Дршка
- Кутија за прав
- Подлога за шмирглање
- Хартија за шмирглање
- Отвор
3. МОНТАЖА

Пред монтажа исключете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон.
Поврзување на кутијата за прав (Скица В)
Препорачливо е да ја користите машината со кутијата за прав (3), обезбедувајки оптимално собирање прашина.
- Лизнете го отворот во кутијата за прашина преку засекот на задниот излез за прав.
- Завртете се за да ја заклучите кутијата во позиција.
Белешка: Кутијата за прав треба да се испразни кога кутијата е половина полна за да се одржи оптимално собирање на прав.
Монтирање и отстранување на хартијата за шмирглање (Скица С)
- Држете ја машината на страна или наопаку, како што е прикажано на Скица С1.
- Монтирајте на хартија за шмирглање (5) со потребната големина на зрно на подлогата за шмирглање (4). Осигурајте се дека перфорацијата во хартијата за шмирглање (5) соодветствува со перфорацијата на подлогата за шмирглање (4), како што е прикажано на Скица С2.
- За да ја отстраните хартијата за шмирглање (5), едноставно извлечете ја хартијата за шмирглање од подлогата за шмирглање (4).
Белешка: Користете груба хартија за шмирглање за шмирглање на груби, нерамни површини. Користете средна хартија за шмирглање за да ги отстраните преостанатите гребнатини од грубата хартија за шмирглање. Користете фина хартија за шмирглање за завршни површини.
Во случај на абење, подлогата за шмирглање мора да се замени.
- Доколку е потребно, отстранете ја хартијата за шмирглање.
- Олабавете ги завртките од подлогата за шмирглање (4).
- Отстранете ја старата подлога за шмирглање.
- Монтирајте ја старата подлога за шмирглање.
- Затегнете ги завртките од подлогата за шмирглање (4).
4. КОРИСТЕЊЕ
Вклучување и исклучување (Сл. А)
- За вклучување на машината, турнете го нанапред On/Off прекинувачот (1).
- За вклучување на машината, турнете го нанапред On/Off прекинувачот (1).
Совети за оптимално користење
- Држете ја машината цврсто за дршката.
• Включете ја машината. - Поставете ја брусната подлога со брусната хартија врз работното парче.
- Полека движете ја машината преку работното парче, притискајки ја силно брусната хартија врз парчето.
- Не притискајте премногу врз машината. Оставете машината да ја заврши работата.
ОДРЖУВАНЬЕ

Секогаш исклучувајте ја машината од главното напојување пред да извршите какви било работи за одржување.
Редовно чистете ги кукиштата на машината со мека крпа, по можност по секоја употреба. Обезбедете дека на отворите за вентилација
нема прав и нечистотија. Отстранете ја тврдоглавата нечистотија со мека крпа навлажнета со сапуница. Не употребувајте растворувачи како што се бензин, алкохол, амонијак итн. Овие хемикалии можат да ги оштетат синтетичките компоненти.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Депонирање

Дефектните и/или неупотребливите електрични или електронски апарати мораат да бидат собрани во соодветните места за рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веке не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.
ГАРАНЦИЈА
Видете ги приложените гарантни термини.
Spare parts list
PSM1035
| Article no. Description | Position no. | |
| 482054 Switch 1 | ||
| 482055 Carbon brush set (2pcs) 3 | ||
| 482056 Dust box 12 | ||
| 482057 Dust box adapter 13 | ||
| 482058 Bearing 607RS 14 | ||
| 482059 Rotor with Upper fan 16 | ||
| 482060 Stator 17 | ||
| 482061 Bearing 628RS 18 | ||
| 482062 Lower fan 19 | ||
| 482063 Large support bar 21 | ||
| 482064 Bearing 628RS 22 | ||
| 482065 Small support bar 23 | ||
| 482066 Base plate with sanding pad 29|31 |
Exploded view
