BOSCH GSS 12V13 Professional - брусилка

GSS 12V13 Professional - брусилка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSS 12V13 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 209 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH GSS 12V13 Professional - page 145
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GSS 12V13 Professional

Категорија : брусилка

Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSS 12V13 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSS 12V13 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSS 12V13 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. Bosch Power Tools 1 609 92A A29 | (04.11.2024)146 | Македонски u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од

u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за брусилки u Користете го електричниот алат само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар. 1 609 92A A29 | (04.11.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 147 u Внимание опасност од пожар! Избегнувајте прегревање на парчето што се бруси и брусилката. Пред да направите пауза во работата, секогаш испразнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето во ќесата за прав, микрофилтер, хартиена ќеса (или во филтер ќесата одн. филтерот на всисувачот за прав) може да се запали при неповолни услови. Особена опасност постои, доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од лак, полиуретан или други хемиски материјали и доколку парчето што се бруси се вжешти по долготрајна работа. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за суво брусење на дрво, пластика, шпахтел маса како и лакирани површини. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Прекинувач за вклучување/исклучување (2) Комплетна ќеса за прав (3)

(4) Копче за отклучување на батерија (5) Приказ за наполнетост на батеријата (6) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на

(7) Ногарки за нивелирање (8) Вдлабнатина за ногарките за нивелирање (9) Квадратна основна плоча со прицврстување на

(10) Квадратна плоча од пена со лепенка (11) Завртки за основната плоча (4x) (12) Правоаголна основна плоча (13) Правоаголна плоча од пена со лепенка (14) Триаголна основна плоча (15) Триаголна плоча од пена со лепенка (16) Рачка (изолирана површина на рачката) (17) Брусен диск со лепенка (18) Преден терминален блок (19) Затезни стремени (2x) (20) Заден терминален блок (21) Млазници за издувување (22) Кеса за прав (23) Адаптер за ќеса за прав (24) Црево за издувни гасови

(25) Алат за дупчење

Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Технички податоци Вибрациона брусилка GSS 12V-13 Број на дел 3 601 JL0 0.. Номинален напон V= 12 Број на вртежи во празен

6000–10000 Број на осцилации во

12000–20000 Дијаметар на осцилаторниот круг mm 1,6 Димензии на брусната плоча – квадратни mm 100x110 – правоаголни mm 80x130 Bosch Power Tools 1 609 92A A29 | (04.11.2024)148 | Македонски Вибрациона брусилка GSS 12V-13 – триаголни (аголни (габаритни) димензии на брусниот лист) mm 100x150

Мерено при 20−25°C со батеријаGBA 12V 3.0Ah. B) во зависност од употребената батерија C) ограничена моќност на температури <0°C Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841-2-4. Нивото на звучниот притисок на електричниот алат оценето соА типично изнесува74dB(A). Несигурност K=3dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со EN62841-2-4:

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред. Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. Ставање на батеријата Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи. Вадење на батеријата За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила. Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. Приказ за наполнетост на батеријата Индикаторот за состојба на батеријата (5) на електричниот алат се состои од три зелени LED светилки. Тој ја покажува состојбата на батеријата неколку секунди по вклучувањето и исклучувањето. LED светилки Капацитет Трајно светло 3x зелено 60 – 100% Трајно светло 2x зелено 30 – 60% Трајно светло 1x зелено 10 – 30% Бавно трепкање на светлото 1x зелено 0 – 10% 3-те LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата брзо трепкаат, доколку температурата на батеријата е надвор од опсегот на работна температура од –30 до +70 °C и/или реагира заштитата од преоптоварување. Напомени за оптимално користење на

Заштитете ја батеријата од влага и вода. 1 609 92A A29 | (04.11.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 149 Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.

u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. Промена/монтирање на основна плоча и плоча од пена (види слики A1− A2) Целосно одвртете ги 4-те завртки (11). Извлечете ја основната плоча од четирите ногарки за нивелирање (7). Ставете ја отстранливата плоча на четирите ногарки за нивелирање (7) и притиснете ги ногарките за нивелирање во вдлабнатината (8). Поставете ја плочата од пена. Прицврстете ги двата дела на плочата (основната плоча и плочата од пена) со завртките (11). Кога ја менувате плочата од пена, не заменувајте го тврдиот дел. Менување на брусните листови Пред да ставите ново брусно сечило, отстранете ги нечистотијата и правта од брусната плоча, на пр. со

За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусното сечило да одговараат со отворите на основната брусна плоча. Брусни листови со леплива лента (види слика B) Ако брусната плоча е опремена со леплива лента, брусните листови можете брзо и едноставно да ги прицврстите со лепливата лента. Истресете ја леплива лента од брусната плоча пред да ја наместите на брусниот лист (17), за да овозможите добро слепување. Брусниот лист (17) ставете го израмнето на едната страна од брусната плоча , потоа поставете го брусниот лист на брусната плоча и притиснете го добро. За вадење на брусниот лист (17) фатете го за врвот и извлечете го од брусната плоча . Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво и минерали може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен всисувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Сопствено всисување со ќеса за прав (види сликиF–

Ставете ја и притиснете ја целосната ќеса за прав(2) на млазниците за издувување(21) додека не дојде на исто ниво со алатот. За да ја испразните ќесата за прав(22) целосно извадете ја(2) од млазниците на издувување(21). Одвртете го адаптерот(23) од ќесата за прав(22) и испразнете

Напомена: За да обезбедите оптимално всисување на прав, навремено испразнете ја ќесата за прав(22). При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што ќесата за прав(2) ќе биде насочена надолу. Надворешно всисување (види слика I) Ставете црево за всисување(24) на млазниците за издувување(21). Цревото за всисување (24) поврзете го со всисувач за прав. Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува. При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што цревото за всисување ќе покажува надолу. Bosch Power Tools 1 609 92A A29 | (04.11.2024)150 | Македонски

Ставање во употреба Вклучување/исклучување u Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката. За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (1). За исклучување на електричниот алат повторно притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (1). Претходно избирање на број на осцилации Со копчето за подесување на бројот на осцилации (6) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот. 1–2 низок број на осцилации 3–4 среден број на осцилации 5–6 висок број на осцилации Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична

Константната електроника одржува постојан број на осцилации при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето. По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи. Преглед на примена Место на поставување Примена Абразиви Степен на број

Брусна плоча 80 x 130 mm – Брусење на површини и агли – Брусење на шевовите на прозорци и врати – Брусење на стари бои и лакови – Брусење на дрво – Брусење на масивно дрво и рабови на

Грубо брусење P40 – P180 4–6 Фино брусење P220 – P400 1–3 Брусна плоча 100 x 110 mm – Брусење на површини и агли – Брусење на шевовите на прозорци и врати – Брусење на стари бои и лакови – Брусење на дрво Грубо брусење P40 – P180 4–6 Фино брусење P220 – P400 1–3 Брусна плоча 100 x 150 mm – Брусење на ламели – Брусење на шевови и профили – Примена на мали површини со агли, закривени делови и рабови – Брусење на стари бои и лакови – Брусење на дрво Грубо брусење P40 – P180 4–6 Фино брусење P220 – P400 1–3 Совети при работењето u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Капацитетот на отстранување при брусење, во главно, се одредува со изборот на брусен лист како и претходно избраниот број на осцилации . Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат. Вклучете го електричниот алат, поставете го со целата површина за брусење на подлогата што се обработува и движете го со благ притисок преку парчето што го обработувате. Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси. Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот алат и предвремено откажување на брусната плоча. Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали. Користете само оригинална Bosch брусна опрема. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно 1 609 92A A29 | (04.11.2024) Bosch Power ToolsSrpski | 151 притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат

Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Електричните алати кои повеќе не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/ батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање. Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *