SOLO T 1693.7 HD V2 - Трактор

T 1693.7 HD V2 - Трактор SOLO - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот T 1693.7 HD V2 SOLO во PDF формат.

📄 548 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice SOLO T 1693.7 HD V2 - page 504
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SOLO

Модел : T 1693.7 HD V2

Категорија : Трактор

Преземете ги упатствата за вашиот Трактор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник T 1693.7 HD V2 - SOLO и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. T 1693.7 HD V2 на марката SOLO.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК T 1693.7 HD V2 SOLO

5.4 Ножни хидростатски преносник....... 182

Преносни механизам: Ножни хидростатски

2.1 Сврсисходна употреба

3.2 Лична заштитна опрема

Немојте да косите по невремену. Нема заштите од удара муње.

Увек косите попречно према падини.

Овај вртни трактор не сме се одвозити вучом. Код транспорта на јавним прометницама мора се користити прикладно возило.

безбедности извуците контактни кључ.

Све контроле извршите на равној подлози да се вртни трактор не би изненада померио.

1. Седните на седало возача.

Мотор се не сме покретати!

2. Седните на седало возача.

Мотор се не сме покретати!

1. Седните на седало возача.

1. Седните на седало возача.

3. Седните на седало возача.

1. Седите на седишту возача.

8. Пребаците регулатор (01/2) броја обртаја

2. Пребаците регулатор (01/2) броја обртаја

2. Пребаците регулатор (01/2) броја обртаја

3. Извуците канал за избацивање (15/2) кроз

Замену точкова сме се извршити само на хоризонталној и чврстој подлози.

1. Искључите вртни трактор и извуците

3. Вртни трактор заштитите од

одвијачем. Пазите да се не изгуби.

4. Отпустите цилиндарски вијак (31/1)

6.1 Проверка на косачката

Не косете напречно на наклона.

1 За ова упатство за употреба................. 505

1.1 Симболи на насловната страна ...... 505

1.2 Објаснување на знаците и

сигналните зборови.......................... 505 2 Опис на производот ............................... 505

2.1 Прописна примена ........................... 506

2.2 Можна погрешна употреба .............. 506

2.3 Симболи на уредот ..........................506

2.4 Безбедносни и заштитни уреди....... 506

2.5 Преглед на производот.................... 507

3.3 Безбедност на работното место ..... 508

3.4 Безбедност на лица, животни и

вредни работи................................... 508

3.5 Безбедност на уредот ...................... 509

Стандардна табла со инструменти (01)

Ракување со менувачот (брзина на возење) ......................................................

5.4 Ножен хидростатичен менувач ....... 511

5.5 Ракување со алатката за косење.... 511

6 Пуштање во употреба............................ 511

6.1 Проверка на алатката за косење .... 511

6.5 Прикачување на корпата за

собирање трева................................ 512

6.6 Проверка на безбедносните уреди. 513

Проверка на контактниот прекинувач на кочницата за паркирање ...............

Проверка на контактниот прекинувач за алатката за косење ..

6.6.3 Проверка на контактниот

прекинувач за седиштето ..........513

6.6.4 Проверка на контактниот

прекинувач на корпата за собирање трева..........................513

Проверка на контактниот прекинувач на каналот за исфрлување ...................................

7 Работење со тракторот...........................514

7.1 Основни подготвителни мерки ........514

7.2 Користење на додатна опрема........514

7.3 Туркање на тракторската косилка ...515

7.4 Стартување и исклучување на

моторот..............................................515

7.5 Возење со тракторот ........................515

7.5.1 Подготвување за возење при

температури под 10°C ..............516

7.5.2 Возење со ножен

хидростатичен менувач .............516

7.5.3 Возење и косење на стрмнини..516

7.5.4 Косење со тракторската

Чистење на корпата за собирање трева.

8.2 Чистење на куќиштето, моторот и

Чистење на каналот за исфрлување...

10.1 План за одржување ..........................520

10.2 План за подмачкување.....................521

Отстранување на алатката за косење......

10.6 Замена на клинестиот ремен...........523

12 Помош во случај на дефекти..................523 13 Гаранција..................................................526505 За ова упатство за употреба 1 ЗА ОВА УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА

Германската верзија е оригиналното упатство за употреба. Сите други јазични верзии се преводи на оригиналното упатство за употреба.

Пред пуштањето во работа, задолжително внимателно прочитајте го упатството за употреба. Ова е предусловот за успешна работа и непречено ракување.

Чувајте го работното упатство да ви биде лесно на дофат за читање ако ви е потребна некоја информација за уредот.

Предадете го уредот на други лица само со упатството за употреба.

Прочитајте ги и обрнете внимание на напомените за безбедност и предупредување во упатството за

Тракторските косилки се испорачуваат во различни варијанти на опрема. Имајте во предвид дека сликите може да се разликуваат малку од оригиналот. Доколку имате потешкотии во следењето на описите обратете се на специјализирана работилница или на производителот.

Почитувајте ги приложените упатства за монтажа и работните упатства за бензинскиот мотор.

1.1 Симболи на насловната страна

Симбол Значење Пред пуштањето во работа, задолжително внимателно прочитајте го упатството за употреба. Ова е предусловот за успешна работа и непречено

Упатство за работа Немојте да го употребувате бензинскиот уред во близина на отворени пламени или извори на

1.2 Објаснување на знаците и сигналните

Покажува непосредно опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика смрт или тешка телесна повреда. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Покажува потенцијално опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика смрт или тешка телесна повреда.

Покажува потенцијално опасна ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика мала или умерена телесна повреда.

Покажува ситуација, која – ако не се избегне – може да предизвика штети

Специјални напомени за подобро разбирање и ракување. 2 ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ Тракторските косилки со задно исфрлање се произведуваат во различни варијанти. Кај следните описи во ова упатство за работа погрижете се да го прочитате соодветниот опис за вашата тракторска косилка. Обележја на вашата тракторска косилка:

Менувач: ножен хидростатичен

Празнење на корпа: Телескопска рачка Освен тоа има разлики во системите за мулчење, типот на мотор, моќноста на моторот и ширината на косење. Разлики на тип: ■ Ширина на косење ■ Вид на менувач (T3 и T2) ■ Волумен на корпа 220 л, 250 л или 300 лMK

Тракторската косилка е наменета за косење приватни домашни градини и парцели со макс. стрмнина од 10° (18%). Дополнителни примени, како на пр. мулчење, се дозволени само ако се користи оригиналната додатна опрема и во согласност со максималните вредности на оптоварување. Овој уред е наменет исклучиво за приватна употреба. Секоја друга примена како и недозволено преправање или доградба ќе се смета за злоупотреба и се исклучува правото на гаранција како и губењето на сообразноста (CE-ознака) и производителот не сноси никаква одговорност за штети на корисникот или на трети лица.

2.2 Можна погрешна употреба

Тракторската косилка не е наменета за професионална употреба во јавни паркови, спортски комплекси, земјоделство и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од преоптоварување на тракторската косилка! Внимавајте особено при употребата на приколка да не се надминуваат дозволените сили на влечење и степени на нагорнини/удолнини. Пречекорувањето на овие вредности може да го надмине капацитетот на кочење од тракторската косилка и да доведе до опасни ситуации!

Имајте во предвид дека тракторската косилка нема одобрение за возење по улици и не е дозволено нејзино возење по јавни патишта!

2.3 Симболи на уредот

Прочитајте го упатството за работа пред пуштањето во

За време на косењето другите лица, особено деца и животни, треба да се држат подалеку од работното подрачје. Пред одржување и поправки извлечете го контактниот клуч! Внимание опасност! Држете ги подалеку рацете и нозете од алатката за сечење! Да не се вози на стрмнини поголеми од 10° (18%)! Опасност: Не газете овде! Опасност од изгореници поради топли површини под поклопката!

2.4 Безбедносни и заштитни уреди

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од отстранети или манипулирани заштитни уреди! Се забранува секаква работа со отстранети или манипулирани заштитни уреди. Дефектните заштитни уреди мора веднаш да се поправат или заменат! Во заштитните уреди се вбројуваат пред сè:

Контактен прекинувач за кочницата

Контактен прекинувач за алатката за

Контактен прекинувач за корпата за собирање трева

Контактен прекинувач за седиштето

Капаци на алатката за косење

Контактен прекинувач за каналот за исфрлување507 Опис на производот

2.5 Преглед на производот

1 Капак на моторот 10 Деблокирање на корпа (само 300л) 2 Волан 11 Уред за придржување со придушувач на гасен притисок 3 Табла со инструменти 12 Премосница на менувачот 4 Лост за заклучување за педалата за

13 Регулирање на висината на косење 5 Седиште на возачот 14 Алатка за косење 6 Индикатор за наполнетост 15 Активирање на менувачот за наназад 7 Рачка на корпата за собирање трева 16 Активирање на менувачот за нанапред 8 Контролна рачка на корпата за собирање трева 17 Педала за кочење 9 Корпа за собирање треваMK

Животна опасност и опасност од најтешки повреди! Непознавањето на безбедносните предупредувања и упатствата за ракување може да доведе до најтешки повреди па дури и до смрт.

Почитувајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства за ракување на ова работно упатство како и на работните упатства на кои се посочува, пред да го користите уредот.

Зачувајте ги сите испорачани документи за идната употреба.

Млади под 16 години или лица кои не се запознаени со начинот на користење не смеат да го употребуваат уредот. Почитувајте ги евентуалните локални безбедносни прописи за минималната возраст на корисникот.

Уредот да не се користи под дејство на алкохол, дроги или лекови.

3.2 Опрема за лична заштита

За да се избегнат повреди на главата и екстремитетите како и оштетувања на слухот, треба да носите прописна облека и заштитна опрема.

Облеката мора да биде наменска (тесно прилепена) и не смее да спречува. При долга коса задолжително носете мрежа за коса. Никогаш не носете лабави парчиња алишта или додатоци коишто би можеле да се вовлечат во уредот, на пр. шалови, широки кошули, долги ѓердани.

Личната заштитна опрема се состои од:

заштита за слухот и заштитни очила

долги панталони и цврсти чевли

3.3 Безбедност на работното место

Уредот користете го само на цврста и рамна подлога а не во стрмни коси

Внимавајте на стабилноста.

3.4 Безбедност на лица, животни и

Користете го уредот само за работите за коишто е предвиден. Несоодветна употреба може да доведе до повреди како и да оштети вредни работи.

Корисникот е одговорен за незгоди со други лица и нивниот имот.

Не дозволувајте пристап на трети лица во опасната област.

Вклучете го уредот само ако во работното подрачје нема лица и животни.

Одржувајте безбедно растојание од лицата и животните односно исклучете го уредот ако се доближат лица или животни.

Не земајте со себе патници на уредот.

Никогаш да не го насочувате издувниот зрак кон лица и животни како и кон запаливи производи и предмети.

Никогаш не фаќајте во решетките за вшмукување и вентилирање кога работи моторот. Од ротирачките делови на уредот може да настанат повреди.

Секогаш исклучувајте го уредот кога не ви е потребен, на пр. при промена на работното подрачје, при одржување и нега, при полнење на мешавината од бензин/масло.

Не косете при невреме. Нема заштита од удар на гром.

Секогаш косете попречно по стрмнина.

Тракторската косилка може да предизвика тешки повреди од нејзината сопствена тежина. Бидете особено внимателни при товарање и растоварање на тракторската косилка кога ја транспортирате на возило или на приколка.

Тракторската косилка не смее да се шлепува. За транспорт на јавни сообраќајни патишта користете соодветно

Не го користете тракторот во лошо проветрени работни подрачја (на пр. гаража). Издувните гасови содржан отровен јаглерод моноксид како и други штетни материи.

Веднаш исклучете го уредот при несреќен случај за да избегнете други повреди и материјални штети.

Не го употребувајте уредот со изабени или дефектни делови. Изабените или509 Распакување и монтирање на тракторот дефектните делови на уредот може да предизвикаат тешки повреди.

Пред секоја употреба: Проверете ги сите безбедносни уреди коишто се опишани во ова упатство за работа.

Чувајте го уредот вон дофат на деца.

Укажете им на децата и младите да не си играат со уредот.

3.5 Безбедност на уредот

Користете го уредот само под следниве

Уредот не е извалкан.

Уредот не покажува никакви оштетувања.

Сите команди функционираат.

Не го преоптоварувајте уредот. Тој е наменет за лесни работи во приватниот сектор. Преоптоварувањата водат до оштетување на уредот.

Не го употребувајте уредот со изабени или дефектни делови. Заменете ги дефектните делови само со оригинални резервни делови на производителот. Ако уредот се употребува со изабени или дефектни делови, не може да се бара никаква гаранција од страна на производителот.

Поправките смеат да ги изведуваат само компетентни специјализирани претпријатија или нашите сервисни

Една одредена изложеност на бучава преку овој уред е неизбежна. Распределете ги бучните работи во дозволени и за тоа одредени времиња. Држете се до времињата за пауза и ограничете го времето за работа на најпотребното. За ваша лична заштита и заштита на лицата коишто се наоѓаат во близина треба да се носи соодветна заштита

Опасност од експлозија и пожар: Преку мешавината од бензин и воздух што истекува настанува една експлозивна атмосфера. Прасокот, експлозијата и пожарот може при неправилно работење со горивото да доведат до тешки повреди и дури до смрт. Внимавајте на следново:

Не пушете кога работите со бензин.

Ракувајте со бензин само на отворено и никогаш во затворени простории.

Задолжително почитувајте ги следните наведени правила за однесување.

Транспортирајте и складирајте бензин и масло исклучиво во садови одобрени за тоа. Осигурајте се дека децата немаат никаков пристап кон складираниот бензин

Осигурајте се за избегнување на контаминирање на почвата (заштита на животната средина) да при полнењето не навлезе бензин и масло во земјата. За полнење користете инка.

Никогаш да не го полните уредот во затворени простории. На подот може да дојде до насобирање на бензински пареи и поради тоа да дојде до прасок или дури до експлозија.

Веднаш избришете го истурениот бензин од уредот и од почвата. Оставете го текстилот со кој го избришавте бензинот на добро проветрено место пред да го фрлите истиот. Инаку може да дојде до ненадејно самозапалување.

Ако имате истурено бензин се создаваат бензински пареи. Поради тоа не го стартувајте уредот на истото место туку најмалку на 3 метри оддалеченост.

Избегнувајте контакт на кожата со производи од минерално масло. Не ги вдишувајте бензинските пареи. За полнење носете секогаш заштитни ракавици. Редовно променувајте ја и чистете ја заштитната облека.

Внимавајте на тоа да вашата облека не дојде во контакт со бензин. Ако бензинот дојде во допир со вашата облека веднаш сменете ја облеката.

Никогаш да не го полните уредот при вклучен или топол мотор. 4 РАСПАКУВАЊЕ И МОНТИРАЊЕ НА

Почитувајте го приложеното упатство за монтажа за распакување и монтажа на тракторот.MK

Почитувајте го исто така и приложеното упатство за работа на бензинскиот мотор. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од нецелосно

Тракторската косилка не смее да се користи пред да биде целосно

Направете ги сите монтажни работи коишто се опишани во упатството за монтажа. Во случај на сомневање пред пуштањето во употреба прашајте стручно лице дали монтажата е правилно направена! Проверете дали се присутни сите безбедносни и заштитни уреди и дали се функционални! 5 КОМАНДИ Во продолжение се опишани контролните елементи на тракторските косилки со задно исфрлање. Погрижете се да го прочитате соодветниот опис за вашата тракторска

5.1 Стандардна табла со инструменти

(01) Регулирање на бројот на вртежи на моторот (01/2)

Имајте во предвид дека активирањето на регулаторот во возен погон влијае врз брзината! Кај регулатор со интегрирана дизна: Со поместување на регулаторот (01/2) се зголемува и намалува бројот на вртежи на моторот како и вклучување на дизната во најгорната позиција. Вклучување на дизната: Поместете го регулаторот сосема на нагоре кон знакот за дизна. Оваа позиција користете ја исклучиво за стартување на моторот. Напомена: Некои варијанти на трактор располагаат со посебно копче за дизната (01/1) на таблата со инструменти. Тоа мора тогаш дополнително да се повлече за стартување на тракторот. Штом ќе почне да работи моторот, полека турнете го копчето назад! Косење: Во оваа позиција моторот работи со максималниот број на

Работа на празно: Во оваа позиција моторот работи со најмалиот број на

Брава за палење (01/3, 05)

0 Моторот се исклучува. Контактниот клуч може да се

I Вклучување на фаровите. По стартувањето на моторот во оваа позиција се вклучуваат

II Работна позиција, кога работи

III Почетна позиција за стартување на моторот. Отпуштете го клучот штом моторот ќе почне да работи. Тој потоа скокнува назад во работната позиција II.

Кочница: Со целосно притискање на педалата за кочницата/куплунгот (03/1) на надолу кочницата влијае на менувачот, тракторот кочи.

Кочница за паркирање: Со повлекување на лостот за заклучување (03/1) на нагоре додека се притиска педалата за кочницата/куплунгот (03/2, 01/5) се заклучува кочницата. Со повторно511 Пуштање во употреба притискање на педалата кочницата се

5.3 Ракување со менувачот (брзина на

Тракторите за косење трева се опремени со ножен хидростатичен менувач. Има две посебни педали на десно за возење нанапред и наназад.

Напред Притиснете ја предната педала (02/1), за да возите нанапред. Назад Притиснете ја задната педала (02/2), за да возите наназад. Напомена:Алатката за косење е исклучена ако е притисната само педалата за возење

Косење при возење наназад: види Поглавје 7.5.4.2 "Косење при возење наназад", страна517.

5.4 Ножен хидростатичен менувач

Ножниот хидростатичен менувач се активира преку две педали (02/1 и 02/2). За поаѓање прво отпуштете ја кочницата за паркирање (01/5) додека работи моторот а потоа притиснете ја педалата (02/1) за возење нанапред или педалата (02/2) за возење наназад. Колку што подалеку ја притискате педалата, толку побрзо возите во избраната

Возење нанапред: Притиснете ја предната педала (02/1). Возење наназад: Притиснете ја задната педала (02/2).

5.5 Ракување со алатката за косење

Подесување на висината на косење Алатката за косење на тракторот може да се регулира во повеќе степени во висина со една рачка за регулирање (04/1) десно покрај седиштето на возачот.

1. Придвижете ја рачката за регулирање

(04/1) во саканата насока. Рачката на надолу значи ниска висина на косење, рачката на нагоре значи голема висина на

Вклучување на алатката за косење Електрично вклучување: Десно покрај седиштето на возачот се наоѓа еден прекинувач (04/2). Вклучете ја со него алатката за косење. 6 ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности од нецелосно

Тракторската косилка не смее да се користи пред да биде целосно

Направете ги сите монтажни работи коишто се опишани во упатството за монтажа. Во случај на сомневање пред пуштањето во употреба прашајте стручно лице дали монтажата е правилно направена! Проверете дали се присутни сите безбедносни и заштитни уреди и дали се функционални!

6.1 Проверка на алатката за косење

Пред употреба треба секогаш да се провери со визуелна контрола дали алатката за косење, завртките за прицврстување и целата единица за косење се истрошени или оштетени. За избегнување на неизбалансираност истрошените или оштетените ножеви мора да се заменат со

Пред првото пуштање во работа моторот мора да се наполни со масло. Затоа земете го во предвид упатството на производителот на моторот. Имајте во предвид дека нивото на масло треба да се контролира во редовни растојанија и да се надополни масло ако е

6.3 Полнење со гориво

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности при ракувањето со

Горивото е лесно запаливо. Полнете го резервоарот за гориво само на отворено! Не пушете! Не полнете гориво при движечки или топол мотор!MK

Пуштање во употреба За полнење користете соодветна инка или црево за полнење за да не се истури гориво на моторот, куќиштето или на земјата. Од безбедносни причини капачето на резервоарот за гориво и другите капачиња на резервоар треба да се заменат при оштетување. Доколку има претечено гориво не смее да се стартува моторот. Тракторот треба да се отстрани од местото загадено со гориво а истуреното гориво мора да се вшмука и избрише со крпа од подот, моторот и

Треба да се избегне секаков обид за стартување сè додека не испарат пареите од

Горивото чувајте го само во предвидените

1. Исклучете ја ако треба тракторската

косилка и извлечете го контактниот клуч заради сигурност.

2. Почекајте додека не се излади малку

моторот (Опасност од експлозија поради запалено гориво!).

3. Отворете го капакот на моторот.

4. Отворете го капачето на резервоарот

(06/1) и наполнете го горивото. Напомена:Избегнувајте преполнување на резервоарот за гориво!

5. Затворете го капачето за резервоарот

6. Затворете го капакот на моторот.

Контролирајте го притисокот на гумите во редовни растојанија.

Исчитајте го потребниот воздушен притисок на гумите (препорака 1 bar).

1PSI = 0,07bar. Притисокот на гумите може да се контролира со вообичаена ножна пумпа за воздух и да се надополни воздух.

6.5 Прикачување на корпата за собирање

Тракторските косилки се испорачуваат со корпа за собирање трева. Имајте во предвид дека сликите може да се разликуваат малку од оригиналот. Подесување на индикаторот за наполнетост на корпата за собирање трева Индикаторот за наполнетост јавува преку една сирена кога треба да се испразни корпата за собирање трева. Индикаторот за наполнетост може да се подеси во 6 позиции во зависност од составот на откосот. При сув откос поместете го индикаторот за наполнетост во помалите позиции. При мокар или влажен откос подесете го индикаторот за наполнетост на подолго. Со тоа се влијае врз полнењето на корпата за собирање трева.

1. Исклучете го моторот види Поглавје 7.4

"Стартување и исклучување на моторот", страна515.

2. Симнете ја корпата за собирање трева

види Поглавје 8.1 "Чистење на корпата за собирање трева", страна518.

3. Поставете (07/a) го индикаторот за

наполнетост (07/1) на откосот, сè додека не се фиксира во саканата позиција.

4. Повторно закачете ја корпата за собирање

трева види Поглавје 6.5 "Прикачување на корпата за собирање трева", страна512. Закачување на корпата за собирање трева (220 л, 250 л)

1. Фатете ја корпата за собирање трева со

една рака за рачката од корпата (08/1) а со другата рака на отворот за придржување на задната страна (08/2).

2. Положете ја корпата за собирање трева

симетрично на водилката (08/3). Усогласете ги притоа едни со други двете ознаки на куќиштето и на корпата за собирање трева.

3. Навалете ја корпата за собирање трева со

другата рака малку на напред (08/a) така што да се фиксира предниот дел на корпата за собирање трева.

4. Свртете ја корпата за собирање трева

повторно на надолу (08/b).

5. Проверете го точното позиционирање на

корпата за собирање трева.513 Пуштање во употреба Закачување на корпата за собирање трева (300л)

1. Закочете ги придушувачите на гасен

притисок на шелните за прицврстување на корпата за собирање трева (11/1).

2. Фатете ја корпата за собирање трева со

една рака за рачката од корпата (08/1) а со другата рака на отворот за придржување на задната страна (08/2).

3. Положете ја корпата за собирање трева

симетрично на водилката (08/3). Усогласете ги притоа едни со други двете ознаки на куќиштето и на корпата за собирање трева.

4. Навалете ја корпата за собирање трева со

другата рака малку на напред (08/a) така што да се фиксира предниот дел на корпата за собирање трева.

5. Свртете ја корпата за собирање трева

повторно на надолу (08/b).

6. Проверете го точното позиционирање на

корпата за собирање трева.

7. Закочете ги придушувачите на гасен

притисок на точките за прицврстување од рамката на тракторот (11/2).

6.6 Проверка на безбедносните уреди

Безбедносните уреди мора да се проверат пред секое стартување на тракторската

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност при проверката на безбедносните уреди! Безбедносните уреди се дозволени за проверка само од седиштето на возачот и кога нема други лица или животни во близина! Направете ги сите проверки на рамна подлога така што тракторската косилка да не може несакано да се тркала.

6.6.1 Проверка на контактниот

прекинувач на кочницата за

Контактниот прекинувач на кочницата за паркирање гарантира дека моторот може да се стартува само ако е повлечена кочницата за паркирање. Предуслов: Моторот е исклучен.

1. Седнете на седиштето на возачот.

2. Отпуштете ја кочницата за паркирање со

притискање на педалата за кочницата (03/1).

3. Обидете се да го стартувате моторот

(контактен клуч во позиција III) (05).

Моторот не смее да стартува!

6.6.2 Проверка на контактниот

прекинувач за алатката за косење Контактниот прекинувач за алатката за косење гарантира дека моторот не може да се стартува ако е активирана алатката за

2. Седнете на седиштето на возачот.

3. Притиснете ја педалата за кочницата

(03/1) и повлечете ја кочницата за паркирање (03/2, 01/5).

4. Вклучете ја алатката за косење.

5. Обидете се да го стартувате моторот

(контактен клуч во позиција III) (05).

Моторот не смее да стартува!

6.6.3 Проверка на контактниот

прекинувач за седиштето Контактниот прекинувач за седиштето гарантира дека моторот се исклучува штом нема никој на седиштето на операторот кога е вклучена алатката за косење.

1. Седнете на седиштето на возачот.

2. Притиснете ја педалата за кочницата

(03/1) и повлечете ја кочницата за паркирање (03/2, 01/5).

3. Стартувајте го моторот и оставете го да

врти со максимален број на вртежи.

4. Вклучете ја алатката за косење.

5. Подигнете ја вашата тежина од седиштето

со тоа што ќе станете (не слегувајте!).

Моторот мора да се исклучи!

6.6.4 Проверка на контактниот

прекинувач на корпата за собирање

Контактниот прекинувач на корпата за собирање трева гарантира дека моторот сеMK

Работење со тракторот исклучува доколку не е правилно закачена корпата за собирање трева при вклучена алатка за косење.

1. Седнете на седиштето на возачот.

2. Притиснете ја педалата за кочницата

(03/1) и повлечете ја кочницата за паркирање (03/2, 01/5).

3. Стартувајте го моторот и оставете го да

врти со максимален број на вртежи.

4. Вклучете ја алатката за косење.

5. Подигнете ја малку празната корпа за

собирање трева или притиснете го прекинувачот за отварање.

Моторот мора да се исклучи!

6.6.5 Проверка на контактниот

прекинувач на каналот за

Контактниот прекинувач на каналот за исфрлување гарантира дека тракторската косилка не се стартува при демонтиран канал за исфрлување.

1. Симнување на корпата за собирање

2. Отстранете го каналот за исфрлување

Одвртете ги окастите завртки (15/1).

Извлечете го малку на надвор каналот за исфрлување (15/2).

3. Седнете на седиштето на возачот.

4. Притиснете ја педалата за кочницата

(03/1) и повлечете ја кочницата за паркирање (03/2, 01/5).

5. Стартувајте го моторот.

Моторот не смее да стартува! 7 РАБОТЕЊЕ СО ТРАКТОРОТ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности поради недоволно познавање на тракторската

Целосно прочитајте го упатството за работа пред да почнете! Внимавајте особено на сите безбедносни напомени! Совесно вршете ги сите монтажни работи и сите работи за пуштање во работа. Во случај на сомневање прашајте го производителот!

При косење секогаш носете тврди чевли и долги панталони. Никогаш не косете боси или со отворени сандали.

Проверете го целосно теренот на којшто ќе се користи тракторската косилка и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други туѓи тела коишто може да ги зафати и отфрли уредот. Исто така и за време на косењето треба да се внимава на туѓи тела.

Направете ги сите работи коишто се опишани во пуштањето во работа. Ова важи особено за проверката на безбедносните уреди.

За влечење на товари користете ја само куката за влечење! Не го надминувајте вертикалното оптоварување.

7.2 Користење на додатна опрема

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од погрешна додатна опрема или погрешно користење на додатна опрема! Користете секогаш само оригинална опрема на производителот на

Почитувајте ги прописите за користење во приложеното упатство

Преку употребата на недозволена додатна опрема или погрешната употреба може да настанат големи опасности за операторот и трети лица. Тракторската косилка може да се515 Работење со тракторот преоптовари. Тоа може да доведе до тешки

7.3 Туркање на тракторската косилка

Опасност при туркањето по косини! Туркајте ја тракторската косилка само на хоризонтални површини! На косини тракторската косилка би можела неконтролирано да се стркала

Кај ножен хидростатичен менувач Премосната рачка (12/1) се наоѓа во задната десната футрола за тркалото. Деблокирање на премосницата:

1. Извлечете ја премосната рачка (12/1) и

закачете ја на нагоре.

2. Отпуштете ја кочницата. Тракторската

косилка може сега да се турка.

3. По туркањето вратете ја назад

премосната рачка (12/1) за повторно да го ставите во функција хидростатичниот

7.4 Стартување и исклучување на

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од повреда поради удар

Уредот нема заштита од удар на

Не косете при невреме. Стартување на моторот

1. Седнете на седиштето на возачот.

2. Притиснете ја целосно педалата за

кочење (03/1) на левата страна и заклучете ја со лостот за заклучување (03/2).

3. Проверете да НЕ е вклучена алатката за

косење. За да го направите тоа, проверете ја позицијата на преклопната склопка (04/2).

4. Поместете го регулаторот (01/2) за бројот

на вртежи на моторот до горниот граничник. Во зависност од варијантата на опремата таму се наоѓа знакот за дизна. Во спротивно, повлечете го посебното копче за дизната (01/1).

5. Ставете го контактниот клуч во бравата за

6. Завртете го контактниот клуч во позиција

„III“ и задржете го така сè додека не стартува моторот. Напомена:За заштита на акумулаторот обидот за стартување не би требало да трае подолго од околу 5 секунди.

7. Потоа отпуштете го контактниот клуч, тој

автоматски скокнува во позиција „II“.

8. Поместете го регулаторот (01/2) за бројот

на вртежи на моторот во работна позиција. Кај варијанта на опремата со копче за дизна повторно притиснете го истото навнатре (01/1). Исклучување на моторот

1. Исклучете ја алатката за косење (04/2).

2. Ставете го регулаторот (01/2) за бројот на

вртежи на моторот во позиција за работа

3. Притиснете ја педалата за кочење (03/1) и

заклучете ја со лостот за заклучување (03/2).

4. Завртете го контактниот клуч (05) во

5. Извлечете го контактниот клуч.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од топлиот мотор! Кога го запирате моторот внимавајте на тоа топлите делови на моторот (на пр. придушувачот на звукот) да не можат да ги запалат предметите или материјалите лоцирани во близина!

7.5 Возење со тракторот

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од неприлагодена

Возете особено на почеток полека за да се навикнете на возењето и кочењето на тракторот! Пред секоја промена на насоката треба да се намали брзината на возење така што возачот да ја задржи контролата над тракторската косилка во секое време а истовремено истиот и да не може да се преврти!MK

Работење со тракторот Вашиот трактор се придвижува преку ножен хидростатичен менувач.

7.5.1 Подготвување за возење при

температури под 10°C

1. Проверете да НЕ е вклучена алатката за

косење. За да го направите тоа, проверете ја преклопната склопка (04/2).

2. Стартувајте го моторот и оставете го да

работи околу 30 секунди за да се загрее и да се оптимизира вискозноста на маслото за менувачот. Потоа можете да го возите тракторот. Да не ја вклучувате алатката за косење сè додека моторот не поработи неколку минути.

7.5.2 Возење со ножен хидростатичен

1. Притиснете ја педалата за кочење (03/1) и

заклучете ја со лостот за заклучување (03/2).

2. Ставете ја алатката за косење на

највисоката висина на косење (04/1).

3. Стартувајте го моторот.

4. Притиснете ја кочницата (03/1).

5. Полека притиснете ја ножната педала за

саканата насока на возење:

6. Колку што подалеку ја притискате

педалата, толку побрзо се движи тракторот во избраната насока.

7. За запирање, отпуштете ја ножната

педала и притиснете ја кочницата (03/1).

Кога го напуштате тракторот, секогаш активирајте го лостот за заклучување со притисната педала за кочницата за да не може да се оттркала тракторот!

7.5.3 Возење и косење на стрмнини

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од грешки при возење на

При возење на стрмнини треба да се обрати посебно внимание! Нема такво нешто како „безбедна“

Особено почитувајте ги следните безбедносни напомени! Откачете ја алатката за косење и дополнителната опрема ако тркалата превртуваат или ако возилото откаже кога возите по стрмнина. Потоа напуштете ја стрмнината во бавно надолно возење долж паѓачката

Полната корпа за собирање трева ја зголемува опасноста за превртување на тракторската косилка преку нејзината тежина!

Да не се вози на стрмнини поголеми од 10° (18%). Пример: тоа одговара на 18 cm разлика во висина на должина од 1 метар.

Одржувајте ниска брзина на возење.

Не возете попреку стрмнината.

Не забрзувајте наеднаш.

Управувајте рамномерно.

7.5.4 Косење со тракторската косилка

Прилагодете ја брзината на возење според условите на тревникот со цел да постигнете чист резултат на косење. Изберете најмногу 2/3 од можната брзина на возење на педалата кога косите. Максималната брзина на тракторот е исклучиво наменета за возење без вклучена алатка за косење. Во нормален случај висината на косење изнесува 4 - 5 cm. Тоа одговара на вториот или третиот засек од регулирањето на висината (04/1). При влажна и мокра трева косете со повисока висина на косење. Кај многу висока трева, пожелно е да се помине во два премина. Ставете ја алатката за косење на максимална висина на косење при првиот премин. При вториот премин можете потоа да ја намалите на саканата висина.517 Работење со тракторот

7.5.4.1 Вклучување на алатката за косење

Алатката за косење смее да се вклучи дури откако моторот е загреан околу една минута! При вклучувањето на алатката за косење тракторската косилка не би требало да стои во висока трева.

1. Стартувајте го моторот.

2. Поместете го регулаторот (01/2) за бројот

на вртежи на моторот во работна

3. Поставете ја алатката за косење на

највисоката висина на косење со рачката (04/1).

4. Вклучете ја алатката за косење со

преклопната склопка (04/2) (позиција „I“).

5. Поставете ја алатката за косење на

саканата висина на косење со рачката (04/1).

6. Ставете ја тракторската косилка во

7.5.4.2 Косење при возење наназад

Алатката за косење е исклучена ако е притисната само педалата за возење

1. Притиснете го копчето „Косење

наназад“ (01/4) и во рок од 5 секунди притиснете ја педалата за возење наназад (02/2). ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од незгоди при косење

Обратете внимание на подрачјето зад вас кога косите наназад! Косење наназад само ако е потребно!

7.5.4.3 Исклучување на алатката за

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од вртливи ножеви! Кога ножевите за сечење сè уште се вртат, тие може да ги исечат рацете и нозете! Поради тоа, рацете и нозете држете ги настрана од сечилата!

1. Исклучете ја алатката за косење со

преклопната склопка (04/2) (позиција „0“). Алатката за косење може да се исклучи кога тракторот е во мирување и кога се вози. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од повреда од исфрлени

При преминување на чакално- песокливи површини може да се вовлечат предмети во движечката алатка за косење и потоа да се

Секогаш исклучувајте ја алатката за косење кога не возите по тревни површини.

7.5.4.4 Празнење на корпата за собирање

Кога ќе се наполни корпата за собирање трева се огласува еден звучен сигнал. Најдоцна сега би требало да се испразни корпата.

Празнењето на корпата за собирање трева може да се врши од седиштето на

Ако при вклучена алатка за косење корпата за собирање трева се подигне нагоре односно откачи, моторот згнаснува.

Ако корпата за собирање трева не е правилно фиксирана, не може да се вклучи алатката за косење. Празнење на корпата за собирање трева со контролната рачка

1. Извлечете ја контролната рачка (09/1) од

корпата за собирање трева (09/а).

2. Притиснете ја рачката во насоката на

возење за да се отвори корпата за собирање трева (09/b).

3. Придвижете ја корпата за собирање трева

со рачката на назад (10/a), сè додека не се фиксира корпата (10/b).

За оптимален резултат на мулчење, тревата треба да се коси на редовна основа (прибл. 1 или 2 пати неделно). Кога косите, пресечете 1/3 од висината на тревата (на пр. ако висината на тревата е 6cm, косете 2cm). СоMK

Чистење на тракторската косилка тоа се гарантира дека откосот правилно ќе се смеша со преостанатата трева. За сите тракторски косилки изборно се достапни заглавки за мулчење. Реконфигурирање на задно исфрлање за режим на мулчење

1. Отстранете ја корпата за собирање трева.

2. Воведете ја заглавката за мулчење (13/1)

во каналот за исфрлување (13/2).

3. Осигурајте ги двете затезни ленти (14/1)

на окастите завртки (14/2).

4. Закачете ја корпата за собирање трева.

7.5.4.6 Интервал на косење

Имајте во предвид дека тревата расте различно во разни времиња. Во рана пролет се препорачува да се избере пократок интервал на косење. Зголемете ги интервалите на косење како што стапката на растење на тревата почнува да расте во текот на годината. Ако не можете да ја косите тревата подолго време, треба најпрво да изберете повисока поставка на висина за косење, потоа повторно да косите два дена подоцна со пониска поставка на висина на косење.

7.5.4.7 Косење на висока трева

Косете со повисока поставка за висина на косење кога тревата е повисока од нормално или кога е влажна. Потоа уште еднаш искосете ја тревата со пониската, нормална

7.5.4.8 Одржување на ножот за сечење

Погрижете се ножот за сечење да остане остар за време на целата сезона на косење за да избегнете откинување и раскинување на тревките. Откинатите тревки се кафеави на рабовите. Со тоа се намалува нивното растење и го прави тревникот подложен на

Проверете ги ножевите за сечење за острина и знаци на истрошување или оштетување по секоја употреба! Ако е потребно сервисирајте ги веднаш.

За оптимална функција и долг животен век тракторската косилка мора редовно да се

По секое користење исчистете ја тракторската косилка од налепени нечистотии. За чистење не користете уред за чистење под висок притисок. Водениот млаз од уред за чистење под висок притисок или градинарско црево може да го оштети електричниот систем или лагерите. Особено внимавајте да не дојде вода во контакт со моторот, менувачот и тркалцата за преусмерување, како и целиот електричен

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности при чистењето! При сите работи за чистење важи:

Исклучете го моторот и извлечете го контактниот клуч.

Отстранете го конекторот на свеќичката.

Отстранетите заштитни уреди поради чистењето мора повторно да се монтираат по чистењето.

ОПАСНОСТ ОД ИЗГОРЕНИЦИ: Чистете ја тракторската косилка дури откако ќе се излади. Моторот, менувачот и придушувачот на звукот се многу

ОПАСНОСТ ОД СЕЧЕЊЕ: При работење на алатките за сечење внимавајте на острите ножеви. Кај алатки за косење со повеќе од едно сечило, движењето на едно сечило може да предизвика движење и на другото!

8.1 Чистење на корпата за собирање

Спуштете ја корпата за собирање трева и исшприцајте ја од внатре и надвор со црево за вода. Поцврсто налепените нечистотии мора внимателно да се истругаат, на пример со четка. Кај корпите за собирање трева со ткаена навлака внимавајте особено на тоа да не се оштети ткаенината.519

Пред чистењето испразнете ја корпата за собирање трева како што е опишано. Една полна корпа за собирање трева е премногу тешка за да би можеле безбедно да ја симнете. Симнување на корпа за собирање трева (220 л, 250 л)

1. Исклучете го моторот.

2. Лесно подигнете ја корпата за собирање

3. Извадете ја корпата за собирање трева на

Симнување на корпа за собирање трева (300л)

1. Исклучете го моторот.

2. Откачете ги придушувачите на гасен

притисок од тракторот и заглавете ги на носачите од корпата за собирање трева.

3. Лесно подигнете ја корпата за собирање

4. Извадете ја корпата за собирање трева.

8.2 Чистење на куќиштето, моторот и

Оштетување на електричната постројка поради навлезена вода! При чистењето на тракторот со вода внимавајте да не навлезе вода во електричната постројка! Не користете вода или уред за чистење под висок притисок за прскање на моторот или на лагерските точки (тркала, менувач, лагер на

Навлезената вода во системот за палење, карбураторот и филтерот за воздух може да предизвика дефекти. Водата во лагерските точки може да доведе до губење на подмачкувањето а тоа може да предизвика непоправлива штета на лагерите. За отстранување на нечистотија и остатоци од трева користете крпа, рачна метла, долга четка или слично.

8.3 Чистење на каналот за исфрлување

Преку редовно чистење се гарантира лесното движење на регулирањето на висината на

Каналот за исфрлување се состои од два дела вметнати еден во друг. Долниот дел е цврсто фиксиран во куќиштето од косилката. Горниот дел може да се извади за чистење.

1. Отстранете ја корпата за собирање трева.

2. Отстранете ги завртките (15/1) лево и

десно на каналот за исфрлување.

3. Извлечете го каналот за исфрлување

(15/2) на назад преку задниот ѕид.

4. Темелно исчистете го горниот и долниот

канал за исфрлување.

5. Вметнете го каналот за исфрлување во

задниот ѕид. Притоа внимавајте на тоа, горниот и долниот дел чисто да се спојат.

6. Цврсто зашрафете го со двете завртки за

7. Монтирајте ја корпата за собирање трева.

9 ТРАНСПОРТ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од пригмечување ако се преврти уредот! Лицата може сериозно да се повредат од сопствената тежина на уредот.

Бидете особено внимателни при товарање и растоварање на уредот кога го транспортирате на возило или на приколка! При транспорт на тракторската косилка со транспортна опрема (на пр. приколка за автомобил), алатката за косење мора да се поддржи одоздола со цел да се намали оптоварувањето на закачувањето на алатката за

За време на транспорт, проверете дали транспортните средства имаат доволен капацитет за товар и дали соодветно е прицврстена тракторската косилка. 10 ОДРЖУВАЊЕ И НЕГА Опасности при одржувањето! При сите работи за одржување важи:

Исклучете го моторот и извлечете го контактниот клуч.

Отстранете го конекторот на свеќичката.

Отстранетите заштитни уреди поради одржувањето мора повторно да се монтираат по одржувањето.

Одржување и нега откако ќе се излади. Моторот, менувачот и придушувачот на звукот се многу топли!

ОПАСНОСТ ОД СЕЧЕЊЕ: При работење на алатките за сечење внимавајте на острите ножеви. Кај алатки за косење со повеќе од едно сечило, движењето на едно сечило може да предизвика движење и на друго сечило.

При промената на делови смеат да се користат само оригинални резервни делови.

Побарајте во случај на сомневање секогаш специјализирана работилница или контактирајте го производителот.

10.1 План за одржување

Следниве работи смее да ги извршува самиот оператор. Сите преостанати работи за одржување, сервисирање и поправки мора да се изведуваат во овластена сервисна работилница. Почитувајте ги дополнително препорачаните, годишни подмачкувања според планот за подмачкување.

При силно оптеретување и при високи температури може да бидат потребни пократки интервали на одржување од оние во горе наведената табела.

X X Чистење на филтерот за

Замена на филтерот за

Проверка на свеќичката

Проверка на кочницата (пробно кочење на права

Проверка на притисокот на

Проверка на ножот за

Проверка за лабави делови X X Проверка на клинестиот ремен (визуелна контрола)

Чистење на тракторската

Чистење на решетката за вшмукување воздух на

Чистење на менувачот од трева и остатоци од косење X X )* види го упатството за работа од производителот на моторот521 Одржување и нега

10.2 План за подмачкување

За да се обезбеди лесното движење на подвижните делови ние ви препорачуваме да ги подмачкате најмалку еднаш годишно следниве места. Користете крпа за чистење на сите точки за подмачкување пред мачкање со маст или прскање. Не користете вода за да избегнете можна корозија. Места за подмачкување:

Подмачкајте ги чеповите за подмачкување (18/1) на десните и левите зглобови со повеќенаменска маст.

Напрскајте масло на лагерот од предната осовина на рамката (18/2).

Подмачкајте го забестиот сегмент (19/1) и управувачкиот запченик на управувачката кутија користејќи повеќенаменска маст.

Подмачкајте ги валчестото лежиште (17/1) и главчината на предната осовина (20/1) и задната осовина (20/2) со повеќенаменска

Предните и задните тркала мора да се извадат за подмачкување на осовините и лагерите.

Вртливи и лагерски точки: Подмачкување на сите подвижни вртливи и лагерски

10.3 Промена на тркало

Промената на тркалото смее да се врши само на хоризонтална и цврста подлога.

1. Исклучете ја тракторската косилка и

извлечете го контактниот клуч.

2. Притиснете ја целосно педалата за

кочење (03/1) и заклучете ја со лостот за заклучување (03/2).

3. Осигурајте ја тракторската косилка со

клоцни против оттркалување. Ставете ја клоцната под страната којашто не се

(на пр. дигалка со ножици) за да ја подигнете тракторската косилка на страната каде што треба да се смени тркалото. Подигнете го тракторот сè додека тркалото коешто треба да се смени може слободно да се врти. Внимание! Опасност од штети на

При подигањето внимавајте да не искривите некои елементи на тракторот. Поставувајте ја дигалката само на стабилни метални делови.

5. Осигурајте ја тракторската косилка на

еден носечки елемент од шасијата со стабилна подлога (на пр. дрвен блок) така што дури и при слизнување или превртување на дигалката да не може да

6. Извадете го заштитното капаче (16/1).

7. Истиснете ја сигурносната шајбна (16/2) со

шрафцигер. Внимавајте да не се изгуби.

8. Извлечете ја подлошката (16/3).

Извадете го тркалото од осовината. Напомена:Да не го изгубите перото кога ги вадите задните тркала од

10. Исчистете ја осовината и дупката во

тркалото пред повторно монтирање и намачкајте ги двете со повеќенаменска

Ставете го тркалото на осовината. Напомена:Кога ги ставате задните тркала, жлебовите на перото и задното тркало мора да бидат израмнети така што перото може да се притисне навнатре без употреба на сила.

12. Ставете ја подлошката на осовината.

13. Притиснете ја сигурносната шајбна во

жлебот на осовината. Ако евентуално користите клешти внимавајте да не ја оштетите осовината со клештите.

15. Отстранете ја сигурносната подлошка и

спуштете го тракторот внимателно на подот со дигалката.

Не е доставен полнач за акумулаторот на тракторската косилка. Точен назив на акумулаторот: види ја акумулаторската кутија. Акумулаторот се наоѓа под капакот на моторот. Акумулаторот во основа се доставува фабрички наполнет.MK

Одржување и нега Безбедносни напомени ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од погрешно ракување со акумулаторот! За избегнување на опасности коишто може да произлезат од неправилно ракување со акумулаторот, почитувајте ги следните точки!

Не го складирајте акумулаторот во непосредна близина на отворени пламени, не го палете или ставајте на грејни тела. Се заканува опасност од експлозија.

Преку зимата чувајте го акумулаторот во ладна, сува просторија (10 – 15°C). Избегнувајте складирање на температури под точката на мрзнење.

Не го оставајте акумулаторот без полнење подолг временски период. Ако акумулаторот не се користи подолг временски период, тој треба да се полни користејќи соодветен полнач.

Не го уништувајте акумулаторот. Електролитот (сулфурна киселина) предизвикува хемиски изгореници на кожата и облеката – веднаш исплакнете со многу вода.

Чувајте го акумулаторот чист. Бришете само со сува крпа. Не користете вода, бензин, средство за разредување или

Одржувајте ги терминалите чисти и премачкајте ги со терминална маст.

Не предизвикувајте краток спој на терминалите. Полнење на акумулаторот Полнењето е потребно:

Пред складирањето за зимската пауза.

При подолго време на мирување на уредот (подолго од 3 месеци). ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од неправилно полнење на акумулаторот! Струјата за полнење на полначот не смее да надминува 5A а напонот за полнење може да биде само макс. 14,4V. При повисок напон на полнење постои опасност од експлозија на акумулаторот! Секогаш извадете го контактниот клуч пред да почнете да работите на акумулаторот. Ви препорачуваме да го полните акумулаторот, што не пропушта гасови и на кој не му треба одржување, користејќи специјален соодветен полнач (кој може да се добие преку специјализирани продавници). Почитувајте го упатството за употреба на производителот на полначот пред и за време на полнење на акумулаторот.

Опасност од краток спој! За да избегнете краток спој, секогаш најпрво одвојте го негативниот кабел (-) од акумулаторот и повторно поврзете го како последен! Секогаш извадете го контактниот клуч пред да почнете да работите на акумулаторот!

1. Извлечете го контактниот клуч (05).

2. Отворете го капакот на моторот.

3. Поврзете ги клемите на полначот со

терминалите на акумулаторот.

Обрнете внимание на поларитетот:

Црна клема = негативен терминал

4. Поврзете го полначот со струјната мрежа

10.5 Отстранување на алатката за косење

Алатката за косење мора да се извади со цел за да се користи тракторот за расчистување на снег и за промена на клинестиот ремен.

1. Завртете ги предните тркала (29/1) сè до

граничникот на лево.523

2. Отстранете ја корпата за собирање трева

3. Отстранете го каналот за исфрлување

4. Одвртете ја цилиндарската завртка (31/1)

на држачот на каналот со 5-6 вртења.

5. Спуштете ја алатката за косење (32/1) со

рачката за регулирање на висината на косење (32/2) на најниската поставка.

6. Откачете го влечниот федер (33/1) на

7. Повторно ставете ја алатката за косење

(34/1) со рачката за регулирање на висината на косење (34/2) сосема на

8. Откачете (35/a) го каналот на клинестиот

9. Откачете го клинестиот ремен (36/1) од

шајбната за клинестиот ремен на моторот.

10. Повторно спуштете ја алатката за косење

(32/1) со рачката за регулирање на висината на косење (32/2) на најниската

11. Отстранете ги пиновите за заклучување (4

парчиња) (38/1) на фиксаторите од алатката за косење.

12. Извлечете ги фиксаторите преку болцните

13. Извлечете ја алатката за косење на

десната страна во насоката на возење.

10.6 Замена на клинестиот ремен

1. Одвртете ги сигурносните навртки (6

2. Откачете го каналот на клинестиот ремен

3. Откачете ја и отстранете ја десната

поклопка (23/1) на алатката за косење.

4. Откачете ја и отстранете ја левата

поклопка (24/1) на алатката за косење.

5. Благо одвртете ја завртката (25/1) на

затезниот валјак (25/2) сè додека не може да се размота клинестиот ремен (25/3).

6. Извадете го клинестиот ремен.

Водилката и положбата на клинестиот ремен се разликува во зависност од типот. Почитувајте ја налепницата со напомени на алатката за косење. Ставање на нов клинест ремен

1. Положете го клинестиот ремен околу

лесно одвртениот затезен валјак и повторно зашрафете го затезниот валјак (27, 28).

2. Положете го клинестиот ремен според

редоследот (27/a – d, 28/a – d) околу валјаците и запазете ја водилката и положбата на клинестиот ремен. 11 СКЛАДИРАЊЕ Тракторската косилка треба да се паркира каде што е заштитена од временски влијанија, особено влага, дожд и подолго изложување на директна сончева светлина. Никогаш не ја складирајте тракторската косилка во зграда со гориво во резервоарот ако има потенцијал за пареите од горивото да дојдат во контакт со отворени пламени или искри. Паркирајте ја тракторската косилка во простории коишто се соодветни за складирање на моторни возила. Кога ја складирате тракторската косилка за долги периоди, како на пример преку зима, по можност не треба да се складира со полн резервоар за гориво. Горивото може да

Пред долготрајно складирање, горивото треба да се испушти од резервоарот и карбураторот со цел да се избегне создавање на наслаги коешто може да доведе до проблеми при стартувањето. Контактирајте ја вашата специјализирана работилница за совет. 12 ПОМОШ ВО СЛУЧАЈ НА ДЕФЕКТИ

Опасност од повреда Предметите со остри рабови и самодвижечките делови на уредот може да доведат до повреди.

При работи на одржување, нега и чистење носете секогаш заштитни

Во случај на дефекти, коишто не се наведени во табелата или Вие самите не можете да ги отстраните, обратете се до нашиот кориснички сервис.MK

Помош во случај на дефекти Дефект Причина Отстранување Моторот не пали. Недостаток на гориво. Наполнете го резервоарот; проверете ја вентилација на резервоарот; проверете го филтерот за гориво. Лошо, нечисто гориво, старо гориво во резервоарот. Секогаш користете свежо гориво од чисти садови; исчистете го карбураторот (работилница на службата за корисници). Филтерот за воздух е нечист. Исчистете го филтерот за воздух (види го упатството за работа од производителот на моторот). Нема искра за палење. Исчистете ја свеќичката, заменете ја со нова ако е потребно, проверете го кабелот за палење, проверете го системот за палење (работилница на службата за корисници). Премногу гориво во комората за согорување на моторот поради повеќекратни обиди за стартување. Одвртете ја и исушете ја свеќичката. Анласерот не функционира. Празен или слаб акумулатор. Наполнете го акумулаторот. Безбедносниот прекинувач на седиштето на возачот не функционира. Седнете правилно на седиштето на возачот; прекинувачот е неисправен. Безбедносниот прекинувач на педалата за кочење не функционира. Целосно притиснете ја надолу педалата за кочење. Алатката за косење е

Исклучете ја алатката за косење. Осигурувачот на (+) кабелот од акумулаторот. Проверете го осигурувачот, заменете го ако е потребно. Капацитетот на моторот ослабнува. Превисока или превлажна

Коригирајте ја висината на косење; направете празен простор за алатката за косење со кратко возење

Запушен канал за исфрлување/куќиште. Запрете го моторот и извадете го контактниот клуч! Исчистете ги каналот за исфрлување и куќиштето. Филтерот за воздух е нечист. Исчистете го филтерот за воздух (види го упатството за работа од производителот на моторот). Неправилна поставка на карбураторот. Проверете ја поставката (работилница на службата за корисници).525 Помош во случај на дефекти Дефект Причина Отстранување Ножот е многу истрошен. Заменете го ножот (работилница на службата за корисници). Преголема брзина на возење. Намалете ја брзината на возење. Тракторската косилка силно

Алатката за косење е

Проверете ја алатката за косење (работилница на службата за корисници). Тракторската косилка не тргнува. Кај хидростатичен менувач: нема погон за возење. Префрлете ја премосната рачка на работна позиција (види Поглавје 7.3 "Туркање на тракторската косилка", страна515). Нечист откос. Ножот е истрошен, истапен. Заменете го или наострете го ножот. Избалансирајте ги наострените ножеви (работилница на службата за корисници)! Погрешна висина на косење. Коригирајте ја висината на косење. Премал број на вртежи на

Ставете го максималниот број на вртежи на моторот. Преголема брзина на возење. Намалете ја брзината на возење. Различен притисок на гумите на тркалата. Напумпајте на точен воздушен притисок. Исчитајте го точниот притисок на гумата.

Висината за косење е ставена премногу ниско. Коригирајте ја висината на косење. Тревата е влажна - премногу тешка за да може да се транспортира од воздушната

Одложете го времето за косење сè додека не се исуши тревната

Ножот е многу истрошен. Заменете го ножот. (Работилница на службата за корисници) Тревата е многу висока. Косете ја тревата двапати:

Ткаената вреќа е запушена – нема проток на воздух. Исчистете ја ткаената вреќа. Каналот за исфрлување и куќиштето се нечисти. Исчистете ги каналот за исфрлување и куќиштето. Индикаторот за наполнетост не кажува ништо. Остатоци од косење на рачката од индикаторот за наполнетост. Отстранете ги остатоците од косење на рачката од индикаторот за наполнетост. Потоа проверете за лесно движење.MK

Дефект Причина Отстранување Погон за возење, кочница, куплунг и алатка за косење. Исклучиво да се направи проверка само во работилница на службата за

13 ГАРАНЦИЈА Можните материјални грешки или грешки во производството ги отстрануваме за време на законски определениот гарантен рок, во согласност со нашиот избор, по пат на поправка или испорака на резервен дел. Гарантниот рок се определува за секој поединечен случај, според законот на државата, во која бил купен производот. Нашата обврска за гаранција важи само при:

почитување на упатството за употреба

Употреба на оригинални резервни делови Гаранцијата се поништува при:

Обиди за самостојни поправки

Обиди за самостојни технички измени

Непрописна примена Од гаранцијата се исклучени:

Оштетувања на бојата предизвикани од нормално абење

Изабени делови, кои на табелата за резервни делови се означени со рамка xxxxxx (x)

Мотори со внатрешно согорување (тука важат гарантните одредби на соодветниот произведувач на моторот) Гарантниот рок започнува со купување од страна на првиот краен корисник. Меродавен е датумот на сметката за плаќање. Обратете се со овој гарантен лист и со оригиналната сметка кај продавачот или во најблиската овластена служба за односи со корисниците. Со оваа гаранција, законските права на купувачот во однос на продавачот остануваат непроменети.527 Orijinal işletim talimatının çevirisi ORİJİNAL İŞLETİM TALİMATININ ÇEVİRİSİ İçindekiler 1 İşletim kılavuzu hakkında......................... 528