GWS 18150 PL Professional - Мелница за кафе BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GWS 18150 PL Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GWS 18150 PL Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Мелница за кафе во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GWS 18150 PL Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GWS 18150 PL Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GWS 18150 PL Professional BOSCH
Македонски ...... Страна 251
Srpski.... Strana 263
Slovensko....Stran 273
Hrvatski. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . Stranica 284
Eesti Lehekülg 294
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за електричните апарати

ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Држете ги децата и другите лица подапеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот.
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или пекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
▶ Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исключен електричниот апарат, пред да го приключите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле престот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
▶ Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го включите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
252 | Македонски
- Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ће може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
▶ Носете соодветна облека. Не носете широко облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавищите подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или допгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
He користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
- Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреći својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
▶ Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејности што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за аголни брусилки
Општи безбедносни напомени за брусење, брусење со брусна хартија и работење со жичани четки и сечење со брусни плочи
▶ Овој електричен апарат се употребува како алатка за брусење, алатка за брусење со брусна хартија, жичани четки и брусилка за сечење со брусни плочи. Внимавајте на сите безбедносни напомени, упатства, прикази и податоци што сте ги добиле во прилог на уредот. Доколку не внимавате на следните упатства, може да дојде до електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
► Електричниот апарат не е погоден за полирање.
Доколку го користите електричниот апарат за
несоодветни намени, може да предизвика опасност и
повреди.
▶ Не користете прибор што не е специјално предвиден и препорачан од производителот на овој електричен апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба, само заради фактот дека приборот може да се прицврсти на вашиот електричен апарат.
► Дозволениот број на вртежи на апатот што се вметнува мора да биде исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
▶ Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот што се вметнува мора да одговараат на димензиите на вашиот електричен апарат. Погрешно димензионираните алати за вметнување не може довольно да се заштитат или контролираат.
▶ Алатите за вметнување со навој мора точно да одговараат на навојот на вретеното за брусење. Кај алатите за вметнување, што се монтираат со помощ на прирабница, дијаметарот на дупката на алатот што се вметнува мора да одговара на дијаметарот на прифатот на прирабницата. Алатите за вметнување не може точно да се прицврстат на електричниот апарат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата.
▶ Не користете оштетени алати за вметнување. Пред секое користење, проверете ги алатите што се вметнуваат како на пр. дали брусните плочи има скинати делови и процепи, дали на брусните дискови има пукнатини, дали се истрошени или изабени, и дали има олабавени или скршени жици на жичаната четка. Доколку ви падне електричниот апарат или алатот што се вметнува, проверете дали е оштетен или пак употребете неоштетен алат за вметнување. Откако сте го провериле и ставиле
Македонски | 253
алатот за вметнување, не им дозволувајте на лицата да бидат во близина на нивото на вклучениот апарат и оставете го апаратот да врти една минута на највисок број на вртежи. Повекето од оштетените алати за вметнување ќе се скршат во текот на овој пробен период.
Носете заштитна опрема. Во зависност од употребата, носете целосна заштита за лицето, очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни ракавици или специјални престилки што ќе ве заштитат од честичките настанати при брусење на материјалот. Треба да ги заштитите очите од туғите тела што летаат наоколу, а се настанати од различната употреба на уредот. Маските за заштита од прав и заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат правта што настанува при употребата. Доколку сте изложени на гласна врева подолго време, може да го изгубите слухот.
Доколку има други лица во работното поле, држете ги на безбедно растојание. Секое лице што ке влезе во работното поле, мора да носи лична заштитна опрема. Парчињата од делот што се обработува или скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу и да предизвикаат повреди и надвор од директното поле на работа.
▶ Држете го уредот само за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува може да наиде на скриени електрични кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со струјниот кабел може да ги стави под напон металните делови на уредот и да доведе до електричен удар.
▶ Drжете го струјниот кабел подалеку од апатите што се вметнуваат. Доколку загубите контрола над уредот, струјниот кабел може да се пресече или да се зафати и да ви ја заглави длankата или раката во алатот што се вметнува.
▶ Никогаш не го оставајте електричниот апарат, доколку алатот за вметнување не е целосно во сostoјба на мирување. Ротирачкиот алат што се вметнува може да дојде во контакт со површината на која сте го оставиле апаратот, и да ја загубите контролата над електричниот апарат.
▶ Електричниот апарат не смее да биде во погон додека го носите. Вашата облека може да се зафати од ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт, и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело.
▶ Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот влече прав во кукиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрична несреја.
▶ Не го користете електричниот апарат во близина на запаливи материјали. Искрите што се создаваат може да ги запалат овие материјали.
▶ Не користете алати за вметнување, за кои е потребно течно средство за разладување.
Користењето на вода и други течни средства за разладување може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и соодветни безбедносни напомени
▶ Повратниот удар е ненадејна реакција како последица на заглавен или блокиран ротирачки алат што се вметнува, како брусна плоча, брусен диск, жичани четки итн. Заглавувањето или блокирањето предизвикуваат ненадејно запирање на ротирачкиот алат што се вметнува. Така, неконтролираниот електричен апарат се забрузува наспроти правецот на вртење на алатот што се вметнува на местото на блокирање.
Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја брусна плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делотшто се обработува може да се закачи и така да ја скрши брусната плоча или да предизвика повратен удар. Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или наспроти него, во зависност од правецот на вртење на плочата на местото на блокирање. Притоа брусните плочи може да се скршат.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни прописни мерки, како што е опишано подолу.
Држете го цврсто електричниот апарат со двете дланки и наместете ги рацете во позиција во која ће може да ја издржите повратната сила. Секогаш користете дополнителна дршка, доколку постои, за да имате што е можно поголема контрола над силата од повратниот удар или реакциските моменти при работата на апаратот. Лицето кое го користи уредот може со соодветни мерки на претпазливост да го совлада повратниот удар или реакциските сили.
▶ Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на ротирачкиот алат што се вметнува. Алатот што се вметнува може да ви избега од рацете.
▶ Со вашето тело избегнувајте го полето каде електричниот апарат се движи со повратен удар. Повратниот удар го потиснува електричниот апарат во правец спротивен на движењето на брусната плоча на местото на блокирање.
▶ Особено внимателно работете во подрачјето со агли, остри рабови итн. На тој начин ће спречите алатот што се вметнува да се одбие од делот што се обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од алгите или острите рабови. Ова предизвивува губење на контролата или повратен удар.
▶ Не користете синцирести или запчести листови за пила. Таквите алати за вметнување честопати предизвикуваат повратен удар или губење на контролата над електричниот апарат.
Специјални безбедносни напомени за брусење и сечење со брусни плочи
▶ Користете ислучиво брусни тела одобрени за вашиот електричен уред и заштитна хауба предвидена за овие брусни тела. Брусните тела што не се предвидени за електричниот апарат, не може довольно да се заштитат и не се сигурни.
254 | Македонски
Закривените брусни плочи мора да бидат
монтирани, така што нивната површина за брусење
не смее да стрчи над работ од заштитната хауба.
Непрописно монтираните брусни плочи, кои стрчат над
работ од заштитната хауба не може довольно да се
заштитат.
Заштитната хауба мора да се зацврсти на електричниот апарат и на највисоко ниво на безбедност, така што и најмалите делови на брусното тело ще бидат видливи за лицето што го користи апаратот. Заштитната хауба помага, корисникот да се заштити од парчињата, случајниот контакт со брусното тело како и искрите, што може да ја запалат облеката.
▶ Телата за брусење смее да се користат само за предвидените можности на примена. На пр.: не брусете со страничната површина на брусната плоча за сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за сечење материјал со работ на плочата. Со страни чна употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се скршат.
Секогаш користете неоштетена стезна прирабница со соодветна големина и облик на брусните плочи. Соодветната прирабница ја држи брусната плоча и така ја намалува опасности од кршење на брусната плоча. Прирабнициите за брусни плочи за сечење се разликуват од прирабниците за другите брусни плочи.
▶ Не користете истрошени брусни плочи од големи електрични апарати. Брусните плочи за големи електрични алати не се предвидени за повисок број на вртежи за малите електрични апарати и може да се скршат.
Други специјални безбедносни напомени за сечење со брусни плочи
- Избегнувајте блокирање на брусната плоча за сечење или преголем притисок. Не изведувајте прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето на брусните плочи за сечење јагголемува нивната искористеност и склоност на закосување или блокирање и со тоа можноста за повратен удар или кршење на брусното тело.
- Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачката брусна плоча за сечење. Доколку брусната плоча за сечење во делот што се обработува ја придвижувате подалеку од себе, во случај на повратен удар, електричниот алат со ротирачката плоча би можелда се отфрли директно на вас.
Доколку се заглави брусната плоча за сечење или Вие ја прекинете работата, исключете го уредот и држете го мирно, додека плочата не дојде во состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш, брусната плоча за сече ње што се врти да ја вадите од резот, бидејки може да настане повратен удар. Откријте ја причината за заглавување и преземете ги соодветните мерки.
▶ Не го вклучувајте повторно електричниот апарат, додека се наога во делот што се обработува.
Оставете брусната плоча за сечење да го постигне полниот вртежен момент, пред да продолжите со резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од делот што се обработува или да предизвика повратен удар.
▶ Потпрете ги плочите или големите делови за обработка, за да го избегнете ризикот од повратен удар поради заглавената брусна плоча за сечење. Големите делови што се обработуваат може да се свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во близина на местото на сечење, така и на рабовите.
▶ Особено бидете претпазливи при длабинско сечење во скриено подраче, како на пример, во сид.
Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или водоводни цевки, електрични кабли или други објекти може да предизвика повратен удар.
Специјални безбедносни напомени за брусење со брусна хартија
He користете предимензионирани брусни листови, туку следете ги податоците на производителот за големината на брусниот лист. Брусните листови, кои стрчат над брусните дискови, може да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на брусните листови или повратен удар.
Специјални безбедносни напомени за работење со жичани четки
▶ Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената употреба на жичаните четки, може да се изгубат делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците со висок притисок на површината. Деловите од жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека и/или во кожата.
Доколку користите заштитна хауба, не дозволувајте таа да дојде во контакт со жичаните четки. Четките во облик на чинија или лонец, заради притисокот и центрифугалната сила може да го зголемат својот дијаметар.

Носете заштитни очила.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со покалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивкува оштетување или може да предизвика електричен удар.
▶ Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр.
Македонски | 255
по снемување струја или влечење на струјниот приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано рестартирање на уредот.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за сечење додека не се опадат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Опис на производот и мокноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење, грубо брусење и четкање на метални и камени материјали без употреба на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се користи специјална заштитна хауба за сечење. При сечење во камен морада се погрижите за и вшмукувањето на правта.
Со дозволените апарати за брусење електричниот апарат може да се користи за брусење со брусна хартија.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Лост за отклучување на заштитната хауба
2 Копче за блокирање на вретеното
3 Копче за контрола на бројот на вртежи (GWS 18-125 SL/GWS 18-125 SPL)
4 Прекинувач за вклучување/исклучување
5 Дополнителна дршка (изолирана површина на дршката)
6 Вретено за брусење
7 Хауба за вшмукување при брусењето*
8 Приключна прирабница со О-прстен
9 Лончеста плоча од цврст метал*
10 Стезна навртка
11 Брзозатезна навртка SDS-clic
15 Брусна плоча за сечење*
16 Заштита за дланките*
19 Тркалезна навртка*
20 Лончеста четка*
21 Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка водилка *
22 Дијамантска брусна плоча за сечење*
23 Рачка (изолирана површина на дршката)
24 Стрелка за правец на врте ње на брусното вретено
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартдниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Аголна брусилка | GWS ... | 18-125 L | 18-125 PL | 18-125 SL | 18-125 SPL |
| Број на дел/артикл | 3 601 ... GA3 0.. GA3 1.. GA3 2.. GA3 3.. | ||||
| Номинална јачина | W 1800 | 1800 | 1800 | 1800 | |
| Излезна моć | W 1145 | 1145 | 1145 | 1145 | |
| Номинален број на вртежи | min^-1 | 12000 | 12000 | 12000 | 12000 |
| Подраче на подесување на бројот на вртежи | min^-1 | - | - | 2800 – 12000 | 2800 – 12000 |
| макс. дијаметар на брусните плочи | MM | 125 | 125 | 125 | 125 |
| Навој на вретеното за брусење | M 14 | M 14 M 14 M 14 | |||
| макс. должина на навојот за вретеното за брусење | MM | 22 | 22 | 22 | 22 |
| Исклучување при повратен удар | ● | ● | ● | ● | |
| Заштита од рестартирање | ● | ● | ● | ● | |
| Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. | |||||
Bosch Power Tools 1 609 92A 3ZX | (7.11.17)
256 | Македонски
| Аголна брусилка | GWS ... | 18-125 L | 18-125 PL | 18-125 SL | 18-125 SPL |
| Ограничување на стартната струја | ● | ● | ● | ● | |
| Константна електроника | ● ● | ● | ● | ||
| Одредување на број на вртежи | -- ● ● | ||||
| Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 | |||||
| – со дополнителна дршка за придушување на вибрациите | кг | 2,5 | 2,5 | 2,5 | 2,5 |
| – со стандардна дополнителна дршка | кг | 2,3 | 2,3 | 2,3 | 2,3 |
| Класа на заштита | ☐/П | ☐/П | ☐/П | ☐/П |
Подatoците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
| Аголна брусилка | GWS ... | 18-125 L Inox | 18-125 PL Inox | 18-150 L | 18-150 PL |
| Број на дел/артикл | 3 601 ... | GA4 0.. | GA4 1.. | GA5 0.. | GA5 1.. |
| Номинална јачина | W | 1800 | 1800 | 1800 | 1800 |
| Излезна моќ | W | 1145 | 1145 | 1145 | 1145 |
| Номинален број на вртежи | min^-1 | 8100 | 8100 | 10000 | 10000 |
| Подраче на подесување на бројот на вртежи | min^-1 | -- | - | - | |
| макс. дијаметар на брусните плочи | MM | 125 | 125 | 150 | 150 |
| Навој на вретеното за брусење | M 14 | M 14 | M 14 | M 14 | |
| макс. должина на навојот за вретеното за брусење | MM | 22 | 22 | 22 | 22 |
| Исклучување при повратен удар | ● | ● | ● | ● | |
| Заштита од рестартирање | ● | ● | ● | ● | |
| Ограничување на стартната струја | ● | ● | ● | ● | |
| Константа електроника | ● | ● | ● | ● | |
| Одредување на број на вртежи | -- | - | - | ||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | |||||
| – со дополнителна дршка за придушување на вибрациите | кг | 2,5 | 2,5 | 2,5 | 2,5 |
| – со стандардна дополнителна дршка | кг | 2,3 | 2,3 | 2,4 | 2,4 |
| Класа на заштита | ☐/II | ☐/II | ☐/II | ☐/II |
Подatoците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
| GWS ... | 18-125 L | 18-125 PL | 18-125 SL | 18-125 SPL | |
| 3 601 ... | GA3 0.. | GA3 1.. | GA3 2.. | GA3 3.. | |
| Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-3. | |||||
| Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува | |||||
| Ниво на звучен притисок | dB(A) | 89 | 89 | 89 | 89 |
| Ниво на звучна јачина | dB(A) | 100 | 100 | 100 | 100 |
| Несигурност К | dB | 3 | 3 | 3 | 3 |
| Носете заштита за слухот! | |||||
Македонски|257
| GWS ... | 18-125 L | 18-125 PL | 18-125 SL | 18-125 SPL | |
| Вкупните вредности на вибрации ah(векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-3: | |||||
| Површинско брусење (грубо брусење): | |||||
| ah | m/s2 | 10,0 | 10,0 | 10,0 | 10,0 |
| K | m/s2 | 1,5 | 1,5 | 1,5 | 1,5 |
| Брусење со брусен лист: | |||||
| ah | m/s2 | 4,0 | 4,0 | 4,0 | 4,0 |
| K | m/s2 | 1,5 | 1,5 | 1,5 | 1,5 |
| GWS ... | 18-125 L Inox | 18-125 PL Inox | 18-150 L | 18-150 PL | |
| 3 601 ... | GA4 0.. | GA4 1.. | GA5 0.. | GA5 1.. | |
| Вредностите на емисија на бучава одредениво согласност со EN 60745-2-3.Нивото на звук на уредот, оценето со А,типично изнесува | |||||
| Ниво на звучен притисок | dB(A) | 88 | 88 | 90 | 90 |
| Ниво на звучна јачина | dB(A) | 99 | 99 | 101 | 101 |
| Несигурност К | dB | 3 | 3 | 3 | 3 |
| Носете заштита за слухот! | |||||
| Вкупните вредности на вибрации ah(векторски збор на трите насоки) инесигурност К дадени се во согласност соEN 60745-2-3:Површинско брусење (грубо брусење): | |||||
| ah | m/s2 | 6,0 | 6,0 | 12,0 | 12,0 |
| K | m/s2 | 1,5 | 1,5 | 1,5 | 1,5 |
| Брусење со брусен лист: | |||||
| ah | m/s2 | 3,0 | 3,0 | 3,0 | 3,0 |
| K | m/s2 | 1,5 | 1,5 | 1,5 | 1,5 |
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Монтирање на заштитните уреди
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот апарат, електричниот апарат мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.
258 | Македонски
Заштитна хауба за брусенье

Ставете ја заштитната хауба 12 на грлото од вретеното според сликата. Ознаките со триаголници на заштитната хауба мора да одговараат на соодветните ознаки на погонската глава.
Притиснете ја заштитната хауба 12 на грлото на вретеното додека венецот на заштитната хауба не легне на прирабницата на електричниот апарат и вртете ја заштитната хауба додека не осетите дека се вклопила.
Подесете ја позицијата на заштитната хауба 12 според потребите на работниот процес. Притоа, притиснете го лостот за отклучување 1 нагоре и завртете ја заштитната хауба 12 во саканата позиција.
▶ Поставете ја заштитната хауба 12 на тој начин што ке го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.
Заштитната хауба 12 смее да се врти само со движенье на лостот за отклучување 1! Инаку, електричниот апарат не смее да се користи и мора да се предаде на сервисната служба.
Совет: Кодираните запци на заштитната хауба 12 гарантираат, дека на електричниот апарат може да се монтира само една заштитна хауба што му одговара.
▶ При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење 14.
▶ При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење 14 се монтира како заштитна хауба 12 за брусење.
Хауба за вшмукување при сечење со лизгачки водилки Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки 21 се монтира како заштитна хауба за брусење 12.
Хауба за вшмукување при брусењето
За брусење на бои, лакови и пластика со лончести плочи од цврст метал 9 или гумен брусен диск 17 со лист за брусење 18 каде не се создава могу прав може да ја користите хаубата за вшмукување 7. Хаубата за вшмукување 7 не е погодна за обработка на метал.
На хаубата за вшмукување 7 може да се приклучи Bosch- вшмукувач.
Хаубата за вшмукување 7 се монтира како и заштитната хауба 12. Обрачот со четки е заменлив.
Дополнителна дршка
▶ Користете го вашиот електричен апарат само со дополнителна дршка 5.
Зашрафете ја дополнителната дршка 5 на десно или на лево на погонската глава во зависност од начинот на работа.
Заштита за дланките
▶ При работа со гумен диск 17 за брусење или со лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете ја заштитата за дланки 16.
Зацврстете ја заштитата за дланки 16 со дополнителната дршка 5.
Монтирање на брусни алати
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за сечење додека не се опадат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење 6 и сите делови што треба да се монтираат.
За зацврстување и олабавување на брусните апарати притиснете го копчето за блокирање на вретеното 2, за да го зацврстите вретеното за брусење.
▶ Копчето за блокирање на вретеното активирајте го само доколку вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот апарат може да се оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сеченье
Внимавајте на димензиите на брусните апарати. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
За зацврстување на брусната плоча/брусната плоча за сечење ставете ја стезната навртка 10 и затегнете ја со клуч со два отвора, видете во делот „Брзозатезна навртка“.
По монтажата на брусниот апарат, пред включувањето, проверете дали брусниот апарат е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали брусниот апарат не струга на заштитната хауба или другите делови.

Во прилучната прирабница 8 околу централниот венец е ставен пластичен дел (О-прстен). Доколку недостига О-прстенот или е оштетен, прилучната прирабница 8 мора да се замени пред понатамошна употреба.
Македонски|259
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
▶ При работата со ламелеста брусна плоча во вид на лепеза секогаш монтирајте ја заштитата за дланки 16.
▶ При работењето со гумен диск 17 за брусење секогаш монитрајте ја заштитата за дланките 16.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Зашрафете ја тркалезната навртка 19 и затегнете ја со клуч со два отвори.
▶ При работењето со лончеста четка или плочеста четка секогаш монтирајте ја заштитата за дланките 16.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката карта.
Лончестата четка/плочестата четка мора да се зашрафи на вретеното за брусење до тој степен цврсто да налегне на прирабницата на вретеното за брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата четка/плочеста четка со вилушкаст клуч.
Брзозатезна навртка SDS-clic
За едноставна промена на алатот за брусење без користење на други алати, наместо стезната навртка 10 може да употребите брзозатезна навртка 11.
▶ Брзозатезната навртка 11 смее да се користи само за брусните плочи или брусните плочи за сечење.
▶ Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки 11.
▶ При зашрафувањето внимавајте на тоа, испишаната страна на навртката 11 да не покажува кон брусната плоча; стрелката мора да покажува кон ознаката на индексот 26.

text_image
26Притиснете на копчето за блокирање на вретеното 2, за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка, силно завртете ја брусната плеча во правец на стрелките на часовникот.

Прописно зацврстената, неоштетена брзозатезна навртка може да ја олабавите со вртење на нарецканиот прстен во правец спротивен на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка не ја одвртувајте со клешти, туку употребете клуч со два отвори. Поставете го клучот со два отвори како на сликата.
Дозволени алати за брусење
Може да ги користите сите алати за брусење наведени во ова упатство за употреба.
Дозволениот број на вртежи [min ^-1 ] одн. периферната брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да одговара на податоците во следната табела.
Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи односно периферната брзина на етикетата на алатот за брусење.
| MAKC. [mm] D b d [min] | [mm] | -1[m/s] | |||
![]() | 115 | 7 | 22,2 | 12000 | 80 |
| 125 | 7 | 22,2 | 12000 | 80 | |
| 150 | 7 | 22,2 | 10000 | 80 | |
![]() | 115 | - | - | 12000 | 80 |
| 125 | - | - | 12000 | 80 | |


75 30 M 14 12000 45
Вртење на погонската глава
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
260 | Македонски

Погонската глава може да ја вртите на 90°- нивоа. Притоа, прекинувачот за исклучување/вклучува ње може да се постави во поповолна позиција при изведување на пособни случаи на работа, на пр. сечење со хауба за
вшмукување со лизгачка водилка 21 или за левораки лица.
Отшрафете ги целосно 4 шрафа. Внимателно навалете ја погонската глава и без да ја извадите од кукиштето ставете ја во нова позиција. Повторно зашрафете ги 4 ш р а фа.
Вшмукување на прав/струготини
▶ Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
При работа на електричниот апарат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со довольно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување. Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за включување/исклучување 4 и држете го притиснат.
За зацврстување на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување 4 турнете го прекинувачот за исклучување/вклучување 4 понапред.
За да го исключите електричниот апарат, ослободете го прекинувают за вклучување/исклучување 4 одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување 4 и потоа ослободете го.
Конструкција на прекинувачот без блокада (во зависност од земјата):
За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување 4 и држете го притиснат.
За да го исключите електричниот апарат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 4.
▶ Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку една минута 1, без да го користите апаратот на материјал. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Исклучување при повратен удар

При ненадеен пад на бројот на вртежи, на пр. блокирање на резот при сечење, доводот на струја до моторот електронски ќе се прекине.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/исклучување 4 ставете го во положба Ислучено и одново включете го електричниот апарат.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот апарат по прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/исклучување 4 ставете го во положба Ислучено и одново включете го електричниот апарат.
Ограничување на стартната струја
Електронското ограничување на стартната струја ја ограничува јачината на струјата при вклучување на електричниот апарат и овозможува работа на 16-А-осигурувач.
Напомена: Доколку електричниот апарат стартува веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи, ограничувањето на стартната струја, заштитата од рестартирање и исклучувањето на повратниот удар е излучено. Електричниот апарат мора да се достави на одржување во сервисна служба, видете ги адресите во оддел „Сервисна служба и совети при користење“.
Македонски | 261
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.
Одредување на број на вртежи (GWS 18-125 SL/GWS 18-125 SPL)
Со копчето за подесување на бројот на вртежи 3 може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на апаратот.
Податоците во приложената табела се препорачани вредности.
| Материјал | Примена | Алат за вметнување | Позиција на копчето за подесување 3 |
| Метал | Отстранување на боја | Лист за брусење | 2 – 3 |
| Дрво, метал | Четкање, вадење рја | Лончести четки, лист за брусење | 3 |
| Метал, камен | Брусење | Брусна плоча | 4 – 6 |
| Метал | Грубо брусење | Брусна плоча | 6 |
| Камен | Сечење | Брусна плоча за сечење (сечењето на камен е дозволено само со лизгачки водилки) | 6 |
| Метал | Сечење | Брусна плоча за сечење | 6 |
Зададените вредности за степенот на вртежи се референтни вредности.
► Дозволениот број на вртежи на апатот што се вметнува мора да биде исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
| Степен на изборна вртежи | GWS 18-125 ...[min-1] | GWS 18-150 ...[min-1] |
| 1 | 2800 | 2800 |
| 2 | 4500 | 4100 |
| 3 | 6300 | 5400 |
| 4 | 8200 | 6700 |
| 5 | 9800 | 8000 |
| 6 | 12000 | 10000 |
Совети при работењето
▶ Внимавајте на процепите во носечките сидови „Напомени за статика“.
Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина.
▶ Не го оптоварувајте многу електричниот апарат, додека не дојде во состојба на мирување.
▶ По силното оптоварување, оставете го електричниот апарат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
▶ Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
▶ Електричниот апарат не го користете со пулт за сечење.
Грубо брусење
▶ Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење Ѽе добиете најдобри резултати при работењето. Поместувајте го електричниот апарат со притисок навамунатаму. Притоа, делот што се обработува нема да се вжешти, да се офарба и нема да има бразди.
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема) може да обработувате заоблени површини и профили. Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолгрок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски температури при брусењето отколку вообичаените брусни плочи.
Сечење на метал
▶ При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење 14.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со умерено поместување нанапред по материјалот. Не правете притисок на брусната плоча за сечење, не одете во агли и не осцилирајте.
Не ги кочете брусните плочи за сечење со страничен притисок.
262 | Македонски

Електричниот апарат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот.
При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е да поставите на најмалиот пресек.
Сечење на камен
▶ При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта.
▶ Носете маска за заштита од прав.
▶ Електричниот апарат смее да се користи само за сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за вшмукување за сечење со лизгачки водилки 21 вшмукувачот на прав мора да биде дозволен за вшмукување на правта од каменот. Bosch ги нуди соодветните вшмукувачи на прав.

Вклучете го електричниот апарат и поставете го со предниот дел на лизгачките водилки на делот што се обработува. Поместувајте го електричниот апарат со умерено движење по материјалот што се обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Напомени за статиката
Процепите во носечките сидови подлежат на нормата DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата. Мора неопходно да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
▶ При екстремни услови на примена, доколку е возможно користете секогаш уред за вшмукување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приключете заштите прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешности на електричниот апарат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот апарат.
Доколку е потребно користење на прилучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.
Складирајте ја и третирајте го приборот со внимание.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови їе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови. Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Opšta upozorenja za električne alate

UPOZORENJE
Čitajte sva upozorenja i uputstva. Propusti kod pridržavanja upozo-

