ANGLE EXACT ION 15500 Professional - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ANGLE EXACT ION 15500 Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ANGLE EXACT ION 15500 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ANGLE EXACT ION 15500 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ANGLE EXACT ION 15500 Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го Bosch Power Tools 1 609 92A 9SN | (06.08.2024)214 | Македонски менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. 1 609 92A 9SN | (06.08.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 215 u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за одвртувачи u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена жица. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен
u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. u Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува.
Правта што настанува при шмирглање, сечење, брусење, дупчење и слични дејности може да има канцерогено, тератогено или мутагено дејство. Некои од овие материи содржани во правта се: олово во бои и лакови што содржат олово; кристален силициум во цигли, цемент и други ѕидарски работи; арсен и хромат во хемиски третирано дрво. Ризикот од Bosch Power Tools 1 609 92A 9SN | (06.08.2024)216 | Македонски заболување зависи од тоа колку често сте изложени на овие супстанци. За да ја намалите опасноста, треба да работите само во добро проветрени простории со соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално конструирани уреди за заштита при дишење, кои ги филтрираат и најситните честички прав). u Избегнувајте случајно вклучување. Осигурете се дека прекинувачот за вклучување/исклучување е во исклучена позиција, пред да ставите батерија. Носењето на електричниот алат со вашиот прст на прекинувачот за вклучување/исклучување или ставање на батеријата во вклучен електричен алат може да доведе до несреќен случај. u Користете само исправни, неизабени алати за вметнување. Дефектните алати за вметнување може на пр. да се скршат и да доведат до повреди и материјални штети. u При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да не може да се контролира. u Бидете претпазливи при завртување на долги завртки, бидејќи постои опасност од лизнување, во зависност од видот на завртката и користениот алат за вметнување. Честопати, долгите завртки не може да се контролираат толку добро и постои опасност да се слизнат при завртувањето и да се повредите. u Внимавајте на поставениот правец на вртење, пред да го вклучите електричниот алат. Доколку, на пример, сакате да одвртите завртка, а правецот на вртење е поставен за завртување на завртката, може да дојде до силно неконтролирано движење на електричниот алат. u Не го користете електричниот алат како дупчалка. Електричните алати со една спојка за исклучување не се погодни за дупчење. Спојката може автоматски и без предупредување да се исклучи. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за завртување и олабавување на завртки, навртки и други сврзни елементи со навој во дадените граници на димензии и
Електричниот алат е наменет само за користење во индустриска средина. Електричниот алат не е наменет како дупчалка. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Алат за вметнување
(2) Прифат на алатот
(3) Аголна глава на одвртувачот
(4) Површина на клучот на преклопната навртка
(5) Површина на клучот на прирабницата на аголната
(6) Лизгач за претходен избор на вртежен момент (7) LED-приказ на завртувањето на спојниците (8) Приказ за наполнетост на батеријата (9)
(10) Прекинувач за вклучување/исклучување (11) Прекинувач за менување на правецот на вртење (12) LED-држач (13) Работно светло (14) Копче за отклучување на батерија
(15) Обрач за закачување
(16) Отвори за прицврстување на држачот за
(17) Прстен за обележување (18) Сигурносен прстен (19) Шуплина во телото на куќиштето (20) Вилушкаст клуч со ширина 27mm
(21) Вилушкаст клуч со ширина 22mm
(22) Контра-навртка (23) Куќиште на моторот (24) Брзозатегнувачка глава
(25) Алат за подесување
(26) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(27) Плочка за подесување (28) Рачка (изолирана површина на рачката)
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. 1 609 92A 9SN | (06.08.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 217 Технички податоци Индустриски батериски аголен
ANGLEEXACTION 8–1100 3–500 15–500 23–380 30–290 Број на дел 3 602 D94 6.0 3 602 D94 6.8 3 602 D94 6.1 3 602 D94 6.2 3 602 D94 6.7 Номинален напон V= 18 18 18 18 18 Вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO5393 Nm 2–8 0,7–3 2–15 10–23 10–30 Број на вртежи во празен од
kg 1,7–2,7 1,7–2,7 1,7–2,7 2,2–3,1 2,2–3,1 Вид на заштита IP20 IP20 IP20 IP20 IP20 Батерија (не е во стандардниот обем на
A) во зависност од употребената батерија B) ограничена моќност на температури <0°C C) Батеријата ProCORE18V+ 8.0Ah (1607A351PG) не се препорачува за овој електричен алат. Индустриски батериски аголен одвртувач ANGLEEXACTION 30–300 40–220 50–210 60–120 Број на дел 3 602 D94 6.3 3 602 D94 6.4 3 602 D94 6.5 3 602 D94 6.6 Номинален напон V= 18 18 18 18 Вртежен момент при завртување во цврсти/ меки материјали според ISO5393 Nm 10–30 15–40 15–50 15–60 Број на вртежи во празен од n
30–300 22–220 21–180 12–120 Тежина kg 2,4 2,4 2,4 2,4 Вид на заштита IP20 IP20 IP20 IP20 Батерија (не е во стандардниот обем на
Bosch Power Tools 1 609 92A 9SN | (06.08.2024)218 | Македонски Индустриски батериски аголен одвртувач ANGLEEXACTION 30–300 40–220 50–210 60–120 препорачани полначи GAL18... GAX18... GAL36... GAL18... GAX18... GAL36... GAL18... GAX18... GAL36... GAL18... GAX18... GAL36... Аголна глава на одвртувач (стандарден обем на испорака) ■ 3/8" ■ 3/8" ■ 3/8" ■ 3/8" A) ограничена моќност на температури <0°C B) Батеријата ProCORE18V+ 8.0Ah (1607A351PG) не се препорачува за овој електричен алат. Аголна глава на одвртувачот Рамна
■ 1/4" ■ 3/8" ■ 3/8" 1/4" Брзозатег
Вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO5393 Nm 20 25 30 20 20 6 Вртежен момент на стегнување на
Nm 20 20 25 20 20 10 Опрема за ANGLEEXACTION 15–500 15–500 30–300 15–500 15–500 15–500 Тежина kg 0,20 0,20 0,30 0,20 0,20 0,20 Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN 62841-2-2. Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето соA, типично е помало од 70dB(A). Нивото на звучниот притисок при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN 62841-2-2: Затегнување на завртки и навртки со максимална дозволена големина: a
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата. Напомени за прецизност Намалувањето на брзината (особено под50%) може да резултира со намалување на максималниот вртежен момент. Зголемената брзина за време на Power Boost може да има влијание врз прецизноста и функцијата на исклучувањето. Може да се појави преклопување на спојката. Тестовите за способност на машината обично се прават на600 U/min според VDI2647. Промените во брзината и/или вртежниот момент може да влијаат на прецизноста. Способноста на машината мора да се тестира со соодветната поставка. 1 609 92A 9SN | (06.08.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 219
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето. Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред. Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. Ставање на батеријата Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи. Вадење на батеријата За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчињата за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила. Приказ за наполнетост на батеријата (жолта LED светилка)
Трепкаво светло + звучен сигнал Полнење на батеријата: Можни се само уште 6–8 завртувања. Трајно светло + звучен сигнал Капацитетот не е доволен за ново завртување или електричниот алат е преоптоварен: Електричниот алат не може да се
– Извадете ја батеријата и ставете ја целосно наполнетата батерија. Трепкаво светло Електричниот алат е прегреан и надвор од употреба: – Почекајте додека трепкањето не престане автоматски по некое време, пред повторно да го вклучите електричниот алат. При вметнување на батеријата(9) и при притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување(10), приказот за наполнетост на батеријата го покажува статусот на наполнетост на батеријата за 5секунди. Приказ за наполнетост на
Зелено 60–100% Жолто 30–60% Црвено 0–30% Напомени за оптимално користење на
Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.
u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. Работна околина и складирање Електричниот алат е исклучиво наменет за употреба во затворени простории. За беспрекорна работа, дозволената околна температура треба да биде меѓу 0 °C и +45 °C, при дозволена релативна влажност на воздухот меѓу 20 и 95 % без кондензација. Уред за закачување (види слика A) Со држачот за закачување (15) може да го прицврстите електричниот алат на уред за закачување. – Поставете го држачот за закачување (15) на електричниот алат и нека се вклопи во процепот (16). Во зависност од тежиштето на електричниот алат, може да ги искористите предните или задните отвори. u Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за закачување и куките на држачот за закачување. Подесување на работното светло (види слика
– Притиснете го прстенот за обележување (17) со тенок одвртувач, шпатула или слично. – Притиснете го сигурносниот прстен (18) со клешти за сигурносен прстен наназад на телото на куќиштето. Двете половини на телото на LED-држачот (12), кои го опфаќаат работното светло (13), сега може да се постават во која било сакана позиција. – Внимавајте на тоа, да не го оштетите кабелот на работното светло и вметнете го, без да го виткате, во предвидената шуплина (19) во телото на куќиштето. – Повторно опфатете го работното светло (13) со двете тела на куќиштето на LED-држачот (12). – Повторно притиснете го назад сигурносниот прстен (18) и прстенот за обележување (17) во првобитната
Bosch Power Tools 1 609 92A 9SN | (06.08.2024)220 | Македонски Монтирање на аголната глава на одвртувачот (видисликаC) Важи за следните типови: ANGLE EXACT ION 30-300 | 40-220 | 50-210 | 60-120 Кај овие индустриски батериски аголни одвртувачи најпрво мора да се монтира соодветна аголна глава на одвртувачот(види „Технички податоци“, Страница217). – Држете го цврсто електричниот алат со вилушкаст клуч(21) на површината на клучот(5) на прирабницата на аголната глава. u Никогаш не го затегнувајте електричниот алат на телото на куќиштето. – Поставете ја аголната глава на одвртувачот(3) во саканата позиција на прирабницата и со вилушкастиот клуч(20) цврсто завртете ја преклопната навртка на површината на клучот(4). Притоа, со вилушкастиот клуч (21) држете наспроти прирабницата на аголната глава. Подесување на аголната глава на одвртувачот Аголната глава на одвртувачот (3) може да ја подесите во вкупно осум позиции. – Држете го цврсто електричниот алат со вилушкаст клуч (21) на површината на клучот (5) на прирабницата на аголната глава. u Никогаш не го затегнувајте електричниот алат на телото на куќиштето. – Со вилушкаст клуч (20) олабавете ја преклопната навртка на површината на клучот (4). Поставете ја аголната глава на одвртувачот (3) за околу 45° во саканата позиција, и со вилушкастиот клуч (20) повторно затегнете ја преклопната навртка на површината на клучот (4). Притоа, со вилушкастиот клуч (21) држете наспроти прирабницата на аголната глава. Подесување и отстранување на аголната глава на одвртувачот (види слика D) Важи за следните типови: ANGLE EXACT ION 30-300 | 40-220 | 50-210 | 60-120 Аголната глава на одвртувачот (3) со прифат за алат (2) може да се подеси бесстепено за 360°. – Олабавете ја контра-навртката (22), при што со соодветен алат ќе ја закачите во отворот и ќе вртите во правец на стрелката a (лев навој). – Фиксирајте ја аголната глава на одвртувачот (3) во оваа позиција, при што ќе ја свртите контра-навртката (22) во правец на стрелката c наспроти аголната глава на одвртувачот. Повторно зацврстете ја контра- навртката (22) со затезен момент од макс. 50Nm. – Вртете ја аголната глава на одвртувачот (3) во правец на стрелката b, додека не го постигнете саканиот агол на работа, најмногу за 360°. Аголната глава на одвртувачот (3) исто така може комплетно да се отстрани, доколку го замените прстенот за обележување (17) со прстен за обележување во друга боја или доколку сакате да го подесите работното светло. Најпрво подесете го работното светло во саканата позиција (види „Подесување на работното светло (види слика B)“, Страница219), пред да ја прилагодите аголната глава на одвртувачот. – Олабавете ја контра-навртката (22), при што со соодветен алат ќе ја закачите во отвор и ќе вртите во правец на стрелката a (лев навој). Свртете ја аголната глава на одвртувачот (3) во правец на стрелката b, додека не може да се отстрани. Свртете ја контра- навртката (22) во правец на стрелка a од куќиштето на моторот (23). Сега може да го замените прстенот за обележување или да го подесите работното светло. – Свртете ја контра-навртката (22) во правец на стрелката c на куќиштето од моторот (23) и повторно завртете ја аголната глава на одвртувачот спроти правецот на стрелката b. – Фиксирајте ја аголната глава на одвртувачот, така што ќе ја свртите контра-навртката (22) во правец на стрелката c. – Повторно зацврстете ја контра-навртката (22) со затезен момент од околу 50Nm. Конфигурација на електричниот алат Со помош на софтверот BOSCH EXACT Configurator од верзија 5.2 и понова, на електричниот алат може да се конфигурираат различни поставки (на пр. број на вртежи, степени на завртување, заштита од рестартирање). Тогаш електричниот алат мора да се поврзе преку USB-интерфејс со PC. Користете USB-
USB2.0ТипA/Micro-USB2.0ТипB – Двојно заштитен – Макс. должина 1m При конфигурирање преку USB-интерфејс, може да се појават радио пречки надвор од индустриското опкружување. u Притоа внимавајте на сите безбедносни напомени и инструкции во упатството за употреба на софтверот. Замена на алатот кај завртка со надворешна четириаголна глава (види слика E) Ставање на алатот за вметнување – Притиснете ја навнатре чивијата на четириаголната глава на прифатот за алат (2), на пр. со помош на мал одвртувач и вметнете го алатот за вметнување (1) над четириаголната глава. Внимавајте чивијата точно да влезе во отворот на алатот за вметнување. Вадење на алатот за вметнување – Притиснете ја навнатре чивијата во отворот на алатот што се вметнува (1) и извлечете го алатот за вметнување од прифатот за алат (2). 1 609 92A 9SN | (06.08.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 221 Замена на алатот кај завртка со внатрешна четириаголна глава (види слика F) Ставање на алатот за вметнување – Вметнете го алатот за вметнување (1) во внатрешната шестаголната глава на алатот за прифат (2), додека не
Вадење на алатот за вметнување – Извлечете го алатот за вметнување (1) од алатот за прифат (2), доколку е потребно со помош на клешти. Замена на алатот кај завртка со брзозатегнувачката глава (види слика G) Ставање на алатот за вметнување Користете само алати за вметнување со соодветен крај за вметнување (1/4"-шестаголна глава). – Извлечете ја чаурата на брзозатегнувачката глава (24)
– Ставете во алатот за вметнување (1) во прифатот за алат (2) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката
Вадење на алатот за вметнување – Извлечете ја чаурата на брзозатегнувачката глава (24)
– Извадете го алатот за вметнување (1) од прифатот за алат (2) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката
Доколку сакате да го стартувате електричниот алат, најпрво треба да го подесите правецот на вртење со прекинувачот за правец на вртење (11): Електричниот алат ќе стартува, доколку прекинувачот за правец на вртење (11) не стои во средината (блокада при вклучување). Подесување на правецот на вртење (види слика H) – Десен тек: За дупчење и завртување притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (11) на лево до крај. – Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (11) на десно до крај. Подесување на вртежниот момент (видисликаI) Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент како во десен, така и во лев тек. За подесување на индивидуалниот вртежен момент, користете го само алатот за поставување(25) што е испорачан со уредот. – Турнете го лизгачот(6) од електричниот алат целосно
Важи за следните типови: ANGLE EXACT ION 30-300 | 40-220 | 50-210 | 60-120 – Вметнете клуч со внатрешна шестаголна глава(26) во алатот за вметнување(25) и свртете го полека. – Веднаш штом забележите мала испакнатина (плочка за подесување(27)) на спојката, вметнете го алатот за поставување(25) во оваа испакнатина и свртете го. Важи за следните типови: ANGLE EXACT ION 30-300 | 40-220 | 50-210 | 60-120 – Полека свртете го прифатот за алат со вилушкаст клуч (2). – Веднаш штом забележите мала испакнатина (плочка за подесување(27)) на спојката, вметнете го алатот за поставување(25) во оваа испакнатина и свртете го. Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен од стрелките на часовникот создава помал вртежен
– Извадете го алатот за поставување(25). Турнете го лизгачот (6) повторно нанапред, за да ја заштитите спојката од нечистотија. Напомена: Потребната поставка зависи од видот на сврзувањето и најдобро може да се одреди со практичен обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен
u Вртежниот момент поставете го само во наведените граници на јачина, инаку нема да одговара на спојката за исклучување. u Редовно проверувајте го вртежниот момент на прицврстувачот и повторно прилагодете ја спојката за исклучување доколку е потребно. Означување на поставката на вртежен момент (видисликаK) Секогаш користете го електричниот алат со прстен за обележување, за да бидете сигурни дека куќиштето е заштитено од прав и нечистотија. Важи за следните типови:
ANGLEEXACTION30-300|40-220|50-210|60-120
Кај овие индустриски батериски аголни одвртувачи најпрво мора да се монтира соодветна аголна глава на одвртувач, (види „Подесување и отстранување на аголната глава на одвртувачот (види слика D)“, Страница220). Сега може да го обележите вртежниот момент, како што е опишано подолу. Важи за следните типови:
ANGLEEXACTION8-1100|3-500|15-500
За обележување на индивидуално подесен вртежен момент, прстенот за обележување(17) може да го замените со прстен за обележување во друга боја. – Притиснете го прстенот за обележување (17) со тенок одвртувач, шпатула или слично. Bosch Power Tools 1 609 92A 9SN | (06.08.2024)222 | Македонски Вклучување/исклучување Одвртувачите имаат спојка за исклучување која зависи од вртежниот момент и се подесува во дадените граници. Таа реагира доколку се постигне подесениот вртежен момент. – За вклучување на електричниот алат, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(10)
– Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се постигне подесениот вртежен момент. u При предвремено отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување(10) претходно подесениот вртежен момент нема да се постигне. u Редовно проверувајте го вртежниот момент на прицврстувачот и повторно прилагодете ја спојката за исклучување доколку е потребно. Вклучување на работното светло Работното светло (13) овозможува осветлување на местото на завртување при неповолни светлосни услови. Работното светло го вклучувате (13) со лесно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување (10). Доколку го притиснете посилно прекинувачот за вклучување/исклучување, ќе се вклучи електричниот алат, а работното светло и понатаму свети. u Не гледајте директно во него, може да ве заслепи. Совети при работењето u Електричниот алат ставете го на навртката/ завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат. Приказ за завртувања (зелена/црвена LED светилка) Со постигнување на претходно поставениот вртежен момент, спојката за исклучување се отпушта. LED- приказот (7) свети зелено. Доколку претходно поставениот вртежен момент не се постигне, LED-приказот (7) свети црвено и се слуша звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се изведе уште еднаш. Заштита од рестартирање Доколку при завртувањето на спојниците се активира спојката за исклучување, моторот се исклучува. Повторното вклучување е возможно дури по 0,7 секунди пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување на веќе фиксираните спојници. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Подмачкување на електричниот алат средство за подмачкување: Специјална маст за погони (225 ml) Број на дел/артикл 3 605 430 009 Моликотна маст Моторно масло SAE 10/SAE 20 – По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со растворувач. Следете ги напомените на производителот на растворувачот за користење и фрлање. На крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по околу 300 работни часа од првото чистење. – Подмачкајте ги подвижните делови на спојката за исклучување по 100000 завртувања со неколку капки моторно масло SAE 10/SAE 20. Подмачкајте ги лизгачките делови и оние што се тркалаат со моликотна маст. Проверете дали е изабена спојката, за да се осигурате дека нема да влијае на повторливоста и прецизноста. На крај, мора одново да се постави вртежниот момент на спојката. u Одржувањето и поправката треба да се изведуваат само од страна на квалификуван стручен персонал. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат. Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги извршува брзо и сигурно. u Средствата за подмачкување и чистење отстранете ги на еколошки прифатлив начин. Внимавајте на законските прописи. u Проверете го електричниот алат за оштетување и абење најдоцна на секои 100000 завртувања и проверете ги сите функции. Потоа повторно поставете го вртежниот момент на спојката. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје 1 609 92A 9SN | (06.08.2024) Bosch Power ToolsSrpski | 223 Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат
Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Електричните алати кои повеќе не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/ батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање. Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Индустриски
Notice-Facile