BOSCH GLL 315 X Professional - Ласерски покажувач

GLL 315 X Professional - Ласерски покажувач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLL 315 X Professional BOSCH во PDF формат.

📄 84 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH GLL 315 X Professional - page 59
Погледни прирачник : Français FR English EN Español ES Қазақша KK Македонски MK Português PT Русский RU Türkçe TR Українська UK
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLL 315 X Professional

Категорија : Ласерски покажувач

Преземете ги упатствата за вашиот Ласерски покажувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLL 315 X Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLL 315 X Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLL 315 X Professional BOSCH

Безбедносни напомени Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД. u Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење. u Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна). u Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите

u Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак. u Не правете промени на ласерскиот уред.u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат 1 609 92A 4HL | (27.11.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 59 целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето

u Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред. u Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица. u Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Не ги принесувајте мерниот уред и магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Преку магнетите на мерниот уред и опремата се произведува поле, коешто може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди. u Држете ги мерниот уред и магнетната опрема подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетите од мерниот уред и опремата може да дојде до неповратни загуби на податоците. Опис на производот и перформансите Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии, како и точки на вертикалата. Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен

Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница. (1) Излезен отвор за ласерскиот зрак (2) Фиксирање на капакот од преградата за батерии (3) Капак на преградата за батерии (4) Сериски број (5) Натпис за предупредување на ласерот (6) Жлебови за прицврстување на мерниот уред (7) Прекинувач за вклучување/исклучување (8) Либела на ротирачката платформа (9) Прифат на стативот 5/8" на ротирачката

(10) Завртка за подесување на висината на ротирачката платформа (11) Завртка за фино подесување на ротирачката

(12) Ротирачка платформа (13) Жлебови за прицврстување на ротирачката

(20) Ласерски заштитни очила

(22) Ласерска целна табла

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Линиски ласер GLL 3-15 X Број на дел 3 601 K63 E.. Работно поле

– Ласерски линии 15m – Точка на вертикалата 5m Точност при нивелирање на ласерски линии B)C)D) ±0,2mm/m Типично поле на самонивелирање ±3° Типично време на

Отстапување – Ласерска линија 1,5mrad – Точка на вертикалата 1,5mrad Прифат за стативот

5/8" Bosch Power Tools 1 609 92A 4HL | (27.11.2020)60 | Македонски Линиски ласер GLL 3-15 X Батерии 4×1,5V LR6(AA) Времетраење на работа околу

– Со 1 ласерска линија 24h – Со 2 ласерски линии 14h – Со 3 ласерски линии 10h Тежина согласно EPTA‑Procedure01:2014 0,54kg Димензии (должина× ширина× висина) – Без ротирачка платформа 122× 83× 129mm – Со ротирачка платформа Ø151× 203mm Вид на заштита (освен преградата за батерии) IP54 (заштита од прав и прскање на вода) A) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви

кај 20–25°C D) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста. E) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација. F) достапно само во комбинација со ротирачка платформа Серискиот број (4) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.

Ставање/менување на батерии За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии. За да го отворите капакот од преградата за батерии(3) притиснете на механизмот за заклучување(2) и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии. Ако трепка приказот за статус(15), тогаш морате да ги промените батериите. Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет. u Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање во мерниот уред, батериите може да кородираат и да се

Работење со ротирачка платформа (видисликаA) Со помош на ротирачката платформа(12) можете да го вртите мерниот уред за 360° околу централната и секогаш видливата точка на вертикалата. Со тоа точно се поставуваат ласерските линии, без да ја промените позицијата на мерниот уред. Поставете го мерниот уред на ротирачката платформа(12), така што жлебовите за прицврстување(13) на ротирачката платформа ќе се вклопат во соодветните жлебови за прицврстување(6) на долната страна на мерниот уред. Вртете го мерниот уред во правец на стрелките на часовникот, за да се блокира на ротирачката платформа. Одвртете ги ногарките на ротирачката платформа(12) со завртки за подесување на висината(10). Грубо израмнете ја ротирачката платформа со помош на либела(8). Ако мерниот уред е монтиран на ротирачката платформа(12) тогаш можете точно да ги израмните вертикалните ласерски линии на референтните точки со завртка за фино подесување(11).

Ставање во употреба u Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци. u Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница61). При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се

u Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница61). u Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења. Вклучување/исклучување За вклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(7) во позиција „ On“ (за работење со осцилаторна блокада) или во позиција „ On“ (за работење со автоматика за нивелирање). Приказот за статус(15) светнува. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред испраќа хоризонтална ласерска линија од предниот излезен отвор(1). u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост. 1 609 92A 4HL | (27.11.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 61 За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(7) во позиција „Off“. Приказот за статус(15) се губи. При исклучување, осцилирачката единица се блокира. u Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак. При надминување на највисоката дозволена работна температура од 45°C се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се

Деактивирање на автоматиката за исклучување Мерниот уред автоматски се исклучува по 30min работа. За да ја деактивирате автоматиката за исклучување, при вклучувањето на мерниот уред задржете го копчето за вертикален режим(16) или копчето за хоризонтален режим(17) притиснато 3s. Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските зраци кратко трепкаат по 3s. За да го активирате автоматското исклучување, исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го (без притиснато копче). Начини на работа Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое време. Хоризонталниот и вертикалниот режим може да бидат вклучувани и исклучувани независно еден од друг. По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во хоризонтален режим. Сите начини на работа може да се изберат со автоматика за нивелирање како и со осцилаторна блокада. Хоризонтален режим(видсликаB) Во хоризонталниот режим мерниот уред испраќа хоризонтална ласерска линија нанапред. За да ја вклучите одн. исклучите хоризонталната ласерска линија, притиснете го копчето за хоризонтален режим(17). Вертикален режим и точка на вертикала (видисликиC–D) Мерниот уред располага со два вертикални режими на

– вертикална ласерска линија нанапред, – вертикална ласерска линија нанапред и кон десната

Дополнително во вертикалниот режим секогаш се проектира точка на вертикала надолу. За вклучување/исклучување на вертикалниот начин на работа, како и за промена на вертикалниот начин на работа притискајте го копчето за вертикален режим(16) додека не се појави посакуваниот начин на работа. Автоматика за нивелирање Работење со автоматика за нивелирање Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога или прицврстете го на ротирачката платформа(12). За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) во позиција „ On“. Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±3°. Нивелирањето е завршено штом ласерските линии не се движат повеќе. Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од3° од хоризонталата, ласерските зраци трепкаат брзо. Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±3° ласерските зраци светат непрекинато. При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на ласерските зраци во однос на референтните точки, за да се избегнат грешките при поместување. Работа со осцилаторна блокада За работење со осцилаторна блокада, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(7) во позиција „ On“. Приказот осцилаторна блокада(14) свети црвено и ласерските линии непрекинато трепкаат во бавен такт. При работа со осцилаторна блокада автоматиката за нивелирање е исклучена. Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерските зраци повеќе не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга. Контрола на точноста на мерниот уред Влијанија на точноста Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак. Бидејќи топлинското раслојување е најголемо во близина на подот, доколку е возможно монтирајте го мерниот уред на статив и поставете го во средината на работната

Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето. Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска линија. Bosch Power Tools 1 609 92A 4HL | (27.11.2020)62 | Македонски Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максималното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch. Проверка на точноста на висината на хоризонталната

За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5m на цврста подлога помеѓу два ѕида A иB. – Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на ротирачка платформа(12) одн. на статив(24), или поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред во режим со автоматика за нивелирање. Вклучете го хоризонталниот режим како и вертикалниот режим со вертикална ласерска линија

5 m – Насочете го ласерот во близина на ѕидот A и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на ѕидот (точка Ⅰ). 180°

– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот ѕид B (точка Ⅱ). – Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се

– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно ќе ја погоди претходно означената точка Ⅱ на ѕидот B.

– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на ѕидот A, така што вертикалната ласерска линија проаѓа низ веќе означената точка Ⅰ. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на ѕидот A (точка Ⅲ). – Разликата d на двете означени точки Ⅰ и Ⅲ на ѕидот A го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред. На мерна линија од 2×5m=10m максималното дозволено отстапување изнесува: 10m×±0,2mm/m=±2mm. Разликата d меѓу точкитеⅠ и Ⅲ смее да изнесува најмногу 2mm. Проверка на точноста на нивелирање на хоризонталната линија За проверка, потребна ви е слободна површина од околу 5×5m. – Монтирајте го мерниот уред во средина меѓу ѕидовите A и B на ротирачка платформа(12) одн. на статив(24), или поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го мерниот уред во режим со автоматика за нивелирање. Вклучете го хоризонталниот режим и оставете мерниот уред да се

– На 2,5m растојание од мерниот уред, на двата ѕидаозначете ја средината на ласерската линија (точкаⅠ наѕидотA и точкаⅡ на ѕидотB). 2,5 m 5,0 m 2,5 m

– Поставете го мерниот уред, свртен за 180° на 5mрастојание и оставете го да се нивелира.– Поставете го мерниот уред по висина (со помош настативот или евентуално со подлогата), така штосредината на ласерските линии точно ќе ја погодипретходно означената точкаⅡ на ѕидотB.– На ѕидот A обележете ја средината на ласерскаталинија како точкаⅢ (вертикално над или подточкатаⅠ). – Разликата d на двете означени точкиⅠ и Ⅲ на ѕидотA го дава фактичкото отстапување на мерниот уред одхоризонталата.На мерна линија од 2×5m=10m го дава максималнотодозволено отстапување: 10m×±0,2mm/m=±2mm. Разликата d меѓу точкитеⅠ и Ⅲ смее да изнесува најмногу 2mm.Проверка на точноста на нивелирањето навертикалната линијаЗа контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (нацврста подлога) на секоја страна од вратата има место однајмалку 2,5 m.– Поставете го мерниот уред на 2,5m растојание одотворот на вратата на цврста, рамна подлога (не наротирачка платформа(12) или статив). Вклучете гомерниот уред во режим со автоматика за нивелирање.Вклучете го вертикалниот режим со вертикалналасерска линија и израмнете ја кон отворот на вратата.Оставете го мерниот уред да се нивелира. 2,5 m2,5 m – Означете ја средината на вертикалната ласерскалинија на подот од отворот на вратата (точка Ⅰ), на 5 mрастојание од другата страна на отворот од вратата(точка Ⅱ), како и на горниот раб на вратата од отворот(точка Ⅲ). 2 m

– Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го надругата страна на отворот на вратата директно задточката Ⅱ. Оставете го мерниот уред да се нивелира инасочете ја вертикалната ласерска линија така штонејзината средина ќе поминува точно низ точките Ⅰ и Ⅱ.– Обележете ја средината на ласерската линија нагорниот раб на отворот на вратата како точка Ⅳ. – Разликата d на двете означени точки Ⅲ и Ⅳ го дава фактичкото отстапување на мерниот уред одвертикалните линии.– Измерете ја висината на отворот од вратата.Максималното дозволено отстапување го пресметуватена следниот начин:двојна висина на отворот на вратата ×0,2mm/mПример: При висина на отворот на вратата од 2mмаксималното отстапување смее да изнесува Bosch Power Tools 1 609 92A 4HL | (27.11.2020)64 | Македонски 2×2m×±0,2mm/m=±0,8mm. ТочкитеⅢ и Ⅳ смеат да лежат најмногу 0,8mm една од друга. Совети при работењето u За обележување користете ја секогаш средината на ласерската точка одн. ласерската линија. Големината на ласерската точка одн. ширината на ласерската линија се менува согласно растојанието. Работење со целна табла за ласерот Целната табла за ласерот (22) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија. Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот(22) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на

Работење со статив (опрема) (видисликаF) Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. За монтажа на мерниот уред на статив поставете го мерниот уред на ротирачката платформа(12). Монтажа на 5/8"-статив: Поставете ја ротирачката платформа со 5/8"-прифат на стативот(9) на навојот на 5/8"-статив(24) или на обичен градежен статив. Зацврстете ја ротирачката платформа со завртка за фиксирање на стативот. Монтажа на 1/4"-статив (види сликаF): Навртете го адаптерот за стативот(18) (опрема) во 5/8"-прифат на стативот(9) на ротирачката платформа. Поставете го адаптерот за стативот со 1/4"-прифат на стативот на навојот на 1/4"-статив(19) или на обичен фото статив. Зацврстете го адаптерот за стативот со завртка за фиксирање на стативот. Грубо центрирајте го стативот, пред да го вклучите мерниот уред. Ласерски заштитни очила (опрема) Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење. u Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето

Примери за работа (види слики B–E) Примери за можностите на примена на мерниот уред ќе најдете на графичките страници. Одржување и сервис Одржување и чистење Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред. Не го потопувајте мерниот уред во вода или други

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори. Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата. Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во заштитната чанта (23). Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната ташна (23). Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете