GCO 2014 Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCO 2014 Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GCO 2014 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCO 2014 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCO 2014 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCO 2014 Professional BOSCH
Македонски ...... Страна 157
Srpski....Strana 164
Slovensko .... Stran 170
Hrvatski.... Stranica 176
Eesti Lehekülg 182
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за електричните апарати
ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ При користењето на електрични уреди треба да
внимавате на следниве сигурносни мерки за заштита од електричен удар, опасност од повреда и пожар.
Прочитајте ги овие напомени, пред да почнете да го користите електричниот апарат и добро чувајте ги безбедносните напомени.
Поимот „електричен апарат„ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескрейн.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај на смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приключокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е ислучен електричниот апарат, пред да го приключите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приключиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
▶ Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој одделовите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
▶ Ивегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин їе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широко облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно








158 | Македонски
се приключени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
▶ Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
▶ Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
▶ Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреći својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за брусилки за сечење со брусни плочи
▶ Не ставајте ништо на електричниот апарат. Може да настанат сериозни повреди, доколку електричниот апарат се преврти или доколку случајно дојдете во контакт со брусната плоча за сечење.
▶ Секогаш користете ја заштитната хауба. Заштитната хауба го штити корисникот од скршените делови на брусната плоча за сечење и од невнимателно допирање на истата.
▶ Проверете дали заштитната хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Никогаш не ја блокирајте заштитната хауба во отворена состојба.
▶ Користете го електричниот апарат само за сечење во суви материјали. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Држете го струјниот кабел подалеку од алатите што се вметнуваат. Струјниот кабел може да се пресече или да се зафати.
▶ Одржувајте ги дршките суви, чисти и не ги замастувајте. Замастените дршки се лизгаат и може да доведат до губење на контролата.
▶ Никогаш не ги отстранувајте остатоците од сечењето, металните струготини и сл. од полето за сечење, додека е включен електричниот уред.
Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на мирување и потоа исключете го електричниот апарат.
▶ Брусната плоча за сечење водете ја кон делот што се обработува само доколку е вклучена. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку брусната плоча за сечење се заглави во делот што се обработува.
Користете го електричниот уред само доколку на работната површина до делот што се обработува нема алати за подесување, метални струготини итн. Малите метални парчиња или другите предмети, кои доајаат во контакт со брусната плоча за сечење, може да летнат кон корисникот со голема брзина.
▶ Секогаш зацврствувајте го добро делот што се обработува. Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат. Растојанието од вашата дланка до ротирачката брусна плоча за сечење така би било премало.
Доколку брусната плоча за сечење се заглави, исключете го електричниот апарат и почекајте додека брусната плоча за сечење не дојде целосно во состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш, брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите од резот, бидејки може да настане повратен удар. Откријте ја причината за заглавување и преземете ги соодветните мерки.
▶ По ислучувањето не ја закочувајте брусната плоча за сечење со странично притискање. Брусната плоча за сечење може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
▶ Не ја туркајте брусната пола за сечење со сила во делот што се обработува или не употребувајте преголем притисок при употребата на електричниот апарат. Избегнувајте го заглавувањето на брусната плача за сечење кога работите во кошеви, остри рабови итн. Доколку се оштети брусната плача за сечење поради неправилна употреба, може да се
Македонски | 159
создадат пукнатини, и ова да доведе до пукање на брусната плоча за сечење без предупредување.
▶ Носете работна престилка. Внимавајте на тоа, да нема лица во близина на искрите што летаат. Отстранете ги запаливите материјали што се во близина. При брусењето на материјали настанува опасност од искрите што летаат.
▶ Користете брусилката за сечење со брусни плочи само за материјали, кои се соодветно наменети за таа употреба. Инаку брусилката за сечење со брусни плочи може да се преоптовари.
▶ Не користете оштетени, нетркалезни или брусни плочи за сечење што вибрираат. Оштетените брусни плочи за сечење предизвигуваат зголемено триење, заглавување на брусната плоча за сечење и повратен удар.
▶ Секогаш користете брусни плочи за сечење со правилна големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр. ромбоиден или тркалезен).
Брусните плочи за сечење, што не одговараат на монтажните делови на брусилката за сечење со брусни плочи, нема да сечат рамно и може да доведат до губење на контролата.
▶ Не користете синцирести или запчести листови за пила. Таквите алати за вметнување честопати предизвикуваат повратен удар или губење на контролата над електричниот апарат.
▶ Придржувајте се кон упатството за употреба на производителот на брусилката за сечење со брусни плочи во врска со монтажата и користењето на брусната плоча за сечење. Несоодветните брусни плочи за сечење може да предизвикаат повреди како и блокирање, кршење или повратен удар.
He корстете прибор што не е специјално предвиден и препорачан од производителот на овој електричен апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба, само заради фактот дека приборот може да се прицврсти на вашиот електричен апарат.
▶ Не ја факајте брусната плоча за сечење по работата, додека не се опади. Брусната плоча за сечење за време на работата се вжештува.
▶ Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е оштетен смее да го поправи само овластената сервисна служба за електрични апарати на Bosch. Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете го. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
▶ Добро чувајте го неискористениот електричен апарат. Местото на складирање мора да биде суво и затворено. Ова го спречува оштетувањето на електричниот уред за време на складирањето или тој да биде ракуван од страна на неискусни лица.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Не го оставајте настрана апаратот доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните апарати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди.
▶ Електричниот апарат не го користете доколку кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку кабелот се оштети за време на работењето.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат.
Ознака Значење

▶ Не посегнувајте со дланките во полето на сечење со брусни плочи, додека работи електричниот уред. Доколку дојдете во контакт со брусната плоча за сечење, постои опасност од повреда.

▶ Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

▶ Носете заштитни очила.

▶ Носете маска за заштита од прав.

▶ Носете заштитни ракавици.
Опис на производот и мокноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат, како фиксиран уред, е наменет за изведување на агли со косо сечење 45° со помош на










160 | Македонски
должински и напречни резови со брусната плоча за сечење со прав тек на резот во метални материјали без користење на вода.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
2 Прекинувач за включување/исклучување
3 Дршка
4 Заштитна хауба со повратен механизмам
5 Блокада за вретеното
6 Брусна плоча за сечење
7 Аголен граничник
8 Вретено за фиксирање
9 Брзо отклучување
10 Дршка за вретеното
11 Отвори за монтажа
12 Внатрешен шестаголен клуч (8 mm)
13 Основна плоча
14 Шраф за фиксирање за аголниот граничник
15 Транспортен осигурувач
16 Рачка на апаратот
17 Транспортна дршка
18 Заштитна хауба
19 Плех за заштита од искри
20 Вретено на алатот
21 Стезна прирабница
22 Подлошка
23 Шестаголен шраф
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 61029-2-10.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 100,5 dB(A); ниво на звучна јачина 113,5 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 61029-2-10: a_h=2,5 m/s^2, K=1,5 m/s^2 .
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 61029 и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да
отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Технички податоци
| Брусилка за сечење со брусни плочи | GCO 20-14 | |
| Број на дел/артикл | 3 601 M38 1.. | |
| Номинална јачина | W 2000 | |
| Број на празни вртежи | min ^-1 | 3800 |
| Тежина согласно | ||
| EPTA-Procedure 01:2014 | кг 17,0 | |
| Класа на заштита | ☐/II | |
Дозволени димензии за делот што се обработува (максимални/минимални) види страна 163.
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Димензии за соодветни брусни плочи за сечење
| макс. дијаметар на брусните плочи за сечење мм 355 | ||
| макс. дебелина на брусните плочи за сечење | мм | 3 |
| Дијаметар на отворот | мм 25,4 | |
Монтажа
▶ Избегнувајте невнимателно вклучување на електричниот апарат. За време на монтажата и при сите интервенции на електричниот апарат, струјниот приключок не смее да се приклучува на напојување на струја.
Обем на испорака
Внимателно извадете ги сите испорачани делови од амбалажата.
Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од испорачаната опрема.
Пред првата употреба на електричниот апарат, дали сите долу наведени делови се испорачани:
- Брусилка со монтирана брусна плоча за сечење - Внатрешен шестаголен клуч 12
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што








Македонски | 161
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат, и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.
Фиксна или флексибилна монтажа
▶ За да се овозможи безбедно ракување, електричниот апарат мора да се монтира пред употребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).
- Зацврстете го електричниот апарат со соодветни шрафови на работната површина. За тоа служат отворите 11.
Флексибилна инсталација (не се препорачува!)
Доколку, во поединечни случаи, не е возможно електричниот апарат да се монтира цврсто на работна површина, може да ги монтирате ногарките на основната плоча 13 на соодветна подлога (на пр. работа клупа, рамен под), без да го зацврстувате електричниот апарат.
Замена на алатот (види слики B1-B2)
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Активирајте ја блокадата на вретеното 5 само доколку вретеното на алатот 20 е во состојба на мирување. Инаку електричниот апарат може да се оштети.
▶ Не ја факајте брусната плоча за сечење по работата, додека не се опади. Брусната плоча за сечење за време на работата се вжештува.
Употребувајте само брусни плочи за сечење, чија максимално дозволена брзина е иста или повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен апарат.
Користете само брусни плочи за сечење, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 12413 и се соодветно означени.
Неискористените брусни плочи за сечење ставете ги во затворен контејнер или оригиналното пакување.
Складирајте ја брусната плоча за сечење во лежечка положба.
Демонтирање на брусната плоча за сечење
- Подесете го електричниот апарат во работна позиција. (види „Отклучување на електричниот апарат (работна позиција)“, страна 161)
- Навалете ја заштитната хауба со повратен механизмам 4 до крај наназад.
-
Свртете ја завртката со шестаголна глава 23 со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава 12 и истовремено притиснете ја блокадата на вретеното 5, додека не се вклопи.
-
Држете ја притисната блокадата на вретеното и одвртете го шестаголниот шраф 23.
– Извадете ја подлошката 22 и стезната прирабница 21. - Извадете ја брусната плоча за сечење 6.
Монтирање на брусната плоча за сечење
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
- Новата брусна плоча за сечење ставете ја во вратилото на алатот 20, така што налепницата ње покажува настрана од рачката на апаратот.
- Поставете ја прирабницата за затегање 21, подлошката 22 и шестаголната завртка 23. Притиснете ја блокадата на вретеното 5 додека не се вклопи и повторно зацврстете ја завртката со шестаголна глава 23 во правец на стрелките на часовникот. (вртежен момент на затегање. 18–20 Nm)
- Полека водете ја надолу заштитната хауба со повратен механизмам 4 додека брусната плоча за сечење целосно не се покрие.
– Осигурете се дека заштитната хауба со повратен механизмам 4 правилно функционира.
По монтажата на брусната плоча за сечење, пред вклучувањето, проверете дали брусната плоча за сечење е точно монтирана и дали може слободно да се врти.
– Осигур ете се дека брусната плоча за сечење нема да стрчи на заштитната хауба со повратен механизмам 4, на фиксираната заштитна хауба 18 или на другите делови.
- Активирајте го електричниот апарат за околу 30 секунди.
Доколку се појават значителни вибрации, веднаш исключете го електричниот апарат и одново демонтрајте ја и монтирајте ја брусната плоча за сечење.
Употреба
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Транспортниот осигурувач 15 Ви овозможува лесно ракување на електричниот апарат при транспорт на различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат (работна позиција)
- Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 3 надолу, за да го отключите транспортниот осигурувач 15.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот осигурувач на надвор 15. - Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Напомена: При работењето внимавајте на тоа, транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре, инаку рачката на апаратот нема да може да се навали на саканата длабочина.









162 | Македонски
Прицврстување на електричниот апарат (позиција за транспорт)
– Водете ја рачката на апаратот надолу додека транспортниот осигурувач 15 може да се притисне навнатре.
Другите напомени за транспорт видете ги на страна 163.
Подесување на закосениот агол (види слика D)
Аголот на косо сечење може да се постави во граници од 0° до 45°.
Важните вредности за подесување се означени со соодветните ознаки на аголниот граничник 7. Позициите 0° и 45° се утврдуваат со помош на крајниот граничник.
- Олабавете ги завртките за фиксирање 14 на аголниот граничник со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава 12(8 mm).
– Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги двата шрафа за фиксирање 14.
Поместување на аголниот граничник (види слики D и E)
Можете да го преместите аголниот граничник 7 наназад.
- Целосно одвртете ги завртките за фиксирање 14 со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава 12 (8 mm).
- Поместете го аголниот граничник 7 на саканото растојание за една или две дупки наназад.
– Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги двата шрафа за фиксирање 14.
Прицврстување на делот што се обработува (види слика E)
За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот што се обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат.
Долгите делови што се обработуваат морада се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
- Ставете го делот што се обработува на аголниот граничник 7.
- Лостот за фиксирање 8 ставете го на делот што се обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката на вретеното 10.
Олабавување на делот што се обработува
- Олабавете ја рачката на вретеното 10.
- Отворете го делот за брзо отклучување 9 и извлечете го вретеното за фиксирање 8 од делот што се обработува.
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
▶ Пред употребата проверете ги брусните плочи за сечење. Брусната плоча за сечење мора да биде монтирана беспрекорно и да може слободно да се
врти. Направете проба од најмалку 30 секунди, без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или брусни плочи за сечење што вибрираат.
Оштетените брусни плочи за сечење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Правта од материјалите како на пр. боја што содржи олово, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички на метал важат како опасни, особено во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Брусната плоча за сечење може да се блокира поради прав, струготини или скршени делови на делот што се обработува во отворот на основната плоча 13.
– Исключете го електричниот уред и извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
– Почекај те додека брусната плоча за сечење цело сно не дојде во состојба на мирување.
– Навалете го електричниот апарат наназад, за да можат ситните делови на парчето што се обработува да паднат надвор од отворот предвиден за тоа. Ев. употребете соодветен алат, за да ги отстраните сите делови од парчето што се обработува.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
▶ Не се поставувајте во една линија со брусната плоча за сечење пред електричниот апарат, туку секогаш бидете странично од брусната плоча за сечење. На тој начин Вашето тело ће биде подобро заштитено од можните скршени парчиња во случај на кршење на брусната плоча за сечење.
Вклучување и исклучување (види слика G)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
- За ставање во употреба најпрво притиснете ја блокадата при вклучување 1.
На крај притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2 и држете го притиснат.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за включување/исклучување 2 нема да се блокира, туку за време на работата постојано мора да биде притиснат.
- За Исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2.








Македонски | 163
Совети при работењето
Општи напомени за сечење со брусни плочи
▶ Не ја факајте брусната плоча за сечење по работата, додека не се опади. Брусната плоча за сечење за време на работата се вжештува.
- Осигурете се, дека плехот за заштита од искри 19 е прописно монтиран. При брусењето на материјали настанува опасност од искрите што летаат.
Заштитете ги брусните плочи за сечење од удари и маснотија. Не ја притискајте странично брусната плоча за сечење.
Не го оптоварувајте многу електричниот апарат, додека не дојде во состојба на мирување.
Преголемиот притисок, значително го намалува капацитетот на електричниот апарат и го намалува рокот на траење на брусната плоча за сечење.
Користете само брусни плочи за сечење соодветни на материјалот што се обработува.
Дозволени димензии на делот што се обработува Максимални делови за обработка:
| Форма на делот што се обработува | Агол на косо сечење0° 45° |
![]() | 129 ∅ 128 ∅ |
![]() | 119 x 119 110 x 110 |
![]() | 100 x 196 107 x 115 |
![]() | 130 x 130 115 x 115 |
Минимални делови за обработка
(= сите делови за обработка, кои може да се зацврстат со лостот за фиксирање 8): Должина 80 мм
макс. длабочина на резот (0°/0°): 129 мм
Сечење на метал
- Поставете го саканиот агол на косо сечење.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
– Включете го електричниот апарат. - Полека водете ја рачката на апаратот со дршката 3 надолу.
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исключете го електричниот апарат и почекајте д одека брусната плоча за сечење не дојде целосно во состојба на мирување.
- Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Транспорт
– Секогаш носете го електричниот апарат за транспортната дршка 17.
▶ Електричниот апарат секогаш треба да го носат две лица, за да се избегнат болките во грбот.
▶ За транспортирање на електричниот апарат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот уред со мека четка. Вентилаторот на моторот влече прав во кујкиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрична несреќа.
▶ При екстремни услови на примена, доколку е возможно користете секогаш уред за вшмукување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приключете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот апарат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот апарат.
▶ Одржувањето и поправката треба да се изведува само од страна на квалификуван стручен персонал. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Заштитната хауба со повратен механизмам мора секогаш да се движи слободно и самостояно да се затвора. Пределот околу заштитната хауба со повратен механизмам секогаш треба да биде чист.
Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.
Опрема
| Број на дел/артикл |
| Дискови за сечење за сите метални материјали |
| Брусна плоча за сечење 355 x 25,4 мм 2 608 600 543 |
| 2 608 600 208 |









164 | Srpski
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вавиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови їе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ke ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски uredи и нивна национална употреба, елек- тричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се реци- клираат на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Opšta upozorenja za električne alate
UPOZORENJE
Pri upottrebi električnih alata mora se obratiti pažnja na sledeće osnovne
sigurnosne mere radi zaštite od električnog udara, opasnosti od povreda i požara.



