BOSCH GCB 18V-127 Professional - Пила

GCB 18V-127 Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCB 18V-127 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 215 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GCB 18V-127 Professional - page 152

Прашања на корисниците за GCB 18V-127 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCB 18V-127 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCB 18V-127 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCB 18V-127 Professional BOSCH

mk Оригинално упатстро за работа

sr Originalno uputstvo za rad

s.l.izirma navodila

hr Originalne upute za rad

et Algupārane kasutusiuhend

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност на електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност.

Грешките настанати како резултат

од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучни го намалуваат ризикот од струен удар.
Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел

соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.

▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прав, безбедносни чевли кои не се лизгаат, шлем или заштита за уши, кои се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.

Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.

Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.

▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.

▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата,алиштата и ракавиците треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.

He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.

▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или сетот на батерии од електричниот алат, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на моїните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

Безбедносни напомени за пили со подвижни ленти

▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Контактот на алатот за сечење со жици под напон може да ги изложи и металните делови од уредот под напон и да доведе до струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го наслоните на вас, тоа єе биде нестабилно и може да изгубите контрола.
▶ Држете ги рацете подалеку од делот каде што се сече. Не факајте под делот што се обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда.
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
По завршувањето на работењето исключете го електричниот алат и извадете го сечилото за пилата со подвижна лента од исечокот дури тогаш кога тој ќе застане. На тој начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно да го оставите електричниот алат.
▶ Користете само неоштетени, беспрекорни сечила за пила со подвижна лента. Свитканите или тапите листови за пила со подвижна лента може да се скршат или да предизвикаат повратен удар.
▶ Средството за подмачкување или маслото држете ги понастрана од сечилата за пила со подвижна лента. Избришете го целосно вишокот масло пред сечењето. Инаку листот за пилата со подвижна лента може да се слизне.
He притискајте премногу на сечилото за пилата со подвижна лента за време на работниот процес. Преголемиот притисок може да доведе до лизгање или кршење на листот за пилата со подвижна лента. Постои опасност од повреда.
По ислучувањето не го закочувајте сечилото за пила со подвижна лента со странично притискање. Листот за пила со подвижна лента може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
He го факајте сечилото од пилата со подвижна лента по работата, додека не се олади. Листот за пилата со подвижна лента за време на работата се вжештува.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.

154 | Македонски

▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GCB 18V-127 Professional - | Македонски - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GCB 18V-127 Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот апарат е наменет за сечење пластика, метал и гума на цврста подлога. Тој е наменет за прави резови. Внимавајте на безбедносните напомени за пила.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(2) Копче за отклучување на батерија ^3)
(3) Батерија ^a)
(4) Вртливо копче за претходно избирање на брзината на движење на лентата
(5) Прекинувач за включување/исклучување
(6) Блокада при включување на прекинувачот за включување/исклучување
(7) Рачка (изолирана површина на рачката)
(8) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(9) Спојница за затворање за поклопецот

(10) Водилка
(11) Лист за пилата со подвижна лента
(12) Лост за претходно затегање на сечилото за пилата со подвижна лента
(13) Куки за закачување
(14) Работно светло
(15) Поклопец за сечилото за пилата со подвижна лента
(16) Водилка за сечилото за пилата
(17) Валјак за сечилото за пилата
(18) Завртки за водилката
(19) Навртка за заклучување на лентата за сечење
(20) Клуч за втиснување
(21) Завртка за прилагодување на лентата за сечење

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Пила со подвижна лента GCB 18V-127
Број на дел3 601 BB7 0..
Номинален напон V= 18
Брзината на движење на лентатаm/min 30–115
Димензии на сечилото за пилаmm 1140 × 12,4 × 0,5
Макс. длабочина на резот mm 127
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014kg 6,8–7,8 ^A)
Препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35
Дозволена околна температура при полнење ^B) и при складирање°C –20 ... +50
Препорачани акумулаторски батерииGBA 18V...ProCORE18V...
Препорачани полначи GAL 18...GAX 18...GAL 36...

A) во зависност од употребената батерија

В) ограничена јачина при температури < 0 °C

Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60745-2-20.

Нивото на звучниот притисок на електричниот алат оценето со А типично изнесува 79 dB(A). Несигурност K = 3 dB. Нивото на звук при работењето може да ги надмине дадените вредности. Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски эбир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-20:

Сеченье метал: a_h < 2,5 m/s^2 , K = 1,5 m/ s^2 .

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.

Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Батерија

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.

Приказ за наполнетост на батеријата

Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, ъили , вода се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Трајно светло 5 × зелено 80–100 %
Трајно светло 4 × зелено 60–80 %
Трајно светло 3 × зелено 40–60 %
Трајно светло 2 × зелено 20–40 %
Трајно светло 1 × зелено 5–20 %
Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 %

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја

батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Монтирање/менување на сечилото за пилата со подвижна лента

▶ При ставањето и промената на сечилото на пилата со подвижна лента носете заштитни ракавици.
Доколку го допрете сечилото на пилата со подвижна лента постои опасност од повреда.
▶ Секогаш носете заштитни очила. Заштитните очила го намалуваат ризикот од повреди.

Бирање на сечило за пилата со подвижна лента

Прегледот за препорачани сечила за пила со подвижна лента їе го најдете на крајот од ова упатство.

Вметнување на сечило за пила (види слики A-F)

Навалете го лостот за претходно затегање (12) колку што може најмногу во правец на . Олабавете ги двете спојници за затворање (9) и отворете го поклопецот (15).

Ставете го сечилото за пилата со подвижна лента (11) во водилките за сечилото за пилата со подвижна лента (16). Задната страна од сечилото за пила мора да го допира лежиштето во долниот дел на водилките на сечилото за пила (16).

Водете го сечилото за пилата со подвижна лента (11) околу двата валјаци (17).

За да ја прицврстите пилата со подвижна лента (11), навалете го лостот за претходно затегање (12) колку што може најмногу во правец на Потоа, проверете дали пилата со подвижна лента (11) работи добро околу двата валјаци (17).

Затворете го поклопецот (15) и заклучете го двете спојници за затворање (9).

▶ Проверете дали сечилото за пилата со подвижна лента (11) е правилно вметнат. Включете го и исключете го кратко повеке пати електричниот алат. Сечилото за пилата со подвижна лента што не е правилно монтиран може да се олабави и да ве повреди.

Отстранување на сечилото за пилата со подвижна лента

Навалете го лостот за претходно затегање (12) колку што може најмногу во правец на . Олабавете ги двете спојници за затворање (9) и отворете го поклопецот (15).

Извлечете го сечилото за пилата со подвижна лента (11) од водилката на сечилото за пилата (16) и од двата валјаци (17).

Поставување на водилката (види слика G)

Секогаш користете ја водилката за безбедно и прецизно сечење (10).

Прилагодете ја должината на водилката на соодветното парче за сечење.

За да го направите ова, олабавете ги двете завртки (18) од водилката со француски клуч (8). Извлечете ја водилката (10) најмногу што може. Повторно затегнете ги двете завртки (18) со француски клуч (8).

За транспорт и складирање на електричниот алат, може да ја турнете водилката (10) наназад најмногу што може.

Всисување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Употреба

Ставање во употреба

Вклучување/Исклучување (види слики Н-1)

За вклучување на електричниот алат прво притиснете го механизмот за заклучување на задниот дел на алатот (6)

①. Потоа притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување (5) и држете го притиснат.

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувают за включување/исклучување (5) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

Работното светло (14) при малку или целосно притиснат прекинувач за включување/исклучување (5) овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.

За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5). Потоа, притиснете го механизмот за заклучување на предниот дел од електричниот алат (6) ☑за да спречите ненадејно вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување (5).

Заштита од рестартирање

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на доводот на струја.

За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/исклучување (5) ставете го во ислучена положба и одново включете го електричниот алат.

Контрола/претходно избирање на брзината на движење на лентата

Може да ја регулирате брзината на сечилото на пилата со подвижна лента во зависност од тоа колку силно їе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (5).

Со вртливото копче (4) може претходно да ја поставите брзината на движење на лентата и да ја менувате за време на работата.

Вртливо копче за претходно избирање на брзинатаБрзина на движење на лентата (m/min)
130
245
365
485
5 100
6 115

Неопходната брзина на движење на лентата зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или надминување на дозволената температура на батеријата електрониката го ислучува електричниот алат, додека не се врати во оптималните граници на температура.

Совети при работењето

▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.

Изберете соодветна позиција за пилање на делот што се обработува, така што, што е можно повеće запци од сечилото за пилата со подвижна лента (11) да се во резот (види слика J).

Вклучете го електричниот алат и почекајте додека моторот не ја достигне саканата брзина. Поставете го електричниот алат со водилката (10) на делот што се обработува и спуштете го сечилото за пилата со подвижна лента (11) полека во резот.

Работете со постојан притисок и рамномерни движења. Кратко пред крајот на резот, намалете го притисокот и лесно подигнете го електричниот апарат, за да не падне на делот што се обработува.

Поставување на лентата за сечење (види слики K-L)

Редовно проверувајте ја висината на сечилото за пилата со подвижна лента (11) на валјакот (17). Растојанието помеѓу сечилото за пилата со подвижна лента и горниот раб на валјакот не смее да надмине 3 mm. Ако растојанието е поголемо, лентата за сечење мора повторно да се прилагоди:

  1. Олабавете ја навртката за заклучување на лентата за сечење (19) така што клучот за втиснување (20) завртете го налево.

  2. Свртете ја завртката за едно завртување за да ја прилагодите лентата за сечење (21) со обичен плоснат одвртувач: За спуштање на сечилото за пилата со подвижна лента (11) свртете ја завртката надесно (21). За подигнување на сечилото за пилата со подвижна лента (11) свртете ја завртката налево (21).

  3. Поставете го вртливото копче за претходно избирање на брзината на движење на лентата (4) на степен 1.

  4. Вметнете акумулаторска батерија (3).

  5. Включете го електричниот алат и ротирајте го сечилото за пилата со подвижна лента (11) за едно вртење.

  6. Исключете го електричниот алат и извадете ја акумулаторската батерија (3).

  7. Проверете ја висината на сечилото за пилата со подвижна лента (11) на валјакот (17). Доколку е потребно, повторете ги чекорите од 2 до 5 додека растојанието помећу сечилото за пилата со подвижна лента и горниот раб на валјакот не биде помало од 3 mm.

  8. Повторно затегнете ја навртката за заклучување на лентата за сечење (19) со завртување на клучот за втиснување (20) надесно.

Напомена: завртката за прилагодување на лентата за сечење (21) се користи ислучиво за прилагодување на висината на погонскиот валјак (17). Ова овозможува да се прилагоди целосното движење на сечилото за пилата со подвижна лента (11).

Куки за закачување

Со куките за закачување (13) може да го закачите исключениот електричен алат. За да спречите повреда и оштетување, закачете го електричниот алат само на стабилна и соодветна точка за прицврстување.

▶ При закачувањето на електричниот уред, внимавајте листот за пилата да е заштитен од невнимателно допирање. Постои опасност од повреда.

Чување на електричниот алат

Ако електричниот алат не се користи подолг временски период олабавете го сечилото за пилата со подвижна лента (11), за да го продолжите работниот век на сечилото. За да го направите ова, навалете го лостот за

158 | Srpski

претходно затегање (12) колку што може најмногу во правец на .

Пред повторно да го включите, навалете го лостот за претходно затегање (12) колку што може најмногу во правец на за да го затегнете сечилото за пилата со подвижна лента (11). Проверете дали сечилото за пилата со подвижна лента (11) работи правилно во водилката (16) и валјакот (17).

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GCB 18V-127 Professional - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GCB 18V-127 Professional - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейката директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 158).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GCB 18V-127 Professional

Категорија : Пила