BOSCH GCO 230 Professional - Пила

GCO 230 Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCO 230 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 245 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GCO 230 Professional - page 175
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GCO 230 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCO 230 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCO 230 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCO 230 Professional BOSCH

Македонски...... Страница 174

Srpski ...... Strana 182

Slovenščina ....Stran 189

Hrvatski ....Stranica 196

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност на електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите прилучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори,

метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

Безбедносни предупредувања за машината за сечење

▶ Вие и луғето во близина поместете се подалеку од работната површина на ротирачкиот диск. Заштитата го заштитува операторот од скршените парчиња на дискот и случаен контакт со истиот.
▶ Користете ислучиво споени, зајакнати дискови за сечење за вашиот електричен алат. Само затоа што дополнителната опрема може да се вгради на вашиот електричен алат, не значи дека може да се осигура безбедно работење.
▶ Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
▶ Дисковите мора да се користат само за соодветни намени. На пример: не користете диск за сечење за странично брусење. Абразивните дискови за сечење се наменети за периферно брусење, страничните сили што се применуват на овие дискови може да предизвикаат нивно распарчување.
▶ Секогаш користете неоштетени прирабници со правилна големина и форма за вашиот диск. Соодветни прирабници за дискови го потпираат дискот, со што се намалува можноста од кршење на дискот.
Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира.
Големината на осовината на дисковите и прирабниците мора правилно да се вклопува во вретеното на електричниот алат. Дисковите и прирабниците чијашто дупка за осовина не се вклопува во намонтираниот тврд дел на електричниот алат, ќе изгубат рамнотежа, прекумерно ќе вибрираат и може да предизвикаат губење на контрола.
He користете оштетени дискови. Пред секоја употреба, проверете дали дисковите имаат процепи или пукнатини. Доколку електричниот алат или дискот паднат, проверете дали се оштетени или инсталирајте неоштетен диск. По проверката или инсталирањето на дискот, вие и луғето во близина поместете се подалеку од работната површина на ротирачкиот диск и включете го електричниот алат на максимальна брзина без оптоварување една минута. Оштетените дискови вообичаено се расипуваат во текот на овој тест период.

Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи спречување на остатоци што се распрскуваат при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на слухот.
Луфето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчињата од делот што го обработувате или од расипаниот диск може да се распрскаат и да предизвикаат повреда надвор од непосредната работна површина.
▶ Тргнете го настрана кабелот од ротирачка дополнителна опрема. Доколку изгубите контрола, кабелот може да се пресече или закачи и вашата дланка или рака може да влезе во ротирачкиот диск.
▶ Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Моторот на вентилаторот може да ја повлече прашината во куќиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електрична енергија.
He работete со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Не работete со електричниот алат доколку се наоға на запалива површина, како на пример на дрво. ИскRITE можат да ги запалат овие материјали.
He користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар.

Одбивање и слични предупредувања

Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или закачен ротирачки диск. Приклештувањето или закачувањето предизвивува брзо маневрирање на ротирачкиот диск, кое од друга страна, предизвивува неконтролираната единица за сечење присилено да се движи кон операторот.

На пример, ако абразивен диск е закачен или приклештен од делот што го обработувате, острицата на дискот која влегува во приклештената точка може да се зарие во површината на материјалот и дискот да се помести или ослободи. Абразивните дискови, исто така, може да се искршат под овие услови.

Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветно работење или услови, и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки наведени подолу.

▶ Цврсто држење на електричниот алат и позиционирање на вашето тело и рака за да се овозможи отпор на силите на одбивање.
Операторот може да ги контролира реакциите на силата на одбивање, доколку се преземат соодветни превентивни мерки.
He застанувајте во линија и зад ротирачкиот диск. Доколку дојде до одбивање, ће ја насочи единицата за сечење кон операторот.
He закачувајте ланец на пилата, сечило за длабење, сегментирани дијамантски дискови со периферна празнина поголема од 10 mm или назабено сечило за пила. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола.
He ro „притискајте“ дискот за сечење и не применувајте прекумерен притисок. Не настојувајте да направите прекумерно длабок засек. Преоптоварувањето на дискот го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и навалување на дискот во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот.
Kogа дискот се навалува или кога го прекинува сечењето заради некоја причина, исключете го електричниот алат и, оставете ја единицата за сечење неподвижна додека дискот целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го отстраните дискот за сечење од засекот додека се движи, во спротивно може да дојде до одбивање. Проверете и преземете соодветно дејство за да ја елиминирате причината за навалување на дискот.
He започнувајте повторно со сечење во делот што го обработувате. Почекајте додека дискот да достигне целосна брзина и внимателно влезете повторно во засекот. Дискот може да се навали, придвижи или одбие ако го рестартирате електричниот алат во делот што го обработувате.
▶ Потпрете го преголемиот дел што го обработувате за максимально да го намалите ризикот од приклештување и одбивање на дискот. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под делот што го обработувате, покрај линијата на засекот и покрај ивицата на делот што го обработувате на двете страни на дискот.

Дополнителни безбедносни напомени

Добро чувајте го некористениот електричен алат. Местото на складирање мора да биде суво и затворено. Ова спречува оштетување на електричниот алат за време на складирањето или тој да биде ракуван од страна на неискусни лица.
▶ Секогаш зацврствувајте го добро делот што се обработува. Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат. Така, растојанието од Вашата дланка до ротирачката брусна плоча за сечење би било премало.

Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е оштетен смее да го поправи само овластената сервисна служба за електрични алати на Bosch. Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете го. Само на тој начин ће бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат.
He ставајте ништо на електричниот алат. Може да настанат сериозни повреди, доколку електричниот алат се преврти или доколку случајно дојдете во контакт со листот за пилата.
▶ Секогаш користете ја заштитната хауба. Заштитната хауба го штити корисникот од скршените делови на брусната плоча за сечење и од невнимателно допирање на истата.
По исклучувањето не ја закочувајте брусната плоча за сечење со странично притискање. Брусната плоча за сечење може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
He го оставајте настрана алатот, доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди.

Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Не посегнувајте со дланките во полето на сечење со брусни плочи, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со листот за сечење постои опасност од повреда.

BOSCH GCO 230 Professional - Ознаки - 1

Носете заштитни очила.

BOSCH GCO 230 Professional - Ознаки - 2

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.

BOSCH GCO 230 Professional - Ознаки - 3

Носете маска за заштита од прав.

BOSCH GCO 230 Professional - Ознаки - 4

Носете заштитни ракавици. Брусните плочи за сечење имаат остри рабови и за време на работењето стануваат многу жешки.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GCO 230 Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Наменета употреба

Електричниот алат, како фиксиран уред, е наменет за изведување на хоризонтални агли со косо сечење до 45° со помош на должински и напречни резови со брусната плоча за сечење со прав тек на резот во метални материјали без користење на вода. Не е дозволена употребата на дијамантски дискови за сечење.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Прекинувач за включување/исклучување
(2) Дршка
(3) Осцилаторен заштитен капак
(4) Блокада за вретеното
(5) Диск за сечење ^a)
(6) Аголен граничник
(7) Вретено за фиксирање
(8) Брзо отклучување
(9) Дршка за вретеното
(10) Отвори за монтажа
(11) Основна плоча
(12) Завртка за фиксирање за аголниот граничник
(13) Транспортен осигурувач
(14) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(15) Транспортна рачка
(16) Заштитен капак
(17) Плех за заштита од искри
(18) Вретено на алатот
(19) Стезна прирабница
(20) Завртка со внатрешна шестаголна глава со прирабница

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Брусилка за сечење со брусни плочиGCO 230
Број на дел3601 M56 0..
Номинална јачина W 2300
Број на вртежи во празен од min^-1 4100
Димензии на основна плоча должна × ширина × висинаmm 489 x 265 x 73
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014kg 13,5
Класа на заштита☐ / II

Димензии за соодветни брусни плочи за сечење

макс. дијаметар на брусната плоча за сечењеmm 355
Макс. дебелина на брусната плоча за сечењеmm 3,3

Дијаметар на отворот mm 25,4

Дозволени димензии на делот што се обработува (максимални/минимални): (види „Дозволени димензии на делот што се обработува“, Страница 181)

Апаратот ги исполнува барањата на IEC 61000-3-11 и е предмет на условно поврзување. Апаратот може да предизвика повремени флуктуации на напонот во неповолни услови за напојување. Импедансата на овој апарат е означена со Z_actual = 0,095 Ω. Корисникот мора да се осигура дека точката за поврзување, со импедансата Z_max , на која треба да се вклучи апаратот, го исполнува условот за импеданса: Z_actual ≥ Z_max . Ако Z_max е непозната, одредете ја Z_max во консултација со мрежниот снабдувач или органот за снабдување.

Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информација за бучава

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-3-10.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 104 dB(A); ниво на звучна јачина 109 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вредноста на емисија на бучава наведена во овие упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на емисијата на бучава.

Наведената вредност на емисија на бучава се однесува на основната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, вредноста на емисијата на бучава може да

отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.

Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Монтажа

▶ Избегнувајте невнимателно вклучување на електричниот алат. За време на монтажата и при сите интервенции на електричниот алат, струјниот приключок не смее да се прилучува на напојување на струја.

Обем на испорака

Внимателно извадете ги сите испорачани делови од амбалажата.

Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од испорачаната опрема.

Пред првата употреба на електричниот алат проверете дали се испорачани сите делови кои наведени долу:

- Брусилка за сечење со брусни плочи

– Диск за сечење (не е расположливо во сите верзии во зависност од земјата)

- Клуч со внатрешна шестаголна глава (14)

Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.

Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.

Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.

Фиксна или флексибилна монтажа

За да се овозможи безбедно ракување, електричниот алат мора да се монтира предупотребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).

- Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки на работната површина. За тоа служат отворите (10).

Флексибилна инсталација (не се препорачува!)

Доколку, во поединечни случаи, не е возможно електричниот алат да се монтира цврсто на работна површина, може да ги монтирате ногарките на основната плоча (11) на соодветна подлога (на пр. работна клупа, рамен под), без да го зацврстувате електричниот алат.

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Активирајте ја блокадата на вретеното (4) само доколку вретеното на алатот е во состојба на мирување (18). Инаку електричниот алат може да се оштети.
▶ Не ја факајте брусната плоча за сечење по работата, додека не се олади. Брусната плоча за сечење за време на работата се вжештува.

Користете само брусни плочи за сечење, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 12413 и се соодветно означени.

Со брусната плоча за сечење евентуално користете ги испорачаните брусни плочи за сечење.

Неискористените брусни плочи за сечење ставете ги во затворен сад или оригиналното пакување. Складирајте ја брусната плоча за сечење во лежечка положба.

Демонтирање на брусната плоча за сечење

– Подесете го електричниот алат во работна позиција во работна позиција (види „Отклучување на електричниот алат (работна позиција)“, Страница 180).
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (3) до крај наназад и држете со една рака во оваа позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава со прирабница (20) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (14) и истовремено притиснете ја блокадата за вретеното (4), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното и одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава со прирабница (20) во правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Извадете ја стезната прирабница (19).
– Извадете ја брусната плоча за сечење (5).

Монтирање на брусната плоча за сечење

Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

– Новата брусна плоча за сечење ставете ја во вретеното на алатот (18), така што налепницата ње покажува настрана од рачката на алатот.
– Поставете ги стезната прирабница (19) и завртката со внатрешна шестаголна глава со прирабница (20). Притиснете ја блокадата на вретеното (4) додека не се вклопи и повторно затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава со прирабница во правец на стрелките на часовникот со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (14). (Вртежен момент на затегнување околу 20–25 Nm)
- Полека водете го надолу осцилаторниот заштитен капак (3), додека не се покрие брусната плоча за сечење.
– Проверете дали осцилаторниот заштитен капак (3) правилно функционира.

Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи слободно и самостојно да се затвора.

По монтажата на брусната плоча за сечење, пред включувањето, проверете дали брусната плоча за сечење е точно монтирана и дали може слободно да се врти.

– Проверете дали брусната плоча за сечење стрчи на осцилаторниот заштитен капак (3), на фиксираниот заштитен капак (16) или на другите делови.
– Активирајте го електричниот алат за околу 30 секунди. Доколку се појават значителни вибрации, веднаш исклучете го електричниот алат и одново демонтирајте ја и монтирајте ја брусната плоча за сечење.

Употреба

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Транспортниот осигурувач (13) Ви овозможува лесно ракување со електричниот алат при транспорт на различни места на примена.

Отклучување на електричниот алат (работна позиција)

– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (2), за да го ослободи транспортниот осигурувач (13).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот осигурувач (13).
- Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

Напомени:

– При работењето внимавајте на тоа, транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре, инаку рачката на апаратот нема да може да се навали на саканата длабочина.
– Ако транспортниот осигурувач тежко се движи при влечење/притискање, треба да се подмачка за непречено движење.

Прицврстување на електричниот алат (позиција за транспорт)

– Водете ја рачката на алатот надолу додека транспортниот осигурувач (13) целосно не се притисне навнатре.
– Редовно подмачкувајте го транспортниот осигурувач. Останати напомени за транспорт (види „Транспорт“, Страница 181).

Подесување на хоризонталниот агол на закосување (види слика D)

Хоризонталниот агол на закосување може да се постави во граници од 0° до 45°.

Важните вредности за подесување се означени со соодветните ознаки на аголниот граничник (6).

Позициите 0° и 45° се осигуруваат со помош на крајниот граничник.

  • Олабавете ги завртките за фиксирање (12) на аголниот граничник со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (14) (8 mm).
    – Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги двете завртки за фиксирање (12).

Поместување на аголниот граничник

Аголниот граничник (6) можете да го поместите наназад, ако сакате да исечете пошироки парчиња.

– Целосно одвртете ги завртките за фиксирање (12) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (14) (8 mm).
– Поместете го аголниот граничник (6) на саканото растојание за една или две дупки наназад.
– Поставете го саканиот агол и повторно затегнете ги двете завртки за фиксирање (12).

Прицврстување на делот што се обработува (види слика E)

За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот што се обработува. Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат.

Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

– Ставете го делот што се обработува на аголниот граничник (6).

– Лостот за фиксирање (7) ставете го на делот што се обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката на вретеното (9).

Олабавување на делот што се обработува

– Олабавете ја рачката на вретеното (9).
- Отворете го делот за брзо отклучување (8) и извлечете го вретеното за фиксирање (7) од делот што се обработува.

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.

▶ Пред употребата проверете ги брусните плочи за сечење. Брусната плоча за сечење мора да биде монтирана беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 30 секунди, без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или брусни плочи за сечење што вибрираат. Оштетените брусни плочи за сечење може да пукнат и да предизвикаат повреди.

Правта од материјалите како на пр. боја што содржи олово, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички на метал важат како опасни, особено во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

Брусната плоча за сечење може да се блокира поради прав, струготини или скршени делови на делот што се обработува во отворот на основната плоча (11).

– Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.
– Почекајте додека брусната плоча за сечење целосно не дојде во состојба на мирување.
– Навалете го електричниот алат наназад, за да можат ситните делови на парчето што се обработува да паднат надвор од отворот предвиден за тоа. Ев. употребете соодветен алат, за да ги отстраните сите делови од парчето што се обработува.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

He се поставувајте во линија со брусната плоча за сечење пред електричниот алат, туку секогаш бидете странично од брусната плоча за сечење. Со тоа се штити Вашето тело од можни скршени делови при кршење на брусна плоча за сечење.

Вклучување и исклучување

  • За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за включување/исклучување (1) и држете го притиснат.
  • За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (1).

Совети при работењето

Општи напомени за сечење со брусни плочи

▶ Не ја факајте брусната плоча за сечење по работата, додека не се олади. Брусната плоча за сечење за време на работата се вжештува.
▶ Осигурете се, дека плехот за заштита од искри (17) е прописно монтиран. При брусење на материјали постои опасност од искрите што летаат.

Заштитете ги брусните плочи за сечење од удари и маснотија. Не ја притискајте странично брусната плоча за сечење.

Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.

Преголемиот притисок, значително го намалува капацитетот на електричниот алат и го намалува рокот на траење на брусната плоча за сечење.

Користете само брусни плочи за сечење соодветни на материјалот што се обработува.

Дозволени димензии на делот што се обработува

Максимални делови за обработка (во mm)

Форма на делотшто се обработувахоризонтален агол на закосување
0° 45°
BOSCH GCO 230 Professional - Дозволени димензии на делот што се обработува - 1129 ∅ 128 ∅
BOSCH GCO 230 Professional - Дозволени димензии на делот што се обработува - 2120 x 120 110 x 110
BOSCH GCO 230 Professional - Дозволени димензии на делот што се обработува - 3100 x 200 107 x 115
BOSCH GCO 230 Professional - Дозволени димензии на делот што се обработува - 4137 x 137 115 x 115

Минимални делови за обработка

(= сите делови за обработка, кои може да се зацврстат со лостот за фиксирање (7)): должна 80 mm

Максимална длабочина на резот (0°/0°): 129 mm

Сечење на метал

– По потреба, поставете го саканиот хоризонтален агол на закосување.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
– Включете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (2).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека брусната плоча за сечење не дојде целосно во состојба на мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

Транспорт

  • Секогаш носете го електричниот алат за транспортната дршка (15).
    ▶ За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

182 | Srpski

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот влече прав во кујиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрични опасности.
▶ При екстремни услови на примена, доколку е возможно секогаш користете уред за вшмукување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приключете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот алат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот алат.
▶ Одржувањето и поправката треба да се изведуваат само од страна на квалификуван стручен персонал. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат.

Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде чист.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GCO 230 Professional - Северна Македонија - 1

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GCO 230 Professional

Категорија : Пила