0731 AA - тример за трева SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 0731 AA SKIL во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот тример за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 0731 AA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 0731 AA на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 0731 AA SKIL
EU-изјава за сообразност Тример на трева Број на артикл Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми.
- Оваа машина е наменета за сечење трева и плевел под грмушките, како и на закосен терен и рабови коишто не може да се достигнат со косилка
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Проверете дали пакувањето ги содржи сите делови коишто се прикажани на сликата 2
- Контактирајте со продавачот ако недостасуваат делови или истите се оштетени
- Внимателно прочитајте го упатството за работа пред употреба и зачувајте го за идни осврти 3
- Обрнете особено внимание на безббедносните упатства и предупредувања; недоследноста може да доведе до сериозна повреда ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ 1 ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ 2 A Рачка за наведување B Копче за прилагодување на рачката за водење C Штитник при сечење D Водилка за кабелот E Долна цевка F Копче за отклучување G Прекинувач за активирање H Штитник за цвеќе J Порамнување на сечивото K Капаче на калемот L Отвори за вентилација M Шина за складирање (шрафовите не се доставуваат) N Кука на складот
- Овој алат може да го користат деца над 8 години како и лица со намалени физички, сензорни и ментални способности или недоволно искуство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со алатот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа (инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди)
- Не ги оставајте децата без надзор (така ќе се осигурате дека децата нема да си играат
- Не ги оставајте децата без надзор за време на чистењето или одржувањето
- Запознајте се со контролите и со правилната употреба на косилката95
- Корисникот е одговорен за несреќните случаи или штетите што ќе се предизвикаат кај други лица или на нивниот имот
- Користете ја машината само ако температурата на воздухот е меѓу 0°C и 40°C
- Употребувајте само додатни делови и делови за замена што се препорачани од SKIL
- Никогаш не поставувајте елементи за сечење метал на оваа машина ЛИЧНА ЗАШТИТА
- Држете ги рацете и стапалата подалеку од конецот за косење при поткастрување, особено кога ја вклучувате
- Секогаш носете заштита за очите, долги пантолони и цврсти чевли кога работите со машината
- Држете ги прстите подалеку од сечивото со конецот за косење сместено во штитникот за
- Никогаш не работете со машината во непосредна близина на луѓе; престанете да работите со неа ако во близина има други лица (особено деца) или галеничиња
- Никогаш не работете со машината ако сте уморни, болни или под влијание на алкохол или лекарства ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
- Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
- Користете само продолжен кабел од типовите H05VV-F или H05RN-F којшто е наменет за употреба на отворено и е опремен со приклучок со заштита од вода и штекер во форма на запалка
- Користете само продолжни кабли со максимална должина од 40 метри (1,0 мм²), 60 метри (1,5 мм²) или 100 метри (2,5 мм²)
- Користете уред за преостанат напон (RCD) со максимален напон за активирање од 30 mA кога ја користите косилката
- Не преминувајте преку кабелот (продолжниот) не превиткувајте или не влечете го
- Држете го кабелот (и продолжниот) подалеку од конецот за косење
- Секогаш исклучете ја машината и исклучете го приклучокот од штекерот ако кабелот за напојување со ел. енергија или продолжниот кабел се пресечени, оштетени или заплеткани (не допирајте го кабелот пред да го исклучите приклучокот)
- Заштитете го (продолжниот) кабел од топлина, масло и остри рабови
- Не приклучувајте оштетен кабел на извор на напојување или не допирајте оштетен кабел пред да го исклучите од изворот на напојување (оштетените кабли можат да доведат до контакт со делови под напон) ПРЕД УПОТРЕБА
- Користете ја машината само на дневно светло или со соодветно вештачко осветлување
- Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот
- Проверувајте го кабелот од време на време и повикајте квалификувано лице да го смени ако е оштетен
- Проверувајте го продолжниот кабел од време на време и сменете го ако е оштетен (несоодветните продолжни кабли се опасни)
- Никогаш не користете алат ако кабелот е оштетен; замената на кабелот мора да ја изврши стручно лице
- Никогаш не работете со машината ако е оштетен штитникот при косење или без поставен штитник
- Проверувајте ја функционалноста на машината пред секоја употреба и во случај на удар, повикајте квалификувано лице да ја поправи (никогаш не отворајте ја машината сами)
- Пред употреба, темелно проверете ја областа за сечење и остранете ги сите предмети што машината може да ги отфрли при сечењето (како камења, паднати гранки и сл.) ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
- Избегнувајте користење на алатот во лоши временски услови, посебно кога има ризик од
- Не користете го алатот на мокри тревници
- Одржувајте правилна рамнотежа и цврсто стојалиште постојано; hе пресегајте се
- Одржувајте соодветно растојание на закосени терени и не косете на исклучително стрмни терени
- Работете со алатот само со одење (не трчајте)
- Конецот за косење продолжува да врти извесно време откако алатот ќе се исклучи
- Не поминувајте патишта или плочници кога работи
- Не дозволувајте нешто да ви го одвлече вниманиете и секогаш концентрирајте се на работата
- Секогаш исклучувајте го алатот, вадете го приклучокот од изворот на напојување и осигурајте се дека сите подвижни делови се целосно запрени - кога косилката ја оставате без надзор - пред чистење заглавен материјал - пред проверка, чистење или работа на косилката - ако удрите во стран предмет - секогаш кога косилката ќе вибрира невообичаено
- Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација чисти и без отпадоци ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ 3 Предупредување! Прочитајте го упатството за
4 Не изложувајте го алатот на дожд 5 Носете заштитни очила и заштита за ушите 6 Обрнете внимание на ризикот од повреда што може да го предизвика отфрлениот остаток од косењето (присутните лица да стојат на безбедно растојание од местото на работа) 7 Веднаш извлечете го приклучокот ако кабелот (и продолжниот) се оштети или пресече во текот на
8 Двојна изолација (не е потребна заземна жица) 9 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од домаќинството
- Упатство за спојување 0 - редоследот на броеви што се појавуваат на сликата соодветствува со редоследот на чекорите што треба да ги следите за да ја составите машината96 - рачката за наведување A 2 може да се прилагодува со затегнување/разлабавување на регулаторот B 2 ! никогаш не користете ја машината без штитник C 2 ! цврсто затегнете ги сите шрафови, завртки и
- Водилка за кабелот ! - закачете ја куката на продолжниот кабел над водилката D како што е прикажано - повлечете цврсто за да го обезбедите продолжниот
- Прилагодување на висината @ При прилагодување на висината на машината, внимавајте предната рака треба да биде исправена при поткаструвањето - отклучете ја цевката E со притискање на копчето F - издолжете ја цевката E до саканата висина (3
- Вклучено/Исклучено # - вклучете го алатот со притискање на прекинувачот за активирање G - исклучете ја машината со пуштање на прекинувачот за активирање G ! по исклучување на алатот, конецот за косење продолжува да ротира уште неколку секунди - оставете конецот да престане да се врти пред повторно вклучување ! не исклучувајте и вклучувајте премногу бргу
- Поткастрување ! проверете дали областа за косење е без камења, отпадоци и други страни предмети ! започнете со поткастрување само кога машината работи со полна брзина - започнете со поткастрување откај приклучокот за напојување и оддалечувајте се додека работите - сечете ја високата трева во слоеви (секогаш започнете од горе) - секогаш кастрете со врвот на конецот за косење - не сечете влажна или мокра трева - спречете исечената трева да се лепи на калемот (не косете предолго) - не преотоварувајте ја машината - сечете внимателно околу дрва и грмушки и спречете нивен контакт со конецот - користете го штитникот за цвеќе H $ за да го заштитите осетливото цвеќе - држете ја машината подалеку од цврсти предмети за да го заштитите конецот од прекумерно абење - внамавајте на повратниот удар што може да се појави кога ќе се допрат цврсти предмети
- Држење и насочување на алатот % - при сечење висока трева, бавно замавнувајте со машината оддесно налево и обратно - закосете ја машината при сечење ниска трева како што е прикажано - свртете ја главата за косење за 180° при поткастрување рабови како што е посочено на сликата (можно е само кога долната цевка E е фиксирана на една од трите позиции за висина) - цврсто држете ја машината со двете раце за да имате постојано целосна контрола врз неа - заземете стабилна позиција за работа - секогаш држете ја машината далеку од телото
- Подавање конец ^ - два конци за косење ќе се отпуштат и ќе се исечат со точната должина за конецот со сечивото за конецот J секојпат кога ќе се вклучи алатот ! внимавајте да не се повредите од сечивото за сечење на конецот J - по подавање конец, секогаш вратете го алатот во нормална положба за работа пред да го вклучите - подавајте конец редовно за да се одржи комплетен циклус на сечење - кога моторот работи без оптеретување и не се коси трева, ако конецот е потрошен или скинат; намотајте го калемот или заменете го системот со калемот
- Мотање на калемот & Во случај кога конецот нема да излезе од главата со калемот K ! исклучете го алатот и извадете го од приклучокот - извадете го системот со калемот и извадете го калемот од главата K - цврсто намотајте ги двата конци за косење рамномерно во слоеви во правец на стрелката - вметнете ги двата конци во отворите на калемот Х и проверете дали се поставени безбедно на место (оставете доволно должина на конецот) - протнете ги двата конци низ отворите на калемот Y пред да го ставите намотаниот калем во главата за калемот K ! проверете дали калемот е цврсто поставен во лежиштето и потоа пуштете ги двата конци од отворите Х со цврсто повлекување - поставете го системот со калемот на алатот (вртете го калемот во правецот на стрелките на часовникот додека не кликне на своето место) *
- Замена на калемот * ! исклучете го алатот и извадете го од приклучокот - едноставно извадете/поставете стар/нов калем како што е прикажано - откако ќе го смените калемот, вклучете ја пробно машината најмалку една минута без оптоварување за да проверите дали работи правилно ! обезбедете машината да биде исклучена кога ќе ја приклучувате во струја ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Секогаш исклучувајте го алатот, вадете го приклучокот од изворот на напојување и осигурајте се дека сите подвижни делови се целосно запрени
- Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за ладење) - чистете ја машината со влажна крпа (не користете средства за чистење или растворувачи) - исчистете ги сечивото за сечење на конецот J 2 и штитникот C 2 по секоја употреба - чистете ги отворите за вентилација L 2 редовно, со четка или компресиран воздух
- Редовно проверувајте ја состојбата на главата за сечење и затегнатоста на завртките, навртките и шрафовите97
- Редовно проверувајте дали деловите се оштетени или изабени и поправете/заменете ги ако е
- чувајте ја машината во затворен простор на суво и затворено место и подалеку од дофат на деца - внимателно поставете ја шината за складирање M на ѕид со 4 шрафа (не се доставуваат) и порамнете хоризонтално
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
- во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com) РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
- Следниот список ги прикажува симптомите за проблемите, можните причини и дејства за поправка (контактирајте со продавачот или сервисерот ако истите не го идентификуваат ниту решаваат
! исклучете ја машината и извадете го приклучокот пред да го истражувате
★ Машината не работи - расипан штекер за напојување со ел. енергија -> користете друг штекер - продолжниот кабел е оштетен -> заменете го продолжниот кабел ★ Машината работи со прекини - оштетување на внатрешното поврзување -> контактирајте со продавачот/ сервисерот - оштетување на прекинувачот за вклучување/ исклучување -> контактирајте со продавачот/
★ Машината вибрира невообичаено - тревата е многу висока -> сечете по фази ★ Машината не сече - конецот е премногу краток/скинат -> подајте конец со исклучување и вклучување на алатот ★ Конецот не се подава - калемот е празен -> заменете го калемот - конецот е заплеткан во калемот -> проверете го калемот; намотајте го ако е неопходно ★ Конецот постојано се кине - конецот е заплеткан во калемот -> проверете го калемот; намотајте го ако е неопходно - поткаструвачот се користи неправилно -> кастрете само со врвот на конецот; избегнувајте камења, ѕидови и други цврсти предмети; подавајте конец
- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ) - според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање - симболот 9 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде време алатот да го фрлите БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
- Мерено во согласност со EN 60335 нивото на звучен притисок е 84 dB(A) а нивото на звучна моќност 95 dB(A) (стандардно отстапување: 1 dB), и вибрација 2,9 м/с² (векторски збир на трите показатели; несигурност К = 1.5 м/с²)
- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 60335; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени - користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност ! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа
Notice-Facile