GHO 18 VLI Professional - брусилка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GHO 18 VLI Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Бежичен ренде |
| Бренд | Bosch |
| Модел | GHO 18 VLI Professional |
| Номинален напон | 18 V |
| Брзина без оптоварување | 14 000 вртежи/мин |
| Длабочина на рез | 0 - 2,6 mm (континуирано прилагодување) |
| Длабочина на фалц | 0 - 9 mm |
| Максимална ширина на рендирање | 82 mm |
| Тежина (во зависност од батерија) | 2,6 - 3,7 kg |
| Напојување | Литиум-јонска батерија (препорачана GBA 18V... или ProCORE18V...) |
| Препорачан полнач | GAL 18..., GAX 18..., GAL 36... |
| Главни функции | Рендирање, откос на рабови, изработка на фалци |
| Изфрлање на струготини | Десно или лево по избор |
| Уред за правосмукање | Приклучок за правосмукалка (Ø 35 mm) или вреќа за прашина |
| Тип на ножеви | HSS (за повторно острење) или карбид (HM/TC, реверзибилни) |
| Ширина на откос | 0 - 5,5 mm според V-жлеб |
| Ниво на бучава (LpA) | 91 dB(A) |
| Ниво на вибрации (ah) | 3,5 m/s² (K=1,5 m/s²) |
| Одржување | Замена на ножеви, чистење на изфрлачот, менување на погонски ремен |
| Резервни делови | Ножеви за ренде HSS и карбид, погонски ремен, паралелен ограничувач, адаптер за TC |
| Безбедност | Заштита од преоптоварување, индикатор за состојба на батеријата, потпорна плоча, двојно заклучување на батеријата |
| Температура на полнење | 0 °C до +35 °C |
| Температура на складирање | -20 °C до +50 °C |
Frequently Asked Questions - GHO 18 VLI Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GHO 18 VLI Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GHO 18 VLI Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GHO 18 VLI Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GHO 18 VLI Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navpdila
hr Originalne upute za rad
Македонски.... Страница 192
Srpski ...... Strana 200
Slovenščina ....Stran 208
Hrvatski ....Stranica 216
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел
соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за рендиња
Почекајте сечилото да престане да работи пред да го спуштите алатот. Изложеното ротирачко сечило може да ја зафати долната површина, и со тоа да изгуби контрола и да предизвика сериозни повреди.
▶ Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го наслоните на вас, тоа єе биде нестабилно и може да изгубите контрола.
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
▶ Не ги факајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови.
▶ Не рендајте никогаш над метални предмети, клинци и завртки. Секачот и вратилото на секачот може да се оштетат и да ги зголемат вибрациите.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до
експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
▶ При работата рендето држете го секогаш на начин што подлогата на рендето секогаш їе лежи на делот што се обработува. Инаку работата со рендето може да се навали и да доведе до повреди.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за рендање на дрвени материјали како на пр. греди и даски на цврста подлога. Тој е погоден за искосување на рабови и за правење засеци.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Скала за подесување на длабочината на струготината
(2) Вртливо копче за подесување на длабочината на стругање
(изолирана површина на рачката)
(3) Исфрлувач на струготини (по избор десно/лево)
(4) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
(5) Прекинувач за включување/исклучување
(6) Батерија ^31
(7) Копче за отклучување на батерија ^a)
(8) Завртка за поклопецот за ременот
(9) Поклопец за ременот
(10) Рачка за поместување на правецот на исфрлање на струготините
(11) Подлога на рендето
(12) V-жлебови
(13) Т-насаден клуч/Торх клуч
(14) Завртка за прицврстување на стезната челуст
(15) Стезна челуст
(16) Глава на сечилото
(17) Водечки жлеб за сечилото на рендето
(18) HSS-сечило за ренде
(19) Заштитен држач за HSS-сечилото за ренде
(20) Завртка за прицврстување на заштитниот држач за HSS-сечилото за ренде
(21) Справа за острење на HSS-сечилото на рендето
(22) Мерило за подесување на HSS-сечилото за ренде
(23) НМ/ТС-сечило на рендето ^a)
(24) Паралелен граничник
(25) Скала за ширината на засекот
(26) Завртка за блокирање на подесената ширина на засекот
(27) Завртка за прицврстување за паралелен граничник
(28) Црево за всисување (∅ 35 mm) ^a)
(29) Врекичка за прав/струготини ^3)
(30) Завртка за прицврстување на граничникот за длабочина на засекот ^2)
(31) Граничник за длабочина на засекот ^a)
(32) Држач на рендето при паузирање
(33) Погонски ремен
(34) Големо тркало за ременот
(35) Мало тркало за ременот
(36) Рачка (изолирана површина на рачката)
(37) Адаптер за конверзија од HSS во ТС сечило на рендето ^a)
(38) Приказ за состојба на наполнетост на батеријата на електричниот алат
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Ренде GHO 185-LI | ||
| Број на дел | 3 601 EB5 0.. | |
| Номинален напон V 18 | — | |
| Број на вртежи во празен од ^A) | min ^-1 | 14000 |
| Длабочина на струготината mm 0–2,6 | ||
| Длабочина на засекот mm 0–9 | ||
| Макс. ширина на рендето mm 82 | ||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^B) | kg 2,6–3,7 | |
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 | |
| Дозволена околна температура при полнење ^C) и при складирање | °C –20 ... +50 | |
| Препорачани акумулаторски батерии | GBA 18V...ProCORE18V... | |
| Препорачани полначи GAL 18... | GAX 18...GAL 36... | |
A) Мерено при 20–25 °C со батерија GBA 18V 4.0Ah.
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури < 0 °C
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-14.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 91 dB(A); ниво на звучна јачина 99 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски эбир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-14:
$$ a _ {n} = 3, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}. $$
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за состојба на наполнетост на батеријата на акумулаторската батерија
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
| Трајно светло 5 × зелено 80–100 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Приказ за наполнетост на акумулаторската батерија на електричниот алат
Приказот за наполнетост на акумулаторската батеријата при включен електричен алат го сигнализира расположливиот батериски капацитет одн. преоптоварувањето.
| Трепкаво светло 3 × | Заштитата од преоптоварување се активираше |
| Трепкава средна LED- светилка | Температурата на акумулаторската батерија надвор од опсегот на работната температура и/или температурната заштита на електричниот алат се активираше |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата є потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Избор на сечило на рендето
Електричниот алат може да се опреми со различни сечила на рендето.
Со вградување на адаптерот (37) (опрема) електричниот алат може да се вгради од HSS-сечила (18) на HM/TC-сечило на рендето (23).
При замена на сечилата, секогаш заменете ги двете сечила на рендето, инаку нерамнотежата ће создаде вибрации и рокот на употреба на електричниот алат ће се скрати.
▶ Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не го факајте секачот на рендето на рабовите за сечење. Може да се повредите од острите рабови за сечење.
Демонтирање на сечилото на рендето (види слики А-С)
– За да го замените сечилото на рендето свртете ја главата на сечилото (16), додека стезната челуст (15) не се постави паралелно кон подлогата на рендето (11).
– Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со Т-насаден клуч (13) и извадете ја стезната челуст (15).
– Извадете го заштитниот држач (19) заедно со сечилото на рендето (18) од главата на сечилото (16) одн. водечкиот жлеб (17).
– Свртете ја главата на сечилото за 180° и демонтирајте го 2-то сечило на рендето.
Напомена: Пред замената одн. дополнителното острење на сечилото на рендето извадете го заштитниот држач (19) со олабавување на завртката за прицврстување (20).
Дополнително острење на HSS-сечилото на рендето (види слика D)
Со користење на справата за острење (21) (опрема) и обичен брусен камен може да ги наострите искористените одн. тапите HSS-сечила на рендето.
Ставете ги двете сечила на рендето во справата за острење и прицврстете ги со пеперутка-завртката. Двете сечила на рендето треба да се вметнати до крај.
Рамномерно движете ги сечилата на рендето поставени во справата за острење и со лесен притисок над брусниот камен.
Напомена: Сечилата на рендето смеат да се избрусат за максимум 6 mm на најмала ширина од 23 mm. Потоа двете сечила мора да се заменат.
Монтирање на сечилото за ренде (види слики E-F)
Пред повторното ставање на нови односно дополнително избрусени сечила на рендето, исчистете ја главата на сечилото (16) и ев. сечилото на рендето (18) и заштитниот држач (19). Засмолените сечила на рендето исчистете ги со алкохол или петролеј.
Напомена: пред монтажата новите одн. дополнительно избрусените сечила на рендето мора секогаш да бидат подесени на правилната висина.
За подесување на висината на сечилата на рендето служи мерилото за подесување (22) (опрема). Поставете го сечилото на рендето (18) и заштитниот држач (19) на мерилото за подесување. Заштитниот држач (19) мора да влегува во жлебот предвиден за тоа. Притиснете на сечилото на рендето (18) наспроти граничникот и фиксирајте го заштитниот држач (19) во оваа позиција со завртката за прицврстување (20). На тој начин автоматски ће се постигне правилно подесување на висината.
Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на подлогата на рендето (11) и да се центрира. На крај затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со Т-насаден клуч (13). Притоа придржувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (15) (①②③).
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали завртките за прицврстување (14) се добро вметнати. Рачно свртете ја главата на сечилото (16) и проверете дали сечилото на рендето се трие на некое место.
▶ Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не го факајте секачот на рендето на рабовите за
сечење. Може да се повредите од острите рабови за сечење.
Користете го само оригиналното Bosch-HM/TC-сечило за ренде.
Сечилата на рендето од цврст материјал (НМ/ТС) имаат 2 сечила и можат да се вртат. Доколку двата раба на сечилото се тапи, сечилото на рендето (23) мора да се замени. НМ/ТС-секачот на рендето не смее дополнительно да се остри.
Демонтирање на сечилото за ренде (види слики G-H)
– За да го свртите или замените сечилото на рендето свртете ја главата на сечилото (16), додека стезната челуст (15) не се постави паралелно кон подлогата на рендето (11).
– Олабавете ги 3-те завртки за прицврстување (14) си Тогх-клучот (13) околу 1–2 вртења. Стезната челуст (15) не мора да се вади.
- Свртете ја малку главата на сечилото и со парче дрво турнете го сечилото на рендето (23) странично од главата на сечилото (16).
- Свртете ја главата на сечилото за 180° и демонтирајте го 2-то сечило на рендето.
Монтирање на сечилото за ренде (види слики I-J)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се обезбедува еднакво подесување на висината при менување одн. вртење.
Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на сечилото во главата на сечилото (16) и сечилото на рендето (23).
При монтажата на сечилото на рендето внимавајте истото беспрекорно да лежи во водилката на прифатот на главата на сечилото (16).
Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на подлогата на рендето (11) и да се центрира. На крај затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со Torx-klучот (13). Притоа приджувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (15) (①②③).
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали завртките за прицврстување (14) се добро вметнати.
Рачно свртете ја главата на сечилото (16) и проверете дали сечилото на рендето се трие на некое место.
Употреба на сетови за префрлање
Префрлање од HSS во НМ/ТС
Co HM/TC-адаптерот може да се вгради ренде опремено со HSS-сечила на HM/TC-сечилото за ренде.
– Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со Тогх-клучот (13) и извадете ја стезната челуст (15).
– Извадете го заштитниот држач (19) заедно со сечилото на рендето (18) од главата на сечилото (16) одн. водечкиот жлеб (17).
-Извадете ги завртките (20).
– Поставете ги заштитниот држач (19) и адаптерот (37) во мерилото за подесување (22). Заштитниот држач (19) мора да се вклопи во жлебот на мерилото за подесување (види слика S).
- Ставете го НМ/ТС-сечилото за ренде (23) странично во адаптерот (37). Лентата на адаптерот (37) мора да се заглави во жлебот на НМ/ТС-сечилото за ренде (види слика S).
– Цврсто затегнете ги завртките (20).
- Ставете го заштитниот држач (19) заедно со адаптерот (37) и сечилото на рендето (18) во главата на сечилото (16) одн. во водечкиот жлеб (17).
– Поставете ја стезната челуст (15) и цврсто свртете ја завртката за прицврстување (14).
– Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на подлогата на рендето (11) и да се центрира. На крај затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со Тогх-клучот (13). Притоа придржувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (15) (①②③).
Префрлање од НМ/ТС во HSS
Рендињата опремени со НМ/ТС-сечила може да се сменат во HSS-сечила за ренде.
– Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со
Торх-клучот (13) и извадете ја стезната челуст (15).
– Извадете го заштитниот држач (19) заедно со сечилото на рендето (18) одн. НМ/ТС-адаптер (37) од главата на сечилото (16).
- Извадете ги завртките (20).
– Монтирајте го составеното HSS-сечило за ренде (види „Монтирање на сечилото за ренде (види слики E–F)“, Страница 197) и израмнете го на средината на подлогата на рендето (11).
– Поставете ја стезната челуст (15) и затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со Тогх-клучот (13). Притоа придржувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (15) (①②③).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Редовно чистете го исфрлувают на струготини (3). За чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете соодветен алат на пр. дрвено парче, компресиран воздух итн.
▶ Не ги факајте исфрлените струготини со раце. Може да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално всисување постојано користете надворешен уред за всисување или вреќичка за прав/струготини.
Надворешно всисување (види слика N)
На исфрлувают за струготини од двете страни може да се приклучи црево за всисување (∅ 35 mm) (28) (опрема).
Поврзете го цревото за всисување (28) со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав їе го најдете на крајот од ова упатство. Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
Сопствено всисување (види слика N)
Кај поситните работи може да приключите врејичка за прав/струготини (опрема) (29). Млазниците за всисување зацврстете ги на исфрлувают на струготини (3). Празнете ја врејичката за прав/струготини (29) редовно, за да остане оптимално собирањето на прав.
Избор на правецот на исфрлање на струготините
Со рачката за поместување (10) може да се подеси исфрлувают на струготини (3) кон десно или лево. Притиснете го лостот за селекција (10) додека не се вклопи во крајна позиција. Избраниот правец ће се прикаже со ознака со стрелка на лостот за селекција (10).
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на длабочината на стругање
Со вртливото копче (2) може да се подеси длабочината на стругање бесстепено од 0-2,6 mm со помош на скалата за длабочина на стругање (1) (поделба на скалата = 0,1 mm).
Вклучување/исклучување
▶ Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за включување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при включување (4) и потоа притиснете го прекинувачот за включување/исклучување (5) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувают за включување/исклучување (5) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Држач на рендето при паузирање (види слика О)
Држачот на рендето при паузирање (32) овозможува запирање на електричниот алат веднаш по работниот процес без опасност од оштетување на делот што се
обработува или секачот на рендето. За време на работниот процес, држачот на рендето при паузирање (32) се подига нагоре и задниот дел на подлогата на рендето се отпушта (11).
Напомена: Држачот на рендето при паузирање (32) не смее да се демонтира.
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете го електричниот алат со предниот дел на подлогата од рендето (11).
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
Включете го електричниот алат и водете го со иста брзина по површината што ја обработувате.
За постигнување на висококвалитетни површини, работете со мала брзина и со постојан притисок на центарот на подлогата на рендето.
При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво, како и при користење на максимальната ширина на рендето поставете мала длабочина на стругање и ев. намалете ја брзината на рендање.
Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните површини и може да доведе до брзо затнување на исфрлувачет на струготини.
Само острите секачи на рендето овозможуваат добар капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на електричниот алат.
Вградениот држач на рендето при паузирање (32) овозможува продолжување на процесот на рендање откако їе прекинете, на одреден дел од парчето што се обработува:
– Електричниот алат со надолу притиснат држач на рендето при паузирање, поставете го на другото место од делот што треба да продолжи да се обработува.
- Включете го електричниот алат.
– Притиснете на предниот дел од подлогата на рендето и полека турнете го електричниот алат нанапред (①). Притоа држают на рендето при паузирање ће се притисне нагоре (②), така што задниот дел на подлогата на рендето повторно ће легне на делот што се обработува.
- Водете го електричниот алат со иста брзина по површината што се обработува (③).
V-жлебот на предната страна на подлогата на рендето овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите од делот што се обработува. Употребете го соодветниот V-жлеб според саканата ширина на засекување. Притоа поставете го рендето со V-жлеб на работ од делот што се обработува и водете го по должна на делот што се обработува.

Монтирајте го паралелниот граничник (24) со завртката за прицврстување (27) на електричниот алат. Во зависност од примената, монтирајте го граничникот за подесување на длабочината на засекот (31) со завртката за прицврстување (30) на електричниот алат.
Олабавете ја завртката за блокирање (26) и подесете ја саканата ширина на засекот (25). Повторно затегнете ја завртката за блокирање (26).
Поставете ја саканата соодветна длабочина на засекот со граничникот за подесување на длабочината на засекот (31).
Повторете го процесот на рендање повеće пати, додека не ја постигнете саканата длабочина на засекот. Водете го рендето со страничен притисок со налегнување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Олабавете го држачот на рендето при паузирање (32) и чистете го редовно.
Откако ће се искористат карбонските четки, електричниот алат сам се исклучува. За одржување, електричниот алат мора да се испрати во сервисната служба, видете ги адресите во дел „Сервисна служба и совети при користење“.
Замена на погонскиот ремен (види слики Q-R)
Одвртете ја завртката (8) и извадете го поклопецот на ременот (9). Извадете ги изабените погонски ремени (33).
Пред да монтирате нов погонски ремен (33) исчистете ги двете тркала за ременот (34) и (35).
Новиот погонски ремен (33) поставете го најпрво на помалото тркало (35) и потоа навлечете го (рачно) погонскиот ремен (33) со вртење на поголемото тркало (34).
Погонскиот ремен (33) треба прецизно да поминува во жлебовите на тркалата на ременот (34) одн. (35).
200 | Srpski
Поставете го поклопецот на ременот (9) и затегнете ја завртката (8).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжижи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лућето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 200).