GORENJE SGT2400V PRO - пегла

SGT2400V PRO - пегла GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SGT2400V PRO GORENJE во PDF формат.

📄 159 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE SGT2400V PRO - page 42
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Парен генератор за пеглање
Бренд Gorenje
Модел SGT2400V PRO
Потрошувачка на енергија 2400 W
Капацитет на резервоар за вода 1.5 L
Материјал на ѓон Нерѓосувачки челик
Континуирано производство на пареа 120 g/min
Засилување на пареа Да, концентрирана пареа напред
Вертикална пареа Да
P-Temp режим Да, програмирана температура за сите ткаенини
Избор на ткаенина Акрил, Најлон, Свила, Полиестер, Мешавина, Волна, Памук, Фармерки, Лен
Автоматско исклучување Да, по 10 минути неактивност
ECO режим Да
Систем против каменец Заменлив филтер против каменец со потсетник
Поставка за тврдост на вода Прилагодливо (Ниско, Средно, Високо)
Избор на јазик Англиски, Француски, Германски
Суво пеглање Да
Должина на кабел за напојување Прибл. 2 м
Должина на црево за пареа Прибл. 1,5 м
Тежина 5.2 kg
Димензии (Ш x Д x В) 35 x 25 x 30 cm
Гаранција 2 години (зависно од државата)

Frequently Asked Questions - SGT2400V PRO GORENJE

Каков вид на вода треба да користам во Gorenje SGT2400V PRO?
Апаратот е дизајниран за обична чешме вода. Ако водата е многу тврда, користете мешавина од 50% чешме вода и 50% дестилирана вода. Не користете парфем, оцет, скроб или средства за отстранување каменец.
Како да го заменам филтерот против каменец?
Потопете го новиот филтер против каменец во вода 5 минути. Отстранете го резервоарот за вода, извлечете го контејнерот за филтер против каменец, заменете го филтерот, повторно вметнете го контејнерот и резервоарот. Апаратот ќе ве потсети кога е потребна замена.
Зошто не излегува пареа?
Филтерот против каменец може да биде сув. Извадете го, потопете го во вода 5 минути, па повторно вметнете. Исто така, проверете дали резервоарот за вода е полн и апаратот е правилно загреан.
Како да ја поставам нивото на тврдост на вода?
Притиснете и држете ги копчињата P-TEMP истовремено 5 секунди за да влезете во режим за поставување на тврдост на вода. Користете ги копчињата за избор на ткаенина за да изберете Ниско, Средно или Високо врз основа на обезбедената тест лента.
Може ли да ја користам пеглата вертикално?
Да. Изберете поставка за ткаенина со пареа, држете ја пеглата вертикално 15-30 см од ткаенината и притиснете го активирачот за пареа. Не парите облека што се носи.
Што прави P-Temp режимот?
P-Temp режимот автоматски ја поставува оптималната температура и пареа за секоја ткаенина што може да се пегла, елиминирајќи ја потребата од рачно прилагодување. Тоа е стандардниот режим.
Како да го исчистам ѓонот?
Користете влажна крпа или неабразивно средство за чистење. Никогаш не користете остри предмети, оцет или средства за отстранување каменец. Избришете ги наслагите по ладењето.
Што да правам ако вода излегува од основата?
Проверете дали филтерот против каменец е правилно вметнат. Осигурете се дека резервоарот за вода е правилно поставен. Ако проблемот продолжи, контактирајте сервис.
Зошто се активира автоматското исклучување?
Пеглата автоматски се исклучува по 10 минути неактивност од безбедносни причини. За повторно активирање, притиснете го копчето за вклучување/исклучување. Ќе се загрее повторно за околу 60 секунди.
Како да го испразнам резервоарот за вода по употреба?
Исклучете го апаратот. Притиснете го активирачот за ослободување на резервоарот, извлечете го резервоарот, отворете го капакот за полнење и истурете ја преостанатата вода. Повторно вметнете го резервоарот цврсто.

Прашања на корисниците за SGT2400V PRO GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот пегла во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SGT2400V PRO - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SGT2400V PRO на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SGT2400V PRO GORENJE

Упатства за употреба МК

Instruction manual GB

Návod na obsluhu SK

Инструкции за употреба BG

MK Упатства за употреба....39

Од безбедносни причини, внимателно прочитајте го упатството пред да го употребите апаратот по првпат. Сочувајте го упатството заради идно користење.

Апаратот е наменет за употреба во домакинството и со него треба да се ракува единствено според ова упатство за употреба.

Апаратот генерира пареа со висока температура. Употребувајте го со внимание и предупредете ги другите корисници на можната опасност.

РАБОТИаШТОаТРЕБАаДАаГИаПРАВИТЕа

  1. Проверете дали напонот наведен на плочката со спецификации одговара на напонот на локалниот довод на електрична енергија.

  2. Одмотајте го и исправете го струјниот кабел и цревото за довод на пареа пред да го користите апаратот.

  3. Ставете го апаратот на цврста и стабилна површина.

  4. Пеглата мора да се користи и да се остава да стои на стабилна површина.

  5. Избегнувајте кабелот за струја и цревото за пареа да го допираат дното на пеглата.

  6. Пред употреба, ставете го патронот против бигор.

  7. Струјниот кабел мора да се извади од штекерот пред резервоарот за вода да се наполни со вода.

  8. Секогаш чувајте ги патронот против бигор и гранулите вон дофат на деца.

  9. Чувајте ги електричните апарати вон дофат на деца или болни лица. Не дозволувајте им да ги користат апаратите без надзор.

  10. Проверете дали подлогата е ставена на стабилна површина пред да го ставите апаратот на неа.

  11. Доколку струјниот кабел или цревото за пареа се оштетени, треба да ги заменат производителот или овластениот сервисер или слично квалификувано лице, за да се избегне опасност.

  12. По употребата, испразнете го резервоарот за вода.

  13. Деца не треба да си играат со апаратот.

  14. Апаратот може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или без искусство и знаење, доколку им се дадени упатства во врска со употребата на апаратот на безбеден начин и

доколку се свесни за опасностите.

  1. Чувајте ја пеглата и нејзиниот кабел вон дофат на деца помали од 8 години кога истата е включена во струја или додека се лади.

ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ

  1. Не дозволувајте им на децата да го допираат апаратот додека пеглате.
  2. Не оставајте го апаратот без надзор кога е приключен на струја.
  3. Не користете продолжен кабел, освен доколку тоа не го одобри надлежно лице.
  4. Не додавајте парфимирани течности, оцет или други хемиски течности во резервоарот за вода; тие може сериозно да го оштетат апаратот.
  5. Не потопувајте го апаратот во вода или во други течности.
  6. Не користете го апаратот кога е оштетен или кога не работи нормално.
  7. Пеглата не треба да се користи доколку ви паднала, доколку има видливи знаци на оштетување или доколку од неа истекува вода.
  8. Не допирајте ја подлогата на пеглата во текот на пеглањето или веднаш потоа. Врела е!
  9. Не замотувајте го струјниот кабел или цревото за пареа околу пеглата или околу подлогата додека не се изладат целосно.
  10. Не обидувајте се да го отворите куќиштето или да расклопите некој дел од апаратот, зашто внатре нема делови што може да се сервисираат.
  11. Капакот на отворот за ставање вода не смее да биде отворен во текот на употребата. Подолу се дадени упатства за безбедно дополнување на резервоарот за вода.
  12. Деца не треба да го чистат и да го одржуват апаратот без надзор.
  13. Не допирајте ја површината означена со символот во текот на употребата или веднаш потоа. Врела е! (Погледнете ги слика 1 и слика 2)

GORENJE SGT2400V PRO - ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ - 1

1. Резервоар за вода2. Капак на отворот за вода
3. Сад за патрон против бигор4. Патрон против бигор
5. Активатор на пареа6. Копче за контрола на пареата
7. Дно8. Подлога на пеглата
9. Индикатор на загревање на пеглата10. Индикатор дека пеглата е подготвена
11. Контролен панел12. Црево за пареа
13. Струен кабел14. Штипка за собирање на цревото
15. Пегла16. Основа

КОНТРОЛЕНаПАНЕЛ:

GORENJE SGT2400V PRO - ШТО НЕ ТРЕБА ДА ПРАВИТЕ - 2

1. Индикатор на тврдост на водата8. Индикатор на програмирана температура
2. Дотерувач на температурата9. Индикатор за избор на материјал
3. Индикатор кој јавува дека немапатрон против бигор или дека треба да се замени10. Копче за програмирање температура
4. Индикатор на нивото на пареа11. Копче за избор на материјал '+'
5. ЕКО индикатор12. Копче за избор на материјал '-'
6. Индикатор за автоматско исклучување13. Копче за вклучување/исклучување
7. Индикатор за дополнување вода

ПРЕДаПРВАТАаУПОТРЕБАа

  1. Отстранете ги сите заштитни фолии или лепенки на апаратот.
  2. Одмотајте го и исправете го струјниот кабел.
  3. Потопете го новиот патрон против бигор во вода и оставете го во вода 5 минути пред првата употреба, заради подобро работење на апаратот (види „ПАТРОН ПРОТИВ БИГОР“).

Белешка: Кога за првпат ја користите функцијата со пареа, не правете го тоа со вашите алишта. Во апаратот може да има остатоци. Првиот пат почнете со пеглање стара крпа. Притиснете го активаторот на пареа, за да бидете сигурни дека сите остатоци се целосно исфрлени.

КОРИСТЕЊЕаНАаАПАРАТОТа

  1. Со овој апарат треба да се користи нормална вода од чешма. Други течности или кондензирана вода може да го оштетат.

  2. Приключете го апаратот на струја во соодветен штекер.

  3. Почнете да пеглате откако иконите на екранот єе престанат да трепкаат, што е знак дека е постигната потребната температура и пеглата е подготовена за употреба.

  4. Секогаш исклучувајте го апаратот од струја по употреба.

Користење на држачот на кабел

  1. Одмотајте го и исправете го струјниот кабел.
  2. Инсталирајте го држачот за кабел како на сликата.
  3. Ставете го струјниот кабел на ченгелот на држачот за кабел како што е прикажано на Слика 3.

GORENJE SGT2400V PRO - Користење на држачот на кабел - 1

1. Извадете го струјниот кабел од штекерот.
2. Притиснете го копчето за ослободување на резервоарот за вода на дното на резервоарот и извлечете го резервоарот.GORENJE SGT2400V PRO - Користење на држачот на кабел - 2
3. Отворете го капакот на отворот за вода и наполнете го резервоарот со вода до ознаката за максимум на самиот резервоар.GORENJE SGT2400V PRO - Користење на држачот на кабел - 3
4. Држете го копчето за ослободување на резервоарот за вода притиснато и вратете го резервоарот во првичната положба. Проверете дали е цврсто ставен на своето место.

ПРОГРАМИРАНА ТЕМПЕРАТУРА (Работа со програмирана температура)

Апаратот има можност да работи со програмирана температура, што овозможува со апаратот да се пеглаат сите материјали што може да се пеглаат, без да се дотерува температурата на пеглата. Температурата на апаратот е фабрички дотерана.

GORENJE SGT2400V PRO - ПРОГРАМИРАНА ТЕМПЕРАТУРА (Работа со програмирана температура) - 1Материјалите со овие символи може да се пеглаат, како, на пример, полиестер, свила, вискоза, волна, памук и лен.
GORENJE SGT2400V PRO - ПРОГРАМИРАНА ТЕМПЕРАТУРА (Работа со програмирана температура) - 2Материјалите со овие символи не може да се пеглаат, како, на пример, полипропилен и еластин

ПЕГЛАЊЕ СО ПРОГРАМИРАНА ТЕМПЕРАТУРА

Кога го включувате апаратот, тој автоматски почнува да работи со програмирана температура. Може да го користите копчето за програмирање на температурата кога пеглата е дотерана да работи со поинаков материјал.

ДОТЕРУВАЊЕ НА АПАРАТОТ СПОРЕД РАЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ

Апаратот има можност да се дотера на различни температури, за да се пеглаат разни видови материјали. Може да го одберете дотерувањето на апаратот според материјалот со притискање на копчето + или -. Апаратот може да се дотера за работа со следните материјали: „Акрил“ <-> „Најлон“<-> „Свила“ <-> „Полиестер“<-> „Мешан материјал“<-> „Волна“<-> „Памук“ <-> „Фармерки“<-> „Лен“, според долниот редослед:

GORENJE SGT2400V PRO - ДОТЕРУВАЊЕ НА АПАРАТОТ СПОРЕД РАЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ - 1

flowchart
graph LR
    A["ACRYL"] --> B["NYLON"]
    B --> C["SILK"]
    C --> D["POLY"]
    D --> E["LINEN"]
    E --> F["COTTO"]
    F --> G["WOOL"]
    G --> H["BLEND"]
    H --> I["Eco"]

ВАЖНО: Пред да почнете со пеглање, прочитајте ја етикетата на облеката и следете ги инструкциите за пеглање на производителот, кои се често означени со символи слични на следниве:

Дотерување на контролата
GORENJE SGT2400V PRO - ДОТЕРУВАЊЕ НА АПАРАТОТ СПОРЕД РАЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ - 2GORENJE SGT2400V PRO - ДОТЕРУВАЊЕ НА АПАРАТОТ СПОРЕД РАЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ - 3GORENJE SGT2400V PRO - ДОТЕРУВАЊЕ НА АПАРАТОТ СПОРЕД РАЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ - 4
. Ацетат. Полиестер
. еластин. СвилаGORENJE SGT2400V PRO - ДОТЕРУВАЊЕ НА АПАРАТОТ СПОРЕД РАЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ - 5
. Полиамид. ТриацетатGORENJE SGT2400V PRO - ДОТЕРУВАЊЕ НА АПАРАТОТ СПОРЕД РАЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ - 6
. Вискоза

Ако не сте сигурни од каков материјал е облеката, пеглајте со програмираната температура или почнете да пеглате на ниска температура.

ФУНКЦИЈАаНАаАВТОМАТСКОаИСПУШТАЊЕаПАРЕАа

Апаратот автоматски го прилагодува нивото на пареа што се испушта, според одбраниот начин на работа со одреден материјал. Оваа функција го обезбедува правилното количество пареа за секоја температура, за да се постигнат саканите резултати од пеглањето.

ЗАаДАаПЕГЛАТЕа

1. Притиснете го копчето вклучи/исклучи, за да го включите апаратот и да ја изберете саканата температура на која їе пеглате.
2. Во зависност од тоа која температура сте ја избрале, на контролниот панел ће почне да трепка соодветниот символ за температура. Кога пеглата е подготвена за употреба, символот за температура їе престане да трепка и останува постојано запален.GORENJE SGT2400V PRO - ФУНКЦИЈАаНАаАВТОМАТСКОаИСПУШТАЊЕаПАРЕАа - 1
3. Ако сакате да пеглате „на суво“, може да почнете со пеглање веднаш штом пеглата биде подготвена за употреба.a
4. Со пареа може да се пеглаат материјалите „Волна“, „Мешан материјал“, „Памук“, „Фармерки“ и „Лен“. Може да го држите активаторот на пареа притиснат, за да создадете пареа за пеглање. Индикаторот на пареа за материјалот што сте го одбрале їе трепка, означувајки дека испушта пареа. За апаратот да престане лида пушта пареа, отпуштете го активаторот на пареа.GORENJE SGT2400V PRO - ФУНКЦИЈАаНАаАВТОМАТСКОаИСПУШТАЊЕаПАРЕАа - 2
5. Може да го смените дотерувањето на материјалот со притискање на копчињата +аили - или работете на програмирана температура со притискање на копчето за програмирана температура.
6. По употребата, притиснете го копчето вклучи/исклучи, за да го исключите апаратот.
7. По секоја употреба, следете го делот од упатството за „Празнење на резервоарот за вода“. Се препорачува по употребата водата што е останата во резервоарот да се исфрли.

КОНТРОЛА НА ПАРЕАТА

Апаратот има два различни начина на испуштање на пареата:

  1. Нормално испуштање: пареата се испушта по целото дно на пеглата, за рамномерно пеглање на материјалот (Слика 4).

Слика 4

  1. Засилено парење: пареата се концентрира на предниот дел од дното на пеглата, со што се создава поголем притисок и може да се израмнат наборите кои потешко се пеглаат (Слика 5).

GORENJE SGT2400V PRO - КОНТРОЛА НА ПАРЕАТА - 2

  1. За да изберете еден од начините на испуштање на пареата, свртете го контролното копче налево или надесно.

ВЕРТИКАЛНО ПАРЕЊЕ

Може и да ги отстраните наборите на деликатните алишта додека се обесени, на висечки завеси или на други материјали што висат:

  1. Одберете ја саканата температура за пеглање со пареа.
  2. Држете ја пеглата во вертикална положба (Слика 6) на оддалеченост од 15 до 30 сантиметри од материјалот.
  3. Притиснете го активаторот на пареа.

GORENJE SGT2400V PRO - ВЕРТИКАЛНО ПАРЕЊЕ - 1

Предупредување: Не парете алишта или материјали што ги носат лугето или миленичињата. Температурата на пареата е многу висока.

БЕЗБЕДНОаАВТОМАТСКОаИСКЛУЧУВАЊЕа

Безбедното автоматско исклучување се вклучува автоматски кога пеглата će се остави неподвижна 10 минути.

  1. Индикаторот за автоматско ислучување трепка, за да означи дека апаратот е безбедно автоматски исключен.
  2. За повторно да ја пуштите пеглата, притиснете на копчето вклучи/исклучи. Контролниот панел ке се врати на претходно избраната температура и ке почне да се загрева. Може да поминат околу 60 секунди пред пеглата да биде подготвена за употреба.

a

Белешка: Апаратот не е соседа ислучен кога е избрана функцијата безбедно автоматско ислучување. Притиснете го копчето за функции и држете го притиснато за да го исключите апаратот и ислучете го од струја.

ПРАЗНЕЊЕаНАаРЕЗЕРВОАРОТаЗАаВОДАaaa

1. Исклучете ја пеглата од струја.
2. Извадете го резервоарот за вода со притискање на копчето за негово ослободување.GORENJE SGT2400V PRO - БЕЗБЕДНОаАВТОМАТСКОаИСКЛУЧУВАЊЕа - 1
3. Отворете го капакот на отворот за вода и испразнете го резервоарот за вода.GORENJE SGT2400V PRO - БЕЗБЕДНОаАВТОМАТСКОаИСКЛУЧУВАЊЕа - 2
4. Вратете го резервоарот за вода и проверете дали е цврсто наместен на своето место.

a

ИЗБОРаНАаЈАЗИК

Апаратот има три јазични подесувања - АНГЛИСКИ, ФРАНЦУСКИ И ГЕРМАНСКИ.

  1. За да го промените јазикот, притиснете ги истовремено копчињата + и -аи држете ги притиснати 5 секунди, по што ће може да го изберете јазикот.
  2. Со притискање на + и — може да изберете еден од јазиците.
  3. Почекајте неколку секунди и апаратот автоматски ќе се ажурира според вашиот избор и ќе прејде на екранот за главни подесувања.

a

ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

Апаратот има двоен систем против бигор, за да се продолжи неговиот век на траење. И двата система го филтрираат и го отстрануваат бигорот во водата:

A. Заменлив систем против бигор:

Во зависност од тврдоста на водата и честотата на користењето на апаратот, патронот треба од време на време да се менува. Апаратот има електронски систем кој ја следи истрошеноста на патронот против бигор. Во зависност од дотераната тврдост на водата, логото ☑повремено će ве потсетува да го замените патронот против бигор. Доколку не може да се најде нов патрон, може да користите дестилирана вода наместо вода од чешма, за да продолжите да го користите апаратот.

За да го замените патронот против бигор:

  1. Потопете го новиот патрон против бигор во вода и оставете го 5 минути во водата.
  2. Извадете го резервоарот за вода.
  3. Извлечете го садот за патрон против бигор и заменете го патронот.
  4. Почекајте 5 секунди пред да го вратите садот за патронот.
  5. Вратете го резервоарот за вода на место.

Белешка:

Доколку садот за патрон против бигор не е наместен како што треба, знакот трепка и ће се чуе звучен сигнал, кој означува дека недостига патронот. Освен тоа, доколку патронот се замени додека апаратот е ислучен, апаратот нема да може да препознае дека се менува патронот.

Важно:

  1. Не обидувајте се да користите истрошен патрон против бигор. Тоа ќе го оштети апаратот.
  2. Не оставајте со садот за патрон против бигор празен. Тоа ќе го оштети апаратот.

ДОТЕРУВАЊЕ НА ТВРДОСТА НА ВОДАТА

Проверете ја тврдоста на водата

Може да ја проверите тврдоста на водата во местото во кое живеете со лентата за проверка на тврдоста приложена во упатството и да ја примените следната метода на испитување:

  1. Потопете ја лентата за проверка во вода накратко, само 1 секунда.
  2. Истресете ја лентата од вода и по 1 минута споредете ја промената на бојата на лентата за проверка со дијаграмот со бои.
  3. Усогласете ја тврдоста на водата во вашата пегла на пареа со притискање на копчето за дотерување на тврдоста на водата.

Дотерајте го нивото на тврдост на водата

  1. Притиснете го копчето — P-TEMP и држете го притиснато 5 секунди, за да ја одберете саканата тврдост на водата.
  2. Притискајте го копчето за избор на материјал, за да го изберете нивото на тврдост на водата според долната табела.
ЛЕНТА ЗА ПРОВЕРКА НА ТВРДОСТА НА ВОДАТАДОТЕРУВАНЬЕ НА ТВРДОСТА
GORENJE SGT2400V PRO - Дотерајте го нивото на тврдост на водата - 10° dH/ 0.00° e/ 0°f5° dH/ 6.210° e/ 9°f10° dH/12.50° e/18°f15° dH/18.75° e/27°f20° dH/25.00° e/36°f25° dH/31.25° e/j5°fМАЛА СРЕДНА ГОЛЕМА ГОЛЕМА ГОЛЕМА ГОЛЕМАLO MI HI

СКЛАДИРАЊЕ НА АПАРАТОТ

  1. Исключете го струјниот кабел од штекерот.
  2. Пуштете го апаратот соседема да се излади.
  3. Испразнете ја водата од резервоарот за вода (види „Празнење на резервоарот за вода“).
  4. Ставете ја пеглата хоризонтално на основата за генерирање пареа.
  5. Соберете го струјниот кабел и цревото за пареа со помош на штипката (Слика 7).

π
π
π
π

Забелешка:

GORENJE SGT2400V PRO - Забелешка: - 1

  1. За отстранување на остатоци на дното од пеглата или на куќиштето, користете влажна крпа или неабразивно средство за чистење.
  2. Никогаш не употребувајте остри предмети за отстранување на остатоците на дното од пеглата.
  3. Никогаш не користете абразивни средства за чистење, оцет или средства против бигор за чистење на пеглата.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Не го фрлајте на апаратот во нормален домашен отпад,туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС

Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаćинство.

Не е за комерцијална употреба!

Го задржуваме правото на промени!

РЕШАВАНЬЕ ПРОБЛЕМИ

ПроблемПричинаРешение
Апаратот не работиАпаратот се загрева.Почекајте неколку минути пред да го употребите.
Не е включен во струја.Приключете го на соодветен штекер.
Копчето вклучи/исклучие во положба „исклучи“.Притиснете го копчето вклучи/исклучи, за да го включите апаратот.
Штекерот не е исправен.Ставете друг, исправен штекер.
Индикаторот за ниво на вода свети.Резервоарот за вода е празен.Наполнете го резервоарот со довольно вода.
Дното не го загрева материјалот довольно.Неточно дотерување на пеглата за тој материјал.Притискајте на копчињата за одбирање на ниво на пареа за да го одберете саканиот вид материјал.
Од дното на пеглата капат капки вода.Пареата која останала во цревото се изладила и се кондензирала во вода.Пуштете пареа нека излегува од пеглата настрана од облеката неколку секунди.
Апаратот не испушта пареа.Патронот против бигор е сув или е ставен нов патрон.Извадете го патронот против бигор од апаратот, потопете го во вода 5 минути и потоа вратете го во апаратот.
Оштетен материјал.Прегревање.Следете го упатството или тестот за тој материјал на внатрешноста на работ од материјалот.
Од основата истекува вода.Патронот против бигор не е ставен правилно.Ставете го прописно.
Голема бучава.Употреба по прв пат.Ова е нормално.
Вода се пумпа во грејачот.Ова е нормално.
Резервоарот за вода е празен.Наполнете го резервоарот за вода.

GORENJE

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : SGT2400V PRO

Категорија : пегла