B600WG - Миксер GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот B600WG GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Блендер со мелница за кафе |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | B600WG |
| Капацитет на садот за блендер | 1,5 литри |
| Моќност | макс. 600 W |
| Напон | 220 - 240 V |
| Фреквенција | 50 Hz |
| Ниво на бучава | 72 dB(A) |
| Поставки за брзина | 3 (1, 2, 3) плус Pulse |
| Pulse функција | Да, моментално работење за прецизна контрола |
| Систем за безбедносно блокирање | Да, спречува работа освен ако садот или мелницата за кафе не се правилно заклучени |
| Тип на сечило | Отстранлив склоп од нерѓосувачки челик |
| Дополнителна опрема | Сад за мелење кафе со капак, мерна чаша |
| Максимален капацитет на зрна кафе | 40 g |
| Време на непрекината работа (блендер) | 1 минута по еднаш |
| Време на непрекината работа (мелница за кафе) | 30 секунди по еднаш, потоа пауза од 60 минути по 3 циклуси |
| Чистење | Само рачно миење; не е безбедно за машина за садови; не потопувајте го моторниот дел |
| Димензии (приближно) | Висина 40 см, Ширина 18 см, Длабочина 18 см |
| Тежина (приближно) | 2,5 kg |
| Гаранција | Контактирајте ја грижата за клиенти на Gorenje |
Често поставувани прашања - B600WG GORENJE
Прашања на корисниците за B600WG GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Миксер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник B600WG - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. B600WG на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК B600WG GORENJE
- Капак на отворот за додавање состојки/мерка Капак 2.
- Бокал на сечкалката (1,5 литар) Отстранливо сечило 4.
- Украсен обрач на куќиштето Куќиште 6.
- Втакнувач и приклучен кабел
- Копче за моментално работење Копче за управување 9.
- Подножје Пластични ножиња 11. Капак за мелење кафе 12. Сад за мелење кафе 13. Сечило за мелење 14.
Безбедносни предупредувања
- Пред употреба на апаратот внимателно прочитајте ги сите упатства.
- Пред составување или раставување на апаратот, пред чистење или кога апаратот не е под надзор, исклучете го од електричната мрежа.
- Деца да не го употребуваат овој апарат. Апаратот и приклучниот кабел да не бидат достапни на деца.
- Лица со намалени физички, сетилни и ментални способности или со недостаточно знаење и искуство можат да го употребуваат овој апарат под соодветен надзор или ако добиле соодветни упатства со оглед на безбедна употреба на апаратот и ако ги разбираат опасностите кои се поврзани со неговата употреба.
- Деца да не се играат со апаратот.
- Оштетен приклучен кабел смее да го замени само производителот или овластен сервисер, односно друго стручно оспособено лице,
бидејќи во спротивно таква работа може да биде опасна.
- Бидете претпазливи кога постапувате со острите сечила, кога го празните садот и за време на чистење.
- Пред замена на додатоците или пред да се приближите до подвижните делови на апаратот, исклучете го апаратот и извадете го штекерот од електричната мрежа.
- Апаратот е наменет за употреба во домаќинство и слични средини, како што се:
- – кујни за персонал во продавници, канцеларии и други работни средини, – фарми, – сместување за гости во хотели, мотели и други објекти за сместување, – објекти кои нудат ноќевање со појадок.
- Кога сечилата се во употреба, не приближувајте ги прстите до нив.
- Во мешалката, односно сечкалката, не сечкајте жешки состојки.
- Апаратот за време на употреба секогаш треба да биде на рамна површина.
- Погрижете се копчето за управување да биде во положба „0“ пред да го приклучите апаратот на електричната мрежа.
- Апаратот не смее да работи непрекинато повеќе од 1 минута.
- Ако апаратот го користите како мелница за кафе, не смее да работи непрекинато повеќе од 30 минути. Ако апаратот го користите како мелница за кафе три пати едноподруго, пред следната употреба оставете го да се одмори приближно 60 минути.
- Внимателно прочитајте ги упатствата приложени кон апаратот и чувајте ги.
- Пред да го вклучите или исклучите штекерот од приклучницата, секогаш исклучете го напојувањето на приклучницата. Кога го исклучувате апаратот од електричната мрежа, држете го штекерот; не влечете го кабелот.
- Не користете го апаратот со продолжен кабел, освен ако истиот не го прегледал и испробал соодветно оспособен стручњак за електрични инсталации или сервисер.
- Апаратот секогаш приклучувајте го на приклучница, односно мрежа, која е под напон (само наизменичен) како што е наведено на апаратот.
- Апаратот користете го само за предвидената намена.
- Апаратот не го ставајте на жежок гасен горилник или електричен грејач, ниту во близина на таков горилник или грејач, исто така не во загреана рерна. Апаратот не го ставајте на кој било друг апарат.
- Не дозволувајте да приклучниот кабел виси преку работ на масата или работната површина или да допира жешки површини.
- Не употребувајте електричен апарат со оштетен приклучен кабел, ако апаратот паднал на подот или друга површина или ако е како било оштетен.
- Никогаш не потопувајте го апаратот во вода или која било друга течност, ако тоа не е стриктно препорачано.
- Никогаш не допирајте ги сечилата, кога е апаратот вклучен.
- Бидете посебно претпазливи кога го празните или чистите бокалот на сечкалката, бидејќи сечилата се исклучително остри.
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.
Употреба на сечкалката
- Наместете ја мерката (1) на капакот (2). Наместете го капакот на бокалот од сечкалката и притиснете го надолу (Слика 1). Бокалот на сечкалката ставете го на куќиштето и завртете го во спротивна насока од стрелката на часовникот (Слика 2). Повеќе информации ќе најдете во заглавието Безбедносен систем за заклучување.

Отстранете го капакот или мерката од бокалот на сечкалката и ставете состојки во бокалот.
Капакот со наместена мерка повторно наместете го на бокалот на сечкалката и завртете го бокалот во спротивна насока од стрелката на часовникот, да се закачи. Повеќе информации ќе најдете во заглавието Безбедносен систем за заклучување.
Содржината во бокалот да не го надмине означеното ниво, т.е. 1,5 литар.
- Со копчето за управување избери ја саканата брзина на сечкање: 1, 2, 3 или моментално работење. При моментално работење (pulse) сечкалката ќе работи додека го држите копчето за моментално работење. Тоа ви овозможува повеќе надзор при сечкање на пр. оревчиња и чоколада или при дробење мраз.
- Ако копчето го завртите во положба 1, 2 или 3, апаратот ќе работи непрекинато, додека копчето не го завртите назад во положба 0.
- Состојки можете во бокалот да додадете и за време на сечкање. Тоа ќе го направите така што ќе ја отстраните мерката од отворот за додавање состојки.
- По завршеното сечкање, завртете го копчето за управување назад на положба 0.
Употреба на мелницата за кафе
Во садот за мелење (15) додајте ја саканата количина кафе (најмногу 40 g).
- Наместете го капакот за мелење (14) на садот за мелење (15) и притиснете го надолу (Слика 3).
- Мелницата за кафе ставете ја на куќиштето и завртете ја во спротивна насока од стрелката на часовникот (Слика 4). Повеќе информации ќе најдете во заглавието „Безбедносен систем за заклучување“.

- Со копчето за управување изберете ја саканата брзина на сечкање: 1, 2, 3 или моментално работење.
- Колку фино мелено ќе биде кафето зависи од количината на кафени зрна и времето на мелење.
- При мелење кафе, земете ги предвид следниве ограничувања во однос на количината и времето на мелење:
- 40 g: најмногу 15 до 30 секунди.
- Ако времето на мелење е пократко, кафето ќе биде погрубо мелено.
- При моментално работење (pulse), апаратот ќе работи додека го држите копчето за моментално работење. Тоа ви овозможува поголем надзор при мелењето.
Ако копчето го завртите во положба 1, 2 или 3, апаратот ќе работи непрекинато, додека копчето не го завртите назад во положба 0.
Безбедносен систем за заклучување
За поголема безбедност, оваа сечкалка и мелница за кафе е опремена со безбедносен систем за заклучување. Ако капакот и бокалот или мелницата за кафе не се правилно наместени, апаратот нема да работи.
Сечкалката правилно составете ја според следниве упатства:
- Куќиштето ставете го на маса; предниот дел да биде свртен кон вас. Бокалот на сечкалката ставете го на куќиштето, така што рачката да биде на десна страна. Бокалот правилно е ставен кога стрелката на бокалот е непосредно над отворениот механизам за заклучување на куќиштето, односно подножјето со мотор.
- Завртете го бокалот на сечкалката надесно, додека не се закачи со чујно кликнување. Двете стрелки на
куќиштето (подножјето со мотор) и бокалот мора да бидат порамнети една со друга. Бокалот на сечкалката така е правилно наместен.
- Наместете го капакот на сечкалката, така што вртењето да биде свртено кон вас.
- Завртете го вртењето надесно, додека не е непосредно над рачката на бокалот. Сечкалката сега е подготвена за употреба.
Мелницата за кафе правилно ќе ја составите според следниве упатства:
- Куќиштето ставете го на маса; предниот дел да биде свртен кон вас.
- Мелницата за кафе ставете ја на куќиштето, и завртете ја мелницата за кафе надесно додека не се закачи со чујно кликнување. Двете стрелки на куќиштето (подножјето со мотор) и садот за мелење мора да бидат порамнети една со друга. Ако се, мелницата за кафе е правилно наместена. Мелницата за кафе сега е подготвена за употреба.
Водич за вашата сечкалка
| Работа | Вид храна | Препорачано дотерување | Препорачана постапка |
| Пенење | Млечен шејк, смути | 2, 3 | Употребите оладено млеко. Мешајте додека не достигнете сакана густина, односно текстура. |
| Сечкање | Оревчиња, чоколада, лук или билки | Моментално работење (pulse) | Сечкајте половина шолја состојки наеднаш, да бидат парчињата со еднаква големина. |
| Пенесто мешање | Путер или шеќер | 2, 3 | Мешајте путер и шеќер, додека не настане кремаста смеса. Препорачуваме да на половина од мешањето ја запрете сечкалката и го отстраните кремот од страните на бокалот. Не мешајте предолго. |
| Дробење | Трошки од леб, трошки од колачиња | 2, 3 | Искршите ги на парчиња и сечкајте додека не настанат трошки. |
| Дробење мраз | Мраз | 1, 2, 3, моментално работење | Додајте 1/4 шолја вода. За дробење мраз употребите кое боло дотерување или па 3 до 4-пати едноподруго притисните го тастерот за моментално работење (pulse). |
| Приготвување емулзија | Преливи за салата | 1, 2 | Мешајте додека не настане хомогена смеса. За време мешање можете да додавате масло низ отворот за долевање, односно додавање состојки во капакот. |
| Шеќер во прав | Кристален шеќер | 2, 3 | Дробите приближно 20 секунди за грубо мелен шеќер во прав и уште натамошни 10 секунди за фино мелен шеќер во прав. |
| Мешање | Течно тесто | 1, 2 | Состојките мешајте ги само толку да настане хомогена смеса. Не мешајте предолго. |
| Пире | Супи, зеленчук, овощје | 2, 3 | Мешајте, додека не настане глатка смеса. |
ВНИМАНИЕ! Времето за сечкање или мешање може да се менува со оглед на количината состојки во бокалот; наведените траења се само како основа.
Прирачни совети за употреба на апаратот
- Ако во сос за месо настанат грутчиња или ако сос врз основа на јајца се сплеска, можете да ги спасите со кратко мешање во сечкалката.
- Храна која имате намера да ја додадете во сечкалката, нарежете ја на коцки (со страница приближно 2 до 3 сантиметри); така смесата ќе биде порамномерна.
- Никогаш да не го наполните бокалот на сечкалката преку означеното ниво.
- За ефикасно мешање, односно сечкање суви состојки, можеби ќе морате да го прекините работењето на апаратот и состојките со лопатче да ги истружите од страниците на бокалот и да ги вратите на дното.
- Кога приготвувате пире од зеленчук или овошје, варено или сурово, нарежете ги состојките на мали парчиња, да го олесните работењето на апаратот.
- Кога мешате различни состојки, најпрвин додајте течност, а потоа уште суви состојки.
- Секогаш уверете се дека во овошјето нема коски и дека во месото нема коски, бидејќи тие можат да ги оштетат сечилата.
- Во сечкалката не мешајте жешки течности. Почекајте жешките течности да се оладат, пред да ги додадете во сечкалката.
- Кога приготвувате пире од топли состојки, секогаш овозможете проветрување на бокалот на сечкалката. Тоа ќе го направите така што откако ќе ја задвижите сечкалката, ќе ја отстраните мерката од капакот на бокалот.
Нега и чистење
Метода на брзо чистење
- Наполнете ја сечкалката до половина со топла вода и мала количина детергент. Притиснете го тастерот за моментално работење и држете го 1 до 2 секунди, а потоа пуштете го. Повторете 3 до 4 пати.
- Потоа отстранете го бокалот и исплакнете го под славина.
- Садот и капакот на мелницата исчистете ги со четка, четче или сува крпа.
- Капакот на мелницата можете да го измиете и во ладна или млачна вода.
Темелно чистење
- Одвртете го склопот на сечилото од дното на бокалот, така што ќе го завртите дното на сечилото во спротивна насока од стрелката на часовникот.
- Отстранете го гумениот дихтунг од склопот на сечилото.
- Измијте го капакот на бокалот, мерката, гумениот дихтунг, склопот на сечилото и бокалот во вода со малку детергент.
Внимание: при чистење на сечилата бидете претпазливи, бидејќи се многу остри.
Забелешка: Не мијте ниеден дел на сечкалката во машина за миење садови.
Чистење на куќиштето
Куќиштето го чистите со влажен мек сунѓер и малку детергент, потоа избришете го куќиштето.
Забелешка: Никогаш не го потопувајте куќиштето на апаратот (со моторот) во вода.
Чување
- Приклучниот кабел намотајте го и чувајте го во за тоа наменетата фиока на дното од куќиштето.
- Апаратот чувајте го на ладно и суво место.
За информации или во случај на проблеми, посетете ја или обратете се до центарот на Gorenje за помош на корисниците во вашата држава (телефонски број ќе најдете во меѓународниот гарантен лист). Ако во вашата
држава нема таков центар, обратете се до локалниот продавач на Gorenje или до одделението на Gorenje за мали апарати за домаќинство.
Го задржуваме правото на промени!

Употреба на кафемелачката
Само за лична употреба!