SIEMENS HZ9FF040 - тенџере

HZ9FF040 - тенџере SIEMENS - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HZ9FF040 SIEMENS во PDF формат.

📄 240 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice SIEMENS HZ9FF040 - page 116

Прашања на корисниците за HZ9FF040 SIEMENS

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот тенџере во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HZ9FF040 - SIEMENS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HZ9FF040 на марката SIEMENS.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HZ9FF040 SIEMENS

Кога ги користите додатоците, внимавајте на овие безбедносни напомени.

Овој производ е во согласност со прописите за производи кои имаат контакт со храна.

■ Садот за готвење не е погоден за употреба во микробранова печка.
■ Садот за готвење е произведен само за домашна употреба.
■ Садот за готвење е наменет за готвење.
■ Не чувајте храна во садот за готвење долго време.
■ Не вршете промени на садот за готвење на кој било начин.
■ Никогаш не оставајте го садот за готвење без надзор.
■ Никогаш не оставајте ги децата без надзор во близина на жешки садови за готвење.

SIEMENS HZ9FF040 - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од пожар!

Жешкото масло и маснотија брзо се запалуваат.

▶ Никогаш не оставајте ги жешкото масло и маснотија без надзор.
▶ Не користете природни масла со ниска точка на чадење за пржење или фритирање.
▶ Никогаш не бришете го со вода жешкото масло или маснотија.
▶ Изгаснете го огнот со капак или противпожарно кебе.

SIEMENS HZ9FF040 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од пожар! - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од изгореници!

Рачките и капакот може да бидат многу врели.

▶ Секогаш користете кујнски крпи.
- Оставете ги садовите за готвење и стаклениот капак да се изладат пред да ги чистите.

SIEMENS HZ9FF040 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од изгореници! - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од изгореници!

Топла течност, прскање и пареа може да предизвикаат изгореници.

▶ Внимателно ракувајте со жешките течности.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од повреда!

Пагањето на садовите за готвење може да предизвика повреди.

- Свртете ги рачките на тавата за да не излегуват над работната површина.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од наштетување на здравјето!

Прекумерните температури може да ја уништат облогата на садот за готвење.

Може да излезат штетни гасови.

▶ Никогаш не користете го садот за готвење со функцијата за скара во перната.
▶ Никогаш не користете го садот за готвење со функцијата за самочистење во перната.

НАПОМЕНА

Неправилната употреба може да го оштети садот за готвење или плочата за готвење.

▶ Никогаш не загревајте го садот за готвење кога е празен.
▶ Никогаш не ставајте го во употреба садот за готвење празен.

Може да ја изгребете облогата на садовите за готвење ако ги редите еден во друг.

▶ Ако сакате да ги редите тавите Flex една во друга, ставете заштитна подлога меѓу тавите.

SIEMENS HZ9FF040 - НАПОМЕНА - 1

2 Општи упатства и мерки на претпазливост за стаклени капаци

Кога користите стаклен капак, внимавајте на овие безбедносни напомени.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од повреда!

Скршените стаклени капаци може да предизвикаат повреди.

▶ Внимателно ракувајте со скршеното стакло бидејки парчињата може да бидат екстремно остри и тешки за пронаогање.

НАПОМЕНА

Неправилната употреба може да го оштети стаклениот капак.

Секогаш ставајте го врелиот стаклен капак на сува крпа, кујнски крпи за тенцере или крпа за раце.
- Никогаш не ставајте го врелиот стаклен капак на шпорет, метален подметач, директно на работна плоча, на која било друга ладна или влажна површина или во мијалник.
▶ Никогаш не ставајте го стаклениот капак директно на извор на топлина, на пр. горилник или скара, под решетка за скара или во тостер.
▶ Никогаш не користете го стаклениот капак на или под пламен.
▶ Не истурајте течност врз или во жешкиот стаклен капак.
▶ Никогаш не допирајте го жешкиот стаклен капак со влажна крпа. Оставете го врелиот стаклен капак да се излади на решетка за ладење, кујнска крпа за тенцере или сува крпа.
▶ Не користете го стаклениот капак во перната.
Никогаш не потопувајте го врелиот стаклен капак во ладна вода и не ладете го под ладна проточна вода од чешма.
▶ Внимавајте да не ви падне стаклениот капак, не удирајте го во тврд предмет и не удирајте го со прибор.
Редовно проверувајте го стаклениот капак да не е поткршен или пукнат. Доколку дојде до такво оштетување, фрлете го стаклениот капак.

3 Чистење на садот за готвење пред првата употреба

  1. Отстранете ја амбалажата и сите етикети.
  2. Внимателно проверете го дното да не има гребнатини, вдлабнатини или други оштетувања што може да се предизвикани од ракување, транспорт или за време на продажбата.
  3. Чистете го садот за готвење со топла вода со сапуница и мек сунгер.
  4. Избришете го садот за готвење со сува крпа.
  5. Загрејте го празниот сад за готвење на низок степен.
  6. Сè додека садот за готвење е топол, внимателно истријте го нелепливиот слој со растително масло.
  7. Оставете го садот за готвење да се излади.
  8. Избришете што повеće масло со хартиена крпа.

Совет: Садот за готвење подмачкувајте го со масло како што е опишано во редовни интервали и секој пат пред да го складирате на подолг период. Ова ги подобрува својствата на облогата.

4 Поставување на садот за готвење

Флексибилната зона може да се конфигурира на два начина, во зависност од тоа кој сад за готвење се користи. За да обезбедите добро препознавање и распределба на топлина добро центрирајте го садот за готвење, како што е прикажано на сликите.

Забелешка

Ако се постават погрешно, зоните за готвење нема да се активираат правилно и нема да се постигнат добри резултати од готвењето.

■ Не ставајте садови за готвење во средината помеѓу десната и левата зона за готвење.
■ Не ставајте ја малата флексибилна тава вертикално на зоната за готвење.

SIEMENS HZ9FF040 - Забелешка - 1

4.1 Како поврзана зона за готвење

Препорачано за готвење само со еден сад за готвење.

Поставете го садот за готвење во зависимост од големината:

SIEMENS HZ9FF040 - Како поврзана зона за готвење - 1

4.2 Како две одделни зони за готвење

Препорачано за готвење со два сада за готвење.

Можете да ги користите предните и задните зони посебно и да поставите посебен степен на јачина за секоја.

SIEMENS HZ9FF040 - Како две одделни зони за готвење - 1

5 Користење на сад за готвење

НАПОМЕНА

Неправилната употреба може да предизвика штета и не е покриена со гаранцијата на производителот.

  • За да избегнете гребење на плочата за готвење, подигнете го садот за готвење кога го преместувате на стаклокерамиката.
  • За да избегнете гребење на површините, користете само дрвен или пластичен прибор без остри рабови.
    ▶ Не ставајте садови без заштитен слој помеѓу нив.
  • За да обезбедите добра стабилност на садот за готвење, никогаш не прегревајте ја тавата.
  • За да избегнете влијанија врз нелепливите својства, заштитете ја тавата од вдлабнатини и обложената површина од гребнатини.
  • За да избегнете гребење на површината, никогаш не ја сечете храната во тавата. Не користете блендери или маталки во тавата.
    Секогаш користете заштитен материјал кога ставате жешки садови за готвење на маса или работна плоча.

Услов: Користете чиста тава.

  1. За да постигнете најдобар резултат од готвењето, ставете го садот за готвење на површина за готвење со соодветна големина.

  2. Загрејте до степен 8 или 8.5, а потоа изберете го соодветниот степен за готвење. Садот за готвење се загрева многу брзо. Не користете ja Boost функцијата.

Забелешки

■ За да спречите деформирање на капаците, или чувајте ги капаците – со силиконскиот раб свртен нагоре на садот за готвење или – рамно во шкафот.
■ Флексибилните садови никогаш не се целосно рамни. Флексибилниот сад се прилагодува на плочата за готвење при загревање.

6 Употреба на садот за готвење во rerна

Садот за готвење можете да го користите без капак, земајки ја предвид максимальната температура во перната.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од изгореници!

Садот за готвење и рачките се вжештуваат.

▶ Користете кујнски крпи.

НАПОМЕНА

Прекумерните температури може да го оштетат садот за готвење.

▶ Никогаш не користете го садот за готвење на температура над 220 °C во перната.
▶ Никогаш не користете го садот за готвење со функцијата за скара во перната.
▶ Никогаш не користете го садот за готвење со функцијата за самочистење во перната.

Сад за готвење Макс.
температура во °C
Флексибилни садови220

7 Чистење на садовите за готвење

НАПОМЕНА

Неправилното чистење може да предизвика заматување на стаклениот капак.

  • Не чистете ги садовите за готвење и стаклениот капак во машината за миење садови.
  • Не користете груби средства за чистење базирани на лимонска киселина или кои содржат белило на база на хлор.
  • Не користете велична волна или сунгери за садови од најлон.
    ▶ Не користете средство за чистење на перната или други абразивни средства за чистење.
  • Не користете метален прибор за јадење.

  • Чистете го садот за готвење рачно по секоја употреба со сунгер или крпа за садови, топла вода и средство за миење садови специјално наменет за рачно миење.

Најдобри резултати од чистење се постигнуваат кога садот за готвење е сè уште топол. Сепак, внимавајте да не се изгорите кога чистите.

Ако остатоците од храна се залепат на садот за готвење, ставете вода на дното на тавата и оставете да кисне додека садот се загрева на ниска температура и додека не се појави пареа. Водата не мора да врие.

  1. Исплакнете го садот за готвење со топла вода.
  2. Веднаш исушете го садот за готвење со мека крпа.

Совет

Секогаш чистете го садот за готвење темелно, бидејки при следната употреба остатоците од храна може да изгорат на површината или храната може да се залепи.
Чувајте го садот за готвење чист и празен кога не го користите.

8 Гаранција

Следново е ислучено од гаранцијата на производителот:

  • Оштетување поради неправилна употреба, на пр. поради прегревање, удирање или пагање
  • Оштетување поради неправилно чистење
    ■ Природно абење, включително и нелеплив слој
    ■ Визуелни знаци на употреба, на пр. промена на бојата предизвикана од чистење во машина за миење садови или од употреба на масла и масти
  • Оштетување во зоната за готвење, на пр. гребнатини предизвикани од гребење или други оштетувања на дното на садот за готвење.

Ако имате какви било прашања, контактирајте со нашата служба за корисници.

SIEMENS HZ9FF040 - Гаранција - 1

Bezpieczeństwo

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SIEMENS

Модел : HZ9FF040

Категорија : тенџере