PHILIPS Airfryer XXL Connected HD9875 - фритеза

Airfryer XXL Connected HD9875 - фритеза PHILIPS - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Airfryer XXL Connected HD9875 PHILIPS во PDF формат.

📄 779 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice PHILIPS Airfryer XXL Connected HD9875 - page 720

Преземете ги упатствата за вашиот фритеза во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Airfryer XXL Connected HD9875 - PHILIPS и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Airfryer XXL Connected HD9875 на марката PHILIPS.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Airfryer XXL Connected HD9875 PHILIPS

Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.

Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински шпорет, кој било електричен шпорет и електрични грејни плочи или во загреана рерна.

Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете

За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга течност во апаратот.

Состојките за пржење секогаш ставајте ги во корпата за да не дојдат во допир со грејните елементи.

Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи апаратот.

Немојте да ја полните тавата со масло бидејќи тоа може да предизвика

Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат.

Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот додека

Никогаш немојте да ставате количина на храна што го надминува максималното ниво означено во корпата.

Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има заглавено храна во грејачот. Предупредување

Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени компанијата Philips, нејзин сервисер или други лица со слични квалификации за да се избегне опасност.

Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер. Секогаш проверувајте дали приклучокот правилно сте го вметнале во штекерот.

Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со засебен систем за далечинско управување.

Површините што се допираат може да станат врели додека работи

Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење и корисничко одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно лице.

Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца помлади од 8 години.724

Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други апарати. Оставете најмалку 10 cm слободен простор од задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.

За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез на воздух се ослободува врела пареа. Држете ги рацете и лицето на безбедно растојание од пареата и од отворите за излез на воздух. Исто така, внимавајте на врелата пареа и воздухот кога ја вадите тавата од

Никогаш не користете лесни состојки или хартија за печење во апаратот.

Површините што се допираат може да станат врели додека работи

Складирање компири: Температурата мора да биде соодветна на складираната сорта компир и мора да биде над 6 °C за да се минимизира ризикот од изложеност на акриламид во подготвената

Никогаш немојте да ја полните тавата со масло.

Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални температури помеѓу 5 °C и 40 °C.

Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.

Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки површини.

Немојте да го поставувате апаратот на или близу до запаливи материјали како што се чаршаф или завеса.

Апаратот употребувајте го единствено за намените опишани во овој прирачник и користете само оригинални додатоци од Philips.

Не оставајте апаратот да работи без надзор.

Тавата, корпата и додатоците стануваат врели во текот на и по користењето на апаратот, секогаш ракувајте со нив внимателно.

Пред првото користење на апаратот темелно исчистете ги деловите што доаѓаат во допир со храната. Погледнете ги упатствата во прирачникот.

Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не е наменет за употреба во опкружувања како што се кујни за персонал во продавници, канцеларии, фарми или други работни опкружувања. Не е наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови сместување.

Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или

Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и стабилна површина.

Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета.

Ако е потребна проверка или поправка на апаратот, секогаш носете го во овластен сервисен центар на Philips. Не обидувајте се сами да го поправате апаратот, во спротивно гаранцијата ќе биде поништена.

Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето.725

Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути пред да ракувате со него или да го чистите.

Внимавајте состојките подготвени во овој апарат да бидат златножолти, а не темни или кафени. Отстранете ги загорените остатоци. Не пржете свежи компири на температура поголема од 180 °C (за да создавањето на акриламид се сведе на минимум).

Ако апаратот има копче за отпуштање на корпата, ова копче не смее да се притиска при тресењето.

Бидете внимателни кога го чистите горниот дел од комората за готвење: Жежок греен елемент, раб на металните делови и заштита од прскање.

Секогаш проверувајте дали храната е целосно испржена во апаратот Airfryer.

Погрижете се секогаш да имате контрола над вашиот Airfryer, како и кога ја користите функцијата за далечинско управување или за одложено активирање.

Кога пржите мрсна храна, апаратот Airfryer може да испушта дим. Бидете особено внимателни кога ја користите функцијата за далечинско управување или за одложено активирање.

Погрижете се само едно лице истовремено да ја користи функцијата за далечинско управување.

Бидете внимателни кога готвите лесно расиплива храна со функцијата за одложено активирање (може да се размножат бактерии). Електромагнетни полиња (EMF) Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња. Автоматско исклучување Апаратот Airfryer има функција за автоматско исклучување. Апаратот ќе премине во режимот на подготвеност доколку не се користи подолго од 10 минути ако е вклучен, но не е активиран режимот за готвење или одржување на топлината. За да го исклучите апаратот рачно, притиснете долго на ротирачкиот регулатор. Рециклирање

Овој симбол означува дека електричните производи не смее да се фрлаат со обичниот отпад од домаќинствата.

Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните производи. Гаранција и поддршка Versuni нуди двегодишна гаранција за овој производ по купувањето. Оваа гаранција престанува да важи ако дефектот се должи на неправилно користење или несоодветно одржување. Нашата гаранција не влијае на726

вашите законски права како потрошувач. За повеќе информации или за користење на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support. Декларација за усогласеност Во овој документ, компанијата DAP B.V. изјавува дека Airfryer HD9875 е усогласен со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на декларацијата за усогласеност на ЕУ е достапен на следната интернет-адреса: https://www.philips.com. Апаратот Airfryer HD9875 е опремен со Wi-Fi-модул, 2,4 GHz 802.11 b/g/n со максимална излезна моќност од 92,9 mW EIRP. Ажурирања на софтверот и фирмверот Ажурирањето е важно за заштита на вашата приватност и за правилно работење на апаратот Airfryer и на апликацијата. Секогаш ажурирајте ја апликацијата со најновата верзија. Апаратот Airfryer го ажурира фирмверот на апаратот автоматски. Забелешка: За да овозможите ажурирање на апаратот Airfryer со најновата верзија на фирмверот, проверете дали Airfryer е поврзан со домашната WiFi-мрежа. Забелешка: Секогаш користете ги најновата апликација и фирмвер. Забелешка: Ажурирања се достапни кога има подобрувања за софтверот. Забелешка: Ажурирањето на фирмверот започнува автоматски кога апаратот Airfryer е во режим на подготвеност. Ажурирањето трае неколку минути. Во текот на овој период апаратот Airfryer не може да се користи. Компатибилност со уреди За детални информации во врска со компатибилноста на апликацијата, погледнете ги информациите во App Store. Фабричко ресетирање Можете да ги вратите зададените поставки на фирмверот со истовремено притискање на копчето за одржување топлина и ротирачкиот регулатор во времетраење од 10 секунди. Потоа апаратот Airfryer повеќе не е поврзан со вашата домашна Wi-Fi- мрежа и не е впарен со вашиот паметен уред.727

Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips!За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајтего вашиот производ на www.philips.com/welcome.

1 Контролна табла2 Фиока3 Ознака за ниво на исполнетост4 Корпа со отстранливо мрежесто дно5 Тава6 Термометар за храна (HD9958, се продава посебно)7 Преграда за чување на кабелот8 Отвори за излез на воздух9 Отвор за влез на воздух728

10 Отстранливо мрежесто дно 11 Заштита од прскање Преглед на контролната табла

1 Копче за температура 2 Копче за одржување топлина 3 Копче за потсетник за тресење 4 Копче за враќање назад 5 Приклучок за термометар за храна 6 Копче за брзина на воздухот 7 Програми за автоматско готвење 8 Индикатор за одржување топлина 9 Индикатор за мала брзина на воздухот 10 Индикатор за голема брзина на воздухот 11 Индикатор за потсетник за тресење 12 Ротирачки регулатор 13 Светлосен прстен 14 Индикатор за парчиња 15 Индикатор за WiFi 16 Индикатор за ниво на исполнетост 17 Индикатор за тежина 18 Индикатор за термометар за храна 19 Копче за време729

Опис на функциите Копче за враќање и ротирачки регулатор Ротирачкиот регулатор е централната контрола. Можете да го завртите и притиснете за да се движите низ различни опции на менито и да потврдите

Кратко притиснете го ротирачкиот регулатор: за вклучување на

Долго притиснете го ротирачкиот регулатор: за исклучување на

Откако е вклучен апаратот:

Притиснете го ротирачкиот регулатор: за потврдување на дејство.

Завртете го ротирачкиот регулатор: за да се движите низ различни опции на менито или да ги смените поставките за готвење.

Притиснете го копчето за враќање: за да се вратите на претходниот

Програми за автоматско готвење Програмите за автоматско готвење се една од клучните функции на вашиот Airfryer, коишто ви овозможуваат да готвите различни прехранбени

Со избирање на посакуваниот прехранбен производ и приспособување на нивото на исполнетост или наведување на количината на состојките, апаратот Airfryer автоматски ќе ја постави соодветната температура и времето на готвење за вашиот оброк. Дополнително, апаратот Airfryer ќе ве предупреди ако е потребна некаква интеракција за време на готвењето, како тресење помфрит. Важно: Апаратот Airfryer е опремен со осум зададени програми за автоматско готвење што може да се иницираат директно од апаратот. Меѓутоа, за повеќе опции, можете да пристапите до и да преземете повеќе програми за автоматско готвење преку апликацијата NutriU. Поврзете го вашиот апарат Airfryer со вашата мрежа и впарете го вашиот паметен уред со апаратот за да откриете нови кулинарски можности. Термометар за храна (HD9958, се продава посебно) Термометарот за храна што се продава посебно може да се користи за готвење на храната до посакуваното ниво на подготвеност. Ставете еден крај од термометарот за храна во храната и другиот крај во приклучокот за термометар за храна (видете го поглавјето „термометар за храна“).730

Време на готвење Во режимот за готвење „Рачно готвење“ можете да го прилагодите времето на готвење од 1 до 180 минути. Во програмите за автоматско готвење, не морате да поставите време на готвење бидејќи програмата за автоматско готвење ја готви храната врз основа на големината на порцијата или посакуваното ниво на подготвеност. Во режимот на готвење „Термометар за храна“, не морате да поставите време на готвење бидејќи готвењето автоматски завршува штом се достигнува поставената централна температура на термометарот за храна. Температура на готвење Во режимот на готвење „Рачно готвење“, можете да ја поставите температурата на готвење од 40 °C до 200 °C. Во режимот на готвење „Програми за автоматско готвење“, не морате да поставите температура на готвење бидејќи температурата на готвење се поставува автоматски. Централна температура Во режимот на готвење „Термометар за храна“, можете да ја поставите централната температура на храната меѓу 30 °C и 99 °C. Температурата во средината на храната ќе ја достигне поставената централна температура на крајот од процесот на готвење. Забелешка: Централната температура не е еднаква со температурата на

Мала и голема брзина на воздухот Вашиот Airfryer има две различни поставки за брзина на воздухот; мала брзина на воздухот и голема брзина на воздухот. Во режимот на готвење „Програми за автоматско готвење“, брзината на воздухот се поставува автоматски. Во режимите на готвење „Рачно готвење“ или „Термометар за храна“, потребно е рачно да ја поставите брзината на воздухот со притиснување на копчето за брзина на воздухот. За типични јадења што се подготвуваат долго време во рерна, како лазања, печење, торти итн., користете ја малата брзина на воздухот. За типична употреба на Airfryer, како за помфрит, пилешки медалјони, рибни прсти за кои не е потребно долго време на готвење, користете ја големата брзина на

Забелешка: Ако ја изберете малата брзина на воздух, апаратот работи во нечуен режим.731

Функција за одржување на топлината Вашиот Airfryer има режим за одржување топлина. За да го активирате овој режим, притиснете го копчето за одржување топлина за време на процесот на готвење - без оглед на тоа дали е пред да започнете со готвење, меѓу фазите или на крајот на процесот на готвење. За повеќе информации, погледнете го поглавјето „Одржување топлина“. Потсетник за тресење Вашиот Airfryer е опремен со функција за потсетник за тресење што може да се активира пред да започнете со готвење. Оваа функција испраќа известување во средината на времето на готвење за да ве потсети да ја протресете храната и да добиете рамномерно зготвени резултати. Оваа функција е особено корисна кога готвите храна со повеќе парчиња, како различни видови помфрит. Исто така, може да се користи како потсетник да превртите храна како пилешки батаци. Потсетникот за тресење е деактивиран според зададените поставки. Можете да го активирате пред или за време на готвењето со притиснување на копчето за потсетник за тресење. Звучни известувања Повремено ќе слушнете звук, на пример ако апаратот завршил со готвењето или ако треба да се направи следниот чекор, како на пример, тресење или превртување на храната. Светлосен прстен Вашиот Airfryer доаѓа со анимиран светлосен прстен што го подобрува користењето на вашиот Airfryer. Режим на вртење: Светлосниот прстен се врти кога се врши ажурирање. Режим на пулсирање: Светлосниот прстен трепка бавно ако сте го притиснале ротирачкиот регулатор за време на готвењето. Во овој случај, апаратот е во режим на пауза. Брзо трепкање: Кога апаратот брзо трепка, апаратот чека да го притиснете ротирачкиот регулатор за да потврдите дејство ако фиоката е отворена или за време на впарувањето. Focus mode: e.g if the appliance is asking for the filling level. Претходно загревање Вашиот Airfryer има функција за претходно загревање, со што вашиот Airfryer може претходно да се загрее до посакуваната температура. Ако го притиснете ротирачкиот регулатор без да поставите време, режимот за претходно загревање ќе биде активиран и ќе добиете звучно известување кога ќе се достигне посакуваната температура. Пред првото користење 1 Отстранете ја целата амбалажа.732

2 Отстранете ги налепниците или ознаките (ако ги има) од апаратот. 3 Отстранете ја заштитната фолија од екранот. 4 Темелно исчистете го апаратот пред првата употреба (видете го поглавјето „чистење“). Подготовки пред прва употреба Поставување на отстранливото мрежесто дно 1 Извлечете ја фиоката така што ќе ја повлечете за рачката. 2 Извадете ја корпата така што ќе ја подигнете за рачката.

3 Вметнете го отстранливото мрежесто дно во отворот на десната долна страна од корпата. Туркајте го мрежестото дно надолу сè додека не легне на место („кликнување“ на двете страни). 4 Ставете ја корпата во тавата.733

5 Турнете ја фиоката во апаратот Airfryer држејќи ја за рачката. Забелешка: Никогаш не користете ја тавата без корпата. Поврзување на Airfryer со апликацијата NutriU Важно: Паметниот телефон треба да ви биде поврзан со домашната WiFi-мрежа пред да започнете со процесот на поставување на WiFi. Важно: Апаратот Airfryer треба да го поврзете со домашна Wi-Fi-мрежа од 2,4 GHz 802.11 b/g/n. Впарете го вашиот Airfryer со апликацијата NutriU 1 Скенирајте го QR-кодот за да ја преземете апликацијата NutriU. Апликацијата NutriU можете да ја преземете и од App Store или од веб- страницата www.philips.com/NutriU. NutriU 2 Стартувајте ја апликацијата NutriU на вашиот паметен телефон. 3 Следете ги упатствата на екранот додека не стигнете до страницата „Поставете го апаратот“. Забелешка: Ве советуваме да ја преземете апликацијата NutriU и да го додадете вашиот апарат Airfryer во апликацијата штом го поставите апаратот за првпат. Ова ви овозможува да го користите апаратот Airfryer целосно, на пример, за да уживате во далечинско готвење (започнете рецепти или програми за автоматско готвење од апликацијата, добијте известување кога храната е подготвена итн.) и за да ги добиете најновите ажурирања на фирмверот. Забелешка: За да ги искористите функциите за поврзување, ви треба сметка. За време на процесот на вклучување, треба да регистрирате нова сметка или да се најавите со постоечка.734

4 Вклучете го апаратот. 5 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го вклучите апаратот. 6 Следете ги чекорите од апликацијата за да го поврзете апаратот Airfryer со вашата WiFi-мрежа и да го впарите со вашиот паметен телефон. Забелешка: За време на овој процес во апликацијата NutriU, ќе добиете упатство да притиснете долго време (4 секунди) на апаратот за да го започнете процесот на иницијализација. Бидете блиску до вашиот Airfryer додека истиот не се поврзе. Важно: Далечинско управување: можете далечински да управувате со апаратот Airfryer преку апликацијата (на пр. да испратите рецепт, да паузирате со готвењето) само ако сте ја избрале опцијата „согласност за далечинско ракување“ на вашиот профил NutriU во апликацијата NutriU. Важно: Впарување со еден корисник: со апаратот Airfryer истовремено далечински може да ракува само еден корисник. Ако со Airfryer сака да ракува друг корисник и да ја користи апликацијата NutriU, корисникот мора да ги следи чекорите од процесот за впарување. По впарувањето, впарувањето со првиот корисник автоматски ќе прекине. Важно: Процесот на поставување Wi-Fi може да го откажете преку апликацијата или доколку го исклучите Airfryer од штекер. Индикатор за WiFi Индикаторот за WiFi е исклучен. WiFi-врската е оневозможена. Индикаторот за WiFi е вклучен. WiFi-врската е овозможена и воспоставена со

Индикаторот за WiFi трепка бавно. Поврзувањето со WiFi е во тек. Уредот е во процес на впарување или се поврзува со рутерот. Индикаторот за WiFi трепка брзо. Грешка во поврзувањето со WiFi. Забелешка: Можете да го започнете процесот на впарување со долго притиснување на копчето за време во траење од 4 секунди. Забелешка: Ако се појават проблеми за време на процесот на поставување Wi-Fi - како паузирање на половина пат и неуспешно завршување на процесот, или проблеми со поврзување со вашата Wi-Fi-мрежа - можете да735

го рестартирате процесот со долго притиснување на копчето за време во траење од 4 секунди. Забелешка: Ако треба да го ресетирате фирмверот на зададените поставки, притиснете и задржете го копчето за одржување топлина и ротирачкиот регулатор во исто време во траење од 10 секунди. Табела за храна Табелата подолу ви помага да ги изберете основните поставки за видот на храна што сакате да ја подготвите. Забелешка: Имајте предвид дека овие поставки се предлози. Не можеме да ви гарантираме најдобра поставка за одредена состојка бидејќи сите состојки имаат различно потекло, големина, форма и бренд. Забелешка: Кога подготвувате поголема количина на храна (на пр. помфрит, шкампи, батаци, замрзнати закуски), протресете, превртете или измешајте ги состојките во корпата од 2 до 3 пати за да постигнете рамномерен резултат. Забелешка: Повеќето од состојките во оваа листа може да се најдат во програмите за автоматско готвење во апликацијата NutriU. Состојки Мин. – макс.

Потопете го 30 минути во студена вода или 3 минути во млака вода (40 °C/104 °F), исушете и додадете 1 супена лажица масло на 500 g/18 oz. Протресете двапати. Домашен пекарски

Потопете 30 минути во вода, исушете и потоа додадете од 1/4 до 1 супена лажица масло. Протресете, превртете или измешајте двапати. Замрзнати ужинки

исполнетост 1-6 (6 - 50 парчиња)

Подготвени се кога се златножолти и крцкави однадвор. Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење.736

Подготвени се кога се златножолти и крцкави однадвор. Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на

1 - 6 парчиња 20 - 25 180°C Голема

3 - 18 парчиња 15 - 20 180°C Голема

Додајте масло во смесата за панирање. Подготвени се кога се златножолти. Пилешки крилца Приближно 100 g/3,5 oz

2 - 25 парчиња 15 - 40 200°C Голема

Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење. Месни котлети без

1 - 12 парчиња 12 - 20 200°C Голема

1 - 12 парчиња 10 - 18 200°C Голема

Оставете го да отстои 5 минути пред да го исечете. Филеа од риба

1 - 5 парчиња 18 - 22 200°C Голема

За да избегнете лепење, ставете ја страната со кожа на дното и додајте малку масло.737

Филеа од риба (бакалар, школки)

1 - 4 парчиња 7 - 14 200°C Голема

Користете додаток за печење.

1 - 9 парчиња 13 - 15 180°C Голема

Користете силиконски калапи за мафини што се отпорни на

Однапред испечен тост / земички

Обликот треба да биде колку што е можно порамен за да се избегне лебот да го допира грејниот елемент кога

1 - 6 парчиња 12-16 180°C Мала

Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење. Мешан зеленчук (крупно исечкан)

Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење. Користење на апаратот Airfryer Внимание: Ова е Airfryer којшто пржи со врел воздух. Немојте да ја полните тавата со масло, маст за пржење или друга течност. Внимание: Не допирајте ги жешките површини. Користете ги рачките или дршките. Носете заштитни ракавици кога ракувате со врелата тава. Внимание: Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства.738

Внимание: Овој уред може да испушта чад при првото користење. Тоа е

1 Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна површина којашто е отпорна на топлина. Проверете дали фиоката може целосно да се извлече. Забелешка: Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа може да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето. 2 Извлечете го кабелот за напојување од преградата за чување на кабелот на задната страна од апаратот. 3 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер. 4 Извлечете ја фиоката така што ќе ја повлечете за рачката. 5 Ставете ги состојките во корпата. Забелешка: Немојте да ја полните корпата над индикаторот „MAX“ бидејќи ова може да влијае на квалитетот на крајниот резултат. 6 Турнете ја фиоката во апаратот Airfryer. 7 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го вклучите апаратот. 8 Изберете го начинот на готвење кој го сакате (погледнете во поглавјето „Режими на готвење“). 9 Одлучете дали сакате да го користите рачниот режим, да изберете програма за автоматско готвење или да ја користите сондата за температура за готвење (погледнете во „Режими на готвење“). Внимание: Никогаш не користете ја тавата без корпата во неа. Ако го загревате апаратот без корпа, користете заштитни ракавици за да ја извлечете фиоката. Рабовите и внатрешноста на фиоката многу се вжештуваат.739

Внимание: Не допирајте ја тавата и корпата за време на користењето и одредено време по употребата, бидејќи се многу

10 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да започнете со готвењето. Забелешка: Можете да го притиснете ротирачкиот регулатор за да го паузирате процесот на готвење и да го завртите за да ги промените поставките за готвење. За да продолжите со готвењето, притиснете го повторно ротирачкиот регулатор. 11 Кога ќе го слушнете ѕвончето на тајмерот, време е да ја протресете храната или времето на готвење изминало. Забелешка: Секогаш проверувајте дали храната е соодветно зготвена пред да ја послужите. Забелешка: Некои програми за автоматско готвење ве известуваат кога е потребно да ја тресете или завртите храната. Апаратот Airfryer ќе испрати звучен сигнал кога е време за тресење или вртење. Забелешка: Најдобриот начин за тресење е да ја отворите фиоката и да ја кренете корпата од тавата и да ја протресете. Тогаш, вратете ја тавата со корпата назад во апаратот. Апаратот автоматски ќе продолжи со

Забелешка: За да откажете тековен процес, вратете се кон главното мени со тоа што ќе го притиснете копчето за враќање. 12 Извлечете ја фиоката така што ќе ја повлечете за рачката и проверете дали се готови состојките. Забелешка: Ако храната не е зготвена според вашето посакувано ниво на подготвеност, додајте повеќе време со притиснување на копчето за време и поставување на време. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да готвите уште неколку минути. 13 За да ги отстраните малите состојки (на пр. помфрит), извадете ја корпата од тавата држејќи ја за рачката. Внимание: Откако ќе заврши процесот на готвење, тавата, корпата, внатрешноста и состојките се жешки. Во зависност од видот на состојките во Airfryer, од тавата може да излезе пареа.740

14 Истурете ја храната од корпата во сад или на чинија. Секогаш отстранувајте ја корпата од тавата за да ја истурите храната бидејќи на дното од тавата може да има врело масло. Забелешка: За да отстраните големи или кршливи состојки, користете штипалка за да ги подигнете состојките. Забелешка: На дното од тавата се собира вишокот масло или маста од состојките. Забелешка: Во зависност од видот на зготвените состојките, можеби ќе сакате внимателно да го истурите вишокот масло или маснотии од тавата по секоја количина, или пред да ја протресете или повторно да ја ставите корпата во тавата. Ставете ја корпата на површина отпорна на топлина. Подигнете ја тавата со заштитни ракавици и ставете ја на површина отпорна на топлина. Истурете го вишокот масло или маснотиите од храната. Вратете ја тавата во фиоката и корпата во тавата. Забелешка: Кога една количина состојки е подготвена, Airfryer е веднаш подготвен за подготовка на друга количина. Користење на термометарот за храна (HD9958, се продава посебно) Поставување на термометарот за храна Термометарот за храна може да се користи за бифтек, месни котлети, пилешки гради, филети од риба итн. 1 Исчистете го термометарот за храна пред и по употреба - со топла вода

2 Ставете го термометарот во средината на најдебелиот дел од храната. Внимание: Врвот на термометарот за храна е остар. Забелешка: Осигурете се дека врвот на термометарот е во средината на најдебелиот дел од храната, наместо да е поставен на агол кон дното

Забелешка: Осигурете се дека термометарот е блиску до, но не ја допира коската и дека е подалеку од масти или 'рскавици. Забелешка: Средината на филето можеби не е најдебелиот дел. Важно е термометарот да е поставен во најдебелиот дел за да се постигнат посакуваните резултати. Забелешка: Кога пржите цело пиле на воздух, осигурете се дека сондата не ја пробива целосната површина на градите во шуплината. Забелешка: Не користете го термометарот за храна ако храната не е подебела од 2 cm. Следете ги чекорите подолу за да ја движите сондата кон средината на храната.741

1 Фатете ја металната дршка на термометарот и лоцирајте го врвот кон средината на храната. 2 Држете ги прстите на истото место и вметнете ја сондата во центарот на најдебелиот дел од храната. Забелешка: Во зависност од храната, не е секогаш потребно целосно да ја вметнете металната дршка на термометарот. Што треба да правите Што не треба да правите Забелешка: За цело пиле, осигурете се дека сондата не ја пробива целосната површина на градите во шуплината.742

Забелешка: Користете ги ознаките за прво да го одредите центарот нанајдебелиот дел од вашата храна. Сетете се со помош на вашите прстиколку длабоко треба да го вметнете термометарот за храна.Забелешка: Обележете го термометарот за храна со прстите и вметнете гониз центарот на храната. Мерење на дебелината на храната Можете да го користите термометарот за храна за да ја измеритедебелината на храната.1 Ставете го термометарот за храна покрај храната и проверете којаознака го достигнува врвот на храната.

2 Поставете ја вредноста од 1 до 6 кога се појавува прашање задебелината при готвење со програма за автоматско готвење воапликацијата NutriU.Забелешка: Оваа функција е достапна само кога ја користите апликацијатаNutriU и ја започнувате програмата за автоматско готвење оттаму.Забелешка: Не користете го термометарот за храна ако храната не еподебела од 2 cm. Режими на готвење Режим Како се користи Програми заавтоматско готвењеИзберете ја програмата за автоматско готвење. Поставетего нивото на исполнетост, бројот на парчиња или тежинаи започнете со готвење.Рачно готвење Рачно поставете го времето на готвење, температурата ибрзината на воздухот и почнете да готвите.Термометар за храна Рачно поставете ја централната температура,температурата на готвење и брзината на воздухот ипочнете да готвите.743

Програми за автоматско готвење 1 Кога го вклучувате вашиот Airfryer со притиснување на ротирачкиот регулатор, според зададените поставки, се наоѓате во режимот за програми за автоматско готвење. Забелешка: Ако веќе сте зготвиле нешто пред да сакате да готвите со програма за автоматско готвење, можете да влезете во режимот за „програми за автоматско готвење“ со кликнување на копчето за

2 Можете да изберете од 8 програми за автоматско готвење на вашиот Airfryer. Завртете го ротирачкиот регулатор кон една програма.

3 Завртете го ротирачкиот регулатор за да ја изберете потребната програма за автоматско готвење. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите. 4 Врз основа на храната, може да е потребно да го поставите нивото на исполнетост, бројот на парчиња или тежината. Завртете го ротирачкиот регулатор за да ја изберете количината на храна што сте ја ставиле во

5 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите. Забелешка: Користете ги ознаките во корпата како појдовна точка за да го поставите соодветното ниво на исполнетост. Забелешка: Пред да го изберете нивото на исполнетост, осигурете се дека храната е еднакво дистрибуирана во корпата. Забелешка: Кога ја користите програмата за автоматско готвење „Цела кокошка“, потребно е да ја внесете тежината на прехранбениот производ. Користете вага за да ја одредите тежината, или погледнете на задната страна од храната за да ја пронајдете тежината. 6 Airfryer ја прикажува температурата и времето што автоматски ги пресметува врз основа на вашиот избор. Лесно можете да пристапите до овие информации на вашиот уред бидејќи тие се прикажуваат наизменично. Дополнително, апаратот Airfryer назначува дали е избрана мала или голема брзина на воздух. Подготвување домашен помфрит За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer:

Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит, на пр. свежи, (малку) брашнести компири.

Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух до ниво на исполнетост 4 за рамномерен резултат.744

1 Излупете ги компирите и исечкајте ги во форма на стапчиња. Поголемиот помфрит обично е помалку крцкав од помалиот помфрит. 2 Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода најмалку 30 минути. 3 Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир со крпа за садови или со хартиена крпа. 4 Сипете една супена лажица масло за јадење во садот, ставете ги стапчињата во садот и мешајте сè додека стапчињата не се премачкаат

5 Отстранете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски прибор со дупчиња за вишокот масло да остане во садот. Немојте да го навалувате садот за да ги истурите сите стапчиња во корпата одеднаш за да вишокот масло не влезе во тавата. 6 Ставете ги стапчињата во корпата. 7 Стартувајте ја програмата за автоматско готвење за домашен помфрит и протресете го кога ќе бидете известени. Рачно готвење 1 За да влезете во режим на рачно готвење, притиснете го копчето за температура или копчето за време. 2 Ако сте го избрале копчето за температура, завртете го ротирачкиот регулатор за да ја поставите посакуваната температура меѓу 40 °C и 200 °C, а потоа притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите. 3 Поставете го времето на готвење со тоа што ќе го завртите ротирачкиот регулатор. Можете да изберете време од 1 до 180 минути. Забелешка: Ако го притиснете ротирачкиот регулатор без да поставите време, режимот за претходно загревање ќе биде активиран и ќе добиете звучно известување кога ќе се достигне посакуваната температура. 4 Изберете голема или мала брзина на воздухот со притиснување на копчето за брзина на воздухот и избирање на вашите претпочитани

5 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите и за да започнете со готвење. Забелешка: За да добиете потсетник за тресење откако ќе измине половина од времето за готвење, овозможете го копчето за потсетник за

Забелешка: Ако треба да го паузирате процесот на готвење за да ја протресете храната, да додадете состојки или да ги приспособите параметрите за готвење, притиснете го ротирачкиот регулатор. За да продолжите со готвење, повторно притиснете го ротирачкиот регулатор. Термометар за храна Имајте предвид дека, за да можете да ја користите функцијата за термометар за храна, потребно е посебно да го купите термометарот за храна (HD9959). Откако ќе го купите термометарот, следете ги следните чекори.745

1 Поставете го термометарот за храна во вашата храна како што е опишано во делот „Како да го поставите термометарот за храна“ на прирачникот. Забелешка: Клучно е да се постави точно за да се постигнат прецизни

2 Ставете ја храната со термометарот во корпата. 3 Искористете го жлебот во тавата за да го водите кабелот во точната

4 Приклучете го термометарот во наменскиот приклучок на апаратот Airfryer. 5 Затворете ја фиоката и проверете дали кабелот е приклештен. 6 Завртете го ротирачкиот регулатор за да ја поставите посакуваната централна температура, којашто се мери на врвот на термометарот за храна. Можете да изберете температура од 30 °C до 99 °C. 7 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите. 8 Приспособете ја температурата на готвење со тоа што ќе го завртите ротирачкиот регулатор. Можете да изберете температура од 40 °C до 200 °C. 9 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите. 10 Изберете ја посакуваната брзина на воздухот со притиснување на копчето за брзина на воздухот. Можете да изберете меѓу мала и голема брзина на воздухот. Забелешка: За време на готвењето, можете да ја видите температурата на готвење и централната температура наизменично на екранот. 11 Процесот на готвење завршува автоматски кога се постигнува централната температура. Табелата подолу ви дава насоки за тоа која централна температура да ја

Прехранбен производ Ниво на подготвеност Централна температура Општа живина Печен 80-85 °C Гради од живина Сочно 70-74 °C Слабо печено 45-50 °C Средно 55-60 °C Јунешко, телешко, јагнешко,

Добро испечено 65-70 °C Општо свинско Печен 70-73 °C Свинско филе Средно 58-63 °C Проѕирна 50-55 °C

Забелешка: Предложената централна температура не мора да соодветствува со безбедната минимална внатрешна температура на

Забелешка: Внатрешната температура на зготвената храна ќе продолжи да се крева неколку степени откако храната ќе биде извадена од апаратот. Одржување топлина Функцијата за одржување на топлината на вашиот Airfryer може да се активира во секое време - пред да започнете со готвење, за време на готвење или по готвењето. 1 Притиснете го копчето за одржување топлина. Забелешка: За да го смените времето за одржување топлина, завртете го ротирачкиот регулатор за да поставите време од 1 до 30 минути. Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го потврдите поставеното време за одржување топлина. 2 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да започнете со одржувањето

Забелешка: Можете да го паузирате одржувањето топлина со притискање на ротирачкиот регулатор. Забелешка: Имајте предвид дека функцијата за одржување на топлината може да влијае на нивото на подготвеност на одредена храна, како бифтек, којшто бара специфично ниво на готвење.

Предупредување: Почекајте корпата, тавата и внатрешноста на апаратот целосно да се оладат пред да започнете со чистење. Предупредување: Тавата и корпата на апаратот се обложени со нелеплив слој. Немојте да користите метален кујнски прибор или абразивни материјали за чистење бидејќи може да го оштетат нелепливиот слој. Совет: Извадете ги тавата и корпата за да овозможите побрзо ладење на Airfryer. 1 Исфрлете ги маснотиите или маслото од дното на тавата. 2 Исперете ги тавата и корпата во машина за садови. Можете да ги исчистите и со топла вода, течност за миење садови и неабразивен сунѓер (погледнете во „Табела за чистење“). Совет: Ако остатоци од храна се залепат на тавата или корпата, можете да ги потопите во врела вода и течност за миење садови 10–15 минути. Потопувањето ги омекнува остатоците од храната и го олеснува нивното отстранување. Користете течност за миење садови што може да ги раствори маслото и маснотиите. Ако има дамки од маснотии на тавата747

или корпата и не сте можеле да ги отстраните со врела вода и течност за миење садови, користете течен одмастувач. Совет: Доколку е потребно, остатоците од маст што се залепени заштитата од прскање може да се отстранат со сунѓер или четка со

Совет: Ставете ја корпата во тавата и ставете ги наопаку кога ги миете во машина за садови за да заштедите простор во машината за садови. 3 Избришете ја надворешноста на апаратот со влажна крпа. Контролната табла треба да биде целосно сува. Избришете ја контролната табла со крпа откако ќе ја исчистите. 4 Исчистете ја заштитата од прскање со сунѓер или четка за чистење за да ги отстраните сите остатоци од маст. 5 Исчистете ја фиоката и внатрешноста на апаратот со врела вода и неабразивен сунѓер.748

1 Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се олади. 2 Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги складирате. 3 Вметнете го кабелот во преградата за чување на кабелот. Забелешка: Секогаш држете го апаратот Airfryer хоризонтално кога го носите. Не заборавајте да ја држите фиоката и за предниот дел од апаратот бидејќи може да испадне од апаратот ако случајно ја навалите надолу. Тоа може да предизвика оштетување на фиоката. Забелешка: Секогаш проверувајте дали отстранливите делови на Airfryer, на пр. отстранливото мрежесто дно итн., се прицврстени пред да го носите и/или складирате. Решавање проблеми Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, посетете ја веб-страницата www.philips.com/support за да најдете листа на најчести прашања или обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја. Проблем Можна причина Решение Надворешноста на апаратот се вжештува за време на употребата. Топлината од внатрешноста се шири кон надворешните ѕидови. Тоа е нормално. Рачките и копчињата коишто ги допирате за време на употребата нема да бидат топли на допир.749

Проблем Можна причина Решение Тавата, корпата и внатрешноста на апаратот секогаш се вжештуваат кога апаратот е вклучен за да може храната соодветно да се зготви. Овие делови се секогаш врели на

Ако апаратот е вклучен подолго време, некои делови стануваат врели на допир. Овие делови на уредот се обележани со следната икона: Ако имате предвид дека одредени делови се вжештуваат и не ги допирате, уредот е целосно безбеден за употреба. Домашниот помфрит не ми излегува како што очекував. Не сте ја користеле соодветната сорта на компир. За да добиете најдобри резултати, користете свеж брашнест компир. Ако треба да ги складирате компирите, немојте да ги чувате во ладна средина како, на пример, во фрижидер. Изберете компири на чие пакување пишува дека се погодни за пржење. Количината на состојки во корпата е преголема. Не полнете ја корпата прекумерно и не надминувајте го максималното ниво на исполнетост 6. Одредени видови состојки треба да се протресат на половина од времето на готвење. Колку е пополна корпата, толку повеќе се препорачува почесто

Апаратот Airfryer не се вклучува. Апаратот не е приклучен. Проверете дали приклучокот е соодветно вклучен во ѕидниот

Во штекерот се приклучени повеќе апарати. Апаратот Airfryer има голема моќност. Приклучете го во друг штекер и проверете ги осигурувачите.750

Проблем Можна причина Решение Забележувам лупење на одредени места во внатрешноста на мојот Airfryer. Во тавата на Airfryer може да се појават мали дамки поради случајни допири или гребење на површината (на пример, при чистење со груби алати за чистење и/или при вметнување на корпата). Можете да спречите оштетување со правилно спуштање на корпата во тавата. Ако ја вметнете корпата под агол, нејзиниот страничен дел може да удри во ѕидот на тавата што предизвикува лупење на мали парчиња од површинскиот слој. Во таков случај, имајте предвид дека тоа не е штетно бидејќи сите материјали што се користат се безбедни за храната. Од апаратот излегува бел чад. Готвите масни состојки. Внимателно истурете го вишокот масло или масти од тавата и продолжете со

Тавата сѐ уште содржи масни остатоци од претходна

Белиот чад е предизвикан од масните остатоци што се загреваат во тавата. Секогаш чистете ги тавата и корпата темелно по секоја употреба. Лебните трошки или смесата за панирање не се залепила добро за храната. Ситните честички од смесата за панирање што се пренесуваат во воздухот може да предизвикаат бел чад. Цврсто притиснете ги лебните трошки или смесата за панирање на храната за добро да се залепат. Маринадата, течностите или соковите од месото прскаат во насобраните маснотии. Соберете го вишокот течности од храната со тапкање пред да ја ставите во корпата. LED-индикаторот за Wi-Fi на мојот Airfryer престана да свети. - Врската на апаратот Airfryer со вашата Wi-Fi-мрежа се

- Сте направиле промени во домашната Wi-Fi-мрежа.“ Започнете го процесот на поставување Wi-Fi и следете ги упатствата во апликацијата. Апликацијата покажува дека процесот на впарување е

Друг корисник го впарил апаратот Airfryer со различен паметен уред и во моментот

Почекајте другиот корисник да заврши со тековниот процес на готвење и повторно впарете го вашиот паметен уред со Airfryer.751

Проблем Можна причина Решение Екранот на Airfryer прикажува „E1“. Можеби го чувате вашиот Airfryer на премногу студено

Ако го чувате вашиот уред на ниска амбиентална температура, почекајте да се загрее на собна температура најмалку 15 минути пред повторно да го приклучите. Ако на екранот сè уште се прикажува „E1“, јавете се во сервисниот центар на Philips или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. E2 Внесовте погрешни акредитиви за Wi-Fi. Внесете ги точните акредитиви за Wi-Fi. E3 Функцијата за поврзување има

Користете го апаратот без функцијата за поврзување. Јавете се во сервисниот центар на Philips или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. E5, E6, E8, E9, E12 Можен е софтверски проблем. Исклучете го апаратот Airfryer од струја и повторно вклучете го. Ако на екранот сè уште се прикажува кодот за грешка, јавете се во сервисниот центар на Philips или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. E10 Настана проблем при готвење со програма за автоматско

Исклучете го апаратот Airfryer од струја и повторно вклучете го. Осигурете се дека сте поврзани на вашата Wi-Fi-мрежа за апаратот Airfryer да може да изврши ажурирање на фирмверот ако истото е достапно. Рестартирајте ја програмата за автоматско

Ако на екранот сè уште се прикажува кодот за грешка, јавете се во сервисниот центар на Philips или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.752

Проблем Можна причина Решение E11 Апаратот Airfryer бил користен при напон што не соодветствува со наведените граници. Исклучете го апаратот Airfryer од струја и повторно вклучете го. Обидете се да користите друг штекер. Исклучете други апарати што го користат истиот

Ако на екранот сè уште се прикажува кодот за грешка, јавете се во сервисниот центар на Philips или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја. Следните кодови за грешка се однесуваат само на термометарот за храна (HD9958). A1 Термометарот за храна не е соодветно приклучен во апаратот Airfryer. Приклучете го крајот на термометарот за храна во приклучокот за термометар за храна на левата страна од екранот на апаратот Airfryer. A2 Термометарот за храна не е правилно вметнат во храната. Ставете го термометарот за храна од страничниот дел и осигурете се дека остриот врв стигнува до најдебелиот дел од храната. Осигурете се дека храната е дебела најмалку 2 сантиметри. A3 Термометарот за храна е поставен надвор од корпата кога се готви во режим за термометар за храна. Ставете го термометарот за храна во храната и ставете го во корпата за готвење, или изберете режими на готвење без термометар за храна. A4 Фиоката на апаратот Airfryer се отворила иако целната температура на храната не била достигната. Затворете ја фиоката и почекајте апаратот Airfryer да ве извести дека готвењето заврши. A5 Термометарот за храна се

Отстранете го термометарот за храна од корпата за време на готвењето ако не е во употреба.Українська

Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : PHILIPS

Модел : Airfryer XXL Connected HD9875

Категорија : фритеза