BOSCH UniversalPump 18V - Батерија

UniversalPump 18V - Батерија BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UniversalPump 18V BOSCH во PDF формат.

📄 155 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH UniversalPump 18V - page 113
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за UniversalPump 18V BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Батерија во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UniversalPump 18V - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UniversalPump 18V на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UniversalPump 18V BOSCH

mk Оригинално упатстро за работа

sr Originalno uputstvo za rad

s.l.IZVIMA NAVODILA

hr Originalne upute za rad

Македонски...... Страница 113

Srpski ...... Strana 118

Slovenščina ....Stran 122

Hrvatski ....Stranica 127

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.

▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.

▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.

▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.

▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на

деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.

▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од

наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за воздушни пумпи

BOSCH UniversalPump 18V - Безбедносни напомени за воздушни пумпи - 1

Кога користите воздушна пумпа, внимавајте да не го надминете дозволениот притисок на производот што треба да се надува. Производот може да пукне или да се скрши и притоа може да се повредите.

BOSCH UniversalPump 18V - Безбедносни напомени за воздушни пумпи - 2

Цревото и металните делови на адаптерите можат да се прегреат при подолго работење. При подолго работење планирајте паузи и доколку е потребно, оставете ги деловите да се изладат.

▶ Не ја оставајте воздушната пумпа без надзор.
По пумпањето, проверете го притисокот на Вашиот производ со калибриран уред за мерење. Погрешен притисок може да доведе до опасни ситуации, на пр. различно ракување со Вашиот автомобил.
He им дозволувајте на децата да ја користат воздушната пумпа. Не ги насочувајте цревото за воздухот одн. протокот на воздухот во устата, ушите или очите на луғето или животните и не издувајте прашина или други честички кон луғето или животните. Ова може да доведе до повреди.
He ја користете пумпата за воздух ако приказот или другите делови се неисправни. Дозволениот притисок на производот што треба да се надува може да се надмине и да доведе до опасни ситуации.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH UniversalPump 18V - Безбедносни напомени за воздушни пумпи - 3

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Опис на производот и перформансите

BOSCH UniversalPump 18V - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Воздушната пумпа е наменета за надувување на гуми за велосипеди, мотоцикли и автомобили, како и за надувувања на мали производи за играње, спорт и плажа.

Не е погодна за надувување производи на надувување со голем волумен (на пр. душеци на надувување).

Воздушната пумпа е наменета исклучиво за употреба во домакинството.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на насликаните компоненти се однесува на приказот на воздушната пумпа на графичката страна.

(1) Манометар
(2) Приказ за наполнетост на батеријата
(3) Копче за отклучување на батерија ^a)
(4) Батерија ^a)
(5) Прекинувач за включување/исклучување
(6) Блокада при вклучување
(7) Поклопец за додатокот на преградата за складирање
(8) Држач за црево
(9) Стега за црево
(10) Црево под притисок
(11) Работно светло
(12) Волуменски адаптер
(13) Вентилски адаптер
(14) Иглица за пумпа
(15) Блокада на преграда за складирање

a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Акумулаторска воздушна пумпаUniversalPump 18V
Број на дел3 603 J47 1..
Номинален напон V= 18
Макс. волумен на испумпувањеl/min 30
Макс. притисок
bar 10,3
psi 150
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^A) kg 1,5 (1,5 Ah)-1,8 (6,0 Ah)
Препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35
Дозволена околна температура при работење и при складирање°C -10 ... +40
Препорачани акумулаторски батерииPBA 18V...W-.
Препорачани полначи ^B) AL 18...

A) во зависност од употребената батерија
В) Следните полначи не се компатибилни со РВА батерија: AL 1814 CV, AL 1820 CV, AL 1860 CV

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-1.

Нивото на звучниот притисок на електричниот алат оценето со А типично изнесува 78 dB(A).

Несигурност K = 3 dB. Нивото на звук при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-1:

$$ a _ {n} = 1, 8 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}. $$

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот

кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Батерија

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Приказ за наполнетост на батеријата

Приказот за наполнетост на акумулаторската батеријата при напола или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување ја прикажува состојбата за наполнетост на батеријата.

Трајно светло 3 × зелено 75–100 %
Трајно светло 2 × зелено 40–75 %
Трајно светло 1 × зелено 15–40 %
бавно трепкање на светлото 1 × зелено 0–15 %

3-те LED светилки на приказот за наполнетост на батеријата како и светлото за манометар трепкаат истовремено, доколку температурата на акумулаторската батерија е надвор од опсегот на работна температура и/или реагира заштитата од преоптоварување.

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата є потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтажа и употреба

Изберете соодветен адаптер за примената:

– Вентилски адаптер (13): на пр. за многу вентили за велосипеди,

– Иглица за пумпа (14): на пр. за фудбалски топки

- Волуменски адаптер (12): за мали производи за на плажа или за спорт, на пр. топка за во вода.

За вообичаени вентили за автомобили (делумно се користат и за велосипеди) не е потребен адаптер.

Притиснете ја блокадата на преградата за складирање (15) кон внатре, отворете го поклопецот (7) на прифатот на преградата за складирање и извадете го адаптерот.

Доколку има, извадете го капакот на вентилот на предметот што треба да се надува.

Црево под притисок (10) намотување и одмотување (види слика А):

- Одмотајте го цревото под притисок (10) така што ће го ослободите од стегите за цревото (9).

– При намотување на цревото под притисок (10) осигурајте се дека стегите за цревото го држат (9).

Поврзување на воздушна пумпа на вентилот(види слика В):

– Вентилски адаптер (13): прво завртете го адаптерот на вентилот. Потоа завртете го адаптерот до крај во цревото под притисок (10).

– Иглица за пумпа (14) и волуменски адаптер (12): прво завртете го адаптерот до крај во цревото под притисок (10). Потоа цврсто завртете го цревото под притисок (10) со адаптер во вентилот.

– Ако не е потребен адаптер, тогаш цврсто завртете го цревото под притисок (10) на вентилот.

Актуелниот притисок (bar/psi) на приключениот предмет се прикажува на манометарот (1).

Надувување:

- Притиснете ја блокадата при вклучување (6) во правец 60н лево (види слика C).

– Притиснете на прекинувачот за включување/ислучување (5), за да ја включите воздушната пумпа и за да го стартувате процесот на пумпање. Во исто време се включуваат работното светло (11) и светлото за манометар.

Не гледајте во работното светло, може да ве заслепи.

- Кога саканиот притисок ће се прикаже на манометарот (1) отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5). Работното светло (11) и светлото за манометар се гасат и воздушната пумпа се исклучува.

– Заклучете го прекинувачот за вклучување/исклучување на крајот од работата, со притискање на блокадата при вклучување (6) во правец кон десно (види слика C).

Напомена: Прекинете ги подолгите процеси на пумпање по околу 5 min и оставете го цревото и металните делови на адаптерот да се изладат најмалку 5 min.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Отстранете ја акумулаторската батерија од воздушната пумпа пред работењето на воздушната пумпа (на пр. одржување, промена на алат, итн.) и при нејзин транспорт и складирање. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ Одржувајте ја чистотата на воздушната пумпа и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH UniversalPump 18V - Отстранување - 1

Воздушните пумпи, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH UniversalPump 18V - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните пумпи и батериите во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейката директива 2012/19/EU воздушните пумпи што се вон употреба и дефектните или дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 118).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : UniversalPump 18V

Категорија : Батерија