BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - приклучок

GWI 10.8 VLI Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GWI 10.8 VLI Professional BOSCH во PDF формат.

📄 165 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - page 116
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GWI 10.8 VLI Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GWI 10.8 VLI Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GWI 10.8 VLI Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GWI 10.8 VLI Professional BOSCH

Македонски ......Страна 116

Srpski....Strana 121

Slovensko....Stran 125

Безбедносни напомени

Општи напомени за безбедност за електричните апарати

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите напомени и упатства за

безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).

Безбедност на работното место

Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај на смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
Избегнује физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.

Безбедност на лица

▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исключен електричниот апарат, пред да го прилучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го прилучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
Извадете ги алатите за подесување или клучевите за шарфување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедност на лица - 1

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедност на лица - 2

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедност на лица - 3

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедност на лица - 4

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедност на лица - 5

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедност на лица - 6

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедност на лица - 7

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедност на лица - 8

Македонски | 117

▶ Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ће може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.

Користење и ракување со електричниот апарат

▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
▶ Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
▶ Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
▶ Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Користење и ракување на батерискиот апарат

▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот.

Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар.

Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.

Сервис

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.

Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи

Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува или шрафот може да наиде на скриени електрични кабли. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар.
Користете ги дополнителни дршки, доколку се испорачани заедно со електричниот алат. Губењето на контролата може да доведе до повреди.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвikuва оштетување.
Доколку се блокира алатот што се вметнува, исключете го електричниот апарат. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, доколку:

  • се преоптовари електричниот алат или
    – е накривен во однос на парчето што се обработува.

▶ Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи - 1

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи - 2

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи - 3

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи - 4

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи - 5

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи - 6

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи - 7

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи - 8

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи - 9

118 | Македонски

Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - | Македонски - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, орган, вода или влага. Постои опасност од експлозија.

▶ Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушки чад, експлодира или да се прегрее.

Опис на производот и мокноста

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Опис на производот и мокноста - 1

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.

Употреба со соодветна намена

Електричниот апарат е наменет за зашрафување и отшрафување на шрафови во дрво, метал, керамика и пластика, особено на тешко достапни места.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.

1 Чаура за заклучување
2 Прифат на алатот
3 Бит за одвртувач/зашрафувач*
4 Прекинувач за менување на правецот на вртење
5 Прекинувач за включување/исклучување
6 Лизгач за избор на вртежен момент
7 Копче за отклучување на подесливата глава на алатот

8 Обрач за закачување
9 Копче за отклучување на батеријата

10 Батерија

11 Рачка (изолирана површина на дршката)

12 Дупчалка со шестаголно вратило*

*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Батериска аголна дупчалка-одвртувач GWI 12V-5

Број на дел/артикл3 601 C60 U..
Номинален напонV= 12
Број на празни вртежиmin ^-1 0 – 5 8 5
макс. вртежен момент при зашрафување во цврсти/меки материјали според ISO 5393Nm 13/5
Поле за подесување на вртежниот моментNm 2,6 – 5,2
макс. поле на ∅MM5
макс. дупка ∅
– ЧеликMM8
– Д р в оMM10
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01:2014кг 1,1 – 1,4*
Дозволена температура на околината
– при полнење°C0... +45
– при работа** и при складирање°C-20... +50
Препорачани батерииGBA 12V..
GBA 10,8V..
Препорачани полначиGAL 12..CV
AL 11..CV

* во зависност од употребената батерија
" ограничена јачина при температури <0 °C

Информации за бучава/вибрации

Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-1.

Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со А, типично е помало од 70 dB(A). Несигурност K = 3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да пречекори и 80 dB(A).

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збор на трите насоки) несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-1.

Дупченье во метал: a_h<2,5m/s^2 , K=1,5 m/s²

Зашрафување: a_h < 2,5 m/s^2, K = 1,5 m/s^2

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Носете заштита за слухот! - 1

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Носете заштита за слухот! - 2

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Носете заштита за слухот! - 3

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Носете заштита за слухот! - 4

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Носете заштита за слухот! - 5

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Носете заштита за слухот! - 6

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Носете заштита за слухот! - 7

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Носете заштита за слухот! - 8

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Носете заштита за слухот! - 9

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Носете заштита за слухот! - 10

Македонски | 119

Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е ислучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Монтажа

▶ Користете ги само полначите што се наведени на страницата со опрема. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен апарат.

Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска заштита на їелиите („Electronic Cell Protection [ECP]“) од длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ће се ислучи со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.

▶ По автоматското исклучување на електричниот апарат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.

За да ја извадите батеријата 10 притиснете на копчињата за отворање 9 и извлечете ја батеријата надолу од електричниот уред. Притоа не употребувајте сила. Внимавајте на напомените за отстранување.

▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат извадете ја батеријата.

Ставање на алатот за вметнување

Извлечете ја чаурата за заклучување 1 нанапред и на крај ставете го алатот за вметнување до крај во прифатот за алат 2. Алатот за вметнување сам ќе се фиксира.

Вадење на алатот за вметнување

Извлечете ја чаурата за заклучување 1 нанапред и извадете го алатот за вметнување.

Вшмукување на прав/струготини

▶ Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Употреба

Ставање во употреба

Вметнување на батерија

Напомена: Користењето на батерии несоодветни за вашиот електричен апарат може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на електричниот апарат.

Поставете го правецот на вртење (види слика С)

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 4 може да го промените правецот на вртење на електричниот апарат. Доколку прекинувачот за включување/исклучување 5 е притиснат ова не е возможно.

Тек на десно: За дупчење и зашрафување на шрафови притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење 4 на лево до крај.

Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на шрафови притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење 4 на десно до крај.

Избирање на вртежниот момент

Со лизгачот за подесување на вртежниот момент 6 може да го изберете потребниот вртежен момент во 8 степени. При правилно подесување, алатот што се вметнува ће се стопира, откако завртката цврсто ће се заврти во материјалот одн. откако ће се постигне поставениот вртежен момент. Во позицијата „преоперетната спојка е деактивирана, на пр. за дупчење. Во лев тек преоперетната спојка е деактивирана.

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувают за вклучување/исклучување 5 и држете го притиснат.

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Вклучување/исклучување - 1

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Вклучување/исклучување - 2

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Вклучување/исклучување - 3

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Вклучување/исклучување - 4

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Вклучување/исклучување - 5

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Вклучување/исклучување - 6

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Вклучување/исклучување - 7

120 | Македонски

За да го исключите електричниот апарат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 5.

За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.

Поставување на број на вртежи

Бројот на вртежите на включениот електричен апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/ислучување 5.

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување 5 се постигнуват мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.

Целосно автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)

Доколку прекинувают за включување/исклучување 5 не е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот за алат їе се фиксираат.

Ова овозможува зашрафување на шрафови и при испразнета батерија одн. користење на електричниот алат како шрафцигер.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот апарат. При преголемо оптоварување или надминување на границите на дозволена температура на батеријата, електричниот апарат се исклучува. При автоматско исклучување, исключете го електричниот апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно включете го електричниот апарат.

Заштита од длабинско празнење

Litiyum-јонската батерија е заштитена со Електронска заштита на їелиите („Electronic Cell Protection [ECP]“) од длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.

Главата на алатот може да се фиксира во 5 различни аголни позиции. Притиснете го копчето за отклучување 7 и навалете ја главата на алатот во саканата позиција. Повторно отпуштете го копчето за отклучување 7.

▶ Пред употребата проверете дали главата на алатот е фиксирана во односната аголна позиција. Постои опасност од повреда.

▶ Електричниот апарат ставете го на шрафот само доколку е ислучен. Доколку апаратот е включен и се врти, тој може да се преврти и падне.

Обрач за закачување

Со склопливиот држач за закачување 8 може да го закачите електричниот апарат на пр. на кука. Така двете дланки їе ви бидат слободни, а електричниот апарат їе го имате на дофат во секое време.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат извадете ја батеријата.

▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Доколку батеријата не функционира повеće, Ве молиме обратете се во овластената сервисна служба за Bosch електрични апарати.

Доколку електричниот апарат се расипе и покрај грижливото одржување во согласност со напомените на производителот, поправката треба да се изврши само од страна на овластената сервисна служба за Bosch-електрични алати.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови ќе најдете на:

www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Македонија

Д.Д.Електрис

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата.

Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Македонија - 1

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Македонија - 2

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Македонија - 3

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Македонија - 4

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Македонија - 5

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Македонија - 6

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Македонија - 7

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Македонија - 8

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Македонија - 9

Srpski|121

Отстранување

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земји во рамки на ЕУ

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Само за земји во рамки на ЕУ - 1

Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Батерии:

BOSCH GWI 10.8 VLI Professional - Батерии: - 1

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт“, страна 120.

Се задржува правото на промена.

Srpski

Uputstva o sigurnosti

Opšta upozorenja za električne alate

UPOZORENJE

Čitajte sva upozorenja i uputstva.

Propusti kod pridržavanja upozo-

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GWI 10.8 VLI Professional

Категорија : приклучок