Ferm CRM1046 - компресор за воздух

CRM1046 - компресор за воздух Ferm - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот CRM1046 Ferm во PDF формат.

📄 68 страници Македонски MK 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice Ferm CRM1046 - page 57
SKIP

Frequently Asked Questions - CRM1046 Ferm

Прашања на корисниците за CRM1046 Ferm

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

L'email reste privé : il sert seulement à vous prévenir si quelqu'un répond à votre question.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот компресор за воздух во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник CRM1046 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. CRM1046 на марката Ferm.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК CRM1046 Ferm

Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 1 - 4

Ferm CRM1046 - 1

Внимателно прочитајте ги упатствата за работа пред да го користите уредот. Запознајте се со функциите и основните операции. Сервисирајте го уредот според инструкциите, за да се осигурате дека секогаш правилно їе функционира . Упатствата за ракување и придружната документација треба да се чувват во близина на уредот.

Содржина

  1. Податоци за машината
  2. Безбедносни упатства
  3. Употреба
  4. Одржување

1. ПОДАТОЦИ ЗА МАШИНАТА

Технички податоци

Напон 230 V\~

Фреквенција 50 Hz

Брзина без оптеретување 2850/min

IP класа IP 20

Содржина на резервоарот 50 l

Ниво на звучен притисок 93 dB (A)

Вредноста на нивото на бучавата може да се зголеми од 1 до 10 dB (A) како функција на животната средина во која ће биде поставен на компресорот.

Информација за производот

Сл. А

1 Капак
2. Дршка
3. Прекинувач
4. Автоматско сопирање

  1. Регулатор на притисок
  2. Брза спојка (регулиран излезен притисок)
  3. Манометар (регулатор на притисок)
  4. Манометар (резервоар)
  5. Сигурносен вентил
  6. Цевка за притисок
  7. Филтер за воздух
  8. Капак за масло
  9. Стакло за контрола на масло
  10. Испусна славина
  11. Прекинувач за преоптеретување

Објаснување на симболите.

Ferm CRM1046 - Сл. А - 1

Означува ризик од повреда, губење на живот или оштетување на алатот во случај на непочитување на упатствата.

Ferm CRM1046 - Сл. А - 2

Ризик од струен удар.

Ferm CRM1046 - Сл. А - 3

Внимание: компресорот може автоматски да се стартува после прекин на струја или после повторно вклучување.

Ferm CRM1046 - Сл. А - 4

Носете заштита за ушите

Ferm CRM1046 - Сл. А - 5

Ниво на звучна мокност

Посебни безбедносни упатства

  • Предупредување! Компресорот може да се користи само во соодветни простории (со добра вентилација и температура на околината од 0°C до +40°C).
  • Проверете дали е резервоарот целосно декомпрессиран пред да ги одвртувате приключите од него.
  • Забрането е да се дупчи или да се заварува или намерно да се нарушува компримираниот воздух во резервоарот.
  • Не правете никакви дејствија врз компресорот, без да го извадите кабелот од струја.

  • Немојте да насочувате воден млаз или запаливи течности кон компресорот.

  • Не ставајте запаливи предмети во близина на компресорот.
  • Поставете го прекинувачот (3) во положба „0” (OFF) за време на неработење. (сл. 11)
  • Никогаш не го насочувајте воздухот кон луге или животни (сл. 20).
  • Немојте да го транспортирате компресорот со резервоар под притисок.
  • Забелешка: некои делови од компресорот, како главата и цевките, можат да достигнат висока температура. Не ги допирајте тие делови да не се изгорите (сл. 12-13).
  • Транспортирајте го компресорот со подигање или со користење на посебни или негови дршки (сл. 5-6).
  • Децата и животните треба да бидат подалеку од областа на работењето на машината.
  • Ако го користите компресорот за распрскување на боја:
    a) Не работете во затворени простории или во близина на отворен пламен.
    b) Осигурајте се дека средината во која работите има вентилација.
    с) Заштитете го носот и устата со соодветна маска (сл. 21).
  • Не го користете компресорот ако кабелот или приклучокот се оштетени и обратете се во овластен сервис да ги заменат деловите со оригинални.
  • Ако компресорот е поставен врз површина повисока од подот, обезбедете го од пагање во тек на работењето.
  • Не ставајте предмети или раце во заштитните капаци, за да избегнете повреди и оштетување на компресорот.
  • Компресорот не може да се користи како тап предмет против лица, предмети или животни. Ризик од сериозни повреди.
  • Ако компресорот не се користи подолго време, извлечете го кабелот од струја.
  • Секогаш да бидете сигурни дека користите црева за компримиран воздух, со максимален притисок прилагоден со компресорот. Не се обидувајте да го поправате оштетеното црево.

Електрична безбедност

Регулација на заземјување

Компресорот мора да биде заземјен додека се користи, за заштита на ракувачот од електричен удар. Компресорот е предвиден со два основни кабли плус заземјување. Електричното поврзување треба да се направи од страна на квалификуван техничар. Не преопрачуваме демонтирање на компресорот, ниту какво било друго поврзување со регулаторот на притисок. Поправки да се прават во овластени сервиси или во други специјализирани центри.

Ferm CRM1046 - Регулација на заземјување - 1

Никогаш не заборавајте дека заземјеното јадрото е зелена или жолта/зелена жица. Никогаш не ја поврзувајте оваа зелена жица со терминалот под оптоварување.

Пред замена на приключокот, уверете се дека е поврзан кабелот за заземјување. Ако се двоумите, повикајте квалификуван техничар за да го провери заземјувањето.

Напојување

  • Компресорот е опремен со електричен кабел со приклучок со заштитен контакт. Може да се поврзе на секоја \~ 230V/50Hz приклучница со заштитен контакт која е заштитена со осигурувач од 16A.
  • Моторот е приключен на прекинувач за преоперетување (15). Ако компресорот се преоперети, прекинувачот за преоперетување ја ислучува опремата автоматски, за да се заштити компресорот од прегревање. Ако се активира прекинувачот за преоперетување, исключете го компресорот со прекинувачот (3) и почекајте го да се излади. Потоа притиснете го прекинувачот за преоптоварување (15) и рестартирајте го компресорот.
  • Долгите, продолжните, намотаните кабли итн. предизвикуваат пад на напон и можат да го попречат стартувањето на моторот. Не користете кабли подолги од 10 m. FERM советува наместо кабли, да се користат долги црева за воздух Може да има

потешкотии при стартување на моторот при температури испод 0°C.

3. УПОТРЕБА

Ferm CRM1046 - УПОТРЕБА - 1

Само за домашна употреба

Забелешка: Информациите што ке ги најдете во упатствово напишани се за да му помогнат на ракувачот при користење и одржување на компресорот. Некои илустрации во упатствово покажуваат детали кои можат да се разликуваат од оние на компресорот.

Поставување

Откако сте го извадиле компресорот од пакувањето (сл. 1), сте провериле дека е во исправна состојба и сте утврдиле дека нема штети од транспортот, треба да ги направите следните активности. Ако не се наместени, на резервоарот наместете гумени ногарки и тркала, според упатствата на сл. 2. Поставете го компресорот врз рамна површина или падина од најмногу 10° (сл. 3), во добро проветрена просторија, заштитена од атмосферски влијанија и во неексплозивна средина. Ако површината е коса и мазна, бидете сигурни дека компресорот нема да се поместува додека работи. Ако површината е плоча или полица, осигурајте ја да не падне, со правилно обезбедување. За прописна вентилација и ефикасно ладење, важно е компресорот да се постави најмалку на 100 см од сидот (сл. 4).

Ferm CRM1046 - Поставување - 1

Обезбедете правилен транспорт на компресорот, не го превртувајте и не го подигајте со закачалки или јажиња (сл. 5-6).

Полнење на компресорот со масло.

Компрессорот се снабдува со масло, кое веке се наога во картерот.

Пред користење, отстранете го транспортниот капак од картерот (12) и сменете го со регуларниот (сл. 7).

Пред работа, проверете го нивото на маслото. Тоа се проверува низ контролното стакло (13).

Кога компресорот е поставен хоризонтално, нивото на моторното масло треба да биде до црвената ознака.

Поставување на филтер за воздух

Отстраните ги транспортните капаци и заменете ги со испорачаните филтри, пред да го користите компресорот.

Стартување

  • Проверете дали напонот на струјата одговара на напонот на натписната плочка (сл. 10), дозволената толеранција е 5%.
  • Притиснете го прекинувачот (3), кој се наога на горниот дел во положба „0“, според видот на регулаторот на притисок кој е монтиран на уредот (сл. 11).
  • Ставете го приключокот во струја (сл. 9) и стартувајте го компресорот, со поставување на прекинувачот (3) на регулаторот на притисок во положба „I”. Работењето на компресорот е целосно автоматски. Регулаторот ће го сопре компресорот кога ће се постигне максимальната вредност и ће го стартува кога притисокот ће падне под минималната вредност. Нормална разлика на притисокот е прибл. 2 bar/29 psi помеѓу максимальната и минималната вредност. На пример - Компрессорот ће запре кога ће се постигнат 8 bar (116 psi) (ова е максимален работен притисок) и автоматски ће се стартува, кога притисокот во резервоарот ће падна на 6 bar (87 psi).

Ferm CRM1046 - Стартување - 1

Цевката на склопот на главата/цилиндарот/преносот може да достигне високи температури, па внимавајте кога работи во близина на овие делови, да не ги допирате за да не се изгорите (слика 12 -.13).

Дотерување на работен притисок

Сл. 14

Не е потребно постојано да се користи максимальен работен притисок, алатите со компримиран воздух често бараат помал притисок. Компресорите имаат вентил за притисок, со кој треба правилно да го поставите работниот притисок.

Работниот притисок се регулира со вртење на

копчето (5) на регулациониот вентил.

  • Со вртење на десно, притисокот се зголемува.
  • Со вртење на лево , притисокот се намалува.

Компресорот има два манометри и еден приключок за поврзување на црево за воздух:

  • Манометар (7): Притисокот на овој приклучок може да се регулира со помош на вентилот за регулација (5).
    • Манометар (8): притисок во резервоарот.

Совети за прецизно дотерување на притисокот:

  • Вртете го вртливото копчето (5) налево, додека притисок целосно не се сопре
  • Поврзете пневматски алат користејки брза спојка (6).
  • Активирајте го алатот на кратко, манометарот (7) да покаже правилно ниво на притисок.
  • Вртете го вртливото копче (5) надесно, додека манометарот (7) не го покаже потребниот притисок.
  • Вашиот пневматски алат е подготвен за користење

Забелешка: Ако не сте поврзале алат, додека го прилагодувате притисокот, може да се случаи манометарот (7) да не реагира точно на падот на притисокот.

4. ОДРЖУВАЊЕ

Ferm CRM1046 - ОДРЖУВАЊЕ - 1

Извадете го кабелот од струја кога го одржувате моторот.

Оваа машина е конструирана да работи долг период со минимално одржување.

Непрекинатото успешно работење зависи од грижата на машината и редовното чистење.

Пред на било кој начин некој да интервенира кај компресорот, бидете сигурни дека:

  • Прекинувачот е во положба „0” и кабелот е извлечен од струја
  • Резервоар за воздух е целосно декомпрессиран (двата манометри мора да се на 0 bar)

Дефект

Ако машината не функционира правилно, можните причини и соодветните решенија се дадени подолу:

Губење на воздух

  • Може да е предизвикано од лошо заптивање на приклучокот.
  • Проверете ги сите врски со навлажнување со раствор на вода и сапуница (Никогаш не користете раствор во близина електрични приклучоци).
  • Кога резервоарот е празен и се полни. Корисникот може да го слушнете шушкавиот звук кај прекинувачот за притисок. Тоа е нормално, а їе престане пред постигнување на притисок од 1,5 bar.
  • Проверете дали вентилот за испуштање (14) добро се затвора.

Компрессорот неке да се стартува

- Ако компресорот има потешкотии со стартување проверете:

• дали напонот на мрежата одговара на напонот на натписната плочка (сл. 10)
• дали продолжните кабли се со погрешен пресек или должна.
- ако работната околина е премногу студена (испод 0°C).
- ако електричното напојување не е во ред (приклучокот не е правилно приключен, магнетниот осигурувач е прекинат).

Компрессорот неке да се исклучи

Ако компресорот не се ислучува кога ке се постигне максимален притисок, ke се активира безбедносниот вентил на резервоарот. Неопходно е да се јавите во овластен сервис за поправка.

Ferm CRM1046 - Компрессорот неке да се исклучи - 1

Поправките и сервисирањето треба да ги изведува само квалификувано лице или сервис.

Чистенье

Редовно чистете го кукиштето со мекана крпа, по можност после секое користење.

Чувајте ги отворите за вентилација чисти, без прашина.

Ако нечистотијата не се вади, употребете мекана крпа навлажнета со вода со сапуница. Никогаш не користете растворувачи како бензин, алкохол, амонијчна вода итн.. Овие растворувачи можат да ги оштетат пластичните делови.

Празнење на резервоарот

Компримиран воздухот создава водата во резервоарот. Редовно испуштајте ја водата од резервоарот, за да се спречи корозија (сл. 16):

  • Прво намалете го притисокот во резервоарот до прибл. 2 bar со поврзување и активирање на пневматски алат.
  • Потоа отворајте го полека вентилот за испуштање (14), од долната страна на резервоарот.
    • Водата од резервоарот ке истече.

Внимавајте кога во резервоарот има воздух, зашто водата їе излегува во млаз. Препорачан притисок е max. 1-2 bar

Чистење на филтер за воздух

Се препорачува демонтажа на усисниот филтер на секои 50 работни часа и чистење на елементот на филтер, со дување со компримиран воздух (сл. 15). Се препорачува менување на елементот на филтер најмалку еднаш годишно, ако компресорот работи во чиста околина; почесто ако околината е прашлива.

Компрессорот се снабдува со синтетичко масло „SAE 10W30”. Се препорачува целосна замена на маслото во пумпата после првите 100 работни часа.

  • Одвртите го затворачот на испусниот отвор (13), испуштете го маслото и завртете го затворачот (сл. 17).
  • Полнете масло низ горниот отвор (сл.18) додека нивото не се забележи на мерачот (13) (сл. 8).

Ferm CRM1046 - Чистење на филтер за воздух - 1

ерувајте го нивото на маслото на пумпата неделю и ако е потребно дотурете. Синтетичкото масло има предност зашто не ги губи карактеристиките во лето или во зимо.

Да се почитува долната таблица при замена на масло.

Тип Работни часови Масло SAE 10W30 100 или 6 месеци

Откази

Ако се случи отказ, нпр. поради трошење на дел, обратете се на адресата на сервисот од гарантната картичка. На позадината на упатствово ће најдете експозиционен преглед со прикажани делови кои можат да се нарачаат.

ОКОЛИНА

За да се спречи оштетување за време на транспортот, уредот се испорачува во тврдо пакување кое се состоит од материјал за еднократна употреба. Затоа ве молиме да ги користите опциите за рециклирање на амбалажата.

Ferm CRM1046 - ОКОЛИНА - 1

Дефектни и/или отфрлени електрични или електронски апарати треба да се собираат на соодветни локации за рециклирање.

ГАРАНЦИЈА

Гарантните условите се дадени во посебна гарантна картичка.

Spare parts list

No Description Position
502084 Air filter 3
503051 Gasket set 4,6,1010,23,28
503052 Valve set 5,7,8
503047 Piston ring set 1112
503048 Carter plug set 1617,20
806204 Bearing 6204 zz29
806202 Bearing 6202 zz32
502083 Capacitor 35uF42
502087 Non return valve45
502088 Drain valve 54
106226 Wheel complete62|63|65|66 49 / 53
503021 Feet set 55 / 57
503006 Safety valve 62
503007 Pressure gauge50 mm 63
502092 Pressure gauge40mm 64
502090 Quick coupler65
503005 Reduce valve66
503290 Automatic pressure switch67
106223 Overload protection switch69
ATA1025Air accessory set
ATA10265m air hose coiled + couplings
ATA102710m air hose + couplings
ATA1033Compressor hose reel
ATM1036Air tool set, 5 pcs
ATM1037Blow gun
ATM1038Blow gun, long nozzle
ATM1039Paint spray gun,
ATM1040Paint spray gun,
ATM1041Tyre inflator
ATM1042Tacker, pneumatic
ATM1043Impact wrench
ATM104450mm Air Nailer Kit

Exploded view
Ferm CRM1046 - ГАРАНЦИЈА - 1

Асистент за прирачник
Powered by Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Ferm

Модел : CRM1046

Категорија : компресор за воздух