BOSCH

YOUseries Drill - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот YOUseries Drill BOSCH во PDF формат.

📄 408 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH YOUseries Drill - page 301
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : YOUseries Drill

Категорија : приклучок

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник YOUseries Drill - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. YOUseries Drill на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК YOUseries Drill BOSCH

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Bosch Power Tools 1 609 92A 4G8 | (05.12.2018)302 | Македонски Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар. u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. 1 609 92A 4G8 | (05.12.2018) Bosch Power ToolsМакедонски | 303 u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови. u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи. u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го Bosch Power Tools 1 609 92A 4G8 | (05.12.2018)304 | Македонски електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации. Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници

u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда. u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното 1 609 92A 4G8 | (05.12.2018) Bosch Power ToolsМакедонски | 305 полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за одвртувачи Безбедносни упатства за сите типови работа u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. Безбедносни упатства при користење на долги бургии u Никогаш не користете поголема брзина од максималната означена брзина на бургијата. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите. u Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се

u Притиснете во директна линија со бургијата, и без прекумерен притисок.Бургијата може да се искриви и да се скрши, или да изгубите контрола и да се повредите. Дополнителни безбедносни напомени u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. Bosch Power Tools 1 609 92A 4G8 | (05.12.2018)306 | Македонски u Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се

u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

1 609 92A 4G8 | (05.12.2018) Bosch Power ToolsМакедонски | 307 Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за завртување и одвртување на завртки како и за дупчење во дрво, метал и пластика. Илустрација на компоненти (1) Прифат на алатот (2) Брзозатезна глава за дупчење (3) Прекинувач за избор на начинот на работа (4) Прекинувач за вклучување/исклучување (5)

(6) Приказ за наполнетост на батеријата

(9) Рачка (изолирана површина на дршката) (10) Приклучок за мрежа

(во зависност од земјата) (11) USB-кабел

(12) Отвор за батерија

(13) Копче за ослободување на батеријата

(15) Бит за одвртувач

(16) Универзален држач за битови

(17) Дупчалка со надворешен шестаголен прифат

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. B) USB Type-C

се трговски ознаки за USB Implementers Forum. Технички податоци Батериска дупчалка-одвртувач Drill Број на дел/артикл 3 603 JC5 0.. Номинален напон V 3,6 Број на вртежи во празен од – 1. брзина min

0 − 1000 макс. вртежен момент при завртување во меки материјали според ISO5393 Nm 9,2 макс. дупка-Ø (1./2. брзина) – Метал mm 6 – тврдо/меко дрво mm 8/10 макс. завртување-Ø – меко дрво mm 5 Опсег на затегнување на главата mm 1 − 10 Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 0,60 дозволена околна температура – при полнење °C +10... +35 – при работење

и при складирање °C -10... +50 препорачани акумулаторски батерии 1 607 A35 08. препорачан приклучок за мрежа 1 600 A01 6A. A) ограничена јачина при температури <0 °C Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-1. Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A, типично е помало од 70dB(A). Несигурност K = 3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да надмине и 80dB(A). Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на осцилација a

(векторски збир на трите правци) и несигурност K се одредуваат според EN 62841-2-1 Дупчење во метал: a

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава. 1 609 92A 4G8 | (05.12.2018) Bosch Power ToolsМакедонски | 309 Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на

u Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на електричниот алат, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање на електричниот алат настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат. Полнење на батеријата (види слика C) u Користете го само приклучокот за мрежа кој е наведен во техничките податоци. Само овој приклучок за мрежа е погоден за литиум-јонската батерија што се користи за Вашиот електричен алат. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на приклучокот за мрежа додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе. u По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Bosch Power Tools 1 609 92A 4G8 | (05.12.2018)310 | Македонски Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата, што дозволува полнење само на температура меѓу 10 °C и 35 °C. Со тоа се постигнува долг рок на употреба на батеријата. Можете одделно да ја полните батеријата (5) или во електричен алат. – Отворете го капакот (8). – Поврзете ја батеријата (5) преку USB-кабел (11) со приклучокот за мрежа (10). – Вметнете го приклучокот за мрежа (10) во приклучницата. Постапката на полнење започнува. Приказот за наполнетост на батеријата (6) го покажува напредокот на полнењето. За време на процесот на полнење електричниот алат е деактивиран и не може да се

Доколку не го употребувате, извадете го приклучокот за мрежа (10) од струја. Ставање и вадење на батеријата (види слика A) u Не употребувајте сила при ставање на батеријата. Батеријата е дизајнирана на тој начин што може да се вметне само во правилна позиција во електричниот

– Вметнете ја батеријата (5) до крај во преградата за батерии(12). – За вадење на батеријата (5) притиснете ги копчињата за отклучување(13) на батеријата и извлечете ја од преградата за батерии(12). Внимавајте на напомените за отстранување. Приказ за наполнетоста на батеријата Приказот за наполнетост на батеријата (6) се активира автоматски, штом се придвижи батеријата (5). Приказот за наполнетост на батеријата (6) се гаси по неколку секунди, ако батеријата (5) веќе не се движи. За време на работниот процес со електричниот алат се исклучува приказот за наполнетост на батеријата (6). Полнење Батеријата е одделна или во електричниот алат (при

Постапка на полнење (батерија со приклучен приклучок за мрежа) 100% Зелено (непрекинато)

1 609 92A 4G8 | (05.12.2018) Bosch Power ToolsМакедонски | 311 Полнење Батеријата е одделна или во електричниот алат (при

Постапка на полнење (батерија со приклучен приклучок за мрежа) 50% − 20% Жолто (непрекинато)

Напомена: По подолго складирање и некористење на батеријата (5) можно е да не се активира приказот за наполнетост на батеријата (6). Ова ја штити батеријата (5) од длабоко празнење. Штом се наполни батеријата (5), приказот повторно се активира. Во овој случај се продолжува времето на полнење. Приказот за наполнетост на батеријата (6) се гаси по неколку минути откако целосно ќе се наполни батеријата (5). Напомена: Приказот за наполнетост на батеријата (6) трепка бело, ако температурата се наоѓа надвор од дозволената околна температура. Веднаш штом повторно се постигне дозволениот опсег на температура, автоматски започнува процесот на полнење. За време на процесот на полнење приказот за наполнетост на батеријата (6) трепка зелено. Промена на алат (види слика B) Отворете ја брзозатезната глава за дупчење (2) со вртење во правец ➋, додека не се стави алатот. Вметнете го алатот. Чаурата на брзозатезната глава за дупчење (2) свртете ја цврсто со рака во правец

Всисување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното место. Bosch Power Tools 1 609 92A 4G8 | (05.12.2018)312 | Македонски – Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2 . Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се

Ставање во употреба u Внимавајте на тоа капакот на USB Type-C

портата (8) да биде затворен за време на работата. На тој начин ќе избегнете влегување на прав. Подесување на режимот на работа Саканиот режим на работа може да се подеси со прекинувачот за избирање на режимот на работа(3). За тоа поставете го прекинувачот на ознаката на соодветниот режим на работа. Ознака Начин на работа Завртување = Десен тек + 1. брзина Дупчење = Десен тек + 2. брзина R = Лев тек + 1. брзина Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) и држете го притиснат. За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/ исклучување (4). 1 609 92A 4G8 | (05.12.2018) Bosch Power ToolsМакедонски | 313 Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема. За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10- цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. Bosch Power Tools 1 609 92A 4G8 | (05.12.2018)314 | Srpski При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални

Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/ EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *