BOSCH

GSR 10.8 VEC HX Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSR 10.8 VEC HX Professional BOSCH во PDF формат.

📄 163 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GSR 10.8 VEC HX Professional - page 114
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GSR 10.8 VEC HX Professional

Категорија : приклучок

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSR 10.8 VEC HX Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSR 10.8 VEC HX Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSR 10.8 VEC HX Professional BOSCH

Општи безбедносни напомени за електрични апарати Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел). Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот. Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено. Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ OBJ_BUCH-1966-003.book Page 113 Wednesday, December 4, 2013 9:28 AM114 | Македонски 2 609 141 137 | (4.12.13) Bosch Power Tools Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар. Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани

Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав. Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши.

њето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации. Користење и ракување на батерискиот апарат Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар. Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар. Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници. OBJ_BUCH-1966-003.book Page 114 Wednesday, December 4, 2013 9:28 AMМакедонски | 115 Bosch Power Tools 2 609 141 137 | (4.12.13)

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат. Безбедносни напомени за дупчалки и одвртувачи Користете ги дополнителни дршки, доколку се испорачани заедно со електричниот алат. Губењето на контролата може да доведе до повреди. Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува или шрафот може да наиде на скриени електрични кабли. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар. Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. Доколку се блокира алатот што се вметнува, исклучете го електричниот апарат. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, доколку: – се преоптовари електричниот алат или – е накривен во однос на парчето што се обработува. Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти. Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува мо же да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од експлозија. Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните

Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее. Останати напомени за безбедност и

Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето и да доведе до алергиски реакции, заболувања на дишните патишта и/или рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни

Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, прекинувачот за правец на вртење ставете го во средна позиција. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Прочитајте го упатството за употреба на полначот. Електричниот апарат ставете го на шрафот само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се врти, тој може да се преврти и падне. Активирајте го прекинувачот за менување брзини само кога електричниот апарат е во мирување. Прекинувачот за избор на брзини секогаш притискајте го до крај. Инаку електричниот апарат може да се оштети. Доколку прекинувачот за избор на брзини не може да се вметне до крај, свртете ја малку главата за дупчење со дупчалката (GSR 10,8 V-EC). При половично или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување, приказот за наполнетост на батеријата за неколку секунди ја прикажува наполнетоста на батеријата и се состои од 3 зелени LED

OBJ_BUCH-1966-003.book Page 115 Wednesday, December 4, 2013 9:28 AM116 | Македонски 2 609 141 137 | (4.12.13) Bosch Power Tools За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.

Следните ознаки се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот апарат. Обем на испорака Батериски одвртувач. Батериите, алатот што се вметнува и опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на

Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е одреден за зашрафување и одвртување на шрафови како и за дупчење во дрво, метал, керамика и пластика. Светлото на овој електричен апарат е наменето да го осветли директно полето на работа на електричниот апарат и не е погодно за просторно осветлување во домаќинството. LED Капацитет Трајно светло 3 x зелено ≥ 2/3 Трајно светло 2 x зелено ≥1/3 Трајно светло 1 x зелено < 1/3 Трепкаво светло 1 x зелено

Ознака Значење GSR 10,8 V-EC/GSR 10,8 V-EC HX: Батериски одвртувач/зашрафувач Сиво означено поле: рачка (изолирана дршка) Број на дел/артикл Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност Пред било каква интервенција на електричниот апарат извадете ја

Носете заштита за слухот. Правец на движење Правец на реакција Тек десно/лево Зашрафување/одвртување

Мал број на вртежи Голем број на вртежи

Исклучување Приказ за наполнетост на батеријата U Номинален напон

1 Вртежи во празен од (1. брзина)

2 Вртежи во празен од (2. брзина) Mмакс. вртежен момент ISO 5393

Ø Дијаметар на дупката макс. Øмакс. поле на Ø Прифат на алатот затегање на главата Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003

  • Вредноста зависи од искористеното пакување батерии

Звучен притисок K Несигурност

Вкупна вредност на осцилации Ознака Значење OBJ_BUCH-1966-003.book Page 116 Wednesday, December 4, 2013 9:28 AMМакедонски | 117 Bosch Power Tools 2 609 141 137 | (4.12.13) Технички податоци Техничките податоци за производот се дадени во табелата на страна 157. Изјава за сообразност Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните производи во „Технички податоци“ се сообразни со следните норми или нормативни документи: EN 60745 според одредбите на регулативите 2009/125/EC (одредба 1194/2012), 2011/65/EU, 2004/108/EC, 2006/42/EC. Техничка документација (2006/42/EC) при: Robert Bosch GmbH, PT/ETM9, D-70745 Leinfelden-Echterdingen Robert Bosch GmbH, Power Tools Division D-70745 Leinfelden-Echterdingen

Информации за бучава/вибрации Мерните вредности на производот се дадени во табелата на страна 157. Вкупните вредности на бучава и вибрации (векторски збир на трите правци) се дадени во согласност со EN 60745. Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата. Монтажа и користење Батерија GSR 10,8 V-EC

  • ограничена јачина при температури <0 °C Henk Becker Executive Vice President Engineering Helmut Heinzelmann Head of Product Certification PT/ETM9 Цел на користењето Слика Страна Вадење на батеријата

Вметнување на батерија

Монтирање на алатот што се вметнува 3 158–159 Поставете го правецот на вртење

Избирање на вртежниот момент

Бирање на позиција за дупчење

Механички избор на брзини

Монтирање/демонтирање на куките на појасот

Монтирање/демонтирање на држачот за битови

Монтирање/демонтирање на куките за појасот и држачот за битови

Монтирање/демонтирање на стегата во боја

Вклучување/исклучување

Проверете ја наполнетоста на батеријата

Бирање на опрема – 163 OBJ_BUCH-1966-003.book Page 117 Wednesday, December 4, 2013 9:28 AM118 | Srpski 2 609 141 137 | (4.12.13) Bosch Power Tools Одржување и чистење Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Исчистете го алатот што се вметнува, прифатот за алат и отворите за проветрување на електричниот апарат по секоја употреба, како и отворите за проветрување на батеријата. Сервисна служба и совети при

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.