GORENJE MO4250CLG - Микробранова печка

MO4250CLG - Микробранова печка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MO4250CLG GORENJE во PDF формат.

📄 204 страници Македонски MK 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE MO4250CLG - page 40
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : MO4250CLG

Категорија : Микробранова печка

SKIP

Frequently Asked Questions - MO4250CLG GORENJE

Преземете ги упатствата за вашиот Микробранова печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MO4250CLG - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MO4250CLG на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MO4250CLG GORENJE

GARANCIJA I SERVISМногу ви благодариме за вашето купување. Убедете се сами: во нашите производи можете да бидете сигурни. За полесна употреба на производот приложивме опсежни упатства. Тие нека ви помогнат што побрзо да се запознаете со вашиот нов апарат. Ве молиме да пред првата употреба на апаратот внимателно ги прочитате упатствата. Секако па проверите дали сте примиле неоштетен апарат. Ако утврдите транспортно оштетување, ве молиме поврзете се со продавачот каде што сте го купиле апаратот, или па со подрачното складиште, од каде бил доставен. Телефонски број ќе најдете на сметката, односно испратница. Ви посакуваме големо задоволство со вашиот нов апарат. Апартот е наменет само за користење во домаќинство и тоа за загревање на храна и пијалаци со помош на електромагнетна енергија. потребувајте го апаратот само во затворени простории. Упатствата за употреба се наменети за корисникот. Го опишуваат апаратот и управувањето со него. Приспособени се за различни типови на апарати, и затоа можат да содржат и описи на функции, кои вашиот апарат ги нема. Упатства за употреба Почитуван купувач

МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА MKНикогаш не допирајте ја површината на уреди за греење и готвење. Таа ќе се вжешти додека работи. Чувајте ги децата на соодветна оддалеченост од уредот. Постои ризик од изгореници. Извор на микробранова радијација и висок напон! Не вадете го капакот. ВНИМАНИЕ ! Апаратот и неговите делови што може да се дофатат стануваат врели за време на употребата. Треба да се внимава односно да не се допираат загреаните елементи. Децата помали од 8 години се препорачува да се држат подалеку од апаратот,освен ако тие не се под постојан надзор. Овој апарат можат да го користат деца кои веќе наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности како и лица кои немаат доволно искуство и знаење ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот. Чистењето и корисничкото одржувањето не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор. Чувајте го апаратот и неговиот кабел подалеку од дофат на деца помали од 8 години.

ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога апаратот работи во комбиниран начин, а поради многу високите температури што тогаш настануваат, децата смеат да го употребуваат апаратот само под грижлив надзор на возрасните (само за апарати со функцијата жар)

  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или дихтувачите за вратата се оштетени, апаратот не смеете да го употребувате, додека не го поправи стручно лице.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секоја поправка или сервис изведена од кој било друг освен од овластен сервисер и при која е потребно да се отстрани покривот за заштита од микробрановите зраци е опасна
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите и другата храна не загревајте ги во затворени, односно во покриени садови или, пак, во затворена амбалажа, бидејќи истите може да експлодираат.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Децата може да го употребуват апаратот и без надзор од возрасните само во случај доколку им дадете соодветни упатства, за да можат безбедно да ја употребуваат печката и да бидат свесни за опасностите што произлегуваат од несоодвотното
  • не отстранувајте ги нозете на печката и не покривајте ги отворите за венталиција.
  • Употребувајте ги помагалата (помошните средатва), соодветно за употреба во микробанова печка.
  • Кога загревате храна во пластична или во хартиена амбалажа, односно чинија, надгледувајте го процесот на загревање поради опасноста таквата амбалажа, т.е. сад, да се запали.
  • Ако забележите чад, апаратот исклучете го од електричната мрежа, а вратата оставете ја затворена, за да го изгаснете можниот оган.
  • Кога во микробрановата печка загревате пијалак, по некое време може пијалокот да зоврие и да претече, па затоа во таков случај однесувајте се особено внимателно.
  • За да не дојде до изгореници, пред употребата промешајте ја или протресете ја содржината на шишенцето за доенчиња или шишенцата со храна за доенчиња и проверете ја температурата на содржината.
  • Во микробрановата печка не загревајте јајца со лушпа или тврдо варени јајца бидејќи може да експлодираат, дури и откако загревањето во печката е веќе завршено.
  • Кога ја чистите површината на вратата, дихтувачката површина, внатрешноста на печката, употребувајте само благи и нежни (не абразивни) средства за чистење, нанесете ги со сунѓер или со
  • Редовно чистете ја печката и отстранувајте ги можните остатоци
  • Ако редовно не ја одржувате и чистите печката, може да дојде до нагризување на површината, што негативно влијае на животниот 42Во продолжение се наброени некои правила и безбедносни мерки што слично како при користење на други апарати, треба да ги почитувате за да обезбедите безбедно и најефикасно функционирање на печката:

1. Печката не користитете ја за никаква друга намена освен

за подготвување храна; не сушете во неа облека, хартија или други предмети и не употребувајте ја за стерилизација.

2. Никогаш не вклучувајте ја печката ако таа е празна, бидејќи

можете да ја оштетите.

3. Во внатрешноста на печката не чувајте ништо, на пр.

хартија, готварски книги итн.

4. Не гответе храна што е покриена со мембрана, на пр.,

жолчки од јајца, компир, пилешки џигер итн. пред да ја прободете мембраната со виљушка на повеќе места.

5. Не ставајте никакви предмети во отворите на

надворешната страна од печката.

6. Никогаш не отстранувајте ги деловите на печката, на пр.:

нозете, резето(внатрешен затворач), шрафовите итн. ВАЖНО: Кујнски помагала што не смеете да ги употербувате во микробранова печка: -Не употребувајте метални тави или садови со метални рачки. -Не употребувајте садови со метални рабови. -Не употребувајте садови од меламим бидејќи содржат материјал што ја вшмукува микробрановата енергија. Тоа може да предизвика чинијата да напукне или да се усвити, а покрај тоа и да го забави загревањето / готвењето. -Не употребувајте ги садовите без соодветното премачкување за употреба во микробранова печка. Исто така не употребувајте затворени шолји со

-Не подготвувајте храна, т.е. пијалаци во сад што има стеснет отвор, на пр. во шише, бидејќи истото може да пукне при загревање. -Не употребувајте обични термометри за месо или за слатки. Можете да употребувате само термометри што се наменети за употреба во микробранови

Безбедносни упатства за општа употреба век на апаратот и го зголемува ризикот од опасност при неговата

  • Ако приклучниот кабел е оштетен, за да се избегне опасност, истиот може да го замени само производителот, овластениот сервисер или друг соодветно оспособен стручњак.

437. Помагалата за микробрановата печка употребувајте ги само

согласно со упатствата од нивниот производител.

8. Не обидувајте се да потпечувате храна во микробрановата

9. Бидете претпазливи, во микробрановата печка треба да се

загрее само течноста, а не и садот во кој истата се наоѓа. Затоа е можно, откако ќе го отстраните капакот, течноста во садот да испарува или од неа да претекуваат капки иако капакот на садот не е жежок.

10. Пред користење секогаш проверете ја температурата на

храната, а особено ако им ја давате на деца. Препорачуваме храната/пијалакот никогаш да не ги консумирате непосредно по вадењето од печката, туку да почеката неколку минути и по можност да ја промешате за температурата еднакво да се распредели.

11. Храната што содржи мешавина од вода и маст, на пр. основа

за супа, по исклучувањето на печката треба да остане во неа приближно 30 до 60 секунди. Така ќе овозможите смесата да се изедначи и ќе спречите навлегување на меурчиња кога во течноста ќе ставите лажица или коцка за супа.

12. При подготовка на храна бидете внимателни бидејќи некои

видови, на пр. божиќен пудинг, мармалад или мелено месо се загреваат многу брзо. Кога загревате или подготвувате храна со висока содржина на масти или шеќер, не употребувајте пластични садови.

13. Помагалата што ги употребувате при подготовка на храна

во микробранова печка можат силно да се загреат бидејќи храната оддава топлина. Ова важи посебно ако врвот на садот и рачките се прекриени со пластична обвивка или со пластична наметка. При вадење на таков сад може да ви бидат потребни кујнски ракавици.

14. За да го намалите ризикот од пожар во внатрешноста на

a) внимавајте предолго да не ја готвите храната. Грижливо надгледувајте го процесот на загревање кога во печката се присутни помагала од хартија, пластика или други лесно запалливи, т.е. горечки материјали. б) Пред да го ставите ќесето во печката, отстранете ја жицата за затворање на ќесето. ц) Ако предметот во печката се запали, оставете ја вратата на печката затворена, исклучете ја истата од електрична мрежа или исклучете го главниот осигурувач од разводната

441 - Копче за избирање време (0-30 минути)

2 - Копче за дотерување моќност за готвење

Решетка за жар Може да се употреби само за функцијата за жар или во комбинација со микробрановите.

ДИЈАГРАМ НА ПЕЧКАТА1. За привремено запирање (прекинување) на готвењето: oтворете ја вратата и готвењето се прекинува, за продолжување, затворите ја вратата.

2. За потполно прекинување (отповикување) на готвењето:

завртите го копчето за дотерување време на 0. Функцијата одмрзнување ви овозможува одмрзнување месо, живина и риби. Ставите ја замрзнатата храна на средина од рерната и затворите ја вратата.

1. Копчето за дотерување моќност на зраците завртите го на

2. Со вртење на копчето за дотерување време за готвење

изберите сакано време. ЗАБЕЛЕШКА: По истекување на времето се огласува звучен сигнал. Времето на готвење можете да го промените во секој момент. Наредната постапката опишува како да ја зготвите или подгреете храната. СЕКОГАШ проверите ги дотерувањата за готвење пред да се тргнете од рерната што работи. Најпрвин ставите ја храната на средина од рерната и затворите ја вратата.

1. Cо копчето за моќност на зраците дотерајте ниво на моќност.

2. Со копчето за дотерување време изберете соодветно траење

на готвењето. Светлото во внатрешноста на рерната ќе засвети.

3. За време готвење можете со вртење на копчето за дотерување

да ја промените моќноста на зраците. ЗАБЕЛЕШКА: По истекување на времето се огласува звучен сигнал. Времето на готвење можете да го промените во секој момент. Рерната 17 проценти од времето ќе ви работи со микро бранови, а 83 проценти од времето со жар. Овој начин на работење е примерен за приготвување риби или гратинирани

Ако сакате, на пример, да дотерате комбинираното работење од 25 минути, направете го следново:

1. Отворите ја вратата на рерната и ставите ја храната на

решетката. Затворите ја вратата на рерната.

2. Завртите го копчето на положба »КОМБИНИРАНО РАБОТЕЊЕ 1«.

3. Со копчето за дотерување време изберете соодветно траење

на готвењето (25min). Светлото во внатрешноста на рерната ќе

ЗАБЕЛЕШКА: По истекување на времето се огласува звучен сигнал. Времето на готвење можете да го промените во секој момент. ПРИВРЕМЕНО ПРЕКИНУВАЊЕ / ПОТПОЛНО ПРЕКИНУВАЊЕ НА ГОТВЕЊЕТО ОДМРЗНУВАЊЕ ХРАНА ГОТВЕЊЕ/ПОДГРЕВАЊЕ КОМБИНИРАНО РАБОТЕЊЕ 1

УПАТСТВА ЗА УПРАВУВАЊЕРерната 28 проценти од времето ќе ви работи со микро бранови, а 72 проценти од времето со жар. Овој начин на работење е примерен за приготвување пудинзи, нарастоци, омлети, пржен компир и живина. Ако сакате, на пример, да дотерате комбинирано работење од 25 минути, направете го следново:

1. Отворите ја вратата на рерната и ставите ја храната на

решетката. Затворите ја вратата на рерната.

2. Завртите го копчето на положба »КОМБИНИРАНО РАБОТЕЊЕ 2«.

3. Со копчето за дотерување време изберете соодветно траење

на готвењето (25min). Светлото во внатрешноста на рерната ќе

ЗАБЕЛЕШКА: По истекување на времето се огласува звучен сигнал. Времето на готвење можете да го промените во секој момент. Рерната 40 проценти од времето ќе ви работи со микро бранови, а 60 проценти од времето со жар. Овој начин на работење е примерен за приготвување пудинзи, нарастоци, омлети, пржен компир и живина. Ако сакате, на пример, да дотерате комбинирано работење од 25 минути, направете го следново:

1. Отворите ја вратата на рерната и ставите ја храната на

решетката. Затворите ја вратата на рерната.

2. Завртите го копчето на положба »КОМБИНИРАНО РАБОТЕЊЕ 3«.

3. Со копчето за дотерување време изберете соодветно траење

на готвењето (25min). Светлото во внатрешноста на рерната ќе

ЗАБЕЛЕШКА: По истекување на времето се огласува звучен сигнал. Времето на готвење можете да го промените во секој момент. Готвење, односно печење со жар е посебно примерно за тенки резанки месо, шницли, котлети, раженчиња, колбаси или парчиња пилешко. Жарот исто така е примерен и за приготвување топли сендвичи и гратинирани јадења. Пример: доколку сакате да готвите храна на жар 12 минути:

1. Отворете ја вратата на рерната и ставите ја храната на

решетката. Затворете ја вратата на рерната .

2. Завртите го копчето на положба »ЖАР«.

3. Со копчето за дотерување време изберете соодветно траење

на готвењето. Светлото во внатрешноста на рерната ќе засвети. ЗАБЕЛЕШКА: По истекување на времето се огласува звучен сигнал. Времето на готвење можете да го промените во секој момент. КОМБИНИРАНО РАБОТЕЊЕ 2 КОМБИНИРАНО РАБОТЕЊЕ 3

471. Пред чистењето исклучете ја печката и исклучете го кабелот

2. Внатрешноста на печката треба секогаш да биде чиста.

Кога делови од храна, течност што прска од неа или истурена течност ќе се засуши на ѕидовите на печката, само пребришете ги со влажна крпа. Користењето на груби детергенти или на абразивни средства за чистење не е препорачливо.

3. Надворешната површина на печката исчистете ја со

влажна крпа. За да го спречите оштетувањето на деловите во внатрешноста на печката, внимавајте да не ви се истури вода во отворите за вентилација.

4. Не дозволувајте контролната табла да се намокри. Исчистете

ја со мека и влажна крпа. За чистење на контролната табла не употребувајте детергенти, груби (абразивни) средства или распрскувачки средства за чистење.

5. Ако во внатрешноста или околу надворешнитата обвивка на

куќишето се насобере пареа, избрижете ја со мека крпа. Ова се случува кога микробрановата печка ја употребувате во многу влажни простории и во никој случај не укажува на грешка во работењето на печката.

6. Можниот непријатен мирис од печката ќе го отсраните на

тој начин што во длабок сад за подготовка на храна во микробранова печка ќе налеете една шолја вода, а во водата ќе ставите кора од еден лимон. Потоа садот оставете го во микробрановата печка пет минути. На крај, темелно исушете ја внатрешноста на печката и избришете ја со мека

ГРИЖА ЗА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА - НЕГА И ОДРЖУВАЊЕ1. Проверете дали од внатрешноста на вратата го извадивте целокупниот амбалажен материјал.

2. Кога ќе ја отстраните амбалажата, прегледајте ја печката за да

утврдите дали има видливи оштетувања, како на пример: -искривена врата, -оштетена врата, -набиеници или дупки на стаклото (прозорецот) на вратата или пак на екранот -набиеници во внатрешноста на печката. Ако забележите некое од горенаведените оштетувања, не употребувајте ја печката.

3. Микробрановата печка тежи околу 12,5kg, поставете ја на

рамна површина што е доволно тврда за да ја издржи тежината на печката.

4. Печката поставете ја подалеку од извори на висока

температура и пареа.

5. Не ставајте ништо на печката.

6. За да обезбедите доволно зрачење, околу страните на печката

треба да има барем 20 cm.

7. Како и кај сите други апарати така и кај овој е потеребен

грижлив надзор кога го употребуваат децата.

8. Приклучокот за електрично напојување мора да биде лесно

достапен, за да може уредот во случај на опасност лесно да се исклучи. Или потребно е печката да се одвои од изворот на електрична енергија преку вградување на прекинувач во фикснoто поврзување во согласност со правилата за поврзување на електричните инсталации. Приклучете го уредот на монофазна 230 V/50 Hz наизменична струја преку правилно поставен заземјен приклучок. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ! ОВОЈ АПАРАТ МОРА СЕ ЗАЗЕМЈИ ! Производителот ја отфрла секоја одговорност ако не се почитува оваа безбедносна мерка. .На печката и е потребна влезна моќ од 1,1 kVa. Препорачуваме при инсталација на печката да се посоветувате со сервисер, односно со копметентен стручњак. ВНИМАНИЕ: Печката има сопствена заштита и тоа осигурувач 250V, 10A. Не го фрлајте на апаратот во нормален домашен отпад,туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина. ЖИВОТНА СРЕДИНА ИНСТАЛАЦИЈА

ВГРАДУВАЊЕ МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКАМикробрановата печка може да предизвика пречки во приемот на вашиот радиоприемник, ТВ-приемник и слични уреди. Ако дојде до пречки (интерференции), истите можете да ги отстраните или да ги намалите со преземање на следниве мерки: a) Исчистете ја вратата и површините за дихтување. б) Ставете го радиоприемникот, ТВ-приемникот и друго што подалеку од микробрановата печка. ц) Зад радискиот, ТВ-приемникот итн. употребете соодветно наместена антена што ќе овозможува јак прием на сигналот. РАДИСКИ ПРЕЧКИ (ИТЕРФЕРЕНЦИИ) Потрошувачка на ел. енергија…….……..………...…230V~50Hz,1080W Излезна моќ.………….………………………..……….………….………………700W Грејач за жар...............................................………….....................800W Работна фреквенцијa. …………….………….……………...…………2450MHz Надворешни димензии..…….…..450mm(Š) x 290mm(V) x 370mm(G) Димензии на печката..…………….….………….……………………….20 литри Маса без амбалажа..………………….….……….………Приближнo 12,5 kg Ниво на бучава..…………………………….….………….……..…Lc < 58 dB (A) СПЕЦИФИКАЦИИ Овој апарат е означен според европскиот пропис 2012/19/EU за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа. СИ ПРИДРЖУВАМЕ ПРАВО ДО ПРОМЕНИ КОИ НЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ФУНКЦИОНАЛНОСТА НА АПАРАТОТ. 20cm 30cm 20cm min85cm 0cm

УПАТСТВА ЗА МОНТИРАЊЕ1. Ако печката воопшто не работи, ако на екранот ништо не се појавува или, пак, ако екранот се изгасне: a) Проверете дали печката е правилно вклучена на електричната мрежа. Ако не е, исклучете го кабелот од штекерот, почекајте 10 секунди и потоа повторно вклучете

б) Проверете дали осигурувачот за штекерот е прегорен или, пак, дали струјното коло е прекинато на главниот осигурувач. Ако осигурувачите се исправни , тестирајте го штекерот со некој друг апарат.

2. Ако микробрановата печка не грее, т.е. не емитува

микробранова енергија: a) Проверете дали е правилно наместен часовникот за програмирање. б) Проверете дали е цврсто затворена вратата, а сигурносните брави заклучени. Ако не се, икробрановата енергија нема да се ослободува. Ако со помош на горниве упатства не успеавте да го отстраните проблемот, обратете се до најблискиот овластен сервисер. Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство. Не е за комерцијална употреба! ГОЛЕМО УЖИВАЊЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА ВИ ПОСАКУВА Корисни совети како и дополнителни упатства за печење со микробранови можете да најдете на нашата web страна: http://www.gorenje.mk