AD 5022 - пегла ADLER - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AD 5022 ADLER во PDF формат.
| Вид на производ | Пегла за глачање |
| Бренд | Адлер |
| Модел | AD 5022 |
| Напојување | 220-240 V ~ 50/60 Hz |
| Номинална моќност | 1850-2200 W |
| Максимална моќност | 3000 W |
| Вид на ѓон | Керамика |
| Капацитет на резервоарот за вода | Околу 300 ml |
| Главни функции | Суво пеглање, континуирана пареа, спреј, притискање (млаз пареа), самочистење |
| Подесување на температура | Ротирачки термостат со светлосен индикатор |
| Подесување на пареа | Лизгач за подесување на пареа (положба 0 до макс) |
| Вертикално пеглање | Да, преку функција притискање |
| Функција за самочистење | Да, копче Self-Clean |
| Кабел за напојување | Со прилагодлив кабел |
| Предвидена употреба | Само за домаќинство |
| Безбедност | Не се споменува автоматско исклучување, исклучете по употреба, не потопувајте |
| Одржување и чистење | Користете функција за самочистење месечно, избришете го ѓонот со влажна крпа |
| Мерки на претпазливост | Не користете во близина на запаливи материјали, не насочувајте пареа кон луѓе или животни |
| Димензии (прибл.) | 30 x 12 x 15 cm |
| Тежина (прибл.) | 1,2 kg |
| Резервни делови и можност за поправка | Поправки само од овластен сервис, кабелот може да го замени професионалец |
| Општи информации | Упатството е достапно на повеќе јазици, вклучува детални безбедносни упатства |
Често поставувани прашања - AD 5022 ADLER
Прашања на корисниците за AD 5022 ADLER
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот пегла во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AD 5022 - ADLER и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AD 5022 на марката ADLER.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AD 5022 ADLER
- Пред употреба на уредот внимателно прочитајте ги и секогаш следете ги следните упатства. Производителот не е одговорен за оштетувања кои произлегуваат од неправилна употреба на уредот.
- Уредот треба да се употребува само внатре. Не употребувајте го уредот за било какви цели кои не се компатибилни со неговата примена.
- Напонот е 220-240V, ~50/60Hz со заземјување. Од безбедносни причини не треба да се приклучуваат повеќе уреди на еден извор на електрична енергија.
- Бидете внимателни кога го употребувате уредот во близина на деца. Не им дозволувајте на децата да си играат со уредот. Не им дозволувајте на децата или луѓето кои не го познаваат уредот да го користат без надзор. 5. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој уред може да се користи од страна на деца над 8 години и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности, или лица со недостаток на искуство и знаење, само доколку се под надзор на лице одговорно за нивната безбедност, или ако тие се обучени за безбедност при употреба на уредот и се свесни за опасностите поврзани со неговото работење. Децата не треба да си играат со уредот. Чистење и одржување на уредот не треба да се врши од страна на децата, освен ако тие се над 8 години и овие активности се вршат под надзор.
- Откако ќе завршите со употреба на уредот, полека извадете го приклучокот од доводот на струја, притоа придржувајќи го штекерот со рака. Никогаш не влечете го кабелот!!!
- Никогаш не ставајте го кабелот, приклучокот или целиот уред во вода. Никогаш не изложувајте го уредот на атмосферски услови, како директна сончева светлина или дожд, итн. Никогаш не употребувајте го уредот во влажни услови.
- Повремено проверувајте ја состојбата на електричниот кабел. Доколку тој е оштетен, однесете го уредот на овластен сервис за замена на кабелот со цел да се избегнат опасни ситуации.
- Никогаш не употребувајте го уредот со оштетен кабел или ако ви паднал или бил оштетен на било каков начин или ако не работи правилно. Не обидувајте се сами да го поправате дефектниот производ бидејќи тоа може да доведе до електричен шок. Секогаш носете го таквиот уред на овластен сервис на поправка. Поправките можат да ги извршуваат единствено професионални лица од овластен сервис, бидејќи неправилните поправки можат да предизвикаат опасни ситуации за корисникот. 10. Никогаш не ставајте го уредот на или во близина на загреани или врели површини или кујнски уреди како електрични или плински шпорети. 11. Никогаш не користете го уредот во близина на запалливи материјали.
- Не оставајте го кабелот да виси преку работ на работната површина. 13. Никогаш не оставајте го без надзор уредот поврзан со довод на струја. Дури и кога е употребата прекината за кратко време, исклучете го од струја, извадете го кабелот од штекер. 14. За гарантирање на дополнителна заштита, препорачливо е да се инсталира во електричниот систем дополнителен уред за заштита од напон на струја (RCD) со номинална струја не повеќе од 30 mA. За тоа прашање обратете се кај стручен електричар.
- Да не се дозволи потопување на моторниот дел од уредот.
- Доколку е неопходна употребата на продолжен кабел, да се користи кабел со заземјување и прилагоден за енергија со мин. интензитет 10 А. Други („послаби”) продолжни кабли може да се прегреат. Кабелот треба да се постави така што ќе се избегнат случајни тргања или сопнувања.
- Секогаш, пред да се наполни пеглата со вода, кога пеглата не се користи, да се исклучи од електричното коло.
- Допирањето на жешката основа, контактот со врелата пареа или вода, може да предизвика изгореници. Внимавајте кога ја вртите пеглата нагоре, бидејќи и по исклучувањето на струјата, во резервоарот може да има врела вода.
- НЕ дозволувајте продолжен контакт на пеглата со ткаенините или леснозапаливите материјали.
- Внимавајте кабелот да не ја допира жешката основа на пеглата. Пред да ја складирате, оставете ја пеглата целосно да се излади.
- Доколку и на кратко не ја употребувате пеглата, исклучете ја функцијата за пареа.
- Во никој случај немојте да пеглате алишта кои се наоѓаат на луѓе или животни.
- Никогаш не насочувајте ја пареата кон луѓе и животни.
- Користете ја функцијата за самопрочистување барем еднаш месечно.
- Пеглата треба да се користи на стабилна рамна површина и само на таква може да биде оставена.
- Не влевајте во резервоарот вода со хемиски и миризливи додатоци или препарати за откаменување.
ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ (сл. 1)
A. Млазница на прскачот В. Влезен отвор за вода C. Лост на регулаторот за пареа D. Копче на прскачот E. Копче за ударна пареа F. Напонски кабел G. Вртливо складиран кабел I. Термостатско тркало - регулација на температурата К. Проширен резервоар за вода
Н. Контролна ламбичка на термостатот J. Копче за самопрочитување L. Керамичка / Челична основа на пеглата
ПЕГЛАЊЕ
Прво користење
За време на првото користење на пеглата, можете да почувствувате нежен мирис на дим и да слушнете звуци кои се шират поради зголемувањето на температура на пластичните елементи. Ова е нормална појава и исчезнува по кратко време на користење. Исто така, се препорачува првото пеглање да се изврши на обични секојдневни алишта.
Подготовка
Поделете ја облеката за пеглање според знаците кои се наоѓаат на етикетите со меѓународни значења за пеглање, или доколку ги нема, според типовите на ткаенини.
| ЕЛЕКТРОМАГНЕРА ТАБЕЛА ТАБЕРА ТЕРМОСТАТЕН РЕГУЛАТИВ | ||||
![]() | ниска температура | - | ||
. Свила – во ![]() | на температура | -- | ||
Памук – дол ![]() | висока температура | --- | ||
Да не се ![]() | ||||
Пеглањето започнете го од материјалите кои треба да се испеглаат на ниска температура. Таквиот редослед го скратува значително времето на очекување (пеглата се загрева побрзо а не лади) и го елиминира ризикот од изгореници.
Пеглање со употреба на пареа
- Проверете дали кабелот е изваден од гнездото.
- Поставете го регулаторот за пареа (С) на „0"
- Отворете ја покривката за влевање вода (В). Поткренете ја предницата на пеглата, за да полесно влеете вода во резервоарот и одбегнете разлевање.
- Полека, користејќи го специјалниот елемент, влевајте вода во резервоарот, внимавајќи да не прелеете преку нивото означено како "MAX" (околу 300 мл). Затворете ја покривката на отворот за влевање вода (В).
- Поставете ја пеглата во вертикална позиција. Ставете го кабелот во гнездото.
- Поставете го тркалото на термостатот согласно меѓународниот симбол на етикетата од пегланата облека.
- Контролната ламба на термостатот покажува дека пеглата се загрева. Почекајте контролната ламбичка да изгасне. Тогаш може да се започне со пеглање.
Предупредување: за време на пеглањето, контролната ламбичка ќе се вклучува повремено, што значи дека температурата е одржувана на постојано ниво. Ако ја намалите температурата, не го продолжувајте пеглањето додека ламбичката не се запали повторно.
- Количината на вода е одредувана од лостот на регулаторот за пареа (С). Поставете го лостот за регулација на пареата на позиција помеѓу минимум и максимум, во зависност од потребната пареа и избраната температура.
Предупредување: Постојано излегување на пареа има само тогаш кога ја држите пеглата во хоризонтална позиција. Можете да го стопирате испарувањето со поставување на пеглата во вертикална позиција или со преместување на регулаторот за пареа на позиција „0”. Како што е означено на тркалото на термостатот и во табелата на претходната страна, можете да користите пареа само при највисоки температури. Од пеглата може да капе вода доколку избраната температура е прениска.
Копче за ударна пареа и пеглање во хоризонтала
Притиснете го копчето за ударна пареа за да предизвикате брз истрел на силен бран пареа која лесно се пробива низ ткаенината и може да ги израмни и натешките тутканици. Почекајте неколку секунди пред повторната употреба на ова копче.
Користејќи го копчето за ударна пареа (со запазување на соодветни паузи помеѓу), исто така може да се пегла во хоризонтална позиција (завеси, обесени алишта и сл....).
Предупредување: Функцијата за ударна пареа може да биде искористена само при највиска температура. Не користете го копчето при запалена контролна ламбичка на термостатот. Можете да се вратите на пеглање во хоризонтала дури по гаснењето на ламбичката.
Суво пеглање
За да пеглате без пареа, поставете го регулаторот за пареа во позиција „0”.
Функција за прскање
Осигурајте се дека резервоарот (K) е наполнет со вода. Притиснете го копчето за прскање (D) полека (за целосен млаз вода) или брзо (за распрскан млаз вода).
Предупредување: При пеглање на нежни ткаенини, препорачуваме претходно навлажнување на таа ткаенина, со користење на прскачот (D), или со ставање влажна ткаенина помеѓу пеглата и пегланиот материјал. За да избегнете валкање, не користете го прскачот при пеглање на свила или синтетички ткаенини.
Извадете го кабелот на пеглата од гнездото. По изладувањето на пеглата, испразнете го резервоарот со превртување на основата надолу и со нежно протресување. Оставете ја пеглата целосно да излади. Секогаш оставајте ја пеглата во вертикална позиција.
СОВЕТИ
- Препорачуваме користење на ниски температури при пеглање на ткаенини кои имаат специјални завршетоци, украси (мониста, вез и сл.).
- Доколку ткаенината е изработена од различни материјали (на пр. 40% волна, 60% синтетички влакна), поставете го термостатот за температура на материјал со пониска вредност на пеглање (во овој случај тоа би била температура за пеглање синтетички влакна, односно пониска температура).
- Доколку не го знаете составот на ткаенината, одредете ја температурата за пеглање со вршење на тест на невидливата страна при носењето на облеката. Почнете од ниска температура и постепено зголемувајте ја, додека не ја одредите соодветната, безбедна температура за таа ткаенина.
- Сите нечистотии и дамки се трајни после пеглањето, затоа треба да се осигурате дека алиштата пред пеглањето се чисти. Доколку не се, треба прво да се исперат.
- Најдобри ефекти се постигнуваат при суво пеглање и при средна температура: превисоката температура или предолгото држење на пеглата на едно место може да предизвика појава на жолти дамки (изгореници).
- За да се избегне ефектот на „блискање“ на материјалите од свила, памук или синтетички влакна, пеглајте ги свртени на левата страна.
- За да избегнете појава на траги при пеглање на кадифе, пеглајте го материјалот во една насока (спрема влакното) и не ја притискајте пеглата на материјалот.
- Многу ткаенини се пеглаат полесно додека не се целосно суви. На пример свила.
Функција Self-Clean
Се препорачува повремено користење на функцијата за самопрочистување Self-Clean, која го спречува наталожувањето на камен во пеглата. За таа намена пеглата треба да се наполни со вода целосно, да се постави во вертикална позиција, да се вклучи на струја и да се постави термостатот во позиција „MAX”. По гаснењето на контролната ламбичка треба да се исклучи уредот од струјното коло и да се држи хоризонтално на пр. над мијалник. Да се притисне копчето (J), држејки го околу една минута и да се протресува пеглата. По изладувањето на пеглата да се избрише основата на пеглата со влажна крпа за да се отстранат евентуалните нечистотии.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
За да се заштити вашата околина: ве молиме одделно одложувајте ги кутиите и пластичните кеси и располагајте со нив во соодветните канти за отпадоци. Користениот апарат треба да биде предаден на посебно собирање поради опасни компоненти, кои можат да влијаат на животната средина. Не фрлајте го овој апарат во заедничката корпа за отпадоци.



