Silkepil 5 5780 - епилатор BRAUN - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Silkepil 5 5780 BRAUN во PDF формат.
| Бренд | Braun |
| Модел | Silkepil 5 5780 |
| Тип на производ | Електричен епилатор за полнење |
| Употреба | Тело, лице, чувствителни зони (пазуви, бикини) |
| Број на пинцети | 40 |
| Технологија на епилација | Close-Grip со масажни ролки со висока фреквенција |
| Достапни брзини | 2: Ултра мека (I) и Ултра ефикасна (II) |
| Вградено осветлување | Да, за подобра видливост |
| Вклучени додатоци | Глава за епилација, масажни ролки, додаток за контакт со кожа, додаток за чувствителни зони, додаток за лице, глава за бричење со вградена тример, ладечка ракавица со гел кесичка |
| Препорачана должина на влакна | 2 до 5 mm |
| Напојување | Вграден адаптер за напојување, влезен напон 100-240 V |
| Чистење | Со течаја вода или со четка, со алкохол за хигиена |
| Подмачкување на деловите за бричење | На секои 3 месеци |
| Гаранција | 2 години (освен нормално абење и решетка/блок нож) |
| Достапни резервни делови | Решетка, блок нож, додатоци (кај продавачи на Braun или сервис) |
| Безбедност | Исклучете од струја пред чистење; не користете на надразнета или оштетена кожа; не споделувајте од хигиенски причини |
| Намалување на болка | Вклучена ладечка ракавица (гел кесичка да се замрзне најмалку 2 часа) |
| Услов за употреба | Сува кожа, без масло или крем |
| Рециклирање | Содржи полначки батерии и електронски компоненти што се рециклираат; не фрлајте во домашен отпад |
Често поставувани прашања - Silkepil 5 5780 BRAUN
Прашања на корисниците за Silkepil 5 5780 BRAUN
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот епилатор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Silkepil 5 5780 - BRAUN и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Silkepil 5 5780 на марката BRAUN.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Silkepil 5 5780 BRAUN
Нашите производи се конструирани така што ги задоволуваат највисоките стандарди, функционалност и дизајн. Се надеваме дека ќе уживате користејќи го епилаторот Braun Silk·épil 5.
Ве молиме внимателно и целосно прочитајте го упатството пред да го користите апаратот.
Braun Silk-épil 5 е дизајниран за отстранување на несаканите влакна на најефикасен, најнежен и најлесен начин. Неговиот докажан систем за епилација ги отстранува влакната од коренот, притоа правејќи ја Вашата кожа мазна со недели. Како што растат влакната, тие стануваат понежни и помеки, така што нема повеќе влакна кои стрчат.
Важно
- Поради хигиенски причини, не го делите апаратот со други луѓе.
- Овој апарат е обезбеден со вграден кабел за нисконапонско напојување. Да не се заменува или управува со ниту еден негов дел. Во спротивно постои ризик од електричен удар. За електричните инструкции, ве молиме погледнете го натписот на кабелот.
- Овој апарат е соодветен за чистење со вода. Предупредување: Исклучете го апаратот од кабелот пред да започнете со чистење со вода на некој од деловите.
- Деца над 8 години и лица со намалени физички, сетилни или психички способности или лица кои немаат доволно искуство или знаење, може да го користат апаратот само под надзор и ако им се објасни како безбедно да го користат и им е објаснета потенцијалната опасност. Не е дозволено деца да играат со апаратот. Деца над 8 години може да го чистат или одржуваат
апаратот само кога се под надзор.
- Кога е вклучен, апаратот не смее да дојде во контакт со косата, трепките, лента за коса и сл. за да се спречи било каква повреда, како и да се спречи блокирање или оштетување на апаратот.
Основни информации за епилација
Сите методи на отстранување на влакната од коренот може да предизвикаат растење на влакната и иритација (на пр. чешање, неудобност или црвенило), во зависност од состојбата на влакното и кожата. Ова е нормална реакција и треба брзо да исчезне, но може да биде посилна кога ги отстранувате влакната од коренот првите неколку пати или ако имате чувствителна кожа. Доколку и по 36 часа кожата сè уште е иритирана, ви препорачуваме да контактирате со вашиот лекар.
Генерално, реакцијата на кожата и чувството на болка значително ќе се намалат со постојаната употреба на Silk·épil. Во некои случаи, воспаление на кожата може да настане кога бактерија ќе навлезе во кожата (на пр. кога апаратот се лизга на кожата).
Целосното чистење на главата на епилаторот пред секоја употреба ќе го намали ризикот од инфекција. Доколку се сомневате во употребата на апаратот, ве молиме консултирајте се со вашиот лекар.
Во следниве случаи, овој апарат треба да се употребува исклучиво со претходна консултација на лекар:
– егзема, повреда, црвенило на кожата како фоликулитис (загноени фоликули на влакната) и проширени вени - околу бемки – намален имунитет на кожата, на пр. дијабетес за време на бременост, Рејнова болест, хемофилија, кандида или намален имунитет.
Корисни совети
Доколку не сте користеле епилатор претходно или доколку не сте се епилирале подолго време, потребно ќе е краток период за Вашата кожа повторно да се навикне на епилација. Непријатното чувство кое ќе го имате на почетокот, значително ќе се намалува со континуирана употреба така што кожата ќе се прилагоди.
Епилацијата ќе се одвива полесно кога влакната ја имаат оптималната должина од 2-5 мм.
Доколку влакната се подолги, препорачуваме најпрво да се избричите (погледнете го делот В) а потоа епилирајте ги кратките влакна една недела подоцна.
Доколку се епилирате прв пат, препорачливо е тоа да го направите во попладневните часови, така што било каква појава на црвенило ќе исчезне преку ноќ. За да ја релаксирате кожата, Ви препорачуваме да нанесете крем за хидратација на кожата по епилацијата.
Тенките влакна кои повторно растат може нема да водат до површината на кожата. Со редовна употреба на сунѓери за масажа (на пр. по туширање) или пилинзи за отстранување на изумрените клетки, помагате да се спречи растењето на влакната, со благо триење се отстранува горниот слој на кожата и нежните влакна тогаш можат да продрат до површината на кожата.
Опис
1a Валјаци кои овозможуваат масажа 1b Додаток за поголем контакт со кожата (не е достапен со сите модели) 2 Глава за епилирање со пинцети 3 Светло 4 Копче 5 Копче за ослободување 6 Специјален кабел
7 Капаче за чувствителните делови (само со моделот 5780) 8 Капаче за лице (само со моделот 5780) 9 Додаток за главата за бричење со капаче за скратување на влакната 10 Ракавица за разладување
Подготовка за употреба
- Вашата кожа мора да биде сува.
- Пред употреба, секогаш проверете дали главата за епилирање (2) е чиста и при тоа го има капачето (1).
- За да ги смените капачињата, притиснете ги страничните копчиња и повлечете.
- За да ги смените главите, притиснете го копчето за ослободување (5).
Ракавица за разладување
Доколку имате чувствителна кожа, во текот на првите неколку епилации може да ја користите ракавицата за разладување (10), препорачана од дерматолозите, која помага во намалувањето на иритацијата на кожата.
- Осигурајте се дека пакувањето со гел веќе било во замрзнувач (***) најмалку 2 часа (за да бидете сигурни, складирајте ги пакувањата со гел во замрзнувач).
- Ставете го пакувањето со гелот под проѕирната мрежа на ракавицата за разладување. Употребувајте го само со ракавица.
- Ставете ја проѕирната (ладната) страна од ракавицата на Вашата нога.
- Почнете со разладување приближно 30 секунди, дури и подолго доколку е неопходно.
- Епилирајте на разладеното место веднаш како што е опишано во продолжение.
- Повторувајте го разладувањето и епилирањето се додека не завршите.
- Додека епилирате, проверете дали Вашата кожа е сува.
Важно: Не ја оставајте ракавицата за разладување на исто место, не подолго од 2 минути. Доколку пакувањето со гел е оштетено, не го употребувајте. Чувајте го подалеку од сончева светлина. Фрлајте го во корпа за отпадоци. Да не се користи доколку сте премногу осетливи, алергични на ладно или доколку Вашата кожа не поднесува дразнење, доколку страдате од срцеви заболувања или проблеми со циркулација.
А. Како да епилирате
Епилационата глава (2) карактеристична за технологијата Close-Grip Ви нуди дополнителна ефикасност кај кратките влакна: 40-те пинцети се секогаш блиску до кожата за да ги отстранат дури и најмалите влакна (0,5 мм).
Подвижната глава совршено се прилагодува на контурите на телото за максимална прецизност.
Високофреквентните ваљаци за масажа (1a) ефикасно ја стимулираат Вашата кожа за екстра нежна епилација.
1. Како да управувате со апаратот
Притиснете го копчето за вклучување/исклучување (4) за да управувате со апаратот. Завртете го на „I“ = екстра нежно Завртете го на „II“ = екстра ефикасно Кога е вклучен, светлото (3) го осветлува делот што сакате да го епилирате. Тоа ви дава поголема контрола за поголема ефикасност при епилација.
2 Како да управувате со апаратот
- Секогаш затегнувајте ја кожата кога се епилирате.
- Секогаш проверувајте дали областа што ја епилирате е во контакт со кожата.
- Движете го апаратот полека, континуирано и без притисок на влакната, во насока на прекинувачот.
Бидејќи влакната растат во спротивен правец, можете да го движите апаратот во различни насоки за да постигнете оптимални резултати. Пулсирачките движења на ваљаците за масажа ја стимулираат и релаксираат кожата за нежна епилација.
- Доколку сте навикнати на чувството на епилација, додатокот за масажа може да го замените со додатокот за поголем контакт со кожата (1b), којшто овозможува потемелен контакт и поголема адаптација на сите делови од телото.
3 Епилација на нозе
Започнете од подколеницата во правец од долу нагоре. Кога епилирате зад коленото, добро затегнете и испружете ја ногата.
4 Епилација на пазувите и препоните
За овие специфични делови, развиен е додаток (7) како опционен додаток кој може да се стави на главата на епилаторот (2). Да споменеме дека особено во почетокот епилирањето на овие области може да биде болно. Затоа, ви препорачуваме да започнете со „I“. Со повторно користење болката ќе се намалува. Пред епилирање, целосно исчистете ја површината (како деодоранси). Потоа исушете ја кожата тапкајќи со сува крпа. Кога се епилирате под пазувите, држете ја раката подигната и насочувајте го апаратот во различни правци.
Бидејќи кожата може да биде чувствителна веднаш по епилацијата, избегнувајте употреба на иритирачки средства како деодоранти со алкохол.
5 Епилација на лице
Поставете го капачето за лице (8) на главата за епилирање (2) и вашиот
Silk-épil е совршено направен за отстранување на несаканите влакна од лицето или други чувствителни делови.
Пред епилација, препорачуваме да ја исчистите кожата со алкохол. Кога го епилирате лицето, затегнете ја кожата со едната рака и движете го апаратот во насока на прекинувачот.
6 Чистење на главата за епилирање
Пред да започнете со чистење, исклучете го апаратот. Редовното чистење обезбедува подобро епилирање.
а Чистење со четка:
Отстранете го капачето и исчистете го со четка. Темелно исчистете ги пинцетите од задната страна на главата на епилаторот со четката натопена во алкохол. Додека чистите, можете да го завртите ваљакот со пинцети. Овој начин на чистење нуди најдобри хигиенски услови за главата за епилирање.
б Чистење под млаз со вода:
Отстранете го капачето. Држете го апаратот со главата за епилирање под вода. Потоа притиснете на копчето за отпуштање (5) за да ја отстраните главата за епилирање (2).
Протресете ги и двата дела за да истече останатата вода.
Оставете ги двата дела да се исушат.
Пред повторно да ги поставите, проверете дали се целосно суви.
В Како да ја користите главата за бричење
Главата за бричење (9) е дизајнирана за брзо бричење на нозете, под пазувите и бикини делот, обликување и кратење на влакна до 5 мм. Со главата за бричење, уредот користете
го само на сува кожа, а брзината подесена на «II».
б Обликување: одберете « Ⓞ».
с Обликување на влакна до 5 мм: одберете « ⚠» и ставете го капачето за обликување
Чистење: Фолијата на бричот не ја чистете со четка бидејќи тоа може да ја оштети истата.
Деловите за бричење треба да се подмачкуваат на секои 3 месеци.
Заменете ја фолијата и блокот со ножеви кога ќе забележите намалени резултати при користење.
Заменските делови може да ги најдете кај Вашиот продавач на Braun или на www.service.braun.com. Немојте да го користите уредот со оштетена фолија.
Овој производ содржи батерии што се полнат. Во интерес на заштита на животната средина, Ве молиме да не го фрлате во отпад од домаќинствата откако повеќе нема да може да се употребува.

Отстранување на производот може да се изврши во Сервис Центарот на Braun или на соодветно место за собирање предвидено во Вашата земја.
2 годишна гаранција за производот од датумот на купување. Во периодот на времетраењето на гаранцијата,
доколку се појават дефекти на самиот апарат, бесплатно ќе ги отстраниме или поправиме/замениме истите во целост. Оваа гаранција важи во секоја држава каде апаратите се дистрибуирани од страна на Braun или нивниот назначен дистрибутер.
Оваа гаранција не важи доколку: апаратот е оштетен поради неправилно користење, при редовна употреба или појава на недостатоци кои незначително влијаат на вредноста на самиот апарат.
Гаранцијата престанува да важи доколку поправките се направени од страна на неовластени лица или не се користени оригинални Braun делови за нивна замена.
За да добиете соодветен сервис, во периодот на времетраењето на гаранцијата, доставете го или испратете го апаратот, заедно со сметката до овластените сервисни центри на Braun.