BRAUN SE831 Face - епилатор

SE831 Face - епилатор BRAUN - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SE831 Face BRAUN во PDF формат.

📄 107 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BRAUN SE831 Face - page 87
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за SE831 Face BRAUN

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот епилатор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SE831 Face - BRAUN и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SE831 Face на марката BRAUN.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SE831 Face BRAUN

Пред да го користите апаратот, внимателно и целосно прочитајте го упатството и зачувајте го за во иднина.

Braun «Face» е систем за нега на лице којшто комбинира два третмани за убавина: Малата и прецизна глава на депилаторот ги отстранува од корен дури и најмалите влакненца на лицето. Прилогот четка за чистење го подобрува изгледот на кожата преку нежно и длабоко чистење на порите.

Важно

  • Од хигиенски причини, не делете го апаратот со други лица. Не користете го апаратот на иритирана кожа.
  • Не користете го депилаторот за трепки. Можете да го користите депилаторот за отстранување влакна помеѓу или над вегите, но не и за обликување на вегите.
  • Никогаш не депилирајте ако главата на депилаторот е оштетена.
  • Кога апаратот е включен, тој не смее да дојде во допир со облека, ленти за коса или влакна од коса, со цел да се спречи каков било ризик од повреда или оштетување.
  • Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со намалени физички, сетилни и ментални способности или лица без искусство и знаење, ако имаат надзор или им се дадени упатства за безбедно користење на апаратот и се свесни за опасностите што може да произлезат. Деца не смеат да си играат со апаратот. Деца помлади од 8 години и без надзор, не смеат да го чистат и одржуваат апаратот.

• Апаратот може да се користи и во када или под туш.

Опис

1 Преграда за батерија
2 Копче за вклучување/исклучување
3 Глава на депилаторот
4 Заштитно капаче за главата на депилаторот
5 Четка за чистење
6 Приклучок за четка со копче за ослободување (6а)
7 Огледало (само за моделите 830 и 831)
7a Копче за вклучување/исклучување на сијаличка
7b Преграда за батерија

Батерии

Отворете ја преградата за батерии (1) со помош на монета, вртејки го долниот дел во насока спротивна од движењето на стрелките од часовникот. Вметнете една alkalна батерија АА (1.5 V) и притоа внимавајте на страните плус и минус. Заменете ја долната батерија вметнувајки ја во преградата за батерија и вртејки ја во насока на движењето на стрелките од часовникот за да ја заклучите. Заменете ја батеријата кога єе биде потребно. Проверете дали делот за батерија и рацете ви се суви при замената на батеријата.

Огледало: Отворете ја преградата за батерија (7b) како што е прикажано со помош на шрафцигер. Вметнете 3 литиумски батерии во форма на копче (тип LR1130) свртени со страната + нагоре. Заменете го капачето за батерии.

Батериите може да протекуваат ако се празни или ако не се користени долго време. За да се заштитите себеси и апаратот, навреме отстранете ги батериите и внимавајте да не дојдат во допир со кожата додека ги отстрану- вате батериите коишто протекуваат.

Депилација на лице

  • Пред употреба, темелно исчистете ги кожата и главата на депилаторот.
  • Включете го апаратот со движење на копчето за вклучување/исклучување (2) кон лево или кон десно. Насоката на вртење на дисковите зависи од насоката на движење на копчето при вклучување. За најдобри резултати, дисковите треба да се вртат во спротивна насока од насоката во којашто растат влакната.
  • За подобро да го запознаете апаратот, се препорачува најпрво да се депилирате на брадата или близу надворешните агли од устата.
  • Држете го апаратот со дисковите потпрени на делот од кожата што го оптегнувате со слободната рака. Внимателно движете го со нежен притисок во насока спротивна од насоката на растот на влакната. Не притискајте многу силно за да не ја повредите кожата. За да го оптегнете делот над усната, притиснете со јазикот однатре.
  • По употреба, движете го копчето за включување/исклучување во положба «о» (= исключено).
  • Внимателно исчистете ја главата на депилаторот со помош на четката за чистење којашто е обезбедена заедно со апаратот. Можете да ја потопите четката во раствор од етанол (70%). Проверете дали е потполно сува пред повторно да ја вметнете и затворите со заштитното капаче.
  • После депилацијата, се препорачува нанесување крем за хидратација на лице за да се одмори кожата.
  • Кога се депилирате првпат, се препорачува тоа да го сторите навечер, за можното црвенило да исчезне во текот на нокта.

Општи информации за депилација

Сите начини на отстранување влакна од коренот може да доведат до иритација (на пр. чешање, непријатно чувство или црвенило на кожата) во зависност од состојбата на кожата и влакната. Ова е нормална реакција и би требало набргу да исчезне, но реакцијата може да е посилна првите неколку пати при отстранување влакна од корен или ако имате осетлива кожа. Ако кожата е сё уште иритирана и после 36 часа, се препорачува да посетите лекар. Општо, реакциите на кожата и чувството на болка значително се намалуваат со почесто депилирање. Во некои случаи, може да се појави воспаление на кожата ако навлезе бактерија во кожата (на пр. при движење на апаратот врз кожата). Темелното чистење на главата на депилаторот и кожата пред секоја употреба єе го намали ризикот од инфекција.

Ако имате прашања во врска со употребата на апаратот, советувајте се со лекар. Апаратот треба да се користи по советување со лекар само во следниве случаи: егзем, рани, воспаление на кожата како што е фоликулитис (инфекција на фоликулите од влакното) и проширени вени околу мозолчињата, намален имунитет на кожата, на пример шекерна болест, во текот на бременост, Рејнов синдром, феномен на Кебнер, хемофилија или намален имунитет. Ако започнете да примате хормони или го смените типот на хормонски лекови (на пр. таблети за контрацепција), растот на влакната може да е под влијание на промената во нивото на хормони во телото. Тоа е резултат на изменетата состојба со хормоните, а не резултат на апаратот.

Чистење на лицето

  • Извадете ја главата на депилаторот, прикачете го приклучокот за четката (6) и заклучете ја четката за чистење (5).
  • Навлажнете ги кожата и четката за чистење со вода. Четката за чистење лице може да ја користите како дел од вашето секојдневно чистење лице: со сапун, средство за чистење лице, млеко за чистење лице, гел или едноставно со вода.
  • Включете го апаратот со движење на копчето за вклучување/исклучување (2) во која било насока.
  • Движете ја четката нежно притискајки на кожата и во кружни движења околу една минута. Избегнувајте го пределот околу очите и косата.
  • По употреба, движете го копчето назад во положба «о».
  • Измијте го лицето со вода за да ги отстраните остатоците од средството за чистење што сте го користеле.
  • Измијте ја четката под млаз топла вода. Ако сакате да ја измиете темелно со сапун, отстранете го делот со четка (5) притискајки го копчето за ослободување (6а). По чистењето, оставете ги сите делови да се исушат пред повторно да ги прикачите.
  • За најдобри резултати, четката (5) менувајте ја на секои 3 месеци или порано ако влакненцата на четката се искриват од честата употреба. Резервните четки (повикувачки бр. 89 Facial Spa) се достапни кај вашиот продавач, службите за сервисирање на Braun или на www.braun.com.

Известување за правилно отстранување

Производот содржи батерии и/или електричен отпад што се рециклира. За заштита на животната околина, не отстрану- вајте го со останатиот домашен отпад, туку однесете го во пункт за собирање и згрижување на електричен и електронски отпад.

BRAUN SE831 Face - Известување за правилно отстранување - 1

Подлежи на промени без претходно известување

Гаранција

2 годишна гаранција за производот од датумот на купување. Во периодот од времетраењето на гаранцијата, доколку се појават дефекти на самиот апарат, бесплатно юе ги отстраниме или поправиме/замениме истите во целост. Оваа гаранција важи во секоја држава каде апаратите се дистрибуирани од страна на Braun или нивниот назначен дистрибутер.

Оваа гаранција не важи доколку: апаратот е оштетен поради неправилно користење, при редовна употреба или појава на недостатоци кои незначително влијаат на вредноста на самиот апарат.

Гаранцијата престанува да важи доколку поправките се направени од страна на неовластени лица или не се користени оригинални Braun делови за нивна замена.

За да добиете соодветен сервис, во периодот на времетраењето на гаранцијата, доставете го или испратете го апаратот, заедно со сметката до овластените сервисни центри на Braun.

Български

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BRAUN

Модел : SE831 Face

Категорија : епилатор