GSB 1600 RE - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSB 1600 RE BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSB 1600 RE - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSB 1600 RE на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSB 1600 RE BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Bosch Power Tools 1 609 92A 89H | (02.12.2022)124 | Македонски Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на 1 609 92A 89H | (02.12.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 125 деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни предупредувања за дупчалки Безбедносни упатства за сите типови работа u Носете штитници за уши кога извршувате ударно дупчење. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот. u Користете ја(ги) дополнителната(ите) рачка(и). Губење на контрола може да предизвика телесни
u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење или прицврстувачите дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. Безбедносни упатства при користење на долги бургии u Никогаш не користете поголема брзина од максималната означена брзина на бургијата. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите. u Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите. u Притиснете во директна линија со бургијата, и без прекумерен притисок.Бургијата може да се искриви и да се скрши, или да изгубите контрола и да се
Дополнителни безбедносни напомени u Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува. u Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во цигли, бетон и камен, како и за дупчење во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните алати со електронска регулација и лев/десен тек се исто така погодни за одвртување и сечење навои. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Брзозатегнувачка глава за дупчење
(2) Предна чаура (3) Задна чаура (4) Прекинувач „Дупчење/ударно дупчење“ Bosch Power Tools 1 609 92A 89H | (02.12.2022)126 | Македонски (5) Прекинувач за менување на правецот на вртење (6) Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7) Прекинувач за вклучување/исклучување (8) Копче за контрола на бројот на вртежи (9) Дополнителна рачка (изолирана површина на
(10) Рачка (изолирана површина на рачката) (11) Граничник за длабочина
(12) Клуч за затегнување на главата за дупчење
(13) Запчеста глава за дупчење
(14) Универзален држач за битови
(15) Бит за одвртувач
(16) Клуч со внатрешна шестаголна глава
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
комерцијално (не е содржано во обемот на испорака) Технички податоци
Вибрациони дупчалки GSB 1600 RE Број на дел 3601B282.. Номинална јачина W 750 Макс. излезна моќност W 456 Број на вртежи во празен
Nm 2.1 Дијаметар на грлото на
Тек на лево/десно ● Опсег на затегнување на
mm 1,5–13 Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 kg 1,8 Класа на заштита / II Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Апаратот ги исполнува барањата на IEC 61000-3-11 и е предмет на условно поврзување. Апаратот може да предизвика повремени флуктуации на напонот во неповолни услови за напојување. Импедансата на овој апарат е означена со Z actual =Ω. Корисникот мора да се осигура дека точката за поврзување, со импедансата Z max
на која треба да се вклучи апаратот, го исполнува условот за импеданса: Z actual
max . Ако Z max е непозната, одредете ја Z max во консултација со мрежниот снабдувач или органот за снабдување. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841-2-1. Нивото на звук на електричниот алат оценето соА типично изнесува: ниво на звучен притисок 100dB(A); ниво на звучна јачина 111dB(A). Несигурност K=5dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN62841-2-1: Дупчење во метал: a
Ударно дупчење во бетон: a
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
Дополнителна дршка (види сликаA) u Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (9). 1 609 92A 89H | (02.12.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 127 Дополнителната рачка (9) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите. Свртете го долниот дел на дополнителната рачка (9) во правец спротивен на стрелките на часовникот и поставете го граничникот за длабочина (11). Извлечете го граничникот за длабочина(11) до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина(11) ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка(9) во правец на стрелките од часовникот. Избраздениот дел на граничникот за длабочина (11) мора да покажува нагоре. Промена на алат u При менување на алатот носете заштитни ракавици. За време на долготрајни работни процеси, главата за дупчење може да се вжешти. Брзозатегнувачка глава за дупчење (види слика B) Држете ја цврсто задната чаура (3) на брзозатегнувачката глава за дупчење (1) и свртете ја предната чаура (2) во правец на вртење ➊, додека не се вметне алатот. Вметнете го алатот. Држете ја цврсто задната чаура (3) на брзозатезната глава за дупчење (1), а предната чаура (2) свртете ја цврсто со рака во правец на вртење ➋ додека целосно не се вклопи. Со тоа, главата автоматски се заклучува. Заклучувањето повторно се ослободува, откако ќе ја свртите преданата чаура (2) во спротивен правец за да го извадите алатот. Запчеста глава за дупчење (види сликаC) Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (13), додека не се отвори за да може да вметне алатот. Вметнете го алатот. Клучот за затегнување на главата за дупчење (12) ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење (13) и рамномерно затегнете го алатот. Алати за навртување (види слика D) При користење на битови за одвртувачот (15) секогаш треба да користите универзален држач за битови (14). Користете само битови што се соодветни на главата за навртување. За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот „Дупчење/ударно дупчење“ (4) на ознаката „Дупчење“. Менување на главата за дупчење Демонтирање на главата за дупчење (види сликаE) За да ја демонтирате брзозатегнувачката глава за дупчење (1) прицврстете еден клуч со внатрешна шестаголна глава (16) во брзозатегнувачка глава за дупчење (1) и ставете вилушкаст клуч (17) (ширина на клучот 14 mm) на површината на клучот на погонското
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на пр. на работна клупа. Држете го цврсто вилушкастиот клуч (17) и олабавете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) со вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава (16) во правец ➊. Со лесен удар на долгиот крак на клучот со внатрешна шестаголна глава (16) се олабавува цврсто вметнатата брзозатегнувачка глава за дупчење. Извадете го клучот со внатрешна шестаголна глава од брзозатегнувачката глава за дупчење и целосно одвртете ја истата. Демонтажата на запчестата глава за дупчење (13) се врши на истиот начин како што е опишана демонтажата на брзозатегнувачката глава за дупчење. Монтирање на главата за дупчење (види сликаF) Монтажата на брзозатегнувачката/запчестата глава за дупчење ќе ја извршите по обратен редослед. Главата за дупчење мора да биде зацврстена со вртежен момент од околу 33–39Nm. Всисување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат. Електричните алати означени со 230V исто така може да се користат и на 220V. Поставување на правецот на вртење (види сликиG–
u Прекинувачот за менување на правецот на вртење(5) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од. Bosch Power Tools 1 609 92A 89H | (02.12.2022)128 | Македонски Со прекинувачот за менување на правецот за вртење(5) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување(7) е притиснат, ова не е
Десен тек: За дупчење и навртување на завртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење(5) на левата страна нагоре и истовремено на десната страна
Лев тек: За олабавување и одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за правец на вртење(5) на левата страна надолу и истовремено на десната страна нагоре. Подесување на режимот на работа Дупчење и одвртување Поставете го прекинувачот (4) на ознаката
Ударно дупчење Поставете го прекинувачот (4) на ознаката „Ударно дупчење“. Прекинувачот (4) ќе се вклопи и може да се активира и додека работи моторот. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) и држете го притиснат. За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (7) притиснете го копчето за фиксирање (6). За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (6), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување (7) и потоа отпуштете го. Подесување на бројот на вртежи/удари Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (7). Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување (7) се постигнуваат мал број на вртежи/ удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари. Бирање на бројот на вртежи/удари Со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи (8) може да го изберете потребниот број на вртежи/ удари и за време на користењето на алатот. Неопходниот број на вртежи/удари зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена. Совети при работењето u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Електричниот алат ставете го на навртката/ завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат. По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи. За дупчење на плочки поставете го прекинувачот (4) на ознаката „Дупчење“. Откако ќе ја продупчите плочката, поставете го прекинувачот на ознаката „Ударно дупчење“ и работете со удари. При работење во бетон, камен и ѕид користете дупчалка за цврст метал. При дупчење во метал, користете само беспрекорно наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку Bosch програмата за опрема. Со уредот за острење на бургии (опрема) лесно може да ја наострите спиралната бургија со дијаметар од 2,5– 10mm. За особено прецизно работење употребете сталак за дупчење (опрема). Машинското менгеме од опремата овозможува безбедно затегнување на делот што се обработува. Ова го спречува вртењето на делот што се обработува и несреќите што може да настанат притоа. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
1 609 92A 89H | (02.12.2022) Bosch Power ToolsSrpski | 129 За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *
Notice-Facile