BOSCH GFA 18E Professional - приклучок

GFA 18E Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GFA 18E Professional BOSCH во PDF формат.

📄 253 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH GFA 18E Professional - page 175
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GFA 18E Professional

Категорија : приклучок

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GFA 18E Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GFA 18E Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GFA 18E Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите 1 609 92A 8AJ | (24.10.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 175 упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. Bosch Power Tools 1 609 92A 8AJ | (24.10.2022)176 | Македонски u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од

u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за одвртувачи Безбедносни упатства за сите типови работа u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење или прицврстувачите дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен

Безбедносни упатства при користење на долги бургии u Никогаш не користете поголема брзина од максималната означена брзина на бургијата. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите. u Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите. u Притиснете во директна линија со бургијата, и без прекумерен притисок.Бургијата може да се искриви и да се скрши, или да изгубите контрола и да се

Дополнителни безбедносни напомени u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исклучете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што 1 609 92A 8AJ | (24.10.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 177 може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. u Внимание! При користењето на електричниот алат со Bluetooth

може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на луѓе и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth

близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете електричниот алат со Bluetooth

Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото. Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за завртување и одвртување на завртки како и за дупчење во дрво, метал и пластика. Електричниот алат може да се користи со додаток за аголно дупчење (GFA 18-W), додаток за аголно дупчење (GFA 18-WB), ексцентричен додаток (GFA 18-E), додаток за стезна глава (GFA 18-B) или метален додаток за стезна глава (GFA 18-M). Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth

Low Energy модул GCY30-4 / GCY 42 со помош на Bluetooth

безжичната технологија помеѓу електричниот алат и мобилниот уред. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1)

(2) Чаура за заклучување (3) Прстен за подесување во претходно избран вртежен момент (4) Прекинувач за избор на брзина (5) Капак за Bluetooth® Low Energy модул GCY 30-4 (6)

(7) Копче за отклучување на батеријата

(8) Работна светилка (9) Прекинувач за менување на правецот на вртење (10) Прекинувач за вклучување/исклучување (11) Метален додаток за стезна глава GFA 18-M

(13) Додаток за аголно дупчење GFA 18-W

(14) Ексцентричен додаток GFA 18-E

(15) Додаток за аголно дупчење GFA 18-WB

(16) Прстен за блокирање (17) Рачка (изолирана површина на рачката)

Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Bosch Power Tools 1 609 92A 8AJ | (24.10.2022)178 | Македонски Технички податоци

Номинален напон V= 18 – – – – – Број на вртежи во празен од

0–1 900 – – – – – Вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 (2017)

°C 0...+35 дозволена околна температура при работење и при

Мерено при 20−25°C со батеријаGBA 18V 5.0Ah.

Мерено соGBA 18V 1.5Ah иGBA 18V 12.0Ah. Информации за бучава/вибрации GSR 18V-60 FC GFA 18-M GFA 18-B GFA 18-W GFA 18-E GFA 18-WB Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN62841-2-1 за GFA 18-M, GFA 18-B, GFA 18-WB. Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN62841-2-2 за GSR 18V-60 FC, GFA 18-W, GFA 18-E. Нивото на звук на електричниот алат оценето соA, типично изнесува Звучен притисок Звучна јачина НесигурностK Носете заштита за

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со EN62841-2-1 за GFA 18-M, GFA 18-B, GFA 18-WB: Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со EN62841-2-2 за GSR 18V-60 FC, GFA 18-W, GFA 18-E: Дупчење во метал:

< 2,5 1,5 Навртување:

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Активирање на Bluetooth® Low Energy модул GCY30-4 / GCY 42 (опрема) За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY30-4 / GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за

Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен алат. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе. u По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се

Внимавајте на напомените за отстранување. Вадење на батеријата Батеријата (6) има два степени на блокирање, што спречуваат, да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата (7). Се додека е вметната батеријата во електричниот уред, таа се држи во позиција со помош на пружина. За да ја извадите батеријата (6) притиснете на копчињата за отворање (7) и извлечете ја батеријата од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Bosch Power Tools 1 609 92A 8AJ | (24.10.2022)180 | Македонски Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Тип на батерија GBA 18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60−100% Трајно светло 2× зелено 30−60% Трајно светло 1× зелено 5−30% Трепкаво светло 1× зелено 0−5% Тип на батерија ProCORE18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80−100 % Трајно светло 4× зелено 60−80 % Трајно светло 3× зелено 40−60 % Трајно светло 2× зелено 20−40 % Трајно светло 1× зелено 5−20 % Трепкаво светло 1× зелено 0−5 % Промена на алат Ставање на алатот за вметнување (види слика A) Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и поставете го алатот за вметнување вртејќи во прифатот за алат (1). Повторно отпуштете ја чаурата за заклучување (2), за да го фиксирате алатот за

Отстранување на алатот за вметнување Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и извлечете го алатот за вметнување од прифатот (1). Монтирање на додатокот (види слика B) Извадете го алатот за вметнување. Вметнете го додатокот во прифатот (1). Свртете го прстенот за блокирање (16), додека не слушнете да се

Вметнете го алатот за вметнување во додатокот GFA18-E/GFA18-W (види слика C): Турнете ја чаурата за заклучување (2) наназад и поставете го алатот за вметнување вртејќи во прифатот за алат (1). Повторно отпуштете ја чаурата за заклучување (2), за да го фиксирате алатот за

GFA 18-M/GFA 18-B/GFA 18-WB (види слика D): Отворете го додатокот за стезна глава со завртување во правец ❶, додека не се вметне алатот за вметнување. Вметнете го алатот за вметнување. Чаурата на додатокот на стезната глава свртете ја цврсто со рака во правец ❷. Со тоа, главата автоматски се

Вртење на додатокот (види слика E) Извлечете го блокираниот додаток околу 5 mm од електричниот алат. Завртете го додатокот во саканата позиција и потоа пуштете го. Демонтирање на додатокот (види слика F) Извадете го алатот за вметнување. Одблокирајте го додатокот во правец и извадете го од прифатот (1). Всисување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Ставање во употреба Вметнување на батеријата Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на истиот. Прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) поставете го на средината, за да спречите несакано вклучување. Наполнетата батерија (6) вметнете ја во рачката, додека не се вклопи и не легне рамно на

Подесување на правецот на вртење (види слика G) u Прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) активирајте го само кога електричниот алат е во

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (9) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за 1 609 92A 8AJ | (24.10.2022) Bosch Power ToolsМакедонски | 181 вклучување/исклучување (10) е притиснат ова не е

Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (9) налево до крај. Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) на десно до крај. Избирање на вртежниот момент Со прстенот за подесување на вртежниот момент (3) може да го изберете потребниот вртежен момент во 15 степени. При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се стопира, откако завртката цврсто ќе се заврти во материјалот одн. откако ќе се постигне поставениот вртежен момент. Во позицијата пружината за спојување е деактивирана, на пр. за

При одвртување на завртки евентуално може да одберете повисока поставка одн. да поставите на

Механички избор на брзини u Прекинувач за избор на брзина (4) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од. Со прекинувачот за избор на брзини (4) може да изберете 2 брзини. Брзина I: Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење или за навртување. Брзина II: Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на

u Прекинувачот за избор на брзини секогаш притискајте го до крај. Инаку електричниот алат може да се оштети. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10) и држете го притиснат. Работното светло (8) свети при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (10) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост. Работното светло (8) свети околу 10 секунди по отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување (10). Поставување на број на вртежи Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/ исклучување (10). Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување (10) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на

Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock) Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (10) не е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира, а со тоа и прифатот (1). Ова овозможува навртување на завртки и при испразнета батерија, одн. користење на електричниот алат како одвртувач. Заштита од преоптоварување во зависност од температурата Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата, се намалува излезната јачина или се исклучува електричниот уред. Дури по постигнувањето на дозволената температура на батеријата, електричниот алат повторно работи со полна излезна јачина. Функции на поврзување Во поврзување со Bluetooth® Low Energy GCY30-4 / GCY 42 модулот на располагање ги имате следните Connectivity-функции за електричниот алат: – Регистрирање и персонализирање – Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување – Општи информации и подесувања – Управување За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY30-4 / GCY 42 прочитајте го соодветното упатство за

Совети при работењето u Електричниот алат со активиран Bluetooth

Low Energy Module GCY 30-4 е опремен со радио- интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или

u Електричниот алат ставете го на навртката/ завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат. По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи. При дупчење во метал, користете само беспрекорно наострени HSS дупчалки (HSS = висококапацитетно брзо сечење со челик). Квалитетот е загарантиран преку Bosch програмата за опрема. Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на завртката според внатрешниот дијаметар на навојот. Bosch Power Tools 1 609 92A 8AJ | (24.10.2022)182 | Srpski Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете

Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *