BOSCH GDE 18V16 Professional - приклучок

GDE 18V16 Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GDE 18V16 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 82 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH GDE 18V16 Professional - page 58
Погледни прирачник : Français FR Deutsch DE Ελληνικά EL Magyar HU Қазақша KK Македонски MK Русский RU
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GDE 18V16 Professional

Категорија : приклучок

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GDE 18V16 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GDE 18V16 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GDE 18V16 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Безбедносни напомени за уред за всисување u Прочитајте и строго почитувајте ги безбедносните напомени од упатството за работа на електричниот алат што се користи со уредот за всисување. u Внимание опасност од пожар! Не обработувајте метални материјали со монтиран уред за всисување. Жешките метални струготини може да ги запалат деловите на контејнерот за прав. u Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот. u Почитувајте ги важечките национални и меѓународни стандарди. u Отстранете ја батеријата од електричниот алат пред да вршите каква било работа (напр. монтажа, промена на алат, чистење итн.). При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Употреба со соодветна намена Уредот за всисување е наменет за вовлекување на правта при дупчење во бетон, цигли, камен, керамика и плочки. При дупчење во дрво, метал или пластика, не смее да се користи уредот за всисување. Уредот за всисување смее да се употребува само со следните чекани за дупчење:

Илустрација на компоненти Нумерирањето на насликаните компоненти се однесува на приказот на уредот за всисување на графичката

(3) Копче за подесување на длабочината на

(4) Водилка со скала за граничникот за

(5) Копче за подесување на должината на

(6) Копче за отклучување на кутијата за прав (7) Контролно прозорче (8) Копче за отклучување на уредот за

(9) Вод за куќиштето (10)

(11) Водечки жлеб (12) Копче за заклучување (13) Кутија за прав (14)

HEPA-филтерот отстранува 99,97% од сите честички над 0,3микрометри. Технички податоци Уред за всисување GDE 18V-16 Број на дел 1600A0051N Дијаметар на дупчење mm 4–16 Макс. должина на бургијата mm 165 Макс. длабочина на

mm 100 Тежина согласно EPTA-Pro- cedure01:2014 kg 1,2 Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. 1 609 92A 8R7 | (14.07.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 59

Прицврстување на уредот за всисување (види сликаA) – Поставете го чеканот за дупчење со водечкиот жлеб(11) на водот за куќиштето(9) на уредот за всисување и ставете го уредот на чеканот за дупчење. Треба да слушнете кога ќе се вклопи уредот за

– За вадење притиснете го копчето за отклучување(8), држете го притиснато и влечете го уредот за всисување нанадвор од чеканот за дупчење.

Совети при работењето u Никогаш не го користете уредот за всисување без филтер. Ако го користите уредот за всисување без филтер може да се фрлат поголеми честички од прав од дупчењето кон корисникот и да се оштети електричниот алат. u Користете само неоштетен филтер (без пукнатини, дупчиња итн.). Веднаш заменете го оштетениот

u Никогаш не го фаќајте електричниот алат за уредот за всисување. u За време на работата не го држете електричниот алат со монтираниот уред за всисување на уредот за всисување туку секогаш за рачката и помошната рачка на електричниот алат. Напомена: Водилката(4) е затегната со пружина. При притискање на копчето(5) за подесување на должината на бургијата, може водилката да се исфрли нанапред. u При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Вметнување/вадење на бургијата (видисликаB) – Притиснете го копчето(5) за подесување на должината на бургијата и извлечете ја водилката(4) нанадвор до крај. – Повторно отпуштете го копчето(5). – Вметнете го врвот на бургијата одзади низ окцето за прав(2) и потоа вметнете го во главата за дупчење според упатствата на Вашиот електричен алат. – Пред вадење на бургијата повторно притиснете го копчето(5) и извлечете ја водилката(4) нанадвор до

Подесување на должината на водилката (видисликаC) За чисто всисување и коректно поставување на граничникот за длабочина мора водилката(4) да е подесена на тој начин, што врвот на бургијата ќе лежи рамно на окцето за прав(1)/(2). – Ставете ја саканата дупчалка во прифатот за алат на главата за дупчење. – Притиснете го копчето(5), додека ја подесувате водилката(4) соодветно на должината на бургијата. – Повторно отпуштете го копчето(5). Напомена: За складирање на уредот за всисување притиснете го копчето(5) и извлечете ја водилката(4) нанадвор до крај. Со тоа ќе се ослободи пружината на водилката и ќе се зголеми животниот век на пружината. Подесување на длабочината на дупчење (видисликаD) Со копчето(3) за подесување на граничникот за длабочина може да се утврди саканата длабочина на дупчењеX. – Притиснете го копчето(3) и поместете го копчето на водилката(4), така што растојанието прикажано на сликатаX ќе одговара на саканата длабочина на

– Повторно отпуштете го копчето(3). Замена на окцето за прав (види сликиE) Во зависност од главата за дупчење и дијаметарот на дупчење мора да се замени окцето за прав: – Окце за прав(1) за SDS plus-заменлива глава за дупчење и дијаметар на дупчење 4–16mm – Окце за прав(2) за SDS plus-фиксна глава за дупчење и дијаметар на дупчење 4–16mm Дополнително, мора да го замените окцето за прав, ако на површината за поставување на ѕидот има значителни траги од абење и на тој начин при всисување не се чисти правта со четката за всисување. Вадење на окцето за прав: – Притиснете го копчето за заклучување(12) и извлечете го окцето за прав нагоре од држачот. Монтирање на окцето за прав: – Вметнете го новото окце за прав од горе во држачот, додека не слушнете да се вклопи копчето за заклучување(12). Празнење на кутијата за прав (видисликиF1−F2) Напомена: При сервис и чистење на кутијата за прав користете маска за заштита од прав. Bosch Power Tools 1 609 92A 8R7 | (14.07.2023)60 | Srpski Редовно празнете ја кутијата за прав(13) по завршување на работата или по потреба, за да ја одржите оптималната ефикасност на всисување. Со помош на прозорецот(7) може да ја контролирате наполнетоста на кутијата за

– Држете го електричниот алат со уредот за всисување хоризонтално и вклучете го за неколку секунди. Со тоа се всисуваат остатоците од прав од каналот за всисување во кутијата за прав(13). – Притиснете ги и левото и десното копче за отклучување(6) и извлечете ја кутијата за прав(13) од уредот за всисување. – Извадете го евентуално HEPA-филтерот(14) од кутијата за прав и внимателно потчукнете го или исчеткајте ги ламелите на филтерот со меко метличе. Напомена: Не чистете го HEPA-филтерот со вода или со издувување со компримиран воздух. – Протресете ја кутијата за прав(13) над соодветен сад

– По чистењето, повторно вметнете го HEPA- филтерот(14) во кутијата за прав(13). Потоа турнете ја кутијата за прав во уредот за всисување, додека копчињата за отклучување(6) звучно не се вклопат. Одржување и сервис Одржување и чистење – Исчистете го уредот за всисување со сува, мека крпа. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете