NA21100 - Електрична фритеза PHILIPS - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit
Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil NA21100 PHILIPS au format PDF.
Téléchargez la notice de votre Електрична фритеза au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice NA21100 - PHILIPS et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil NA21100 de la marque PHILIPS.
MODE D'EMPLOI NA21100 PHILIPS
Важно Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина.
Немојте да го поставувате апаратот на или близу до жежок плински шпорет, каков било електричен шпорет и електрични грејни плочи или во загреана рерна. Немојте никогаш да го потопувате апаратот во вода ниту да го плакнете под чешма. За да спречите струен удар, внимавајте да не навлезе вода или друга течност во апаратот. Состојките за пржење секогаш ставајте ги во садот за да не дојдат во допир со грејните елементи. Немојте да ги покривате отворите за влез и излез на воздух додека работи апаратот. Немојте да го полните садот со масло бидејќи тоа може да предизвика пожар. Немојте да го користите апаратот ако е оштетен приклучокот, кабелот за напојување или самиот апарат. Никогаш немојте да ја допирате внатрешноста на апаратот додека работи. Никогаш немојте да ставате количина на храна што го надминува максималното ниво означено во садот. Секогаш проверувајте дали грејачот е слободен и дали има заглавено храна во грејачот.
Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени компанијата Philips, нејзин сервисер или други лица со слични квалификации за да се избегне опасност. Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер, заштитен со земјоспојно реле.
Секогаш проверувајте дали приклучокот правилно сте го вметнале во штекерот. Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со засебен систем за далечинско управување. Површините што се допираат може да станат врели додека работи апаратот. Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат можните опасности. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење и корисничко одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под надзор на возрасно лице. Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца помлади од 8 години. Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други апарати. Оставете најмалку 10 cm слободен простор од задната страна, од двете бочни страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот. За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез на воздух се ослободува врела пареа. Држете ги рацете и лицето на безбедно растојание од пареата и од отворите за излез на воздух. Исто така, внимавајте на врелата пареа и воздухот кога го вадите садот од апаратот. Никогаш не користете лесни состојки или хартија за печење во апаратот. Површините што се допираат може да станат врели додека работи апаратот. Складирање компири: температурата мора да биде соодветна на складираната сорта компир и мора да биде над 6 °C за да се минимизира ризикот од изложеност на акриламид во подготвената храна. Никогаш немојте да го полните садот со масло. Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални температури помеѓу 5 °C и 40 °C. Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа. Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки површини. Немојте да го поставувате апаратот на или близу до запаливи материјали како што се чаршаф или завеса. Апаратот употребувајте го единствено за намените опишани во овој прирачник и користете само оригинални додатоци од Philips. Не оставајте апаратот да работи без надзор. Садот и додатоците ставени во комората за готвење стануваат врели во текот и по користењето на апаратот, па секогаш ракувајте со нив внимателно. Пред првото користење на апаратот темелно исчистете ги деловите што доаѓаат во допир со храната. Погледнете ги упатствата во прирачникот.
Овој апарат е наменет само за стандардна употреба во домаќинства. Не е наменет за употреба во опкружувања како што се кујни за персонал во продавници, канцеларии, фарми или други работни опкружувања. Не е наменет ниту за употреба од клиенти во хотели, мотели, угостителски објекти кои нудат ноќевање и појадок и други видови сместување. Секогаш исклучувајте го апаратот од напојувањето ако го оставате без надзор, како и пред склопување, расклопување, складирање или чистење. Поставете го апаратот на хоризонтална, рамна и стабилна површина. Ако апаратот се користи неправилно, ако се користи за професионални или полупрофесионални цели или ако не се користи во согласност со упатствата во прирачникот за корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема да прифати одговорност за настанатата штета. Ако е потребна проверка или поправка на апаратот, секогаш носете го во овластен сервисен центар на Philips. Не обидувајте се сами да го поправате апаратот, во спротивно гаранцијата ќе биде поништена. Секогаш исклучувајте го апаратот од штекер по користењето. Оставете го апаратот да се олади приближно 30 минути пред да ракувате со него или да го чистите. Внимавајте состојките подготвени во овој апарат да бидат златножолти, а не темни или кафени. Отстранете ги загорените остатоци. Не пржете свежи компири на температура поголема од 180 °C (со цел создавањето на акриламид да се сведе на минимум). Бидете внимателни кога го чистите горниот дел од комората за готвење: Жежок греен елемент, раб на металните делови и заштита од прскање. Секогаш проверувајте дали храната е целосно испржена во апаратот Airfryer. Внимавајте кога ја истурате зготвената храна и внимавајте да не испаднат додатоците.
Електромагнетни полиња (EMF) Овој апарат е усогласен со важечките стандарди и прописи што се однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња.
Овој симбол означува дека електричните производи не смее да се фрлаат со обичниот отпад од домаќинствата. Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на електричните производи.
Гаранција и поддршка Versuni нуди две годишна гаранција по купувањето на овој производ. Оваа гаранција не е важечка ако настане дефект поради неправилно користење или лошо одржување. Нашата гаранција не ги ограничува вашите законски права како потрошувач. За повеќе информации или за активирање на гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Вовед Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips! За да ја искористите целосната поддршка што ја нуди Philips, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome.
Општ опис 1 Контролна табла a Копче за температура b Копче за вклучување/исклучување c Копче за одржување топлина d Копче за светло e Однапред поставени менија f Копче за намалување g Копче за започнување/паузирање h Копче за зголемување i Копче за време 2 Решетка за пржење 3 Ознака MAX 4 Сад 5 Провиден прозорец 6 Кабел за напојување 7 Дел за намотување на кабелот 8 Отвори за излез на воздух
Пред првото користење 1 Отстранете ја целата амбалажа. 2 Отстранете ги налепниците или ознаките (ако ги има) од апаратот. 3 Темелно исчистете го апаратот пред првата употреба (видете го поглавјето „чистење“).
Подготовки пред прва употреба Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна површина којашто е отпорна на топлина. Забелешка - Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа може да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето.
Немојте да го поставувате активниот апарат во близина или под предмети коишто пареата може да ги оштети, како што се ѕидови и ормани.
Користење на апаратот Табела за храна Табелата подолу ви помага да ги изберете основните поставки за видот на храна што сакате да ја подготвите. Забелешка - Имајте предвид дека овие поставки се предлози. Не можеме да ви гарантираме најдобра поставка за одредена состојка бидејќи сите состојки имаат различно потекло, големина, форма и бренд. - Кога подготвувате поголема количина на храна (на пр. помфрит, шкампи, батаци, замрзнати закуски), протресете, превртете или измешајте ги состојките во садот од 2 до 3 пати за да постигнете рамномерен резултат.
Протресете, превртете или измешајте 2-3 пати при готвењето
Домашен помфрит (дебелина од 10x10 mm / 0,4x0,4)
Протресете, превртете или измешајте 2-3 пати при готвењето
Замрзнати пилешки медалјони
Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење
Замрзнати пролетни ролнички
Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење
Користете го додатокот за печење
Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење
Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење
Филети од риба 1–2 парчиња (приближно 200 g / 7 oz)
Користете го додатокот за печење
Користете го додатокот за печење. Обликот на тестото треба да биде колку што е можно порамен за да се избегне лебот да го допира грејниот елемент кога нараснува.
Поставете го времето за готвење по ваш вкус Протресете, превртете или измешајте на половина од процесот на готвење
Прво гответе ги јајцата 5 минути, а потоа додајте го тостот.
Пржење со врел воздух Внимание - Ова е Airfryer којшто пржи со врел воздух. Немојте да го полните садот со масло, маст за пржење или друга течност. - Не допирајте ги жешките површини. Користете ги рачките или дршките. Носете заштитни ракавици кога ракувате со врелиот сад. - Овој апарат е наменет само за употреба во домаќинства. - Овој уред може да испушта чад при првото користење. Тоа е нормално. - Не е потребно претходно загревање на апаратот.
382 Македонски 1 Извадете го садот од апаратот со повлекување на рачката.
2 Ставете ја решетката за пржење во садот.
3 Ставете ги состојките во садот. Забелешка - Во апаратот Airfryer може да подготвувате различни состојки. Погледнете ги точните количини и приближното време на готвење во „Табелата за храна“. - Немојте да ја надминувате количината наведена во делот „Табела за храна“ или да го преполнувате садот над ознаката „MAX“ бидејќи тоа може да го намали квалитетот на крајниот резултат. 4 Вратете го садот во апаратот Airfryer. Внимание - Никогаш не користете го садот без решетката за пржење во него. - Не допирајте го садот за време на користењето и одредено време по употребата, бидејќи е многу жежок.
5 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер.
Македонски 383 6 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го вклучите апаратот.
7 Притиснете го копчето за температура.
8 Притиснете го копчето за зголемување или намалување за да изберете температура.
9 Притиснете го копчето за време.
10 Притиснете го копчето за зголемување или намалување за да изберете време.
384 Македонски 11 Притиснете го копчето за започнување/паузирање за да го започнете процесот на готвење. -
Забелешка За време на готвењето, температурата и времето се прикажуваат наизменично. Последната минута готвење се одбројува во секунди. Ако не го поставите потребното време на готвење во траење од 30 минути, апаратот автоматски ќе се исклучи од безбедносни причини. Некои состојки треба да се протресат или превртат на половина од времето на готвење (видете „Табела за храна“). За да ги протресете состојките, извлечете го садот и протресете го над мијалникот. Потоа вратете го садот во апаратот. За да го паузирате процесот на готвење, притиснете го копчето за започнување/паузирање. За да го продолжите процесот на готвење, повторно притиснете го истото копче. Уредот автоматски преминува во режим на пауза кога ќе го извлечете садот. Процесот на готвење продолжува кога садот повторно ќе го ставите во апаратот.
12 Кога ќе го слушнете ѕвончето на тајмерот, времето на готвење изминало.
13 Извлечете го садот и проверете дали состојките се готови. Внимание - Садот на Airfryer е жежок по процесот на готвење. Секогаш ставајте ја на работна површина отпорна на топлина (на пр. подлога итн.) кога ќе ја извадите од апаратот. Забелешка - Ако состојките сè уште не се подготвени, турнете го садот во апаратот Airfryer и додајте неколку дополнителни минути. 14 Истурете ја храната во сад или на чинија. Внимание - По процесот на готвење, садот, внатрешноста и состојките се жешки. Во зависност од видот на состојките во Airfryer, од садот може да излезе пареа. Забелешка - За да отстраните големи или кршливи состојки, користете штипалка за да ги подигнете состојките. - На дното од садот се собира вишокот масло или маста од состојките.
Во зависност од видот на состојките што ги готвите, можеби ќе сакате внимателно да го истурите вишокот масло или маснотии од садот по секоја количина, или пред да го протресете. Ставете го садот на површина отпорна на топлина. Носете заштитни ракавици за да го истурите вишокот масло или маста од храната. Вратете го садот во апаратот. Кога една количина состојки е подготвена, Airfryer е веднаш подготвен за подготовка на друга количина.
Готвење со однапред поставена програма 1 Следете ги чекорите од 1 до 6 во поглавјето „Пржење со врел воздух“. 2 Притиснете го саканото копче за однапред поставена програма. 3 Започнете го процесот на готвење со притиснување на копчето за започнување/паузирање. Забелешка - За време на готвењето, ако сакате да изберете друга однапред поставена програма, долго притиснете го копчето за Вклучување/Исклучување за да го запрете процесот на готвење. Тогаш уредот преминува во режим на подготвеност. Повторно притиснете го копчето за Вклучување/Исклучување за да го вклучите уредот и за да ја изберете саканата однапред поставена програма.
Однапред поставени програми
Подготвување домашен помфрит За да направите одличен домашен помфрит во Airfryer:
Изберете сорта на компир соодветна за правење помфрит, на пр. свежи, (малку) брашнести компири. Најдобро е помфритот да се пржи со врел воздух во количини до 500 g /18 oz за рамномерен резултат. Помфритот во поголеми количини обично е помалку крцкав од помфритот во помали порции. Излупете ги компирите и исечете ги на стапчиња (дебелина од 10x10 mm / 0,4x0,4 in). Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода најмалку 30 минути. Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир со крпа за садови или со хартиена крпа. Сипете една супена лажица масло за јадење во садот, ставете ги стапчињата во садот и мешајте сè додека стапчињата не се премачкаат со масло. Отстранете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски прибор со дупчиња за вишокот масло да остане во садот.
Забелешка - Немојте да ја навалувате чинијата за да ги истурите сите стапчиња во садот одеднаш за вишокот масло да не влезе во садот. 6 Ставете ги стапчињата во садот. 7 Пржете ги стапчињата од компир и протресете ги 2-3 пати за време на готвењето.
Чистење Предупредување - Почекајте садот и внатрешноста на апаратот целосно да се оладат пред да започнете со чистење. - Садот е обложен со нелеплив слој. Немојте да користите метален кујнски прибор или абразивни материјали за чистење бидејќи може да го оштетат нелепливиот слој. Исчистете го апаратот по секоја употреба. Отстранете ги маслото и маснотиите од дното на садот по секоја употреба. 1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да го исклучите апаратот, извадете го приклучокот од ѕидниот штекер и оставете го апаратот да се олади.
Македонски 387 Совет - Извадете го садот за да овозможите побрзо ладење на Airfryer. 2 Ставете ја решетката за пржење во садот. 3 Исфрлете ги маснотиите или маслото од дното на садот. 4 Исперете ги садот и решетката за пржење во машина за садови. Можете да ги исчистите и со топла вода, течност за миење садови и неабразивен сунѓер (погледнете во „Табела за чистење“). Совет - Ако остатоци од храна се залепат на садот или решетката за пржење, можете да ги потопите во врела вода и течност за миење садови 10-15 минути. Потопувањето ги омекнува остатоците од храната и го олеснува нивното отстранување. Користете течност за миење садови што може да ги раствори маслото и маснотиите. Ако има дамки од маснотии на садот или решетката за пржење и не сте можеле да ги отстраните со врела вода и течност за миење садови, користете течен одмастувач. - Доколку е потребно, остатоците од храна залепени на грејниот елемент може да се отстранат со четка со меки до средни влакна. Не користете четка со челична жица или четка со тврди влакна бидејќи тоа може да го оштети грејниот елемент. 5 За да избегнете гребнатинки, нежно избришете го надворешниот дел на апаратот со неистуткана, чиста и мека крпа. Започнете со малку навлажнета крпа и продолжете со сува, ако е потребно.
6 Исчистете го грејниот елемент со четка за чистење за да ги отстраните сите остатоци од храна.
7 Исчистете ја внатрешноста на апаратот со врела вода и неабразивен сунѓер. 8 If you see water residue inside the see-through window, set the temperature to 200°C (400°F) and the timer to 10 minutes to dry it. Note: If the water residue remains after 10 minutes, increase the cooking time until the water is completely dried.
Складирање 1 Исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се олади. 2 Проверете дали сите делови се чисти и суви пред да ги складирате. Забелешка - Кога го носите апаратот Airfryer, држете го хоризонтално за да не паднат садовите и да се оштетат. - Секогаш проверувајте дали отстранливите делови на Airfryer се прицврстени пред да го носите и/или складирате.
Решавање проблеми Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, посетете ја веб-страницата www.philips.com/support за да пронајдете листа на најчести прашања или обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
Надворешноста на апаратот се вжештува за време на употребата.
Топлината од внатрешноста се Тоа е нормално. Рачките и шири кон надворешните ѕидови. копчињата коишто ги допирате за време на употребата нема да бидат топли на допир. Садот и внатрешноста на апаратот секогаш се вжештуваат кога апаратот е вклучен за да може храната соодветно да се зготви. Овие делови се секогаш врели на допир. Ако апаратот е вклучен подолго време, некои делови стануваат врели на допир. Овие делови на уредот се обележани со следната икона:
Решение Ако имате предвид дека одредени делови се вжештуваат и не ги допирате, уредот е целосно безбеден за употреба.
Домашниот помфрит не ми излегува како што очекував.
Не сте ја користеле соодветната сорта на компир.
За да добиете најдобри резултати, користете свеж брашнест компир. Ако треба да ги складирате компирите, немојте да ги чувате во ладна средина како, на пример, во фрижидер. Изберете компири на чие пакување пишува дека се погодни за пржење.
Количината на состојки во садот Следете ги упатствата во ова е преголема. упатство за користење за да подготвите домашен помфрит. Одредени видови состојки треба Следете ги упатствата во ова да се протресат на половина од упатство за користење за да времето на готвење. подготвите домашен помфрит. Апаратот Airfryer не се вклучува.
Апаратот не е приклучен.
Проверете дали приклучокот е соодветно вклучен во ѕидниот штекер.
Во штекерот се приклучени повеќе апарати.
Апаратот Airfryer има голема моќност. Приклучете го во друг штекер и проверете ги осигурувачите.
Забележувам лупење на одредени места во внатрешноста на мојот Airfryer.
Во садот на Airfryer може да се појават мали дамки поради случајни допири или гребење на површината (на пример, при чистење со груби алати за чистење и/или при вметнување на решетката за пржење).
Можете да спречите оштетување со правилно спуштање на решетката за пржење. Ако ја вметнете решетката за пржење под агол, нејзиниот страничен дел може да удри во ѕидот на садот што предизвикува лупење на мали парчиња од површинскиот слој. Во таков случај, имајте предвид дека тоа не е штетно бидејќи сите материјали што се користат се безбедни за храната.
Од апаратот излегува бел чад.
Готвите масни состојки.
Внимателно истурете го вишокот масло или масти од садот и продолжете со готвењето.
390 Македонски Проблем
Садот сѐ уште содржи масни остатоци од претходна употреба.
Белиот чад е предизвикан од масните остатоци што се загреваат во садот. Секогаш чистете ги садот и решетката за пржење темелно по секоја употреба.
Лебните трошки или смесата за Ситните честички од смесата за панирање не се залепила добро панирање што се пренесуваат за храната. во воздухот може да предизвикаат бел чад. Цврсто притиснете ги лебните трошки или смесата за панирање на храната за добро да се залепат. Маринадата, течностите или соковите од месото прскаат во насобраните маснотии.
Соберете го вишокот течности од храната со тапкање пред да ја ставите во садот.
Екранот на Airfryer прикажува „E1“.
Можеби го чувате вашиот Airfryer на премногу студено место.
Ако го чувате вашиот уред на ниска амбиентална температура, почекајте да се загрее на собна температура најмалку 15 минути пред повторно да го приклучите. Ако проблемот не се отстрани, јавете се во сервисниот центар на Philips или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
Екранот на Airfryer прикажува „E4“, „E6“, „E9“, „E12“.
Апаратот наиде на грешка.
Исклучете го апаратот од штекер и повторно приклучете го. Ако проблемот не се отстрани, јавете се во сервисниот центар на Philips или контактирајте со центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
Notice Facile